IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 21>
Автор
Порака Обратен редослед
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 16:29


Гласајте за јане да игра на олстар

http://allstar2009.ukrbl.com/east.htm
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 17:18

ФЕНИ ИНДУСТРИ  ДЕНЕСКА ВО БРАШОВ (16.30Ч), ГО ИГРА ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН МЕЧ ВО 2009 ГОДИНА

Нов "изглед", стари амбиции!

Што, како и колку сработиле во зимската пауза кошаркарите и стручниот штаб на Фени Индустри ќе "излезе на површина" денеска. И тоа во Брашов, со почеток од 16: 30 часот кога ќе стартува првиот официјален натпревар на македонскиот шампион во 2009 година.
И тоа како дел од Еврохолд БИБЛ лигата во која на "половина" кавадарчани го држат првото место во групата "А".
Романците, за кои оваа сезона игра и нашиот Енес Хаџибулиќ, треба да се првиот тест за моменталните можности на еден малку поинаков Фени Индустри.

Пред с$ затоа што кавадарчани влегуваат во новата година со малку изменет играчки состав, односно без Ѓорѓи Чековски и Дарко Соколов, кои решија да го заменат портокалово-белиот со дрес на други екипи.
Но и со некои нови лица како Марко Димитријевиќ, но и Влатко Неделков, односно Бранко Јанески.
"Можеби излегаме малку поинаку, но амбициите ни останаа исти"- вели Емил Рајковиќ во пресрет на дуелот во Брашов. "Не би се навраќал на она што било, туку на она што следува, а тоа е средбата со доста добриот романски состав. Имавме проблеми со нив и на средбата во Кавадарци. Но тогаш тоа беше еден уводен дел од сезоната. И сега е нешто слично бидејќи ова е за нас прв натпревар по подолгата пауза"- дополнува првиот тренер на кавадарчани.
Токму тој факт го прави домаќинот да е во некоја мала, но значајна предност?
"Сигурно е дека се пред нас во поглед на тој натпреварувачки ритам. Имаа помала играчка пауза, веќе се во ритам, ние допрва треба да го најдеме. Но, како и да е, можеби се во предност, но тоа не е пречка која не може да се совлада"- смета младиот стручњак на клупата на македонскиот првак.
Ефектот од првиот круг на натпреварите би требало да биде добра основа за уште подобри и порелаксирани игри на кавадарчани во последните три средби од првата фаза. Освен гостувањето во Брашов, Фени Индустри го чека уште едно тешко гостување во Вршац, кај Свисслион Таково, како и она во Варна против Черно Море.

Б. Радуловиќ

И Кол кажа "да"

Дивна Пешиќ, лицето одговорно за односи со јавноста на КК "Фени индустри", испрати информација во која се вели дека мак-шампионот го затворил играчкиот состав за оваа сезона.
Согласно со тоа симната е и последната дилема, онаа поврзана со останувањето на Доналд Кол во Кавадарци.
Раководството на клубот добило позитивен одговор и од вториот Американец во екипата, односно дека ќе остане до крајот на договорната обврска.

Деби на Димитријевиќ

Иако е малку време со екипата, за очекување е дека денеска своето деби во тимот од Кавадарци треба да го има и српскиот интернационалец Марко Димитријевиќ.
По заминувањето на Димитровски, а потоа и на Соколов, се отвора можност Димитријевиќ да добие сосема солидна минутажа, секако под услов да ги исполни сите барања на тренерот Рајковиќ.

22 часа малтретирање

Ни помалку ни повеќе туку цели 22 часа траело патешествието на кошаркарите и стручниот штаб на Фени Индустри до крајната цел - Брашов.
Момент кој може да има сериозна рефлексија пред денешниот натпревар, а кој ги тера кавадарчани да земат еден добар дел од денот за одмор и да одработат само еден тренинг во пресрет на премиерата во 2009 година.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 09:12
НБА лига, резултати

Изминатата ноќ одиграни се седум натпревари во НБА лигата, а потигнати се следниве резултати:

Орландо - Милвоки 108:101

Шарлот - Филаделфија 93:84

Мајами - Хјустон 98:107

Мемфис - Сан Антонио 81:94

Јута - Чикаго 100:101

Портланд - Сакраменто 91:90

Лос Анџелес Клиперс - Њу Орлеанс 87:99.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:26

На Визардс му годи новиот тренер

Вашингтон со новиот тренер Тепскот лесно мина со Голден стејт

Вашингтон триумфираше убедливо против Голден стејт вориорс со 124-100 во дебито на Ед Тепскот како тренер на Визардс. Претходниот меч на кој Тепскот бил главен тренер се одигра во 1993 година, кога тој го водеше тимот од младинската лига за кој играше неговата ќерка. - И тогаш победив, но ќерка ми се жалеше на малата минутажа - рече задоволниот Тепскот, кого играчите го споредуваат со новиот претседател на САД, Барак Обама. Карон Батлер, кој беше најефикасен поединец на средбата, рече оти Тепскот сака да донесе позитивни промени во тимот и оти им донел голема надеж, исто како Обама во својата земја. Визардс прекина низа од пет порази и сега има 2-10. Екипата од главниот град имаше свои сезонски рекорди по бројот на поени, скокови, асистенции и изнудени грешки од противникот. Лични или сезонски рекорди имаа тројца кошаркари на Вашингтон. Деби за Вориорс го имаше Џамал Крафорд, кој по само два тренинга му се приклучи на новиот тим. „Воините“ имаат три порази едноподруго.

ДРАМАТИЧНО ВО ОКЛАХОМА

Завчера најдраматично беше во Оклахома Сити, каде што Феникс со тесна победа му го расипа домашното деби на Скот Брукс како тренер на Тандер. Мет Барнс погоди клучна тројка на 25,7 секунди пред крајот. За Санс не настапи Шекил О’Нил, но по пет меча пауза се врати Леандру Барбоша, кој беше дома во Бразил поради смртта на мајка му. Домашните водеа со 12 разлика во последната четвртина, но и тоа не им беше доволно да го избегнат 14-тиот пораз сезонава. Во својот последен напад „громот“ имаше две шанси за победа, но Кевин Дјурант и Расел Вестбрук беа непрецизни. Кливленд лесно мина на гостувањето во Њујорк. Никс има уште две години да го убеди Леброн Џејмс дека може да биде екипа со шампионски амбиции. Овој клуб сака да го купи Џејмс кога ќе стане слободен и уште отсега почна да штеди за да испрати богата понуда за Леброн во 2010 година. Во минатата сезона Џејмс на трите дуели против Њујорк имаше просек од 42,3 поена по меч. Гостите водеа и со 34 разлика, а седум нивни играчи имаа двоцифрен број поени. Со 11-3, Кавалирс го има третиот резултат во лигата.

ЛЕЈКЕРС ПОБЕДУВА И БЕЗ КОБИ

Коби Брајант чуван од Винс Картер ја прикажа најслабата игра сезонава (12 поени), но ЛА Лејкерс триумфираше со 27 разлика. Слично нешто се случи на дебито на Пау Гасол во дресот на Лејкерс во февруари, кога „езерците“ исто така убедливо го совладаа Њу Џерси, а Коби ја имаше најслабата игра во сезоната. Гасол даде 26 поени, а воопшто не играше во последната четвртина. Со 12-1, Лејкерс е најуспешниот тим во лигата. Далас ја надигра Индијана за задоволство на тренерот Рик Карлајл, кој е експредводник на стручниот штаб на Пејсерс. Неиграњето на Џош Хауард не се почувствува многу кај Маверикс, благодарение на двајца кошаркари со име Џејсон: Тери и Кид. Тери даде 16 поени во последната четвртина, а Кид две тројки по ред во клучните моменти. Маверикс има пет победи во серија.

Резултати и најдобри поединци: Вашингтон - Голден Стејт 124-100 (Батлер 35 п., Џејмисон 25 п.,11ск., Блач 25 п.,12 ск. - Магети 17 п., Џексон 16 п.); Њујорк - Кливленд 101-119 (Ричардсон 22 п., Томас 16 п. - Џејмс 26 п., Вест 16 п.); Оклахома сити - Феникс 98-99 (Дјурант 29 п., Вилкокс 18 п. - Стадемаер 22 п., Неш 20 п.,15 ас.); Далас - Индијана 109-106 (Тери 29 п., Рајт и Новицки по 24 п. - Грејнџер 22 п., Марфи 21 п.,14 ск.); ЛА Лејкерс - Њу Џерси 120-93 (Гасол 26 п., Фармар 18 п. - Херис 21 п., Лопес 17 п.,10 ск.).

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:26

Ристе Стефанов извонреден против Уникс

Македонецот одигра одлично, но неговиот Академик изгуби


Ристе Стефанов најефикасен на мечот

Одличната игра на македонскиот кошаркарски репрезентативец Ристе Стефанов и илјадитиот поен на бугарскиот бек Тодор Стојков во Еврокупот (екс УЛЕБ куп) беа засенети со тројката на Марко Поповиќ на 0,7 секунди пред крајот со која рускиот Уникс Казан славеше на гостувањето во Софија против Лукоил Академик со 80-79. Тоа беше меч од првото коло во групата Б на Еврокупот. Стефанов беше најефикасен поединец со 18 поени, а одигра 24 минути. Пофалби за него искажа гостинскиот тренер Ацо Петровиќ, кој рече дека знаеле оти Стефанов е добар, но не очекувале толку добро издание. Ристе утна еден пенал со кој можеше да му донесе водство на Лукоил од 80-77 пред последниот напад на гостите. Во последните пет секунди топката ја зеде Хрватот Поповиќ и погоди тројка за победа. Соиграчот на Стефанов, Стојков, стана првиот играч во историјата на ова клупско натпреварување што постигнал 1.000 поени. Стојков е и прв асистент, тројкаш и по бројот на изведени и погодени слободни фрлања во историјата на Еврокупот.

Во групата А, Задар на свој терен го совлада Маруси со 87-79. Тодор Гечевски, кој е капитен на Задар, против грчкиот тим имаше 16 поени, 6 скока и три освоени топки за 37 минути. Полскиот тим Туров Згожелец на тренерскиот тандем Сашо Филиповски-Бобан Митев, постави рекорд по мал број примени поени. Германскиот Бросе Баскет во Бамберг на Туров му уфрли само 39 поени. Туров победи со 69-39 во меч од групата Ф.

Памеса немаше милост кон ФМП Железник, совладувајќи го со 83-58. Предраг Самарџиски со 11 поени и 8 скока за 23 минути беше една од ретките светли точки во поразената екипа. Нашиот центар беше втор стрелец и прв скокач кај ФМП. Италијанскиот Бенетон на тренерот Октај Махмути славеше во Истанбул на гостувањето кај Бешикташ со 77-72.

Антиќ убедлив

Во Еврочелинџ-купот почна фазата по групи. Локомотив Ростов, чиј член е Перо Антиќ, дома беше убедлив против украинскиот Сумихимпором со 99-72. Антиќ имаше 13 поени и 4 скока за 25 минути. Во вториот дуел од групата Ц, швајцарскиот Бенетон загуби дома од Шоле со 63-82. Олденбург ја порази Олимпија Лариса со 76-73 во меч на кој бекот Мирза к*ртовиќ не постигна поени, а собра два скока за 12 минути на паркетот.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 23:22
КОШАРКА - ЕВРОКУП
Гечевски стартуваше со победа

Задар славеше против Маруси со 87:79 во првото коло од групата А во новата сезона на Еврокупот (до лани познат како УЛЕБ). Македонскиот репрезентативец Тодор Гечевски одигра 38 минути за Задар и притоа оствари ефект од 16 поени, шест скокови, една асистенција и три украдени топки.
Лукоил Академик го загуби мечот со Уникс Казан во Софија со 79:80, со кош постигнат на 0,7 секунди пред звукот на сирената што означува крај. Ристе Стефанов, кој пред месец и половина ги оперираше ципите, се врати во форма и постигна 18 поени, еден скок и две украдени топки за 25 минути во дресот на Лукоил.
ФМП Железник доживеа тежок пораз од Памеса Валенсија со 58:83 во групата Г. Предраг Самарџиски реализираше 11 поени, осум скокови и една блокада за 24 минути игра за ФМП.
Бенетон Тревизо, на чија клупа седи македонскиот стручњак Октај Махмути, беше подобар од Бешикташ со 77:72.
РЕЗУЛТАТИ: А-група: Задар-Маруси 87:79, Роан-Рига 79:75; Б-група: Лукоил-Уникс 79:80, Баронс-Динамо М. 61:80; Ц-група: Химки-Ле Авр 79:55, Бешикташ-Бенетон 72:77; Д-група: Панелиниос-Арис 69:71, Хашарон-Турк Телеком 54:76; Е-група: Лиетувос Ритас-Асвел 95:74, Азовмаш-Гран Канарија 92:90; Ф-група: Брос баскет-Туров 39:69, Шарлроа-Црвена звезда 71:65; Г-група: Артланд-Фортитудо 87:78, Памеса-ФМП 83:58; Х-група: Нимбурк-Будуќност 75:70, Билбао-Хемофарм 78:67.

***

Антиќ триумфално во Еврочеленџ купот

Локомотив Ростов триумфално стартуваше во фазата по групи во Еврочеленџ купот на ФИБА Европа. Локомотив славеше дома против Сумкихипром со 99:72, а Перо Антиќ постигна 13 поени, четири скока и две асистенции за 25 минути во дресот на рускиот тим.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:48

АМАК СП ВЕЧЕРВА (20.30 ЧАСОТ) СО МИНУС 28 ГО ПРЕЧЕКУВА СИЛНИОТ СОСТАВ НА АЈФЕЛ ТАУЕРС

Враќање на самодовербата

*"Реално гледано да се стигне негатива од 28 поени не е ни малку лесно. Видовме дека Ајфел Тауерс има доста квалитетен состав, поголемо искуство и секако поголем буџет, што доволно кажува за каков противник станува збор", вели Лазовски

Ајфел Тауерс не е ни од блиску сличен на Златорог. Ова добро им е познато на охриѓани. Ако во првото квалификациско коло, поточно на реваншот, Амак СП требаше да анулира само шест поени негатива, вечерва момците на Марјан Лазовски ќе треба да направат многу повеќе.

Во "Билјанини извори" охриѓани ќе почнат да играат на "минус 28", а за да се најдат во наредната рунда од ФИБА Челенџ-купот ќе треба да завршат на плус 29.

Овој пат "езерџиите" добија многу потешка задача, добија многу потежок противник. Па за "топење" на големата негатива вечерва ќе им биде потребно повеќе од чудо, особено ако се земе квалитетот на тимот од Ден Бош, кој веќе со години е на европската сцена.


Иако охриѓани освен домашниот терен немаат ниту една друга карта на нивна страна, сепак, нема предвреме да го дигнат белото знаме.

"Реално гледано да се стигне негатива од 28 поени не е ни малку лесно. Видовме дека Ајфел Тауерс има доста квалитетен состав, поголеми искуство и секако поголем буџет, што доволно кажува за каков противник станува збор. Ова, пак, не значи дека нема да играме и да го пружиме максимумот. Ќе ја искористиме секоја пружена шанса за победа", вели стратегот на Амак СП, Марјан Лазовски, кој во моментов најголемиот проблем го има под обрачите каде дефинитивно недостасува класичен центар.

Негативата од 28 поени и квалитетен противник...

"Како што реков, треба да се биде реален. Ние ќе одиме на победа, но негативата е голема, само со чудо би можело да ја стопиме предноста на противникот. Како и да заврши натпреварот, мислам дека ние како единствен македонски претставник во ФИБА Евро-Челенџ купот одлично се претставивме. Ова е само прва година и многу важно искуство за нас. Сепак, анализите за нашите резултати на европската сцена ќе ги реализираме кога ќе одиграме реваншот", додаде во продолжение најдобриот тренер за изминатата година.

Амак СП еднаш направи чудо, кога веќе "отпишан" се врати во игра. Зошто и покрај тоа што е далеку од реалноста чудото не се повтори, а среќата не биде на страна на охриѓани.

М. Ковачева

Фрај се уште "кревок"

Марјан Лазовски и на оваа средба нема да може 100% да смета на услугите на Џарид Фрај. Американецот и понатаму чувствува болки под зглобот, иако снимките покажаа дека не се работи за сериозна повреда.

"Имаме с$ уште проблеми со Фрај. Тој не е целосно заздравен. Не сакам да ризикувам, Фрај може да одигра максимум од 10-15 минути, што е голем хедикеп за нас", ни потврди искусниот стратег, кој мора да мисли и на домашното првенство.

20.30:  АМАК СП - АЈФЕЛ ТАУЕРС

Сала: "Билјанини Извори" во Охрид.

Судии: Јерсан (Словенија) - Боднам (Унгарија) - Нуран (Туриција)

Делегат: Орчевиќ (Србија)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 13:47
http://www.fibaeurope.com/draws/animation.htm

Na Evropsko vo polska 2009 sme so grcka, hrvatska i izrale vo grupa...

lelele so grcka

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 00:01
Партизан-Некој си од Италија не му го запамтив името беше со некој бренд на фармерки

81-76 за Партизан,а тој итаљанскиот тим водеше 23 поени на полувреме.


НАПРЕД ПАРТИЗАН!
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 11:06

Интервју во Те амодерна на Маријан Стојовски меѓународен судија во макеодонска лига.

 

 

http://i35.tinypic.com/zjh1jt.jpg

 

http://i33.tinypic.com/2cgf8j.jpg

 
 
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 01:01

Работнички - МЗТ вчера изиграа само прво полувреме интересно но причината за тоа беше што навивачите на МЗТ не беа пуштени во сала бидејќи биле во голем број. еве слики.

 
 

 

 

 

 


Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 14:36

интервју на антич за списанието Теа модерна

 

 

http://i36.tinypic.com/33cucdx.jpg

 

http://i37.tinypic.com/s5eatc.jpg

 
 


Изменето од ZOTE - 01.Октомври.2008 во 14:37
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 12:48

слики од уткамицата македонија - естонија

http://vecer.com.mk/galerii/kosarka/index.html

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 18:16
Македонија е на Евробаскет 2009!

МАКЕДОНИЈА - ЕСТОНИЈА 87:75
(32-14; 19-13; 17-27; 19-21)

Сала "Борис Трајковски" - Скопје. Гледачи: 6.500. Судии: Шутуловиќ (Црна Гора) - Мастрафцис (Грција) - Механџиев (Бугарија). Делегат: Акасоглу (Грција)


Sudiite namerno od grcija sigurno ni gi stavlie za da ispadneme moze ali se zaebale!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,937 секунди.