|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Автор | ||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Ќе ве вратат во детството: Божиќни колачиња по рецептот на бабаСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
Добар апетит! Изменето од Valerija - 18.Декември.2020 во 22:11 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Ароматични колачиња за Божиќ: Полни ванила, цимет и портокалСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Евтини Сникерс колачиња – Совршени за Нова Година и БожиќСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
За незаборавна празнична трпеза: Направете пица во облик на елкаПотребни состојки:- 300 гр. спанаќ - 500 гр. лиснато тесто - 50 гр. кашкавал - 1 јајце - 200 гр. крем сирење - лук во прав - чили во прав - италијанска мешавина од зачини - шери домати - сол и бибер - хартија и вода Начин на припрема:1. Направете облик на елка од хартија. Лиснатото тесто поделете го на 2 дела, секој дел исукајте го во правоаголник, а потоа ставете ја скицата од елката и исечете го по рабовите. 2. Обарете го спанаќот, исечкајте го на ситни парчиња и помешајте го во еден сад заедно со крем сирењето. 3. Додајте сол, бибер, италијанска мешавина од зачини и чили во прав, а потоа и јајцето и се добро промешајте. 4. Премачкајте го првиот слој од „елката“, а потоа одозгора додадете рендан кашкавал. 5. Врз него, додајте го другиот дел од тестото во облик на елка. 6. Со нож засечете краеви на тестото од средината кон крајот, а потоа завртете ги за да формирате гранки. 7. Премачкајте со јајце и одозгора ставете преполовени шери домати, како украс на елката. 8. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени, 35 минути или додека тестото не добие златножолта боја. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Празнична торта со ореви: Рецепт од „другата страна на светот“Овој рецепт за празнична торта доаѓа од Филипините и го нарекуваат „храна на боговите“. Покрај урмите и оревите, може да се додаде суво овошје, а може да се користи и само за украсување. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 24.Декември.2020 во 09:41 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Брз, празничен рецепт – полнети, чоколадни корпи што се прават за 10 минутиВкусни, се топат во устата, неодолива комбинација на чоколадо, путер од кикиритки и џем. Ќе ги направите за 10 минути, ќе ги изедете (веројатно) за минутка. Овие полнети, чоколадни корпи ќе станат вашиот омилен, брз, празничен рецепт… до Нова година веројатно ќе ги направите најмалку 3 пати. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Ние најдовме три супер рецепти кои можете да ги испробате: Класични путер колачињаПотребно: 300 гр. меко брашно, 200 грама омекнат путер, 85 гр. шеќер во прав, 1 белка, 1 ванилин шеќер, 1 лимонов шеќер во прав. Подготовка: Во еден сад исечкајте го омекнатиот путер и додадете ги брашното и шеќерот и се убаво соединете. Во друг сад ставете ги белката, ванилиониот и лимоновиот шеќер и со миксер или бленер убаво изматете ги додека не стане пенеста смесата, а потоа додадете ја во првиот сад. Со маталките на миксерот за тесто, изматете го, а потоа со раце месете додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го со транспарентна фолија и оставете во ладилник еден час. После тоа, расукајте го и со модли направете ги саканите фигури. Печете ги во загреана рерна на 180 степени 9 минути. Медени путер колачињаПотребни состојки: 150 грама путер, 150 грама мед (ако ви е многу, намалете малку), 250 грама меко брашно, 100 грама мелени ореви (ако не ги сакате може и без нив), 2 помали и едно поголемо јајце, 1 лажиче сода бикарбона, зачини по желба (цимет, каранфилче, ѓумбир...). Подготовка: Брашното ставете го во поголем сад, додадете ја содата и оревите, па убаво промешајте. Ако користите зачини, додадјте ги и нив во брашното во оваа фаза на подготовка. Путерот насечкан на тенки ливчиња ставете го во брашното, па со рацете „смачкајте“ го за да станат трошки. Потоа во смесата со брашното и путерот, додадете едно јајце (претходно разматено) и повторно малку промешајте. Додадете го медот во смесата, па со раце месете додека не се добие убаво мазно тесто. Завиткајте го во транспарентна фолија и оставете во ладилник на еден час. Потоа со лажица во посакуваната големина, земете дел од смесата и обликувајте ја во топче. Ако сакате големи медењаци, користете голема лажица, а за мали - мала. Ако не сакате да бидат округли, тогаш секое од топчињата равлечете го и со модла направете ја саканата форма. Редете ги во тава за печење на која претходно сте ставила хартија за печење. Оставете простор помеѓу медењаците бидејќи при печењето ќе се зголемат. Печете десетина минути на 180 степени или додека не забележите дека работ на дното на медењаците се темнозлатна боја. Ако забележите дека на врвот се малку меки, не грижете се, ќе се стегнат после печењета. Путер колачиња со џемПотребно: 300 грама меко брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце, 150 грама путер, 100 грама шеќер, 1 ванилин шеќер, малку нарендана кора од лимон или портокал, џем или мармелад со малку киселкаст вкус ако имате (вишна на пример), шеќер во прав. Подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и со рацете месете додека не добиете убаво мазно тесто. Оставете го еден час во ладилник, обложено со транспарентна фолија. Потоа, тестото расукајте го и со модлите оформете ги колачињата. Потребни ви се две половини - една цела и една издлабена во истата форма. Наредете ги на хартија за печење и печете на 180 степени, на претходно загреана рерна додека не добијат златна боја. Кога ќе се подизладат малку, на првата половина ставете џем, а потоа врз него ставете ја изглабената половина, на која претходно сте наросиле шеќер во прав. Доколку пак, не сакате џем, од смесата можете да направите класични колачиња во форма на круг (или некоја друга) и потоа да ги украсите со глазура. За сите три рецепти глазура:Потребно: 1 белка, 2 лажици млеко, 300 грама шеќер во прав. Подготовка: во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги на умерена брзина. Ако немате блендер, може и миксер. Треба да добиете мазна смеса која не е ниту прегуста ниту премногу ретка. Поделете ја глазурата во неколку помали садови и во секој од нив додадете одредена прехрамбена боја, доколку ви се потребни повеќе бои. Потоа, саканата глазура ставете ја вреќичка (ќесичка за шприц) и декорирајте по желба. Можете да додадете и бомбони, чоколадни трошки и слично, зависи како сакате да ви изгледаат колачињата. На крај, оставете ги неколку минути да се стегне глазурата, а потоа послужете ги. Изменето од Valerija - 30.Декември.2020 во 08:52 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Новогодишни ванилици – слатки колачиња по бабин рецепт од кој сите ќе посакаат парче повеќеСосема малку модифицирани, но добро познати ванилици од времето на нашите баби, декорирани во „новогодишно руво“. Ќе ги обожаваат апсолутно сите овие слатки колачиња од нашето детство. Не очекувајте премногу долго да се задржат во кутијата или чинијата. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Маноло Бланик го сподели омилениот рецепт за празнични ѓумбир колачињаМаноло Бланик сака да ни ги разубави празниците и да ни ги разгали непцата со својот омилен рецепт за празнични колачиња. Популарниот дизајнер за „Вог“ го сподели рецептот и порача: „Ова е многу лесен рецепт и се надевам дека ќе им донесе на сите малку радост во текот на празничниот период“. СОСТОЈКИ
ПОДГОТОВКА1 Извадете ги јајцето и путерот од фрижидер околу еден час пред подготовката за да постигнат собна температура. 2 Со миксер матете ги путерот и кафеавиот шеќер додека да добиете мазна смеса. 3 Во друг сад, измешајте ги сите суви состојки. 4 Додајте ги јајцето и меласата во смесата со путер и кафеав шеќер. Откако добро ќе се соединат, додајте ги сувите состојки и продолжете со мешање за да добиете хомогена смеса. 5 Нацрпете со лажица од смесата и направете топче, а потоа протркалајте го во белиот шеќер. 6 Топчињата наредете ги во плех и ставете ги во фрижидер 30-45 минути. Печете 12-15 минути на температура од 180°C. Изменето од Valerija - 01.Јануари.2021 во 16:28 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Подготвуваме: 3 видови на празнични колачиња - нека замириса целиот домМагијата на празниците која нè исполнува во новогодишниот период не може да се замисли без домашни специјалитети и драгоцени моменти кои ги делиме со најблиските, уживајќи во подготовки на празничните рецепти. Посебно место на свечената трпеза им припаѓа на колачите, а во нивната подготовка секогаш со задоволство учествуваат и најмалите. Fresh Fine Divine ве инспирира да подготвите лесни и брзи рецепти за магични денови. 1. Новогодишни колачињаПотребни состојки:
Состојки за кралска глазура за украсување:
Начин на подготовка:
2. Ѓумбир колачиња (Gingerbread)Потребни состојки:
Состојки за кралска глазура:
Начин на подготовка:
3. Путер колачи со џем од јагода и бадемПотребни состојки:
Начин на подготовка:
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |