IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
Автор
Порака
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2009 во 15:53
Originally posted by Iron Man Iron Man напиша:

Вистински разбеснет бик



Италијанскиот бренд е спремен да го лансира проектот Gallardo LP550-2, зад чие име се крие познатиот бик, но сега со погон на задните тркала.



Lamborghini се враќа на системот на погон на задните тркала. За разлика од вообичаениот AWD погон, оваа комбинација ќе нуди исклучително повеќе забава во возењето.



Силата на атмосферскиот 5.2-литарски V10 мотор е намалена за 10КС и сега изнесува 550 КЅ (LP560-4 развива 560 КС). Моторот доаѓа комбиниран со шестстепенски рачен менувач. Десет коњи помалку нема ни да се почувствуваат на конечните перформанси, бидејќи масата на возилото е намалена за цели 30 kg и спринт до стотка трае само 3.9 секунди. Само 250 примероци ќе бидат произведени, а ќе биде и 10% поевтин од моделот LP560-4.



Понудени се дури осум бои на каросеријата, па изборот нема да биде едноставен, но тоа се слатки маки на идните сопственици. За разлика од Gallardo со погон на сите четири тркала, кој не бара и одредени возачки вештини, погонот на задните тркала е наменет на поискусните играчи, бидејќи сигурно нема да биде детска игра да се задржи „бикот“ под контрола.


љубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовљубовмечтаење
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2009 во 20:38
Pagani Zonda Cinque Roadster

Понудата на Pagani секако не би била потполна без roadster изведбата на Zonda Cinque. Автомобилот, како и неговата coupe изведба може да биде произведен во ограничена серија.



Поточно станува збор за само пет примероци, а за секој ќе треба да се издвојат по 1,3 милиони евра. Секако, веднаш треба да се каже дека станува збор за патнички модел.



Новиот Roadster во основа е ист како и Coupe, но покрај изостанувањето на кровот, шасијата на roadster-от, изработена од титан и карбонски влакна е дополнително зајакната. И покрај овие промени, масата на моделот изнесува околу 1.200 килограми. Тука се подолгиот преден спојлер, доработениот дифузор, модифицираното задно крило...



Zonda Cinque Roadster ја движи незначително ослабената верзија 7,3-lлитарскиот V12 мотор на AMG, кој развика 505 kW, односно 687 KS и максимален вртлив момент од 780 Nm. Моторот доаѓа во комбинација со нов секвенцијален роботизиран менувач.



Овој автомобил забрзува од 0 до 100 км/час за само 3,4 секунди и достигнува максимална брзина од над 320 км/час. За подобрените возни својства се погрижи и потполно прилагодливата магнезиумско – титанска суспензија, 19 и 20-цолни алуминиумски бандажи, Pirelli гумите PZero, Brembo carbon-ceramic сопирачки и слично.
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 15:36
BMW ја потврди серијата 3 GT
Баварскиот произведувач и официјално потврди дека по доаѓањето на серијата 5 GT на пазарот ќе понуди помала изведба која ќе се темели на модел од серијата 3, а ќе го носи името серија 3 GT.


Овој автомобил на купувачите би требало да им стане достапен кон крајот на 2011 година, значи приближно во исто време кога се очекува и доаѓањето на следната генерација на серијата 3.

BMW порано ја најавуваше можноста за доаѓање на помала верзија, но со предупредување дека одлуката ќе зависи од прифатеноста на поголемиот модел.

Се чини дека првите реакции на пазарот се прилично добри а веќе стигна потврда од BMW за производство на помалиот модел.


Филозофијата зад овој модел ќе биде иста како и онаа зад серијата 5 GT. Значи, се работи за автомобил кој на купувачите ќе им понуди луксуз на лимузина, практичност на караван, а ќе биде и повеќе подигнат од земја, како кај градските SUV автомобили, што доведува до заклучок дека се работи за еден вид на crossover.

Моторизацијата во поголем дел ќе биде преземена од стандардната серија 3, а исто е и за погонот на задните и сите четири тркала. Цената секако ќе му биде нешто повисока од стандардниот модел, а како овој автомобил треба да изгледа погледнете на скиците.

Извор: KOLI.COM.MK
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 02:58
Шпионски фотографии од Ferrari F450

Најдобрите шпионски фотографии досега направени го прикажуваат F450 фатен на улица. Камуфлажата добро ги сокрива деталите, но сепак може да се заклучи дека во споредба со F430, новиот модел пораснал.



Познатиот папарацо на британскиот магазин „iMOTOR“ со острото око на својата камера го фати новото Ferrari на улиците во Италија. За разлика од досегашните фотографии, на кои се наоѓа мутираниот F430 и претставува измама, овде станува збор за вистинска работа.



Засега се уште не се познати никакви конкретни податоци за новиот F450, освен што се знае дека ќе биде значително унапреден, но и поскап од моделот кој ќе го наследи. Италијанците се одлучија за овој чекор со цел да го одвојат од новата California, која спаѓа во влезните модели на компанијата.



F450 ќе биде наполнет со F1 технологија, вклучувајќи и напредни traction-control систем и керамички сопирачки. Користењето на лесни, софистицирани материјали ќе го направат полесен и поцврст автомобил од F430.



Атмосферскиот 4,5 литарскиот V8 мотор со сила од околу 550 KS ќе дојде во комбинација со последната верзија на менувачката кутија на Ferrari со две спојки, претставена во моделот California. Официјалното претставување на моделот се очекува кон крајот на годинава.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 03:19
Кралски крстосувач – новиот Jaguar XJ



Додека германските луксузни производители, се натпреваруваат кој ќе вгради повеќе технологија во своите автомобили, Британците остануваат верни на својата традиција – кај новиот XJ се е подредено на ретро стилот, квалитетот на материјалите и на препознатливиот дизајн.



Секако, бидејќи се наоѓа во високата премиум класа, на Jaguar XJ не му недостасува технологија – има DVD, телевизија, Bowers&Wilkins аудио систем... Но, внатрешноста повеќе плени со квалитетната кожа најубава на допир, квалитетната пластика и дрво на кокпитот... Тука се е направено за патниците да се чувствуваат кралски – нешто кое Германците не можат да го постигнат, бидејќи, нели, ја немаат Кралицата Елизабета.



И моторите се подредени на уживањето на патниците, а како ретко во модел од високата класа и на уживањето на возачот во најсилната Supersport изведба на 5.0 V8 моторот со 510 КС (0-100 за 4,9 секунди). Овој бензинец, доаѓа во вкупно три изведби, па покрај најсилната, ќе може да се порача и во верзијата со 470, односно 385 КС. За свесните за околината, тука е би турбо дизелашот 3.0 V6 со 275 КС. Сите мотори се спарени со ZF автоматски менувач со шест степени на пренос.



Бидејќи во XJ нема секогаш да се возат патници на задната клупа, вграден е системот Drive Selector, кој овозможува префрлање од удобен, крстосувачки мод на работа, во спортски мод. Тогаш, суспензијата станува потврда и моторот побрзо одговара на командите на возачот, што е гаранција за неговото уживање. Од друга страна, за оние пак кои сакаат друг да ги вози во својот автомобил, тука е и продолжената изведба со 12,5 cm повеќе простор за колената на задната клупа.



Од надвор, кај новиот XJ се забележуваат сличности со помалиот XF, но посебно забележителен е задниот дел, кој делува многу екстравагантно, а личи и на оној на Lancia Thesis. Во внатрешноста, дизајнот е покласичен, со многу ретро елементи и неколку футуристички детали.



Кралскиот крстосувач ќе биде достапен на купувачите од почетокот на 2010 година, по цена блиска на германската конк*ренција составена од светото тројство, Mercedes S Class, BMW 7 и Audi A8.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 03:23
Dodge Viper стигнува во Европа како Alfa Romeo



Fiat, кој неодамна стана сопственик на пропаднатиот американски гигант Chrysler, се чини дека планира да ги искористи американските дистрибутери за пласирање на сопствените производи на пазарот во САД, но и да ги искористи сопствените салони за пласирање на американските на стариот континент.

Autocar го пренесува интервјуто со Sergio Marchionne, извршниот директор на Fiat, кој вели дека Alfa Romeo е европската „muscle car“, токму како што Dodge е американската. Заради тоа во Fiat планираат симбиоза на тие два бренда, а не нивно натпреварување.

Така сите модели на Alfa од онаа страна на Големата бара ќе се продаваат под закрила на Dodge, додека во Европа моделите на овој производител ќе се продаваат под закрила на Alfa Romeo.

Моделот кој притоа ја заинтригира фантазијата, секако ќе биде амерканската суперспортска „отровница“ Dodge Viper, кој би требало да стане атрактивна принова во гамата на Alfa

koli.com.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 22:04
Официјална скица на Astra Coupe





Според наведувањата на изворите, Coupe изведбата на новата Astra би можела позначајно да се разликува од стандардната со пет врати, а според зборовите на Malcom Ward, шефот на дизајн, тој модел би требало во голема мерка да личи на приложената скица.

Coupe изведбата на пазарот би требало да се појави во 2011 година и со многу посебни дизајнерски елементи да има и пониска линија на покривот, поагресивна маска и светла. Причината е во желбата на произведувачот, овој модел визуелно значително да се разликува од оној со пет врати кој првенствено би требало да биде семеен избор, додека Coupe ќе биде наменет за помладите. Од Opel ветуваат одлични аеродинамички својства кои со динамичниот изглед ќе се одразат и на економичноста на автомобилот.

Ward, исто така, изненадувачки изјавил дека ентериерот на Astra ќе биде поквалитетен од оној на Insignia! Имено, Insignia започна нова насока на дизајнот на ентериерот на Opel, па така оној во Astra, ќе ги следи истите дизајнерски елементи, но со зголемен квалитет на материјалите.

koli.com.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2009 во 22:09
Првиот австралиски суперавтомобил

Меѓу произведувачите на суперавтомобили се појави ново име, а ќе дебитира со модел со сила од 500 КЅ кој забрзува до стотка за 2.98 секунди и „лета“ со 340 km/h.

Joss Development службено ќе го престави својот производ во август, а истиот веќе некое време „живее“ во игрите PG3 и PG4, кои се вртат на конзолата Xbox 360. Ќе го придвижува средишно сместениот V8 мотор со сила од 500 КЅ и 650 Nm, кој е заслужен за перформанси со кои се гордеат веќе етаблираните суперавтомобили.

Фабриката веќе има 10 нарачки, што е показател за светла иднина. Главниот и одговорен директор Matt Thomas, со години го подготвува теренот, а сега конечно се е спремно за сериско производство на првиот суперавтомобил од најмалиот континент на светот. За цела од 344.000 евра купувачот добива автомобил кој користи елементи од Формула 1, за затоа и не треба да чуди сличноста со McLaren F1.

Joss Developments засега планира производство на 25 примероци годишно, а компанијата планира да се натпреварува и на трките. Целта им е што пoрано да настапат на престижната трка 24 часа Le Mans.









koli.com.mk
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2009 во 20:51
Peugeot го најави преубавиот 308 RCZ

Преубавото купе Peugeot 308 RCZ премиерно беше претставено на саемот за автомобили во Франкфурт 2007, но само како прототип. Студијата тогаш ги воодушеви посетителите. Две години подоцна, на истиот саем ќе биде претставена и сериската изведба.

Како и досега, Peugeot претстави фотографии на кои се гледа само силуетата и делови од сериското купе.

Peugeot 308 RCZ е изработен врз платформата на стандардната 308-ца, но го карактеризира далеку попривлечен дизајн кој потсетува на Audi TT. Така овој концепт го карактеризираат големи 19-инчни тркала, особено низок кров, големи штитници од кал  и издувен систем поставен на средина.

Со тежина од само 1200 килограми, 308 RCZ од нула до 100 километри на час развива за 7 секунди. Максималната брзина изнесува 235 км/час, а просечната потрошувачка е 6,7 литри на 100 километри. Иако премиерата е во септември, продажбата на 308 RCZ ќе започне следната година на пролет. Овие податоци се однесуваат на 1,6-литарскиот мотор кој е прикажан во концептот, но француската компанија најавува и други агрегати за серискиот модел.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2009 во 03:24
Golf 6 GTI од Abt

Минатата година во Есен, Abt претстави aero-kit за Golf GTI шеста генерација, со скромно надградени перформанси. Сега ја претставија вистинската работа – од стандардниот 2.0 турбо мотор, со сила од 210 KS, извлекоа уште 50, со што се изедначи со силниот мотор на Mazda 3 MPS.



Вкупно 260 KS се добија со репрограмирање на ECU единицата, со вградување на по проточен издувен систем, но и нов турбополнач. Другиот пакет е уште повозбудлив, бидејќи со 300 KS шестката GTI забрзува до 100 км/час за 6 секунди.

Освен на механиката, работеле и на системот на суспензија и сопирачките, а целиот автомобил е спуштен за 30 милиметри. Четирите цевки на издувниот систем се гаранција за вистински, спортски звук, за разлика од прилично воздржаните мелодии кои допираат од серискиот издувен систем.



Визуелниот впечаток го подобруваат светлата со LED технологија, предната решетка за воздух и спојлерите. Што се донесува до бандажите, купувачите можат да изберат меѓу 18 или 19 цолни.



Внатрешноста исто така е дотерана, црвените детали се особено ефектни, а целокупниот впечаток е многу попозитивен отколку кај сериската изведба која делува премногу обично. Само aero-kit-от чини 3.276 евра, на што треба да додадете 1.080 за прелакирање и 1.170 евра за вградување.



За механичкиот пакет кој силата ја крева на 260 KS треба да се доплати 1.600 евра, а за 300 KS треба да платите 5.300. Во цената е вклучена инсталацијата и TUV- сертификатот.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2009 во 15:31
Bugatti Bordeaux – први фотографии
Според претходни најави на овогодинешниот франкфуртски авто саем луксузниот бренд под групацијата Volkswagen би требало да претстави нов модел.


Ова е прв тнр. teaser на овој автомобил Изворите јавуваат дека се работи за лимузински модел кој ќе го носи името Bordeaux. Секако тука е и 1001 КЅ силниот мотор од моделот Veyron.

Имено оваа година Bugatti слави сто години од своето постоење и токму овој авто саем ќе им послужи како сцена за претставување на главната роденденска атракција, новиот модел.

Причината за избирање на авто саемот во Франкфурт е фактот што Ettore Bugatti токму во 1909 година во септември ја отворил својата компанија. Исто така, за тој саем е најавено претставувањето на планот за понатамошен развој на брендот па можеме да очекуваме и новости за иднината на Veyron.


Но, да се вратиме на Bordeaux. Приложениот teaser наводно е скенирана фотографија од поканата за ексклузивната презентација на Bugatti есенскиот салон. Иако од оваа слика може малку да се дознае, секако не се работи за денешниот Veyron.

Со други зборови се спрема ли премиера на тнр. Super-Veyron или нов модел, но сепак изгледа дека се работи луксузната performance лимузина на Bugatti.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2009 во 19:37
Ferrari 458 Italia



Ferrari минатата година го претстави моделот California, а сега ни го носи и моделот Italia. Наследникот на моделот 430 ќе го носи бројот 458, но и името на земјата од која потекнуваат врвните спортски возила. Со овој додаток, Ferrari сака да го нагласи стилот, префинетоста, страста и најновата технологија вградена во новиот модел.



Ferrari 458 Italia е потполно нов модел со секој поглед, а досега нема лоши критики во поглед на дизајнот.



Во 458 ќе се вгради 4,5-литарски V8 мотор со директно вбризгување и 570 KS, во комбинација со 7-степенскиот менувач. Оваа комбинација ќе обезбеди максимална брзина од 325 км/час и забрзување со 100 км/час за 3,4 секунди.

Официјалната премиера на овој супер автомобил, кој според фабричките податоци треба да троши 13,7 литра на 100 км, ќе биде одржана на септемврискиот саем за автомобили во Франкфурт.

Ferrari 458 Italia Promo

Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 04:33
Ferrari – најпопуларна марка во светот!


Гордо исправеното црно коњче на жолта основа или “Il Cavallino Rampante“ (во оригиналот на италијански) е убедливо највлијателната, најпопуларна марка на автомобили во светот според анкетата на “Top Gear Live“.


За Ferrari го имаат дадено својот глас половина од анкетираните, а второпласираниот Aston Martin е најпопуларен за четвртина од вкупниот број испитаници. “Бронзата“ му припаѓа на Lamborghini, a конечниот пласман можете да го проследите на приложената табела.


Логично е да се претпостави дека огромната популарност на Ferrari се должи на историјата, имиџот и нивото учество во светскиот шампионат во Формула 1 континуирано од 1950 година, додека пак популарноста на Aston Martin се препишува на фактот што тоа е официјално возило на тајниот британски агент Џејмс Бонд. Судејќи според листата се стекнува јасна слика кои се критериумите по кои е направен изборот, па според нас тука секако недостасуваат една Alfa Romeo или Alpine на пример, барем на местото на оние последнопласираните.

Позиција   Марка            Гласови (%)
   1.      Ferrari            2525 (48)
   2.      Aston Martin       1289 (25)
   3.      Lamborghini        470 (9)
   4.      Bugatti             263 (5)
   5.      Porsche             234 (4)
   6.      Maserati            143 (3)
   7.      Spyker              117 (2)
   8.      Lotus               80 (2)
   9.      Koenigsegg           70 (1)
10.      Pagani               44 (1)

koli.com.mk
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 04:37
Голем кам – бек на McLaren


По реконструкцијата на компанијата и формирањето посебен оддел за автомобили, англискиот производител го претстави долго очекуваниот супер - автомобил опремен со мноштво решенија од Формула 1.


По неколкугодишен развој, овој модел претставува следбеник на популарниот McLaren F1, иако не ја наследува неговата титула за најбрз автомобил на светот. Интересно е што името на овој супер - автомобил е MP4-12C. Ако ја избришеме буквата 'C', го добиваме името на болидот на Хакинен и Култхард од 1997 година! Меѓутоа, овде бројката '12' претставува “коефициент на полезно дејство“ изразен според тајна, интерна скала на McLaren, додека буквата 'C' го означува мноштвото делови од екстремно лесните, а сепак цврсти јаглеродни влакна и композити. Токму оваа технологија преземена од Ф1 го прави овој друмски болид исклучително лесен - неговата вкупна маса изнесува само 1300 килограми.


Под хаубата се крие 3.8 - литарски V8 битурбо мотор со моќност од 600 KS и 600 Nm вртежен момент, целосно развиен “дома“ т.е нема никаква врска со Mercedes. Достигнува високи 8500 вртежи, иако 80% од вртежниот момент на располагање веќе при 2000 врт/мин, што резултира со забрзување до стотка за чисти 3 секунди и лесно достигнување на максималната брзина од 320 km/h.


Цената се уште не е одредена, но се знае дека ќе биде доста поскап од Ferrari 458 Italia или Lamborghini Gallardo LP560-4. Производството ќе биде ограничено на само 1000 примероци, а на пазарот треба да се појави за две години.


koli.com.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.