IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Горан Пандев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Горан Пандев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 22>
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 15:32
I'll to god
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 10:30
Пандев еден месец во "аут"

Фатален "судар" на Горан Пандев во саботата со голманот на Џенова. Се играше 38. минута од натпреварот кога нашиот најдобар фудбалер во обид да ја затресе мрежата на домаќините налета на голманот Рубињо, кој го "разнесе" фудбалерот на Лацио. По само неколку секунди игра Пандев побара замена и не можеше да го продолжи натпреварот.

"Вчерашните снимки покажаа дека мора да мирувам дваесетина дена", коментира Пандев од Рим неколку часа по веста од лекарите дека повредата не е наивна и дека паузата е неизбежна.

Ова е шок за тренерот Делио Роси, кој без својот најдобар стрелец во оваа сезона му оди на реваншот од 1/2 финалето во Купот на Италија против Јувентус. Пандев се очекува да се врати на терените кон средината на мај и ќе ги пропушти неколкуте важни натпревари на Лацио во финишот од сезоната.

"Заморот си го стори своето. Имав исцрпувачка сезона и многу натпревари. На почетокот на годинава имав проблеми со палецот, а еве сега и со мускулот. Лекарите ми соопштија дека од ударот имам искинато некои мускулни влакна. Сега пред мене е период од 3-4 недели на рехабилитација и терапии. Нови резултати ќе има за 10 дена кога ќе имам и подетални информации кога точно би можел да бидам фит", појаснува Пандев, кој никогаш досега во кариерата немал подолга пауза од еден месец.

Ваквите вести од Рим се лоши за Лацио, но и добри за нашиот национален тим. Во најлош случај Пандев би се вратил за еден месеци и со тоа ќе биде фит за настапот на дуелите со Норвешка и Исланд на почетокот на јуни во Скопје.

"До јуни би бил сигурно фит. Сега веќе и нема потреба од операција на палецот кој помина со терапии. Лекарите предвидуваат дека ќе можам да играм кон средината на мај", потенцира Пандев, кој како гледач ќе ги следи настапите на својот куп во наредните неколку првенствени и куп средби.

Пандев со вкупно 16 голови во оваа сезона е најдобар стрелец оваа сезона во Лацио. Постигна 9 погодоци во Серија А и 7 во Купот на Италија.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2009 во 03:49
И Јувентус заинтересиран за Пандев
ImageИталијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус подготвил понуда за купување на најдобриот македонскиот играч Горан Пандев.      Оваа вест вчера ја објави еминентниот италијански дневен лист "Газета дело спорт“. Според информациите на "Газета“, Пандев подолг период бил следен од скаути на Јуве, а пред извесно време за негово ангажирње било добиено "зелено светло“ и од тренерот на тимот, Клаудио Раниери.

     Италијанскиот весник потенцира дека Лацио сигурно ќе го продаде Пандев во претстојниот летен преоден рок, зашто постои опција македонскиот репрезентативец сам да го откупи договорот на една година пред неговиот истек во 2010 година. Исто така, една од причините поради која би го продале Пандев е желбата на луѓето од Лацио да соберат пари за целосно да го откупат напаѓачот Мауро Зарате од Ал Сад.

 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 11:05
Ako se sluci ova, povtorno ke navivam samo za eden klub nadvor od Makedonija
DeepBlue
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 11:41
Па штом тоа го пишува Газета дело спорт значи има информации од прва рака кои најверојатно се добиени од раководството на Јувентус.
 
Многу добар избор би било и на Јувентус и на Пандев доколку се реализира овај трансвер.
 
Пандев до сега докажа дека е стрелец од голем калибар и би можел според мене да биде стандарден во тимот на Јувентус,каде конк*ренцијата е многу голема,да се игра покрај напаѓачи од типот на Трезеге и Јакинта е голема работа.
 
Ако ништо друго овие написи му ја креваат цената.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 10:11
Продолѓуваат шпекулациите за новата фудбалска средина на Горан Пандев со несмалено темпо
 
 
Пандев под око на евро-гигантите

Најдобриот македонскиот фудбалер Горан Пандев е посакуван од поголемиот дел најдобри европски клубови, но сепак неговото заминување од Лацио може да биде и како слободен фудбалер по крајот на неговиот договор со римјаните.

Како што истакнува агентот на нашиот интернационалец, Карло Палавичино може и ќе го напушти Рим, но може и не...

"Притисокот е сега на страната на клубот. Сега Лацио треба да понуди нов договор далеку подобар од актуелниот", вели Палавичино за италијанските медиуми, дополнувајќи дека не може во иднина да се согласат на помал договор отколку трократно поголем од актуелниот. А според информациите Пандев во моментов настапува за 500.000 евра годишно.

За нашиот феномен во трка се шест од осумте актуелните четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Јувентус, Барселона и Реал Мадрид се дел од гигантите кои во моментов силно тргнаа во акција за доведување на Пандев во своите редови.

"Пандев е желба на половина Европа. Да меѓу клубовите се и шест од осумте четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Неговиот договор истекува во 2010 година, и можноста за искористување на Артикл 17 останува отворена", вели Палавичино.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
juve Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај juve Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 20:24
Ednostavno nasiot najdobar fudbaler! FORZA PANDEV1
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 13:48
"Црвените ѓаволи" во лов на Пандев!

Македонскиот фудбалер број 1, Горан Пандев, е веќе отворена цел на актуелниот финалист во Лигата на шампионите, минатогодишен европски и светски шампион, англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува последното издание на "Спорт Италија" согласно сее почестите пишувања во англиските медиуми, низ наредните денови се очекува претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, "да ги почне преговорите со Манчестер Ј околу нивната нова цел - Горан Пандев".

"Манчестер е сериозно растрчан по европскиот фудбалски пазар овие денови. Откако е јасно дека Карлос Тевез заминува, погледите на Алекс Фергусон се насочени кон двајца фудбалери. Првиот фокус е кон Французинот Франк Рибери од Баерн Минхен, додека вториот кон Горан Пандев. Македонецот оваа сезона ги потврди сите свои квалитети насочувајќи ги погледите на најдобрите европски клубови.

Но, за 'Црвените ѓаволи' цената на Македонецот не би требало да претставува проблем затоа што, пак, согласно техничките квалитети би бил одлична замена за Тевез. А за него Англија би била шанса на кариерата", пишуваат англиските медиуми пренесено од "Спорт Италија".

Според Англичаните, од раководството на "лацијалите" подготвени се да разговараат со Манчестер Јунајтед за Пандев, но за возврат сакаат враќање во своите редови на супер-талентот 17-годишниот Федерико Македа, кого "Црвените ѓаволи" го "откраднаа" од Лацио во септември 2007 година.

"Откако го изгубија пред една година, Лацио сега сака да го врати во Рим Македа, па затоа ќе стартува во преговорите за Пандев. Договорот би бил добар и за двете страни: Манчестер Ј ќе потроши помалку а ќе го добие Пандев, додека Лацио ќе може да смета на одличен млад двоец за наредните десет години, Македа - Зарате", пишува "Спорт Италија".

Околу сите овие најави од страна на англиските и италијанските медиуми, најдобриот македонскиот фудбалер, пак, не сака да се преоптоварува нагласувајќи дека останува низ разговорите на неговите менаџери со клубот да се разгледаат понудите и прецизираат идните чекори.

"До крајот на овој месец треба да се дефинира целокупната ситуација. Тоа што посакувам сега е освојување на Куп титулата со Лацио во Италија", истакнува Пандев.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 00:49

Трофеј за Лацио, трофеј за Горан Пандев!
Лацио го освои Купот на Италија! Лацијалите по подоброто изведување на пенали ја совладаа Сампдорија! Прв трофеј за Горан Пандев!
Титула за Лацио, титула за Горан Пандев! Римјаните ја совладаа Сампдорија по подоброто изведување на пеналите и заслужено дојдоа до трофејот.

Голем ден за навивачите на Лацио, конечно Римјаните се радуваат на трофеј.

Пандев во вистински момент се врати на теренот и одигра значаен дел од овој голем меч за Лацио.

Натпреварот започна одлично за Лацио, по само четири минути игра Мауро Зарате постигнува гол и носи голема радост на Олимпико.

Во тие моменти Лацио доминираше на теренот, Сампдорија беше во подредена улога.

Во 26та минута Горан Пандев имаше фантастична можност да му донесе предност од 2-0 на Лацио, Коларов биеше силно, Кателаци одбрани, топката дојде до нашиот интернационалец кој од идеална позиција не реализираше, голманот на Сампдорија уште еднаш на висината на задачата.

Само пет минути подоцна Сампдорија казнува, асистенција на Касано до Пацини кој со глава постигнува гол за 1-1.

Во продолжението се играше рамноправно со по некоја шанса и за двете екипи.

Пандев во 58та минута повторно се најде во шанса, по асистенција на Фоџа биеше со отсвртување, но голманот Кастелаци уште еднаш одбрани.

Горан Пандев поради едно месечната пауза не беше најдобро физички подготвен, излезе во 73та минута, на негово место влезе Томазо Роки.

До 90та минута немаше нов погодок по што се отиде на две продолженија од по 15 минути.

Резултатот остана ист и по продолженијата, пеналите требаше да го решаваат победникот на Купот на Италија.

Касано прв тргна кон белата точка, ѕвездата на Сампдорија биеше лево по земја, фантастична одбрана на Муслера и предност за Лацио.

Ледесма прв изведуваше за Лацио, одличен погодок, Лацио поведува во пенал серијата.

Паломбо реализираше за Сампдорија, Томазо Роки ја погоди стативата и ги врати надежите на тимот од Џенова.

Во третата серија Пацини реализираше за Самдорија, Розенал погоди за Лацио.

Даниеле Гастелдано, Акарди и Дел Векио реализираа за Сампдорија пред финалната сеија.

Коларов, Зарате и Лихштајнер погодија за Лацио.

Кампањаро шутираше последен за Сампдорија, Муслера одлично го одбрани неговиот удар.

Осман Дабо го реализираше победничкиот пенал за Лацио, голема радост на Олимпико.

Покрај големиот трофеј, Лацио преку купот обезбеди и учество во Европа.

Горан Пандев има огромен удел во оваа титула, бидејќи со седум гола е најдобар стрелец во Купот оваа сезона.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 11:48
Големиот пехар од Купот на Италија, во рацете на Горан Пандев. По 5 сезони во Италија нашиот најдобар фудбалер се закити со својата прва титула во кариерата со која неговиот Лацио ја спаси сезоната, се избори за место во Европската лига и по 5 пат стигна до тронот во Купот на Италија. Беше повреден, имаше пауза од три недели, не беше комплетно фит, но струмичанецот издржа 73 минути во маратонската битка против Сампдорија на "Олимпико". Пенал рулетот гласеше 7:6 за Лацио и голема радост за Пандев и неговите другари. Повеќето од нив првпат дојдоа до одликување во нивната професионална кариера.

"За мене ова е сонот. Со години посакував со мојот Лацио да освоиме титула", беше изјавата на Горан Пандев за "Македонски спорт" откако помина долгата римска ноќ во која се славеше победата во финалето и новиот пехар кој заврши во рацете на фудбалерите на Лацио.

"Оваа победа ја заслужи овој наш млад тим оваа наша најдобра публика. Атмосферата беше прекрасна. Со години и години чекав еден ваков натпревар. Чекав финале, чекав титула. Мислам дека овој успех доаѓа во вистинско време. Оваа победа ќе му донесе излез на евро сцената на мојот тим и супер Куп финале со Интер на 8 август во Пекинг (Кина)", напоменува нашиот најдобар фудбалер за неговиот најголем успех во неговата клупска кариера.

А Пандев на неколку дена пред финалето беше под голем знак прашалник. Има повреда на мускулот од десната нога.

"Немаше цена. Ова финале мораше да го игра. Примив инјекции и дадов се од себе. Немав сили за 90 минути и со оглед на повредата и паузата задоволен сум од тоа што го одиграв. Штета што не го дадов тој гол и онаа шанса кога бев сам. Како само голманот на Сампдорија се врати во игра и го врати својот тим во живот. Бев сигурен дека ќе дадам гол, но го погодив голманот на гостите. Сепак, се е добро кога добро ќе се заврши иако овој крај беше драматичен и неизвесен до последниот удар во пенал серијата", открива Пандев за импресиите околу средбата.

"Ова финале вечно ќе се памети. Се радував како мало дете затоа што премногу бев радосен на оваа победа. Мразот е скршен и мојот сон остварен. Сега предизвикот е шампионска титула. Со Лацио или некој друг тим, ќе оставиме да покаже времето", е ставот на Пандев, фудбалерот кој во оваа сезона беше главниот виновник за пласманот на "небесносините", во големото финале.

Според зборовите на Пандев, за неговиот тим со оваа победа завршува оваа сезона. До крајот во Серија А има уште 3 недели, но Лацио е на златната средина и крајот на сезоната ќе го одигра на многу опуштен начин. За Пандев титулата во Купот на Италија е многу подрага отколку да брка рекорди на голови во оваа сезона. За најдобриот наш фудбалер сепак деновиве ќе бидат динамични затоа што низ нив ќе се одлучува дали тој ќе остане во Лацио или ќе се пресели во некој клуб од Англија (најупорни се Ливерпул и Арсенал).

Освојувањето на пехарот во Купот на Италија на Горан Пандев е значаен за нашиот фудбал затоа што конечно некој наш фудбалер кој настапува во елитните шампионати стигна до трофеј. Тоа се нема случено од нашето осамостојување.
среќасреќасреќасреќасреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2009 во 10:00
"Старата дама" сериозно "заљубена" во Пандев

Меѓу серијата европски клубови кои сериозно се заинтересирани за услугите на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев е веќе интензивно поврзуван со еден од најдобрите италијански клубови, Јувентус.

Директорот на "црно-белите" од Торино, Алесио Секо, како што пренесува италијанската "Спортмедија", е подготвен да го одврзе ќесето во летниот преоден рок за втор напаѓач, а прва нивна цел е Горан Пандев кој треба да биде повеќе од квалитетна замена за Давид Трезеге.

За заминувањето на Пандев од Лацио се повеќе се пишува и откако е поизвесно да и претседателот на "лацијалите" Клаудио Лотито чувствува дека сега е можноста да се заработи на нашиот фудбалер со оглед на тоа што веќе во 2010 завршува неговиот договор. А, во моментов и потребно е дополнување на финансиите на клубот како би се откупил договорот на Мауро Зарате.

Јувентус и минатата сезона пројави интерес за нашиот репрезентативец, меѓутоа сега "старата дама" според размислувањето во Италија е во сериозна предност пред останатите клубови.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 00:00

И Тотенхем во трка по Пандев

Фудбал - Англија
Според најавите на тиражниот италијански дневен весник „Газета дело Спорт“, тимот од Лондон е еден од најзагреаните европски тимови за потписот на нашиот репрезентативен голгетер.

Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, веќе најави дека го посакува нашиот фудбалер како едно од главните засилувања во летниот преоден рок.

Во Лацио е сигурно дека Зарате треба да остане и наредната сезона, а тоа значи дека за реализирање на својата одлука за задржување на помладиот бисер, Клаудио Лотито ќе мора да го плати неговиот трансфер од Катар, а единствено е изводливо доколку Лотито сериозно да ги разгледа понудите за Пандев и евентуално да дозволи  негово заминување од Рим.

Освен Тотенхем, за Пандев моментно голем интерес покажува и Јувентус.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 11:14
ЗАМИНУВАМ!!!

До крајот на месецов Горан Пандев се очекува да го реализира трансферот во англискиот тим Тотехнем. Тоа е последната најава и најконкретната понуда за нашиот најдобар фудбалер. Клубот од Англија понуди 15.000.000 фунти (околу 20.000.000 евра), што е одлична сума за фудбалер кој летово може да го активира правилото 17 на ФИФА и за само 3.000.000 евра да замине од Лацио. Сите погледи се насочени кон Лондон, а по долги преговори, разговори и тензиии Пандев ексклузивно за "Македонски спорт" открива детали поврзани за неговата иднина:

"Заминувам од Лацио. По 5 години минати тука, во Рим, дојде време да се сменат клупските бои. Потребен е нов предизвик и тоа е нормална работа во кариерата на секој фудбалер. Јас го сакам Лацио но мислам дека ми треба некој поголем предизвик", се зборовите на Пандев, кој заедно со неговите менаџери и управата на клубот од Рим одлучија:

"Имав отворен разговор со претседателот Лотито. Тоа беше пред два дена кога му кажав дека мојата одлука е да го напушатм клубот. И самиот е свесен дека тоа е најдоброто решение во овој момент. Не сакам да си одам по секоја цена и затоа му понудив на клубот да преговара со сите понуди кои се на мојата адреса и Лацио да заработи од моето заминување. Сакам да му се оддолжам на клубот преку кој стигнав до ова што сум сега. Според правилата на ФИФА, можам летово да го откупам договорот и да заминам од Лацио за мали пари, но јас сакам коректна разделба и затоа мојот сегашен клуб ќе треба да добие добра цифра од моето заминување".

Лацио денеска го игра последниот меч на домашен терен во Серија А ова сезона. Тоа ќе биде и последното танго за нашиот најдобар фудбалер на "Олимпико".

"Натпреварот со Реџина е презакажан за денеска. Тоа ќе биде и мојот последен меч за Лацио на Олимпико. Посакувам овој меч да го завршам со победа, а би бил и пресреќен доколку дадам и гол кој би бил десетти за мене во оваа сезона. Сепак, разделбата ќе се памети по успехот кој го направивме пред неколку дена и победата во Купот на Италија", се зборовите на струмичанецот околу неговиот денешен настап на последниот меч на Лацио на домашен терен.

Последната понуда која стигна на адресата на Пандев е онаа од Тотенхем. Многу фактори укажуваат дека токму клубот од Лондон ќе биде новата дестинација за Пандев. Англичаните понудија сума од 16.000.000 фунти и тоа е бројка која во моментов е најголема од сите екипи кои пројавија интерес за потписот за најдобриот фудбалер на Македонија.

"Понудата од Тотенхем е конкретна, но не е единствена. Има неколку клубови и сите тие се за респект. Ќе треба во текот на наредниве неколку дена добро да се размисли и да се одбере најдобрата понуда. Сакам да одам во Англија, во силен тим и во екипа каде ќе имам голема минутажа. Парите не се секогаш во преден план. Тоа мислам дека го докажав во последните 5 сезони играјќи во дресот на Лацио. Пак ќе речам дека треба добро да се размисли, но добро е тоа што имам добар избор", појаснува Пандев.

Зошто Тотенхем!? Затоа што менаџерот Хери Реднап прв отворено кажа дека Пандев е неговата главна трансферна цел за ова лето. Овој клуб понуди најмногу пари и од таа бројка сите добро ќе заработат. Почнувајќи од фудбалерот па се до неговиот сегашен клуб Лацио. Тотенхем веќе почна да прави место за Пандев со најавите дека од клубот летово заминуваат напаѓачите Павличенко и Бент.

Сепак, ова не е крајната одлука. Следат денови на преговарања, одлагања... Малку европски екипи можат да конк*рираат и да влезат во трка кога по еден играч ќе тргне клуб од Англија. Тотенхем може да има проблем само од Челзи, Арсенал и Ливерпул, кои исто така имаат интерес за фудбалерот на Лацио.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 17:58

Можна трампа Пандев - Јакинта?


Деновиве се поголеми се шпекулациите дека Пандев е цел број 2 на Јувентус по примарната цел Диего.

Клаудио Лотито, сопственикот на Лацио бара 20 милиони оштета за Пандев, сума која е висока за “бјанконерите“. Сепак “Старата Дама“ можно е да го искористи Јакинта како дел од понудата за Македонецот, пишува Sportski.mk.

Лотито вака би го решил проблемот со напаѓач ако Пандев си замине.

Јакинта играше од првата минута само кога еден од тандемот Дел Пјеро и Амаури беше повреден. Тој постигна 10 гола оваа сезона
20.05.2009
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.