|
БИБЛИЈАТА И НАУКАТА |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 63> |
Автор | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
тоа е пропаганда која само може да пројде во атеистичките кругови...
пеколот не зема ни 1% од интересот на Библијата... само еве за споредба, ќе ти кажам дека зборот пекол во целата Библија (значи преку 1400 страни) се спомнува помалку од 60 пати, додека зборот небо преку 550 пати (размер 1:9) додека зборот МИР, 430 пати, зборот ЉУБОВ, 310 пати, зборот ПРАВДА преку 550 пати, РАДОСТ 165 пати, МУДРОСТ, 520, значи НЕСРАЗМЕРНО , да се каже речиси пута 10 позитивните вредности се истакнуваат... Зборот Ѓавол и Сатана заедно 110 пати, зборот Господ и зборот Бог 11.000 пати... Значи ПУТА 100... и второ, не е важно дали тебе ти е нелогично или не... важно е дали за објаснување на нештата е наједноставно, а наједноставно е... п.с. ден браун, нема разнишано ниеден верник... тоа е литература, како да ти кажам, која му служи на атеистот да си се теши сам себе... значи таа може само да им има смисол на оние кои и онака не веруваат, ниту имаат било какво познавање, кои ете им треба некој изговор... |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
aj sea primer spored biblijata ako ne gi pocituvas 10 te boji zapovedi
megu koi i -jas sum tvojot bog i da nemas drugi bogovi osven mene sto
ke ti se sluci??-Kako bese za tebe ke bide zatvoreno carstvoto nebesko
ako ne se lazam.
ili ako ne veruvas vo boga isto sto??? ias i ti i veruvam site od ovoj forum sega znaat deka ako go ziveeme zivotot po tie pravila ke ni bide podobar (zboruvam za 10 te zapovedi) no zamisli kako ja imaat svateno lugeto pred 1500 ili poveke godini. . .(NE PRAVI TAKA OTI KE ODIS VO PEKOLOT) toa sakav da kazam deka celata vera i gospod ni se nekako nametnati koristejki ja da receme svesta na lugeto od toa vreme. I znam deka lucifer denes voopsto ne se spomnuva vo biblijata ama toj e zemen za primer deka na site sto mu se sprotivstavat na boga ke im bide dadena takva kazna.I + toj e izgovor deka ako imas bilo kakva maka za toa ne e kriv sovrseniot "gospod" tuku gavolot-Pisuvam gospod zatoa sto toj nema ime kako sto znam jas |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
a so toa bogami se zgolemuva vlasta na crkvata kako bozji hram.Za koja znaeme deka denes ima predomisleno mnogu vernici.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ПРОСВЕТИТЕЛОТ
Група Регистриран: 09.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пред да продолжиме со студијата, да направме мало повторување и утврдување. Јас речиси на ниедно прашање немам добиено конкретен одговор.
Бог е безгрешен. Библијата е света. Значи, ако е света, не треба да има никакви контрадикции, нелогичности, абнормалности...
Во Битието (6, 3) кусо пред Потопот, Бог одлучува животот на човекот да го ограничи на сто и дваесет години. „...ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ Но малку подоцна (во Битие 11, 10-32) се забележува дека десет потомци на Ное живееле од 148 до 611 години. (Види табела)
Аџија, фатен си во тесно, дај олесни си на душата, прифати нешто што е сосема очигледно, кое на сите читатели на темава им е КРИСТАЛНО ЈАСНО. Единствено објаснение за ова е човечката интервенција во Светото Писмо, значи, светоста е КОНТАМИНИРАНА....
Продолжува...
Изменето од ПРОСВЕТИТЕЛОТ - 09.Јуни.2007 во 23:33 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не биди како оној кој го собира знаењето на учените и мудроста на мудрите, а кон Вистината се однесува како еден од глупавите.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Не гледам каде тоа јас ја исклучив можноста дека е животот дојден и од друга планета (не само што верувам дека постои живот на друга планета, туку е и математички невозможно барем уште на неколку планети во универзумот да постои живот на умствен и физички развој еднаков па можеби и поголем од овој на земскиот човек) Но сепак доаѓаш до она што ти го напомна Аџија, како тој човек или живо суштество настанало. Факт е дека еволуцијата постои. А кое суштество во кое еволуирало и на крајот на краиштата не е битно. Не ми беше целта да се занимавам со твоето искажување, но размисли дека и тој човек, ако дошол од друго место требало некако да настане. Господине Аџија, Кој ви дал за право научните достигнувања во повеќе науки да ги сметате за претпоставки. Антропологија, геологија, физика, хемија, математика.... Тоа се екзактни науки кои работат на докази, не на претпоставки. Постојат ДОКАЗИ (не претпоставки) дека живот на планетава постоел пред 500 милиони години. Сигурно си чул за фосилни остатоци, кои денешната наука со голема сигурност временски може да ги лоцира. Пред 120-190 милиони години диносауруси (за кои постојат докази, пронајдени фосилни остатоци. Пред 220 до 280 милиони, водоземци и примитивни копнени билки (исто така постојат фосилни остатоци) Пред 280 до 320 милиони години риби (исто така постојат фосилни остатоци) Пред 320 до 400 милиони, рез`рбетници (исто така постојат фосилни остатоци) Пред 400 до 500 милини, пониски форми на живот (исто така постојат фосилни остатоци) Значи да повторам уште еднаш, НЕ СЕ РАБОТИ ЗА ПРЕТПОСТАВКИ, ТУКУ ЗА ДОКАЗИ Изменето од Ateist - 09.Јуни.2007 во 22:31 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ама тоа ти ја имаш така сфатено... а не тие! ти напомнав, документирано, дека позитивните нешта, верата, љубовта, мирот, доброто, преовладуваат со сразмер 10:1, а некаде и 100:1... Значи поентата е биди добар заради доброто, заради возвишеноста што тоа ја нуди, а не заради пеколот, кој е спомнат во мизерно мизерно мал број на случаи... п.с. кога ги спомна веќе 10-те заповеди, единствената последица искажана во самите нив е дадена, замисли во каков размер: „Јас сум Бог љубоморен, кој ја посетува неправдата на татковците врз децата до трето и четврто колено на оние кои ме мразат, но ја ПРОТЕГА СВОЈАТА МИЛОСТ ВРЗ ИЛЈАДА ГЕНЕРАЦИИ НА ОНИЕ КОИ МЕ САКААТ“... Значи ако има и дел вистина во Св. Писмо навистина барата со термините благослов/казна, но размерот е 1000:1 во корист на благословот... Значи секогаш е „прави го тоа, затоа што ќе бидеш награден, ќе ти биде добро, ќе бидеш благословен“, а многу мал, незначителен дел е „ако не го правиш, ќе го пожнееш тоа што си го сеел“... Но се разбира, во вашата ШЕМА не се поклопува искрено читање на библиските текстови, туку мора да ги прилагодите на вашата добро смислена агенда... |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Својствено
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
adzo
ja citame so znaci iskreno? citav od Asimov "JAS ROBOT" gi razbirav recenicite kako i vo bilijata no i vo edna i vo drugata kniga recenicite se dalecni kako sto izminuvat godinite recenicite na Asinov se doblizuvat se krati dalecina a vo bibijata se odalecuvat samo toa e razlika so znaci iskreno da se cita sekogas bukvata A ja citam a - poiskreno zdravje |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аџијо!!! Немаш коментар? |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
pa,shto?,....toa znachi samo deka,.... gospod ushte togash gi zasukal rakavite,...
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
е да, сигурно тоа ќе да значи ....
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
abe toa so zasukal mi e jasno
no rabotel brate mili mnogu sporo abe jas da rabotam 500 milioni godini na eden projekt narecen Zemja kje me fatese sfra |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
eee,brat,....pa ti ne si ,...gospod,...
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Атеист, факт е дека еволуција ниту постоело, а ниту пости. Таа претпоставка направи бум во времето кога Дарвин ја промовираше (и самиот нарекувајќи ја претпоставка), но како кула од карти се сруши кога пристигнаа резултатите од фосилите (недостасуваа меѓувидовите, а се очекуваа во огромен број, многу пати повеќе од сегашните видови). Природната селекција не го помина тестот на експериментот, Вториот Термодинамички Закон гласаше НЕ на Еволуцијата, Законот за Биогенеза исто така гласаше против, Математичката веројатност исто така остро се спротистави, и без тоа се појавија многу дупки во самата хипотеза, непремостиливи тврдења, недостасуваа многу алки, и објективните научници (оние кои беа без предрасуди) веќе воопшто и не дебатираат на тема на еволуцијата.
Извини ако те разочарав, ама еволуцијата беше само една драма на одреден број креативни режисери, и како секоја драма, таа си имаше свој вовед, заплет, расплет и крај!
Кој ни дал право? Самите научници кои ги достигнале тие научни достигнувања
Галилеј и Евклид претпоставија дека просторот е изотропен, дека времето тече со иста брзина во сите инерцијални системи, дека две паралелни прави се сечат во бесконечност итн, но Ајнштајн им ги поби претпоставките.
Исак Њутн претпостави дека масата е константна величина независно од движењето на телото, Ајнштајн ја поби таа претпоставка.
Науката претпостави дека вкупната маса во целиот универзум е константна (Прв Термодинамичен Закон - закон за конверзија на масата), но Ајнштајн го поби овој фундаментален закон и сега тој гласи: Вкупната енерго-материја во целиот универзум е константна (бидејќи масата може да преминува во енергија и обратно)
Научниците претпоставија дека Земјата е центар на универзумот и дека Сонцето се врти околу неа, но Галилео ја поби оваа претпоставка и докажа дека Земјата се врти околу Сонцето.
Научниците претпоставија дека Атомот е неделив (гршкиот збор "атом" буквално значи не-делив а-том), но факт е дека денеска салата го правиме атомот.
Итн итн...
Со други зборови, историјата на егзакните науки емпириски докажа дека научните достигнувања се вистини врзани за своето време или како што Ајнштајн би рекол: И тие се релативни.
Она што вчера било вистина, денес е лага.
Индуктивниот-Емпириски закон заклучува:
Она што денес е вистина, утре најверојатно ќе биде лага.
Егзакните науки, гледани во целина се карактеризираат со своевидна ГОРДОСТ, во која секоја наука во своето време велела дека нејзините вистини се апсолутен факт. Но времето и историјата на науката длабоко им се изнасмеја на нивната ГОРДОСТ.
Атеист, кралица на егзакните науки е Математиката. Нејзини вистини се теоремите. Теоремите се докажуваат со помош на аксиомите.
Те прашувам сега, дали се сеќаваш на дефиницијата на Аксиомата (тоа се учеше некаде во 5то одделение) ?
Да те потсетам:
Аксиоми се математички тврдења кои не можат да се докажат и се земени (конвенционално) како општо прифатени вистини.
Со други зборови самата дефиниција кажува дека Аксиомите, или темелните столбови на кралицата на егзакните науки не можат да се докажат, туку се базираат на вера!
Изненадување а? Целата егзакна наука е поставена врз основниот и незаменлив темел на верата.
Жалам што повторно ќе те разочарам атеист, но геолошката таблица воопшто не произлегува од некакви научни резултати или експерименти. Геолошката таблица е дел од режијата на еволуционистите. На пример, дали знаеш колку геолошки таблици постојат? Дали знаеш која верзија ја имаш ти? Геолошката таблица ја измислија еволуционистите бидејќи имаа потреба да стават временски рамки за нивната драма да изгледа "научно".
И што се случува потоа? Ќе најдат некој фосил, на пример риба, ќе ѕирнат во геолошката таблица каде ја сместиле рибата, и (според твојата таблица) ќе речат дека тој фосил датира од пред 300 милиони години.
Со други зборови, геолошката таблица ги потврдува фосилите, и фосилите ја потврдуваат геолошката таблица. Едни со други си чуваат грб, а науката седи отстрана и им се чуди!
Ако добро го прочита овој пост, се надевам дека друг пат нема да избрзуваш со термините "докази" или "научно е докажано", бидејќи не си свесен колку прљави работи се дешаваале и се дешаваат зад научните лабаратории. Селектирање на резултати, криење на докази, неадекватни методи, фалсификување, политика во образованието, и се разбира најлошото од се: индоктринирање на одредени претпоставки во образовните институции.
Поздрав!
Изменето од EvAngelos - 10.Јуни.2007 во 02:21 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |