|
ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности |
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 173> |
Автор | |||
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета на површина изгледа како закон кој има намера да ги олесни последиците од овие дела. Но, на начинот на кој што е напишан тој опфаќа многу повеќе од тоа и неговото донесување во таква форма може да ја загрози слободата на интернет.
Членот 11 од предлог-законот може значително да влијае на содржините што корисниците ги објавуваат на интернет, како и на компаниите чии деловни модели вклучуваат објавување на содржини на интернет, и како последица да предизвика цензура. Македонските страници на кои што блогирате, коментирате, објавувате фотографии или видеа може да престанат да функционираат како до сега, а до странските може да биде ограничен пристапот. ШТО ЗНАЧИ ОВА СО ДРУГИ ЗБОРОВИ? 1. Повеќе нема да можеш да коментираш на страни, форуми, facebook, twitter без страв дека ќе бидеш осуден на огромна парична казна. 2. Ако имаш твоја страна, ќе треба да ги исклучиш коментарите или да набљудуваш и цензурираш 24 часа во денот. 3. Твојот веб сајт лесно ќе може да биде исклучен секогаш кога некој ќе се пожали кон интернет провајдерот, без судски налог. 4. Твојот (интернет провајдер) или било кој центар на моќ, ќе одлучува кои страници ќе ти бидат достапни исто како во Иран, Кина, Саудиска Арабија, Северна Кореја. 5. Како интернет провајдер секогаш можеш да бидеш тужен за содржината што ја објавуваат твоите корисници. Казната е 27.000 евра. Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна ШТО МОЖАМ ДА НАПРАВАМ? 1.Пишете им на прaтениците во собранието на РМ. Побарајте од нив да гласаат против законот. 2. Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта. Второто читање на законот е во вторник на 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден. Додадете го следниот HTML код на вашата страна (било каде во <head> или <body>): <script type="text/javascript"> blackout_serious = true; </script> <script type="text/javascript" src="//skopjehacklab.github.com/blackout-mk/blackout-mk.js"> </script> Прочитај повеќе овде: Новиот Закон за навреда и клевета ПОЗДРАВ |
|||
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
|||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убава песна напишана од Пол Сајмон..... Изменето од Diogen - 11.Октомври.2012 во 00:54 |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ги читам поборниците на слободниот говор и си мислам... каде беа истите да ги бранат коментарите на муслиманските членови наместо да ургираат истите да бидат банирани ??? Која е таа силна заложба за негување на неодговорниот слободен говор според двојните аршини ? Јас секогаш сум велел дека слободата на говорот е венчана за личната одговорност. Не може правото на слобода на говор да се користи за ширење лаги и противдржавна и антинационална пропаганда. Поедноставно кажано, не може едно основно човечко право да се користи са узурпирање и кршење на другите основни човекови права. Многу едноставно нели ? Патем, правилата на форумов велат: На корисниците на ИДИВИДИ форумот не им е дозволено:
Ако се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail итн.). Треба да сте свесни дека модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право и должност да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.
Правилата на форумов се јасни и еднозначни и во потполна согласност со основновните човекови права кои ја вклучуваат и слободата на говорот. Администрацијата секогаш ги следела овие принципи, правила и препораки и се придржувала до нивното доследно негување и заштита. Така ќе остане и понатаму.
Изменето од Messenger - 10.Октомври.2012 во 23:23 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И јас сум македонец,роден во Македонија.Со родители од Македонија.И родителите на моите родители македонци.И да македонец сум.Македонец во Македонија онаква каква е сега.
А за историјата на овој народ.Тоа е веќе нешто друго.Моето сваќање и сваќањето на многу други македонци за историјата на овој народ е поинакво од останатите македонци.Може ли некој тоа мое размислување да го забрани? Ние како македонци,кои поинаку ја гледаме историјата на нашата земја,имаме право на било кој македонски форум во подфорум историја да го изложуваме нашето сваќање за историјата. Тоа во никој случај не е
Законите на државата во никој случај не се прекршуваат ако јас на "подфорум историја" ја кажам реалноста за нашата историја.Неможе во никој случај држават со закон да држи една теорија.
Но веќе кога го спомна човековото право,убаво кажано но грешка сватено, за жал. Еве на пример,основно човеково право е слобода на изразување.Ако вие имате право да го кажете вашето размислување за историјата,тоа не значи да се забрани на останатите членови изразување на поинаквата истрориска свест.Значи пишаното од твоја страна важи за вас. Ако Да Бе беше баниран за поинаквото толкување на историјата,тогаш и јас сакам да бидам баниран.Инаку не е фер само затоа што сум роден како "македонец" да ми се прогледа низ прсти. |
|||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=97498
Прекрасна одлука од владата!!! Изменето од goran-twin - 11.Октомври.2012 во 00:42 |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Почитувани членови, Чувствувам потреба да го објаснам тоа што го пишав погоре, затоа што наидов на различни коментари.. Основната работа на Администраторите и Модераторите на секој форум е да раководат со него и да се грижат сите работи да се одвиваат во најдобар ред. Во одредени случаи кога некој член ќе претера со спамирање или со прекршување на пишаните правила на форумот, Модераторите и Администраторите се тука да воведат ред и по потреба да санкционираат. Санкционирањето никако не смее да се изврши без причина и по желба само на една единка. Тоа особено важи за трајното суспендирање од форумот. Ниту една личност од раководството на форумот нема ексклузивно право да одлучи за судбината на сите, најмалку за судбината на цела нација. Морам да потенцирам дека форумот не е место за пазарење кој колку време ќе биде баниран ниту пак се наоѓаме во време на Хитлер па да го чистиме форумов од бугари, евреи, срби и слично. Сметам дека воопшто и не треба да има дискусија за чистење на цела една нација од еден медиум од јавен карактер и таквите потези ги сметам за непрофесионални, дискриминирачки и неморални Секој верува во одредена вистина, токму затоа постои и форумот како место каде што преку дебата се искажуваат повеќе такви вистини, презентирани од повеќе личности притоа се поткрепуваат со докази. Јавно осудувам било каков потег за праќање на принуден одмор на лица кои не ги прекршиле пишаните правила на Форумот и се оградувам во целост од постапки и одлуки кои не се во согласност со правилникот и кодексот за работа. |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сосема коректен пристап, како што било и досега. Поддршка од поранешната колешка. |
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Немавме ли тема за 11-ти Октомври? Ај нека ни е честит празникот, да е вечна Македонија. |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убаво кажано Меси!
Никој ништо не бара повеќе од тоа, да се почитуваат правилата. Јазикот на омараза е присутен, како од бугаризираните така и од македонските Бугари. Тоа наголемо се толерира. Трагедијата да биде уште поголема е што тие, гостите, доаѓаат на наш терен и провоцираат. Ако воопшто постои возвраќање од наша страна, тогаш тоа не е ништо друго сем враќање на мера според мера. Реципроцитет! Оставам до моралните доблести на гостите, односно сами да проценат дали нивното однесување е прифатливо, посебно кога се на гости. Културата на однесувањето е нешто што се учи, но по се изгледа кај таканаречените Бугари тоа е генетска аномалија. Вулгаризмот тешко се искоренува. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нека е замногу години денот. Денот кога Македонија стана против фашистичкиот окупатор |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извини, морам да те поправам. Гостите не можат да пишуваат на овој форум. Можат членовите. А сите членови без разлика дали имаат титула сениор, група или нов член се рамноправни! Сите сме еден вид на најавени гости на форумов, идеме и си одиме. Никој од нас не го поседува форумов и никој не е вечен.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема за што да се извинуваш. Може да ме поправаш, но неморам да ја прифатам попраквката. Форумот е јавно место на кое може да дојде секој, домашен или странец. Но, без разлика каков е, тој мора да ги почитува правилата кои ги поставиле Македонеците, нели? На крајот на краиштата форумот е македонски. Тоа е факт! Исто како што американската амбасада во Скопје е американска територија, иако се наоѓа во Македонија. Под гости се разбираат сите кои се државјани на други земји, вклучувјаќи се и самиот. Општа култура е да се придржуваш на правилата и да не го повредуваш или навредуваш македонскиот простор и неговите чинители, без разлика колку и да си член. Слободата на изразување незначи и анархија, провокации или навреди. Ниту во најдемократските општества не е дозволено секој да прави што сака. Значи се, ама само во рамките на дозволеното. Има една поговорка која често се користи во англосаксонскиот свет: When you are in Rome, than do what the Romans do! Изменето од Platenik - 11.Октомври.2012 во 04:46 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
До Горан Близнакот.
Верувај ми се мразам самиот себе што морам ова да го кажам, но неможам да си помогнам, па морам да го кажам. Ти како таков, Македонец од татко и мајка Македонци, со такви ставови можеш само да бидеш добар Србин, Бугарин или Грк, но не и Македонец. Со таквите ставови ти само браниш нечиви туѓи интереси, најмалку интересите на Македонците. Дали можеш да ме разбереш што сакм да ти кажам?! Нестанува овде збор за различни верзии на македонската историја, туку за борбата на Македонците наспроти пропагандите од нашите “мили и разбрани“ соседи! |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како македонец по род илјадници генерации наназад, време е да сфатиш дека сваќа е за на свадба, а се сфаќа ако нешто се разбира. Инаку слободата на изразување е човеково право се додека не се загрози човеково право на некој друг. Јас барам да се почитува моето право да не бидам труен од бугариве на форумов. Историјата се пишува и тумачи на основа на факти и од непристрасни набљудувачи. Се друго е ирелевантно, вклучително и „историската свест“ на некои. Изменето од Polar Bear - 11.Октомври.2012 во 06:04 |
|||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|||
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 173> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |