|
Македонски фудбал |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | ||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Електронското издание на „Лајм“ (www.lajmpress.com) пишува дека лидерот на табелата Вардар би можел да биде дисквалификуван од Првата лига поради неправилности во фузијата со Миравци, а Шкендија тогаш би можела повторно да стане шампион...Овој портал се повикува на одредени извори од ФФМ, а истакнува дека истрага за фузијата ќе спроведува УЕФА. Оваа теорија веќе подолг период се врти низ кулоарите, а ЕКИПА тоа претходно го провери во Фудбалската федерација на Македонија.
Одговорот оттаму не беше конкретен, но не може ниту да биде, затоа што процедурата за лиценцирање на клубовите за европските купови се уште е во тек, а дефинитивната одлука ќе биде позната при крајот на мај.
Вардар пред почетокот на минатата сезона се фузираше со второлигашот Миравци, ги мина сите правни процедури за да ја превземе лиценцата за настап во Првата лига, се преименува во Вардар 1947, а по одреден период и си го врати името во Вардар. Исто така спроведена е и правна процедура за богатата историја на клубот, со сите резултати и титули, да му припаѓа на новиот субјект, кој сега се натпреварува во прволигашка конкуренција. Во меѓувреме, Вардар, како прв клуб во Македонија се трансформира во акционерско друштво и сега функционира според новата законска регулатива во нашата држава.
Токму тука и лежи „проблемот“ што би можела да го види УЕФА, но би важел за сите македонски фудбалски екипи подеднакво. Тие мораат да се преструктуираат во акционерски друштва и тогаш би биле нови правни субјекти, а УЕФА при постапката за лиценцирање бара да биде доставен финансиски извештај за изминатите три сезони. Тоа нема да биде можно, затоа што новите правни субјекти едноставно ќе немаат што да приложат, освен да биде потенцирано дека токму тие се наследници на фудбалските прволигаши кои досега функционираа(т) како здруженија на граѓани.
ЕКИПА од ФФМ доби одговор дека е во постојана комуникација со УЕФА и дека веќе има најавено како сите фудбалски прволигаши ќе мораат во текот на оваа година да се преструктуираат во акционерски друштва и очекува Европската куќа на фудбалот да има разбирање за тоа, бидејќи всушност клубовите мораат да се прилагодат на новата законска регулатива во Република Македонија. Токму затоа и Агенцијата за млади и спорт веќе одреден период одржува работни состаноци со претставниците на спортските федерации и на спортските клубови во државата, објаснувајќи им како треба да тече процесот на нивна трансформација во акционерски друштва. Изменето од емил - 24.Април.2012 во 06:14 |
||||||||||||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ФФМ: Вардар и Шкендија не добија лиценци за настап во ЕвропаЛиценцната комисија при ФФМ денеска објави дека пет од осум пријавени клубови за настап во евро-куповите добиле лиценца, а три, меѓу кои се лидерот Вардар и се уште актуелниот фудбалски првак Шкендија – се одбиени.
Лиценцната комисија реши да им додели лиценци на Силекс, Работнички, Ренова, Металург и на Хоризонт Турново, а одбиени се Вардар, Охрид и Шкендија. Според најавите, ова е првична одлука на лиценцната комисија на Федерацијата, која најчесто се раководи според исполнувањето на финансиските, правните, организациско-административнитем спортските и инфраструктурните критериуми. На оваа одлука сите клубови имаат право на жалба во рок од три дена. Комисијата ќе ги следи клубовите кои се здобиле со лиценца и доколку се увиди дека има прекршување на некои од критериумите ќе ја извести Комисијата за лиценцирање, која го задржува правото да ја одземе доделената лиценца. Во случајот со Вардар, Комисијата за лиценцирање побарала од клубот да се достави дополнителен доказ, за кој ќе се одлучува дополнително, но никој од ФФМ не сакаше да соопшти која точно било причината за недоделување на лиценца на Вардар, кој годинава важи за најорганизиран клуб во Македонија. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонско фудбалско лето: тренерот со апетит за ФФМ, голманот и мушичките, „малтешко“ реми за гордеење…Летната македонска клупска одисеја во фудбалска Европа заврши за неполн месец и само го продолжи тапкањето во место на клупскиот фудбал на стариот континент. Три победи, четири ремија и пет порази во 12 меча за овие 20-на дена е новиот катастрофален биланс на европретставниците – првакот Вардар, вицешампионот Металург, куп-победникот Ренова и тетовска Шкендија. Македонскиот фудбал и по оваа нова неуспешна авантура во Европа ќе остане да сонува за некој поголем успех, а јавноста веќе го поставува прашањето, дали воопшто во моментов имаме капацитет за поголем дострел? Желбите и соништата се едно, реалноста е сосема спротивна, а резултатот на крајот – катастрофален. Така барем со години, македонските екипи тргнуваат во Европа, а потоа како попарени се враќаат во домашната реалност. Тоа се покажа и годинава. Рекапитулацијата на настапот на македонските екипи во Европа сама ги дава одговорите, зошто пропаѓаме, каде е вината, кои се причините? Македонскиот фудбал и не може да очекува поголем успех, некаков напредок, кога голманот „брка мушички“ и прима гол од 50 метри со удар што практично е центаршут, со кој првиот претставник испадна од Европа. Сомнежите со обложувачките „два во еден“ се веќе видени сценарија за кои Македонија влезе во историјата со првата голема казна за „измама“ во фудбалот, но таа не испадна поука за другите. Остана само бистра слика за болната амбиција за да се заработи „ситна пара“ на меѓународната сцена. Тукашниот фудбал не може да очекува напредок, кој еден амбициозен клуб како Металург, со солидни финансии за македонски услови и со солидни играчи, во двомеч против малтешки полуаматерски тим не успева да победи во два меча. Уште и пласманот во второто коло во Лига Европа е окарактеризиран како историски. Кога не може да се победи Биркиркара, кој може да очекува дека ќе се изненади полски Рух. На крај реалноста е 1-6 за Полјаците. Така не се гради победнички менталитет. Убедливите 8-0 на Ренова против аматерскиот Либертас од Сан Марино се само лажна слика за некаков успех во Европа. Првото коло во најмасовното натпреварување, всушност, е куп Интертото, пласманот не се бодува премногу, напредок и не се очекува со само една пречка. За поголем напредок требаат поголеми резултати. На првиот посериозен предизвик „гипсот“ попушти, иако тетовци со победа на гости чесно се простија. „Немаме што да загубиме“ е вечна водилка на секој македонски клуб со години во секој нормален европски меч, против просечни европски клубови. Со таков пристап, кој може да очекува поголем успех? Останува прашањето, што ќе се каже пред меч против екипи од светскиот крем? Македонија одамна многу губи, секој наш пораз во Европа, а секоја победа на просечните ривали нас нè турка кон дното. Некогаш бевме носители барем во прво коло во квалификации за ЛШ, сега Вардар беше втор најслаб со рејтинг од сите шампиони. Каков успех може да се очекува од Вардар, ако десет месеци создава тим на ливади, ако игра под притисок на 500 гледачи, ако ривалите на мегдан ја напаѓаат титулата со катеначо и без шут на гол кон Костадин Захов, ако има има еден милион евра буџет, т.е. половина годишна плата на полупросечен фудбалер, кој игра во соседството, ако нема едно саглам помошно игралиште? Каков успех се очекува од секој иден шампион, кога несериозноста на претходните го закотвиле меѓу неносителите и секој посериозен противник за нас е Барселона? Само во Македонија може тренерот на шампионот да стане претседател на најголемата спортска федерација (во случајов ФФМ). Илчо Ѓорѓиоски за во кратката своја тренерска кариера, која е во почеток, се наметна како еден од најталентираните македонски тренери. Освои две титули, еден од најзаслужните е за ренесансата на најпопуларниот клуб, но… Напредок ли ќе биде за фудбалот неговото седнување во фотелјата како предводник на македонскиот фудбал или загуба за струката? Или пред нас е Франц Бекенбауер, слика за успешен тренер и претседател, или Драган Стојковиќ Пикси, кој сепак најдобро се снајде крај аут-линијата. Десет години во фудбалот се изнаслушавме приказни кој краде, кој мести, кој мешетари, но никојпат не слушнавме кој има проект за спас на фудбалот. И по две децении независност Македонија нема здружение на прволигаши независно од канџите на фудбалските властодршци, уште помалку здружение на играчи, за стратегија за фудбалски развој не сме ни чуле. Но, затоа полни сме со приказни дека ќе играме „шпански“, дека психолошки треба да бидеме упорни и цврсти како Германци, среќни како Италијанци… А всушност секој меч е иста приказна – обични Балканци. Кои едвај чекаат да се израдуваат и на реми. Со тренер што сонува да е претседател на ФФМ, со голман кому наводно му пречат рефлекторите, со клуб што е горд со реми со Биркиркара, Македонија не може да се надева на успех во скоро време. А уште потажно е тоа што луѓето од овие клубови треба да ја градат иднината на фудбалот во нашата држава. Луѓе од кои се очекува да нè извадат од калта… Изменето од емил - 28.Јули.2012 во 08:08 |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Илчо Ѓорѓиоски едногласно беше избран за претседател на ФФМ.Харалампие Хаџи Ристески неодамна си поднесе оставка од оваа функција. Ѓорѓиоски, по изборот посочи дека тој живее за фудбалот. -Човек сум од фудбалот, живеам за фудбалот. Можам да ветам 24 часа работа дневно, ред, работа и дисциплина. Тоа ќе го барам од сите кои што ќе работат со мене, рече тој. Подобрување на инфаструктурата, јакнење на општинските фудбалски сојузи, подобрување на младинскиот фудбал ќе бидат во неговиот фокус. Новиот претседател на ФФМ е тренер на клубот Вардар |
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |