Испечати | Затвори го прозорот

КОШАРКА - новости

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14079
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 16:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: КОШАРКА - новости
Постирано од: La Ninja
Наслов: КОШАРКА - новости
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 16:48
Аренас заминува од Вашингтон

Екипата на Вашингтон визардс летово ќе остане без својот најдобар кошаркар, Гилберт Аренас.
Одличниот поентер реши да не ја одработи последната година од договорот со Вашингтон, користејќи го правилото во НБА-лигата дека може да замине во друг клуб доколку му бидат понудени подобри финансиски услови.
Аренас ќе може да преговара со заинтересираните клубови почнувајќи од 1 јули, а според првичните информации, најзаинтересирани за услугите на овој олстар-кошаркар се челниците на Њујорк никс и на Сакраменто кингс.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 16:51
Заре Марковски се враќа во Авелино

Македонскиот кошаркарски стручњак Заре Марковски, најверојатно, ќе биде новиот тренер на Авелино, кое сезоната што измина ја заврши на третото место во италијанското првенство. Тој беше без работа откако лани во ноември, по само две кола во Евролигата, беше отпуштен од Армани џинс Милано, со кое имаше потпишано двегодишен договор.
Бившиот македонски селектор ќе се врати во Ер Авелино по барање на првите луѓе на клубот, кои добро ги познаваат неговите квалитети. Марковски беше тренер на Авелино две години и му донесе опстанок и влез во плеј-офот, а своите најголеми успеси во Италија ги постигна со Виртус Болоња, со која се пласираше во финалето на плеј-офот и на италијанскиот куп, како и на Фајнл-форот на ФИБА Еврокупот.
Тој беше тренер и на Орка Кавадарци, Дарушафака (Турција), Лугано (Швајцарија), Сасари и на Трентина (Италија).


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 00:43

ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ФОРМИРААТ СТРУЧНИТЕ ШТАБОВИ НА МЛАДИНСКИТЕ СЕЛЕКЦИИ

Милевски со кадетите, Рајковиќ со младинците

Панче Милевски за селектор на репрезентацијата "под 16" години, а Емил Рајковиќ на онаа "под 20" години е предлогот на Стручниот совет на КФМ кој денеска (17 часот) ќе се најде пред членовите на УО на КФМ, а е поврзан со именувањето на селектори во овие две возрасни категории.

И ако за Рајковиќ беше познато од поодамна дека ќе биде "преселен" кај младинците, помалку изненадувачки доаѓа информацијата дека токму Милевски ќе ја добие довербата на стручњаците да работи со кадетската селекција која летово ја чека настап на ЕП од Дивизијата "Б" во Сараево.

Иако претходно се дигна преголема тензија, особено околу најавата за вклучување во работата со младите категории на тренери од странство, од тоа нема да има ништо.

Во работата на Рајковиќ и тоа со селекцијата која ја чека ЕП од Дивизијата "Б" (се игра во романскиот Тургу Муреш) во улога на асистент ќе се најде Слободан Петровски, кој "веќе беше виден" како селектор на селекцијата "под 16" години.

Од друга страна, како прв помошник на Милевски се очекува да биде предложен Бојан Христовски, кој со екипата на Плејмејкер-Центар го освои првото место на завршниот турнир во кадетска конк*ренција.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 00:44

ЈОВИЦА АРСИЌ ГО ОБЈАСНИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Мејси го менува Стак

Селекторот вметна неколку нови имиња, од помладата гарда тука се Костоски, Стојановски, од оние поискусните на списокот фигурираат Блажевски, Самарџиев... Го нема аврамовски, се враќа и Чековски... Отпадна Рајан Стак, Вилкинсон и Вашингтон остануваат во комбинација...

Помалку или повеќе на старите и пред с$ добро познати и проверени сили ќе се потпре селекторот на сениорската репрезентација, Јовица Арсиќ, во новиот обид да се обезбеди пласман во завршницата на ЕП кое во 2009 година ќе се одржи во Полска.

Малку порано од најавите селекторот на нашиот национален тим излезе со предлог-листата на 24 кошаркари кои ќе бидат пријавени во ФИБА- Европа, а на кои ќе може да смета на есенските квалификациски натпревари за пласман на Евробаскетот.

Без некои поголеми измени е и списокот на Арсиќ, како во поглед на онаа "домашна" така и "надворешната", односно играчи кои играат надвор од Македонија, како и на "легијата на странци".

Сега е веќе извесно дека Рајан Стак е само едно добро минато за нашиот национален тим. Русокосиот Американец е изоставен од списокот, што значи дека дефинитивно ќе ги прескокне овие квалификации.

Но затоа, пак, Арсиќ ги остави на списокот тројцата останати Американци со македонски пасош кои ги предводи Мајкл Вилкинсон, како и новопечените Македонци, како Џеремаја Мејси и неговиот, сега веќе бивш соиграч од солунски Арис, Дариус Вашингтон.

Она што е особено видливо е фактот дека селекторот во своите замисли има и неколку млади имиња, како Александар Костоски и Војдан Стојановски, носителите на играта во младинската репрезентација.

Но, освен тоа има и дополнителна доза на искуство отсликано во повикот, или поточно кажано, номинацијата за Перо Блажевски, но и за Горан Самарџиев кои се враќаат на списокот, макар истиот бил во поопширна форма, на кој го нема Синиша Аврамовски. Затоа пак е вратен и Ѓорѓи Чековски, кој ги пропушти минатите квалификациски битки за Шпанија.

Македонија е во "Б" квалификациската група за ЕП 2009 година, во која се уште и селекциите на Португалија, Летонија и Естонија.

Првопласираната селекција обезбедува директен пласман на ЕП во Полска, онаа пак која ќе заврши на второто место ќе може да се надева на пат за Полска, како една од трите најдобри кои ќе ги завршат квалификациите на оваа позиција.

Според некои првични најави, стартот на подготовките е предвиден за 3 август, а еден месец подоцна, значи на 3 септември ги почнуваме квалификациите во дуелот на гостински терен против Летонија.



Списокот на Арсиќ

Предраг Самарџиски (ФМП), Тодор Гечевски (Задар), Џеремаја Мејси (Реал Мадрид), Перо Антиќ (Лукоил Академик), Златко Гоцевски (Фени Индустри), Перо Блажевски (Вардар), Марјан Ѓуров (Фени Индустри), Диме Тасовски (Струмица), Ристе Стефанов (Лукоил А.), Дарко Соколов (Струмица), Војдан Стојановски (АМАК-СП), Горан Самарџиев (Фени Индустри), Врбица Стефанов (Менорка), Владо Илиевски (Монтепаски), Димитар Мираковски (Фершпед Р.), Огнен Стојановски (Фершпед Р.), Јане Петровски (МЗТ ФОН Универзитет), Ефтим Богоев (Струмица), Дариус Вашингтон (Арис), Мајкл Вилкинсон (Химки), Ѓорѓи Чековски (Черкаски Мавпи), Тони Грнчаров (Струмица), Александар Димитровски (Фени Индустри), Александар Костоски (Гравелин).



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 18:38
Гечевски останува во Задар

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DD2DFE16622E56459524E09CDE3233AD - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DD2DFE16622E56459524E09CDE3233AD

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:38

ИАКО ПРЕОДНИОТ РОК ПОЧНА, ПРВОЛИГАШИТЕ НЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА КОТИЗАЦИЈА

Тест за сериозноста и принципите на прволигашите

Најдоцна до среда, односно до пред почетокот на седницата на Здружението прволигашките екипи ќе мора да уплатат по 262.730 денари (во случај лигата да брои 10), односно по 284.440 денари (ако лигата брои 12 клуба).

Каков ќе биде изгледот, или следното издание на Првата лига најверојатно одговорот ќе го добиеме по одржувањето на итната седница на Здружението на прволигашите закажана за 18 јуни (среда) во 13 часот.

Поттикнати со идејата на Управниот одбор на КФМ да ја прошири елитната дивизија од 10 на 12 клуба, претставниците на прволигашките екипи ќе треба да дискутираат за ова и тоа како сериозно прашање околу експанзијата на лигата за уште два члена, од Велес и од Прилеп.

За потсетување, препорака на УО на КФМ беше за ова важно прашање да се "консултира" и Здружението, а не само по секоја цена да се бараат некои (пре) високи суми за добивање на т.н. "вајлд-карти".

Но, пред да ја почнат седницата (се очекува и присуството на претседателот на КФМ, Даниел Димевски), по која ќе биде појасно дали ќе дојде до "проширување" на лигата, прволигашите ќе треба да решат уште еден, финансиски проблем.

Поточно, да си ги регулираат трошоците за учество за следното издание на Првата лига.

Согласно со договорот, на седницата на Здружението одржана пред неколку месеци во Кавадарци, своите финансиски обврски спрема канцеларијата на КФМ, треба (ше) да ги реализираат пред почетокот на преодниот рок, кој, како што е познато, почна в недела, на 15 јуни.

Според најавите, истото ќе треба да го сторат најдоцна до 18 јуни (среда), до почетокот на седницата.

А според калкулациите на лигата, секоја прволигашка екипа ќе треба да уплати по точно 262.730 денари, доколку лигата брои 10 клуба, односно по 284.440 денари, во случај таа да биде зголемена на 12 клуба.

Тоа е всушност првиот дел од котизацијата. Втората уплата треба да следи пред почетокот на вториот преоден рок, и изнесува 95.000 денари за Супер-лигата, односно 57.000 денари за екипите кои ќе играат во плеј-аут лигата. Исто толквата е сумата ако лигата брои 12 клуба.

Со еден збор, сега на испит доаѓа сериозноста и принципите според кои работат нашите прволигашки екипи, кои & се спротивставија на идејата за експанзија на лигата со уште два клуба.

Тоа и го наведоа во своето барања, кога за "сериозноста" на новаците во ова друштво побараа гаранции во вид на 30.000 евра.

Аргумент кој не е по желба на апликантите за влез во Првата лига, односно екипите на Овче Поле од Свети Николе и на Ултимејт Баскет од Прилеп.


Ве молиме, без испаѓање!!!

Не така одамна Здружението на Првата лига (одржано во Кавадарци, за време на ждрепката за "фајнал-ејт" турнирот од Купот на Македонија) донесе одлука во следната сезона Првата лига да биде проширена на 10 клуба.

Истовремено беше побарано од УО на КФМ да нема испаѓање од лигата, односно да не се играат оние бараж-натпревари (кои на крајот и не се одиграа). Како што тогаш беше кажано, с$ со една цел, да им се даде поголема шанса на помладите играчи.

Сега, сосема контрадикторно барање од последното, кога на неформалниот состанок на прволигашите било одлучено "влезот" на уште две екипи да вреди дополнителни 30.000 евра.

Каква ќе биде Втората лига?

Недоразбирањата на реалцијата УО на КФМ, со Здружението на првата лига, прават проблеми при формирање на Втората лига.

Токму поради двете екипи кои сакаат да "платат" и да играат во елитата, а едната од нив заврши како третопласирана во ланското издание на Втората лига (или по ново прва Б лига).

Трошковникот во една варијанта предвидел учество на 10 клуба, и во тој случај котизацијата за настап би била 125.280 денари.

Во другата, онаа со 12 клуба, како прв дел од котизацијата клубовите ќе треба да платат по 139.400 денари.

Плус уште 50.000 денари како втор дел, и тоа пред вториот преоден рок (30.000 за екипи кои ќе играат во Втората плеј-аут лига).

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:39

СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА СЕЛЕКЦИЈАТА "ПОД 20" ГОДИНИ

Прва проверка - физичката подготовка

Можеби со мало задоцнување, но, сепак, првиот ден од оваа недела го означи и почетокот на подготовките на нашата национална селекција на играчи "под 20" години.

Селекторот Емил Рајковиќ и неговиот асистент Слободан Петровски на првата прозивка во салата "Јане Сандански" ги дочекаа најголемиот број од повиканите кандидати за оваа наша селекција (играчи родени 1988 година и помлади).

Од нив отсуствуваа, и тоа оправдано, Александар Костоски, Петар Апцев, Димитар Петрушев и Владимир Брчков.

"Очекуваме многу брзо и тие да ни се приклучат во оваа прва фаза од подготовките. Како ќе се одвива, ќе зависи од моменталната физичка подготовка на поединците" - појаснува селекторот.

Ова треба да значи дека првите неколку тренинзи ќе бидат и тест за "физичката слика", со кој ќе раководи Томче Андоновски, кој ќе биде дел од стручниот штаб .

"Нормално е прво да направиме една ваква проверка на способностите на играчите. Овие неколку уводни тренинзи ќе бидат посветени токму на тој план. Ќе ни помага и Андоновски од кој очекуваме да ни даде реална слика за можностите. Доколку проценките се задоволителни, можеме да тргнеме во втората фаза. Ако биде обратно, тоа ќе значи дека првиот дел ќе го потрошиме токму на физичката подготовка на играчите"- објаснува Рајковиќ.

Иако првичниот список застана на бројката од 18 кандидати, извесно е дека истиот ќе доживее мали промени, односно ќе биде проширен на бројката од 20 играчи колку што ќе конк*рираат за она што ја чека оваа селекција во текот на ова лето. Настапот на ЕП од Дивизијата "Б" кое во текот на август ќе се одржи во романскиот Тургу Муреш.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:39

ВАРДАР ОСТАНУВА И БЕЗ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ

Се бара замена за Милевски

Нови главоболки за управата на Вардар. Тимот од "Кале" не само што ќе треба да го формира новиот играчки состав, туку сега ќе треба да го реши и прашањето на тренерската позиција.

"Македонски спорт" дознава дека шефот на стручниот штаб, Панче Милевски од пред неколку дена повеќе не е со првиот состав на "вардарците".

Иако Милевски нема да биде прв тренер на Вардар, сепак, соработката со нив ќе продолжи. Најверојатно амбиците на клубот се поголеми, па на местото младиот стратег ќе застане странско лице.

Што се однесува до Милевски, тој ќе продолжи да работи само со младите категории на "вардарците", но и ќе биде целосно посветен на обврските односно подготовките со селекцијата "под 16"години.

За потсетување Милевски беше прогласен за најдобар млад тренер за изминатата година, а на кормилото на Вардар како прв тренер застана пред започнувањето на финалниот турнир од Купот на Македонија, како наследник на неговиот поискусен колега Тихо Матевски.

Инаку, по Перо Блажевски младиот тренер е второ име кое за многу краток период го напушти најсилниот состав на Вардар, кој ја имаше најслабата сезона од последните неколку.

Тимот од "Кале" не успеа да се избори за разигрувањето во плеј-офот, а во Купот на Македонија каде требаше да ја одбрани минатогодишната титула беше елиминиран уште во четвртфиналето.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:40

САШО ФИЛИПОВСКИ ИМ ГИ ДОСТАВИ БАРАЊАТА НА ЧЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ЗА НЕГОВОТО ОСТАНУВАЊЕ ВО ПГЕ ТУРОВ:

Поволни услови за Евролигата

*Целата локална власт во Згожелец лобира за нашиот стручњак да остане со "биковите"

ПГЕ Туров можно е да остане без нашите стручњаци Сашо Филиповски и Боби Митев. Ова веста која овие денови постојано кружи во полските медиуми.

За Филиповски, кој во моментов е во Словенија, да го продолжи договорот со ПГЕ Труов управата на клубот ќе треба да го исполни неговото барање. Само добри услови за работа ќе го предомислат "кормиларот" да се врати во Згожелец.

Причината поради која Филиповски и Митев поставиле нови услови е Евролигата каде од наредната сезона дел ќе биде ПГЕ Туров.

Она што е доста интересно е тоа што целата локална власт во Згожелец лобира за "биковите" и понатаму да бидат под палката на тренерскиот тандем кој стигна до плеј-оф финалето.

"За Филиповски с$ уште не се знае кого ќе тренира наредната сезона. Иако тој во моментов е во Словенија, сепак, е во постојан контакт со претседателот на клубот. Само доколку добие поволни услови од клубот кој ќе биде дел од Евролигата ќе го задржат Филиповски во Згожелец. За неговото останување лобира целата локална власт и сите се подготвени по секоја цена тој да го продолжи договорот" - вака пишуваат полските медиуми.

Судбината на нашите стручњаци ќе биде позната кон крајот на неделата. Доколку Филиповски замине, автоматски си оди и неговиот асистент Боби Митев.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:41

УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ СТРУЧЊАК ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ВРВНА ТРЕНЕРСКА КЛИНИКА

Марковски ќе предава во Кушадаси

Од 20 до 22 овој месец Кушадаси ќе биде зборно место на познати тренерски имиња.

Имено, во овој турски град ќе се одржи дводневна тренерска клиника во која во улога на предавач ќе биде поранешниот селектор на нашата најдобра репрезентација, Заре Марковски.

Покрај нашиот стручњак предавачи во ова познато туристичко место во Турција ќе бидат и Светислав Пешиќ, потоа екс-селекторот на Нов Зеланд, Таб Болдвин, како и турските тренери Мурат Озијер, Чејун Јилдизоглу и Четин Јилмаз, но и еволигашкиот судија Реџеп Анкарали и проф. д-р Јашар Севим и д-р Ѓокан Метин.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:42
ЗА МАЛКУ УШТЕ ЕДЕН "КАМ-БЕК" НА СЕЛТИКС ВО "СТЕЈПЛС ЦЕНТАРОТ" ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Лејкерси се "живи", серијата назад во Бостон

А Лејкерс - Бостон Селтикс 103:98 (2-3)

(39-22; 16-30; 24-18; 24-18)

ЛА ЛЕЈКЕРС:
Брајант 25 (7ск,4ас), Одом 20 (11ск,2ас), Гасол 19 (13ск,6ас), Фишер 15 (2ск,2ас), Фармар 11 (1ск,1ас), Радмановиќ 7 (5ск,2ас), Вујачиќ 4 (1ск), Волтон 2 (2ас), Мим, Туриаф, Ариза, Њубл;

БОСТОН СЕЛТИКС: Пирс 38 (6ск,8ас), Р. Ален 16 (2ск,2ас), Гарнет 13 (14ск), Кесел 9 (1ск,2ас), Хаус 6 (1ск,2ас), Т. Ален 6 (1ас), П.Џ. Браун 4 (3ск), Поуси 3 (6ск,2ас), Рондо 3 (2ск,3ас), Поу, Дејвис, Скалабрини;

Шампањското во чест на Бостон Селтикс не беше отворено во Стејплс Центарот. Дружината од Лос Анѓелес не им го дозволи, не им го даде тоа задоволство на "келтите" бидејќи во натпреварот број 5 Лејкерс победија со 103:98 и намалија на 3-2 во серијата која сега ја преселија во Бостон.

Сега Селтикс ќе мора да ја довршат работата во својот Банкнорт Гарден во Бостон.

Лејкерси не блескаа, но со еден тимски напор во кој Коби Брајант доби максимална поддршка, овој пат од неколку играчи, стигнаа до целта, серијата да ја продолжат, со тоа и надежта дека можат до невозможното.

Коби не одигра спектакуларно, освен ако не се земат предвид оние 12 минути од првата четвртина во кои постигна 15 од крајните 25 поени.

"Не можевме и не смеевме да допуштиме во нашата сала да се отвори победничкото шампањско за противниците"- рече Ламар Одом, секако еден од најдобрите играчи во составот на Фил Џексон на овој дуел. " Не беше лесно, но не ни очекувавме да биде така"- дополни еден од клучните играчи за победата број 2 на ЛА Лејкерс.

Оваа ситуација неодоливо наликуваше на онаа претходната кога "езеџиите" сами себе се "потопија".

Овој пат имаа плус 19 уште во првата фаза од играта, но дозволија Бостон целосно да се врати во мечот. На крајот ниту извонредниот Пол Пирс, кој постигна рекордни во ова финале 38 поени, не можеше да ја заврши серијата, па сега ќе мора да го стори тоа пред своите навивачи во Бостон.

"Сакавме да се вратиме дома како шампиони, но сега уште мораме да играме за таа титула"- изјави тренерот на Селтикс, Док Риверс. "Целата сезона напорно работевме да го заработиме тоа право да ги играме последните два натпревари на својот паркет. Бидејќи ни треба само уште една победа до титулата, не е нималку лошо што ќе имаме две шанси да ја зграбиме токму дома"- дополнува Риверс.

Коби Брајант беше доста "мирен", особено во моментите во кои досега не беше таков. Беше најефикасен, освен тоа имаше и седум скокови, четири асистенции и пет украдени топки, но и проблеми со "личните" како и шест загубени топки.

Но и еден "таков" Коби беше важен во моментите кога "се кршеше" натпреварот. Кога одигра неколку добри одбрани врз Пирс, и тоа во миговите кога гостите стигнаа до изедначување и шанса да "свртат" целосно.

И "клупата" на Лејкерси, толку оспорувана во однос на противничката, беше на нивото на задачата.

Сепак, најголемите заслуги одат кај центарскиот тандем Гасол-Одом, и двајцата со дабл-дабл ефект. Одом со 20 поени и 11 скокови, додека, пак, Шпанецот на 19 поени придодаде и изворедни 13 скока, со кои во целост делуваше рамноправно, дури и подобро во дуелите со Кевин Гарнет.

И КГ дојде до двоен ефект, но помал од Гасол (13 поени и 14 скока), но и три нереализирани слободни фрлања во финишот кој можеше да заврши и подобро и за него и за Селтикс.

А една од причините за крајниот резултат е и во тоа што освен нив само уште третиот член на "големото трио", Реј Ален, беше "двоцифрен".

Поточно првиот шутер на Бостон заврши со 16 поени и по два скока и исто толку асистенции.

Брајант почна фантастично, со четири тројки во првите осум минути за водство од 25-15 за Лејкерс, кое по поените на Радмановиќ беше покачено на 29-15 , за првиот период заврши со извонредни 39-22 за домашната екипа и дури 15 поени на контото на Коби.

А кога Вујачиќ погоди уште еднаш за 41-22, мислите веќе беа кон источниот брег и следниот дуел на великаните.

Но, "келтите" не мислеа на предавање, следуваше уште едно големо враќање на Бостон Селтикс и во овој меч.

По шесте празни минути на "езерџиите" Пирс го донесе гостинот на -4 (43:39), пред Одом да ја прекине таа црна серија.

Два разлика беше и на 1:14 минути пред крајот кога Пирс погоди за 95-97. А кога Фишер не погоди, токму Пирс се претвори во трагичар. Загуби една топка на водење, која Брајант ја стави со "забивање" за 99-95.

Но и тука, во Бостон не беше "мртво". Откако Коби беше делумен од линијата за слободни фрлања, на 14 секунди пред крајот беше само 101-98 откако Еди Хаус погоди од аголот "за три", а потоа беше блиску да им ја украде топката на Брајант и Фишер, кој беше фаулиран.

Искусниот бек не ја повтори истата грешка, ги реализираше двата "пенала", а потоа го искористи недоразбирањето на "келтите" и ја освои последната топка значајна победа број 2 во ова големо финале.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:43

РАЈАН РОНДО ПОВТОРНО СО СКРОМНА МИНУТАЖА

Не е во прашање повредата, туку...

Рајан Рондо повторно доби скромна минутажа од шефот на стручниот штаб на Бостон, Док Риверс. Иако не станува збор за повреда, сепак, с$ поизвесно е дека не му помога доволно на својот тим.

Ова е дел од пораката на Риверс, кој на последниот натпревар на Рондо му дозоволи да одигра само 14 минути.

"Во овој момент Рондо не игра најдобро. Иако е тоа така, ние с$ уште веруваме во него. Неговата работа е да го чува Коби, но топката повторно доаѓа во неговите раце. Од него се бара агресивна игра на топката" - изјавил Риверс.

На последната средба Рондо имаше очајни 1/7 за три поени. Иако на третата средба тој го повреди зглобот и не испушти многу средби, сепак, според многумина повредата не е проблемот.

"Тој е добар. Ова е за него втора година и никогаш нема да престанам да верувам во него. Знам дека е под голем притисок. Нема да се откажам од него, ќе продолжам да работам со него. Но овој момент тој не игра како што знае, како и да е ние веруваме во него" - завршил шефот на стручниот штаб на Бостон.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:43

ЦЕНТАРСКИОТ ТАНДЕМ НА ЛЕЈКЕРСИ РАБОТЕШЕ ОДЛИЧНО

Гасол и Одом ја завршија работата

Ламар Одом и Пау Гасол се чини дека ги оставија зад себе разочарувачките игри во оваа финална серија против Бостон Селтикс.

Му помогнаа на Коби Брајант онака како што тоа треба да го прават на секој натпревар.

"Големите" на Лејкерси го надополнија слабото офанзивно издание на Коби особено во второто полувреме, собраа 39. поени и уште 24. скока, како и 6. асистенции.

"Се видов себеси и знам како одиграв на последниот натпревар. Знам дека не бев доволно добар во последната четвртина. Затоа сакав само да останам фокусиран и да играм до крајот на натпреварот"- кажа Одом по вториот триумф во серијата.

Тој го имаше можеби и пресудното додавање (до Брајант) во финалната минута од играта по кое на 37.4 секунди пред крајот, Лејкерси покачија на плус 4 (99-95).

Веќе во следниот напад на Бостон, ја собра одбиената топка по нереализираниот удар на Кевин Гарнет.

"Дефинитивно Ламар заврши голема работа вечерва. Добивме доста нови нешта од него, делувавме доста заеднички и тоа се покажа на крајот" - фалеше и Брајант

Гасол имаше 10. поени и 6. скока во второто полувреме.

"Мораше да дадеме се од себе да го направиме последниот напор и да го покачиме интензитетот на агресивност вечерва за да се вратиме од она што ни се случи пред неколку дена. Мислам дека и дефинитивно оваа победа ни помогна да ја набилдаме нашата самодоверба, да ја вратиме назад"- дополни шпанскиот интернационалец."Игравме добро. Можеби не најдобро како што знаеме, но игравме со сето свое срце".

Впрочем трите скока повеќе на салдото на Лејкерси во овојнатпревар (40-37), доволно говорат за играта на високите момчиња на Фил Џексон.

"И двајцата завршија голема работа посебно околу скоковите. Пау беше агресивен, имаше неколку добри игри под кошот, Ламар беше полн со енергија, тоа го покажаа токму вечерва"- се надоврза и Фил Џексон за играта на својот тандем, кој патем кажано имаше и одлична реализација, Одом 8 од 10 од оле, додека Гасол погоди 6 од 10 шута во рекетот.

Сега Лејкерси ќе мора да ги добијат и следните две средби од финалето за да бидат шампиони. Но Бостон има 12-1 во доигрувањето за титулата пред своите гледачи.

"Ќе биде супер тешко за да дојдеме до тоа"- смета Гасол. " Сакаме да дадеме се од себе за да дојдеме до тој седми натпревар. Ќе видиме колку ќе бидеме способни за игра во 48. минути во Бостон. Секако нема да биде лесно. Но ние сме полни со самодоверба и треба да го направиме тоа"- вели на крајот Гасол.

Ниту еден од вкупно 28. тимови во НБА не станале шампиони откако губеле со 1-3 во финалето на плеј-офот.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 18:54
Самарџиски тренираше пред скаутите на Вашингтон

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски завчера беше дел од тренинг-сесијата на Вашингтон визардс, една од многуте што се одржуваат во САД во пресрет на НБА-драфтот, кој ќе се одржи на 26 јуни во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
Информацијата за неговото присуство на тренингот во „Верзон центарот“ ја пренесе дури и реномираниот „Вашингтон пост“. Високиот центар годинава е пријавен за драфтот, а последните најави се дека тој би можел да биде избран пред крајот на втората рунда.
Самарџиски од пред неколку дена се наоѓа во САД, каде што планира да одработи неколку тренинг-сесии пред скаутите на НБА-лигашите. Прв во серијата тренинзи беше тој во Вашингтон, каде што Македонецот се прикажа во одлично светло. Покрај него на овој минитренинг-камп пред луѓето од Вашингтон тренираа уште и Американците Фоларин Кембл (Џорџ Мејсон колеџ), Девон Хардин (Калифорнија), Мартин Ити (Њу Мексико стејт), Саша Каун (Канзас) и Крис Лофотн од Тенеси универзитетот.
Македонскиот кошаркар е сместен во Њујорк, каде што се и сите случувања поврзани со драфтот. Самарџиски очекува најважната тренинг-сесија да се случи викендов кога во Њујорк треба да се појават претставници на речиси десетина НБА-екипи што делумно се заинтересирани за него.
„Нова Македонија“ неодамна објави дека за драфтување на Самарџиски сериозно размислуваат луѓето во гигантот ЛА лејкерси, кои во него гледаат шанса за минимален ризик и евентуално мали пари да добијат играч од типот на легендарниот Владе Дивац.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:12

НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА (13 ЧАСОТ) ПРВОЛИГАШИТЕ ЌЕ ГО БРАНАТ СВОЈОТ СТАВ

Лигата може да ја "шири" само Управниот одбор

Здружението ќе инсистира, доколку УО на КФМ веќе инсистира, двете нови екипи во Првата лига да платат по 30.000 евра за "влез".

Нема напредок во "преговорите" на релација Здружение на Прва лига- КФМ. Едните сакаат, другите се чини немаат намера да го променат цврстиот став, да нема нови промени на прволигашката мапа, односно проширување на Првата лига за уште две заинтересирани екипи - клубови.

И на ден пред одржувањето на итната седница на Здружението нема промени на ставовите на поголем број од прволигашките екипи, лигата да брои 10 екипи.

"Нашиот став е јасен, Првата лига во наредната натпреварувачка сезона генерално да брои 10 екипи, пред с$ од аспект на задржување на квалитетот на лигата и натпреварите"- велат поголем дел од претставниците на клубовите кои ја потпишаа своевидната петиција за задржување на овој статус на лигата.

Свесни се во Здружението дека пред себе го имаат ставот на УО на КФМ, кој вели дека треба да им се дозволи влез на двата апликанти, во овој случај екипите на Овче Поле и на Ултимејт Баскет од Прилеп.

Затоа и излегоа со свое размислување за актуелната ситуација.

"Ако веќе УО на КФМ реши да прошири лигата, и тоа од 10 на 12 екипи, во тој случај ние како Здружение имаме право на една ваква реакција. Па ние веќе дадовме една дозвола, токму на седницата во Кавадарци кога дозволивме лигата од осум да брои десет екипи во натпреварувачката сезона 2008/2009 година. И сметаме дека тоа е веќе голема отстапка.

Друга работа, како на тоа ќе реагираат клубовите кои по регуларен пат дојдоа до својот прволигашки статус? Сигурно е дека и Торус и Поп Спорт како нови членои на Првата лига потрошиле многу повеќе од оние 10.000 евра кои сега стануваат 'гаранција' за влез во Првата лига. Лошо е ако сето ова стане практика, а сето ова води кон тоа" - дополнуваат од Здружението на прволигашите.

Како и да е, денешната седница на Здружението, закажана за 13 часот (во просториите на КФМ) би требало да даде каква-така завршница на оваа нималку очекувана ситуација.

Секој со свои предлози, идеи, желби. Затоа ќе биде тешко да се дојде до некој концензус на кој инсистираше претставникот-апликантот од Прилеп.

Дали "слогата" ќе ги сочува клубовите или, пак, ќе преовладее мислењето кошарката да се шири и во други градови во Македонија, останува отворено прашање, можеби и се надеваме дека ќе биде затворено уште денеска.

Б. Радуловиќ

Денеска, "дедлајн" за котизацијата

Согласно со претходно договореното, денешниот ден е означен како последен кога клубовите членови на Здружението на Првата лига треба да ја уплатат првата рата од задолжителната Котизација за следната натпреварувачка сезона.

Според пресметките на канцеларијата на Првата лига, доколку лигата остане на 10 екипи, секоја од нив ќе треба да уплати по 262.730 денари.

Доколку, пак, дојде до проширување, таа сума би била поголема, поточно би изнесувала 284.440 денари.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:13

СЛЕДНАТА СЕЗОНА МАКЕДОНИЈА СО МЕСТО ПОВЕЌЕ ВО ЕВРО-КУПОВИТЕ

Загарантирани шест места, кој ќе ги пополни?

Место една, од наредната сезона во ФИБА Евро-купот ќе учествуваат две наши екипи.

Добриот рејтинг на КФМ, но и одличниот настап на Струмица во третото по ред Европско клупско натпреварување, е причината поради која Македонија покрај задолжителното место доби уште една една "вајлд карта".

Што се однесува до женската конк*ренција, тука имаме право да пријавиме четири екипи, и тоа во ФИБА Евро-купот, кое е, пак, второ по ред европско натпреварување, по Евролигата.

Инаку, краен рок за пријавување на машките екипи е 26 јуни, а доколку некој од нашите домашни женски тимови реши да излезе на европска сцена тоа ќе треба да го стори најдоцна до 30 овој месец.

Но, без оглед на оваа "привилегија", прашање е дали Македонија ќе има свои претставници во новото натпреварување на ФИБА (кое е во изработка).

Посебно ако се знае дека трите наши најдобри клуба, Фени Индустри, Струмица и Фершпед Работнички веќе се пријавија за учество во новоформираната БИБЛ лига. Тоа значи дека нема да бидат "во состојба" да ги следат останатите европски трендови.

Тоа можеби отвора простор за екипата на Вардар која пројави интерес за БИБЛ, но остана на "листата на чекање", евентуално МЗТ ФОН Универзитет или АМАК-СП, преостанатиот дел од учесниците на плеј-оф натпреварите.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:14

ЈУНИОРКИТЕ ПОЧНАА СО ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕП "Б" ДИВИЗИЈА ЧИЈ ДОМАЌИН ЌЕ БИДЕ СКОПЈЕ

Почетна база, "Јане Сандански"

Од вчера и официјално нашата јуниорска женска селекција почна со подготовките за ЕП "Б" Дивизија кое од 6 до 15 август ќе се одржи во Скопје.

Селекторот на "црвено-жолтите", Светислав Костовски, на располагање има 15 кошаркарки, поголем дел од нив н$ претставуваа на Балканијадата во Романија која се одржа минатата година. А

добра вест за Костовски е тоа што во составот ќе биде и Јелена Антиќ, која во моментов се наоѓа во Скопје.

"Планот е овој месец да бидеме во Скопје, поточно во салата 'Јане Сандански' каде ќе тренираме двапати на ден. За разлика од минатата година сега нема да имаме селективни тренинзи, списокот е речиси оној истиот со кој заминавме на Балканијадата во Романија. Се радувам што во составот ќе биде Јелена Антиќ бидејќи нејзиното искуство ќе ни биде од голема помош" - вели селекторот на младинките, Светислав Костовски.

Инаку, репрезентацијата под "18" години на почетокот на идниот месец ќе одигра турнир на кој домаќин ќе бидеме токму ние. Практично овој турнир засега е единствената контрола за нашите младинки.

"На почетокот на јули планираме да заминеме во Виница каде би требало да останеме десетина дена. По завршувањето на подготовките ќе организираме турнир на кој ќе учествуваат Турција, Хрватска, Србија и Бугарија. Бидејќи засега ова се единствените контролни средби ќе се обидеме максимално да ги искористиме за што подобро да се подготвиме за ЕП" - додава искусниот стратег, кој заедно со своите избранички ќе имаат доста тешка задача, да ја одбранат честа како домаќини.

За потсетување Македонија е во групата "А" на Евробаскетот заедно со Австрија, Швајцарија, Германија, Луксембуг и Грција.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:14

КОБИ БРАЈАНТ ГО ЗНАЕ ПАТОТ ДО УСПЕХОТ ВО БОСТОН

Нема да форсирам, нема потреба за тоа

Лејкерси останаа "живи" во петтиот натпревар. Но доколку сакаат да го освојат шампионскиот прстен, ќе мора да го сторат тоа истото и во Бостон.

Свесен е за тоа и Коби Брајант, исто онолку колку што е свесен дека во Бостон нема многу работи да зависат исклучиво од него самиот.

И уште една голема ноќ на најдобриот играч во НБА лигата се чини дека нема да биде доволна за мир и спокојство кај "езерџиите" кога ќе се појават во "Банкнорт Гарден" во Бостон.

Како и да е, четата од ЛА ќе се обиде да стане прва во историјата која надополнила 1-3 во големото финале.

"Многу луѓе знаат да кажат, Коби ти треба да излезеш надвор и да дадеш 40, 50. Но тоа не е начинот на кој ние играме. И така не се освојува шампионска титула. Мора да останеме заедно, да 'јаваме' заедно и така да се обидеме да го сториме тоа"- вели Коби.

Ако работат како во неделата навечер, кога Лејкерси имаа четири играчи со двоцифрен број поени, тогаш не би требало да има проблеми за Брајант и соиграчите.

Но ако Коби е "сигурен" тогаш, другите носители, како Одом и Гасол, досега не покажаа дека "можат", посебно кога се зборува за настапите во Бостон.

"Ние сме многу подготвени бидејќи знаеме што можеме да добиеме од сето ова"- вели Ламар Одом. "Нема да ги победиме ако не бидеме балансирани. Ќе се обидеме да му помогнеме од првиот до последниот момент на натпреварот. Мора да бидеме балансирани и кај поените без разлика што ќе бидат многу поагресивни отколку што беа на последните средби во ЛА"- смета високото крило на "езерџиите".

Свесен е Брајант дека треба да добие поддршка, но во исто време е и максимално подготвен за "помош", каква што даде на претходниот натпревар.

"Не одам на шут многу често против нив затоа што знам дека доста често се преблиску до мене. Но многу важно за мене е да го 'притиснам' копчето во вистинско време. Тоа е клучот на успехот"- дополнува Брајант.

Клучните играчи обично играат многу подобро на домашен терен. И ако Брајант инсистира на неговата "себична игра", извесно е дека ќе му треба голема поддршка и од Одом и од Гасол, но и од Фишер, Фармар, Вујачиќ, Радмановиќ.

Освен Фармар, останатите резервисти на Лејкерс реализираа само шест поени на последниот натпревар.

"Генерално мислам дека имаме добра клупа, но во моментов нивната е за нијанса подобра од нашата " - признава и Фил Џексон."Затоа мораме да најдеме подобар начин и да одиме кон 6. натпревар и секако да'преживееме' ".

И ќе им треба помош на Брајант и стартерите, особено ако се знае дека Селтикс го симнаа Коби на 26.4 поени во финалето откако претходно имаше 31.9 поени, со процент на реализација од 42%.

Токму затоа Коби смета дека нема потреба да форсира во овој можеби и последен натпревар во сезоната.

"Можеби и би можел да се форсирам и да дојдам до 40. Да, но дали е тоа добро за мојот клуб ? Не, кога ќе видам отворен играч, ќе гледам да му ја дадам топката за тој да го стори тоа"- заклучува Брајант пред преселбата на Истокот.

За разлика од 2006 година, гледаноста скокна за 11%

Рејтингот на тв-гледаноста на НБА финалето по петтиот натпревар видливо скокна. По победата на Лејкерси над Бостон од АБЦ потврдиле дека дури за 10.1% се зголемила гледаноста. Во споредба со петтиот финален меч во 2006 година меѓу Далас и Мајами гледаноста на ова финале поголема за 11%.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:15

БОСТОН СЕЛТИКС ИМА ДВЕ МЕЧ ТОПКИ ЗА 17. ТИТУЛА, ПОЛ ПИРС УБЕДЕН ДЕКА ЌЕ ИСКОРИСТАТ БАРЕМ ЕДНА

Подобри сме, ќе земеме една

Селтикс се дома, но не се чувствуваат така удобно, особено не по последната игра од која можеа да извлечат голема победа.

Но, останаа со празни раце, па ја вратија серијата во својот град.

Сепак, Бостон има две топки за титула и тоа пред своите гледачи за да дојде до првата титула по далечната 1986 година и ерата на Лери Бирд, Кевин Мек Хејл и Роберт Периш.

Но, повредите уште еден голем дефицит во првото полувреме и топло-ладните претстави на Кевин Гарнет, "келтите" ги чинеа уште еден пораз и испуштена голема шанса за титулата да биде прославена уште во Холивуд.

"Не е тоа што го баравме. Ние сакавме уште две победи таму. Не го направивме тоа, се вративме дома, и реално е да се верува дека можеме да земеме една од овие две кои се пред нас" - вели Док Риверс.

Ќе има проблеми шефот на стручниот штаб на Бостон да ја формира екипата за титула. Пред натпреварот број 6 има проблеми со повредата на рамото на Кендрик Перкинс, нестабилноста на Рејџон Рондо предизвикана со повредата на скочниот зглоб на левата нога.

На тоа се надоврзаа и семејните проблеми за Реј Ален (болест на синот поради која мораше веднаш да го напушти ЛА).

Не смее да се заборави ниту фактот што Пол Пирс игра со повредено колено.

Традицијата е на страната на Селтикс, таа вели дека ниту една екипа во финалето не се вратила по 1-3. А шансите на Бостон се мерат во однос 1-17, за да ја освојат својата 17. титула.

"На една победа сме до титулата, а имаме два натпревари дома" - вели Пирс, кој даде рекордни во ова финале 38 поени на средбата број 5."С$ уште чувствуваме дека сме во предност, но и тоа дека сме подобар тим од нив".

Дали ова ќе бидат последните 48 минути од обновеното ривалство меѓу двата најголеми тима во историјата на НБА, ќе зависи и од многу други фактори.

Но факт е дека меч-топката е во рацете на тимот од Масачусетс.

ДОК РИВЕРС СВЕСЕН ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ТЕШКОТИИ КОИ ГИ НОСИ ФИНАЛЕТО

Преселбата ја уништува играта

Следејќи ги настаните од финалето, неминовен впечаток е дека форматот 2-3-2 можеби и не е среќно решение кога се играат вакви одлучувачки натпревари, особено кога еден против друг се Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс.

Токму преселбата од истоток на Запад по само два натпревари им направи големи проблеми и на двете екипи. Фактор на кој не може никој да влијае како што треба и може.

Согласен со тоа е и Док Риверс. Тренерот на Бостон смета дека тоа делува уништувачки и дека не очекува којзнае каков квалитет во натпреварот број 6.

"Тоа се неверојатни турбуленции. Тешко е да се издржи, и тоа за секого во екипата. Мислам дека одењето од Запад кон Исток е уште потешко од она првото. Спиеш додека патуваш, а тоа не е добро, без оглед на тоа што и двете екипи се ставени во една иста позиција кога се зборува за тоа. Треба да влезеш во мечот максимално подготвен, а овие работи не го даваат тоа"- вели тренерот на Селтикс.

Сепак, Бостон ја има комфорноста во оваа серија, барем досега. А оние 12-1 во доигрувањето кои ги имаат на домашен терен треба да се гаранција дека титулата е многу блиску. Тоа и оние 16 банери кои се сведоци на 16 титули колку што досега собраа "келтите" се мотив кој треба да го совлада уморот при оваа последна преселба од Западот кон истокот.

"Тоа и не е така лошо место за да се биде таму" - констатира Риверс, мислејќи при тоа на ставањето и на 17. шампионски банер на врвот на "Банкнорт Гарден" во Бостон.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:18

ОЛ-СТАРОТ ПОДГОТВЕН ДА ЗАИГРА, НЕ И ПРВИОТ ЦЕНТАР НА БОСТОН

Добри сигнали за Ален, не и за Перкинс

Бостонс Селтикс го очекува Реј Ален во стартната петорка за следниот натпревар, но затоа, пак, сосема поинаква е приказната кога се зборува за Кендрик Перкинс.

Ален имаше семејни проблеми, Перкинс се$уште има проблеми со повреденото рамо. Ол-стар бекот с$ уште беше во една болница ЛА, покрај својот болен син, кога целата експедиција на Бостон се врати дома.

Но и покрај тоа во Селтикс се уверени дека Ален ќе се појави во првата петорка, особено ако се знае дека пред него е првата титула во 12-годишната НБА кариера.

Момент кој тешко се пропушта, па и за вториот по бројот на поени кај Селтикс. Во финалето, Ален има просек од 19.2 поени и 5.2 скока откако во претходните рунди имаше проблеми со реализацијата на шутот од далечина.

И Перкинс е "фактор" во играта на Селтикс, особено видливо на последниот дуел во која Одом и Гасол конечно дојдоа на своето. Забележаа високи дабл-дабл ефекти во отсуство на првата центарска опција кај Селтикс.

Извесно е дека и натпреварот што следи Перкинс ќе го одгледа од клупата за резерви.

Неговото место, барем во стартните пет ќе го заземе уште еднаш Леон Поу, кој и не покажа ништо по оној фантастичен натпревар кога постигна 20 поени.

На средбата број 5 тој беше заменет со П.Џ. Враун по нецели пет минути од играта во кои противникот веќе водеше со 14-5.

Токму поради тоа Глен Риверс мора да го стави Кевин Гарнет како чувар на Пау Гасол, а тоа носи проблеми со "личните" за неговиот најдобар дефанзивец.

Една од опциите на Риверс е да проба со со "руки" крилото Глен Дејвис. Но тоа е сепак нереална варијанта, да се ризикува со новакот во вака важен натпревар кој носи титула.

"Тешко е кога го немаме Перкинс, а Кевин страда поради проблемите со личните грешки. Така тие имаат предност со Пау и Ламар се доста поагресивни. Се надевам дека ќе го добиеме назад Перкинс, а тоа ќе го сочува Кевин од 'личните'. Затоа и мислам дека ќе биде фино ако биде така"- уверен е Риверс.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 11:19

КИНЕЗОТ ОД ХЈУСТОН РОКЕТС НЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ

Јао има "нејасна ситуација"

Прогнозите дека левото стопало на Јао-Минг изгледа сосема добро, во пресрет на предолимпискиот турнир, не се многу оптимистички, вели агентот на високиот Кинез.

Џон Хуизинга кажа дека с$ уште нема потврда информација дали неговиот клиент ќе игра на "Купот Борислав Станковиќ", кој важи како предолимписки а е закажан за периодот од 17 до 20 јули во кинескиот Хенгџу.

"Работите одат на подобро. Ако е с$ исчистено, можеби тој ќе има шанса да игра, но сега е многу рано да се зборува за еден таков распоред"- изјавил Хуизинга.

Дваесет и седумгодишниот прв центар на Хјустон Рокетс имаше фрактура на левото стопало, и од 27 февруари не одигра ниту еден натпревар за тимот од Хјустон.

До тој период имаше дабл-дабл просек изразен преку 22 поени и 11 скока.

Во меѓувреме Јао потврди дека нема да ја напушта својата родна земја с$ додека не биде целосно подготвен да се врати на тренинг во Хјустон. Но според последните клупски информации, можно е до крајот на овој месец Јао, сепак, да дојде до Хјустон и да оди на лекарска контрола кај тимскиот доктор на Рокетс.

"Можеби, но навистина е многу рано за него да биде инволвиран во некои пребрзи работи"- констатира агентот на Минг, кој пред извесно време ја стартуваше "Јао-Минг фондацијата" преку која сака да им помогне на неколку кинески области погодени од катастрофалните земјотреси.

ГАЗДАТА НА ЈУТА ЏЕЗ ИМА ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

Милер хоспитализиран!!!

Сопственикот на Јута Џез, Лери Милер поради здравствени компликации во текот на вчерашниот ден е хоспитализиран.

Според првичните информации станува збор за дијабетис. Засега како што велат од клубот и најблиските, 64-годишниот Милер е надвор од животна опасност и се очекува во најскоро време брзо да се опорави.

Иако состојбата е добра, сепак с$ уште не се знае кога Милер, кој 23 години е сопственик на Јута Џез ќе биде пуштен на домашно лекување.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:06

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК СМЕНА НА ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ОХРИДСКИОТ ПРВОЛИГАШ?

Лазовски седнува на клупата на АМАК-СП?

Марјан Лазовски е најсериозниот кандидат да ја преземе функцијата на шеф на стручниот штаб на екипата на АМАК-СП.

Доскорешниот кормилар на МЗТ ФОН Универзитет, кој пред неколку дена ја раскина соработката со "металците", е во преговарачка фаза со раководството на охридскиот прволигаш.

Иако не се знаат поединостите, се најавува дека во најскор можен рок челниците на АМАК-СП ќе излезат со свој официјален став околу тоа кој ќе ја води екипата во наредната натпреварувачка сезона.

Во онаа претходната, поради суспензија, во финишот останаа без помошта на Игор Гацов, кој доби временска суспензија.

Иако првичната суспензија за Гацов изнесуваше 12 месеци, по жалбата Арбитражната комисија на КФМ ја преполови, па младиот тренер може да се врати на работа на 19 октомври, односно на самиот старт на следната сезона.

Но очигледно е дека во Охрид не сакаат да останат на една таква "чекачка" варијанта, поради што, иако неофицијално, веќе тргнале во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Последните информации од учесникот на овогодишниот плеј-оф велат дека во наредните неколку дена Лазовски треба да дојде во Охрид каде ќе ги има оние финални разговори поврзани со финансиските услови под кои би се официјализирала соработката со АМАК-СП.

Екипа која во штотуку завршеното првенство, беше најпријатното изненадување. Младиот состав на АМАК-СП предводен од Гацов заврши со ефект од 19 победи и само 11 порази, односно на третата позиција на табелата.

Подоцна, под доста "нечисти ситуации" беше елиминиран во четвртфиналето (во два натпревари) токму од екипата на МЗТ ФОН Универзитет, која ја предводеше токму Марјан Лазовски, кој има најголеми шанси да биде новиот охридски кошаркарски кормилар.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:07

ПРВОЛИГАШИТЕ НЕРАСПОЛОЖЕНИ ДА СЕ "ПРОШИРАТ"

(Не) возможна мисија...

Се поголемо е оддалечувањето од намерите на УО на КФМ и желбата на Здружението да се "шири" кон Велес и особено кон Прилеп.

Ниту получасовното образложение на претседателот на КФМ, воедно и на Управниот одбор, Даниел Димевски, кој важи за најголем иницијатор во следната сезона лигата да брои 12 место предвидените 10 клуба, не беше доволно за да ги разубеди прволигашите во обид да се донесе една вистинска одлука.

Одлука од која македонската кошарка би имала многу поголема корист отколку штета.

Мисијата во која тргнал првиот човек на КФМ, со која сака да ја "прошири" лигата за уште два центри, во овој случај Велес и Прилеп , не наиде баш на некој добар "прием" кај десетте клуба кои во моментов уживаат во статусот на прволигашки.

За нив е поразително, дури и потценувачки барањето на двата клуба, Овче Поле и Ултимејт Баскет, да бида упатено директно до УО на КФМ, а не на адресата на Здружението на прволигашите.

Целта, како што истакна Димевски, за една ваква идеја е интерес за подигнување на кошарката на едно ниво погоре. Да се направи уште еден чекор напред.

""Вајлд-картата е моја измислица преку која со несекојдневни мерки и средства, методи стигнавме до онаму каде што сме сега. Со два центри како Кавадарци и како Охрид, кои се и тоа како битни. И моја е вината за она што се случи со Маврово. Клуб кој и вие се обидовте максимално да го поддржите, или толерирате до последен момент. И пак ќе бидам за тоа затоа што во тој западен дел беа единствените кои ја имаат кошарката. Да, тоа беше неуспешна епизода, но тоа не значи дека не треба да продолжиме по истиот пат, да развиваме други центри"- се обиде да објасни Димевски.

Уште побитен момент според првиот човек на КФМ за една ваква идеја е што во кошарката би влегле два "некошаркарски " спонзори какви што досега беа "Витаминка", односно "Џумајлија", кои стојат зад двата апликанти.

"Едниот беше фудбалски, другиот многу повеќе загреан за ракометот, и затоа не смееме да го испуштиме овој момент"- дообјасни Димевски.

И иако првичното барање на Здружението беше доколку лигата се прошири на 12 клуба, двата клуба апликанти да уплатат по 30.000 евра, сега некако во втор план паднаа финансиските средства.

Димевски се обиде да појасни дека нема ниту недостиг на играчи во Македонија.

"Финансискиот аспект сигурно не е во прв план, а не е дека нема играчи, напротив, има, и тоа доста, што е сосема различно од некои претходни изјави. Мора да знаете дека ние како федерација немаме намера да наметнуваме решенија, туку дека сакаме да зборуваме со силата на аргументите. одлуката треба да биде заедничка, а не само да се сведува на тесноклупски интереси"- го затвори својот "елаборат" Димевски.

А клубовите не би биле тоа што се ако уште еднаш не го покажаа и своето второ лице.

Останаа во најмала рака недокажани. Иако потпишани, и тоа сите 10 на петицијата за "непроширување' на лигата, побараа нов собир, и тоа на 20 јуни (петок), во 11 часот, на кој очекуваа(т) да се појават и претставниците на двата клуба-апликанти.

Па откако ќе послушаат уште две "образложенија", можеби ќе се донесе и конечната одлука, Прва лига со 10 или со 12 клуба.

А дотогаш времето поминува, полека се ближи, истекнува, она од преодниот рок....како што забележа некој од присутните.

И затоа, како што го нарекоа гестот на добра волја, ќе се соберат уште еднаш, пред с$ да видат дали работите сме смениле на подобро или останале исти.



ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР, МАРИО ТРИФУНОВСКИ, СО СВОЕ ВИДУВАЊЕ

Во Прилеп нема ништо...

"Уште не можеме да појасниме некои работи. На пример, како може екипа која играла во Трета лига, каде била третопласирана, да добие прволигашки статус. Ние во Свисслион Пелистер многу добро ја познаваме ситуацијата во Прилеп. И можам слободно да кажам дека таму нема ништо. Лани играа со четири играчи од Битола, од Пелистер, во првата петорка. Петтиот беше токму Влатко, кој сега сака да играат во Прва лига. Немаа ниту младински екипи, да не зборувам за школа, тренери. Едноставно кажано, вештачка работа. Таму има пари ама нема ништо.

И затоа би испаднале максимално несериозни доколку прифатиме една ваква ситуација"- се обиде да ја "отслика" реалноста во Прилеп, првиот човек на битолскиот прволигаш.

10.000 евра - потценување

Сосема потценувачки за прволигашите е "желбата" на двата клуба директно да му се обратат на УО на КФМ, а не токму на нив.

"Тоа се гледа и во барањето кое е насловено само до УО на КФМ" - забележаа претставниците на клубовите. "Со тоа тие н$ потцениле во старт. Факт е дека има грешка во чекори затоа што тие барања требало прво да одат до Здружението, па дури потоа да ги разгледува УО на КФМ".

Освен тоа, цифрата од 10.000 евра е потценувачка и за оние два клуба кои по регуларен пат се изборија за место во Првата лига.

"Ние потрошивме многу повеќе од таа сума. И со еден збор, тоа е потценување" - констатираше претставникот на Торус, првполасираната екипа во Првата "Б" лига.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:07

ВАРДАР, НАЈВЕРОЈАТНО, ЌЕ ОСТАНЕ И БЕЗ КАПИТЕНОТ

Кралевски кај "езерџиите"?

По Панче Милевски и Перо Блажевски, на повидок е уште едно заминување од Вардар.

Станува збор за капитенот на "вардарци" Филип Кралевски, чиј договор истече со завршувањето на сезоната.

Дознавме дека крилниот-центар на тимот од "Кале" овие денови имал разговор со најголемото изненадување од минатата сезона Амак СП.

Иако засега од таборот на охриѓани велат дека со преговорите с$ уште не почнале и тоа поради отсуството на првиот човек на клубот, Венко Шпакар, сепак, Амак СП, најверојатно, не сака да ги испушти слободните играчи со кои би можеле да бидат поконк*рентни наредната сезона.

Засега останува само под знак прашалник заминувањето на капитенот, кој беше еден од оние играчи со Вардар пред две години го освои Купот на Македонија.

Инаку, од старата постава тимот на Амак СП ги има продолжено договорите само со браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:08

БОСТОН СЕЛТИКС ЈА ВРАТИ СЛАВАТА, ВО "ГАРДЕН" ЗАКАЧЕН И 17. ШАМПИОНСКИ БАНЕР

Бостонски "масакр" за Лејкерс

Деновите на слава се вратија во Бостон, дефинитивно. И тоа по пауза долга, предолга, која трае(ше) цели 22 години.

И тоа како, со една неверојатна победа над најголемиот ривал во историјата на НБА лигата. Против еден ЛА Лејкерс стигнаа до неверојатни, но вистинити 131:92, и тоа во последниот натпревар од сезоната, во кој с$ беше подготвено за прослава.

И бидна прослава, и тоа каква, обоена во зелено, во боите на најтрофејниот клуб во историјата на НБА, за 17. шампионски банер кој ќе оди "горе" над "Банкнорт гарден".

Новиот паркет на новата сала во Бостон ги дочека шампионските почести чекани повеќе од две децении.

Толку и требаше да се обнови големото ривалство, Бостон-ЛА, толку беше чекан трофејот на Лери О'Браен кај "келтите".

Бостон Селтикс повторно е првак на НБА. На најдобар можен начин, со спектакуларна претстава ставија круна на извонредната сезона од соништата.

Во шестата средба од големото финале на НБА го "добија", го уништија, го масакрираа ЛА Лејкерс со плус 39 (131:92) за конечни 4-2 во финалето.

Имаа што да чекаат, на крајот и го дочекаа шампионскиот прстен.

Долго време Пол Пирс беше премногу осамен, но само до оваа сезона, кога му ги придодадоа Кевин Гарнет и Реј ален, сето останато сега & припаѓа на историјата.

"Сега имам своја титула. Се надевам дека си горд на тоа "- кажа КГ обраќајќи му се на веројатно најголемиот "келт" во историјата, Бил Расел.

"Секако дека сум"- му одговори најтрофејниот играч на Бостон во историјата. Тој помина низ сите овие работи не еднаш, туку точно 11 пати, рекорд кој веројатно и никогаш нема да биде достигнат.

Овој пат "езерџиите" беа сосема во втор план, можеби и во трет, кој знае. Како одиграа по онаа добра прва четвртина до крајот на натпреварот, кажуваат последните бројки.

Во Бостон с$ беше во знакот на зелената боја. Им помогна и Коби Брајант, кој не беше на МВП нивото, постигна "само" 22 поени (со слаба реализација, 7/22), иако на "отворањето" на средбата имаше 4/5.

"Тие одиграа најдобра одбрана во доигрувањето за титулата. Целта беше да се освои титулата, не МВП наградата, туку титулата"- рече Брајант по тешкиот пораз, и најкорисниот играч во НБА за оваа сега веќе завршена сезона.

Последната пресметка во сезоната не даде неизвесност достојна на едно финале. Иако Кевин Грнет и Реј Ален постигнаа по 26 поени, посебен белег на натпреварот му даде Рајџон Рондо, кому ни повредата не го спречи да постигне 21 поен, да има седум скокови, осум асистенции и шест освоени топки.

Пол Пирс заврши со дабл-дабл ефект изразен преку 17 поени и 10 асистенции, што со претходните настапи беше доволно да биде прогласен за МВП на финалето.

Кај очајните "езерџии" вреден за спомен само уште Ламар Одом, кој даде 14 поени, но и 10 скока и 5 асистенции.

Ех да го видеше ова Оербах...

Од екипа која лани дојде до мизерни 24 победи, Слетикс станаа шампион на НБА. Тоа е еден неверојатен момент кој пред с$ дојде по заслуга на менаџментот на Бостон предводен од Дени Ејнџ.

Ејнџ го направи потегот на сезоната кога во Бостон ги донесе Кевин Гарнет и Реј Ален. Тие двајца ја иницираа лавината која не запре до големото финале во кое ги "избришаа" и своите големи ривали од ЛА.

Податокот кој вели дека оваа разлика од 39 поени е најголемата победа во историјата на финалето кажува с$.

Иронично, но исто така вистинито е дека вториот најдобар скор во ова го имаат токму против Лејкерс.

Во далечната 1965 година, во 5. натпревар од финалето, Селтикс го победи Лејкерс со плус од 37 поени (129:96)..

Што би рекле во Бостон, ех да беше жив Ред Оербах како со задоволство би испушил од своите надалеку познати пури...

Во неговата улога овој пат се најдоа Бил Расел и Џон Хавличек од кои дојдоа и првите честитки за враќањето на титулата во Бостон.

ДОК РИВЕРС ГО ПОСВЕТИ ТРОФЕЈОТ НА СВОЈОТ ТАТКО

Што чекаше толку долго...

Посебно емотивно "го преживеа" овој натпревар и Глен Док Риверс од клупата. На 4:01 минута пред крајот тој ја повлече "големата тројка", а по тоа тргна победничките прегратки, се знаеше и зошто, с$ беше готово и подготвено за шампионска прослава.

Уште еднаш Риверс му ја посвети оваа победа, овој трофеј на својот скоро починат татко, кој на ден по финалето требаше да слави роденден.

"Прва помисла ми беше што мојот татко ќе кажеше за сето ова, а тогаш се насмеав"- вели тренерот на Бостон."Да го знаете, тогаш и вие би сте се насмеале бидејќи многу е веројатно дека ќе речеше, па и беше време, што чекаше толку долго"...

ПОЛ ПИРС -ПРОГЛАСЕН ЗА МВП НА ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

Сега сум дел од нив...

Долги години се мачеше да дојде до она што дојде во оваа серија.

Пол Пирс долго време чекаше "друштво" со кое ќе тргне во нов обид да му ја врати старата слава на Бостон Селтикс.

Кога дојдоа Кевин Гарнет и Реј Ален с$ беше полесно.

Сега Пол Пирс има шампионски прстен, и тоа со екипата која како дете ја мразеше најмногу на светот. До него стигна против екипата од своето "маало" во ЛА.

Освен тоа низ шесте средби против Лејкерс дојде и до најголемото индивидуално признание, стана МВП на финалето

"Ова ми значи многу повеќе бидејќи сите овие момци како Хавличек, како Бил Расел, Кузи, почнаа нешто за што сведочат сите овие банери во салата. Сега и јас станав дел од нив, а тоа ме прави посебно горд"- вели најкорисниот играч во серијата.

Пирс не би бил тоа што е ако по крајот на средбата не истури цело буре "Геторејд" врз тренерот Док Риверс и го обои во портокалово.

Бостон Селтикс - ЛА Лејкерс 131:92 (4-2)

(24-20; 34-15; 31-25; 42-32)

БОСТОН: Ален 26 (4ск,2ас), Гарнет 26 (14ск,4ас), Рондо 21 (8ск,1ас), Пирс 17 (3ск,10ас), Поуси 11 (3ск,1ас), Хаус 9 (2ск,5ас), Поу 8 (4ск), п.Џ. Браун 6 (3ск,2ас), Дејвис 3 (4ск), Т. Ален 2 (1ас), Перкинс 2 (4ск), Кесел;

ЛА ЛЕЈКЕРС: Брајант 22 (3ск,2ас), Одом 14 (10ск,5ас), Фармар 12 (1ск,1ас), Гасол 11 (8ск,2ас), Волтон 8 (2ас), Вујачиќ 7 (2ск,1ас), Фишер 7 (4ас), Ариза 3 (1ск), Радмановиќ 6 (3ск), Туриаф 2 (1ск), Мим, Њубл;



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:12

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК ОСТАНУВА ВО "ГРАДСКИ ПАРК"

Стојановски верен на Фершпед Работнички

Огнен Стојановски ќе игра во бековската линија на Фершпед Работнички и во наредата сезона.

Еден од најстандардните играчи на "шпедитерите" во последните неколку години, вчера потпиша нов договор со најтрофејниот клуб во Македонија.

"Потпишавме договор со Стојановски, кој е со важност од една година со можност и истиот да биде продолжен за уште една година" - потврдува спортскиот директор на Фершпед Работнички, Горан Костовски.

Одличниот плејмејкер има посебен предизвик во следната сезона, кој и го натера да не размислува за друга опција освен онаа "црвено-белата" на клубот од "Градски парк".

"Ја продолжувам соработката со клубот во кој стигнав до она место на кое сум во овој момент. Добив впечаток дека можам да си го најдам своето место во екипата, особено што во следната сезона Фершпед Работнички ќе игра и во Балканската лига. Тоа е еден посебен мотив за мене. Тоа ќе бидат натпревари на кои се добива уште поголемо искуство, преку кои може да се оди напред. Тоа беше и причина повеќе да останам верен на Фершпед Работнички"- вели Стојановски.

Во изминатата сезона, во која "шпедитерите" и немаа многу простор за радости, Стојановски ја делеше минутажата со Димитар Мираковски на плејмејкерската позиција.

Стојановски, кој е на поширокиот репрезентативен список, настапи на 28 натпрвари на кои низ просечни 26 минути дојде до ефект од 10 поени, 2.2 асистенции и 1.5 скока по натпревар.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:14

Скандалозно однесување кон директорот на кадетската репрезентација

Забранет влез за Ристовски во "Кале"!!!

Не поминаа ниту три-четири дена од подготовките на нашата национална селекција на играчи "под 16" години, а веќе се случи еден скандал, ретко виден на нашите простори.

Иако уредно поставен од страна на УО на КФМ, за директор на оваа наша селекција, која ја чека настап на ЕП од дивизијата "Б" ова лето во Сараево, Љупчо Ристовски, по с$ изгледа, не е добредојден во малата сала во СРЦ "Кале" во Скопје.

Токму во оваа сала кадетската репрезентација, предводена од селекторот Панче Милевски, инаку тренер во екипата на Вардар, ги почна подготовките за настап на Евробаскетот.

Но, не и според предвидувањата на оние кои се задолжени да се грижат за што подобри подготовки на оваа репрезентација, вклучително и директорот Ристовски.

"Да, точно е. Од луѓето кои работат во салата не ми беше дозволен влез. Навистина не знам од кои причини. Не сакав да правам дополнителни проблеми. Го прифатив тоа како некоја сугестија, поради што веднаш си заминав од салата"- објаснува Ристовски.

Ристовски не сака да навлегува поради кои причини некој донел една ваква одлука. Но, забраната за"влез" веројатно ја дал некој кој очигледно не е запознат како треба да работи една национална селекција.

Овој проблем, кој има сериозен карактер, "ги тангира" и луѓето од КФМ, одговорни за непречена работа на националните селекции.

"Не сум запознат дека се случило ваква работа. Доколку е така ќе преземеме мерки. Пред с$ затоа што никој не може да се однесува така кон членови на стручниот штаб на која било наша репрезентација"- вели директорот на националните репрезентации, Илија Мерџановски.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:26

"ИГРАЧОТ НА ВЕКОТ" ВО МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ БЕЗ КОШАРКАТА

Петар Наумоски се враќа во Ефес Пилсен?

Овој пат тоа ќе биде во улога на тренер, планирано е Пеце Национале да биде еден од асистентите на Ергин Атаман во стручниот штаб на "пиварите".

Петар Наумоски не може без кошарката, тоа е дефинитивно откако се дознава дека нашиот најдобар играч на сите времиња планира и тренерска кариера.

Кошаркарот на векот во Македонија е дел од интернационалниот тренерски семинар кој овие три дена се одржува во турското летувалиште Кушадаси.

Според неколку турски медиуми, тоа бил и првиот предуслов за добивање на неопходната тренерска лиценца за Полат Намик, турското име и презиме на Петар Наумоски.

Уште поинтересни се најавите дека во најскоро можно време Наумоски би се вратил на "активностите" во кошарката.

И тоа за почеток, Пеце национале го одбрал местото од каде и ги почна најголемите играчки успеси. Од Истанбул, поточно во Ефес Пилсен, од каде тргна евро-приказната на "пиварите" и промоцијата во елитното друштво.

Со оглед на тоа дека поседува и почесен, турски пасош, кој го доби за посебни заслуги, за с$ што дал во развојот на турската кошарка, Наумоски ги исполнува сите строги критериуми за добивање на потребните документи и работа како тренер во турскиот шампионат.

Познато е и новото работно место на Наумоски. Новиот шеф на стручниот на Ефес Пилсен, Ергин Атаман, кој е во одлични односи со нашиот интернационалец уште од времето на Монтепаски, а потоа и Улкер, го повикал Наумоски да биде дел од стручниот штаб на "пиварите". Еден од асистентите во најтрофејниот турски клуб, и тоа во друштво на уште една играчка легенда на Ефес Пилсен, Уфук Сариџа.

Токму пред десетина дена откако беше познато дека Ергин Атаман се враќа во Истанбул и тоа на клупата на "пиварите", беше објавено дека негов прв соработник ќе биде токму Сариџа. Но некако љубоморно се чуваше тајната кој ќе го дополни стручниот штаб на тимот од Босфорот.

Голема играчка и тренерска трансформација се случува овие денови во Ефес Пилсен.

Б. Радуловиќ

Големо влијанието на Марковски

Заре Марковски е веројатно најголемиот "виновник" за една ваква разврска во кариерата на Наумоски.

Марковски, кој пред неколку дена го презема кормилото на италијанскиот Аир Авелино, е еден од предавачите на овој голем тренерски семинар во Кушадаси, кој е појдовна станица во новата, сега тренерска кариера на Наумоски, и "лобист" Наумоски да дојде и да ја земе потребната тренерска лиценца.

Тоа беше и тандемот на најзаслужните што пред девет години македонската сениорска репрезентација за првпат (и единствен досега) обезбеди пласман во завршницата на едно ЕП во Франција.

Вујаниќ, Смит...

По доаѓањето на Ергин Атаман, "пиварите" се засилија и со Милош Вујаниќ, а пред два дена ново лице во Истанбул е и Чарлс Смит, кој се враќа во Ефес Пилсен од Реал Мадрид.

Од домашните играчи, Ефес Пилсен го собра Синан Гулер, кој до лани играше за екипата на Бешикташ.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:40

ЛЕЈКЕРСИ САКААТ ПОЦВРСТА ОДБРАНА, РЕШЕНИЕТО ГО БАРААТ ВО МАЈАМИ

Мерион на местото на Одом?

Иако сезоната ја завршија со минус од 39 поени, само два дена по катастрофата во Бостон Коби Брајант беше виден како со насмевка на лицето излегува од канцеларијата на генералниот менаџер на ЛА Лејкерс, Мич Хупчак и тренерот Фил Џексон.

Најмногу поради тоа што му вети(л) на Хупчак дека нема да го "закача" ова лето со желби за размени на играчи.

Но, подобриот поглед кон составот на Лејкерс ќе каже дека, сепак, постои голема веројатност да дојде до одредени промени во играчкиот дел.

Најмногу надежи "езерџиите" полагаат во враќањето на младиот центар Ендрју Бајнам, кој веројатно ќе биде 100% сигурен за тренинг кампот.

Но ако го прашаат Коби каде тој би го унапредил тимот за следната сезона во обид да им ја земе титулата на "келтите", тогаш следува одговорот.

"Не можеш да го добиеш првенството ако си фокусиран единствено на нападот"- констатираше Брајант алудирајќи на цврстата одбрана која ја демонстриаше Бостон во финалната серија.

Одбрана која го исфрли Ламар Одом од офанзивните влијанија, што од друга страна го расипа и неговиот ефект во дефанзивата.

Ако се знае дека Бајнам е сигурен на "петка", а Гасол на "четворка", тогаш може да се очекува Одом да "се симне" на тројката или, пак, да биде заменет во некоја друга екипа, како на пример во Мајами.

Местото од каде што дојде по повеќекратниот трејд-дил во кој беше вклучен и Шекил О' Нил. Впрочем Пет Рајли отсекогаш бил обожавател на играта на Одом без оглед на оној потег од 2004 година кога го испрати во ЛА.

Адресата на која "езерџиите" можат да испратат покана е онаа на Шон Мерион, за кого се смета дека е подобро решение за "тројката", кога центарскиот двоец ќе биде Бајнам-Гасол.

Мерион беше дел од трејд-муабетите во Лос Анџелес и минатите лета, но овој пат би можело да биде реализирано, особено поради неговите пред с$ дефанзивни перформанси, и тоа како потребни на Лејкерс.

Сигурно е дека пречка за реализација на една ваква размена е и висината на платата која ја има Мерион, кој треба да земе цели 17 милиони долари за следната сезона. Доста поголема во однос на Одом, кој има "само" 14.6 милиони долари, што ги тера двете страни да вклучат уште некој играч.

Лејкерси го претпочитаат "слободниот агент" од Бостон, Џејмс Поуси, од чие офанзивно влијание настрадаа неколкупати во текот на финалето.

Но и Селтикс сака да ја продолжи соработката со искусниот шутер за договор "од средно ниво".

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:15

"РАСПАД НА СИСТЕМОТ" КАЈ ПОРАНЕШНИОТ ШАМПИОН

Од Струмица на улица...

"Тоа е, нема веќе, не можеме да издржиме, и подобро е да кажеме јавно за да ја знаат сите судбината на клубот" - вели Панајотис Карапиперис.

Од Струмица, онаа народната вели, на улица. Е токму по таа убава песна како да се пишува сценариото за иднината на екипата на Струмица. Онаа која пред само едно лето ја славеше шампионската титула, а ова се бореше да ја одбрани, и не успеа во тоа.

Исто како што актуелното раководство на клубот не успеа во обидот да обезбеди генерален спонзор кој би ја направил Струмица посилна од кога било.

Наместо тоа, очај во редовите на "зелено-белите". Им се заканува тотален распад на системот. Тоа неволно го признава и претседателот на клубот, Панајотис Карапиперис.

"Тоа е, нема веќе, не можеме да издржиме, и подобро е да кажеме јавно за да ја знаат сите судбината на клубот" - вели Карапиперис."Пробавме да најдеме некоја реномирана фирма која би застанала зад клубот, но тоа тешко оди во овие времиња. Тоа беше и препораката на Собранието на клубот. Но и по недела дена нема напредок на тоа поле. А ако се знае распоредот на силите во и околу финансирањето, мораме да признаеме дека тоа не можеме да го поднесеме".

Согласно со ова с$ понеизвесна станува и судбината на играчите кои се под договорна обврска со струмичани.

"Ние веќе разговаравме со добар дел од нив. Имаме договор со Тасовски и со Соколов. И тие се слободни во обид да ја сменат средината, секако со соодветна отштета. Разговаравме и со капитенот Богоев, тој кажа што имаше да каже. Истото важи и за Грнчаров и за Крстевски, ќе ги сослушаме и нив"- додава Карапиперис.

Јасно е дека по една ваква слика, тешко дека Струмица ќе избега од најлошото, да ја снема од кошаркарската мапа на мак-баскетот.

"Ќе се обидеме да опстанеме, на ваков или онаков начин. Факт е дека ќе оди тешко, но ќе се обидеме. Можеби ќе го прескокнеме преодниот рок, но има опција да се продолжи со домашните играчи и некој странец, секако под услов да се обезбеди некој екстра приход во клубот, но се плашам дека може да ни се случи и она најлошото. Ќе видиме, уште ден-два. Можеби ќе се случи нешто до крајот на преодниот рок, во кој и да било случај, не се предаваме. Но добро е јавноста да знае со какви проблеми се соочуваме".

Индиректно тоа значи дека Струмица испаѓа од од БИБЛ лигата?

"Има време до почетокот на лигата. Разговаравме со луѓето од БИБЛ и се обидовме да им ја објасниме нашата ситуација. Свесни сме за актуелниот момент и од нив побаравме дополнително време за консултации. Никој од нас не сака да 'избега' од обврските, од учество во оваа лига за кое толку многу се боревме и ние и луѓето од КФМ. Но, ова е еден сосема нов, тотално неочекуван момент за сите нас во клубот. Затоа и побаравме малку трпение од нивна страна. Ако видиме дека нема напредок, тогаш ќе кренеме раце во знак на предавање" - заклучува разочарано Карапиперис.



Тасовски сака "надвор"...

И при последните преговори околу евентуалното продолжување на соработката Карапиперс добил впечаток дека оние кои имаат договори сакаат да "излезат" надвор.

"Нема што веќе да се крие, Тасовски побара да го ослободиме затоа што наводно бил во завршна фаза од преговорите со една екипа од странство. Знае дека има договор со клубот и доколку сака да си замине, верувам дека ќе најдеме заеднички јазик и по тоа прашање".

Дарко Соколов е вториот играч под договорна обврска со струмичани. И за младиот бек има странски, но и интерес од неколку домашни екипи.

"Ќе видиме, доколку дојде некоја официјална понуда, пред с$ од некој клуб од надвор, ќе ја разгледаме, па потоа ќе видиме што е најдобро за двете страни"- дообјаснува Карапиперис.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:17

ДЕФИНИРАНИ ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ НА НАШИОТ ТРЕНЕР СО РИЛСКИ СПОРТИСТ

Тодоров две години во Самоков

Ако с$ биде на обострано задоволство, тогаш Александар Тодоров во следните две сезони ќе ја води екипата на Рилски Спортист.

Тоа е дел од договорените детали меѓу двете страни во текот на вчерашниот ден, а официјална потврда стигнува од раководството на екипата од Самоков.

"Александар Тодоров ќе ја преземе машката екипа. Но во исто време, заедно со другите помлади тренери ќе биде ангажиран и во работата со младите играчи во клубот" - потврдува Борислав Чилингиров, извршниот директор на Рилски спортист.

Со евидентните промени, и тоа почнувајќи од тренерската, во Самоков планираат борба за местата кои водат во следното издание на Балканската лига.

"Целта ни е во следната сезона да учествуваме во новоформираната Балканска лига и секако да бидеме еден од водечките клубови во земјата"- дополнува Чилингиров.

Во наредните неколку дена, односно веднаш по официјализирањето на договорот со новиот тренер, во Рилски Спортист ќе почнат и со обнова на играчкиот кадар.

Тодоров ќе биде вториот македонски тренер по Марин Докузовски кој ќе работи на главната тренерска функција во некој клуб од кај нашиот источен сосед.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:17

БЕКОТ НА ШАМПИОНОТ ОСТАНУВА УШТЕ ЕДНА СЕЗОНА ВО КАВАДАРЦИ

Радуловиќ продолжува во Фени Индустри

Дарко Радуловиќ ќе игра за екипата на Фени Индустри и во новата сезона.

Ова е резултатот на преговорите меѓу раководството на новиот македонски шампион и сега веќе искусниот бек-шутер.

По завршувањето на најдобрата сезона во својата историја, екипата на Фени Индустри ја отвори серијата на потписи во летниот преоден рок токму со оној кој го обврзува Радуловиќ да биде дел од екипата и во наредната.

"На Радуловиќ сметаме и за следната сезона, затоа и ја обновивме верноста за уште една сезона" - потврдуваат од раководството на носителот на двојната круна.

Овој 28-годишник во минатата сезона одигра на 26 натпревари во бело-портокаловиот дрес на Фени Индустри. Притоа дојде од ефект од 4.3 поени, 1.3 скока и 1.2 асистенции по натпревар.

Засега нема официјална потврда за продолжување на соработката со останатите "слободни агенти" во Кавадарци.

Се очекува и реализација, односно позитивен резултат во преговорите, пред с$ со центарскиот тандем Доналд Кол-Златко Гоцевски.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:18

ШЕКИЛ О'НИЛ СО РАПУВАЊЕ ГИ ПОТСЕТИ СИТЕ ДЕКА ЛЕЈКЕРСИ ТЕШКО ИГРААТ ОТКАКО ЗАМИНА

"Коби не може без мене"

За да не се заборави дека Коби Брајант никогаш не добил титула без Шекил О'Нил, големиот човек добро се погрижил.

О'Нил кој во моментов игра за Феникс, успеа да се пошали на сметка на Коби. На сајтот "ТМЗ" каде излегуваат сите вести и трачеви за познатите ѕвезди постојано кружи рап песната во која тој кажува:"Коби не може без мене".

Во двеминутното видео О'Нил постетува дека Лејкерси со него има освоено три титули по ред.

"Тоа беше имрпвизација. Беше направено за забава. Ништо не е намерно. Тоа го прави и МК. Тие прават песни кога добиват инспирација. Добро стојам со Коби и немам никакви задни намери" - изјавил О'Нил.

Последен пат кога Коби и П'Нил играа заедно беше во 2004 година. По таа сезона големиот човек замина во Мајами и во 2006 година со нив ја освои шампионската титула.

"Знаете како беше со мене. Минатата недела Коби не можеше без мене" - рапувал Шекил.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:19

АМЕРИКАНЦИТЕ ГО ОБЈАВИЈА ТИМОТ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

Коби и Леброн ќе ја враќаат славата

Водени од златниот медалист, Џејсон Кид и четири олимпијци, ќе тргне селекцијата на САД на претстојните Олимписки игри во Пекинг.

Џери Коланџело, директорот на националната кошаркарска репрезентација на САД, ги објави имињата на 12-те кошаркари кои ќе се обидат да го вратат олимпиското злато на турниот во Кина кој ќе се одржи во периодот од 8 до 24 август.

На списокот кој ќе биде доставен и до американскиот олимписки комитет се наоѓаат следните играчи:

Кармело Ентони (Денвер Нагетс), Карлос Бузер, Дерон Вилијамс (Јута Џез), Крис Бош (Торонто Репторс), Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Двајт Хауард (Орландо Меџик), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс), Џејсон Кид (Далас Маверикс), Крис Пол (Њу Орлеанс Хорнетс), Тајшон Принс (Детроит Пистонс), Мајкл Ред (Милвоки Бакс), Двејн Вејд (Мајами Хит).

Првиот тренер на Дјук Универзитетот, Мајк Кжижевски, ќе биде шеф на стручниот штаб на оваа селекција. Во оваа акција нему ќе му помагаат и славниот тренер од Сирајкуз Универзитет Џим Бохајм, како и Мајк Д' Антони, новиот тренер на Њујорк Никс, односно Нејт Мек Милан, "коучот" на Портланд Трејблејзерс.

"Ова беше последниот и најтежок процес на селекција. Имавме дури 33 кошаркари кои беа вклучени во целата оваа операција, во оваа олимписка програма. Сите тие го заслужија ова тренирајќи на оние кампови и натпреварите кои ги играа во последните две лета. Затоа им благодариме на сите за нивната контрибуција" - изјави Коланџело при објавувањето на финалниот состав. "Што и да кажам ќе биде тешко да се објасни зошто токму овие момчиња ќе бидат на Олимпијадата. Знаев дека ќе биде тешко уште кога почнавме со изградбата на овој олимписки тим на САД. Мислиме дека овој тим има исклучително лидерство, голем дијапазон на квалитет, и пред с$ баланс, секако и многу добра хемија, круцијален дел при правењето на вистински тим на кој ќе бидат горди сите Американци"- дообјасни Коланџело.

МАЈК КЖИЖЕВСКИ:

Имаме тим, сега имаме и искуство плус

"Воодушевен сум од изборот на овие играчи" - призна и Мајк Кжижевски, кој ќе ги води Американците кон златниот медал во Пекинг."Беше тешко до 33 играчи да се дојде до бројката од 12. Имаме тим во кој има големо искуство од интернационални натпревари во последните две лета. Но знам и дека н$ чека доста работа на патот до Пекинг"- порача Кжижевски, кој од 2006 година се грижи за оваа национална селекција на САД. "Во последните две години искуството и дефинитивно му помогна на тимот. Дознавме дека и нашите противници се доста талентирани и играат навистина добро. Затоа и сметаме дека оваа Олимпијада ќе биде едно неверојатно натпреварување"- дополни првиот тренер на Американците на Олимпијадата.

Кид - со најголема акумулација на искуство

Од 12 селектирани играчи половина беа дел од тимот кој играше на СП во 2006 година, а два повеќе следната година на квалификациите на ФИБА-Америка преку кои САД дојде на Олимпијадата во Пекинг. Три играчи, Ентони, Хауард и Џејмс, беа дел од двата тима.

Инаку, со своите 35 години Џејсон Кид ќе биде ветеранот во овој состав, и лидер на екипата ако се мери искуството. Тој беше член на Олимпискиот тим од 2000 година наречен "дрим-тим" кој со скор од осум победи, без пораз, го освои златниот медал во Сиднеј.Впрочем, Кид играл за дури осум национални селекции на САД на големите натпреварувања, и интересно, има перфектен скор од 44-0.

"Најстар" состав во последно време

Просекот на годините на овој националн тим на САД е за малку над оној кој го имаа(т) Американците на последните неколку натпреваруавња.

Овие 12 кошаркари во просек се стари по 26.08 години, што е малку поголем од оној на последниот квалификациски турнир.

Тимот кој играше на Светското првенство во Шпанија во 2006 година беше уште "помлад", со просек од 24.5 години.

Сепак, без конк*ренција е оној од Олимпијадата во 2004 година, кој имаше просечни 23.6 години.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 19:58
Италијанците го селат Илиевски кај Марковски

Ако им се верува на италијанските медиуми, реални се шансите македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски следната сезона, наместо во дресот на шампионот Монтепаски, да игра за екипата на Скандоне Авелино. Тренер на екипата на Авелино од неодамна е поранешниот селектор на Македонија Заре Марковски.
Токму фактот што Марковски е нов тренер на Скандоне е главната причина што италијанските новинари, конкретно весникот „Ил матино“, предвидуваат дека Илиевски би можел лесно да ја напушти Сиена и да се пресели во екипата што минатата сезона беше трета во Италија.
Исто така, во прилог на овој евентуален трансфер е неодамнешната активност на Монтепаски на играчкиот пазар на кој веќе ангажира двајца Американци што играат на позиција. Станува збор за Лин Грир и за Морис Финли, играчи со речиси исти играчки карактеристики како Илиевски.
Сепак, последните информации од Авелино велат дека засега е далеку реализацијата на овој евентуален трансфер. Марковски, во моментов, се уште е зафатен со завршување на договорните обврски со Армани џинс, екипата каде што лани работеше кус период и со која имаше двегодишен договор. Дури, потоа, најдобриот македонски тренер во моментов ќе почне да размислува за доведување евентуални засилувања во својот нов тим.
- Досега немало апсолутно никаков контакт помеѓу Авелино, односно помеѓу мене и Илиевски. Новинарите го забележале тоа што го видовте и вие, дека Монтепаски купува играчи на негова позиција, и веднаш почнаа да нагаѓаат и да го поврзуваат со мене знаејќи ја нашата претходна историја. Многупати сум кажал дека многу ги ценам играчките квалитети на Илиевски, но засега неговата преселба во Авелино не е на дневен ред - вели Марковски.
Илиевски пред две сезони работеше заедно со Марковски во редовите на Виртус Болоња, а претходно двајцата беа дел од репрезентацијата на Македонија што настапи на завршницата на Европското првенство 1999 година во Франција.
Македонскиот репрезентативец вчера не беше достапен за коментар. Тој во моментов е на семеен одмор на грчкиот остров Крит. Неодамна од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) потврдија дека Илиевски ќе биде дел од подготовките на репрезентацијата за квалификациите, и тоа од самиот нивни почеток.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 19:59
Самарџиски: Сега на потег се НБА-екипите

Кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски (22 год., 213 см) нема посебни очекувања од драфтот во НБА-лигата, кој ќе се одржи вечерва (рано наутро по македонско време) во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, на кој може да стане првиот Македонец што бил избран од екипа од најсилната кошаркарска лига на светот.
- Не чувствувам притисок пред вечерашниот драфт. Тука сум да покажам што знам и воопшто не се оптоварувам дали ќе се најдам меѓу кошаркарите што ќе бидат избрани. Годинава ми е последната можност да бидат дел од овој НБА-спектакл и не сакав да го пропуштам тоа. Има одредени комбинации за тоа кој би можел да ме избере, но искуствата велат дека кога ќе почне драфтот с* паѓа во вода, особено кога станува збор за кошаркарите што се избираат во втората рунда - ни изјави Самарџиски од Њујорк.
Самарџиски веќе две недели е во САД, каде што секојдневно е дел од преддрафт тренинг-сесиите што се одржуваат од страна на НБА-клубовите. Последната ваква обврска Македонецот ја имаше во вторникот, кога во Феникс тренираше пред претставници на „Сонцата“, Јута џез, Сакраменто кингс, Сан Антонио спарс и на Кливленд кавалирс. Претходно тој беше дел од сесиите во Вашингтон, Далас, Шарлот и во Њујорк.
- Презадоволен сум од тоа што го прикажав во Феникс, но и од истренираното на сите претходни сесии. Мислам дека ги покажав сите свои адути пред НБА-клубовите. Сега се тие на потег - коментира високиот центар. Репрезентативецот најавува дека нема да биде разочаран и ако не биде меѓу 60. кошаркари чии имиња ќе се појават на таблата во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
- Нема зашто да бидам разочаран. И да бидам избран на драфтот мојата иднина, барем во следните неколку години, е во европската кошарка. Значи ова е само еден вид проверка на тоа до каде сум во глобални рамки, ништо повеќе од тоа - завршува Самарџиски.
Според информациите што „Нова Македонија“ ги доби деновиве од САД, Самарџиски има најголеми шанси да биде избран од Вашингтон визардс, Шарлот бобкетс и од ЛА лејкерс.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:39

СРПСКИ ЦЕНТАР НА ПРОБНА РАБОТА ВО "ЈАНЕ САНДАНСКИ"

Вокиќ можно засилување за "металците"

Срѓан Вокиќ (204см.-1984год.) е најновото потенцијално странско засилување за екипата на МЗТ Скопје за следната натпреварувачка сезона.

Според најавите од клубот од " Јане Сандански", тој ќе одработи неколку тренинзи по што веројатно новиот стручен штаб на "металците" ќе ја одреди неговата играчка иднина, односно дали ќе биде член на "сино-белите" во следната сезона.

"Тоа ќе биде одлука на новиот тренер. Во секој случај, ќе се увериме на 'лице место' за квалитетите на Вокиќ, по што ќе донесеме конечна одлука за евентуален ангажман на овој кошаркар"- велат од клубот.

Овој крилен центар со босанско државјанство во Скопје доаѓа од српскиот Б лигаш Кикинда. Една сезона пред тоа бил член и на кипарскиот АЕК од Ларнака.

С$ поизвесно е дека "сино-белите" го решија и најгорливиот проблем во текот на ова лето, тренерскиот.

За денеска се најавува и официјалната промоција, односно враќањето на Александар Петровиќ на местото на шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје.

"Ве молиме за трпение, за барем уште еден ден, кога и планираме да ги изнесеме сите детали поврзани со затворање на тренерското прашање. Сакаме да ги средиме сите формалности по кои ќе објавиме с$ што ја интересира јавноста"- велат од раководството на "металците".



Тасевски и Стојанов во "Јане Сандански"?

Многу блиску е и официјализирањето на потписите на договорите со уште неколку домашни играчи.

Во "Јане Сандански" се најавува дека сино-белиот дрес во новата сезона ќе го носат доскорешните играчи на АМАК-СП, Ангел Тасевски, како и Зоран Стојанов.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:40
ГОЛЕМОТО ЈАБОЛКО" УШТЕ ЕДНАШ ВО ВНИМАНИЕТО НА ЈАВНОСТА ВО АМЕРИКА, КЛУБОВИТЕ БАРААТ "СВЕЖА КРВ"

Време е за одлуки

26 јуни, ден (или ноќ сеедно) во НБА лигата резервиран за клубовите, сите 30. Можност оние кои ја прават НБА лигата да ја направат уште побогата, посилна, помлада.

Можност која ја имаат еднаш во годината. Преку т.н. драфт да дојдат до нова "свежа крв", пред да почнат со формирањето на играчките ростери за следната сезона во која Бостон Селтикс ќе ја брани шампионската титула, останатите 29 тима ќе ја напаѓаат.

Но, претходно шоуто е во Њујорк, поточно во "Медисон Сквер Гарден" каде ќе бидат доделени "наградите" за најдобрите студенти кои во изминатиот период се занимаваа со профи кошарка.

Ќе чекаат која од триесетте екипи ќе ги одбере на драфт-изборот, и каде ќе ги однесе патот кај оние вистински професионалци.

Оваа година се чини има само една голема дилема. Нели, како и секогаш таа се однесува кој ќе биде прв пик на драфтот. За неа конк*рираат двајца играчи, Дерик Роуз, еден извонреден бек кој доаѓа да ја освојува НБА од Мемфис, како и Мајкл Бизли, едно силно крило од Универзитетот Канзас Стејт.

Две дилеми има и кај клубовите, оние првите два кои имаа среќа да добијат "бинго" на онаа задолжителна НБА лотарија.

Чикаго Булс ќе бира прв, а веднаш зад нив и екипата на Мајами Хит. Дефинитивно, двете најголеми разочарувања во лигата и нејзиното сега веќе минато издание.

Роуз или Бизли, дилемата ќе потрае не повеќе од 24 часа, иако с$ погласни се најавите дека честа да биде прв пик на драфтот во класата 2008 ќе му припадне на Роуз.

Но да почекаме, и да видиме што ќе испадне од овој спектакл во средиштето на "Големото јаболко".

Чека и Самарџиски

Предраг Самарџиски ја чека својата последна шанса да биде избран од некој НБА клуб. Откако во изминатите десетина дена одработи неколку тренинзи со повеќе екипи, нашиот центар се надева дека може "да помине" во овој последен обид.

Ќе биде тешко, особено ако се знае дека ова лето и нема некоја сериозна заинтересираност од НБА тимовите за "Европејците" или за играчи кои доаѓаат надвор од Америка.

Некако највисоко котира Италијанецот Данило Галинари. Младиот играч на Армани Џинс од Милано е "виден" како 6. пик на Њујорк Никс, односно како 10. пик кој би го земал Њу Џерси Нетс.

Веднаш зад него би можел да се најде младиот Грк Коста Куфос, "фрешмен" од Охајо Стејт Универзитетот, кој го пикира Индијана, и тоа од 11. позиција.

Во првата рунда можно е "да помине" и Алекс Ајинца, млад Африканец и играч на францускиот Тулон, а во истата би се нашло место и за Николас Батум од францускиот Ле Ман и тоа во Сан Антонио Спарс.

Според некои најави, Самарџиски би влегол во НБА преку вториот круг на бирање, од кои вести чекаат и еден Никола Пековиќ (Партизан), Анте Томиќ (Загреб) играчи од бившите југо-простори.

ТОП 10

Дерик Роуз - бек, 19 год. (Мемфис)

Да, на Булс очајно им треба еден скорер, а таков е токму Роуз, кој токму поради тоа има мала предност пред Бејсли кога е во прашање Чикаго.

Има брзина, чудесен атлетицизам, одлична одбрана, момче кое брзо би се вклопило во системот на игра на новиот тренер Вини Дел Негро.

Освен тоа, ако биде избран за прв пик тоа ќе биде само третпат во историјата на драфтот во главната улога да биде некој бек.

Пред тоа тоа од рака им пошло само уште на Ирвин Меџик Џонсон и на Ален Ајверсон

Мајкл Бизли - силно крило, 19 год. (Канзас Стејт)

Без оглед на тоа што беше "Фрешмен" во Канзас Стејт, покажа неверојатни способости, како никој од оваа класа на новаци во НБА.

Знае да игра одлично на двете страни од теренот.

Затоа и ќе се дебатира дали треба да е прв или втор избор на драфтот.

Лани Мајами имаше само 15 поени. Затоа и на "жешките" им треба талент како Бизли, без оглед на тоа што Мајами би имал двајца играчи кои наликуваат на Двејн Вејд.

Но кој тим не сака во своите редови да има такви играчи?

Брук Лопез - центар, 20 год. (Стенфорд)

На "волците" од Минесота очајно им е потребен еден квалитетен центар. Со оглед на тоа дека бираат како трети, најдобра варијанта за нив сепак би бил токму Лопез.

Можно е тие да побараат центарско решение и во некој од "долните пикови", (имаат неколку), но се чини дека Лопез е најдобра опција од највисокиот.

О.Џ. Мајо - бек/крило, 20 год. (Северна Каролина)

Пик на Сиетл на бековската позиција, кој би требало да биде иднината, секако во тандем со еден Дурант.

Има идеални карактеристики за еден бек, експлозивен стрелец, иако некои скептици велат дека има проблеми со водењето на топката.

Важи за играч со голема самодоверба, налик на некој ветеран и покрај тоа што помина само една година на Универзитетот во Северна Каролина, но и дека може да игра подеднакво успешно на двете бековски позиции во која било екипа, во Сиетл се надеваат нивната.

Кевин Лов - крило/центар, 19год. (УКЛА)

"Гризлите" гледаат да најдат некоја соодветна замена за Пау Гасол кого го разменија со Лејкерс. Една од варијантите е токму продуктот на УКЛА.

Можеби има и подобри опции од Лов, но се чини дека во Мемфис се подготвени да ризикуваат со драфтувањето на овој "бел центар".

Џерид Бејлис - бек-шутер, 19год. (Аризона)

Веројатно е дека Никс ќе бидат среќни со вториот играч кој доаѓа од Аризона во пред сезоната. А Бејлис се чини дека е лесно вклоплив во системот кој ќе го преферира новиот тренер на Њујорк, Мајк Д' Антони.

Фановите на Никс брзо заборавија на лошите сезони и се надеваат дека со "помодерната игра" која ја практикува новиот тренер ќе дојдат и подобри времиња.

Ерик Гордон - бек-шутер, 19.год. (Индијана)

Ако се знае дека Шон Ливингстон мака мачи со повредите, Клиперси не би имале ништо против да му најдат, и тоа што е можно побрзо, добра замена на бековската позиција.

Дефинитивно на вториот тим од ЛА му треба "длабочина" на бековските позиции која ќе се пополни веројатно со Гордон, кој важи и за добар стрелец.

Џое Александер - крило-центар, 21.год. (Западна Вирџинија)

Интересно, но вистинито, Алекандар знае да зборува мандариски. Доста употребуван јазик во Милвоки, каде има големи кинески колонии, согласно со тоа и играчи од типот на Ји Јианлиан.

Бакси сакаат да го оформат овој тандем, каде Александар би можел да ги "покрие" веќе подостаренот Дезмонд Мејсон и крајно неефективниот Боби Симонс. Но и да донесе многу повеќе "атлетика", младост и енергија на таа позиција во согласност со предиспозициите (малку постар од генерацијата).

Расел Вестбрук - бек-шутер, 19.год. (УКЛА)

Ангажирањето на Вестбрук би го означило и тоа дека на Шарлот и тоа како е потребен бек кој поседува исти, дури и подобри квалитети од еден Рејмонд Фелтон.

Но, нема да биде изненадувачки ако Бобкетси направат драфт-трампа на деното на изборот на Вестбрук.

Лери Браун сака околу себе поискусни кошаркари, па можно е да го искористи Вестбрук за да дојде до уште некоја помош за Емека Окафор.

Данило Галинари - ниско крило, 19.год. (Армани Џинс-Италија)

Нетси поседуваат неколку млади и високи играчи, но нема да биде вишок ако имаат уште еден.

Данило Галинари е одбран за најдобар млад играч во Евролигата и со тие карактеристики влегува во драфтот, што би можеле да се покажат како пресудни во изборот.

Веројатно е дека на почетокот би играл зад Картер и Џеферсон. А ако во Њу Џерси и решат да се откажат од Џеферонс, ете поголем број на минути за Италијанецот

НБА ДРАФТ - ЊУЈОРК 2008

ПРВА РУНДА

1. Чикаго Булс

2. Мајами Хит

3. Минесота Тимбервулфс

4. Сиетл Суперсоникс

5. Мемфис Гризлис

6. Њујорк Никс

7. ЛА Клиперс

8. Милвоки Бакс

9. Шарлот Бобкетс

10. Њу Џерси Нетс

11. Индијана Пејсерс

12. Сакраменто Кингс

13. Портланд Трејблејзерс

14. Голден Стејт Вориорс

15. Феникс Санс (Од Атланта)

16. Филаделфија 76

17. Торонто Репторс

18. Вашингтон Визардс

19. Кливленд Кавалирс

20. Денвер Нагетс

21. Њу Џерси Нетс (Од Далас)

22. Орландо Меџик

23. Јута Џез

24. Сиетл Суперсоникс (од Феникс)

25. Хјустон Рокетс

26. Сан Антонио Спарс

27. Њу Орлеанс Хорнетс

28. Мемфис (од ЛА Лејкерс)

29. Детроит Пистонс

30. Бостон Селтикс

ВТОРА РУНДА

31. Минесота (од Мајами), 32. Сиетл, 33. Портланд (од Мемфис), 34. Минесота, 35. ЛА Клиперс, 36. Портланд (од Њујорк), 37. Милвоки, 38. Шарлот, 39. Чикаго, 40. Њу Џерси, 41. Индијана, 42. Сакраменто (од Атланта), 43. Сакраменто, 44. Јута (од Филаделфија), 45. Сан Антонио (од Торонто), 46. Сиетл (од Портланд), 47. Вашингтон, 48. Феникс (од Кливленд), 49. Голден Стејт, 50. Сиетл (од Денвер), 51. Далас, 52. Мајами (од Орландо), Јута, 54. Хјустон, 55. Портланд (од Феникс), 56. Сиетл (од Њу Орлеанс), 57. Сан Антонио, 58. ЛА Лејкерс, 59. Детроит, 60. Бостон.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:12

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК СЕ ПРЕСЕЛИ ВО "ГРАДСКИ ПАРК"

Грнчаров 1+1 Фершпед Работнички

Веќе нема дилеми, Тони Грнчаров се сели од Струмица и тоа во Скопје.

Но не во МЗТ Скопје, како што многумина предвидуваа, туку на другата страна, во Фершпед Работнички.

Искусниот репрезентативен бек кој во изминатите две сезони ги помина како играч на Струмица, во наредните две ќе биде играч на Фершпед Работнички.

Грнчаров, кој е на поширокиот список на селекторот Јовица Арсиќ за европските квалификации, се согласи да потпише договор со "Шпедитерите".

"Да, се договоривме со Грнчаров кој ќе остане со нас во наредната сезона, а по нејзиното завршување, ќе ги редефинираме условите за следната сезона"- потврдува спортскиот директор на Фершпед Работнички, Горан Костовски.

Со овој потпис, Грнчаров стана првото големо засилување за тимот од "Градски Парк" во текот на овој преоден рок, секако ако не се сметаат оние "продолжувања" на договорите со Тони Симиќ и со Огнен Стојановски.

"Имаше дилеми во моите размислувања. Сепак, на крајот преовладеа понудата на Фершпед Работнички. Реков, сакам да се вратам во Скопје, тоа и го реализирав со овој договор. Сметам дека во моментов тоа е најдоброто решение за мене. Доаѓам во клуб кој важи како најтрофеен кај нас, но и клуб кој секогаш има најголеми амбиции. Клуб кој ќе биде дел од Балканската лига, што значи десетина и повеќе меѓународни натпревари, што исто така е мошне битно во целата оваа работа. Сем тоа добро ги познавам методите на работа на Марин Докузовски. Имаме добра база од домашни играчи која верувам дека раководството на клубот ќе ја надгради дополнително и дека во новата сезона ќе влеземе како еден од фаворитите за титулите"- вели сега веќе новиот играч на "шпедитерите".

Поради разноразните повреди ( и суспензијата од шест натпревари во полуфиналето од плеј-офот), Грнчаров одигра само 20. натпревари за Струмица во текот на минатата сезона. Притоа дојде од ефект од скоро 10. поени, 2.6 скока, и 1.7 асистенции по натпревар.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:18

ОТКАКО ГО ОДБРАА ПРВИОТ ПИК НА ДРАФТОТ, ЧИКАГО БУЛС СО МОЖНИ ПРОБЛЕМИ НА ОДРЕДЕНИ ПОЗИЦИИ

Ќе има замени?

Откако го земаа Дерик Роуз, Чикаго Булс дадоа одговор на најважното прашање.

Што сега?

Нема да брзаат со Роуз, нути пак со евентуална замена на играчите.

"Мислам дека Хинрих може одлично да соработува со Дерик Роуз" - била првата изјава на генералниот менаџер Џон Пексон. "И мислам дека Гордон може добро да се снајде со него, тука е и Хјугс" - додал менаџерот на Чикаго.

Но дали сите овие играчи можат да играат толку добро со Роуз? Или ќе треба некој од нив да си замине?

Чикаго Булс минатата сезона имаше скор од 33-49, а во меѓувреме имаше големи проблеми со играчите и тренерите.

Џим Бојла не можеше да ги промени работите, откако дојде на местото на Скот Скалес кој пак беше отпуиштен во декември.

По подолго време се чини дека управата на клубот го најде вистинскиот човек за оваа позиција, Вил Дел Негро. Евулацијата на Чикаго заврши со Роуз, кој беше лидер на Мемфис во НЦАА лигата.

Засега најсложена е ситуацијата со Гордон и Денг, најдобрите стрелци минатата сезона во редовите на Чикаго Булс.

Двајцата играчи се слободни агнети, откако ја минаа петтата година од нивниот договор кој вреди најмалку 50 милиони долари.

За нив Пексон изјавил дека нема да има никакви замени се додека целосно не се реши нивната ситуација.

Хајнрих кој е на средината на својот петтгодишен договор, најлогично би било токму тој да биде сменет.

Чикаго може да го стави како шутер, но каде ќе играат Гордон, Сефолоша и Хјугс?

"Нема никаква ротација во овој момент. Имав состанок со сите играчи, зборував со нив и го добив нивното мислење. Мислам дека нема да имаат никакви забелешки, особено за минатото" - изјавил Дел Негро.

Првиот пик на драфтот нема да има проблеми да се приклучи на своите постари колеги, а уште помалку неговите 19 години нема да бидат пречка тој да постане лидер на Чикаго Булс.

"Мислам дека се ќе биде добро. Моите соиграчи се млади, ќе имаме одлична комуникација" - изјавил Роуз кој веќе се сретна со своите нови колеги.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 17:12

ЗАВРШИ ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК

Струмица и Вардар со најголем "зијан", МЗТ во преден план

Екс шампионот и поранешниот Куп освојувач загубија многу. На сметка на тоа" металците" се пробија на високите позиции кога се во прашање летните аквизиции.

Петнаесетте денови предвидени за летен пазар на кошаркар(к) и во Македонија завршија.

Со тоа е ставен крај и на своевидното "лудило", односно трка по потписите на играчите кои важеа за слободни.

А за разлика од неколку години порано, се чини дека ова лето, беше за нијанса повозбудливо кога се во прашање премините на играчите од клуб во клуб.

Ако ништо друго, такво нешто може да се заклучи според бројката на кошаркари кои ги променија местата, ја сменија бојата на дресот.

А кога се во прашање промените, најмногу ги имаше во екипите на МЗТ Скопје, и Вардар, па и во Струмица.

А се чини дека токму Струмица и Вардар се најголемите загубари во овој летен "пазар" на играчи.

СТРУМИЦА

Според заминувањата, сигурно е дека поранешниот шампион тешко ќе се консолидира во наредниот период. Но, мора да се земе в предвид, дека и она што го задржаа важи за подвиг кога се струмичани во прашање.

Откако дојдоа на работ на вистински распад, а многумина веќе го видоа крајот на Струмица, тие извадија, дополнителна сила, екстра енергија и барем засега задржаа стабилност. Им ја дава останувањето на Соколов, на Тасовски, потоа и на Крстевски, донекаде и доаѓањето на Дејан Вегов што со "домашниот збир" (Цветков, Караманолев, Заев), претставуваат каква-таква база за "надградба", секако со странски кошаркари.

Останаа без капитенот Богоев, но и без Грнчаров, но се врати Власис Влаикидис, што значи дека за нешто повеќе ќе има треба засилувања од "страна".

ВАРДАР

Во уште понеповолна ситуација се наоѓа екипата на Вардар која доживеа вистинско играчко расуло, а згора на тоа "црвено-црните" не успеаја да го амортизираат тој несомнено силен удар (ангажирани се само младите, К. Николовски, Стојчевски, Ќурчиев).

Иако беше јасно дека ќе одат на подмладување, јасно е дека со она што го имаат на пријавната листа ќе им биде тешко да издржат, дури и против екипите од оној "долен дел" од табелата.

Од Вардар си заминаа Саздов, капитенот Кралевски, еден од најдобрите, Блажевски, претходно и странците, па сега "вардарци" бројат само една "десетина".

МЗТ СКОПЈЕ

Можеби како никогаш досега екипата од "Јане Сандански" не била волку ангажирана за еден преоден рок. И сигурно е и тоа дека ако се зборува за "величината" на имињата кои (би требало) да играат за "сино-белата" чета, МЗТ Скопје направи најдобар пазар во овие претходни две седмици.

Откако имаа долги натегања, дилеми, кој ќе биде наследникот на Марјан Лазовски, па се решија тоа да биде Александар Петровиќ, тргнаа во похо на "пазарот".

Донесена е цела една петорка во која влегоа Ангел Тасевски, Перо Блажевски, Филип Кралевски, Срѓан Станковиќ, како и младиот Горан Мирковски. втората половина ја сочинуваат староседелците, предводени од старо-новиот капитен Јане Петровски, плус и Тачи, Деспотовиќ, Б. Николовски...

СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР

Неколку години по ред битолчани очајно се обидуваат да направат екипа во која ќе преовладува поголем број на домашни кошаркари.

Ова лето се чини дека завршија добра работа. Овојпат земаа дури петмина играч од "домашно потекло", предводени од "повратникот" во мак-баскетот, Димитар Караџовски, кој заврши со играњето на Исланд.

Заедно со него, во Битола пристигнаа и Милановски, Стефановски, младиот репрезентативец Петрушев и еден млад играч со "мак-потекло" Нанчевски.

Ако на нив се придодадат уште и оние кои останаа, као Петковски, Талевски, Ѓорѓиевски, Захариевски, Апцев, тоа е еден веше сосема добар состав, кој со традиционалната помош од Вршац, прави тим за респект.

АМАК-СП

И охриѓани направија голем број на измени, со кои во АМАК-СП сметаат дека ќе одат во Европа. Почнувајќии од тренерската позиција на која на местото на Игор Гацов дојде Марјан Лазовски па се до трансферот на довчерашниот капитен на Струмица, Ефтим Богоев, кој е и најголемото играчко засилување.

Со новите договори за браќата Стојановски, ангажманот на искусните Совковски и Трајковски, останувањето на Неделков, и посебно на американецот Џарид Фрај, АМАК-СП се "покри" на бековските позиции. Но во наредниот период ќе мора да побараат и одредени центарски решенија. Ќе им бидат и тоа како потребни, особено за натпреварите во ФИБА- Еврокупот.

ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ

Сосема спротивно од сите претходни примери, екс-шампионот не менуваше многу во својата концепција.

Пред се затоа што во "Градски парк" ја имаа онаа потребна "база" особено откако ги продолжија договорите со новиот капитен Тони Симиќ, и Огнен Стојановски.

На последниот ден од преодниот рок во "Градеки парк" пристигна и едно репрезентативно име, Тони Грнчаров, а во последен момент, ставен е и потпис на новиот договор со Димитар Мираковски, иако тој важи пред се како условен, од неговото заминување во странство.

Скоро во целост се пополнети надворешните позиции, па во наредниот период "шпедитерите"ќе мора да најдат "надворешно" решение за "дозасилувања" на центарската линија во која сем Симиќ го имаат и Трајковски.

Б. Радуловиќ

Чековски - еден ама многу вреден

Согласно со постигнатиот резултат, за очекување беше дека екипата на Фени Индустри нема да доживее некои којзнае колку големи играчки трансформации.

Посебно кога се однесува за домашниот играчки кадар.

Кавадарчани понудија нови договори за Самарџиев, Гоцевски, Ѓуров, кои беа веднаш прифатени. Но станаа уште поголеми откако решија да ја продолжат соработката и со Александар Димитровски.

Сепак, најголемата придобивка ја добија на крајот од летииот преоден рок. И тоа во "ликот и делото" на Ѓорѓи Чековски, кој по едномесечно двоумење, конечно се решеи следната сезона да ја помине како играч на најдобриот македонски тим во минатата сезона.

"Соколи"спремија ново изненадување

Не може да помине ниту еден преоден рок ако не се случи некое изненадување во режија на К. Соколи.

Овојпат тоа е спојувањето на најстариот, но и на најмладиот играч кои ќе играат во Првата лига.

поточно кажано, на списокот на играчи за добивање на лиценца фигурираат и 49. годишниот Будимир Јоловиќ, но и 33. години помалиот Никола Гајдаџиев.

Она помеѓу е исто така интересно, како договорите со Драган Миленковиќ и Горан Ѓорѓиевски, но и фактот дека "соколите" се единствената екипа која уште сега ја собра квотата од 12. пријавени домашни кошаркари

Новаците по старо...

Двата нови прволигаши, екипите на Торус и Поп Спорт ќе се обидат да го одржат тој статус со екипите со кои дојдоа до него.

Торус ќе се потпре на младоста, овојпат подзасилени со ангажманот на Филип Конзулов, Владимир Брчков и Јован Марковски, кој беше дел од ланската екипа.

Не менува многу ниту во Поп Спорт, кој е "освежен" со ангажманот на Јордан Николовски, но и на младиот Марко Соколовски, кој ќе се обиде да направи уште еден играчки "камбек" во друштвото на најдобрите.

ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ

Т. Симиќ

О. Стојановски

Н. Караколев

М. Јанески

Н. Зивчевиќ

Б. Трајковски

Ј. Марковски

Т. Грнчаров

Д. Мираковски

В. Филиповиќ

ВАРДАР

Б. Крстевски

М. Симоновски

И. Димчевски

М. Трифуновски

Д. Накиќ

Ѓ. Кочов

Т. Стојчевски

К. Николовски

Ј. Ќурчиев

Б. Даскаловски

ПОП СПОРТ ВСА

Б. Апостолов

М. Миновски

Ј. Николовски

М. Соколовски

А. Јончевски

А. Ѓурчевски

И. Ѓорѓиевски

М. Младеновиќ

А. Крстев

Н. Данев

З. Попоски

МЗТ СКОПЈЕ

М. Деспотовиќ

Б. Николовски

М. Тачи

А. Тасевски

Ф. Кралевски

С. Станковиќ

Г. Мирковски

Ј. Петровски

П. Блажевски

СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР

З. Петковски

Г. Ѓорѓиевски

Ѓ. Талевски

Д. Захариевски

П. Апцев

Д. Петрушев

Д. Караџовски

А. Стефановски

Д. Милановски

И. Нанчевски

В. Бендевски

СТРУМИЦА

П. Цветков

Д. Соколов

Д. Тасовски

В. Крстевски

Н. Караманолев

В. Заев

Д. Вегов

АМАК СП

В. Стојановски

Д. Стојановски

В. Неделков

Н. Кузески

З. Стојанов

А. Стефановски

Е. Богоев

А. Совковски

И. Трајковски

М. Петровски

ФЕНИ ИНДУСТРИ

А. Ангелов

Д. Баснарков

И. Крстев

А. Манев

А. Димитровски

Д. Радуловиќ

З. Гоцевски

М. Ѓуров

С. Михајловски

Г. Самарџиев

Ѓ. Чековски

К. СОКОЛИ

Н. Гајдаџиев

Т. Дишлиев

С. Василев

В. Георгиевски

Б. Јакимовски

Б. Јоловиќ

А. Митков

Д. Нешовски

Е. Нури

Г. Ѓорѓиевски

Д. Миленковиќ

Г. Кацарски

И. Саздов

А. Јованчев



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:51

УПРАВАТА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ПРИФАТИ БАРАЊАТА НА КАПИТЕНОТ, МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ

Задар не може да го плати Гечевски!!!

*"Има интересни понуди. Не сум сигурен која ќе ја прифатам, затоа сакам добро да размислам" - изјави Гечевски, кој во моментов е во Кавадарци

Челните луѓе на Задар, но и хрватските медиуми во шок!!!

Иако многумина најавија дека Тодор Гечевски е се поблиску до продолжување на својата соработка со Задар, сепак ситуацијата се променим итоа, се чини, преку ноќ.

Како што стојат работите во моментов нашиот репрезентативен центар е многу блиску до излезната врата на хрватскиот клуб со кого мина четири прекрасни години.

Главна пречка за прекинувањето на преговорите биле парите. Како што пишуваат тамошните медиуми менаџерот на Гечевски, Јоргос Патапатиу од агенцијата " интерперформанс", побарал превисока цена од која на директорот на Задар му се стемнило пред очи.

"Точно е дека има некои измени во договорот, не е во прашање само цената, туку многу повеќе. Немам донесено никаква одлука. Не сум сигурен која ќе ја прифатам,, затоа сакам добро да размислам" - е првичниот коментар на Тодор Гечевски, кој во моментов се наоѓа во Кавадарци.

Дали ова значи дека веќе стигнала некоја конкретна понуда од друг клуб?

"Има интересни понуди, но нема ниту една конкретна. Како што реков, прво сакам добро да размислам" - додава искусниот центар кој со Задар мина четири години.

Секоја приказна има и друга страна. Како почнале и во кој правец сега се движат преговорите им објаснил на хрватските медиуми спортскиот директор на клубот Џузепе Ѓерѓа.

"Менаџерот на Гечевски побара многу повеќе пари, а ние во овој момент не сме во состојба да одговориме на толква цена. Преговорите и понатаму се во тек, сигурно ќе ни бидат побарани уште повеќе пари", изјавил Ѓерѓа.

Од клубот не кријат дека евентуалното заминувањето на Гечевски би било голем удар за Задар, но доколку дојде до тоа нема да биде крај светот.

"Ние го имаме дефинирано буџетот за наредната сезона и знаеме колку точно можеме да потрошиме, а цената која ја бараат тие е многу голема, превисока. Па Тодор Гечевски не е единствениот на светот, има и други центри. Доколку не успееме да се договориме сигурно ќе доведеме нов центар кој ќе ја потполни таа празнина", додал Ѓерѓа, кој е доволно свесен дека Задар може да остане и без трет центар, особено ако се земе в предвид дека клубот го напушти Лалиќ, а пред заминување е и Штимац.

М. Ковачева

МЕНАЏЕРОТ ЈОРГОС ПАТАПАТИУ:

Се зависи од Тоше

И покрај тоа што менаџерот на Тодор Гечевски, Јоргос Патапатиу побарал повисока цена, сепак на крајот главниот збор ќе го има токму капитенот на задрани.

"Засега ќе останам без коментар на ова прашање. Се зависи од Тоше, тој ја носи крајната одлука", изјави за "Македонски Спорт", менаџерот, Јоргос Патапатиу, кој не сакаше премногу да коментира се она што излезе на хрватските медиуми.

Дружбата ќе чини 350.000 евра!!!

Според "Слободна Далмација" за да Тодор Гечевски му рече ДА на Задар, управата на клубот ќе треба да плати околу 350.00 евра. Хрватите сметаа дека ова е доста голема сума, за која задрани ќе треба да имаат дебела финасиска потпора, која пак во моментов е тешко изводлива.

Доколку капитенот на Задар ги добие 350.000 евра тој ќе постане еден од најплатените македонски спортисти.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:51

ОТКАКО ДОЈДЕ БЛИСКУ ДО ЏО СМИТ, НА МЕТА НА ФИЛАДЕЛФИЈА УШТЕ НЕКОЛКУ ВИСОКИ КОШАРКАРИ

Сиксерс ги сака Крстиќ, Бедринс...

Во Филаделфија се презадоволни од тоа што Џош Смит како квалитет го покажа во изминатите денови и неговиот престој кај Сиксерс.

Но, се чини дека тоа не значи дека "седумдесет и шестките" ќе се задоволат само со еден екстра играч во текот на овој летен преоден рок.

Според неколку извори блиски до Филаделфија, за очекување е дека во наредните денови Сиксерс ќе ги продолжат обидите да дојдат до уште некој потпис на оние рекстриктирани "слободни агенти" кои се достапни на "пазарот".

По Смит, од Атланта е нанишанет и Џош Чилдрес, кој веројатно би можел да дојде во Филаделфија и по пат на размена.

Во Филаделфија се подготвени да разменуваат, па дури и играчи како Андре Игудала и Лоу Вилијамс.

И не само тоа, сакаат да најдат еден вистински, класичен центар, кој би го споиле со Сејмуел Даламберт.

А во тој избор Филаделфија наводно ги вклучила Ненад Крстиќ од Њу Џерси и Андринс Бедринс од Голден Стејт.

Иако нивна прва опција за тоа место беше Елтон Бренд, со оглед на малиот простор за маневар (читај пари во "селари-капот"), тие ќе се префрлат на овој избор во кој се Србинот и Летонецот.

Иако во моментов не знаат соколку пари ќе располагаат во понудата, се верува дека Сиксерс се способни да соберат 11.5 милиони, што би значело дека може да дадат понуда вредна 66.7 милиони долари за петгодишен договор.

"Мислам дека Ненад би бил одлично решение за нив"- вели агентот на Крстиќ, Марк Корнштајн."Но, мора да се знае дека во првите 24, или 48 часа од отворањето на пазарот, навистина може да се случат многу луди работи. Затоа тие работи мора да се знаат сега, пред сето тоа да почне" - дообјаснува Корнштајн.

Поради повредата на коленото, неговиот клиент пропушти најголем дел од сезоната 2006-2007. Но во ланската беше стартер на 38 од 45. натпревари и заврши со просек од 6.6 поени и 4.5 скока.

Другата опција за Сиксерс, е Андринс Бедринс, 11. пик од драфтот во 2004 година. Со само 22. години, тој веќе беше во улога на стартер на 59 од 76 средби на Вориорс во ланската сезона во која оствари просек од 10.5 поени и 9.8 скока но и 1.24 блокади со одлична реализација од поле (62.6%).

Ед Стефански, човекот задолжен за овие прашања во Филадефија не беше достапен да ги коментира овие најави.

Бренд - прескап ?

И покрај тоа, што во овој момент се чини дека немаат пари за да дојдат до Елтон Бренд, во Филаделфија не сакаат да се откажат од битката за овој центар со Ол-стар статус во НБА.

Извесно е дека по најавите дека Клиперси ќе му понудат "само" 70. милиони долари за нов петгодишен "дил" на Бренд, тој е веќе

е виден како нов играч на Голден Стејт. Но, ако се знае дека од Оукленд спремија фантастична понуда која е вредна цели 90. милиони долари за пет години, тешко е за верување дека во таа приказна може да се вклучи и Сиксерс, кои засега имаат само 66.7 милиони долари за тој евентуално петгодишна верност.

Но, во Филаделфија постои надеж дека со неколку "маневри" и пред се размени на играчи, може да ја покачат на достижна.

"Во игра" и Магети...

Кори Магети е исто така на "радарот" на Сиксерс во текот на ова лето. Иако има опција да земе седум милиони долари од ЛА Клиперс за последната сезона од договорот, тој е подготвен да го тестира пазарот.

А една од варијантите е и да дојде во Филаделфија, која може да му понуди повеќе пари од тие седум милиони.

Неговиот агент Роб Пелинка не сакаше да ги коментира вестите на "Сан Антони Експрес-Њуз" кој веќе го пресели Магети во Тексас.

Токму поради тоа во Филаделфија најавуваат преговори и со овој одличен кошаркар, кој лани имаше просечни 22.1 поени, 5.6 скока, и 2.7 асистенции.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:21

ПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ПРЕСВРТ ВО РАЗМИСЛУВАЊАТА НА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИБЕЦ

1.5. милион евра го селат Антиќ во Ростов?

Според поголем број руски и бугарски медиуми, Локомотив подготвен да ја плати оваа сума за двегодишен договор. И не само тоа, следуваат и дополнителни бонуси во зависност од игрите во зелено-црвениот дрес на тимот од Ростов.... 100.000 евра за "слободата" од Лукоил Академик...

Точно еден и половина милион евра се причината поради која Перо Антиќ, најверојатно, си заминува од Лукоил Академик и ќе потпише официјален договор со екипата на Локомотив од Ростов.

Веројатно, тоа ќе биде двегодишен договор, според кој веројатно е дека Антиќ и официјално ќе им се приклучи на Наумоски, Стефанов и на Илиевски, како најплатени македонски кошаркари во историјата на нашата кошарка.

Според голем број медиуми, како од Русија така и од Бугарија, тоа е сумата која го "натерала" Перо Антиќ да не ризикува со играње во летната лига во Орландо, но и сериозно да размисли за преселба во Русија, поточно во Ростов.

"Не би зборувал за цифри во овој момент. Не е ниту време, ниту место да 'се расфрлува' некој со такви суми, кога и кај нас и во околината има луѓе кои не можат да состават 'крај со крај'" - вели Антиќ. "Реков и вчера, прво сакам да видам што за целата оваа ситуација мислат водечките луѓе на Лукоил Академик".

Сепак, тоа е веројатно понуда која тешко се одбива, макар дошла и од една просечна руска екипа каква што е Локомотив од Ростов. А таа вели дека во првата сезона од престојот во Ростов Антиќ ќе кешира неверојатни 700.000 евра, а во наредната уште повеќе, дури 800.000 евра ?

"Штом размислувам и тоа сериозно за еден таков договор, сигурно е дека ми одговара. Но би сакал да зборуваме за тоа дури откако ќе завршам со Лукоил Академик. Ако тие кажат дека можам да заминам, тогаш можеме да зборуваме конкретно, па и за мојот иден ангажман"- дополнува Антиќ, кој се очекува да се врати во Скопје за пет-шест дена.

Сепак, некои работи стануваат појасни околу реализацијата на овој договор ако се знае дека една од клаузулите кои ги има Антиќ во неговиот "дил" со "академиците" јасно кажува како може да го направи тоа.

Неофицијално, доколку Антиќ сака да си замине предвреме од Лукоил Академик, за тоа ќе мора да плати отштета во висина од 100.000 евра.

Цифра, која веројатно рускиот Локомотив од Ростов може да си дозволи и ќе ја плати за да дојде до еден од најталентираните крилни центри во Европа, и со високи бројки од ланското издание на УЛЕБ-Купот.

Во тој случај нема никакви пречки за Перо Антиќ во наредните две сезони стане дел од "зелено-црвените" од Ростов.

"Јас таква информација немам, би сакал да ја дознаам што е можно побрзо и да знам на што сум и кои ќе бидат следните потези"- останува повторно недокажан нашиот репрезентативен центар.

Б. Радуловиќ

САШО ВЕЗЕНКОВ, СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ЛУКОИЛ АКАДЕМИК

Имавме друг договор со Перо...

Пишувањата дека можеби ќе останат без својот најдобар играч непријатно го изненадија и спортскиот директор на Лукоил Академик, Сашо Везенков.

Во изјава за бугарскиот весник "Тема спорт", Везенков вели дека ќе мора да разговара и со Антиќ и со неговиот менаџер.

"Знаевме за понудата која ја дадоа Русите, но не можам да коментирам ништо затоа што не сум во Бугарија и не ги знам деталите. Ние имавме друг договор со Перо. Но при прифатливи финансиски параметри немаме право да го сопреме. Тој ќе си ја плати отштетата и ќе замине. Кога ќе се вратам во Софија ми претстои разговор со Капјикони"- вели Везенков.

Со тоа практично и му ја отвора вратата на нашиот репрезентавивец на патот кон Русија и Локомотив од Ростов.

Наскоро и бугарски пасош за Антиќ...

Како што пишуваат Бугарите, Лукоил Академик ќе доживее и двојна загуба со заминувањето на Перо Антиќ.

Имено, тие велат дека Антиќ ќе тргне кон Русија, но и со бугарска патна исправа.

Пред с$ затоа што неговото евентуално заминување во Ростов не е причина за прекин на процедурата за издавање на бугарски пасош. Според "Тема Спорт", најмногу за два месеци, Антиќ ќе стане државјанин на Бугарија, со тоа и на Европската Унија.

Најмногу по заслуга на настојувањата на Валентин Златев, првиот човек на Лукоил Академик.

Со тоа практично Антиќ ќе ја продолжи кариерата на друго место, надвор од Софија, но сега како играч кој доа од Европската Унија. Факт кој во старт му ја подигнува цената на европскиот пазар, но нема да влијае на неговата репрезентативна кариера.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:22

ГОЛДЕН СТЕЈТ ИЗЛЕГУВА КАКО ПОБЕДНИК ВО ТРКАТА ЗА НАЈБАРАНИОТ "СЛОБОДЕН АГЕНТ"

Магети кај "воините" за 50 милиони долари

Екипата на Голден Стејт ќе потпише договор со најдобриот стрелец меѓу слободните агенти кои се најдоа на пазарот на НБА лигата во текот на ова лето.

Според избор близок до двете страни, Кори Магети ќе добие петгодишен договор од Вориорс "тежок" 50 милиони долари.

Сето ова засега е неофицијално, но ќе потрае веројатно само една вечер, откако "ќе падне" мораториумот во НБА лигата кој не дава да се зборува за официјални потписи пред 9 јули.

Потврда за овој трансфер даде и "Сан Франциско Кроникл".

Одличното крило кој беше лидер на стрелците во мибнатата сезона на ЛА Клиперс би требало да биде одлично дополнение во тимот на Дон Нелсон, особено откако се најавува речиси сигурно заминување на Берон Дејвис, токму во ЛА Клиперс.

Лани заврши со просек од 22.1 поени, 5.6 скока и 2.7 асистенции, најдобар во неговата кариера и како играч на Клиперс каде е од далечната 2000 година, подолго од кој било друг активен играч на вториот тим од ЛА.

Но, токму Магети исто како и Елтон Бренд ова лето размислува(ше) за "излез" од редовите на Клиперс. Ја одби опцијата да ја одигра последната година од договорот вредна седум милиони долари за да добие подолгорочен од Вориорс.

Кај "воините" овој 28-годишен кошаркар веднаш би постанал стартер во петорката во која би биле уште и Стивен Џексон, Ал Херингтон, веројатно и Монта Елис и Андринс Бедринс.

Токму триото Магети-Џексон-Херингтон треба да е онаа "ветеранска база" на која Нелсон ќе го гради тимот, пред с$ исполнет со голем број млади играч како Брендан Рајт, Марко Белинели, Ентони Рејндолф и Ричард Хендрикс.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:59

ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ПОЗНАТИ УЧЕСНИЦИТЕ ВО БИБЛ ЛИГАТА

ПАОК сигурен!

*Според нефицијални извори, вториот грчки претставник ќе биде Ионикос Ламиас

*Последната информација која не е ни малку пријатна за нас е тоа што во игра влегува Балкан каде настапуваше Александар Антиќ

Иако рокот за потполнување на трите празни места во БИБЛ веќе измина, сепак с$ уште нема официјален став за комплетниот изглед на костурот за новата лига на Балканот.

Последниот термин за потврдување на имињата беше 15 јули, а беше наменет за Грција и нашиот вицешампион, Струмица.

Сигурен тим кој ќе го потполни празното место на првиот грчки учесник е ПАОК. Откако грчкиот прволигаш го презема новиот претседател, Димитрис Дросос, тамошната федерација одлучи токму на него да му даде вајлд-карта за БИБЛ.

Инаку, ПАОК ќе биде во групата "А" каде е и нашиот шампион, Фени Индустри.

Според нефицијални извори, вториот грчки претставник ќе биде Ионикос Ламиас.

Чудно, но вистинито во Балканската лига ќе учествува и екипа која во своето домашно првенство настапува во Втората лига.

Клупската историја на Ламиас е многу скромна. Овој тим има искуство само во Втората лига, а минатата сезона заврши на четвртата позиција.

Кои се причините, поточно предностите што ги има Ламиас засега не се познати. Најверојатно второлигашот поседува голем буџет, со кој би можел да го добие билетот за БИБЛ.

Доколку Лимаиас и официјално биде вториот грчки противник тој ќе игра во групата "Б" каде се Фершпед Работнички и Струмица.

Последната информација која не е ни малку пријатна за нас е тоа што во игра влегува Балкан каде настапуваше Александар Антиќ. Тимот од Балкан се најавува за замена на Струмица, доколку го откаже своето учество.

Но ако се земе дека Панајотис Карапиперис најави дека вицешмпионот ќе учествува во БИБЛ лигата, во тој случај се поставува на чие место ќе дојде бугарскиот тим.

Најверојатно последните случувања кај "зелено-белите" им дале на балканските клубови да почнат да прават математики, кои во никој случај на не ни одат во прилог.

Останува конечниот костур на лигата да го дознаеме денеска кога претседателот Шај Штрикс треба да излезе со официјален став за БИБЛ лигата.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 17:00

НИЗ НБА

Поранешниот играч на Блејзерс, Дариус Мајлс ги изврши последните подготовки за да се врати во НБА, но овој пат за тимот на Далас Маверикс.

"Тој напредува многу побрзо отколку што очекував. Ако ме прашувате за оценка од 1-0, јас би му дал шестка", коментирал еден од играчите на Маверикс, кој се наоѓа на кампот.

"Психички сум 100% подготвен. Не сум во играчка форма, но ќе бидам во најскоро време", им потврдил на новинарите Мајлс.

Доколку Дариус во најскоро време заздрави, тој ќе постане првиот играч кој по тешка повреда успеал да се врати на терените.

Екипата на Минесота најде заеднички јазик со Крег Смит, кој веќе е ставен на списокот на дојдени играчи.

Смит, кој минатата сезона имаше просек од 9.4 поени и 4.6 скокови за 77 одиграни натпревари, најверојатно, ќе & се приклучи на Минестоа на летниот камп во Лас Вегас.

По заминувањето на Поузи, Бостон веднаш се фатија за работа, во најскоро време се очекува да го објават новиот играч кој ќе може да го замени сега екс-играчот на шампионот.

Поузи пред два дена потпиша договор кој тежи 25 милиони долари со Њу Орлеанс.

Во моментов слободни играчи на кои ќе може да смета Бостон се: Мајкл Финли, Дивен Џорз, Мет Барнес, Велс и Маркус Еванс.

"Одиме на неколку опциии. Нема да бараме играч кој ќе го замени Поузи. Наша цел е да направиме нешто друго, како и да е, ќе ги вложиме доларите не еден друг начин", изјавил менаџерот на Бостон Селтикс, Дени Еинџ.

Претседателот на Пистонс, Џо Думарс, е убеден дека шансите за неговиот тим пред завршувањето на кампот да направи промени се 50:50.

"Еве што би можел да ви кажам. Продолжувам да правам с$ што можам за мојот тим и тоа ќе го докажам", им рекол на љубопитните новинари Думарс.

На крајот првиот човек на клубот кажал дека никој од тимот не е незаменлив.

За многу кратко време Милвоки Бакс се засили за уште еден играч. Се работи за Маил Ален, кој беше во Чикаго каде тренираше под палките на Скот Скилс.

Ален ќе му се придружи на Тајрон Ли, кој за Милвоки потпиша пред неколку дена. Двајцата Алени заедно со Ли играа минатата сезона за Маверикс.




КИНА МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ, НИВНИОТ ЦЕНТАР СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНИТЕ

Минг со "11" против Србите

И официјално Јао Минг се врати на терените. По петмесечната пауза репрезентативецот на Кина постигна 11 поени на првиот меч на Станковиќ купот.

Неговата селекција со убедливи 96:72 ги порази Србите и најави дека ќе биде еден од главните конк*ренти за освојување на ОИ во Пекинг.

Центарот на Хјустон Рокетс влезе од клупа и по неколку миниту првите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања, откако претходно утна зицер.

Дека Минг се наоѓа во одлична форма говорат 12 минути кои ги мина на паркетот, а за кои без проблем постигна 11 поени.

"Сите можеа да видат дека навистина се наоѓа во добра форма. Тој постигна 11 поени, а одигра само 12 минути..., мислам дека би било безмислено да го коментирам неговиот ефект", изјавил селекторот на Кона, Казлаукас.

Во март Јао направи операција на стопалото, по што мораше во "аут" да биде 143 дена.

"Многу ми е жал, но нашата федерација не ни дозволува да даваме изјави", бил краткиот коментар на Јао Минг.

И Ји Јианлиан вториот игарч на Кона кој игра во НБА постигна 14 поени и фати пет скока.







-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:35

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ТАБОРОТ НА ВИЦЕ-ШАМПИОНОТ

Струмица се откажа од БИБЛ!!!

Лоши вести од таборот на вице-шампионот, финасиската криза не е надмината. Струмица се откажа од БИБЛ лигата, иако претходно се најавуваше дека ќе игра во Балканската лига.

Во текот на вчерашниот ден претседателот на Струмица, Панајотис Карапиперис конечната одлука му ја соопштил и на Шај Штрикс, кој им даде доволно време на "зелено-белите" за да најдат решние за ни малку посакуваната ситуација во која се најдоа.

"Екипата на Струмица и официјално нема да игра во БИБЛ лигата. Претседателот на клубот, Панајотис Карапиперис во текот на вчерашниот ден ме извести дека дефинитивно се откажуваат", ни потврди Илија Мерџановски, кој е член на ОУ на БИБЛ.

Местото на Струмица ќе го потполни уште еден бугарски тим. Најверојатно тоа ќе биде Балкан.

Засега сигурен учесник во БИБЛ како што пред неколку дена најави "Македонски Спорт" е ПАОК, кој и ќе биде единствениот претставник од Грција, втор тим нема да има.

"Екипата на ПАОК сигурно ќе игра во лигата, она што с$ уште е неизвесно е дали Грција ќе има втор претставник. Ново е тоа што од Бугарија ќе има уште еден тим. Кој ќе биде дефинитивниот изглед на БИБЛ за првата сезона ќе биде познато на 10 август", коментира, претседателот на БИБЛ лигата, Шај Штрикс.

Според моменталните информации во БИБЛ ќе има три претставници од Бугарија и Србија, по два од Македонија и Ромнија и еден од Бугарија.

За постетување Фени Индустри и Фершпед Работнички се нашите екипи кои ќе не претставуваат во новата Балканса лига.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:19

МАРЈАН ЃУРОВ ЈА НЕМА ДОНЕСЕНО КОНЕЧНАТА ОДЛУКА ЗА НАСТАП ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА:

Се чекаат резултатите од контролата

*"Не е точно дека сум се откажал од националниот тим, поточно дека нема да настапувам на квалификациите", вели Ѓуров

Многуте предвремени отпишувања на дел од играчите во националниот тим овие денови не само што ја збунија јавноста туку самите репрезентативци.

Марјан Ѓуров е еден од оние играчи кој иако с$ уште ги нема добиени првите резултати од контролата по оперативниот зафат на препоните, а веќе е ставен на спиокот кои се откажле од репрезентативниот дрес.

Искусното крило на шампионот во понеделник ќе има разговор со селекторот Јовица Арсиќ кого ќе го информира за моменталната форма во која се наоѓа.

"Не е точно дека сум се откажал од националниот тим, поточно дека нема да настапувам на квалификациите. Прво мојата ситуација не е таква за да можам кажам дека сигурно ќе играм или пак дека ќе се откажам. Моментално с$ уште се рехабилитирам од операцијата. За почеток трчам праволиниски 15-20 мин и одам на терапија. Можам да потврдам дека нема да бидам на стартот од подготовките. Натпреварите што се закажани за почетокот на август сигурно нема да ги играм. Оваа повреда бара голема претпазливост, а сите детали ќе бидат познати по контролата која е закажана за прво август", коментира Марјан Ѓуров, кој и самиот беше затечен од фактот дека сигурно нема да настапи за националниот тим.

Според Ѓуров ќе биде потребно време, поточно доколку биде се во ред ќе треба да прескокне дел од подготовките, а засега информациите од националниот тим говорат дека ќе чекаат да се рехабилитира.

"Прво треба да разговарам со селекторот да го информирам за целата ситуација и формата во која се наоѓам. С$ уште ми е забрането да застанувам во став и да правам нагли движења. Планирам додека репрезентацијата биде во Бугарија да завршам со вежбите во базен, а потоа кога ќе се вратат, доколку се е во ред да се приклучам. Не сакам мојата ситуација и зборови да бидат искористени во лоша конотација. Значи јас официјално немам донесено никаква конечна одлука. Прво на секој играж желба е да игра за најдобриот национален тим, а јас се ќе направам да се вратам и да помогнам колку што можам", заврши искусното крило.


Арсиќ тенок со "крила"

Она што е извесно е дека селекторот на нашата најсилна репрезентација, Јовица Арисќ, можно на почетокот на подготовките да има проблеми со крилната позиција.

Засега неизвесни во составот се Перо Блажевски и Марјан Ѓуров, а овие квалификации нема настапи Александар Димитровски, кој поради повредата со коај се здоби минатата година не се чуствува доволно подготвен да одговори на барањата на Арисќ. За оваа позиција засега најсигурен е Диме Тасевски, кој ќе биде на прозивката в понеделник.

"Спалдинг" заштитен знак

Се е подготвено за првиот собир на нашата најдобра селекција. Во текот на вчерашниот ден пристигна опремата, заштитен знак ќе биде "спалдинг".

Целокупната сума која е првично потрошена за да нашите сениори ги имаат сите неопходни услови е околу 7.500 евра. За разлика од минатата година организацијата ќе биде на повисоко ниво. Точно се знае програмата како и бројто на контролите кои ќе ги одиграат избраниците на Јовица Арисќ.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:20

ГОЛДЕН СТЕЈТ СЕ ОСИГУРА НА БЕКОВСКАТА ПОЗИЦИЈА

Елис во наредните шест години со Вориорси

Екипата на Голден Стејт се осигура дека Монтеј Елис ќе биде долго време во нивните редови, потпишувајќи шест годишен договор, вреднен вкупно 66 милиони долари.

Од Елис кој претходно немаше голема слобода во играта, наредната сезона се очекува од него да постане лидер во тимот, особено по заминувањето на Барон Дејвис, кој си замина од тимот за да се приклучи на Лос Анџелес Клиперс.

"Дефинитивно ќе го имаме Монтеј во наредните неколку години. Тој е еден од најдобрите малди играчи во последните две години и страшно уживаше во неговите игри. Напредокот во играта што го демонстрираше како за млад играч е неверојатен, очекуваме да биде лидер во наредната сезона", изјавил потпретседателот на Голден Стејт, Крис Мулин.

22-годишниот бек беше избран на драфтот во 2005 година, а во неговата статистика стојат 20.2 поени, пет скока, 3.4 асистенции и 1.5 украднеи топки за 81 одиграни натпревари.

Додека во 2006/07 година беше избран за најважен играч по завршувањето анс езоната.

Пред да го потпишат младиот бек, Вориорси се договрија и Келен Азубуике.

Минатата сезона за Голден Стејт имаше просек од 8.1 поен и четири скока за 81 средби.

"Среќни сме што Азубуике што се врати во тимот. Тој е исто такак млади и талентиран играч, а тоа го докажа во претходните две сезони. Не треба да се заборави и неговиот олдичен процент од линијта за три поени", додал Мулин.

Покрај овие двајца играчи во Голден Стејт дојде и вториот пик на драфтот, Ричард Хнедрих.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:16

СО ДЕНЕШНИОТ СОБИР ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВА НОВИОТ ЕВРО-ЦИКЛУС ЗА НАШИТЕ СЕНИОРИ

Ручек, прегледи, па на работа...

Крај на летниот одмор, и тоа за оние најдобрите, за играчите кои селекторот Јовица Арсиќ ги стави на списокот на кандидати од кои ќе треба да ги одбере најдобрите 12 кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија во уште еден обид да се стигне на завршната претстава наречена Европско првенство која е закажана следната 2009 година во Полска.

Со денешниот свечен или подобро може да се каже "работен ручек" во "Пивница АН" во Скопје ќе почне и оној задолжителен период на подготовки на "црвено-жолтите" за она што ги чека во септември, квалификациите за Евробаскетот 2009.

."Се договоривме тоа да биде еден заеднички ручек, онака, во една опуштена атмосфера да помуабетиме, да се договориме, да видиме што и како ќе работиме во претстојниот период"- вели директорот на националниот тим, Илија Мерџановски. "Не е ништо специјално, ништо помпезно, едноставно еден обичен собир"...

Селекторот Јовица Арсиќ на својот список остави 17 имиња. Но извесно е дека денеска во Скопје ќе недостасуваат неколку од нив.

Ќе задоцнат неколку играчи, во преден план Владо Илиевски, Џеремаја Мејси, веројатно уште некој.

Но според Арсиќ, тоа може да се окарактеризира како оправдано.

"За очекување е да има неколку отсуства на почетокот од подготовките и тоа оправдани"- вели селекторот. "Договорено е од порано Илиевски да дојде подоцна. Го разбираме, очекува принова во семејството и не може да биде со нас од почетокот. Мејси имаше претставување во Мадрид, и сигурно е дека тоа, односно промоцијата во нов член на Реал Мадрид ќе му одземе уште некој ден-два додека дојде овде"- велат предводникот на стручниот штаб на нашата селекција.

Ако с$ биде во најдобар ред, со исклучок на овој двоец, точно на пладне Арсиќ треба да ги дочека: капитенот Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, потоа Ристе Стефанов, Перо Антиќ, Предраг Самарџиски, Димитар Мираковски, Дарко Соколов, Марјан Ѓуров, Златко Гоцевски, Диме Тасовски, Јане Петровски, Војдан Стојановски, Горан Самарџиев, Огнен Стојановски и најголемата енигма, Перо Блажевски, ако воопшто може да стане збор за такво нешто.

Арсиќ е свесен дека сме во некој временски "цајтнот", токму поради одлуката репрезентативците да добијат уште некој ден одмор, но и за тоа дека е с$ "надоместливо".

"Знаеме дека противниците почнаа порано од нас. Но нашиот план беше познат од порано и не сакав да го менуваме. Значи во наредните два дена поделени во две групи ќе ги направиме оние задолжителни лекарски тестирања. Да имаме максимален увид во моменталните можности на поединците по оваа играчка пауза во текот на летниот одмор"- појаснува Арсиќ. "Од првиот ден на август одиме за Бугарија, поточно во Боровец каде е предвидена онаа прва фаза од подготовките. По десет дена тренирање, таму ќе ја имаме првата проверка. На 11 август ќе играме против селекцијата на Бугарија, кога ќе го имаме првиот показател до каде сме дошле"- смета Арсиќ.

Свечен ручек, па лекарски прегледи, и толку. Потоа работа, работа и само работа. Тоа е распоредот, па и мотото под кое ќе треба да се раководат "црвено-жолтите", но и оние околу нив на новото патување низ Европа, поточно преку Летонија, Португалија и Естонија, со крајна одредница Полска.


БЕЗ СВОЈАТА ПРВА ЅВЕЗДА, АНДРИС БЕДРИНС

Летонците 1-2 во Москва


Репрезентацијата на Летонија, еден од нашите три ривали во квалификациите за ЕП 2009 година во Полска, веќе почна со одигрување контролни натпревари.

Досега најсилниот тест за тимот на новиот селектор Ненад Трајковиќ, беше учеството на силниот турнир во Москва.

Во "друштво" на селекциите на Русија, Србија и Украина, со скор од една победа и два порази, Летонците го освоија третото место.

По двата убедливи порази, прво од Србија (74:89), а потоа и од домаќинот Русија (63:84), Летонците, без својот прв играч , НБА ѕвездата Андрис Бедринс ја "добија" Украина (85:60).

На овој турнир Трајковиќ проба дури 14 кошаркари, меѓу нив и неколку новаци како Порзингис, Јермановс, Берзинс, Умбрашко, Јуревичус...

Ова ќе биде и последна проверка на Летонија во подготвителниот период без помошта на Андрис Бедринс, кој конечно се договори со Голден Стејт откако доби 63 милиони долари за шест години, што е нов рекорд кога е во прашање летонската кошарка.

"Се надеваме дека преку некои наши 'врски' брзо ќе ги добиеме видеоматеријалите од овие три средби на Летонија. Ќе ни бидат и тоа како од корист без оглед на тоа што играле без Бедринс. Колку што можев да дознаам, во тимот ги немало и Армандс Скеле како и Кристапс Валтерс, играчи на надворешните позиции, доста битни за нивната игра"- вели селекторот Јовица Арсиќ.



БОРИС ЗМЕЈКОВСКИ СО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ НА КОЈ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА НОВАТА САЛА

Репрезентациите добија најповолни услови

*"Сите оние кои мислат дека нам ни помога Владата на РМ се во голема забуна. Ние сме посебно претпријатие и сами се бориме за салата да биде во најдобар ред", вели претседателот на УО на новата сала

За сите нејаснотии кои се пројавија околку користењето за новата сала "Борис Трајковски" во јавноста се огласи претседателот на Управниот одбор, Борис Змејковски.

Според првиот човек, за сите репрезентации цената за користење на услугите на најдобрата сала кај нас се многу пониски, односно достапни за нашите услови.

"Прво би сакал да ги демантирам сите неточни информации околку користење на услугите на новата сала. Не е точно дека цената е прескапа. Ценовникот за сите репрезентации е со најниски цени, значи станува збор за дампинг-цени. Прво би сакал да објаснам што значи да раководиш, поточно да бидеш менаџер на салата. Вие самите велите дека останатите сали во Скопје не исполнуваат ниту еден европски услов. Конкретно цената која им беше понудена на КФМ не ги покрива сите наши трошоци, значи ние можеме да бидеме во загуба. Бидејќи станува збор за голем објект, треба да се земе предвид колку плаќаме струја. Салата се води како приватно претпријатие, што значи дека ние немаме попуст во ЕВН, па затоа во наредниот период ќе се обидиме да се избориме за нов пакет. Салата нуди многу дополнитлни европски услови: туш кабини со постојано топла вода, современи соблекувални, посебни места за новинари, посебни тоалети за гледачите во кои хигиената е на врвно ниво, најнови посебни осветлувања, голем паркинг... Доколку сакаме салата да не се затвори и да дојде на исто ниво како останатите ќе мора постојано да се одржува, поточно добро да се менаџира. Сите оние кои мислат дека нам ни помога Владата на РМ се во голема забуна. Ние сме посебно претпријатие и сами се бориме за салата да биде во најдобар ред", вели претседателот на УО на салата "Борис Трајковски", Борис Змејковски.

Но како КФМ би ги вратила инвестициите?

"Има начин како КФМ ќе ги врати парите, дури и може да добие многу повеќе. Доколку салата секој ден доаѓаат најмалку 2000 љубители на кошарката, а цената на билетите биде симболична, во тој случај не гледам причина за незадоволство. Треба само да знаат како да го изработат маркетиншкиот план. Уште еднаш ќе повторам оваа сала мора да се одржува, ако некој знае подобро јас веднаш ќе го предложам да ме замени. Дури сигурен сум дека кога Владата на Р.М. ќе го види ценовникот нема да соогласи со него, бидејќи се работи навистина ниски цени. Сите репрезентации кои се организатори на европски или светски првенства добиваат од голема сума на пари која е доволна за да се покријат сите трошкови. Еве прашајте ги РФМ колку пари добија од ИХФ, а се жалат дека за нив се прескапи цените на новата сала. ", додава Змејковски.

Не само за јуниорското ЕП "Б" дивизија КФМ ќе треба да се договори и за сениорската репрезентација, која ќе мора да тренира во новата сала каде ќе ги игра квалификациите за ЕП 2009 година.


Еден меч = 2140 евра

Претседателот на УО на новата сала, Борис Змејковски, не ја криеше цената која им беше понудена на КФМ. За одигрување на една средба "куќата на кошарката" ќе треба да плати 2140 евра, додека за тренирање таа изнесува 600 евра.

"За спортските настани на нашите репрезентации цената е многу пониска за разлика од културните манифестации. Значи ние ја понудивме најповолната цена, предност секогаш имаат домашните тимови", ни потврди Змејковски.





НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА "ПОД 20" ГОДИНИ ДЕНЕСКА ТРГНУВА ЗА РОМАНИЈА

Да се даде максимумот

"Очекувам да се наметнеме како селекција која знае што сака на ова ЕП. Од играчите барам, и ќе барам уште од почетокот на првенството да станеме 'препознатливи', пред с$ по играта, дисциплината, и секако со квалитетот. Едноставно да покажеме дека имаме талентирани играчи и ја презентираме нашата земја на највисоко можно ниво" - смета селекторот Емил Рајковиќ по последниот одработен тренинг пред тргнувањето за Тургу Муреш и настапите на ЕП од Дивизијата"Б".

Заврши периодот на подготовки за нашата младинска селекција, или според стандардите на ФИБА-Европа, крстена како "под 20" години.

Денеска куферите се спакувани, удрени се и "визите" за Романија, значи с$ е подготвено да се тргне на далечен пат до градот Тургу Муреш каде од 1 до 10 август Македонија ќе учествува на Европското првенствот од Дивизијата"Б".

Селекторот Емил Рајковиќ има визија и надеж дека во оние десет дена престој во Романија оваа наша селекција може да направи доста.

"За мене како тренер е најважно секој натпревар да го играме максимално концентрирано и секогаш да го даваме својот максимум од можностите. Без оглед на тоа што од нас не се бара висок пласман, сакам да бидеме оптимисти и во секој натпревар ќе одиме на победа. Особено битно е да го добиеме првиот противник, Португалија"- смета Рајковиќ.

Како да се стигне до тоа "ниво на игра" е следното прашање до Рајковиќ?

"Очекувам да се наметнеме како селекција која знае што сака на ова ЕП. Од играчите барам, и ќе барам уште од почетокот на првенството да станеме 'препознатливи'. Пред с$ по играта, дисциплината, и секако со квалитетот. Едноставно да покажеме дека имаме талентирани играчи и ја презентираме нашата земја на највисоко можно ниво"- дополнува младиот тренер кој ќе има деби настап како селектор на едно ЕП макар од Дивизијата "Б"."Ако имаме таков пристап, убеден сум дека нема да изостанат и резултатите. Ќе одиме чекор по чекор, односно од противник на противник. Нема да се занимавам со прогнози. Ако бидеме добри ќе имаме и добар резултат во Романија"- заклучува Рајковиќ.


Патниците за Тургу Муреш

Немаше некои големи дилеми стручниот штаб во изборот на оние 12 кои ќе н$ претставуваат на ова ЕП во Романија.

Селекторот Емил Рајковиќ и неговиот асистент Слободан Петровски одлучија екипата да биде во некоја рака бековска.

Недостигот на квалитет во висина се обидоа да го надоместат со поголем број играчи на надворешните позиции.

Вистински центар е единствено Кирил Николовски кому ќе му помагаат Марјан Јанески како и Бојан Крстевски и Александар Костески, единствените кои ја преминуваат висината од два метри.

На списокот се: Александар Костоски - бек-188см; Кирил Николовски - центар - 210 см; Марко Симоновски - крило - 190см; Марјан Јанески - крило - 203см, Ивица Димчевски - бек - 192см, Иван Атанасоски - бек - 188см, Јован Марковски - крило - 198см, Бојан Крстевски - к/центар - 205см., Игор Атанасоски - бек - 188см, Владимир Брчков - бек - 193см, Александар Костески - крило - 200см, Никола Вукадиновиќ - бек-190см;



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:12
ЖЕСТОКА ЌЕ БИДЕ КОНк*рЕНЦИЈАТА НА БЕКОВСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО НАШИОТ СЕНИОРСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

Кој покрај "недопирливите"Стефанов и Илиевски?

И овој квалификациски циклус Врбица Стефанов е на чело на колоната. И покрај тоа што го нема на подготовките, Владо Илиевски е сигурен за своето место. За останатите две ќе конк*рираат Мираковски, Петровски, Самарџиев, Соколов, Огнен Стојановски...

Ако за некој во нашиот национален тим се резервирани некои позиции, тогаш во преден план се секако оние бековските, или попрецизно кажано организаторите на играта.

Дефинитивно е јасно дека и оваа сезона во улога на "недопирливи" уште еднаш ќе бидат капитенот Врбица Стефанов и Владо Илиевски, без оглед на тоа што барем уште две недели нема да се појави на подготовките.

А на оние кои се во тек, а се изведуваат на Боровец, останатите кандидати ќе се борат за двете празни места во плејмејекрската линија.

А ги има неколку, од оние поискусните меѓу нив, како Димитар Мираковски и Горан Самарџиев, па се до Јане Петровски, Огнен Стојановски и најмладиот во ова друштво на бекови, Дарко Соколов.

Ако го прашате селекторот Јовица Арсиќ, ќе ви одговори дека сите почнуваат од "нула".

Но во пракса, веројатно е малку поразлично.

Јасно е како дена дека без оглед на тоа кој ќе заслужи место во "дванаесеторката", не ќе има многу можности да се изнаигра покрај неприкосновените Стефанов и Илиевски.

Но прашањето е кој би можел да биде нивниот "бек-ап". Иако е прерано за давање прогнози, се чини дека Мираковски е најблиску до таа позиција.

Зад себе ја има можеби и најдобрата сезона во оваа, домашна, конк*ренција на бекови и за очекување е дека може да очекува и деби настап во претстојните квалификации.

Од друга страна Јане Петровски веќе го направи тоа во ланскиот циклус (против Естонија во Скопје), и е подготвен на условите под кои работи селекторот Арсиќ.

И Огнен Стојановски беше дел од ланските подготовки, но се чини дека повредата на скочниот зглоб го одалечи уште "во старт".

Непознати има и околу Горан Самарџиев. И тој имаше здравствени проблеми на почетокот на овие подготовки, и дури во Бугарија почна да се дружи со соиграчите. Негов најголем адут е секако искуството бидејќи без оглед на паузата (прескокна два квалификациски циклуси), сепак, би можел да биде една од резервните варијанти.

За Дарко Соколов ова е уште една шанса да покаже колку навистина може во ова друштво. Но за разлика од претходно набројаните, тој може да конк*рира и за позицијата на бек-шутер, или популарната "двојка", што го прави подостапен во однос на другите.

Посебно што во таа конк*ренција би бил зад еден Ристе Стефанов, кој по сила на условите понекогаш би можел да "се качи" и на "тројка", со оглед на недостигот на вистински крилни играчи, а во конк*ренција со Војдан Стојановски.

Но зад сите нив се само неколку заеднички тренинзи. Другиот дел од тренажниот процес и секако "контролите" се местата каде ќе се "затвора" списокот на кандидати за она што н$ чека во септември и дуелите со Летонија, Португалија и Естонија.





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:14
МАКЕДОНИЈА ПОДОБРА ОД НОРВЕШКА, ДЕНЕСКА (14.45 ЧАСОТ), ПРОТИВ ФИНСКА СЕ БОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРВАТА "ОСУМКА"

Колективно на чекор до четвртфинале

Машката селекција 'под 20" години ја забележа и втората победа на ЕП од Дивизијата "Б" во Тургу Муреш.

Во уште неизвесен натпревар, во најголемиот негов дел, сем финишот, Македонија ја победи Норвешка (91:83). Со тоа избраниците на Емил Рајковиќ направија и втор чекор до четвртфиналето.

"Заверката" на пласманот во првата "осумка" треба да биде денеска (14.45 часот), кога во 4. коло за противник ја имаме Финска. Со оглед на тоа дека Португалија (со четири победи) веќе го обезебди првото место во групата "А", триумф над Финците би не оставил на второто место на кое се искачивме по триумфот над Норвешка.

Како што и очекуваше селекторот Рајковиќ, Норвешка се покажа како тврд противник, кој не се предава до крајот.

Но овојпат Александар Костоски не остана осамен во офанзивните активности. Сем Симоновски и Марковски, овојпат доби силна подршка и од "високите" наши играчи, како Јанески и Николовски (имаа по 12. поени)."Слабо почнавме, но како одминуваа минутите, така се 'местеше' и нашата игра"- ќе каже Рајковиќ. "Свесни бевме дека нема да ни биде нималку лесно. Ги гледавме на претходните дуели, се работи за доста жилав противник".

Да, Норвешка имаше предност по 10. минути од играта (20-19), откако претходно поведоа со 5-0, па имаа и 15-10.

Првата од шесте тројки на шпутерски расположениот Симоновски ни го даде првото водство на мечот (22-20), кое со одреден исклучоци не го испуштавме. Последен пат Норвешка водеше во 15. минута (32-30), а Рајковиќ изненади со внесувањето во игра на Атанасоски, па до полувремето се одеше во наша корист (43:37).

Имавме и плус 9, по тројката на Марковски, во првиот напад од третата четвртина, но и пад во играта во наредните четири минути, кога противникот се доближи до (49-51), а малку подоцна и израмни на 54-54.

Но капитенот Костоски уште еднаш не остави на растојание, а Симоновски со нов проектил донесе (62-58) пред почетокот на последниот дел од играта.

Веројатно и најдобар за нашата селекција на ова ЕП кога се говори за колективот.

Добриот шут не држеше на резултатска дистанца и покрај проблемите со "личните" на Костоски. Норвежаните "бркаа" до 35. минута, кога имаа достижни 65-71, но извореднито Симоновски беше тука кога беше потребно, да "пукне" тројка и да ги разруши сите нивни илузии за пресврт.



НОРВЕШКА - МАКЕДОНИЈА 83:91

(20-19;17-24; 21-19; 25-29)

Сала во Тургу Муреш. Гледачи: 200. Судии: Баница (Романија) - Барт (Германија) - Јохансон (Шведска)

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ГРУПА А

Финска - Португалија 63:76

Норвешка - МАКЕДОНИЈА 83:91

Велика Британија - слободна

ТАБЕЛА

1. Португалија 4 4 0 306:277 8

2. МАКЕДОНИЈА 3 2 1 242:234 5

3. В. Британија 3 1 2 227:226 4

4. Финска 3 1 2 235:250 4

5. Норвешка 3 0 3 251:271 3

ГРУПА Б

Ирска - Азербејџан 80:51

Чешка- Германија 57:100

ТАБЕЛА

1. Германија 4 4 0 426:199 8

2. Шведска 3 2 1 257:232 5

3. Чешка 3 1 2 163:235 4

4. Ирска 3 1 2 162:251 4

5. Азербејџан 3 0 3 133:304 3

ГРУПА Ц

Словачка - Швајцарија 71:58

Белгија - Естонија 86:81

ТАБЕЛА

1. Естонија 4 3 1 340:300 7

2. Белгија 3 3 0 252:188 6

3. Австрија 3 1 2 223:244 4

4. Словачка 3 1 2 185:212 4

5. Швајцарија 3 0 3 179:235 3

ГРУПА Д

СЛОБОДЕН ДЕН

ТАБЕЛА

1. Романија 2 2 0 144:134 4

2. Полска 2 1 1 152;146 3

3. Холандија 2 1 1 146:142 3

4. Унгарија 2 0 2 124:144 2

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА А

14.45: МАКЕДОНИЈА - Финска

17.00: В. Британија - Норвешка

ГРУПА Б

12.30: Шведска - Ирска

19.15: Азербејџан - Чешка

ГРУПА Ц

14.45: Швајцарија - Белгија

17.00: Австрија - Словачка

ГРУПА Д

12.30: Полска - Унгарија

19.15: Холандија - Романија




-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:16
ТЕСНА ПОБЕДА НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ НА ПОСЛЕДНАТА ПРОВЕРКА ПРЕД ЕП

Се спасувавме против нејакиот Луксембург

МАКЕДОНИЈА - ЛУКСЕМБРУГ 65:61

13-20; 14-12; 21-16; 17-13)

МАКЕДОНИЈА: Павловска, Јаневска 6, Муса 9, Тантуровска 2, антиќ 25, Догазанска, Митрашиновиќ, Божиновска, Раденковиќ 15, Хоџа 2, Рајчиноска, Решкоска 2;

ЛУКСЕМБУРГ: Ј. Шрајнер 3, Хето, Л. Шрајнер 21, Кореја, Брускин 6, Маркус 3, Анже 14, Велш 3, Де Јонг 2, Вајнант 3;

Во веројатно последната проверка пред почетокот на ЕП за селекции "под 18" години, женската јуниорска репрезентација на Македонија славеше победа над соодветната селекција на Луксембруг од 65:61.

Победа која во секој случај носи загриженост во нашата селекција ако се знае дека е изборена во една доста слаба претстава во која противникот, не така јак, го имаше водството во поголем дел.

Избраничките на Светислав Костовски почнаа доста слабо, Лин Шрајнер најчесто знаеше да ги користи сите пропусти, пред с$ во нашата одбрана.

Луксебург оствари плус 7 во првиот период (20:13), предноста која ја задржа до одморот (32:27).

Сепак, во третата четрвртина се разигра Јелена Антиќ, која беше и најзаслужна за резултатскиот пресврт.

Во последниот период се влезе со нерешен резултат (48:48), а и финишот се покажа како неизвесен. Антиќ, која заврши со 25 поени, доби помош од Раденковиќ (даде 15 поени), на крајот можеби и пресудна за конечниот резултат на оваа "контрола".



ПО ПОВОД ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА ЕП ЗА ЈУНИОРКИ ВО СКОПЈЕ

Денеска, прес-конференција

Онака како што е редот, на ден пред почетокот на ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркарки "под 18" години, денеска, со почеток во 12. чссот во просториите на КФМ ќе се одржи прес-конференција.

На истата се очекува присуство на стручниот штаб, но и на членови на организациски от одбор на ова ЕП кои ќе говорат за подготвеноста на нашата селекција но и околу организациските детали на шампионатот.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:17
ВЛАСИС ВЛАИКИДИС ТЕШКО ГО ДОЖИВЕА РАСПАДОТ НА НЕГОВАТА СТРУМИЦА

"Благодарам" Струмица!

"Сепак, последни го напуштивме бродот. И навистина е голема штета што нема да има екипа каква што беше Струмица"- констатира разочарано човекот кој ја донесе шампионската титула во Струмица. "Би се вратил да работам во некоја друга екипа, зошто да не"- вели Влаикидис.

Беше подготвен да се врати, и се врати во како што вели, во неговата Струмица. Дури и повеќе од еден "обичен" шеф на стручниот штаб. Освен тренерските, да ги искористи и "блиските врски" со луѓе кои се подготвени да инвестираат и понатаму во струмичката кошарка.

За жал, ниту тој, ниту претседателот Панајотис Карапиперис не можеше да се одбрани, би го нарекле, од "последниот напад".

Ниту дваесетина дена подоцна откако дозна за лошото струмичко сценарио, Власис Влаикидис тешко го преживува фактот дека веќе нема да ја има Струмица.

Клубот на кој му подари и шампионска титула и кој беше подготвен, кој му ја отвори вратата, да направи уште еден обид, загубеното од ланската да го врати во оваа сезона.

"Се обидовме, дадовме с$ од себе да застанеме цврсто на двете нозе. Мислам дека бевме на чекор да успееме во тој наш обид. Морам да признаам дека најдовме спонзори кои беа подготвени да 'влезат' во нашата екипа. Но, некоја поголема сила го растури клубот. Некој очигледно сакаше да биде поинаку. Сепак, последни го напуштивме бродот. И навистина е голема штета што нема да има екипа каква што беше Струмица"- констатира разочарано човекот кој ја донесе шампионската титула во Струмица.

Влаикидис не заборава да каже чии се најголемите заслуги што Струмица беше и шампионски град.



"Морам да истакнам дека во целата оваа работа господинот Зоран Заев беше столбот на кој се потпреа, се собраа повеќемина. Искрено, пред с$ како човек, ми е жал за ова низ што поминува сега. И се надевам уште поискрено дека многу брзо ќе се ослободи од целата оваа ситуација. Човекот заслужува еден голем респект и пред с$ почитување за с$ што стори за клубот, кој стана и шампионски. Не сакам сега да се гледа низ призма на актуелната ситуација. Дека токму овој човек е причината поради која нема прволигашка кошарка во Струмица. Тие треба да се побараат на друго место, односно во неподготвеноста на поединци да продолжат онаму каде што лани застанавме" - смета Влаикидис. "Би ги одвоил, односно во оваа пригода сакам да им се заблагодарам на навивачите, на нашите 'Ајдуци' за поддршката која ја имавме од нив, и тоа цело време, на цела кошаркарска Струмица "- заблагодарува грчкиот тренер.

Знае дека тука не е крајот на мак-баскетот, а најголемите надежи ги "полага" во пласманот на нашите сениори на ЕП 2009 година во Полска.

"Најискрено сакам вашата репрезентација конечно да ги мине оние квалификациски пречки и да се пласира на ЕП. На мојот пријател Јовица Арсиќ му посакувам успех, исто како и на федерацијата, особено на претседателот Даниел Димевски, на Дејан Лекиќ и на директорот Илија Мерџановски. Вложија голем труд во многу позитивни работи во и околку кошарката, да не зборувам за Струмица. И ред е тоа да им се врати со еден настап на Евробаскетот во Полска".

Влаикидс не "бега" од можноста некогаш повторно да работи во нашата кошарка.

"А зошто да не? Ако во некое скоро време добијам понуда, која важи за сериозна, со голема радост би се вратил повторно да работам во македонската кошарка"- порачува Влаикидис.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:30

МАКЕДОНИЈА СЕ ПЛАСИРА ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б" ВО РОМАНИЈА

Не бевме фини со Финците

МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА 79:63

(19-15; 22-21; 21-13; 17-14)

Сала во Тургу Муреш. Гледачи: 200. Судии: Бардера (Франција) - Мажиќ (Србија) - Матсалу (Летонија)

Играч п 3п 2п 1п ск. ас. Играч п 3п 2п 1п ск. ас.

Ив. Атанасоски - - - - - - Доленц 0 0/0 0/2 0/0 1 1

Иг. Атанасоски 8 0/1 4/4 0/0 4 0 Ојала 9 0/3 3/6 3/5 3 2

Симоновски 14 2/9 4/6 0/0 2 4 Екстром - - - - - -

Костоски 4 0/4 2/3 0/0 6 4 Виита 5 1/1 1/3 0/0 0 0

Костески 0 0/0 0/0 0/0 0 0 Канерво 9 1/7 2/10 2/2 5 1

Вукадиновиќ - - - - - - Лехторанта 20 3/5 4/7 3/5 11 4

Димчевски 0 0/1 0/1 0/0 0 0 Поундс 7 0/2 2/5 3/4 2 1

Николовски 0 0/0 0/2 0/0 2 0 Хусконен 2 0/3 1/3 0/0 4 2

Јанески 26 0/0 12/19 2/7 15 6 Поциус 7 1/2 2/4 0/0 3 0

Крстевски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 Пехконен 0 0/1 0/2 0/0 3 1

Брчков 9 1/2 3/4 0/0 8 0 Химберг 4 0/0 2/3 0/0 1 0

Марковски 18 4/5 3/6 0/0 5 4

Вкупно: 79 7/22 28/45 2/7 44 18 Вкупно: 63 6/24 17/45 11/16 36 12

Селекцијата на Македонија "под 20" години се пласираше во четвртфиналниот дел на ЕП од Дивизијата "Б" кое се одржува во Тургу Муреш.

Тоа ни го овозможи победата над селекцијата на Финска (79:63), трета по ред во групата "А", која ја завршивме на втората позиција.

Според системот за натпреварување на ова ЕП, заедно со лидерот Португалија, како и селекциите на Германија и на Шведска, ја формираме новата "Е" група, која ќе ги даде двата полуфиналисти.

Марјан Јанески беше централната фигура на овој натпревар. Стручниот штаб ја намести тактиката најголемиот број од топките да одат токму под противничкиот рекет, каде Финска, се покажа тоа и во пракса, е најтенка. Без вистински "двометраш" Финците тешко му парираа на нашето корпулентно, но и вешто крило, кој средбата ја заврши со извонредни 26 поени, 15 скока и 6 асистенции.

Освен три нерешени резултати во првата четвртина, с$ беше на нашата страна. Помалку и неочекувано, ообено ако се знае дека речиси секогаш сме имале проблеми во игрите против Финска.

"Го знаевме тоа, затоа и инсистирав топките да одат долу на центрите. Се покажа како победничка, особено што Јанески знаеше да ја искористи својата предност под кошот. Останавме доследни и по првата четвртина која беше и најизедначена. Знаевме дека ќе дојдат до израз оние наши технички квалитети"- анализира селекторот Емил Рајковиќ.

По предноста од 19:15 во првата четвртина првата "опиплива" разлика ја имавме на 23:15, потоа и 30:23), во 16. минута од играта. Но упорните Финци не се предадоа. Напротив преку Лехторанта ја држеа неизвесноста, се доближија уште еднаш, овој пат на 39:36, но Јанески не остави на плус 5, на одморот беше 41:36 за нас.

Првата двоцифрена разлика (со тројка) ја донесе агилниот, и на овој натпревар, Марковски (46:36), што беше сигнал дека полека почнуваме да го кршиме отпорот на противникот.

Ниската петорка во која освен Костоски и Симоновски беше и Игор Атанасоски, делуваше убиствено за противникот, исто така на ниска висина. И без класичен центар, кој и не беше потребен, нашата игра одеше во нагорна линија. По новата тројка, на Симоновски, во 23. минута се одалечивме на 51:38.

За последен пат Финска "се симна" под двоцифрена негатива на 51:45, но маестралниот Јанески брзо врати на тешко достижна дистанца, и третиот период го завршивме со сигурни 62:49.

Токму Јанески, со мала помош на Атанасоски, ја завршија целата работа во првите четири минути од последниот дел, во кои поведовме и со 68:49 кога стана јасно кој е вториот четвртфиналист од оваа група.

Имавме и плус од 24 поени (75:51), но евидентното опуштање кај нашите момчиња не промени многу. Заслужија и мал "активен домор" пред она што ги чека денеска, дуелот со одличниот германски состав кој забележа четири убедливи трумфи во првата фаза од групата "Б".

Б. Радуловиќ

ЕМИЛ РАЈКОВИЌ ЗАНЕ ШТО ГО ЧЕКА ВО ДЕНЕШНОТО ЧЕВРТФИНАЛЕ

Ќе биде ѓаволски тешко против Германците


"Изненаден сум и тоа многу од квалитетот на селекциите присутни тука. А денеска ќе играме против веројатно првиот фаворит на првенството, Германија.

Имаат исклучително силен состав, добро покриен, кој го предводи Емир Мутапчиќ. Одиграа одлично во првите натпревари на првенството. Речиси се без слабо место во екипата. Но, ние не би биле тоа што сме ако не подготвиме нешто и за нив.

Системот е таков, па ако сакаме нешто повеќе, ќе мора да бараме победа во овој дуел, кој ќе биде ѓаволски тешко да се добие. Досега направивме доста, но не се задоволуваме со тоа. Јасно е дека сме во потешката половина од 'костурот' на ова ЕП, се знае и зошто ако се погледне онаа другата во која е домаќинот. Освен нас тука е и Шведска, со која вкрстуваме во наредното коло, исто така добра селекција.

По сето поминато во првиот круг, јасно е дека оној пораз од Португалија многу значи. Но нема предавање, ќе се обидеме да ги победиме Германија и Шведска и да дојдеме до полуфиналето, зошто да не биде така?"- порачува селекторот на нашата млада репрезентација.

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

ГРУПА А


МАКЕДОНИЈА - Финска 79:63

В. Британија - Норвешка 75:88

ТАБЕЛА

1. Португалија 4 4 0 306:277 8

2. МАКЕДОНИЈА 4 3 1 321:297 6

3. Норвешка 4 1 3 339:346 5

4. В. Британија 4 1 3 302:314 5

5. Финска 4 1 3 298:329 5

ГРУПА Б

Шведска - Ирска 105:62

Азербејџан - Чешка 69:104

ТАБЕЛА

1. Германија 4 4 0 426:199 8

2. Шведска 4 3 1 362:294 7

3. Чешка 4 2 2 267:304 6

4. Ирска 4 1 3 224:356 5

5. Азербејџан 4 0 4 202:408 4

ГРУПА Ц

Швајцарија - Белгија 60:89

Австрија - Словачка 75:58

ТАБЕЛА

1. Белгија 4 4 0 341:248 8

2. Естонија 4 3 1 340:300 7

3. Австрија 4 2 2 298:302 6

4. Словачка 4 1 3 243:287 5

5. Швајцарија 4 0 4 239:324 4

ГРУПА Д

Полска - Унгарија 58:62

Холандија - Романија 65:58

ТАБЕЛА

1. Холандија 3 2 1 211:200 5

2. Романија 3 2 1 202:199 5

3. Полска 3 1 2 200:208 4

4. Унгарија 3 1 2 186:202 4

ГРУПА Е

А 1 - ПОРТУГАЛИЈА

А 2 - МАКЕДОНИЈА

Б 1 - ГЕРМАНИЈА

Б 2 - ШВЕДСКА

ГРУПА Ф

Ц 1 - БЕЛГИЈА

Ц 2 - ЕСТОНИЈА

Д 1 - РОМАНИЈА

Д 2 - УНГАРИЈА/ПОЛСКА

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ЧЕТВРФИНАЛНА ГРУПА


12.30: Португалија - Шведска

14.45: МАКЕДОНИЈА - Германија

17.00: Белгија - Унгарија/Полска

19.15: Естонија - Романија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:31

ДЕНЕСКА, ВО СКОПЈЕ, ПОЧНУВА ЖЕНСКОТО ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б" ЗА СЕЛЕКЦИИ "ПОД 18" ГОДИНИ

Брз "излез" од психолошката блокада

"По повторената ждрепка на групите, се паднавме во најтешката група на ова првенството" - вели селекторот Костовски. "Ако се земе предвид квалитетот, и особено оној момент дека ќе се игра во Скопје, каде девојчињата играат под дополнителен притисок, важиме за аутсајдери во групата. Но ќе се бориме да одиграме што е можно поквалитетно и на едно завидно ниво да ја претставиме нашата кошарка".

По точно педесет дена работа дојде момент да се види што и колку може нашата женска јуниорска репрезентација.

Во улога на домаќин, Македонија, и селекцијата "под 18" години тргнува во битка за што подобар пласман на ЕП од Дивизијата "Б", кое од денеска па до 15 август ќе се одржува во нашиот главен град.

Но, за жал на навивачите, не во салата "Борис Трајковски" (на крајот испадна прескапа), туку во "Јане Сандански", односно малата сала во СРЦ "Кале".

Како и да е, тој податок не менува многу во плановите на стручниот и играчкиот дел на оваа наша национална селекција.

"Дефинитивно, ќе играме во најтешката група. Погледнете ги нашите ривали, Израел, Словенија, Португалија, Естонија, нема друга таква група на првенството" - смета селекторот Светислав Костовски. "Освен тоа немаме никакви сознанија за противниците. Затоа можам да кажам дека почнуваме како аутсајдери. Не само заради квалитетот, туку и поради фактот што играме во Скопје. Место каде девојчињата чувствуваат, би рекол, некој дополнителен психолошки притисок. Дали е тоа условено од присуство на нивните најблиски, не знам"- смета Костовски.

Но и покрај овој податок, селекторот смета на она што досега го сработиле.

"Работевме, до денеска, бевме заедно 50 дена. Ова е петто собирање на оваа селекција која полека го фати оној потребен континуитет. Она неискуство го решаваме полека. Програмата за работа ја реализиравме во целост. Од оние базични подготовки во Виница, па с$ до седумте контролни натпревари во текот на подготовките, последната со Луксембург, кога се почувствуваа таа психолошка блокада, која верувам дека со добри игри на првенството ќе ја надминеме. Верувам во нив во она што го работевме"- дообјасни селекторот Костовски, кој не заборави да каже дека конечно оваа селекција почувствувала дека не е, пред с$ медиумски, запоставена.

Б. Радуловиќ

ЈЕЛЕНА АНТИЌ, КАПИТЕН НА НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА

Да го дадеме најдоброто што можеме


"Со тек на време полека почнавме да ја враќаме вербата во себе во сопствените можности, и дека можеме да направиме добар резултат на ова првенство. Како што кажа тренерот, имаме поддршка, и ако сите се однесуваме коректно, особено она што го носи играњето во дресот на Македонија, можеме да сториме многу.

Очекувањата се големи, поголеми од кога било порано. Добро работевме на тренинзите, кои , нормално, сега на крајот, се сведени на шутерски. Имаме голема предност бидејќи натпреварите ќе ги играме во салата 'Јане Сандански' каде поминавме најголем дел од подготовките.

Како ќе оди тоа, ќе видиме уште денеска. Тргнуваме со главите горе, да го дадеме најдоброто што можеме"- рече на прес-конференцијата нашиот најголем адут на првенството.

ЉУПЧО ПАВЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИСКИОТ ОДБОР

Да ја популаризираме женската кошарка


Осведочениот љубител на женската кошарка кај нас, Љупчо Павловски овој пат во улога на претседател на Организацискиот однор на ЕП во Скопје.

"Ако не се лажам, ова е најголема организација на еден настан во женската кошарка по оној Промоушн куп пред неколку години во Охрид. Момент кој треба да го искористиме максимално за уште поголема популаризација на женската кошарка. Тоа е нашата цел, која верувам ќе наиде на поддршка. Затоа и барам, без оглед на с$, еден афирмативен пристап. Што поголема поддршка за девојките во обидот за што подобар резултат и продолжение на континуитетот кој верувам дека ќе го имаат и на наредното ЕП, за играчи до 20 години"- побара Павловски.

ДЕЈАН ЛЕКИЌ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОБЈАСНИ ПРОБЛЕМОТ СО САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Салата е веќе во "втор план"


На три дена пред почетокот на ова ЕП стана реалност дека истото не може да се игра во салата "Борис Трајковски".

Генералниот секретар на КФМ, Дејан Лекиќ, со обид да даде образложение зошто е тоа така.

"Дојдовме до една реалност дека не можеме да играме во салата 'Борис Трајковски'. Во оваа пригода морам да кажам дека одговорните за работењето на салата 'Борис Трајковски' дадоа максимални напори, беа исклучително коректни. Имаа огромна желба да ни помогнат. Истото важи и за луѓето од Агенцијата за млади и спорт. За жал, нема да играме таму. Тоа е лошата вест, и повеќе нема да коментирам ништо по тоа.

Добрата е дека имаме други две сали кои ни ги отстапија МЗТ Скопје и Вардар 2000. Имаме помош и од Фершпед Работнички, каде исто така изразија подготвеност да помогнат. Заедно со поддршката од неколку фирми, со натчовечки напори, за само 48 часа успеавме да ги приспособиме за игра, и да добиеме дозвола од ФИБА, чии претставници патем кажано се задоволни и од сместувачките капацитети" - кажа Лекиќ.

ГРУПА А

Германија

Швајцарија

Луксембург

Грција

Австрија

ГРУПА Б

МАКЕДОНИЈА

Словенија

Естонија

Израел

Португалија

ГРУПА Ц

Холандија

Данска

БиХ

Унгарија

Финска

ГРУПА Д

Ирска

Шкотска

Белгија

Англија

Летонија

ДЕНЕСКА НА ЕП

ГРУПА А


12.45: Германија - Швајцарија

15.00: Луксембург - Грција

ГРУПА Б

17.15: Естонија - Израел

20.45: МАКЕДОНИЈА - Словенија

ГРУПА Ц

11.00: Данска - БиХ

15.30: Унгарија - Финска

ГРУПА Д

13.15: Шкотска - Летонија

17.45: Белгија - Англија

МАКЕДОНИЈА НА ЕП

Јелена Антиќ

Бисера Божиновска

Ана Догазанска

Арнела Хоџа

Симона Јаневска

Анџелика Митрашиновиќ

Едина Муса

Александра Павловска

Сања Раденковиќ

Бисера Рајчиноска

Ема Решкоска

Ана Тантуровска

СЕЛЕКТОР: Светислав Костовски

Асистент: Перо Стамески



ДЕНЕСКА, ВО КАВАДАРЦИ, СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Се "пали" Фени Индустри

Со денешниот прв собир и официјално стартува подготвителниот период на македонскиот шампион и освојувач на двојната круна, Фени Индустри

Иако има доста "оправдани", се очекува на првата прозивка да се појават преостанатите расположиви сили.

"Во превод", извесно е дека стартот ќе биде означен без присуството на шефот на стручниот штаб, Емил Рајковиќ, но и на оние со другите репрезентативни обврски, како капитенот Горан Самарџиев, потоа Златко Гоцевски, веројатно и рековалесцентот Марјан Ѓуров.

Во отсуство на Рајковиќ, кој ја предводи младинската селекција на ЕП во Романија, тренажниот циклус ќе го отвори неговиот асистент. Љупчо Малинков и човекот задолжен за максимална физичка подготвеност на бранителот на двата трофеи, Томче Андоновски.

"Малинков и Андоновски ја добија програмата за работа и уверен сум дека ќе биде спроведена онака како што треба"- вели Рајковиќ. "Во оваа уводна фаза ќе се работи на физичката подготовка. Планирано е по десетина дена рабита во Кавадарци, оној втор дел да го реализираме на Маврово".

Извесно е дека почетниот дел од поготовките ќе го пропуштат и новите странски засилувања, пред с$ Лоренс Мек Кензи.

Во Кавадарци го очекуваат и доаѓањето ја Доналд Кол, кој има повратен билет од Америка, со кој треба да се утврдат завршните детали од новиот договор.

Со подготовките треба да стартува и најголемото летно засилување за кавадарчани, повратникот во мак-баскетот, Ѓорѓи Чековски.

И за крај...

ГРЧКИТЕ СЕНИОРКИ ПРЕСИЛНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ

Стартен пораз од домаќинот

ГРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА 89:42

(27-7; 18-17; 27-3; 17-15)

МАКЕДОНИЈА: Јовановска 8, Удовалиева, Секуловска, Гавриловска, Димовска 5, Живковиќ, Раденковиќ 11, Георгиевска, Ацковска 5, Домлевска 1, Муса;

Женската сенироска репрезентација на Македонија со пораз, и тоа убедлив, депримирачки, го започна учеството на силниот меѓународен турнир во Атина.

Домашната селекција на Грција беше пресилна за составот на селекторот Видоја Секуловски. Грчките кошаркарки беа безмилосни и славеа со преубедливи (89:42).

Две катастрофално одиграни четвртини, првата и третата, се и основната причина за овој стартен неуспех на сениорките.

По првата било (27:7), во она третата уште поубедливи (27:3), или парцијално за 20. Минути, Грција направила неверојатни (54:10).

Во другите две четвртини било далеку порамноправно, во вториот период било "само" 18-17, во последниот, 17-15.

Во нашиот состав, над десет поени, само Моника Гавриловска, која забележала 12, и младата Раденковиќ, која реализирала еден поен помалку.

Во второто коло од турнирот, Македонија играше со селекцијата на Романија.

ПОСЛЕДНА ВЕСТ

Бугарите први до "стотката"


Машката сениорска репрезентација на Македонија го загуби првиот контролен натпревар од подготовките.

Во Софија, во натпревар од затворен тип, селекцијата на Бугарија била подобра од нашата и славела победа со резултат (100:93).

Според некои неофицијални информации, нашата селекција го добила првото полувреме, играла добро во три периоди од играта.

Но во финишот, по големиот број на замени кои ги направил селекторот Арсиќ, бугарите дошле до пресврт и триумф.

Инаку, овие две селекции на 11. август на истото место ќе одиграат уште еден, официјален натпревар.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 11:55
браво за напите кошаркарки. приредија многу добар натпревар.браво...


кои утакмици се за денеска каде и во колку??

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:14
Добар предзнак за она што доаѓа

БУГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА 100:93
(16-28, 24-22, 30-27, 30-16)

БУГАРИЈА: Иванов, Радионов 5, Виденов 19, Бозов 4, Врбанов 5, Ангелов 16, С. Георгиев 12, Великов, Младенов 2, Стојков 16, З. Георгиев 4, Џабер 15;

МАКЕДОНИЈА:В. Стефанов 24, Самарџиев 1, Петровски 2, Р. Стефанов 24, Соколов 3, Тасовски 5, Гоцевски, Антиќ 18, Стојановски 3, Самарџиски 14;

Со некомплетен состав во кој недостасуваат неколку ударни играчи како Гечевски, Илиевски и новото американско засилување Мејси, машката сениорска репрезентација на Македонија забележа "тесен пораз" на првата контролна средба од подготовките за ЕП во Полска.

Малку подобри, и тоа во финишот од натпреварот, беа нашите традиционални домаќини, селекцијата на Бугарија, која го доби првиот дуел со 100:93.

Без оглед на "затвореноста" на овој меч, сепак, излегоа доста детали за оваа прва проверка на нашиот национален тим.

А таа покажа дека нашата селекција има добра подлога, особено ако се знае дека "црвено-жолтите" доминирале во најголемиот дел од средбата, иако зад себе имаат само пет-шест планински тренинзи во Боровец.

"Со оглед на нивото на нашата физичка подготвеност, мислам дека она што го прикажавме против домаќинот ни дава една добра слика за можностите на оваа селекција" - вели капитенот Врбица Стефанов.

Токму тандемот Стефанов бил во преден план, особено во шутерските активности. И ако за Ристе тоа е можеби и за очекување, радува што и капитенот полека ја наоѓа својата шутерска форма.

"Рано е да се зборува за тоа, сепак, добро е кога во еден ваков дуел, згора на тоа прв по само неколку дена работа, функционираме сосема коректно, да не кажам одлично"- смета предводникот на нашиот национален состав.

Посебно што во овој момент играме со преполовена центарска линија во која Јовица Арсиќ ги има на располагање само Предраг Самарџиски и Перо Антиќ (не играше Гоцевски).

Стефанов смета дека ќе биде уште подобро кога на располагање ќе ги имаме и Гечевски и Мејси, секако и Илиевски.

"Ова треба да ни биде показател како да одиме понатаму. Сигурно е дека сликата ќе биде друга кога ќе се комплетираме. Би сакал да биде што е можно побрзо, како би имале увид, колку навистина можеме" - дополнува Стефанов.



Конечно, Мејси!

Џеремаја Мејси, конечно, во Бугарија, поточно во Боровец. Голем камен му падна од плеќите на нашиот стручен штаб кога во друштво на директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски, новиот американски адут со мак-пасош дојде во нашата база во хотелот "Самоков" на Боровец.

Мејси, кој пред извесно време стана нов играч на Реал Мадирд, ќе има неколку дена за "запознавање" со своите нови соиграчи пред онаа првата официјална "пријателска" закажана за 11 август во Софија против репрезентацијата на Бугарија.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:15
Блажевски се враќа во црвено-жолтиот дрес

Уште една, би се рекло "крилна" грижа помалку ќе има стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација откако Перо Блажевски одлучи, сепак, да се приклучи на подготовките на "црвено-жолтите".

Под доста убедувања, еден од кошаркарите со најголем број настапи за сениорската репрезентација одлучи дека с$ уште не е време за репрезентативна "пензија" и е подготвен да помогне во оваа репрезентативна "акција" која треба да н$ одведе на завршницата на ЕП 2009 година во Полска.

"Не сум човек кој често менува одлуки, тоа го знаат сите кои добро ме познаваат Но овој пат морам да го сторам тоа. Иако бев решен, и тоа многу одамна да не играм повеќе во репрезентацијата, сепак, ќе се приклучам на нашиот национален тим"- потврдува искусното крило.

Веројатно тоа нема да биде во наредните неколку дена од проста причина што Блажевски има проблеми со патната исправа.

"Пред неколку дена поднесов барање за издавање нов пасош. Доколу тоа биде решено брзо, можно е да патувам за Бугарија. Но во моментов е многу пореално да ги сочекам колегите овде, во Скопје, и да им се приклучам од почетокот на следната недела. Во меѓувреме ќе работам индивидуално за да ги стигнам во онаа физичка подготовка"- додава Блажевски.

Не треба да се трошат други зборови да се објасни самото присуство на Блажевски кај "црвено-жолтите", кои веќе станува и хронично, се "најтенки" токму на крилната позиција.

Во моментов селекторот Арсиќ може да смета единствено на Диме Тасовски, а по потреба, Ристе Стефанов и Војдан Стојановски може да се "качат" на позицијата "3".

Тешко е дека во скоро време Марјан Ѓуров може да влезе во сериозна конк*ренција, па враќањето на Блажевски може да се оцени како "полн погодок", и се чини во вистинско време, на неполн месец пред првиот квалификациски дуел, со Летонија, закажан за 3 септември во Рига.



-------------



Постирано од: ariela
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 16:46
ВЕЧЕР ВО 19:30, САЛА ЈАНЕ САНДАНСКИ.
МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:11

ТЕСЕН ПОРАЗ НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ ВО 2. КОЛО ОД ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА "Б"

Среќата на страната на израелките

ИЗРАЕЛ - МАКЕДОНИЈА 80:76
(21-15; 21-26; 25-23; 13-12)

Сала " Јане Сандански". Гледачи: 700. Судии: Папапетру (Грција) и Бишчевиќ (БиХ)

ИЗРАЕЛ: Орион 4 (6ск), Долев 8 (4ск,1ас), Шафир 27 (6ск,3ас), Шехт 11 (3ск), Бен Барак 11 (3ск, 4,ас), Габај, Нешама 11 (1ск,1ас), Холцер 3 (2ск,1ас), Даган 4 (1ск), Кац, Јари 1 (1ск,1ас), Овадиа;

МАКЕДОНИЈА: Павловска 0 (2ск), Јаневска 3 (4ск,1ас), Муса 5 (9ск,3ас), Тантуровска 21 (5ск,2ас), Антиќ 12 (11ск,5ас), Догазанска 2 (1ск,1ас), Митрашиновиќ 20 (5ск), Божиновска, Раденковиќ 2 (1ас), Хоџа, Рајчиноска, Решкоска 11 (5ск,1ас);

Македонската женска јуниорска репрезентација загуби од Ирзаел со тесни (76:80) во второто коло од ЕП од Дивизијата "Б" за кошаркарки "под 18" години.

На начин на кој го добивме првиот дуел против Словенија, сега загубивме од израелките.

Нашите девојки немаа доволно концентрација во финалните двеи пол минути, кои патем кажано ги доигравме без помошта на капитенот Јелена Антиќ, која поради пет лични грешки порано ја напушти играта. Позитивата од три поени (76:73) која ја имавме на 2:22 минути пред крајот, ни беше доволна да го добиеме и овој натпревар.

Уште еднаш почнавме доста нервозно и со голема доза на трема од настап пред својата публика која уште еднаш добро ја пополни жешката сала "Јане Сандански". Нашето споро "тргнување" младите Израелки знаеја да го казнат, и подобро да го "отворат" натпреварот.

Предводени од одличната Шафир (со 27. поени, прв играч на натпреварот), Израелките поведоа со (7-3), потоа и со (10-5), за првиот период од играта да го решат во своја корист (21-15).

Во нашата игра се чувствуваше неорганизираност, која селекторот Костовски, се реши да ја спречи со внесувањето на најмладата репрезентативка, Анжелика Митрашиновиќ.

За разлика од првиот, на овој натпревар Ана Тантуровска доби посебна 'стража", и само одвреме навреме успеваше да избега од израелската контрола.

Но токму нејзиното "отворање", но и "појавата" на Митрашиновиќ го донесоа оној потребен имплус, кој донесе промени во играта на нашата селекција.

Во 15. минута Израел за првпат оствари двоцифрена предност (33:23), која ја бркавме до крајот на полувремето кога Тантуровска со тројка не приближи на само еден поен (42:41).

Изедначувањето дојде до 22. минута (44:44), и практично од тогаш се водеше изедначена игра, во која во неколку наврати Израел "побегна" на шест разлика, за по 30. минути да биде (67:64) за противникот.

Новата тројка на Тантуровска, не донесе во водство. Во 34. минута беше (70:67) за Македонија. Исто беше и кога Решкопска погоди за (76:73).

Но во следниот напад Антиќ ја прави 5. лична грешка (заврши со дабл-дабл од 12. поени и и 11.скока). на нецели две минути до крајот, почнуваат и проблемите од кои не се одбранивме. Пропадна шансата за уште еден триумф, но и комплетна прослава на роденденот на Едина Муса, која со цвеќе беше испратена да го одигра овој натпревар.

Б. Радуловиќ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

ГРУПА А

Австрија - Германија 47:62

Швајцарија - Луксембург 54:68

ТАБЕЛА

1. Германија 2 2 0 125:82 4

2. Луксембург 2 1 1 117:126 3

3. Грција 1 1 0 72:49 2

4. Австрија 1 0 1 47:62 1

5. Швајцарија 2 0 2 89:131 2

ГРУПА Б

Португалија - Естонија 53:58

Израел - МАКЕДОНИЈА 80:76

ТАБЕЛА

1. Естонија 2 2 0 122:111 4

2. Израел 2 1 1 138:140 3

3. МАКЕДОНИЈА 2 1 1 150:153 3

4. Словенија 1 0 1 73:74 1

5. Португалија 1 0 1 53:58 1

ГРУПА Ц

Холандија - Унгарија 72:69

Финска - Данска 65:71

ТАБЕЛА

1. Унгарија 2 1 1 146:134 3

2. Данска 2 1 1 129:137 3

3. БиХ 1 1 0 72:58 2

4. Холандија 1 1 0 72:69 2

5. Финска 2 0 2 127:148 2

ГРУПА Д

Ирска - Белгија 65:72

Англија - Шкотска 70:60

ТАБЕЛА

1. Белгија 2 2 0 172:133 4

2. Англија 2 1 1 138:160 3

3. Летонија 1 1 0 118:143 2

4. Ирска 1 0 1 65:72 1

5. Шкотска 2 0 2 103:188 2

ДЕНЕСКА НА ЕП

(сала "Јане Сандански")

ГРУПА А

12.45: Грција - Австрија

19.30: Луксембург - Германија

ГРУПА Б

15.00: Словенија - Израел

17.15: МАКЕДОНИЈА - Португалија

(Сала СРЦ "Кале")

ГРУПА Ц

15.00: БиХ - Финска

17.15: Данска - Холандија

ГРУПА Д

12.45: Летонија - Англија

19.30: Шкотска - Ирска



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 09.Август.2008 во 13:16
Денеска:
19:30 СРЦ Кале - Македонија - Естонија (МТВ1)

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 17:21
ОТКАКО ОД МОНТЕПАСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЉУБЉАНСКА УНИОН ОЛИМПИЈА

Илиевски ќе игра на турнирот во Скопје?
"Доаѓам во Скопје, најверојатно на 15 август, значи ќе конк*рирам за место во селекцијата за проверките со Турција, Црна Гора и со Романија"- вели Илиевски...

... Потписот на договорот со старо-новиот клуб, од технички причини, одложен за една недела...

Можеби тоа го може само тој. Да изненади, и тоа пријатно. Иако одамна најави дека ќе им се приклучи на репрезентативните другари на 18 август, Владо Илиевски ќе го направи тоа порано.

Во Скопје се враќа на 15 август, ден пред почетокот на силниот меѓународен турнир кој ќе го организира нашата федерација.

Согласно со тоа ќе го чека неговата репрезентативна "шестка".

Но, тој и покрај својата играчка големина останува помалку скромен. Во свој стил коментира.

"Доаѓам неколку дена порано во Скопје, најверојатно на 15 август. Значи ќе влезам во конк*ренција за место во националниот тим за оној турнир"- вели Илиевски од Љубљана.

Самото споменување на главниот град на Словенија дава многу асоцијации, најмногу поврзани со останување на нашиот репрезентативен бек во најтрофејниот словенечки кошаркарски колектив.



"Ако ме прашувате за тоа, официјално не сум го потпишал договорот со Унион Олимпија за кој толку се зборува во последно време. Да, имаме договорено најголем дел од работите, но барем засега, тоа го одоложуваме за една недела. Веројатно е дека ќе биде официјализирано пред да се вратам во Македонија"- вели Илиевски.

Враќањето во редовите на "змајчеките" Илиевски би требало да го прослави и проширување на семејството. Момент кој нема да го остави во целосен мир можеби и на почетокот на квалификацискиот циклус?

"Некои, како да ги наречам, прогнози, се дека мојата сопруга треба да се породи на 4 или 5 сепотември. Тоа се совпаѓа со периодот на нашето гостување во Рига и пред дуелот со Португалија, три дена подоцна во Скопје"- вели Илиевски. "Затоа е можно, макар за кратко време, да 'скокнам' до Љубљана, па оттаму да се вратам за Скопје".

Полека заборава на Монтепаски и двете години во Сиена.

"Мислам дека не бев доволно испочитуван, а искрено полека почна да ми биде досадно да седнам и од клупата да ги гледам игрите на Монтепаски. Добро е во целата оваа ситуација што кога ќе се вратам во репрезентацијата ќе бидам мирен во тој поглед, значи со клуб во кој знам дека ги ценат сите мои квалитети и играчки и човечки"- смета нашиот интернационалец. "Освен тоа, договорот е на две години, сосема доволно и за мене и за моето семејство. Овде сме 'дома', што е доста битно во една ваква ситуација. За мене како играч играњето повторно во Унион Олимпија е предизвик. Жал ми е што Примож Брезец не се врати тука, ќе бевме уште посилни во следното издание на Евролигата. Се одлучи за Италија, но убеден сум дека раководството ќе направи сериозни напори да се формира евролигашка екипа која ќе има своја улога во следната сезона" - се надева Илиевски во пресрет на враќањето на репрезентативните обрски.

Мејси на Боровец - официјално!

По неколкудневно дознење, наводно поради проблемите со 'редатумирањето" на авионската карта, стручниот штаб на нашата репрезентација конечного дочека доаѓањето на Џеремаја Мејси.

Како што најавија од КФМ, новиот Македонец пристигна вчера попладне на софискиот аеродром од каде во друштво со директорот на репрезентацијата, Илија Мерџановски, брзо беше транспортиран до "базата" во Боровец.

Со оглед на тоа дека има само два дена за "аклиматизација", прашање е колку селекторот Јовица Арсиќ ше може да го искористи нашиот нов Американски адут на првата "контрола" закажана за 1.1 август во главниот бугарски град против домашната селекција.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:37

ПО ДЕСЕТ ДЕНА ПОДГОТОВКИ ВО БОРОВЕЦ, ДЕНЕСКА (17 ЧАСОТ), ВО СОФИЈА. СЕНИОРИТЕ НА ПРОВЕРКА ПРОТИВ БУГАРИЈА

Вистинска "контрола", пред сe за Мејси

Најтешкиот дел е зад избраниците на селекторот Јовица Арсиќ. Оние т.н. "висински подготовки" во Боровец завршија. Финалето е закажана за денеска, во 17 часот, но во Софија, кога црвено-жолтиот состав на Македонија ќе ја има првата посериозна проверка на сработеното.

Во салата " Универзијада" ги чека првата официјална контролна средба, и тоа против селекцијата на домаќинот, Бугарија.

Овие две селекции пред неколку дена на истото место одиграа уште една средба, но од затворен тип, која на крајот ја добија Бугарите (100:93).

Но, денеска би требало се да биде многу поинаку бидејќи пред с$ Македонија има еден адут повеќе во своите редови.

По два дена заедничка работа со соиграчите, денеска и официјално би требало да се случи дебито на Џеремаја Мејси во дресот на нашата репрезентација.

Новиот Македонец во петокот попладне конечно (по неколкудневно доцнење) допатува во главниот бугарски град и веднаш му се стави на располагање на нашиот стручен штаб.

Прашање за селекторот Јовица Арсиќ со каква физичка "слика" во моментов располага Мејси?

"Ако се знае дека со нас е кратко време, и тоа само два дена, не можеме да зборуваме за некоја комплетна слика. Сигурно е дека на Мејси ќе му треба време да 'се најде' со соиграчите. Се гледа дека не е баш физички најподготвен. И самиот ми призна дека не тренирал многу, освен оние шутерски активности. Затоа и наш приоритет ќе биде да го направиме што е можно побрзо и подобро. Како што се вели, ќе треба да ги зајакне градите, дишењето... Но најбитно е да се вклопи во нашиот систем на игра. Во разговорите со него и со играчите дознав дека тие повеќе слушале отколку што го гледале како игра. Мислам дека ќе биде с$ во најдобар ред во тој поглед. Ќе игра денеска, колку, ќе видиме од развојот на настаните"- смета Арсиќ.

Доаѓањето на Мејси би требало во многу да им ја олесни работата на Самарџиски и Антиќ под кошот. А за денешната средба во главниот бугарски град, во конк*ренција на центри, ќе биде и Златко Гоцевски, кој ги немаше на првата проверка.

"Гоцевски дојде неподготвен за подготовките, но полека го фаќа ритмот. Затоа и се пожали на болки во коленото, но сметам дека од ден на ден ќе биде с$ подобар. Ќе биде во составот за денешниот натпревар, исто како и Мираковски кој не играше на првата проверка"- потвдува Арсиќ.



На денешната контрола во Софија

Можеби без Антиќ?

Перо Антиќ е новиот проблем за физиотерапевтот Миќо Филиповиќ. Нашиот крилен центар не го одработи неделниот утрински тренинг.

"Во неделата наутро, пред тренингот, Перо се пожали на болки во пределот на левото колено, и веднаш е даден на лекарски третман. Ќе видиме како тоа ќе биде во текот на денот. Се надеваме дека с$ ќе биде в ред и дека Антиќ ќе може да игра на денешнито натпревар во Софија".

Инаку, по средбата во "Универзијада" нашата селекција ќе остане во Софија. "Црвено-жолтите" ќе преноќат во "Царско село" па во вторник наутро ќе тргнат назад за Скопје.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 14:18
Јуниорките пак изгубија денес од Данска со 11 негатива.
Утре во 12 на МРТ.

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:00
Срамотилаци...

УБЕДЛИВ ПОРАЗ НА "ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ" ОД БУГАРИЈА ВО ПРВАТА ОФИЦИЈАЛНА ПРОВЕРКА

Многу "дупки" во одбраната

БУГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА 100:79
(26-21; 19-24; 31-18; 24:16)

Сала "Универзијада" - Софија. Гледачи: 250. Судии: Зехиров-Иванов-Петров (Бугарија)

Играч п 3п 2п 1п ск. ас мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.

СТОЈКОВ 18 3/6 4/5 1/3 4 0 27 В. Стефанов 7 1/4 2/4 0/0 2 5 27

ЏАБЕР 21 1/2 8/12 2/2 5 1 32 Самарџиев 5 1/2 1/1 0/0 0 0 6

ВИДЕНОВ 18 1/3 5/9 5/6 6 2 24 Соколов 7 1/2 2/2 0/0 0 0 19

ААНГЕЛОВ 9 1/5 2/3 2/2 3 1 22 Мираковски 5 1/2 1/2 0/0 2 1 15

БАНЕВ 4 0/0 1/2 2/4 5 0 18 Петровски - - - - - - -

С. Георгиев 4 0/0 2/5 0/0 6 1 15 В. Стојановски 2 0/1 1/1 0/0 1 1 12

Врбанов 2 0/0 1/1 0/0 0 0 4 Р. Стефанов 4 1/5 0/3 1/2 5 1 28

Радионов 0 0/0 0/0 0/0 0 0 2 Тасовски 5 1/3 1/1 0/0 1 0 13

Бозов 0 0/0 0/0 0/0 0 0 1 Гоцевски 9 0/0 3/4 3/3 3 0 8

Младенов 0 0/0 0/0 0/0 0 0 3 Антиќ 17 1/5 5/6 4/7 8 0 29

Д. Иванов 14 4/6 1/5 0/1 6 1 16 Мејси 8 0/0 3/5 2/4 4 1 18

Аврамов 2 0/0 1/2 0/0 4 2 17 Самарџиски 10 0/0 4/6 2/4 8 2 25

Костов 8 2/4 1/1 0/0 0 0 17

Вкупно: 100 12/26 26/45 12/19 37 7 200 Вкупно: 79 7/24 23/35 12/20 34 11 200

Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби од Бугарија со убедливи (100:79) на првиот "отворен" контролен натпревар од подготвителниот период.

По оние (100:93), во "затворениот", Б угарите не победија, овојпат со уште поубедлив плус од 21. поен на "јавниот" дуел во Софија.

По рамноправното прво полувреме, во продолжението од играта, се некако тргна наопаку по составот на Јовица Арсиќ .

Откако Бугарија ја доби првата четвртина со (26:21), ние вративме во втората со (24:19), па на полувремето беше нерешено (45:45).

По четири минути во третата четвртина, Бугарија направи мини серија 6-2, по која се одвои (51:47), за три минути подоцна да имаме негатива и од седум поени (63:56) и (65:58).

На крајот од третиот период таа разлика беше уште поголема. По новата мини серија (11-2), Бугарија поведе и со двоцифрен резултат (76:63). Во тој дел од играта примивме недозволиво голем број на поени, дури 31.

Откако поминаа само три минути игра од последниот период разликата ја надмина и "дваесетката" (85:65). Колата, дефинитивно, тргна низ бродото, па на четири минути до крајот домаќинот имаше плус 25 (93:68).

Лошатата одбрана услови да имаме проблеми и во напаѓачките активности. лесно примавме, а тешко дававме поени.

Па затоа по втор пат по ред за само неколку дена, примивме уште една "стотка" која треба да делува загрижувачки за стручниот штаб. Без оглед на тоа што само неколку часа порано "се симнавме" од Боровец и дојдовме во главниот град на Бугарија и тоа по десет дена напорна работа.

Перо Антиќ и како резервист дојде до највисоки бројки во нашиот состав. Забележа 17. поени и 8. скока, а двоен број на поени имаше и вториот наш висок играч Предраг Самарџиски (10. поени и 8. скока).

Имавме лоша реализација во шутот, посебно за три поени (29.%), ништо подобри не бевме ниту од линијата за слободни фрлања (само 60%).

Деби на Мејси, Стојановски, Мираковски

Дури тројца дебитанти во нашиот состав за овој натпревар. Иако "пријателски" сепак официјално беше прв за тројца наши кошаркари.

Џеремаја Мејси ги одигра првите 18. минути за Македонија. Дојде до ефект од 8. поени (3/5 за два и 2/4 за еден поен), 4. скока и 1. асистенција.

Во улога на дебитанти беа и Димитар Мираковски и најмладиот во ова друштво, Војдан Стојановски.

За 15. минути Мираковски даде пет поени, додека пак првите 12. минути во "црвено-жолтиот" дрес Стојановски ќе ги памети по првите два поени во сенироска конк*ренција.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: da be
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:38
е па чак " Срамотилаци"изненадување

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:41
мхм

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Tonchie
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 18:58
http://www.guardian.co.uk/sport/2008/aug/12/spainbeatchina - Шпанците ја победија селскцијата на Кина

И тоа во голем стил со враќање од -14 поени негатива, за на крај во продолжение да слават со 10 поени разлика.
Пред се по заслуга на По Гасол, кој ја земал играта во свои раце. Помош во поени меѓу другите дал и Руди Фернандез со 21 поен.

Не знам колку ќе можат да им се спротивстават на САД, ама јас би сакал да ги видам Шпанците како олимписки шампиони во кошарка.


-------------
Немам потпис, ама имам http://www.youtube.com/user/tonchie23 - профил на YouTube


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:20

ЈОВИЦА АРСИЌ ЛУТ КАКО РИС ПО ПРВАТА ОФИЦИЈАЛНА ПРОВЕРКА ВО СОФИЈА

Судиите не извадија од такт...

"Крајот го расипа делото", вака може да се опише престојот од 11 дена на нашиот национален тим во Бугарија каде беше одработена првата фаза од подготовките за квалификациите за ЕП 2009 година во Полска.

Сигурно не по резултатот на првата официјална "контрола", колку од она што нашите сениори го "преживеја" во салата "Универзијада", секако од страна на повеќе од пристрасните домашни судии.

Ниту ден по натпреварот не стивнува нервозата кај целата наша експедиција во Бугарија.

И играчите и раководството сметаат дека сето тоа било крајно непотребно. Се оди дури дотаму што во скора иднина нашата федерација нема намера да ги "продлабочува" наводните "блиски", и пред с$ "пријателски" односи.

Селекторот Јовица Арсиќ со кус осврт на проверката во кој исто така провејува голема доза на нервоза, пред се од судискиот "пристап", но и нашиот "одговор" на сето тоа кој резултираше со висок, убедлив пораз.

"На првиот затворен меч против Бугарија одигравме подобро бидејќи тогаш бевме посвежи. Сега се почувствува замор и директно од автобус по патувањето од Боровец влеговме во сала. Овој пат дозволивме и судиите да н$ извадат од такт. Тоа не е ништо ново, знаевме што н$ чека, но играчите тешко поднесуваат неправди. Мејси уште има проблеми со аклиматизацијата. Но тренира добро и како ќе одминува време верувам дека ќе влегува во форма. Некои играчи побавно влегуваат во форма отколку што би требало" - изјави Арсиќ по средбата со Бугарија која ја загубивме со минус од 21 поен.



Од денеска Гечевски и Блажевски

По еден слободен ден за "распакување", и веќе од денеска "црвено-жолтите" повторно на тренинг.

Прашање е во која сала, особено ако се знае дека поради ЕП за јуниорки не може да се користат оние "старите", "Јане Сандански" односно СРЦ " Кале".

Но, она што е побитно за стручниот штаб е што од денеска и дефинитивно треба да се приклучат Тодор Гечевски и Перо Блажевски.

"Трофејот" се сели во "Градски парк"

Се поизвесно е дека поради новите проблеми во и околу користењето на салата "Борис Трајковски", КФМ ќе мора да најде алтернативно решение каде ќе се одржи силниот меѓународен турнир " Трофеј на Македонија".

Се поизвесно е дека тоа ќе биде во салата во "Градски парк" која во моментов е "слободна", а каде во меѓувреме "црвено-жолтите" би тренирале во втората фаза од подготовките.

За потсетување на гости во периодот од 16 до 18 август ни доаѓаат селекциите на Турција, Црна Гора и Романија.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:23
АПЕЛ НА КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Дозволете на играме во "Борис Трајковски"

Кошаркарската федерација на Македонија, затечена од цените за настап во салата " Борис Трајковски" упати јавен апел до Владата на РМ, Агенцијата за млади и спорт, Собранието на РМ и салата "Борис Трајковски" да се овозможи македонските кошаркарски селекции да настапат во новата спортска сала. Во апелот се вели:
" Последните случувања околу одлуките за користење на спортската сала "Борис Трајковски", сериозно го потресоа кошаркарскиот спорт во Македонија. Откако пред точно 10 дена официјално беше презентиран ценовникот за користење на салата, кошаркарите и кошаркарските работници во Македонија претрпеа сериозен удар кој веќе направи ненадоместлива штета на угледот, не само на нашата кошарка, туку и на нашата држава.
Најнапред, на само 2 дена пред почетокот, беше доведено во прашање одржувањето на Европското првенство за јуниорки во Скопје, за кое КФМ секојдневно трпи критики и понижувања од нашите гости, 20 Европски селекции. Понижувањата ќе продолжат и по првенството, на "Трофејот Македонија" за сениори од 16 до 18 август, кошаркарски турнир од највисок ранг, на кој за прв пат во историјата на Македонија ќе настапат актуелни НБА sвезди, ние нема да бидеме во можност да им овозможиме да тренираат и играат во единствената "нормална" сала во Македонија.
Сите ние се бориме, со искрено и чисто срце, понесени од патриотизмот и љубовта кон нашата Македонија, со невидени пожртвувања, се обидуваме да бидеме достојни репрезенти на нашата татковина и овде и во настапите во странство. Со надчовечки напори успеавме да дојдеме на чекор од сениорско Европско првенство, во услови кога сите наши противници се подготвуваат и настапуваат на многу повисоко ниво од нас
Токму затоа, јавно апелираме, молиме и бараме, овозможете ни да настапуваме во салата "Борис Трајковски"! Овозможете ни да се подготвуваме и настапуваме во сала со нормални услови. Овозможете ни да бидеме домаќини во сала во која нема да се срамиме од странските гости. Дозволете им на нашите кошаркари да бидат бодрени од 6.000 луѓе, да се чувствуваат како национални херои, затоа што сите тие досега со своите настапи тоа го заслужиле", се вели меѓудругото во отворениот апел на КФМ.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ariela
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 01:30
Закасниле малку со апелов..првенството заврши, се избрукавме пред селекциите и сега за полуфиналето и финалето ја бараат салата..хех..

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:57
Ерсид Љуца на проба во "Градски парк"

По неколку "мирни денови" од стартот на подготовките, во "Градски парк" мало раздвижување. И тоа во правец на ангажирање на странски засилувања.

Прво име кое во наредниот период ќе се обиде да се избори за дресот на Фершпед Работнички е Ерсид Љуца.

Се работи за доста искусен 27-годишен кошаркар, кој со своите 209 сантиметри може да ги "затвори" двете центарски позиции.

Во ланската сезона Љуца настапуваше за романскиот Динамо од Бук*решт (просек од 11.4 поени и 6.2 скока по натпревар). Претходно играл и за Ловќен, Будуќност, но и за екипата на Приштина.

"Љуца ќе остане со нас во наредните денови, а стручниот штаб ќе треба да даде оценка за неговите квалитети"- вели спортскиот директор на шпедитерите, Горан Костовски."Рековме дека кога се во прашање странците, приоритет ќе ни биде пополнување на центарската и плејмејкерската позиција. Затоа може да се очекува наскоро да имаме уште некој играч на проба, и тоа на онаа најчувствителна позиција во тимот, плејмејкерската"- дополнува Костовски.

Според плановите на стручниот штаб, во Скопје ќе се работи уште една седмица, а веќе од 20 август екипата ќе се пресели во Охрид.

Дотогаш би можело да се знае и кој ќе биде потенцијален кандидат да ја пополни позицијата на организатор на играта на тимот од "Градски парк".

-------------



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 13:29


Во новиот објект „Борис Трајковски“ ќе се играат и септемвриските квалификации за ЕП-2009

 

По инсистирање на македонскиот премиер Никола Груевски, кошаркарскиот турнир „Трофеј Македонија“, на кој покрај домашната селекција ќе настапат и Ц.Гора, Романија и Турција, викендов ќе се игра во новата сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Претседателот на КФМ, Даниел Димевски, објави дека покрај турнирот, во најголемата сала во Македонија, ќе се играат и септемвриските квалификации за ЕП 2009, против Летонија, Португалија и Естонија. 

 

Ова е турнир од највисок ранг во земјава, очекуваме публиката да биде наш шести играч. Ќе воведеме практика да создадеме навика дека без купен билет нема влез во салата. Мислам дека цената од 200 денари за два меча дневно на кои ќе играат и НБА-играчи, не е висока. Ако може да се плаќа влезница од 500 и повеќе денари, без навреда, за некакви третокласни концерти, 200 денари за да се гледаат НБА-играчи воопшто не се многу. Трошоците за сместување и слично ни се 30 илјади евра и веруваме дека со 10.000 продадени билети ќе ги покриеме трошоците - рече Димевски во воведниот дел на прес-конференцијата по повод турнирот кој во КФМ сакаат да стане традиционален. Генералниот секретар Дејан Лекиќ потврди дека нема да има гратис влезници, а билетите ќе почнат да се продаваат од денеска на пладне во билетарницата на салата „Борис Трајковски“


повеќе овде

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1CB35D9A0656594CB4B5B205029B75FF - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1CB35D9A0656594CB4B5B205029B75FF

 



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 15:11

картите веќе ги има во продажба на билетарата пред новаат сала.

 




Постирано од: ariela
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:00
од колку е финалето денеска за женскиве до 18? и во која сала????????????????????

-------------
forever in my heart,no matter what..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:04

ТРОФЕЈОТ "МАКЕДОНИЈА", СЕПАК, ЌЕ СЕ ИГРА ВО САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Кошаркарско "благодарам" за Премиерот!

Требаше да биде прес-конференција посветена за актуелниот момент во нашиот сениорски тим, промоција на Џеремаја Мејси, анализа на селекторот Јовица Арсиќ за досега сработеното,

но сето тоа се претвори во една голема благодарност. Едно уште поголемо олеснување за раководниот тим на КФМ, претседателот Даниел Димевски и Дејан Лекиќ, на останатиот дел присутен на собирот, пред с$е медиумски, откако стигна веста дека премиерот на Р Македонија, г. Никола Груевски, на негово инсистирање, добил согласност од Владата салата "Борис Трајковски" да им биде на располагање на нашите национални селекции.

Задоволството на лицата доволно зборуваше, дури и повеќе од зборовите на благодарност на претседателот Димевски.

"Пред што било да разговараме, морам да ве информирам дека на лично инсистирање на премиерот, салата 'Борис Трајковски' ни стои на располагање за сите квалификациски натпревари, вклучително и трофејот на Македонија. Конечно дојдовме до едно компромисно решение, варијанта да ја користиме салата со една цел да дојдеме до добар резултат"- изјави Димевски.

Потврди дека н$ очекува еден турнир на највисоко ниво, некогаш одигран во Македонија, со присуство и на играчи од НБА лигата.

Но во исто време Димевски повика да направиме една нова "навика", вакви настани да се проследат со платен билет, која во оваа пригода ќе има реално достапна цена.

"Ова н$ чини 30.000 евра, и искрено, ќе ни треба поддршка. Сите оние кои сакаат да ги гледаат овие натпревари, да купат билет, со што макар и делумно би ги покриле трошоците и догодина би организирале уште посилен турнир"- појасни Димевски

Очекувањата на КФМ се дека 10.000 продадени билети по цена од 200 денари би покриле добар дел од вложеното.

"Сакаме да воведеме една практика што досега не сме ја наметнале. За секој врвен натпревар да се купи влезен билет. Без тоа, искрено, нема функционирање. Сметаме дека 200 денари за целодневен билет е симболично. Зошто од сега не би изградиле една таква навика која одамна е пракса во Европа и светот?"- забележа предводникот на КФМ, кој не заборави да ја истакне и медиумската заслуга што овој проект ќе се реализира на едно високо ниво.

Генералниот секретар Дејан Лекиќ смета дека ова е едно реално ниво за органзиирање на еден ваков настан.

"Да, ова е веќе нешто реално и во оваа пригода би испратил голема благодарност до директорот на салата 'Борис Трајковски" г. Борис Змејковски, кој лично, на седница на Владата го образложи нашето барање кое беше прифатено, на наше големо задоволство. Дека таа сала е направена да им служи на спортистите од нашата земја"- кажа Лекиќ.

За оној спортски дел од активностите зборуваше селекторот Јовица Арсиќ.

"Многу тешко ќе ни беше да им образложиме на играчите зошто не играме таму во таа сала. Вака тој ефект ќе испадне и покорисен за играчите откако ќе дознаат дека сепак ќе играме таму.

Можеби во овој момент Романците се нешто послаба селекција, но Турција и Црна Гора се многу посилни. Можеби турнирот, вака силен, доаѓа прерано за нас, особено што мислев дека ќе се комплетираме порано, на време. Но затоа, пак, противниците и амбиентот треба да бидат мотив за сите да 'го извадат' максимумот од играчите во обидот да се совладаат такви репрезентации"- смета Арсиќ.



ЏЕРЕМАЈА МЕЈСИ ПРЕД НОВИНАРИТЕ

Ќе бидеме вистински во вистинско време...

Делуваше и помалку збунето, но како што објасни Дејан Лекиќ, тоа е стилот на Џеремаја Мејси. Скромен, тивок, дури и премногу мирен во одредени моменти, оние надвор од теренот.

Новиот "Македонец" за првпат и официјално проговори пред македонските медиуми.

"Полека се навикнуваме едни на други, повеќе јас на соиграчите отколку тие на мене затоа што сум првпат во составот. Полека се запознаваме, од почетокот одеше малку тешко. Но сметам дека како ќе одминува времето, ќе бидеме еден добар тим. Дека ќе бидеме вистински тогаш кога тоа ќе биде потребно. Сите ние да дадеме с$ од себе и да го постигнеме тој очекувам резултат"- беше краток во своето прво обраќање, нашиот нов адут со потекло од САД, а во наредните три сезони дел од "кралскиот" Реал Мадрид.

ПРЕДРАГ САМАРЏИСКИ ПРЕСРЕЌЕН ШТО ЌЕ ЗАИГРА ВО НОВАТА САЛА

Чест е да се игра во салата "Борис Трајковски"

"Голема работа е што овој голем турнир сепак ќе го играме во новата сала 'Борис Трајковски'. Знам како ни беше нам, играчите, во овие денови кога постоеше можност да не се игра таму. Мене лично многу ми значи што ќе играме во новата сала во која очекувам да играм и во наредните 10 години во дресот на Македонија и да бележам успеси со мојот национален тим.

И тоа почнувајќи од оваа сезона, во која планираме да се пласираме на ЕП. Уште еднаш, голема чест е да играм во 'Борис Трајковски' затоа што знам дека голем број мои пријатели во Скопје одамна ме прашуваа за тоа, и ми кажаа дека ќе дојдат да н$ бодрат. Знам дека таа бројка е голема и нема да ја разочараме"- го кажа своето мислење нашиот висок центар.

На почетокот со Романците

Со оглед на "тумбањето" предизвикано со враќањето на "старата варијанта", да се игра во салата "Борис Трајковски, во КФМ мала неподготвеност околу техничките детали во организацијата на турнирот.

Но затоа, пак, познат е распоредот на натпреварите. Тој вели дека на отворањето на Трофејот, в сабота (20.30 часот), Македонија ќе игра против Романија.

Ден подоцна, в недела, во истиот термин играме против Турција, додека, пак, турнирот го затвораме на 18 август, со дуелот со селекцијата на Црна Гора.

Нема ТВ преноси од "Трофејот"

Со цел за што поголема присутност за време на "Трофејот", раководството на КФМ одлучи во оваа пригода да нема ТВ преноси од натпреварите.

"ТВ преноси нема да има од причина што во оваа пригода сакаме салата да биде исполнета со оние вистински љубители на кошарката. Таа привилегија 'во живо' да ги видат нашите и ѕвездите од останатите селекции ќе ја имаат само оние со купен билет за турнирот"- потврди Димевски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 00:53

еве ви неколку слики за тие што не биле да видат како беше во сала.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 00:57
Слушам топ била утакмицава

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 12:38
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Слушам топ била утакмицава
 
 
100 - 49 за македонија среќа


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 12:41
Да да слушнав вчера од другар .....беше тој на утакмицата.голема%20насмевка
Со 50 ги срушиле ама мислам дека не ни се очекуваше да победат Романците..
Само интересно ке да е со Турција голема%20насмевка


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 12:38
Шчепанович кој на денешниот натпревар беше забечежан од папараците како заедно со совојот соиграч пекович гледаа од трибините во друштво со една лепотица која е сестра на натали. еве ви слики од денешните натпревари









а тренерот на црна гора вујошевич беше забележан како крка во една од вип просториите













Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 19:40
Македонското срце големо како планина

Македонија - Турција 67:59
(20-23; 12-16; 18-14;17-6)

Сала Борис Трајковски-Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Денковски-Крстевски-Терзиевски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје

-------------



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 00:18

Сликата зборува се, изгубивме 3 разлика и тоа со многу слаба игра, би рекол со недисциплина, Антич шутираше од 9 метри за тројка, гечевски исто така, да не беше мејси кој даде 32 поени ќе ен растуреа црно горците.

 



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 16:00
"Трофејот" за Црногорците

МАКЕДОНИЈА - ЦРНА ГОРА 81:84
(19-22; 20-15; 12-22; 30-25 )

Сала "Борис Трајковски" - Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Стојовски-Милојевиќ-Крстевски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје


Sramota!!!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:57
Сепак мислам дека не е голема разлика и не е за голема резил. Затоа изненадија со победата против Турција и Романија.
Освен тоа...

МАЛКУ НЕДОСТАСУВАШЕ МАКЕДОНИЈА ДА ГО ОСВОИ ПОБЕДНИЧКИОТ ТРОФЕЈ

Мејси е нашиот МВП

Со она што го прикажа на сите три натпревари, новиот член на "Кралскиот клуб" покажа дека сме добиле нова сила на патот до Полска.

Две победи и второ место. Една над големата Турција, еден тесна загуба против силата која доаѓа во Европа а се вика Црна Гора, тоа е ефектот на нашиот национален тим во првата посериозна проверка направена, за првпат, во еден комплетен состав.

Бевме вистински домаќини на "Трофејот". На крајот им го дадовме на Црногорците, иако можеше да биде и поинаку во оние финални секунди во кои заостанавме за три поени, колку да бидеме само втори.

Сепак, сета оваа "акција" на крајот на краиштата е само една добра проверка, да се види до каде сме дошле во оној период на подготовки преку кои би сакале да дојдеме до Полска и да заиграме на Евробаскетот следната година, па и онаа плакета која следува за второпласираната селекција во вакво друштво доаѓа во втор план.

Во оној првиот секако беше можноста селекторот Јовица Арсиќ да ги провери оние (најголем дел од нив) на кои ќе смета за шесте квалификациски дуели почнувајќи од 3 септември во Рига.

А на тоа поле во преден план, во секој случај, Џеремаја Мејси.

Новиот Македонец одигра како да е "сто години" заедно со оваа екипа, и ако официјално Никола Пековиќ го доби најголемото индивидуално признание на турнирот, за нас, без никакви дилеми, и потценување на трудот на Црногорецот, Мејси е оној вистински МВП.

Силно мотивиран да & се претстави на скопската публика, новиот член на "кралската кошаркарска фамилија" од Мадрид покажа дека сме добиле нова сила на патот до Полска.

Не само против Црна Гора, Мејси беше силен и против Турција, секако и Романија, што и н$ тера на заклучок дека Арсиќ не треба да се грижи за тоа место во екипата, особерно ако се знае дека зад себе има десетина денови помалку работа од останатите.

Многу поголеми проблеми кои беа видливи и со "голо око" се секако на позицијата број "3". И овој турнир го докажа тоа. Пробуваше Арсиќ и со Тасовски и со Блажевски, па и Ристе Стефанов. Но тоа беше далеку од добро, особено во финалето.

Ќе треба да "почекаме" уште извесно време и на Гечевски, кој со Самарџиски и секако Перо Антиќ, треба да биде столб на одбраната во многу поважните дуели со Летонија, Португалија и Естонија.

За бековската линија не би требало да има проблеми, но можеби ќе треба уште еден кој ќе им биде "прва помош" на Стефанов и на Илиевски, кој и во Скопје потврди дека е блиску до натпреварувачката форма.



Врбица Стефанов: Не е ништо опасно

Иако со повреда, во финишот капитенот проба да го доигра најважниот дуел на турнирот. Во еден обид за шут на противничкиот кош Врбица Стефанов го повреди скочниот зглоб.

За среќа, не се работи за некоја сериозна повреда.

"Ден-два одмор и мислам дека с$ ќе биде во најдобар ред со зглобот. Се надевам дека ќе бидеам о.к. за следниот турнир во Романија"- вели Стефанов."Задоволен сум од тоа како одигравме. Штета е што на крајот останавме без сили и за комплетен резултатски пресврт. Во секој случај, сметам дека сме на добар пат кон посакуваната форма за квалификациите" - кажа Стефанов по финалето.

Кратко отсуство на Илиевски

По одморот од еден ден нашиот најдобар состав, денеска продолжува со исто темпо. Во стројот на Арсиќ во наредните неколку дена нема да биде Владо Илиевски. Имено искусниот бек поради приватни поточно семејни обврски морал на кратко да замине во Словенија. Се очекува Илиевски за неколку дена да се врати назад на репрезентативните обврски.

Никола Пековиќ: Имате навистина одлична селекција

Никола Пековиќ расположен за давање изјави откако Црна Гора во финалето беше подобра од нашата селекција.

"Задоволен сум, ако и не би бил кога победивме една одлична селекција со неколку извонредни кошаркари. За нас ова беше прв посериозен испит, и тоа турнирски во три дена три натпревари. Не беше воопшто лесно против Македонија. Знам добар дел од вашите играчи, почнувајќи од Гечевски, Самарџиски, па Врбица Стефанов, не ме изненади ниту играта на Мејси. Се работи за извонреден играч, еден од најдобрите лани во Евролигата. Тоа му дава дополнителна тежина на нашиот триумф во Скопје"- искоментира официјално најдобриот играч на "Трофејот".




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 18:22
Nasive ne se use uigrani..skoro se sobraa,nekako dobiv vpecatok deka ne trenirale dosta dolgo..se vide toa,po promasuvanjeto na kosot od cisti situacii..se na se,nekako se drzea da receme dobro..mislam deka so poveke trening i koncentracija ke bidat podobri..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 23:02
Кошаркарките вечерва играат против Естонија

Женската сениорска кошаркарска селекција на Македонија вечерва се враќа на европската сцена преку воведниот квалификациски натпревар со Естонија од дивизијата Б за идниот Евро шампионат.

По 4 годишна апстиненција нашите девојки добиваат шанса да ги тестираат своите квалитети и можности, па силно посакуваат победа и покрај тоа што селекторот Видое Секуловски на стартот не може да смета на неколку поискусни репрезентативки.

Добар потег од КФМ која одлучи влезот да биде слободен. Одлична покана за вљубениците на кошарката да дојдат и да ги бодрат нашите кошаркарки од 20 часот во салата Јане Сандански.

-------------



Постирано од: Eli
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 12:56
Eeeeee morase li da go zagubime gostuvanjeto vo Letonija,na prviot kvalifikaciski natprevar,koga pobedata skoro ni bese vo race!!!!!!!!!!toa ke bese veke 90% plasman..ako pobedevme vo Letonija,ke trebase samo use 3 utakmici da tepame doma..steta..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 17:35
Кошарка: Летонија - Македонија 83:82

Пораз од Летонија на македонските кошаркари на почетокот на квалификациите за европското првенство од 83:82.

Изгубивме во продолженијата од натпреварот кога буквално во последната секунда со звукот на свирчето примивме кош, во регуларниот тек беше 74:74.

Игравме несредено и нервозно на почетокот на натпреварот и влеговме со негатива од 15:12 по првата четвртина.

Во втората се консолидираме и успеавме да вратиме со 15:18, за во третата четвртина да биде изедначен резултатот 24:23.

Во четвртата четвртина и Летонија и ние постигнавме по 20 поени и така мечот влезе во продолжението кое се покажа кобно за нас.

Јаниченокс ни пресуди во последните секунди од продолжението, иако имавме две меч топки кои не ги искористивме.

Најпрецизен во нашите редови беше Врбица Стефанов со 25 коша, додека Тодор Гечевски додаде 21 поен, но сето тоа залудно кога не можевме да се бориме до самиот крај.




SRAMOTA !!!!!

-------------



Постирано од: Eli
Датум на внесување: 04.Септември.2008 во 22:19
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Кошарка: Летонија - Македонија 83:82

Пораз од Летонија на македонските кошаркари на почетокот на квалификациите за европското првенство од 83:82.

Изгубивме во продолженијата од натпреварот кога буквално во последната секунда со звукот на свирчето примивме кош, во регуларниот тек беше 74:74.

Игравме несредено и нервозно на почетокот на натпреварот и влеговме со негатива од 15:12 по првата четвртина.

Во втората се консолидираме и успеавме да вратиме со 15:18, за во третата четвртина да биде изедначен резултатот 24:23.

Во четвртата четвртина и Летонија и ние постигнавме по 20 поени и така мечот влезе во продолжението кое се покажа кобно за нас.

Јаниченокс ни пресуди во последните секунди од продолжението, иако имавме две меч топки кои не ги искористивме.

Најпрецизен во нашите редови беше Врбица Стефанов со 25 коша, додека Тодор Гечевски додаде 21 поен, но сето тоа залудно кога не можевме да се бориме до самиот крај.




SRAMOTA !!!!!


Ustvari imas pravo najpraviot komentar za nivnata pokazana igra e SRAMOTAAAAAAAAAA!!

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 09.Септември.2008 во 02:03
Makedonija - Portugalija (Zeni)





-------------



Постирано од: Eli
Датум на внесување: 10.Септември.2008 во 22:49
Konecno tepavme na gostinski teren!!Makedonija uspea da ja sovlada Estonija so prednost od 13 kosa..stvarno edno bravo za nasite,i taka da produzat so igrata,pa konecno i ovaa generacija kosarkari da ja vidime na edno evropsko prvenstvo..bravo

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 16:31
Имаме одлично "време на минување"

Половина од патот за Полска е одработен, што би се рекло изоден.

Н$ чека уште половина, онаа втората, од етапата која води на ЕП.

По онаа првата имаме добро, може да се каже и одлично "време на минување". Сме на скор од две победи и еден пораз, повеќе-помалку очекуван.

Да, можеше да биде и подобар, односно стопроцентен нашиот ефект по трите одиграни натпревари да не ни се случија нереализираните "пенали".

Но тие полека паднаа во заборав откако ја исправивме таа грешка со добрата, на моменти и одлична игра во Талин, особено во второто полувреме.

Но и вака не е лошо, ќе кажеме дека развојот на ситуацијата, не само во нашата "Б" група, оди во наша корист, се развива според нашите желби.

Но тоа е само половина од работната задача во овие квалификации кои од јавноста се одамна оценети како шанса на генерацијата.

А токму еден од оние кои се дел од оваа генерација а е со најмал работен (временски) стаж е Џеремаја Мејси.

По нешто месец и кусур откако е дел од "црвено-жолтиот" состав, нашиот голем адут размислува онака како што тоа може само еден голем професионалец.

Популарниот "Мејс" и против Естонија ги докажа сите свои квалитети. Можеби не прикажа целосна стабилност (имаше и некои избрзани, нерезонски шутеви), но нашето силно крило погодуваше кога треба. Го имаше кога тоа ни беше потребно, посебно во нападот. На крајот излезе и прв стрелец со 20 реализации, и прв скокач со 10 остварени скока (три офанзивни).

Мејси не сака да се враќа многу на овој натпревар. Новиот член на Реал Мадрид е веќе свртен кон наредниот, оној в сабота со Летонија во Скопје.

Следниот натпревар е секогаш најважен, затоа и треба да го заборавиме овој во Талин. Естонија е добар тим, но ние бевме подобри од нив, би рекол поспособни да победиме. Сега е едноставно, треба да се вратиме дома, да потренираме уште некое време и да бидеме подготвени за следниот натпревар. За она што н$ очекува против Летонија. Репрезентација која н$ задолжи пред десетина дена. Сигурен сум дека на домашен терен нема да ја испуштиме шансата за реванш. Впрочем, ги испуштивме во Рига, нема да го повториме тоа во Скопје"- порача уште од Талин Македонецот со американски пасош, и тоа само десетина минути по успешно завршната задача, да се освои главниот естонски град.

ПЕРО АНТИЌ ДОЈДЕ НА СВОЕТО

Уште ништо не сме освоиле

Перо Антиќ го продолжи трендот на добри игри и во Талин. По Португалија, нашиот крилен центар делуваше уште посигурно, особено во фазата на нападот.

Погоди неколку шута од надвор, имаше и едно сјајно забивање, колку да ја "растури", да ја "рашири" противничката одбрана.

"Силно ја посакувавме оваа победа во Талин. Не само поради тоа што ни се случи лани, кога н$ изненадија. Овој пат не можеше да се случи такво нешто затоа што одигравме доста паметно, зрело, со голема доза на верба во сопствените можности, кои се сигурно поголеми"- вели Антиќ.

Победа која во голема мера ни ги зголемува шансите за "премин" на ЕП во Полска?

"Не треба сега да се залетуваме и да велиме дека сме ја завршиле работата. Па уште ништо не сме освоиле. Да, победивме на гостински терен, и може да се каже дека сме завршиле 90% од работата. Но далеку од тоа дека тука е крајот и дека треба да почнеме да се радуваме. Ништо не сме направиле во Талин ако в сабота не ја победиме Летонија пред наша публика во Скопје. Со нивна огромна помош, споена со нашите квалитети, ќе тргнеме во реванш против Летонците. И во Рига покажавме дека сме подобри од нив, сега ќе го докажеме тоа каде што треба, пред своите фанови кои ги повикувам в сабота навечер да ја исполната салата "Борис Трајковски" и сите заедно да се радуваме на уште еден триумф со кој уште повеќе ќе се приближиме кон Полска" - порачува Антиќ.

Четврток - "неработен" ден

Задоволен од прикажаната игра, секако и триумфот во Талин, кој на крајот може да се покаже и како решавачки во конечниот ерпилог во групата"Б", селекторот Јовица Арсиќ го прогласи четврток за "неработен ден".

Разбирлива одлука на селекторот особено ако се знае дека добар дел од репрезентативците по враќањето во Скопје, чувствуваа голем замор од напорите во изминатите 24. часа.

Затоа од денеска се ќе "оди по старо". Утринскиот тренинг е предвиден за 11, а попладневниот за 18. часот.

Сем тоа, од денеска се очекува на националниот тим да му се приклучат и Дарко Соколов и Марјан Ѓуров кои не беа во комбинација за натпреварот со Естонија.

ТАНЕЛ ТЕИН (БЕК НА ЕСТОНИЈА):

Во сe беа подобри од нас!

"Кога ќе ја погледам статистиката, не можам да видам ниту една работа во која сме подобри од противникот. Ова е прв натпревар по кој имам едно такво чувство, кога едноставно нема начин да победиш. Едноставно кажано, вечерва беа подобри од нас".

ИЛАР КЕРДЕ (СЕЛЕКТОР НА ЕСТОНИЈА):

Не е крај на светот

"На овој натпревар покажавме дека сме способни да се одбраниме од нивната бековска линија. Но, нивната челна линија беше несопирлива.

Но, за мене ова не е крај на светот. Имаме уште еден натпревар в сабота каде ќе ни треба голема борба за да победиме".

КОЛКУ Е МАЛ СВЕТОТ ?

Со Летонците во ист авион за Скопје

И тоа може да се случи. Лути противници во квалификациите да се најдат во ист авион.

Тоа им се случи на нашите кошаркари, кога на аеродромот во Прага во просторот предвиден за "чекирање" на авиобилетите се сретнаа со колегите од репрезентацијата на Летонија.

Заедно со саботниот противник патуваа во Скопје, каде, видно заморни (рано заминување од Талин за Прага), "црвено-жолтите" пристигнаа околу 13.30 часот.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 00:52
Makedonija - Letonija Sliki











-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 00:57
конечно ВИСТИНСКОТО ЗНАМЕ среќа

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 17:43
Имало Господ, имало правда!

МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА 80:78

(28-17; 16-25; 20-19; 16-17)

Сала "Борис Трајковски"- Скопје. Гледачи: 6.500. Судии: Ламоника (Италија) - Гонтас (Грција) - Томов (Бугарија). Делегат: Рукавина (Хрватска)

Се сврти "филмот од Рига", за среќа наша, сценариото предвиде хепиенд за Македонија.

Јанис Блумс во Скопје не беше Кристапс Јаниценокс од Рига.

Македонија ја победи Летонија (80:78) во уште една хичкоковска завршница, која траеше пет минути помалку од онаа пред десет дена во главниот летонски град.

Актерите во она финале беа исти. На 13.8 секунди пред крајот Владо Илиевски уште еднаш застана на линијата за слободни фрлања. Беше "само" 79:78 за нас. Се исплашивме кога не го погоди првото. Делумно полабаво го дочекавме поентирањето од второто за плус 2 (80:78).

Но крајот беше далеку, на потег беа непредвидливите Летонци. Одиграа надвор од логиката, поточно сакаа да ризикуваат. Наместија акција за тројка во која Блумс биеше (преку Ристе Стефанов).

За среќа наша, која толку ја бара(в)ме и во овие квалификации, неговиот шут на нецели шест секунди пред крајот остана на обрачот, па победата остана за Македонија.

Заслужена, и повеќе од тоа, без оглед на сите падови присутни во играта на "жолтите"

За големо олеснување во преполната сала "Борис Трајковски", која беше претесна за сите оние кои дојдоа да ја поздрават и третата победа во серија на нашиот национален тим во квалификациската трка.

Триумф кој по 4. кола, конечно, н$ донесе на првото место во групата "Б", кое го посакувавме, па веројатно уште по онаа февруарска ждрепка во Венеција, во пресрет на последните два меча, в среда со Португалија, во Коимбра, и в сабота во Скопје, против нашиот стар муштерија Естонија.

Првиот чекор во овој дуел го направивме како што треба, иако ни требаа неколку минути за загревање. Може да се каже и нервозни, и тоа на двете страни, по пет и нешто повеќе минути имавме убави 13:7, но имавме, се чини уште поголем проблем, како да се сочуваме од Андрис Бедринс.

Нанижа летонскиот џин цели 11 поени во првата четвртина, уште полошо, собра скор исто толкав број скокови на двете страни од теренот.

Но капитенот Врбица Стефанов ( и тој застана на 11 поени во тој дел од играта) отвори една серија по која од 18:14 стигнавме до 24:14, за тој период од играта да го завршиме со плус 11 (28:17).

И тука некаде како да ја подигнавме сопирачката во нашата игра.

Трпеливите Летонци, пак, преку Бедринс, потпомогнат од бековската линија Јаниценк-Блумс, не сменија ништо. Чекаа и ги дочекаа нашите шутерски утки, кои ги имаше премногу во втората четвртина во која нашите шутери како прво да сакаа да ја поправат својата статистика отколку онаа групната. Двоцифрено водевме до 13. минута кога беше 31:21. Но противникот се врати на 29:33.

Кога помисливме дека го одбивме и тој удар, следуваше уште еден. Летонија се доближи до 35:37, исто беше и по истекот на првот полувреме (44:42) за нас, најмногу по заслуга на тандемот Р. Стефанов-Антиќ , кој даде 14 од нашите 16 поени во вторите 10 минути.

По четири минути од продолжението дојде и новото водство на гостите (53:50), со што беше најавено дека до двата бода, веројатно и клучни во квалификациите, ќе ни треба многу пот, многу напор, сила, енергија.

Не одеше како што треба, но Тодор Гечевски најде сили да "се бори" со Бедринс во одбрана и да поентира во нападот. Доста се "потроши" и физички, но и со личните грешки, што со оние претходните на Самарџиски ни донесе нови проблеми во центарската линија, во која патем, Џеремаја Мејси тешко доаѓаше до своите омилени позиции.

Но и во еден таков развој на ситуацијата имавме позитива (64:61) со која се влезе во решавачкиот дел.

Откако некако се "ослободивме" од напаста наречена Бедринс, некако се разиграа другите во летонската петорка. Не игравме добро, но, сепак, водевме. По 33 минути од играта и серијата од 7-2 и со 71:63, но Гечевски доби и 4. лична грешка.

Дојде редот на Перо Антиќ да го замени својот поискусен соиграч. Одговори на предизвикот, иако не му одеше од линијата за слободни (не погоди дури четири во тој дел од играта).

На три минути пред крајот "држевме" солидна предност (77:70). И уште еднаш, место мирна завршница, драма.

Една минута подоцна Летонија дојде на 73:77, во следната и до 75:77, а на 1:35 беше само 77:76 за Македонија.

Антиќ најде простор во противничката одбрана за 79:76, но врати Бедринс (79:78), кога останаа да се играат нецели 42 секунди.

А потоа нешто "веќе видено". Илиевски во главна улога, делумно успешен од "пенал-шансата", која Блумс, за среќа, не ја казни.

Филмот заврши, Македонија победува. Онолку колку што треба, со два поена, за прво место на табелата... уште да се знае кој е оној вистински режисер, да му се заблагодариме, уште еднаш, да не ни прави вакви работи. Не ни требаат, да доживееме, да видиме уште еднаш како е тоа Македонија да игра на Европско првенство.

Ни треба уште една победа, во Португалија, е првата нова шанса...

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Септември.2008 во 23:06
Кошаркарите денеска против Португалија

Македонската кошарка тропна и ја отвори портата што води во европската елита. Но, прагот треба да го мине во Коимбра.

Португалија е наш вечерашен противник во квалификациите за шампионатот во полска во 2009-та.

Црвено - жолтиот баскет е пред две слободни фрлања кои значат Европско првенство. Првото е на португалски паркет, второто на домашен в сабота против Естонија.

Две победи ќе не однесат на собирот на најдобрите и тука е големата шанса пред која стојат и со две раце треба да ја зграпчат македонските кошаркари.

Решаваме сами, со максимално остварување во двете преостанати средби ќе бидеме први во групата и сигурни патници за Полска. Најтешкото го одработивме, останува само рутинскиот дел.

Секако, со секогаш потребната скромност и претпазливост, без оглед што ги прегазивме Португалците во салата „Борис Трајковски“.

Вечерва отвораме нова приказна, но и во неа очекуваме среќен крај, значи Македонија да се врати на Европските првенства по пауза од десет години.

-------------



Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 18.Септември.2008 во 09:45
А бе што направија овие
таман си мислев работата е завршена... оти прават вака?

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk