|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 146> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пеперутка Само како ме заболе рамото, во ова моја нова форма на постоење, не дека сакам да летам, а морам, да бидам толку привлечна. Стапалата ги обожавам, во моментот кога сакајќи те згазнав, не дека сакам да те повредам, а сакав да бидам толку емотивна. Усната горко ми се згрчи, во моментот кога морав да те пробам, не дека сакав да те вкусам, со мисла да слетам на тебе. Ти ме изненади, од ларва, пеперутка се сторив, не дека не сакав преобразба, а желбата колоритноста ми ја кажува. Тебе те нема, но сепак летам!
Изменето од bijonse1 - 16.Април.2020 во 16:43 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. одлучив да сведочам сам против себе со молчење како сериски самоубиец кој се плашел од висини а живеел секој ден како што би живеел утре а не можел одлучив да се предадам на сите што одавна ме имаат затворено во зандана без ѕидови без прозорци и решетки само една врата, која стои потпрена на старата исушена вишна одлучив тоа да го направам не поради тебе ниту себе, а уште помалку подари другите. Да, ќе го направам поради никој. |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вероника сестро моја Денешен ден , прекрасен сончев а сепак проклет, денешен ден ти чукав на врата а сепак глува, денешен ден те видов од прозор а сепак далеку, денешен ден… Те молам сврти се , невреме се спрема а сепак зракот гали, те молам слушни ме , гром ќе севаа сепак виножито гледаш, те молам не си оди, душа болиа сепак чекори бројам, те молам… Не гледам, не слушам ,не зборувам ми велиш , безброј денови бројам
ми велиш , не сум ти душа твоја
а кај мене , врне ли врне ,
не гледам не слушам не зборувам…</span>
Тишина , ух колку ја мразам дали таа е моја гостинка пред бура или е само празнина во мене штура, земи расцепи гради земи душа тишина , ух колку ја мразам а тебе те нема точка стави Веронико сестро моја… Чекај не си оди бесконечно те сакам ти си само една луда мала одамно напишана невина балада, погледниме и искрено признај
зарем си само негова улична парада , Вероника близначка моја, чекај не си оди бесконечно те сакам… Каде си ?… Точка ли стави?
Изменето од bijonse1 - 03.Март.2018 во 22:50 |
|
N.Nikolina
Сениор Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гласот на љубовта
Јас не знам каков е твојот глас во ноќта. Ѕвонлив ли, како удирањето на брановите во карпите, тивок ли како спокојот на белата птица, нежен ли, како шумолењето на лисјата... Јас не знам каков е твојот бакнеж во ноќта. Сонлив ли, како чекор низ златен песок, треперлив ли, како моево срце. Јас не знам каква е Твојата прегратка во ноќта. Не знам,а толку би сакала да знам. Ти... Ти ме оставаш да пишувам, сонејќи те, ме оставаш да горам, чекајки те, ме оставаш да плачам, љубејки те. |
|
N.Nikolina
Сениор Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АКО СИ - ОСТАНИ
Ако си грев?
натерај ме
да му подлегнам
на искушението
и замини,
јас ќе се искупам
некако.
Ако си среќа,
направи да сум и јас тоа
и замини!
Научив да живеам
и без твојата наклонетост.
Ако си болка
заболи силно,
распарај ме
натерај ме
да молам
и...замини,
некои рани
никогаш не зараснуваат!
Ако не се пронаоќаш
во ниедно својство на победник,
ако дозволам
да треперам од секој
твој поглед,
ако ми се кине утробата
секогаш кога ќе те видам
и ако сакаш да те допрам,
а немам храброст
за тоа...
Тогаш,остани!
Случајно дознав
дека се викаш
ЉУБОВ!
|
|
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. сеедно е Земјата ќе врти цел круг, повторно и повторно ветровите дуваат и кога е сеедно комшијата ќе ја пушти Цеца пред полноќ и јас ќе се обидувам да заспијам завртен на десната страна . сеедно е ако некоја девојка гласно ќе се насмее, повторно нема да се завртам ќе свирам на гитара и кога е сеедно додуше песните нема да бидат тие од порано и повторно на ТВ ќе има реклама, која ќе ми ја заебе песната кога србинот се дере NIJE SVEJEDNООООООО Изменето од anakin - 26.Февруари.2011 во 01:44 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
килмисофтли
убиј ме нежно заслужив убиј ме со бакнеж земи ми го здивот и така животот е збир на моменти кои ми го земаа здивот ( тоа ми е од Will Smith) убиј ме сега заслужи и ти да ме убиеш со насмевка замени ја идеалната во вистинската и така безконечноста се наоѓа зад хоризнонтот, каде правите линии ги сечат човековите идеали ( тоа не ми е од никого) биј ме нежно нешто како Kiss Kiss Bang Bang . |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАПАЛКА Сакам да сум малечок , но не како зрно песок сакам да сум разголен , но не да ме видиш ти? сакам да лежам опуштено , но не како пират на лежалка сакам да држам цигарата , но да ја пушам ли? сакам… да многу сакам… Сакам да мижам , а пред мене да си цела ти сакам да осетам, а под моето стапало твое меше би? сакам да заспијам , а под моја рака цице како перница сви сакам да сонувам , а под мене топла постела да ми си ти? сакам … да многу сакам… Сакам лето и сино небо , а сонце да ми бидеш ти сакам море и школка , а ти бисер неоткриен би? сакам ден да е ноќ , а еден минут да е час сакам иднина во сегашност, а ти вечност сакаш ли? сакам … да многу сакам… Сакам … кај ли само ја оставив запалката ! Изменето од bijonse1 - 03.Јуни.2018 во 18:45 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. во старата тетратка на незапишаните мисли сега барам што помислив кога првпат ја видов тешко се наоѓа во празнилото на пожолтените страници но сепак се сеќавам на која страна не го запишав тоа ене, тука е тоа незапишаното, на оваа страна а таа страна е само за неа од каде знам дека е за неа? па целата тетратка е за неа а не ги запишувам оти така би ја испишал тетратката до крај а не сакам . (паметен запишува, будала памти) |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
С а мТвојот врат е моја лична метонимија за болката, небодер што ми ги засенува сите обиди да пораснам. Балкон без глетка вгнездува мртви птици со весел пој. Пиеме кафе и пак…Rien à dire. Rien à faire. За миг, господарам со несолени океани и благи голтки спокој, а потоа…цела ера несоница и бес. Сите книги имаат ист вкус. Сите прошетки – ист број жртвени мравки. Ја бакнува и сонува сам. Зарем може поинаку? Изменето од Quentin - 18.Март.2011 во 23:25 |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kolku ubava |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Niente da dire, niente da fare solo bravissimo... |
|
edgaralanpo
Нов член Регистриран: 16.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 28 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne zaboraviv da te sakam
i sega ti podavam raka zasto srcevo e slepo, ne gleda, no go boli koga za malku isprosena ljubov moli se nadevam ke naucis sto e sreka, vo zivotot tvoj ne bi sakal da ti e poln so greski bez broj a sto vsusnost jas tropam, vadam zborovi od bolka koga tebe zverko ne ti e ramna ni bogomolka ona e milosrdna, go ubiva plenot na krajot a ti me ostavas da stradam, da go izgubam vo ocite sjajot da mi se prevrtuvaat crevata koga te gledam i pred tvoite gnasotii zamrznat da sedam prikaznava e dolga, so vekovi i vekovi razlikata e sto togas nemalo karticki i cekovi no moite bolki se bezvremenski, ni dolgi ne se srcevo ke si boli, a dusava ke se trese a i telovo na krajot ke go snema nema po kraj tebe veke nikogas da dremam ke te sakaat i mrazat site sto ke gi dopres a jas samo ke te sakam, ne mozes da me sopresh i koga ke ti bide najtesko, samo seti se na mene covekot koj te sakase, na cij grob tvoeto cveke vene dodeka ja pisuvam pesnava, places na grobot moj, i nikogas ne zaboravaj, sekogas bev samo tvoj! |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пустина-ВселенаВдишуваме голи во пролетни мугри врз недогледна ледина со мокра трева. Врз папокот ти се слева капка април, совршено создадена за врвот на мојот јазик, на кој одамна дремат заборавени заменки за љубов. Креваат ѕидови, за нив видливи. Лепиме тапети со цветни дезени. Боја – луда. Со блага нијанса на трепет. Те запросувам во афект, со прстен од сафирен акварел. Кажи дека ме земаш со сите тикови на лицето и моите 222 говорни маани! Кажи оти ме сакаш со моите неразумни стравови од гнезда, агли и ластовици! Кажи дека ќе ме излееш во своите песни, да сјаам до најубавите три точки што полетуваат кон бескрај… Знаеш, твоите песни се вселена, а моите пустина. Секој би забележал ако во пустината се всели ѕвезда. Но, никој не би видел кога во вселената ќе изникне пустош. |
|
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |