IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:22
КАПКИ НА ТИШИНАТА



Капат капките на тишината
од сребреното небо на самотијата
- ѕвонливи мисли
во очите на долгата ноќ,

капат бескрајни музики:
ги бојат болните шуплини
со лековити миризби
од разлиени тела на спомени;

капка по капка
се полни сувото езеро на душата
без страв да се прелие


капат капките на тишината...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:23
МЕЛНИЦА
си знаеш дека е за
тебе другите и не мора...

Ја запрев мелницата
на големиот часовник
- никој да не види

еднаа твоја насмевка
во запчаниците заглавив
- ни ти да не сетиш

времето чкулаво е
- нека е
и такво го разубавуваш

најубаво е кога е сино...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:24
ЕДИНИЦИ
(на малта птица со големо срце)

Моите патишта се улици
полни со мртви илузии

Издишани балони исплукува
илиузионистот од циркусот на презрените
по клупите на коишто го пресметувавме
времето помеѓу две бакнувања
со единица безгрижност во две децимали.

Чистачите на грешки секогаш се будат
со задоцнување од неколку тврдоглавости...

Тоа што остана да не оддалечува
од едниот до другиот крај на непреболот
оти не знаевме под какво име да го заведеме
во книгата на несонетите сонови,
ни тежи во мислите
секој ден со еден недорек повеќе...

Ткајачите на светлозрачни килими
заспиваат една гордост порано пред самоубијците...

Со каква мерка се мери чекорот
На сопственото умирањето во туѓо срце...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:25
РАСКИ

Секое време – невреме,
секое невреме – предвреме:
предвремено доцни времето
- колку да се разминеме...

Точки на два хоризонта
-толку навреме
за да не се разбереме...

Со време
ќе не однесе некое безвреме...

Само раски сме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:26
ТАЛКАЧ ВО БЕЗВРЕМЕТО


Ќе талкам од секое утрешно вчера
до секое вчерашно утре,
недостоен и роб да ти бидам...


Заморна приказна напишавме
на лист од овенато време:
ти исчезна во поројот на монолозите
како музика со ритам на солзи,
јас завршив во последната дескрипција
на едносмерната улица на тврдоглавите...


Од иста болест не разболе промајата на зборовите,

ист вирус коските на среќата ни ги раскости

- вакцините си ги сменивме, мразејќи се повратно...

Минувам крај времето што за тебе го сонував,
ти сонот го залеваш со времето што ти го оставив:
искуби го невенот од срцето, од мислите,
невенот што овенал во безвремето на талкачот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:28
ЦЕНА
Ја одрав кожата на најмеката ноќ
да направам плико за твоите мечти...


Ја затворивме муграта
со нашата занесеност,
птиците ја заборавија песната
во нотите на тажниот харфист,
твојата коса сеуште мирисаше на озон
од некој стар дожд
- беззначајно...


Расчисти ги тулите од ѕидот,
велиш,
сеќавањата се црни гаврани
од очите на сонот жедта ја гасат...


Полесно е сам себе да се расчистам,
да се затворам во штурилото на сонот
- кафезот празен се ниша
на гранката на неспокојот...


Реката е полна со мртви птици
а јас продолжувам да те барам меѓу нив...


Митот за Орфеј никогаш нема да поевтини...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:28
КАКО ДЕЦА


Како деца нижевме тутун во вашата шупа
А јас доаѓав да ги нижам твоите насмевки...


Тоа лето твоите насмевки станаа необични,

понеобични од сите претходни лета,

а јас знаев дека и сите наредни

нема да го имаат нивното тогашно лице.



Лист по лист од кошевите

цела улица тутунот не собираше

јас судбината од насмевките твои си ја читав...



Воздухот во шупата зад вашата куќа

мирисаше на чесна сиромаштија,

но никаде немаше насмевки како твоите

поради која и сонцето порано изгреваше...



Лист по лист го диплевте тутунот

- зелени сни

на конец од мечти разнижувавте...



Лист по лист ти ги диплев насмевките,

на срмен конец од скриени погледи ги нижев:

татко ти зимата ја имаше во надежните очи

а јас размислував каков фустан за невеста би ти личел...



Со скапани домати катранот на крај го миевте

- јас така на прстите го оставав

сонот со твоите насмевки ми мирисаше...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:29
РЕКА






И тебе ќе те препливам безимена реко
што од невекаде али во ноќта ми носиш
- црни али на алот мој господарки крунисани...


Те распознавам и кога молчиш
и кога водите ги стивнуваш под стреите
на мојот заборав на тебе.



Црна си,
од црнила обата скроени сме,
па друг не те распознава...



И Ахеронт да те крстам,
и Јордан,
- пак таа ќе си...


Во витлите ме витлосуваш
- јас водите твои ги влечам
зад себе...


Клето копиле сум,
од мајка оставено
- на тебе ветено...



Пркос дива од мускулите ми никне
кога ми велиш – удави се,
а врат немаш да те задавам...


На брегот друг гробот ми e
почивалиште светло за победите
- награда...


И тебе ќе те препливам безимена реко
што од невекаде али во ноќта ми носиш
- црни али на алот мој господарки крунисани...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:30
КАИНАВЕЛСКО ПЛЕМЕ


На Александро
Со каков нож да се отворам:

да се видам, па да кинисам...



Во мене гревовите се пресликани

на дедо ми и прадедо ми

- името што не си го знаеле...



Ц рни векови размотувале

зјајдупки да пополнат

и пак ништо немале...



Кога оној пред дедо ми

гревовите на кантар ги измерил,

планините пропиштеле

сосе птиците - жалосниците...



Си ги мерам стаплките

со трагите на пркосниците

- колку се мали...



Од стомина еден да сочувавме

големи ќе бевме...



О, клета реко од солзи и крв,

ќе има ли благлослов за водите твои

во векот од светлина што го ковевме...



А волци сме, си знаеме,

глад црна за сами себе не стрви...



Уште колку данок ни остана

да платиме, да преплатиме

- долг да не оставиме

кога од племето каинавелско

ќе кинисаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:32
ДОДЕКА ТЕ ЧЕКАВ

Јас поранив,
ти задоцни,
јаз широк направивме
- само зборот може да го премости...
Додека те чекав на распаќето
на првите предизвици на времето
без однапред подготвен план
како да и го сменам ликот на вечноста
потрошив се што имав за трошење
од дедо и прадедо,
и се што можев да оставам
на внуци и правнуци,
мислејќи, какво писмо
во насмевката ќе ми донесеш,
ако те препознаам...
Додека те чекав на острите карпи
на пругорнината на бесмртните
и го одморав одот за твоите нозе:
ниту напред знаејќи како
ниту назад гледајќи пат,
исчезнував какпка по капка од себе
се врежував капка по капка во времето
чувствувајќи го твоето доаѓање
во очите на стравот
дека пак нема да те препознаам...
А можеби и не те чекав тебе:
само капењето на минутите
одѕвонувало така
во глувата пештера на осаменоста
ронејќи ги песочните брегови на јазот
по кој истекував
- без да бидам свесен...
Градењето на мостот е друга приказна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:33
РАЗГОЛЕНА ДУША


Ја слеков ноќницата на твојата душа
јас, бесрамник по природа
и непослушен повторувач на грешки
на секогаш истиот пат до тебе...

Во дланките на мртвите чувства
ти ги собрав трепетите:
бели а нерасцветани
- кринови во градина без миризба...

Ништо не вечно,
само обидот да ти ја вратам ноќницата,
да не ги распродадеш
последните траги на моето присуство
под крошната на твоите воздишки...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:38
УТРО

Во росата на твоите насмевки
се огледуваат штурците
додека ги штимаат виолините
наутро...

Мојата босонога песна
танцува неуморно
по жицата на твоето будење

Мирис на сварено кафе
ја отвора капијата на новиот ден
- не, немаме многу
за крадење среќа...

Сепак, доволно е...
53 коментари | за печатење |

Изменето од majstorce62 - 24.Декември.2010 во 09:39
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:39
ВРЕМЕ



Ајде да направиме време

за сите неслучени приказни

и да ја заклучиме вратата

за сите ликови со несреќни судбини



Да направиме приказна без заплет,

без перипетии и кулминација

во која самите ќе се расплетеме

без воздржување и избрзување

нишка по нишка,

котелец по котелец

-јас тебе, ти мене

потем во времето ќе се сплетеме

како ноќта и денот

во муграта со живот што се полни...



На времето ќе му дадеме светло име

и ќе го врежеме со нашата безначајност

во кората на неминливоста...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:41
БУНАР
На А...
Издлаби бунар
во очи
за сон прежеднети,
со црпка од мек мирис
на искреност утрунска
во ирисите издлаби го:
длаби дур вода не бликне
од црните глечери
на душата,
вода студена, лековита
болка да ти одболи;


Излаби бунар
Во очи
Од волшепства натечени,
Таму кајшто светлините се истопиле
Во сопственото сонце,
Кајшто штурците штурат
По насмевката на песната
Што ја сокрив
За да се сокријам самсебе
Пред да заборавам
Каде ја сокрив мапата
Со патоказите до моето постоење...


Издлаби таков бунар,
Но вимавај да не ги повредиш дамарите
Додека минуваш низ нив
Безмилосно опојна миризбо
Од далечните ливади на невозможноста...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.