|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 20> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фолатите го намалуваат ризикот од колоректален канцерКонзумирање
на голема количина фолати во водата растворена со Б витамини кои
природно се наоѓаат во храната, може да го намали ризикот од
колоректален канцер (рак на ректумот и дебелото црево), покажаа
најновите американски истражувања. - Утврдивме дека сите форми и извори на фолати се во
врска со помал ризик од колоректалниот канцер, изјави ракводителот на
студиите, Викторија Стивенс од Американското друштво за рак. Во САД збогатувањето со некои прехранбени производи на фолати почна
уште во 1999 година. Во првите две години по примена на овие мерки не
е забележана никаква промена на бројот на заболени кај испитаниците, но
од 2002 година до 2007 година заболувањето од колоректален канцер многу е
намалена. Иако
овие процеси се од клучно значење за развој и диференцијација на
клетките, односот меѓу внесувањето на фолати и заболување од рак веќе
подолго време се истражува посебено кога е во прашање колоректалниот
канцер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Боровинките ги зајакнуваат коските
Боровинките содржат посебни супстанци кои имаат позитивно влијание врз формирањето на здравите коски, објаснуваат лекарите. Специјалистите се надеваат дека ова откритие може да се користи при
развојот на нови методи за спречување на губење на коскена маса и
остеопороза. Изменето од Valerija - 16.Јули.2011 во 15:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Задолжителни продукти на женското мени Знаете ли кои продукти не смеат да недостасуваат на менито на жените - без оглед на годините? Тоа се петте задолжителни: Брусница, ореви, грав, риба и домати БРУСНИЦИ |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доматите незаменлив извор на здравје и убавинаДоматите можат да се вклопат во многу јадења, особено за време на овој период од годината, кој изобилува со превкусни свежи плодови од овој зеленчук. Но, вкусот не е единствената негова предност. Истражувањата на калифорнискиот институт уште еднаш потврди дека состојките на доматите се чудесни за здравјето на луѓето. Во лушпата на доматот има бифлавоноиди кои ги намалуваат алергиските
реакции и запаленија. Припадничките на понежниот пол кои се борат со
вишокот на килограми ќе ги развесели веста дека доматите содржат лептин
кој позитивно влијае врз метаболизмот, го намалува апетитот и помага при
слабеењето. Доматите имаат црвена боја заради ликопенот кој го содржат, а кој има
многу важен ефект, односно антиканцерогено дејство во телото. Така,
мажите кои во текот на една седмица консумираат четири оброци со домати
го намалуваат ризикот од рак на простатата за 40 проценти. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересен податок: Лубеницата е здрав зеленчук кој најпрвин растел во пустината Калахари во Африка, пред илјадници години. Содржи 90% вода и 10% овошен шеќер. Од витамини содржи Б, Ц и каротин. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Содржи ликопен - антиоксиданс кој му помага на организмот во борбата против ракот и го заштитува од разни болести
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ротквиците и сочни и лековити Ротквиците не се само сочни, туку со изобилството лековити супстанции обезбедуваат раст на клетките, ги уништуваат бактериите и габите во желудникот и во цревата. Исто така, го поттикнуваат лачењето на соковите и го забрзуваат варењето, ја дезинфикуваат усната празнина и штитат да не се формира камен во жолчната кеса, бубрезите и во мочниот меур. Освен тоа, го намалуваат високото ниво на холестеролот и маснотиите во крвта, го активираат нервниот систем и ги прочистуваат дишните патишта. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобри намирници во служба на вашето здравјеБирајте што јадете и чувајте го вашето здравје. Следниот пат кога ќе го отворите фрижидерот имајте предвид дека брокулата и спанаќот го намалуваат ризикот од рак, а рибата, пак, е вашиот најдобар сојузнук во борбата против стареењето и заштита на мозокот. Дознајте кои се најздравите намирници и за што најмногу помагаат. Брокула
со средна големина содржи повеќе од 100 проценти од оптималната дневна
доза на витаминот К потребна на организмот и речиси 200 проценти од
препорачаната дневна доза витамин Ц, кои се два важни витамини за
изградба на коските. Исто така, брокулата помага во превенција на многу
малигни болести. Се препорачува да се јаде свежа или благо термички
обработена, со цел да се зачуваат не�%c |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изберe свој начин на „чистење“ на организмотГлавоболка, проблеми со кожата, лош здив, затвор, лошо расположение... Препознавањето на овие симптоми кај себе е показател дека на вашето тело му е потребна детоксикација. Кога во организмот внесуваме премногу шеќери, масти, адитиви и други штетни материи, истиот мора да потроши доста енергија за да се исчисти од отровите. Со текот на времето нему му останува сè помалку енергија за другите метаболитички процеси, заради што се забавува неговото функционирање. Црниот дроб и бубрезите, како главни прочистувачи, стануваат преоптоварени. Иако претставува главен дел, чистењето на организмот не подразбира
само промени во навиките во исхраната, туку и вежби и соодветна нега на
телото. Позитивните резултати од детоксикацијата не се однесуваат само
на намалување на телесната тежина и масните наслаги, туку и на поубава
кожа, подобра кондиција, повеќе енергија, помалку целулит... Постојат многу детоксикациски диети кои траат и со недели, но сепак
детоксикацијата се препорачува да се врши еднаш месечно, и тоа најдобро
во времетраење од 36 до максимум 72 часа. Првиот ден нема да чувствувате
никакви промени, освен веројатно глад, но веќе од вториот ден
подгответе се за појава на главоболка и лош здив, кој се јавува заради
излачувањето на отровните материи, а тоа ќе го забележите и по белите
наслаги на јазикот. Ако се одлучите за детоксикација подолго од три
дена, што не се препорачува без лекарски надзор, би можеле да се
чувствувате уморно, да имате главоболка и чести промени во
расположението. Празот го подигнува нивото на добриот холестерол и помага за
регулирање на шеќерот во крвта; зелената салата е најдобра за
прочистување на црниот дроб; јаболките го намалуваат холестеролот и
содржаи пектин кој помага за отстранување на токсините, додека
магдоносот претставува диуретик и го поттикнува мокрењето, заради што е
многу корисен за бубрезите. Ананасот е една од најкорисните намирници
кога станува збор за намалување на телесната тежина, но и за
детоксикација на организмот воопшто. Ова овошје го поттикнува
финкционирањето на цревата и го подобрува варењето. Изменето од Valerija - 23.Јули.2011 во 16:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доматите во секоја диета Исклучиво плодот има лековита примена, пред сè, од домашните сорти на домати. Најдобро е да се употребува како сок или како салата. Овој зеленчук спаѓа во групата билки идеални за борба против вишокот килограми. Составот на јаглени хидрати го прави соодветен за исхрана на дијабетичарите, а особено е важен зашто го поттикнува панкреасот подобро да работи. Присуството на целулоза помага за побрзо празнење на цревата, па доматот е извонредно средство против запек. Тој е мошне корисен и при лекувањето на хемороиди, зашто има својство да ја омекнува столицата. Плодот содржи и до пет отсто киселини и тоа јаболкова, лимонска, винска и килибарна. Големата содржина на киселини овозможува доматот како ретко која друга билка да ги поттикнува соковите за варење. Половина од изобилството минерални материи е драгоцениот калиум, во поголемо количество присутни се и фосфорот, магнезиумот, калциумот. Доматот се смета за најдобар природен извор на бакар, а манганот, сулфурот, кобалтот, јодот и радиумот се наоѓаат во траги. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Правила во исхраната 1. Наместо путер, свинска маст и павлака, во храната додадете маслиново масло. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Боровинките ги зајакнуваат капиларите * Го подобруваат видот и ги зајакнуваат капиларите. Од сето шумско овошје, најмногу се користат за подготвување желе. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ладни супи за топлите денови Макробиотичката исхрана препорачува дека во врелите летни денови најдобро ќе ве освежи ладна супа од сезонски зеленчук, на пример краставици. Краставиците, млекото (овесно, соино), оцетот (умебоши) и маслото од кикиритки испасирајте ги во соковник, а густината нека биде по вкус. Разладете и изедете. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здравјето влегува преку устата Нашите барања, кога храната и исхраната се во прашање, треба да бидат големи: сите продукти мора да изгледаат толку добро што и самиот поглед на нив ќе ни отвори апетит! Исто така, неопходно е и пожелно е да бидат мошне вкусни и, се разбира, свежи и здрави. |
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |