IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 97>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 02:36
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Еве уште еден цитат, кој дава дозвола по договор да се разделат сопружниците, доколку едниот реши да се оддаде на монаштво:
5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.

Со оглед на тоа што монасите се во состојба на постојана и доживотна молитва, мислам дека многу јасно го почитуваат кажаното од апостолот.
 
zidarski, монаштво и молитва се слични зборови, и двата збора почнуваат на "мо", и двата збора ги содржат буквите "т" и "в", ама во суштина тоа се два различни поими среќа Навистина не очекував ваков коментар од тебе. Дури мислам и дека на шала го напиша тоа погоре. Сепак, на шала или не, јас ќе реплицирам како да не е шала.
 
Прво, горниот стих воопшто не зборува за "монаштво", туку тоа е брачна заповед. Бидејќи монасите не се во брак, тоа автоматски кажува дека горниот стих нема благе везе со нив. Горниот стих заповедува брачните другари да не се одвојуваат/лишуваат еден од друг подолго време (се мисли на сексуално воздржување) за да не бидат искушувана нивната "невоздржаност" (се мисли на сексуална или еротска невоздржаност) од Сатаната. Ова е многу практична заповед. Затоа што ако подолго време не си ја видиш жена ти или ако подолго време немате секс, тогаш твоите хормони ќе се акумулираат секој ден се повеќе и повеќе во тебе и ќе го зголемуваат твојот сексуален апетит. И доколку ти не го задоволиш сексуалниот апетит со својата жена, тогаш ти стануваш мета на Сатаната кој ќе почне да те искушува преку некоја друга девојка/жена. Истото важи и за жените.
Затоа апостолот дава совет да не се лишуваат брачните партнери без потреба, освен по договор, за НЕКОЕ ВРЕМЕ (а не за цела вечност! - доколку го толкуваме стихот за монасите) за да се предадат на молитва.
Молитвата не е само за ткн. "монаси". Таа не е ни само за оние што се решиле на целибат. Молитвата е за секој верник, па и за оние што се во брак.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 02:42
Евангелос, следниот пат кога ќе ми реплицираш, прво читај што имам напишано...
Конкретниот коментар се однесува само и единстено на случаите (кои беа спомнати тука), во кои човекот ја напушта жената за да се замонаши. Ваквите ситуации беа осудени од некои членови на форумот, без да се гледа целосната слика.
Целосната слика е - прво, монасите мора да имаат одобрение од партнерот за да го направат тоа и децата (доколку имаат) да бидат возрасни. Второ - има јасна клауза во Библијата која вели дека кога се оддаваш на молитва, е дозволено да се одделиш од брачниот партнер. Монасите се во состојба на вечна молитва! Вечна! Постојана! Кога јадат, кога спијат, кога одат, кога работат, кога зборуваат. Постојано!
И пак да повторам - мојот коментар се однесуваше само на критиката упатена кон женетите кои стануваат монаси.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:06

zidarski, пишувајте што сакате за монасите, подржувајте го со православните книги, но не го чепкајте Божјиот Збор, затоа што се што пишувате се коси со Божјиот Збор.

Бракот е завет меѓу мажот и жената се додека едниот од нив не умре!  Дури и во православните венчавки се вели: "Додека смртта не ве раздели!" Никој, па ни сопружниците немаат право да го прекинуваат бракот.
 
"Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!"
(Исус во евангелие по Матеј 19:6)
 
Исус тука јасно кажува дека откако двајца ќе дадат брачен завет, тие веќе не се двајца, туку ЕДНО тело соединето од Бог. Во тој завет учествува и Бог. Бог е верен на Својот Завет. Бог никогаш, ама баш никогаш не го прекршил, ниту ќе го прекрши својот завет.
За какви тоа "одобренија" зборите? Читајте што вели Христос: "Тие веќе не се двајва, туку едно тело". Двајца можеш да ги разделиш, но за да разделиш едно тело, треба прво да го раскршиш на две половини.
 
"Жената е сврзана додека мажот и е жив."
(1 Коринтјани 7:39)
 
"Бракот да се почитува од сите!"
(Евреите 13:4)
 
Таа "клауза" за одвојвуање од партнерот воопшто не е за замонашување. Во таа "клауза" главната заповед е "не лишувајте се еден од друг!", а тоа "освен за молитва" е ИСКЛУЧОКОТ, и тоа апостолот додава "за некое време", а не за цела вечност!
 
И уште на крај и во оваа тема да повторам дека Бог го мрази напуштањето на жената и не дозволува развод!
 
"Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог"
(ГОСПОД во Малахија 2:16)
 
"Сврзан ли си со жена? Не барај развод!"
(1 Коринтјани 7:27)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
m_moon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m_moon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:10
se sto spoil gospod covek nesmee da razdeli
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:17
Евангелос - како што реков - пред да реплицираш, прочитај убао, информирај се...
Монасите не се разведуваат од своите жени, не ги разведуваат, не ги оставаат.
Жените самите им дозволуваат да се оддадат на молитва - за време на која, како што знаеме, препорачано е да се одделат едни од други (тоа е заповед во Библијата, не е напишано подоцна). Монасите се посветени на вечна молитва, соодветно, остануваат вечно одделени од своите сопруги (доколку имале таква). Нивните сопруги го одобруваат тоа и се гордеат со своите сопрузи, затоа што тие се оддаваат на Бога и на служба на луѓето.
А ти - толкувај си онака како што е полесно за толкување и како што е полесно за практикување од луѓето.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:37
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Монасите не се разведуваат од своите жени, не ги разведуваат, не ги оставаат. ...
Монасите се посветени на вечна молитва, соодветно, остануваат вечно одделени од своите сопруги.
 
zidraski, се читаш ли што пишуваш? Знам дека таму од каде што пишуваш не е ноќ, но сепак би ти препорачал да си легнеш малку. Не мора да спиеш, just take a nap големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:41
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ubavo kazhano, no dobro bi bilo, isto taka, da se soochime i so realnosta.

Monasite ne se pravoslavna inovacija, tuku takviot nachn na zhiveenje bil poznat od pamtiveka na site strani na svetot.

Odbiranjeto na takviot zhivot ne garantira prosvetluvanje, no mozhe da pomogne. Prosvetluvanjeto ne se postiga samo na toj nachin, nitu pak toa doagja po nekakov avtomatizam koga ke se odbere monashkiot zhivot.

Kako takov, monashkiot zhivot ne e zhivot na "svetec", tuku zhivot na machenik, chovek koj od se srce se trudi da gi postigne duhovnite visini koi, barem za nego, se nedostizhni vo obichniot sekojdneven zhivot.

Eventualnoto prosvetluvane od takviot zhivot e mozhen i od nego benefit ima samiot monah. Toj mozhe toa da go spodeli, kolku sto e mozhno, so drugite lugje spored svojata volja ili spored voljata na lugjeto, no toa ne znachi deka toj taka avtomatski stanuva nekakov prorok. Takviot chovek mozhe samo figurativno da go narecheme "svetlina za lugjeto" bidejki taa svetlina ne se prenesuva kako shtafeta na drugite, no mozhe da im pomogne vo pronaogjanje na nivniot pat.

Lichno nemam nishto protiv izborot na sopstveniot zhivoten pat na sekoj chovek, a toa go vkluchuva i izborot na monashkiot zhivot. Ubeden sum deka onoj koj uspeal da se prosvetlil nemozhe da ostane ramnodushen kon chovechkata mizerija i deka ljubovta vo nego, sakal ili ne, ke stori se za da ja namali i ublazhi.

Vsushnost za takvi lugje i ne postoi izbor dali sakaat ili ne sakaat da go storat toa... Ljubovta ne ostava mesto za alternativi.


Добро кажано... монашкиот живот е пат по кој можеш да го спознаеш Бога, но не гарантира просветлување. Просветление човек може да достигне единствено и само ако тој прво сака тоа да го постигне, а второ ако апсолутно со целата своја сила се труди да се смирува, да ја сече гордоста од корен и да се понизува од љубов, и да смета дека се што има е дар од Бога. Тоа е и суштинатана на православието. А и не значи дека секој монах е просветлен или пророк, но во однос на нас,секој од нив е понапред (има и исклучоци, се разбира). И многу ми се допадна тоа што го велиш дека љубовта не остава место за алтернативи - апсолутно е така. По примерот на Христос кој безусловно и доброволно се распна за наше спасение постапуваат и монасите.

Што се однесува до она *светлина на светот*, тоа треба да се сфати во смисла дека тие не учат на вистината, не просветуваат и просветлуваат, не водат до Бога... а не дека светат како вистински светилки. Самиот Господ кажува што претставува таа светлина - нашите добри дела и љубов       по кои ќе не познаат дека сме Христови.

И јас цело време зборувам за тоа дали монаштвото е благословено од Бога, а не го оспорувам фактот дека таков начин на живот постоел и пред Христијанството (со разлика што тие монаси пред Христијанството, а и сега, што ги има/ло во источните религии, се идолопоклоници).

Простете ми ако не бев јасна во однос на тоа

Маран Ата +

                     
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:49
Да се читам многу јасно што зборувам. Оди зборувај со некој монах, кој имал жена пред да се замонаши, ќе ти објасни каков е процесот. Ова што го напишав не го измислив, туку е факт. Жените се согласни на таа разделба, во име на молитвата, во име на работата и животот посветени на Бога, затоа што тоа е поважно отколку земните и телесните задоволства. Доколку жената се противи на идејата - човек не може да се замонаши.
Тоа е жртва и од страна на двајцата, но е нешто кое го прават апсолутно свесно, со чиста совест и разум, без сомнежи.
Некои луѓе можат да се откажат од телесните задоволства во Слава Божја. Свети Павле го правел истото, зарем не?
А оние кои не можат - не мораат... живи и здрави да се... ама да не ги критикуваат и оцрнуваат оние што можат, заради својата неспособност.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 03:50
Originally posted by majmunce majmunce напиша:

да бе многу мачен живот имаат монасите, еј замисли по цел ден да сликаш икончиња, да си пееш песнички, да си шеткаш по шумите со чист воздух за да бараш јаготчиња за ужинка, да си правиш мед итн итн. навистина многу грижи имаат, па дали ќе заработат доволно пари работејќи во фабрика за да го пратат детето во школо, па дали ќе можат да го вратат кредитот во банка што го зеле за да можат да ја закрпат куќата или пак ќе мора во затвор да поседат малку. навистина монашкиот живот е најтежок. а зошто јас не одам за монах? затоа што го презирам таквиот начин на живот! јас сакам да си го заработам мојот леб! јас не чекам милостина од верниците! јас и плаќам даноци на оваа држава затоа што не сакам да бидам должник, јас не чекам се на вересија!


А бе, мило сомалиско мајмунче, та нели се договоривме да не се избацувате со неумесни коментари без докази?

Ајде сега ова што ти го тврдиш докажи го, зашто јас се што кажав беше поткрепено од реалноста, линкови, слики, настани, текстови, лични искуства....

И дискусијата не е дали ти сакаш таков живот или не, никој од нас не разговара дали ќе се жени или ќе оди в манастир, туку дали тоа е благословена форма на живот од Самиот БОГ.

Христос посреди нас +
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 04:07
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:



Dali si sposoben svojot zivot da go zrtvuvas za bilo sto, a da ne e vrzano so tvojata licna dobrobit i korist?????



a zosto ti mislis deka monastvoto e nekoja ogromna zrtva? za mnogu od lugjeto, toa e edinstven spas, bidejki ne znaat, ne se sposobni da bidat hristijani vo gradot, pa aj sega ke begame po pesteri. jas ne gi kritikuvam kako lugje, ima dobri lugje, no toa e ponizok stepen na vera sto tie go imaat. bidejki vistinskata vera e da mu se posvetis na covekot i da mu sluzis, a ne preplasen da izbegas od covekot.


Е ајде сега Стефанчо да провериме кој колку голем христијанин е.
Кога и колку пати на ден се молиш?
Колку пати во годината одиш во црква на Литургија?
Колку наркомани имаш ти излечено и дали некому го имаш спасено животот?
Колку пати на ден ти прво мислиш за другиот, а потоа за себе?
Колку пати си ракол некому прости или си простил?
Колку КРИВОВЕРНИ (муслимани и секташи) ти имаш преобратено преку твојата љубов?..............
ај да не продолжувам.

И дај, те молам, те молам многу, не си троши мастило да пишуваш ( )кога нешто не ти е поткрепено со докази!!!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 04:08
Originally posted by majmunce majmunce напиша:

ок искрено, ја знам реалноста и затоа го извлекувам тоа мое мислење


Ја знаеш реалноста???
Кажи ми како ја знаеш? По што и од што?
Јас веќе ти ја предочив со еден куп линкови, а и еден куп оддржливи коментари и од мене, а и од другите на форумов.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 06:55
Маран Ата - сите се знаат од прва рака, сите слушнале за нешто, прочитале, виделе, некој им кажал... типичен систем на информирање кај нас е тоа... А колку е само едноставно да се отиде и да се разговара со некој монах и да се добие вистинската информација, или пак да се поседи неколку дена во манастир и да се види навистина какви се нивните активности...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 07:04
Корист на општеството од монашките заедници и нивниот труд

1.Бигорскиот манастир функционира како рехабилитационен центар за зависници од наркотици. Можете ли да си замислите само колку млади деца се излечени и доведени на прав пат како вистински верници во Христа нашиот Бог? А што има поголемо од тоа да спасиш еден грешник од погубен пат? Што има поголемо од тоа еден човек кој некогаш бил во мрак од опојните дроги, не знаејќи што навистина е реалност, а што е имагинација, да го доведеш не само до реалноста во светот, туку и до Вистината, Патот и Животот????? Таму се имаат излечено еден куп млади луѓе кои, се разбира, потоа сведочат и за Христа, и за љубовта и посветеноста на монасите, и можат да ги убедат другите пеер групи дека дрогата е злодело кое го уништува и човекот поединечно, а и целото општество во глобала. Оние кои сакаат да се запознаат повеќе со Бигорскиот процес на рехабилитација можат да го прочитаат интервјуто на отец Партениј, во три дела објавено на страната на ПреминПортал
(директен линк http://preminportal.com.mk/content/view/1069/54/).
А воедно, доколку има некој таков проблем, манастирските врати му се ширум отворени за да му се помогне.

2. Монасите се бават и со изработка на темјан http://preminportal.com.mk/content/view/417/84/

3. Изработуваат и митри (владички капи). Манастирот св. Георгиј Победоносец во Рајчица, Дебарско е единствен манастир на Балканот кој ги изработува.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=8FA9E579F76D3F4494817016DC180240

4. Изработуваат мантии и одежди (во Македонија тоа го прават во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка, Скопско)
http://preminportal.com.mk/content/view/13/53/

5. Преведуваат книги и објавуваат списанија
http://www.mpc.org.mk/izdavackadejnost.asp
http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/premin.asp

6. Издаваат цд-ња со Православна византиска црковна музика
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2137&stID=17510
(слика како изгледа цд-то http://www.giftshop.com.mk/images/content_images/cd0155.jpg)

7. Се занимаваат со иконопис и фрекопис
http://preminportal.com.mk/content/view/34/95/
http://www.mpc.org.mk/vGal.asp?kw=Ikoni
http://preminportal.com.mk/content/view/136/83/

8. Ракоделие (крстиња, дрвени лажици, кошници, резбарство...)
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/24.shtml
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/28.shtml
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/30.shtml

9. Производство на мед, земјоделие и одгледување на добиток
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/14.shtml
http://www.sohowines.hk/images/KormilitsaGold.jpg

10. Го чуваат нашето најголемо културно и верско наследство кое сведочи за вистинитоста на нашата Црква
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=9C1448848DA10C4F8B21288CA52D2105
http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=2877
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3113
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3076

11. Го сплотуваат народот во еден дух како повеќе органи на едно Тело – Црквата Христова http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=2932

итн................итн..................итн...........................................................итн..........................



a tuka bi gi dodala i rabotite od tipot na pismenost (sv Kiril i Metodij), literatura (Kiril Pejcinovik Tetoec, Crnorizec), umetnost (Partenij Zografski, sv Teofan Kritski), arhitektura (poglednete go bilo koj pravoslaven hram koj izobiluva so vecna ubavina, od rano-hristijanski period),
turizam, spokoj, mir, duhovno rakovodstvo... itn itn. taka sto da ne bile monasite - nie deneska ne bi bile vo moznost da se pisuvame na forumov.

Ова е веќе кажано, и повторно би ве замолила, ако сме толку големи верници и христијани, како што се правиме, дај да не се повтараме и ако нешто тврдиме тоа да ни е поткрепено со докази, затоа што ако не е, автоматски тогаш отпаќа нашата побожност како лага.

zidarski, брат, не се нервирај, ПРАВОславието е само ЉУБОВ, а љубовта се докажува преку делата, а монасите си имаат доволно дела кои можат да го оправдаат нивниот благослов од Бога.

п.с. Ако некој има да коментира нешто на тема монаштво (пак нагласувам, нешто што е издржано), тогаш нека се наврати на мојот коментар од страна 10 и нека аргументирано образложи зошто монаштвото не би било благословено од Бога.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 07:16
Единствените одговори кои до сега ги слушнав против монаштвото се сведуваат или на непознавање на монашките активности и дела, или на неспособноста наша да живееме таков живот, па соодветно - штом ние не можеме, значи не е добро...
Веројатно и во иднина коментарите ќе бидат од иста природа...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,518 секунди.