|
Идолопоклонички однос кон Библијата |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | |||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Опааа, имаме откровение Ова треба да значи демек душите на умрените луѓе пред Христовото воскресение спиеле? А ова е уште еден бисер:
Изменето од Maran Ata - 02.Октомври.2009 во 08:34 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Интересно е ова со сребреникавата нишка....
I like it |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Лелее рита...МАКСИМАЛНО ќе се воздражам да искоментирам за тоа КАКО И КОГАго толкуваш Светото Писмо.
Колку што се сеќавам(не сум 100% сигурен) Шеол е и називот на ѓубриштето близу до ерусалим.Од каде многу смрдело а башка и таму ги фрлале труповите на пцовисаните животни.Затоа може и да се преведе и како јама и гроб. Но не значи дека Шеолот кој се споменува во Светото писмо тука се мисли баш за ерусалимскат депонија туку дека таа состојба е како во шеолот.
Точно е ова и од православна гледна точка.
Е ова е веќе твое толкување.
Пак твое толкување. |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дозволи ми да ти објаснам.
За правилно разбирање на овој текст важно е прецизно да се дефинира што е тоа смрт? Кога таа настапува?
Дефиницијата за тоа кога настапува смртта е неколку пати менувана. Порано луѓето сметале дека смртта настапува кога човекот ќе престане да дише. Потоа увиделе дека човек може условно да "умре" т.е. да престане да дише и пак условно да "оживее" т.е. да почне да дише - што значи дека човекот воопшто и не бил мртов. Потоа, заради оваа причина, дефиницијата за смрт се поместила кон "чукањето на срцето", имено смртта настапувала кога срцето ќе престане да чука. Ова до пред неколку години беше и медицинската дефиниција за смрт. Но се случило нешто многу интересно согласно оваа дефиниција за смрт. На некој осуденик во Америка му била досудена смрттна казна. Казната била извршена на електрична столица. По активирањето и исклучувањето на електричната столица осуденикот делувал мртов - тој не дишел, а и срцето му престанало да работи. Согласно медицинската дефиниција за смрт тој бил прогласен за мртов. Но по неколку минути срцето повторно почнало да чука и затвореникот се разбудил од електричниот шок кој го преживеал. Тоа не значи дека овој човек воскреснал, туку тој воопшто и не бил мртов, туку само доживеал електричен шок и по отрезнувањето срцето продолжило со својата регуларна работа. Сега следи најинтересното. Сега сите би очекувале, по неуспешнто усмртување на осуденикот, тој повторно да биде ставен на електрична столица и повторно да му се суди. Но во судството тоа не иде баш така. Се отворило јавна дебата дали на осуденикот треба пак да му се суди, бидејќи, согласно дефиницјата за смрт, тој си ја "одлежал казната" со тоа што неговото срце престанало да чука по исклучувањето на електричната столица. Адвокатите на осуденикот ја добиле дебатата бидејќи законот бил на нивна страна согласно прецизната дефиниција за смрт. "Мртвиот " осуденик бил пуштен на слобода, а Америка и целиот свет морал да ја промени дефиницијата за смрт, која денес настапува по престанокот на работата на мозокот која се констатира со снимање на циркулацијата на крв во кората на мозокот.
Сепак, библиската дефиниција за смрт е јасна и прецизна и таа вели дека смртта настапува откако духот ќе го напушти телото. Искрено верувам, дека е можно кај некој човек и мозокот да престане да му работи, па пак, по Божја воља, да се врати во живот. Но доколку Бог го повика нашиот дух и тој го напушти нашето тело (библиска дефиниција за смрт), не постои доктор на планетава што ќе го врати истиот и ќе не "оживее".
Случајот со Лазар е сосема различен од оној со девојчето. Грчкиот збор што Исус го употребува за "заспивањето" е "koimao".
Овој глагол е сличен како и македонскиот глагол "да починеш". Некои го употребуваат за сон/дремка (починка, или почивка како што велат бугарите за одмор ), а некои за смрт (тој и тој почина). Така што, во случајот со Лазар, Исус го употребил овој глагол (кој е двосмислен), па откако учениците не го разбрале, се изразил појасно употребувајќи појасен збор "apothenesko" за смртта на Лазар, збор кој едносмислено значи да умреш, да бидеш мртов.
Сепак важно е да се напомене дека Исус не рекол за лазар дека не е мртов, туку категорично рекол дека "Лазар е мртов." (Јован 11:14), додека пак за девојчето рекол дека тоа не е мртво (Марко 5:39, Матеј 9:24).
Дали Исус може да лаже?
"во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже" (Тит 1:2, Библијата)
"Бог не е човек па да лаже" (Броеви 23:19, Библијата)
Затоа, верувајќи во Христос, верувам дека, според библиската дефиниција за смрт, Лазар бил мртов, а девојчето било само во еден вид "клиничка смрт", но сепак, иако функциите на нејзиното тело откажале, нејзиниот дух бил сеуште во неа и затоа Исус рекол дека таа спие, затоа Исус рекол дека таа не е мртва.
Ви благодарам на вниманието Изменето од EvAngelos - 02.Октомври.2009 во 12:20 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Убаво, преубаво објаснение.
Гледам и некоја сличност на објаснението на Мајкл, она со нишката...( Сепак, библиската дефиниција за смрт е јасна и
прецизна и таа вели дека смртта настапува откако духот ќе го напушти
телото. Искрено верувам, дека е можно кај некој човек и мозокот да
престане да му работи, па пак, по Божја воља, да се врати во живот. Но
доколку Бог го повика нашиот дух и тој го напушти нашето тело (библиска
дефиниција за смрт), не постои доктор на планетава што ќе го врати
истиот и ќе не "оживее".)
Јас верувам дека во двата случаи се работи за починати, односно духот веќе го напуштил телото. Зашто, она што за човека не е можно за Бог е можно. Впрочем, во Делата апостолски мислам, е опишан настан во кој се случува потрес, воскреснуваат починати и им се јавуваат на свои блиски. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тоа е во евангелието по Матеј, и тоа се случува откако Христос ја плати казната за човековиот грев т.е. по Христовата смрт. Пред тоа, заради неподмирениот грев, не било можно човек да отиде на Небото. Пред тоа никој не се качил на Небото.
"И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото"
(Исус во ев. Јован 3:13) Пред Христовата смрт, како што кажа Rita.MD душите на починатите луѓе оделе во едно место коа на еврејски се нарекува "Шеолот", а во македонскиот превод на Библијата се преведува како "Подземјето". Секако, како што забележи ahmar1, тоа место "Шеол" буквално било едно место во близина на Ерусалим, еден вид на буниште, депонија каде што луѓето го фрлале својот отпад, ѓубриштето. Тоа место речиси честопати и горело за да се спречи евентуалното ширење на заразите. Но сепак, постои и такво духовно место кое е наречено симболично по ова место, а тоа е местото каде што оделе душите на луѓето чекајќи го Христовото откупување на гревовите кое Христос го извршил при Неговата смрт на Голготскиот крст.
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Повторно ја покажуваш твојата (не)култура. Каде се зборува за таков Шеол? Значи православната гледа точка е најбитната. Аха. ОК. Иако овде говори за Луцифер, стихов одговара за тоа што ти го зборувам. Исаија: 14:9 Заради тебе се возбуди Подземјето за да те пречека кога ќе дојдеш. Во твоја чест, тоа ги разбудува сенките, сите земни насилници, тоа ги крева од престолите сите цареви на народите. Езекиел 31:14 За да не се возвиши веќе со својот раст ниедно дрво покрај вода, и за да не го издигне својот врв до облаците! И за да ниедно дрво, што пие вода, не се надева во својата височина! Зашто сите и се предадени на смртта, фрлени во подземните краишта, сред човечките синови, со оние што слегуваат во јамата!’ 15 Господ Бог зборува вака: ‘Во денот кога тој ќе слезе во Подземјето, во знак на жалост, ја затворив над него бездната и ги запрев неговите реки. И големите води пресушија, та сиот Ливан го замрачи по него и сите полски дрва се осушија заради него! 16 Со трескавицата од неговото паѓање ги стресов народите кога го фрлив главечки во Подземјето, со оние што слегоа во јамата! И во подземниот крај се утешија сите еденски дрва, најизбраните и најубавите во Ливан, сите што ја пиеја водата. Ова е од преводот на Д. Константинов Еве и од тој на МПЦ: 14 Тоа се стана, за да не се гордеа со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; оти сите тие ќе бидат предадени на смрт во пеколот заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб." 15 Вака вели Господ Бог: "Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната поради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него. 16 Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода; Овие стихови се со цел да ти укажам на тоа дека Шеолот е преведуван како јама, подземјето, гроб... Еве од американски превод на Библијата Тука не е сменет, останува Шеол. Битие (1 Moj.): 44:29 Ако и овој го одведете од мене, па му се случи некаква несреќа, ќе ја фрлите со тага мојата седа глава долу, во Шеолот (гроб).’ (If you take this one also from 1me, and harm befalls him, you will abring my gray hair down to Sheol in sorrow.’-еден превод, еве и друг:If you take this one from me too and harm comes to him, you will bring my gray head down to the grave in misery.') Многу е јасно дека пред Исус сите оделе во Шеолот. Мило ми е што се сложуваш. А кое толкување е мое? |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |