|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 132133134135136 138> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не заборавам |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Допир Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарoбена во овој затворен круг на емоции кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка? Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле. Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир. Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело не чувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,не можам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти? Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите. Ноќен јавачу на моите сништа допри ме!Допри го мојот сон за да живеам во твoјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно. Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир. Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи. Допри го мојот сон...Ти,само допри ме. Даница Петровска |
|
Љубов и само љубов
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАПКАЕдна капка на моето тело, дали ќе се слизне, зад себе оставајќи траг ? Друга капка на моето тело,
дали ќе испари , исто како да не постоеше? Третта капка на моето тело,
дали од болка или блаженство, ќе погодиш ли? E добро де -погоди ,
ништо не е , врне…од дождот е!
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_3
Списанието пред сѐ ќе биде наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес. Ќе биде одвоен простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности кои што намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите. Би сакал да објавам и некој ваш труд со ваша дозвола. Кој има желба нека пиши во пп. Ви благодарам. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ем ја, ем силен и убав
Поведи ме на местото за кое секогаш сонуваше не врти се дали сум зад тебе затоа што сум пред тебе одамна го знам исти се нашите сонови. Не мораш ни да ме чекаш секој дел од мене е во твоето срце никогаш не бев излегол само понекогаш го преуредувам онака малку и по машки замок со бедеми, стрелци и крокодили да не случајно некој се приближи дрскост е кога некој ми чепка по мојата гордост, ма има ако треба и со глава да плати. Длабоко сум во тебе друго сонце ме грее сега тоа е твоето срце види ме каква боичка сум фатил кога сум бил вака силен и убав? |
|
Lucija Jan
Нов член Регистриран: 03.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мирис на цимет
06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби.. Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса? Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет.Мирис на цимет 06:30 на автобуската на рекорд. Одамна не сум се возел во автобус, од средно можеби, не се сеќавам. Пурпур се разлева на небото. Чудно за едно декемвриско утро. Околу мене неколку поспани луѓе, девојка со куче, дете кое се влече за суќната на мајка му. Мирис на костени. Ланци од светулки, ѕвезди и лампиони. Автобус број 50. Се качувам без карта. Седнувам на истото место како и во средно. Околу мене луге со подочници, замрсени коси. Мајка со дете, студенти, еден дедо и таа. Зошто сега? Се променила. Црвена коса до рамена, замрсена и истите зелени очи. Питомо кутре со тажни очи. Груба покривка на уморното лице, свенатите усни. Арабески во нејзините очи. Ги љубев тие тажни очи, груби усни. Припиена кожа за ребрата, исушени раце. Колку е кревка, незаштитена. Кога само би ми дозволила... а можеби.. Не ме препозна. Се ракувавме. Цврсто и воздржано како и секогаш. Се засрами. Не ме погледнуваш. Зарем ме заборави? Испарија љубовта, милувањата, бакнежите? Можеби се било лага, илузија. Халуцинција за прекрасни моменти, за љубов во тажните очи. Те сакав, би рекол. Кому? Непозната девојка стои пред мене. Убавина недостапна за мене. Која си девојко што некогаш те сакав? Постоеше ли ваква? Те повикував со мислите, те барав во другите. Се сеќаваш ли на мене ти скитничке со долга коса? Не го препознав својот лик во нејзините очи. Одразот на спомени го нема. Одрон на солзи. Бледило. Повторно ја нема. Како феникс се издигна од моите сништа, за да оди. Како да не ни постоеше. Одвеана со виорот. Остана само мирисот на цимет. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
на К
не ме бидува за долги беседи што ќе те понесат како крилат еднорог па да зајдеш во моето шепотење и замижана да ги доживееш репризите на твоите најубави соништа. но не ме бидува... освен, ако сакаш да ти ги изрецитирам сите рецепти на мајка ми што и не е така лоша идеја, оти ќе ти кажувам проверени вистини за зелници, дроб-сарми и васина торта кои се ефектна духовна храна како и твоите песни |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
turi edna Vasina
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
тик-так
баба ми ме учеше тесто да месам, и така по многу години сфатив дека и јас сум била како тестото, сум се претворила во леб. кој сака сече, кој сака кине, крши од корките, дроби, џвака како што сака. ти ме учеше да бидам онаа што си ја сонил во детството, и како на замаглен прозорец, ми црташе на лицето насмевки и солзи ми одбра душа што ќе ми прилега за да ти прилега. но тоа не сум јас. сама ќе ја довршам мојата приказна. |
|
malaka
Група Регистриран: 22.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 85 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите животни ги сакам јас еве ви кажувам на сите вас во Африка Лавот силно вика Магаренцето по цел ден само рика. Кучето Шарко во дворот лае сака мама вкусно месо да му даде големото Маче многу ми е слатко сакам да го наречам Влатко. Глувчето Џери го гледам како бега Мачорот Том ли го брка сега? Верверичката лешници има Кума Лиска од селото кокошки зима. Петелот на утро силно кукурика и ја буди мојата комшика Мика Пингвините од риба си прават суши Господин Зајко се фали со неговите уши. Животните имаат душа затоа секој нека ги слуша тие сакаат да живеаат мирно и да се шетаат без граници ширно Изменето од malaka - 11.Мај.2013 во 01:26 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-ti go sklepa ova?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
malaka
Група Регистриран: 22.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 85 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da sklepuvam vakvi |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш
Сакам да ги претрчам бабите по портите Кои времето го трошат во озборување Да им ги одврзам шамиите Да ги истргам за ракав на поминување Да ти дотрчам боса Со крв засирена на душата Со филџанот превртен во џеб И купчето пари на неговиот газер Со беснотилуците скриени в пазуви Со неродените деца седнати врз дланкиве Да го истурам сиот товар пред твоите нозе За да видиш За да разбереш Твојот од по нагорнината само што не почнал Оди Оти секој следен ден Ќе ми остава крвава гребаница врз душата |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Andjelino...
|
|
Внеси реплика | страница <1 132133134135136 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |