IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:10
брана(албански)

Digë

E kaluam natën bashk,
Qielli veror na dhuroi majet e pemës se qetësise,
Përderisa telat e tendosur të epidermës,
Muzikojnë trubadurët te dhimbjes.

Ti- lum me shtratë të thellë,
Nga vidërat që koha të ka shkelur,
Un- mur më i lartë se vetvetja,
Digë e ndërtuar prej pagjumësisë.

U shëndruam në liqe,
I përmbytem fushat mizore,
Të mbjellur me poezinë e perëndimit të diellit.



препев - Алма
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:11
PRICA O SVETLOZRACNIMA

Svi su te podjednako voljeli
Mislima im svetlozracnim
Ali u razlicitom snu te sanjali…

Vijeka nije bilo da dotjece
Crne suze reke su nabujale
Rane da ti operu…

Kolko se tvoje djece utopilo.
Na koju stranu kad nisu znali
- stramputicom ih mutna zahvatila

Zrakom od noza kandilo
Svetcima pred slavu sу palilи
Svjetlost su sami postali…

Crnila su opet ostala
Drugi da ih rastezu…

Skamenjeni krici po gorama
Krv se krvlju zakrvila
A jedna ih majka radjala…

I u kriku nam danasnjem
Krvave reke oganj raspaljuju…

Pa ciji smo ako svoji nismo…



препев - Дрински
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:12
ОВЕНАТ БУКЕТ


Утро е...

Ги берам првите расцутени мисли
со росата на последниот сон за тебе...

Зошто ли секогаш изумувам
дека вазната одамна е скршена...

Букетот овенува неразмирисан...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:12
ПРИКАЗНА ЗА ПРКОСНИЦИТЕ


Со крв дива – мастило
на пергамент од црни времиња
јарки светлини нанизи
место слатко за добросување
кога векот ќе го отвориме
и ќе се населиме
за да продолжиме

Точило од бури изделкано
пркосот ли им го острел...

А знаеле:
и ал трндафил на градите
пред венчавка китнеж да натокмат
во планините,
по дубравите
за жетварките и жетварите
синџирот што ги јадел…

На штрек карпа прекутрупа
сонот така го засониле
- мек килим за нозете ни …

Од почит калта да си ја избришевме
колку да ги испочитуваме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:14
ПРИКАЗНА ЗА НЕРОДЕНИТЕ

Гласот ваш во далечините
Ги пребројува вековите...

Сите се наброј:
Толку, колку што наследивме
и толку колку што ќе оставиме -
ни еден побел од другите
ни еден поцрн од другите,
од нож на арнаути распорени
од заб на волци растргнати
- чекори тешки низ времето...

Со каков чекор да се измериме
до вашето доаѓње...

Eден од друг поголеми
еден од друг позаслужни,
а омразата ни е фалба
а фалбата омраза
-еден на друг стрвници настрвени:

Туѓа солза образот ни го бразди
образот наш сеирџиски...

Навикнавте, свикнавте...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:14
ПРИКАЗНА ЗА СОНОКРАТЦИТЕ

Бистрини кога заматуваа
матна врз матна натрупаа -
крајот да не се знае...


Преку дедо од прадедо
завештание ми е пратено
сонот да им го протолкувам

Црни птици од три страни довјасале
црни војски со смрт накитени
- црни молскавици во очите стрвни...

Планините волци се наполниле:
во исто дувло искотени
со три млека задоени...

Сал крвта глас имала за да пропишти...

Пишти крвта и во мене
и во тебе
од немоќ сонот да го протолкуваме.

Крајот не му се знае...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:15

ПРИКАЗНА ЗА СОНУВАЧИТЕ
Глочкава перница под глава ви подметнаа
сонот да не го досоните...


Во сонот туѓ,
а за тебе,
да се разбудиш,
да видиш се
што сакале да видат
со тебе,
ако не пред тебе,
а од очите да ги извадиш
и на слава
да не се прекрстиш
за нив...

Во ноќ црна,
ни сон кај не `рти,
икони да не видиш
со крвишта опточени,
ни чекор машки
трње што гази
пат да направи
со тебе да го чекори,
ако не пред тебе,
а на крст од презир
сонот да им го распнеш

Зар поважни сме
ние
од тие
во ноќ без ѕвезди што сонувале
оти сонот не го запомнивме
како што ни го запишале
па ги избришавме...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:16
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ

А сите подеднакво те љубеле
со мислата им светлозрачна
но во различен сон те сонувале...


Век немало да не дотече -
црни солзи реки набликнувале
раните да ти ги измијат...

Колку деца ти се удавиле
кај да фатат кога не знаеле

- на сретпат матната ги стрефила

Со зрак од кама кандило
на светци пред слава им палеле
светлини се престориле...

Црнилата пак останале
други да ги растегнуваат...

- ни крај ни почеток не им знаеле...

Скаменети крици низ горите
крв со крв закрвена
а една мајка ги раѓала...

И во крикот наш денешен
крвишта огној разгореле

- та чии сме ако свои не сме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:17
БЕЗ СЕНКА

Мислите мои - старици престарени
а умот друмовите на детството ги бара


Ми стежнале нозете, не ги брза ништо:
ни во зората бистра умор да си разладат
ни од залезот румен вино да се напијат...

Чекор по чекор се разнижувам
- босонога мисла искрварена,
без траги зад себе...

А сеуште ме има
по друмовите на магливото детство
диво ждребе, нескротено...

По што ли ќе ме помнат
ридиштата, нивите
без сенка штом ќе истечам...

Солзата траг во камен не оставала....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:18
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА

Ако Оче наш не ја научив,
да те љубам можам посилно од сите свештеници
во молитвите што те спомнале...


Мојата љубов си ја мери силата со врутоците
на времињата што те престигнувале
- со крикот на унесреќените растечена
место песна заспивалка...

Колку високо да ги изѕидам столбовите
за да си ги бакнам корените

И благослов за семето
и клетва за сеачот си
- постојбино на исконските страданија...

Некој братоубиец писаниетони го напишал
со крвата на убиените браќа
та зборот ветрот сега ни го враќа
како сува плунка во лицето...

Од сортата на пирејот сме биле
а трски на лик
- танчерки на ветрот дабје што корни...

Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена
- зар самите да си ја расплетеме...

И благослов за семето
и клетва за сејачот си
- во каква песна да се надживееме
да се соѕидаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:19
НЕЗАВРШЕН МОТИВ

Не мижи пред вистината,
лагите ќе те заслепат...

На мојот гроб времето ќе испише
се што не стасав да напишам
за мене и за тебе,
и секој што ќе прочита ќе биде стих
од најсреќната песна на сите времиња
за вистината на лагите за мене
и лагите на вистината за тебе...

Очите си ги наполнив со вистина
никогаш да не изгнијат...

Моите очи во сонцето што гледаа
кога им ги острев длетата за тебе
како последен мотив во иконостасот...

Никој нема да ги види...

Друг некој ќе те резбари
во дрво со црвоточина
снимајќи те со очи
заслепени од темница...

Очите дури не му изгнијат....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:20
ПРИКАЗНА

И ќе ги откопаме сите приказни
да не ни талкаат душите на претците


Раскажи ја приказната за принцезата
на дланка од воздишки што раснела
под дивите планини во срцето на јунакот
во пранги црни кога скапувал...

На три царства маќеата ја ветила
од три принца ниеден не и бил достоен...

Во девет лакти платно повиена
во девет води црни зацрнета
девет јуди на крст ја распнувале
сонот да не го досони...

Девет ловци мирасчии
девет сина Керубинови
со црни кучиња изесли
месото и го кинеле

Под девет камена вистина закопана
од девет чуми до коска раскостена
девет сонца на девет црни неба
- црни, неогреани...

Во девет кивоти солзалии
времето го броела
и нас да не дочека
сонот да го досони...

А мислевме – лесно ќе е...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:21
ФЕНИКС

Ги пресушуваш реките
од кои заедно ги напојувавме
жедните стада на радоста

не сечи ја гранката
и кога е сува
на која што седевме

само замини
и понеси колку што можеш
од мене
од тебе

останатото ќе го закопам
заедно со неслученото
под секоја твоја стаплака
по малку
и ќе се родам повторно
како песна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:21
ЌЕ ОПСТОИМЕ

Гаврани грачат
очи да ти пијат
ко да малку им беше


Во твојата иловица
душата си ја огледувам
испукана
зажедната
а многуродна...

Твоите карпи
мои коски
настршлени
исправени
високи
дланки рапави
понудени
за гордоста гнездо...

Ветриштата твои
мој глас
во болката твоја испечен
во солзите твои искален
меч за сите битки
недобиени
што ќе ги добиеме

Кога газам по тебе
ко по себе да газам
толку сме исто
толку сме едно...

Не има
- ќе опстоиме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.