IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 26>
Автор
Порака
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 18:20
calipso...... interesno e .....ke ja probam голема%20насмевкаcezar  salata ......ja obozavam ...iako ja pravam malku poinakuсреќа
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
KING35 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
shadow...

Регистриран: 25.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7624
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KING35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 18:27
Originally posted by gazela gazela напиша:



calipso...... interesno e .....ke ja probam голема%20насмевкаcezar  salata ......ja obozavam ...iako ja pravam malku poinakuсреќа

pravi komsike...idam
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 18:37
Originally posted by KING35 KING35 напиша:

Originally posted by gazela gazela напиша:



calipso...... interesno e .....ke ja probam голема%20насмевкаcezar  salata ......ja obozavam ...iako ja pravam malku poinakuсреќа

pravi komsike...idam
chek bre pa ti .....плазењеodma idelизненадување
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2011 во 05:18

Салата од домати

Потребно:

* 8 домати
* 3 главици кромид
* 300 г павлака
* 1 китка ситно сечкан магдонос
* сол

Приготвување: исчистете го кромидот и исечете го на поголеми парчиња, па посолете го со две лажички сол и оставете го малку да отстои, т.е. додека не пушти сок. Наскоро, откако кромидот ќе стане мек и проѕирен, измијте го од вишокот сол. Излупете ги измиените домати и исечете ги на парчиња. Распоредете ги доматите и кромидот во чинија за послужување, прелијте ги со павлаката и посипете ги со магдоносот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 00:39

Компир салата со јајца

Потребно:

* 800 г компири
* 4 јајца
* 1 главица кромид
* малку магдонос
* 1 лимон
* 1 лажица капар
* 1 помала краставица
* оцет
* малку масло
* 100 г мајонез

Приготвување: сварете ги компирите и исечете ги на тркалца. Сварете ги јајцата, излупете ги, па исечете ги на парчиња. Со миксер измешајте ги мајонезот, капарот, исечканиот кромид, магдоносот, краставицата исечена на парчиња и оцетот. Со измиксираната смеса зачинете ги компирите, па салатата украсете ја со тврдо варените јајца.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 13:29

Салата со компири и сирење

Потребно:

4 компири
150 г сирење
1 главица кромид
малку ким
сол
малку кечап
1 лажица сечкан магдонос

Приготвување: сварете ги компирите заедно со лушпата, со малку сол и ким. Варени, оставете ги малку да се подизладат, излупете ги и исечете ги на коцкички. Издробете го сирењето со виљушка и измешајте го со ситно сечканиот кромид, дел од магдоносот и со кечапот. Распоредете ја смесата од сирењето врз компирите, а одозгора украсете ја салатата со остатокот од ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:32

Црвено-зелена салата

Потребно:

* 2 јајца
* 2 домати
* 1 зелена пиперка
* 10 црни маслинки
* 1 главица зелена салата
* 1 лажичка сенф
* сок од 1/2 лимон
* 4 лажици маслиново масло
* бибер
* сол

Приготвување: сварете ровки јајца и исечете ги на четвртинки. Доматите исечете ги на помали парчиња, а пиперката на тенки тркалца. Маслинките исчистете ги од семките, а листовите од зелената салата искинете ги со раце. Во чинија измешајте ги сенфот, сокот од лимон, маслото, солта и биберот. Во смесата додадете го подготвениот зеленчук, а на крај додадете ги јајцата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 06:01

Салата од брокули

Потребно:

* 250 г брокули
* 3 лажици маслиново масло
* малку рендан свеж ѓумбир
* сок од лимон
* сол
* бибер
* 100 г кисела павлака

Приготвување: измијте ги брокулите, искинете ги на цветови, а стебленцата исечете ги на парчиња. Во сад со зовриена вода првин ставете ги стебленцата да се варат, а по неколку минути додајте ги и цветовите. Варете ги додека не омекнат, но да не бидат преварени. Исцедете ги варените брокули и ставете ги во чинија. Измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, зачините и павлаката во чаша, па прелијте ја смесата врз брокулите

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2011 во 16:28

Преливи за салати

* Универзален прелив за салати
Изматете 3 лажици масло, 1-2 лажици оцет или сок од лимон, малку сол, многу малку шеќер, помала главица рендан кромид, малку бибер и лажичка ситно сечкани зачински треви (магдонос, целер, домашно нане, мајчина душица).

* Прелив со павлака
Добро изматете една до две лажици масло, исто толку оцет или сок од лимон, малку сол и малку шеќер, ситно сечкан магдонос и на крај додадете 2 лажици кисела павлака, а по желба рендан кромид или толчен лук

* Мајонез со рен
Измешајте 125 г мајонез, 2 лажици кисела павлака, 2 лажички рендан рен и многу малку шеќер.

* Прелив со сирење
Измешајте 125 г крем сирење, 125 г мајонез, 2 лажици кисела павлака и многу малку шеќер. Овој прелив користете го за салати од свеж зеленчук.

* Прелив за салата од домати
Направете маринада од половина чаша маслиново масло, 2 лажици вински оцет, 1 лажичка сол, малку бибер и 2 лажици ситно сечкан босилек, па во смесата ставете ги сечените домати да отстојат 2-3 часа пред служење.

* Прелив за салата од краставици или од варено цвекло
Изматете една чаша кисело млеко со ситно сечкани зачински треви, а по желба додадете лук и две тврдо варени и ситно сечкани јајца.

* Прелив за салата од компири
Изматете половина чаша масло, 1 лажичка сенф, 1 лажичка сол, 4 лажици сок од лимон и на крај додадете ситно сечкано луто пиперче.

* Прелив за зелена салата
Добро изматете половина чаша масло, сок од 1 средно голем лимон, 1 лажица црно вино, 1 лажичка сенф, 1 лажица мед, 1 чешне истолчен лук и малку бибер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 05:38

Салата од печени пиперки

Потребно:

* 1 кг црвени пиперки
* 6 чешниња лук
* 2 китки магдонос
* масло
* сол
* лимонов сок

Приготвување: пиперките измијте ги, избришете ги и испечете ги во рерна. Излупете ги, исчистете ги од дршките и семките, па исечете ги на долгнавести парчиња. Наредете ги во плитка чинија. Излупете го лукот. Еден дел мошне ситно исечкајте го и згмечете го, а другиот дел исечете го на ливчиња. Посипете го врз пиперките. Измијте го и ситно исечкајте го магдоносот, па и него посипете го врз пиперките. Зачинете ги со маслото, солта и лимоновиот сок.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 05:39

Преливи за салати (2)

* Прелив за салата од домати
Направете маринада од половина чаша маслиново масло, 2 лажици вински оцет, 1 лажичка сол, малку бибер и 2 лажици ситно сечкан босилек, па во смесата ставете ги сечените домати да отстојат 2-3 часа пред служење.

* Прелив за салата од краставици или од варено цвекло
Изматете една чаша кисело млеко со ситно сечкани зачински треви, а по желба додадете лук и две тврдо варени и ситно сечкани јајца.

* Прелив за салата од компири
Изматете половина чаша масло, 1 лажичка сенф, 1 лажичка сол, 4 лажици сок од лимон и на крај додадете ситно сечкано луто пиперче.

* Прелив за зелена салата
Добро изматете половина чаша масло, сок од 1 средно голем лимон, 1 лажица црно вино, 1 лажичка сенф, 1 лажица мед, 1 чешне истолчен лук и малку бибер

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:19

Салата од ротквици

Потребно:

* 1 китка ротквици
* 3 лажици маслиново масло
* 1 лажица вински оцет
* 1 лажичка ситно сечкан магдонос
* сол

Приготвување: ротквиците измијте ги, отстранете им ги врвовите, па исечете ги на тенки тркалца. Прелијте ги со маслиновото масло, оцетот, малку сол и ситно сечканиот магдонос. Сето тоа добро измешајте го и салатата послужете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 13:34
Шарена салата од боранија

Потребно:

600 г боранија
100 г шунка
100 г печурки од тегла
2 чешниња лук
масло
оцет
сол
бибер

Приготвување: исчистената боранија варете ја 25 минути во солена вода. Исцедете ја, па измешајте ја со ситно исечканиот лук, печурките исечени на ливчиња и со шунката исечена на коцкички. Сето тоа зачинете го со сол, бибер, масло и оцет. Салатата добро измешајте ја и послужете ја.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2011 во 20:45
Салата од Печени Компири

1 кгр. розе компири
300 гр. масло
1 главица лук
сол
црн пипер

Измијте го компирот и ставете го во рерна да се пече. Од како ќе се испече, излупете го и пропасирајте го додека е топол и веднаш ставете сол, толчен лук и постепено мешајќи ставете го маслото додека не се потроши целото и на крај црниот пипер. Се служи како ладна или топла салата.

Изменето од Calipso - 01.Септември.2011 во 20:45
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.