|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 46> |
Автор | ||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Жесток напад во Кабул
18.01.2010 13:02
Рано изутринава 20-тина Талибанци и бомбаши самоубијци го нападнаа главниот авганистански град Кабул. Според силите на НАТО во Кабул, нападот започнал околу 10 часот по локално време, со престрелка во шопинг центарот Ферошгах во централното подрачје на градот каде по тричасовни борби, припадниците на ИСАФ воспоставиле ред убивајќи двајца Талибанци. Во престрелката во 4-катниот шопинг центар биле ранети и 13 луѓе. Цели на бомбашки напади биле авганистанската централна банка, министерствата за финансии, за мини и правда и хотелот Серена, каде што престојуваат главно странци и новинарски екипи. „Имаше напад на самоубиец и голема експлозија, и многу ранети, не знам колку. Не се сеќавам што се случи потоа“, изјави очевидец. Талибанците на својата интернет страница соопштија дека главна цел на нападите била претседателската палата каде изутринава 14-члениот кабинет на претседателот Хамид Карзаи даде заклетва. „Во моментов се случува терористички напад во близина на претседателската палата. Ова е само една од опасностите кои му се закануваат на Авганистан однатре и однадвор“, рече Карзаи. Тој, по положувањето на заклетвата на неговиот кабинет изјавил дека авганистанската влада има контрола врз ситуацијата во Кабул. „Од талибанците можеме да очекуваме вакви напади и во иднина“, предупреди Ричард Холбрук, специјален американски пратеник за Авганистан. Според авганистанското Министерство за здравство, во нападите загинале 5 луѓе, а 40 се ранети. Убиени се 7 Талибанци. Командата на мисијата на НАТО -ИСАФ, која ја обезбедуваат македонски војници не била цел на талибанските напади. Нападот врз Кабул уследи по крвавиот викенд, во кој беа убиени тројца мировници на ИСАФ и 14 Талибанци. |
||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Осама бин Ладен или шпански пратеник?18.01.2010 08:29
Ако Еф Би Ај го бара Осама бин Ладен со најновата дигитална фотографија што ја направи, ќе може да го најде во Шпанија. Всушност, човекот од сликата се јави самиот - тој е шпанскиот пратеник Гаспар Љамасарес и изрази згрозеност што Бирото користело негова фотографија за да прикаже како би изгледал лидерот на Ал Каеда денеска, на постари години. Љамасарес најави дека можеби и ќе ја тужи владата на САД, која ја обвини за несмасност по бројните грешки како обидот за напад на американскиот авион на божиќ. „Смешно е бидејќи ги илустрира крајно ниските стандарди на разузнавачките и безбедносните служби што веќе некое време го гледаме во САД, а сега го почувствував и на своја кожа не само од ЦИА, туку и од Еф Би Ај“, рече Љамасарес. Шпанскиот пратеник вели дека на почетокот не му се верувало дека го гледа своето лице на сликата за најбараниот терорист, но потоа сфатил дека работата е сериозна и оти треба да дејствува сериозно. „Не ми паѓа на памет да патувам во САД во моментов. Имав патна резервација, но ја откажав. Сигурно нема да можам да влезам во земјата и ќе наидам на проблеми. Безбедноста на Бин Ладен не е загрозена, но мојата е“, додаде шпанскиот пратеник. И од Агенцијата признаа му признаа на шпанскиот весник Ел Мундо дека фотографијата ја земале од пребарувачот за слики на Гугл, а потоа ја надградиле. Постерот за бараниот криминалец стоеше на интернет сајтот на Стејт департментот, со понудена награда од 25 милиони долари, а како што најавуваат оттаму, наскоро ќе биде тргнат. Изменето од Polaris - 18.Јануари.2010 во 20:54 |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
јок башка сурат
Изменето од mungos80 - 18.Јануари.2010 во 22:31 |
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
el_kevser
Сениор Регистриран: 12.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 832 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ТУРЦИЈА НА НОЗЕ ПО ОТКРИВАЊЕТО НА НАВОДЕН ЗАГОВОР ЗА ВОЕН УДАР
"Бугјун": Страшен турско - грчки план на пучистите Според весникот "Тараф", во планот биле вмешани вкупно 162 војници, од кои 29 генерали и 133 офицери АНКАРА, 22 јануари - Планот за преврат под тајно име Операција Чекан, подготвен од турски војници во 2003 година, вчера ја крена на нозе цела Турција. Весникот "Заман" пишува дека планот вклучувал бомбашки напади врз џамии и серија други акции кои требало да ја доведат земјата до војна. Масовни демонстрации против планот се закажани за в сабота во Истанбул. Информацијата за заговорот првпат е објавена од весникот "Тараф", кој откри дека планот предвидувал организирање бомбашки напади во џамиите "Фатих" и "Бејазит" во Истанбул, со цел создавање атмосфера за воен удар. Планот имал цел, исто така, Турција и Грција да бидат доведени на прагот на војна и да се предизвика меѓународна криза во реонот на Егејското Море, а за таа цел турски авион ловец требало намерно да биде урнат. Според весникот, во планот биле вмешани вкупно 162 војници, од кои 29 генерали и 133 офицери. Весникот "Бугјун" објави наслов "Страшен турско - грчки план на пучистите". Весникот вели пучистите требало да направат хаос и кризаа, кои требало да бидат создадени од Турција, но и надвор од земјата, за да се добие впечаток дека Грци "урнале турски авион, а пилотот да биде жртвуван". Весникот "Милиет" пишува дека планот за преврат се состоел од 5.000 страници и требало да се оствари како воениот удар од 12 септември 1980 година. Операцијата Чекан била планирана од т.н. генерал Четин Доганкој ги отфрлил овие тврдења. Генералштабот на турските вооружени сили ги отфрла тврдењата дека Турската армија во периодот 2003 - 2004 година подготвувала план за воен удар, туку дека тоа биле само сценарија за семинар и воени вежби |
||||
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ех ......... допрва турците ќе го почувствуваат она што до скоро го поздравуваа и поддржуваа тука на балканот ........... има да се рацепат како тиква
|
||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
A sto se cudite??? Dokolku sekularizmot vo Turcija se narusi toa se znae deka postoi sansi da ima voen udar,i denes e isto kako sto bilo pred nekolku godini,ako se narusi sekularizmot,vojskata e spremna da napravi voen udar En büyük ATATÜRK A Ergodan da ne si igra so oganot, po ubo ke e za nego |
||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
убаво да остане така како што е од времето на ататурк ..... ама , со експанзијата на исламизмот кој секојдневно станува посилен во турција , тешко дека ќе може да се извлече од граѓанската војна до која може да дојде доколку армијата го употреби уставното право
|
||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
не да не ми се допаѓа што им оди контра на америте ама овој пат ја претера ........
|
||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Чавез: Американците го предизвикале земјотресот на Хаити
22.01.2010 19:09 Хуго Чавез Државниот врв на Венецуела ги обвини Соединетите американски држави за поседување на оружје за предизвикување земјотреси, со кое бил инициран катастрофалниот потрес на Хаити. Цитирајќи наводен извештај на Северната руска морнарица, телевизијата ВиВа пренесе соопштение во кое се вели дека потресот, во кој загинаа над 200.000 луѓе, бил предизвикан од американско експериментално тестирање на системот на брaнови. За истиот систем се тврди дека може да предизвика климатски аномалии, како поплави, суши и урагани. Телевизијата ВиВа уште додава дека крајна цел на овие експериментални напади е Иран, каде што со серија иницирани потреси, би требало да биде соборен исламскиот режим. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118983 |
||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Њу Јорк Тајмс ќе го наплатува своето он-лајн издание
Најпознатиот американски дневен весник Њу Јорк Тајмс (NYT) од следната година ќе ја наплатува посетата на своето он-лајн издание, јавуваат денеска светските медиуми. Сличен чекор најави и медиумскиот магнат Руперт Мердок, сопственик на News Corp., што го покренува прашањето за завршување на ерата на бесплатно информирање од весниците. NYT е досега најголемиот издавач кој се одлучи на ваков чекор , со кој се крши непишаното правило, интернет корисниците да имаат бесплатен пристап до веб-сајтовите на дневните весници. Од Управниот одбор на весникот, ваквата одлука ја соопштиле и пред јавноста, иако се свесни дека станува збор за ризик од кој епилогот не може да биде познат, пишуваат во четврток американските весници. Сепак првите луѓе на NYT се подготвени да ја преземат одговорноста во поставувањето на нови стандарди во медиумската сфера. Најпознатиот американски весник излегува уште од далечната 1851 година, и во моментов е најтиражниот дневен весник во САД, после Wall Street Journal и USA Today. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118931 |
||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Русин преживеал 126 удари со секира
Рускиот бизнисмен Сергеј Тимин (48) преживеа 126 удари со метална шипка и секира, што му ги нанеле сопругата и нејзината љубовница- полицајка, наведуваат руските медиуми. Кавгата избила во станот на Сергеј во Нижни Новгород, за околу 100 милиони рубљи (2,3 милиони евра) кои сопругата Татјана сакала да и припаднат со разводот. „Не успеав ниту да седнам, а една од нив ме удри со секира по вратот. Не ја загубив свеста. Продолжија да ме удираат, но сепак некако успеав да побегнам од станот“, вели Сергеј. Соседите ги слушнале неговите крици и повикале полиција. „Тимин го примивме со повеќе видливи рани. Имаше загубено многу крв, па му дадовме инфузија и четири дена беше на интензивна нега. Сега е стабилен“, рече лекарот Николај Мелекин. Откако не успаела да го убијат, сопругата на Сергеј, Татјана, завршила во болница со нервен слом, додека нејзината љубовница Јулија Павлјукова е приведена. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119064 |
||||
afrodit
Сениор Регистриран: 23.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Авионот не смееше да полета!
Семејствата на загинатите со огромен револт кон аеродромските власти: како смееле да дозволат полетување на авионот по лоши временски услови Патничкиот авион "боинг 737-800" на етиопската национална компанија, во кој имало 83 патници и седуммина членови на екипажот, рано вчераутро, пет минути по полетувањето од аеродромот во Бејрут, падна во Средоземното Море. Според последните информации, изгубени се сите надежи дека има преживеани. Аеродромските власти велат дека авионот, кој полетал во многу лоши временски услови, исчезнал од радарите околу пет минути по полетувањето за Адис Абеба. Либанската армија и силите на ОН, кои веднаш пристигна на местото на трагедијата, од разбрануваното море вадеа тела на загинати патници и делови од паднатиот патнички авион, но информации за преживеани никој не соопшти. Причите за несреќата се уште не се познати, но се претпоставува дека во авионот можеби удрил гром или причината се бара во многу силниот ветер, кој речиси постојано дува во таа регија. Локалните и светските медиуми пренесуваат една изјава за Ројтерс дека жителите на крајбрежните места виделе "огнена топка" како паѓа од небото во морето на околу 12 километри од главниот град на Либан. Засега сите ја исклучуваат можноста дека станува збор за саботажа или терористички акт. Во "бингот" најмногу имало либански патници - 54, па зато вчера цел ден на аеродромот во Бејрут се слушаа пискотници од семејствата на загинатите. Нивниот револт беше огромен кон аеродромските власти, бидејќи сите се убедени дека не смееле да дозволат полетување на авионот по такви временски услови. Државната компанија "Етиопијан ерлајнз" спаѓа меѓу најбезбедните во Африка. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E71405E54AA6B94C859005383816D438 |
||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Хамнеи: Иран не произведува атомска бомба
18:00 | 19 февруари 2010 Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, тврди дека неговата земја не произведува атомско оружје, туку нуклеарната енергија ќе ја користи во мировни цели Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, негира дека неговата земја произведува атомско оружје, пренесуваат агенциите. За духовниот водач на иранците, оружјето за масовно уништување е симбол за геноцид, што се коси со верските уверувања на иранскиот народ. Според него, Иран не произведува оружје, туку нуклеарната енергија ја користи во мировни цели. Изјавата на Хамнеи, доаѓа само еден ден по извештајот на Меѓународната заедница за атомско оружје, во кој што се потврдува дека Иран тајно произведува нуклеарни боеви глави. САД и меѓународната заедница изразија загриженост по најновиот извештај и предупредија дека Техеран ќе се соочи со нови санкции, ако не дозволи увид во нуклеарните постројки. Fokus |
||||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |