IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Свински грип
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свински грип

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
Автор
Порака Обратен редослед
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:45
Нови сомнителни случаи на свински грип во Австрија, Холандија, Израел и Нов Зеланд, во Мексико 152 мртви

Светските агенции јавуваат дека се зголемува бројот на земји во светот во кои има заболени, како и на случаи кај кои се евидентирани сомнителни симптоми на свински грип.
Дваесет и осумгодишна жена е примена во болница во северниот австриски град Штаер со сомнение дека е заразена со свински грип, пренесоа агенциите, повикувајќи се на австриското радио. Ова може да се покаже како првиот случај на свински грип во Австрија. Жената неодамна се вратила од Мексико. Првчните тестови не дале категоричен резултат и институтот по вирусологија на Универзитетот во Виена прави дополнителни лабораторски истражувања за да се утврди дали грипот е свински или обичен.
Неколку сомнителни случаи регистрирани во Холандија, исто така се истражуваат, соопштија здравствените власти, цитирани од Франс прес.
Нов Зеланд и Израел денеска соопштија дека во овие две држави веќе дојде до појава на заболени од свински грип.
Во САД се заразени најмалку 51 лице, во Канада-шест, во Велика Британија-две, исто како и во Шпанија, додека во Ноз Зеланд се заразени три лица, а во Израел едно.
Има сомненија за случаи на заболени и во Јужна Кореја, Бразил, Гватемала, Перу и Австралија, но за сите нив се уште се чекаат резултатите од направените тестови.
Во Мксико, каде се појави свинскиот грип, до сега умреа 152 лица, а 1.614 се под опсервација, пренесе Би Би Си.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека свинскиот грип се пренесува само од човек на човек, но не препорача ограничувања на патувањата ниту затворање на границите.
- Пренесувањето на болеста досега била само од човек на човек, изјави портпаролот на СЗО, Грегри Хартл.
Тој истакна дека веќе се работи на производство на вакцина против овој тип на грип , но додаде дека вакцината може да биде достапна на пазарот дури по пет-шест месеци. Засега грипот може да се лекува со користење на лековите Тамифлу и Реленца.
Хартл додаде дека СЗО се уште не знае зошто епидемијата најмногу се проширила во Мексико
Врз основа на досегашните достапни податоци СЗО смета дека не е можно запирање на епидемијата и дека затоа земјите треба да се концентираат на умерените мерки на борба против ширењето на болеста.
Симптомите на свинскиот грип се ненадејна висока температура, болки во мускулите, воспалено грло и сува кашлица, а можна е и дијареја и повраќање. Болеста се лекува само ако навреме почнат да се земаат антивирусни лекарства.
Владите на многу земји од светот ги засилија мерките на контрола на аеродромите и во пристаништата и на граѓаните им препорачаа да го избегнуваат патувањето во Мексико.

Izvor VEST.
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:29

Комесарот на Европската унија за здравство Androula Vasiliu, предупредува дека е можно зголемување на бројот на новозаболени лица ширум Европа во наредниве неколку денови. До сега се потврдени по 2 случаја на зараза во Велика Британија и Шпанија, додека во Ирска,Данска,Германија,Италија,Шведска,Грција и Чешка се испитуваат сомнителни случаи, изјавил комесарот, а пренесува BBC.
Исто така , соопштува и дека од сега во ЕУ ќе се користи изразот "нов грип" наместо "свински грип" да би се избегнала негативната конотација т.е. поврзување на смртоносниот вирус со свињите и прехрамбената индустрија.
Светската здравствена организација (СЗО) од синојка го подигна степенот на узбуна на 4 од можни 6 фази.
Фазата 4, спрема објавената скала на СЗО значи дека смртоносниот вирус може да се пренесе од човек на човек,како и дека постои значајна опасност од пандемија.
СЗО соопштува дека и не е неминовна појавата на пандемија,сепак сите земји треба да се спремат за евентуална појава.




Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 12:41
Па не би рекла дека не е сериозна ситуацијата штом се алармира низ цел свет. Убаво е да се биде информиран. Поарно е да е лажна тревога отколку да се биде индиферентен.

„Гугл“ ги следи сите пријавени случаи на свински грип во светот

Биомедицинскиот институт од Питсбург преку сервисот „Мапс“ на „Гугл“ на интерактивна мапа во живо ги следи сите пријавени случаи на свински грип во светот.

Кликнете овде за пристап до сервисот.


Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 11:28
за самиот грип нема класични лекови... антибиотиците не помагаат кај грипот... само антивирусни лекови, меѓутоа, мислам дека ако болеста зела замав, ни антивиротиците не помагаат...

верувам дека овој грип е вештачки произведен... некој сака да истреби половина од човештвото....
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 21:17
има ли лек за грипот ?? некаде прочитав дека некој се излечил...... не е толку страшно ако има лек...... страшно е ако нема изненадување
Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 15:29
Се работи за мешавни од човеки грип, птичји грип и свински грип. До сега не виден, и незабележан. Со други зборови, не се пренесеува само преку свињите, туку преку сите животни. Нема животно што не може да биде носител на вирусот.
Природата не е возможно да производе ваков вирус одеднаш. Практично е невозможно без мутација и еволуција(доколку беше таков до сега ќе се изнаредија низи, за кои до сега ќе знаевме, затоа и е обележан AХ1Н1, пример со птичјиот грип, Х5Н1, значи потребно му било време додека го достигне тоа ниво(освен ако не бил произведен). Како што најдов на нет, барем официјално уште не се мапирани гените, но делот на птичјиот грип одговара со азијскиот птичји грип. Со други зборови, Господ да ни е на помош. Ќе видиме за неколку недели дали ова ќе се претвори во пандемија. Но, тука не застанува целата работа, ако не се претвори во пандемија, вториот бран што се очекува, а се очекува дополнително да мутира, ќе повторам, Господ да ни е на помош и да се надеваме очекувањата на тие што го создале нема да исполнат(а верувам дека е вештачки создаден).
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 10:09
Можна е мутација на вирусот на свински грип

Женева, 26 април (МИА) - Вирусот на свински грип може да мутира и да стане многу опасен и можно е да еволуира, предупреди денеска вршотелот на должност заменик-генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Кеџи Фукуда.

Во меѓувреме американските здравствени власти потврдија дека осумтемина ученици од гимназијата во Њујорк се заразени со вирусот на свински грип. Два случаи на свински грип вчера беа потврдени и американската сојузна држава Канзас, но едниот од ни веќе оздравел.

СЗО најави дека меѓународни експерти во вторник ќе одлучуваат дали ќе го зголеми степенот на предупредување на опасноста од избивање на пандемија на новиот вирус - свински грип, од кој во Мексико почина 81 лице.

- Потребни ни се уште епидемиолошки докази од Мексико за да можат експертите да препорачаат промена на степенот на предупредување на опасноста од појава на пандемија, изјави портпаролот на СЗО, Грегори Хартл, додавајќи дека се уште е ниско нивото на опасност од пандемија.

Министерот за здравство на Мексико, Хосе Анхел Кордова потврди дека од почетокот на месецот во земјата починале 81 лице, а над 1.300 се заразени со вирусот на свински грип.

Заразени луѓе има и во САД, каде Центарот за контрола и превенција од болести предупредни дека новиот и „невобичаен“ вирус се шири и дека е невозможно да биде запрен.

Во меѓувреме израелските власти изразија стваување дека болеста свински грип се појавила во земајта откако 26-годишен маж, кој се вратил од Мексико побарал лекарска помош поради симптомите слични на болеста.

Израелското Министерство за здравство им препорача на граѓаните да се придружуваат до хигиената и да избегнуваат места каде има голем број на луѓе, а во случај ако се сомневаат дека се заразиле со вирусот АХ1Н1 (АН1N1)веднаш да побараар лекарска помош.

Европската комисија претходно соопшти дека досега во Европа не е пријавен ниту еден случај на свински грип. 

СЗО издаде листа на поголеми епидемии на грип во 20 и 21 век. 

Грипот од типот А предизвика три големи епидемии во минатиот век. Во периодот од 1918 до 1919 година од шпанскиот грип беше заразен поголем дел од светското население, а како последица на болеста починаа најмалку 40 милиони луѓе.

Пандемијата од Азиски грип во 1957 и 1958 година однесе околу четири милиони жртви, додека од Хонгкошкиот грип во 1968 - 1969 година починаа приближно два милиона луѓе.

Од почетокот на 21 век регистрирани се неколку епидемии.

Епидемијата на атипичната пневмонија (САРС) се појави во Кина во 2003 година при што беа инфицирани 8.000 луѓе од кои повеќе од 800 починаа во целиот свет, а околу 350 во Кина.

Истата година се појавува и вирусот Х5Н1 на птичјиот грип од кој починаа повеќе од 250 лица во Југоисточна Азија.

Вируисот АХ1Н1 на свинскиот грип е комбинација на човечки, свински и птичји грип.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 00:07
Eве го објаснувањето на американските лекари за свинскиот грип.


http://news.yahoo.com/s/ap/med_swine_flu_q_a
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:43
Isto kako togas koga krevaa panika za ptici grip taka i sega...

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:35
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

taka e koa Kanada e zemja koja ne trpi dve mislenja tuku odma se resava sekoj problem ekspresno.


Не е само до тоа. Туку кај некои луѓе имунитетот е добар, а и вирусот реагира на некој лек, мислам дека се вика тамифлу и затоа е тоа така.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:31
taka e koa Kanada e zemja koja ne trpi dve mislenja tuku odma se resava sekoj problem ekspresno.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:29
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

nema potreba za krevanje panika.


Токму така, се сложувам, но сепак брзината со која се шири е голема. А и проблем е неговата вирулентност, односно преносот од човек на човек. Сега засега има само поединечни случаи каде е регистриран пренос од човек на човек , повеќето се од контакт со животни. Ако се зголеми вирулентноста тогаш веќе има проблем, сега за сега не. А добра вест е што оние во Канада веќе оздравуваат и ќе се извлечат.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:21
nema potreba za krevanje panika.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2009 во 23:20
Сега пред малку на нет случајно видов дека Канада, Нов Зеланд и Франција веќе имаат болни од свински грип. Ова се шири со рекордна брзина. Господ нека ни е на помош!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.