Испечати | Затвори го прозорот

Свински грип

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18817
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 01:28
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Свински грип
Постирано од: mamamd
Наслов: Свински грип
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 09:46
Таман се смири стравот  од птичјиот грип сега нова паника
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107672 - Свински грип уби 62-ца во Мексико



Коментари:
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 10:11
Samo ushte ova ni faleshe,gledam jas deka prinudno kje staneme vegetarijanci.


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 13:37
вирусот е пуштен како одмазда..................
Се е поврзано со оној киднапиран брод што се случи пред некое време............
Тие ветија дека ќе страда и старо и младо...
ништо не верувам веќе целата оваа земја ќе ја уништи самиот човек,со неговите испади и злобни намери
Кој постар поединец знаеше за птичјиот грип,додека не се појави пред 2-3год...како така наеднаш испадна тој гаден смртоносн вирус.????
Жалосно за светот страдаат невини луѓе


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 13:39
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

вирусот е пуштен како одмазда..................
Се е поврзано со оној киднапиран брод што се случи пред некое време............
Тие ветија дека ќе страда и старо и младо...
ништо не верувам веќе целата оваа земја ќе ја уништи самиот човек,со неговите испади и злобни намери
Кој постар поединец знаеше за птичјиот грип,додека не се појави пред 2-3год...како така наеднаш испадна тој гаден смртоносн вирус.????
Жалосно за светот страдаат невини луѓе


Moжеш да подобјасниш малку за што станува збор, односно за каков брод?

-------------


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 13:51
http://www.trtcroatian.com/international/newsDetail.aspx?HaberKodu=0bb0201b-028d-410b-a4b5-7f74f102015b - еве
од кога 4-ца пирати беа убиени,тие тогаш се заканија


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 14:33
site virusi bile i se pusteni za odmazda ili za iscistuvanje vo nekoi drzavi od nekoi faci. e sea so se zoonozi i kako na primer so pticite so prenesuvaat i vo drugi drzavi..toa ne im e gajle

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 14:45
Zatoa jas si sum vegetarijanec...

-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 14:49
nema vrska toa druze. za pticji grip dqa fatis nema potreba da jades pilesko.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:20
Сега пред малку на нет случајно видов дека Канада, Нов Зеланд и Франција веќе имаат болни од свински грип. Ова се шири со рекордна брзина. Господ нека ни е на помош!

-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:21
nema potreba za krevanje panika.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:29
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

nema potreba za krevanje panika.


Токму така, се сложувам, но сепак брзината со која се шири е голема. А и проблем е неговата вирулентност, односно преносот од човек на човек. Сега засега има само поединечни случаи каде е регистриран пренос од човек на човек , повеќето се од контакт со животни. Ако се зголеми вирулентноста тогаш веќе има проблем, сега за сега не. А добра вест е што оние во Канада веќе оздравуваат и ќе се извлечат.

-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:31
taka e koa Kanada e zemja koja ne trpi dve mislenja tuku odma se resava sekoj problem ekspresno.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:35
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

taka e koa Kanada e zemja koja ne trpi dve mislenja tuku odma se resava sekoj problem ekspresno.


Не е само до тоа. Туку кај некои луѓе имунитетот е добар, а и вирусот реагира на некој лек, мислам дека се вика тамифлу и затоа е тоа така.

-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 23:43
Isto kako togas koga krevaa panika za ptici grip taka i sega...

-------------



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 00:07
Eве го објаснувањето на американските лекари за свинскиот грип.


http://news.yahoo.com/s/ap/med_swine_flu_q_a - http://news.yahoo.com/s/ap/med_swine_flu_q_a

-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 10:09
Можна е мутација на вирусот на свински грип

Женева, 26 април (МИА) - Вирусот на свински грип може да мутира и да стане многу опасен и можно е да еволуира, предупреди денеска вршотелот на должност заменик-генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Кеџи Фукуда.

Во меѓувреме американските здравствени власти потврдија дека осумтемина ученици од гимназијата во Њујорк се заразени со вирусот на свински грип. Два случаи на свински грип вчера беа потврдени и американската сојузна држава Канзас, но едниот од ни веќе оздравел.

СЗО најави дека меѓународни експерти во вторник ќе одлучуваат дали ќе го зголеми степенот на предупредување на опасноста од избивање на пандемија на новиот вирус - свински грип, од кој во Мексико почина 81 лице.

- Потребни ни се уште епидемиолошки докази од Мексико за да можат експертите да препорачаат промена на степенот на предупредување на опасноста од појава на пандемија, изјави портпаролот на СЗО, Грегори Хартл, додавајќи дека се уште е ниско нивото на опасност од пандемија.

Министерот за здравство на Мексико, Хосе Анхел Кордова потврди дека од почетокот на месецот во земјата починале 81 лице, а над 1.300 се заразени со вирусот на свински грип.

Заразени луѓе има и во САД, каде Центарот за контрола и превенција од болести предупредни дека новиот и „невобичаен“ вирус се шири и дека е невозможно да биде запрен.

Во меѓувреме израелските власти изразија стваување дека болеста свински грип се појавила во земајта откако 26-годишен маж, кој се вратил од Мексико побарал лекарска помош поради симптомите слични на болеста.

Израелското Министерство за здравство им препорача на граѓаните да се придружуваат до хигиената и да избегнуваат места каде има голем број на луѓе, а во случај ако се сомневаат дека се заразиле со вирусот АХ1Н1 (АН1N1)веднаш да побараар лекарска помош.

Европската комисија претходно соопшти дека досега во Европа не е пријавен ниту еден случај на свински грип. 

СЗО издаде листа на поголеми епидемии на грип во 20 и 21 век. 

Грипот од типот А предизвика три големи епидемии во минатиот век. Во периодот од 1918 до 1919 година од шпанскиот грип беше заразен поголем дел од светското население, а како последица на болеста починаа најмалку 40 милиони луѓе.

Пандемијата од Азиски грип во 1957 и 1958 година однесе околу четири милиони жртви, додека од Хонгкошкиот грип во 1968 - 1969 година починаа приближно два милиона луѓе.

Од почетокот на 21 век регистрирани се неколку епидемии.

Епидемијата на атипичната пневмонија (САРС) се појави во Кина во 2003 година при што беа инфицирани 8.000 луѓе од кои повеќе од 800 починаа во целиот свет, а околу 350 во Кина.

Истата година се појавува и вирусот Х5Н1 на птичјиот грип од кој починаа повеќе од 250 лица во Југоисточна Азија.

Вируисот АХ1Н1 на свинскиот грип е комбинација на човечки, свински и птичји грип.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 15:29
Се работи за мешавни од човеки грип, птичји грип и свински грип. До сега не виден, и незабележан. Со други зборови, не се пренесеува само преку свињите, туку преку сите животни. Нема животно што не може да биде носител на вирусот.
Природата не е возможно да производе ваков вирус одеднаш. Практично е невозможно без мутација и еволуција(доколку беше таков до сега ќе се изнаредија низи, за кои до сега ќе знаевме, затоа и е обележан AХ1Н1, пример со птичјиот грип, Х5Н1, значи потребно му било време додека го достигне тоа ниво(освен ако не бил произведен). Како што најдов на нет, барем официјално уште не се мапирани гените, но делот на птичјиот грип одговара со азијскиот птичји грип. Со други зборови, Господ да ни е на помош. Ќе видиме за неколку недели дали ова ќе се претвори во пандемија. Но, тука не застанува целата работа, ако не се претвори во пандемија, вториот бран што се очекува, а се очекува дополнително да мутира, ќе повторам, Господ да ни е на помош и да се надеваме очекувањата на тие што го создале нема да исполнат(а верувам дека е вештачки создаден).


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 21:17
има ли лек за грипот ?? некаде прочитав дека некој се излечил...... не е толку страшно ако има лек...... страшно е ако нема изненадување

-------------


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 11:28
за самиот грип нема класични лекови... антибиотиците не помагаат кај грипот... само антивирусни лекови, меѓутоа, мислам дека ако болеста зела замав, ни антивиротиците не помагаат...

верувам дека овој грип е вештачки произведен... некој сака да истреби половина од човештвото....

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 12:41
Па не би рекла дека не е сериозна ситуацијата штом се алармира низ цел свет. Убаво е да се биде информиран. Поарно е да е лажна тревога отколку да се биде индиферентен.

„Гугл“ ги следи сите пријавени случаи на свински грип во светот

Биомедицинскиот институт од Питсбург преку сервисот „Мапс“ на „Гугл“ на интерактивна мапа во живо ги следи сите пријавени случаи на свински грип во светот.

Кликнете http://maps.google.com/maps/ms?ie=UTF8&hl=en&msa=0&msid=106484775090296685271.0004681a37b713f6b5950&ll=39.548397,-104.873385&spn=33.221733,57.480469&z=4 - овде за пристап до сервисот.




-------------


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:29

Комесарот на Европската унија за здравство Androula Vasiliu, предупредува дека е можно зголемување на бројот на новозаболени лица ширум Европа во наредниве неколку денови. До сега се потврдени по 2 случаја на зараза во Велика Британија и Шпанија, додека во Ирска,Данска,Германија,Италија,Шведска,Грција и Чешка се испитуваат сомнителни случаи, изјавил комесарот, а пренесува BBC.
Исто така , соопштува и дека од сега во ЕУ ќе се користи изразот "нов грип" наместо "свински грип" да би се избегнала негативната конотација т.е. поврзување на смртоносниот вирус со свињите и прехрамбената индустрија.
Светската здравствена организација (СЗО) од синојка го подигна степенот на узбуна на 4 од можни 6 фази.
Фазата 4, спрема објавената скала на СЗО значи дека смртоносниот вирус може да се пренесе од човек на човек,како и дека постои значајна опасност од пандемија.
СЗО соопштува дека и не е неминовна појавата на пандемија,сепак сите земји треба да се спремат за евентуална појава.






-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:45
Нови сомнителни случаи на свински грип во Австрија, Холандија, Израел и Нов Зеланд, во Мексико 152 мртви

Светските агенции јавуваат дека се зголемува бројот на земји во светот во кои има заболени, како и на случаи кај кои се евидентирани сомнителни симптоми на свински грип.
Дваесет и осумгодишна жена е примена во болница во северниот австриски град Штаер со сомнение дека е заразена со свински грип, пренесоа агенциите, повикувајќи се на австриското радио. Ова може да се покаже како првиот случај на свински грип во Австрија. Жената неодамна се вратила од Мексико. Првчните тестови не дале категоричен резултат и институтот по вирусологија на Универзитетот во Виена прави дополнителни лабораторски истражувања за да се утврди дали грипот е свински или обичен.
Неколку сомнителни случаи регистрирани во Холандија, исто така се истражуваат, соопштија здравствените власти, цитирани од Франс прес.
Нов Зеланд и Израел денеска соопштија дека во овие две држави веќе дојде до појава на заболени од свински грип.
Во САД се заразени најмалку 51 лице, во Канада-шест, во Велика Британија-две, исто како и во Шпанија, додека во Ноз Зеланд се заразени три лица, а во Израел едно.
Има сомненија за случаи на заболени и во Јужна Кореја, Бразил, Гватемала, Перу и Австралија, но за сите нив се уште се чекаат резултатите од направените тестови.
Во Мксико, каде се појави свинскиот грип, до сега умреа 152 лица, а 1.614 се под опсервација, пренесе Би Би Си.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека свинскиот грип се пренесува само од човек на човек, но не препорача ограничувања на патувањата ниту затворање на границите.
- Пренесувањето на болеста досега била само од човек на човек, изјави портпаролот на СЗО, Грегри Хартл.
Тој истакна дека веќе се работи на производство на вакцина против овој тип на грип , но додаде дека вакцината може да биде достапна на пазарот дури по пет-шест месеци. Засега грипот може да се лекува со користење на лековите Тамифлу и Реленца.
Хартл додаде дека СЗО се уште не знае зошто епидемијата најмногу се проширила во Мексико
Врз основа на досегашните достапни податоци СЗО смета дека не е можно запирање на епидемијата и дека затоа земјите треба да се концентираат на умерените мерки на борба против ширењето на болеста.
Симптомите на свинскиот грип се ненадејна висока температура, болки во мускулите, воспалено грло и сува кашлица, а можна е и дијареја и повраќање. Болеста се лекува само ако навреме почнат да се земаат антивирусни лекарства.
Владите на многу земји од светот ги засилија мерките на контрола на аеродромите и во пристаништата и на граѓаните им препорачаа да го избегнуваат патувањето во Мексико.

Izvor VEST.

-------------


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:49
Поскапеа заштитните маски

Паниката поради свински грип некои аптекари ја искористија за да ги зголемат цените на заштитните маски за уста и нос. Тие досега се продаваа по цена од четири до 15 денари, а по поскапувањето, некаде чинат и до 25 денари. Продавачите во аптека велат дека нема голема паника меѓу нивните муштерии, меѓутоа имало зголемен број на луѓе што бараат заштитни маски.

- Не го поврзувајте покачувањето со свинскиот грип. Ова се нови маски, сега ги добивме, а поскапи се оти се двослојни – се оправда аптекарка, која ни понуди маска за 25 денари.

Во друга аптека љубезно ни објаснија дека било нормално цените да растат.

- Сепак ова е трговија. Ние нашите цени ги покачивме уште пред неколку месеци кога се крена паника поради заушките. Сега гледам и колегите ги зголемуваат цените – ни објаснија во аптеката.

и нормално,во услови на паника “човечки е“ некој да профитира од сето тоатага

-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:52

Кинески вирусолог Guan Ji, кој бил ангажиран во борбата против САРС и птичјиот грип, предупредува на можна пандемија на свинскиот грип.Тој смета дека ширењето на овој вирус меѓу луѓето не може да се запре за краток рок бидејки веќе има појава на случаи речиси во секој дел на светот.
Микробите,како што се вирусите, стално мутираат и можат да разменуваат ДНК со други вируси со кои ќе дојдат во контакт, при што никој не знае дали тоа ќе ги направи повеќе или помалку смртоносни дотогаш.Вирусот H1N1 е комбинација на  свинска, птичја и човечка ДНК.
Guan истакнува дека овој вирус е сосема поинаков од сезонскиот човечки вирус на грип од типот H1N1. Тој оценува дека ова е скоро нов подтип додавајќи дека светот сосема се приближува кон пандемија благодарение на фактот дека новиот вирус доста ефикасно се пренесува меѓу луѓето
СЗО моментално го класифицира овој вирус како "кризна ситуација по јавното здравје од меѓународно значење" кое може да прерасне во пандемија или глобално избивање на сериозна болест.
Guan подвлекува дека таквата класификација мошне го загрижува знаејќи дека СЗО секогаш е крајно внимателна во своите дефиниции.


(agencije/MONDO)


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 21:54
Македонски власти вчера го забранија увозот на свинско месо од сите земји во светот, ги зајакнаа контролите на аеродромите и на граничните премини по масовната паника од појавата на свински грип во Мексико, од кој починаа над 100 лица, а инфицирани се повеќе од 1.600 луѓе. Светските здравствени власти веќе алармират дека вирусот се раширил, при што ги потврдија првите случаи во САД, Канада, Нов Зеланд, Италија и Шпанија, инфицирани патници кои во изминатиот период престојувале во Мексико, каде пред два месеци се јави овој мутиран вирус - комбинација од човечки, свински и птичји грип. Македонското МНР вчера немаше официјални информации дали наши граѓани престојуваат во оваа земја, но одговорните во мексиканската Амбасада во Белград, која е надлежна и за Македонија, изјавија дека во изминатите два месеци биле издадени седум визи.

Македонските власти вчера ги смируваа граѓаните дека нема место за паника, бидеќи подолго време во земјава не е увезено свежо свинско месо, туку само замрзнато кое, пак, не е опасно по здравјето на луѓето.
- Лекари, ветеринарни и санитарни инспектори ќе вршат комплетен надзор на сите гранични премини во земјава, на двата аеродрома, особено на патниците кои пристигнуваат од ризичните подрачја во светот - Северна и Јужна Америка. Засега во државава не е воведен карантин, само строг здравствен надзор бидејќи болеста се пренесува преку контакт со заболена свиња или од човек на човек - вели д-р Јованка Костовска, од Министерството за здравство.

По информацијата дека вирусот веќе почна да се шири и во други земји, македонските аеродромски власти ја подигнаа здравствено-безбедносната состојба на трето ниво. Директорот за безбедност на аеродромот, Александар Велики, Зоран Доревски, вели дека аеродромската медицинска служба е подготвена за евентуално влегување на патници со вирусни сиптоми.
-Лекарските екипи по најава од авионскиот персонал прават визуелен преглед на патниците ако им биде јавено дека некој за време на летот покажал индикации на грип. Потоа со Државниот здравствен и санитарен инспекторат се одлучува дали тој патник ќе биде префрлен на инфективната клиника - објаснува Доревски.

Според него, минимални се шансите заразен патник да дојде во земјава преку авиопревоз бидејќи немаме директни линии со потенцијалните жаришта, а истовремено ако патува транзит, таквото лице претходно веќе ги поминало ригорозните контроли што ги почнаа властите на европските аеродроми. Слични здравствено-безбедносни мерки се преземени на патните и железничките гранични премини.

извор- Вечер


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 28.Април.2009 во 22:28
Hmmmm......
Pak ......po moe mislenje ......
preraboti laboratorijata koja e zadolzena za drzenje ramnoteza vo svetot.........
stom ne se uspesni vestacki stvaranje na voeni zarista ajde sega novitet od taa laboratorija....
fino spakuvano mutirano........
za da se nema lek......razbira se...

Periodicno taa "laboratorija".....
ni pusta noviteti vo svetot potresuvajki go covestvoto od edna strana....
i dobar profit od "zagrizenite " od druga strana........
finooo...... so eden udar dve muvi......

Mene........
ne moze nikoj da me ubedi .....
deka toa e dojdeno tuku taka....
znam deka sve e mozno vo prirodata ....
No i taa si ima nekoi pravila za mutiranje i inkubacija.
nitu lokacijata kade sto se pojavi ne e slucajna........

Nekoj sto mu go ima frleno"merakot".....
na Predsedatelot na USA seto toa umesno go isplanira.....

Faktot.......
Rakuvanjeto na g-dinot Obama ....
so meksikanski arheolog Felipe Soliz.....
na 16 april vo antropoloski muzej vo Ciudad de Mexico...
koj po 24h pocinal od ovaa "nenajdena virusna pojava"...
ja digna Belata kuka na noze........
muzejot kako objekt zatvoren za turisti kako preventivna merka.......
Smrtta na arheologot.....
zavedena kako pnevmonija so fatalni posledici....
i toa preku nok........
kazuva mnogu sto sekoj komentar bi bil odvisen.......

Predsedatelot po detalni analizi se custvuval dobro......

I sega ...
aj koj ke me ubedi mene...vo prikazni za deca??

Samo sto faktot......
deka nikoj ne moze da ja kontrolira prirodata.....
moze da ja skroti .......
ama nikako da ja kontrolira ......
ete izbega od kontrola mutiraniot virus.....
i sega posledicite ni se jasni......

Taa ista " laboratorija"......
po nejziniot neuspeh na dobro isplanirana strategija ...
ke go izvadi od sefot i lekot........
samo ne znam kolku vreme e potrebno........

Ili postoi "plan B" sto site ke go osetime???

Ne mi se veruva .......nie sme sitna riba.......
koja se zanimava ......
dali hiruskite maski ke gi dademe po 15 ili 25 den...
i spasot i spremnosta e tuka????
vo hiruskite maski???



-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 08:49
...od pipkata k*rtulivme,ama od crveniot veter..tesko bogami...плазење
a mozebi, kako i obicno, kaj nas ne mozat takvi bolesti da vireat,nemaat podloga....od glad vednas virusot umira!смеење


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 18:22

И ПОКРАЈ СВИНСКИОТ ГРИП ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ НЕ РАЗМИСЛУВААТ ДА ЈА ПРЕКИНАТ ИЛИ ПРЕНАСОЧАТ ТУРАТА НИЗ ЕВРОПА


800 македонски апсолвенти на пат за Шпанија!


Апсолвентите преку туристичките агенции Дипломатик и Нехар турс заминаа на екск*рзија низ Европа, а на 2 мај треба да пристигнат во Шпанија, каде веќе е регистрирана болеста. За агенциите ширењето на свинскиот грип не е причина турата да се прекине или пренасочи


Околу 800 македонски апсолвенти од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" се наоѓаат во Рим, а во сабота треба да пристигнат во местото Лорет де Мар на 70 километри од Барселона во Шпанија, земја каде веќе се регистрирани први случаи на свински грип. Иако црвеното светло за тревога е запалено и Светската здравствена организација апелира за максимална претпазливост поради индиции свинскиот грип со неверојатна брзина да се прошири низ светот и да добие размери на пандемија, агенциите преку кои е организирано апсолвентското патување тврдат дека нема место за паника и дека не размислуваат да ја прекинат екск*рзијата.

"Апсолвентите се на редовна екск*рзија која се организира секоја година низ Европа. Сите се добро и ние сме во постојан контакт со водичите кои заминаа со нив", велат од туристичката агенција Дипломатик. Оттаму, додаваат дека дури вчера ги задолжиле водичите да ги информираат апсолвентите за свинскиот грип со цел тие да бидат повнимателни". Им дадовме инструкции сите апсолвенти кои се на оваа екск*рзија да избегнуваат контакти со странци, да внимаваат каде јадат и пијат и по можност да набават заштитни маски. Па свинскиот грип може да дојде и кај нас и тоа не е причина да ја прекинеме екск*рзијата, додаваат од Дипломатик. И од агенцијата Нехар турс велат дека ја следат ситуацијата и дека доколку оценат дека таа е алармантна ќе преземат мерки за безбедно враќање на апсолвентите. "Родителите не треба да стравуваат бидејќи ние ја следиме ситуацијата", велат од ТА Нехар.

Ниту едната ниту другата агенција не размислува да го прекине ова патување поради новонастанатата ситуација или пак да го пренасочат. Велат не било ништо страшно "За да ја прекинеме турата треба да ги прашаме апсолвентите дали сакаат или не. Ние не можеме таква одлука да донесеме", велат од агенциите.

И додека од агенциите смируваат и сметаат дека нема причина за преземање на порадикални чекори, во Шпанија, каде токму овие наши студенти од 2 мај ќе престојуваат три дена, поради настанатата ситуација се одложи познатата Формула 1, објавија вчера шпанските медиуми.
Од македонското МНР велат дека не се запознаени дека 800 македонски апсолвенти од речиси сите факулетети од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" се на пат низ Европа. Таква евиденција треба да има МВР, велат оттаму и додаваат дека доколку агенциите побараат помош од нив како и од МВР ќе ја добијат за да овие студенти безбедно се вратат во земјава.

(Р.В.)

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЕКСПЕРТИ СО ПРЕПОРАКИ
Апсолвентските екск*рзии да се одложат
Да се откажат сите апсолвентски и средношколски екск*рзии кои во овој период од годинава се актуелни, бидејќи не може да се предвиди како ќе се шири вирусот на свински грип во наредните денови, особено во земјите каде веќе се регистрирани случаи на заболени лица. Ова е превентивната препорака на македонските здравствени експерти кон оние граѓани кои се подготвуваат да патуваат. Според доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство најкритични за патување се земјите каде што веќе се евидентирани случаи на заболени од овој тип на грип.
- Ни се јавуваат загрижени родители на кои децата веќе им се на некоја екск*рзија во земја каде што има заболени лица од свински грип и бараат совет, вели Костовска. Таа појаснува дека не мора да значи дека и тие ќе заболат бидејќи конкретно во Шпанија заболените лица биле во Мексико, но тие сега се хоспитализирани, а под контрола се и лицата со коишто тие контактирале.
Доктор Костовска им препорачува на лицата кои веќе се во странство да не се мешаат со населението, да бидат повеќе во хотелите или во автобусите со кои патуваат. Д-р Жарко Караџовски, епидемиолог од РЗЗЗ, укажува дека апсолвентите не претставуваат ризична категорија на лица само со фактот дека биле на екск*рзија во Грција, Бугарија, Турција или во некоја земја во која веќе има регистрирано заболени лица од свински грип. Проблематични се само оние кои биле во САД или во Мексико и дошле во директен контакт со заболените лица.

izvor vecer.com.mk

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 19:21
Американскиот "ONLINE JOURNAL" објавува дека двајца угледни новинари кои разговарале со високорангирани личности во ОН и во СЗО соопштиле дека новиот сој вирус на свински грип е резултат на вештачки произведен патоген кој може да доведе до пандемија.
"Вирусот А-H1N1 има одредени трансмисиони 'вектори' што упатува на тоа дека новиот вирус на грип е генетски модифициран како воено-биолошко оружје", наведува ( како што е наведео) неименуван врвен научник при ОН кој смета дека смртоносната ебола, HIV вирусот и актуелниот A-H1N1 вирус се биолошко оружје, јавува новинарот на "ONLINE JOURNAL"  од Мексико Сити
Како доказ за своето твдење научникот наведува дека меѓу свињите нема регистрирани случаи за инфекција со A-H1N1 вирусот иако вирусот од свињите се пренел на човекот и понатаму се шири меѓу луѓето.
Центрите за контрола и превенција на болеста наведуваат дека вирусот се состои од сегмент на гени на северноамериканските свињи, дел од вирусот на птичјиот грип, дел од вирусот на човечкиот грип и сегмент  од евроазијскиот свински грип.
Другиот,пак, новинар на "ONLINE JOURNAL" јавува од Џакарта дека званичниците на СЗО се заплашени од присуството на дел од генетскиот материјал на вирусот H5N1 во вирусот на свинскиот грип што би можело да значи дека новиот вирус на свински грип е генериран да би преоѓал од "една врста на друга".
СЗО одржала вонредна седница во Женева и објавила дека вирусот A-H1N1 е "државно здравствено случување од меѓународно значење"
Соопштено е, како што пренесува "ONLINE JOURNAL" дека СЗО ќе препорача рестрикција на патувањата во и од областите каде што е регистриран свинскиот грип
Помошникот на генералниот директор на СЗО Кејџи Фукуда оценува дека сегашното избивање на свинскиот грип ширум светот претставува блага пандемија, но исто така предупредува и дека шпанскиот грип од 1918-та година, кој однесе милиони животи, исто така започнал благо.


(Танјуг)


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 19:35
Denovive na SKY NET ke ima intervju so doktor Ivanco Naletovski od veterinarniot fakultet vo vrska so Svinskiot grip.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 19:54
samo izbegnuvajte kontakt so amerikanci i opasnost nema ... pogolemi svinji od niv nema .... a zgora na se , sekoj virus koj e smrtonosen po ludjeto doadja od kaj niv болен

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: karolin4e
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 20:48
e ovie bolesti stvarno preteruvaat... prvo pticij grip sea pak ovoj... koga ke ziveeme vo mir... sekogas mora od nesto da se plasime... nekoi luge izgleda mnogu si igraat so hemijata...


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 20:54


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Април.2009 во 23:57
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859 - htt http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859 - p://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859">грицкање%20нокти http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859 -

-------------


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 00:30
samo go panichat narodo. kolku lugje umirat bre sekoj den od soobrakjajki pa ne gledam nekoj da prestanal da voze poradi toa. kolku luge umirat od sida, pa pak ne im doaga pamet na lugje i se onaduvaat bez zash*tat so sekogo, i sea se pojavil na drugio del od zemjata nekako si grip i site panika ajdeeeeeee. ma gluposti bre!

panichea i za onaj kokoshkinio, pa sho bide? nishto! me nerviraat vakvi gluposti vekje.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 00:50
Originally posted by IQ IQ напиша:

samo go panichat narodo. kolku lugje umirat bre sekoj den od soobrakjajki pa ne gledam nekoj da prestanal da voze poradi toa. kolku luge umirat od sida, pa pak ne im doaga pamet na lugje i se onaduvaat bez zash*tat so sekogo, i sea se pojavil na drugio del od zemjata nekako si grip i site panika ajdeeeeeee. ma gluposti bre!

panichea i za onaj kokoshkinio, pa sho bide? nishto! me nerviraat vakvi gluposti vekje.


Eeeej sto rece?? Devojko dali si ti svesna deka zboruvas sosema pogresno??? Velis kolku soobrakjajki taka -- e zatoa se voveduvaat eden kup zakoni vo soobrakjajot zaradi toa,,, toa ti e nesto od ne vnimanie kako i SIDAta isto taka... Znaci ke nastradash, ke se zabolis ama oti OTI SI BIL/A NEVNIMATELEN/A.. Taka??? E gripot devojko se siri od covek na covek... Ke vleze zabolen ucenik vo amfiteatar a ni toj nema da znae i opaaa po nekoj den site sto bile 90% zaboleni... I toa tebe nema da ti stvori panika???   

-------------


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 00:53
ne mi stavra panika, aman kolku lugje pocinaa do sega 20??

pa od drugu bolesti umiraat mnogu povekje! pa nikoj ne kreva panika. samo go plashat narodot, nishto nema da se sluchi ke vidish.

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 00:55
Originally posted by IQ IQ напиша:

ne mi stavra panika, aman kolku lugje pocinaa do sega 20??

pa od drugu bolesti umiraat mnogu povekje! pa nikoj ne kreva panika. samo go plashat narodot, nishto nema da se sluchi ke vidish.



Петтото ниво претставува широко распространето пренесување на вирусот од човек врз човек. Последното ниво е шестото, кога болеста целосно е надвор од контрола.

„Сите држави треба итно треба да ги активираат своите планови за пандемија“, рече д-р. Маргарет Чан, директор на Светската здравствена организација. „Ги немаме сите одговори во моментов, но ќе се потрудиме да ги добиеме“, додаде таа.

За ваков потег е одлучено по смртта на 23 месечното бебе во Тексас, прв случај на смрт надвор од Мексико.

Колку е сериозна ситуацијта говори податокот дека Светската здравствена организација во последниве 25 години нема прогласена опасност од четврти степен. Вечерва е прогласено петто ниво, а последното шесто ниво значи целосна пандемија.

Европските земји ги пребројуваат заразените и ги испитуваат сомнителните случаи. Во Хрватска се создаде паника откако здравствените власти, кај една девојка од Осијек, која вчера се вратила од Флорида, забележале симптоми од болеста.

Можни сценарија за ширење на вирусот се разгледани на собир на епидемиолози во Франција. Станува збор за вирус со умерен потенцијал, кој ќе се зголемува и со текот на времето ќе добие способност за побрзо пренесување меѓу луѓето.


Procitaj malku proeduciaj se....

-------------


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 00:56
Во Мeксико, каде се појави свинскиот грип, до сега умреа 152 лица, а 1.614 се под опсервација....


A ne ko sto rece ti 20tina,nisto ne e....

-------------


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 01:07
seedno, panici si ti ako mislis deka ima potreba. ke vidish deka za 3 dena se ke se zaboravi i nishto nema da se sluchi

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 01:13
Originally posted by IQ IQ напиша:

seedno,panici si ti ako mislis deka ima potreba. ke vidish deka za 3 dena se ke se zaboravi i nishto nema da se sluchi



Oti samo za inaat zboras???

-------------


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 01:20
sakas da se oblozime?

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 03:58
Zа тамифлу, нуспојавите од лекот е параноја, хулуцинации и испушта невротоксини со други зборови исто како да сте на ЛСД Исто така, може да се користи максимум четири дена, ако нема никаков ефект, болеста значи веќе станала отпорна без разлика колку агресивно т.е висока доза се прима. Значи јас не би препорачал на своја рака да се зема туку така, ако некој од вас веќе купил. Далеку од тоа дека сум лекар, да не испадне дека сум давал лажни совети. Само кажувам внимателно, истражувањата што се правени во Јапонија покажуваат дека помеѓу примателите на тамфилу забележан е висок степен на самоубиства.

Уште една работа што доста ме плаши во целава работа, во Америка овластена компанија да произведе вакцина за свинскиот грип е Bаxter, а Baxter, е фатен како испорачува вакцини за птичјиот грип измашени со жив птичји грип http://www.torontosun.com/news/canada/2009/02/27/8560781.html - http://www.torontosun.com/news/canada/2009/02/27/8560781.html , работава е значи ...


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 10:08
http://www.youtube.com/watch?v=ASibLqwVbsk - http://www.youtube.com/watch?v=ASibLqwVbsk :))


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 10:17
http://www.jutarnji.hr/svijet/clanak/art-2009,4,30,,161469.jl - http://www.jutarnji.hr/svijet/clanak/art-2009,4,30,,161469.jl

повеќето ќе разберете...... среќа

инаку,..... свинскиот грип стигнал и во Швајцарија..... изненадување


-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 10:29
kje vidite deka na kraj kje ispadne po moe ........... sto podaleku od sekoj mozen kontakt so amerikanciболен ..... tie namerno go pustija gripot za da mozat da prodavaat vakcini i da se prikazat kako spasiteli na svetot ....... sto dalje , to bolje голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 10:50
...a kade e sleperot so 24 tona svinski polutki ,sto vleze bez dokumenti?...aaaa?kade e?збунетост

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 19:02
neka prodolzat samo so protivprirodni eksperimenti pa kje se cudime posle od kade i sto смеење
 
 
 
 Свиња со „овча волна“

Една свиња со густи виткани влакна, налик на овца, претставува вистинска гордост на нејзиниот нов сопственик, кој ја купи на аукција за 280 евра.

Австриската долговлакнеста раса на свињи беше најголема атракција на аукцијата оддржана во англиската област Ланкашир. Оваа раса на свињи е многу ретка во Англија, каде е увезена пред три години.

По долготрајното наддавање на аукцијата, свињата на крајот е продадена за 280 евра на еден локален фармер, кој ја купи како домашно милениче за својата ќерка.

- Ние во семејството сме љубители на животни и дојдовме да видиме како изгледа таа свиња. Мојата ќерка е восхитена, изјави тој. - Сакаме да ја промовираме таа нова раса и ќе биде многу интересно да се види како на оваа свиња ќе реагираат нашите свињи. Се надевам дека ќе успееме да ја размножиме, нагласи фармерот.



-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 20:25
СЗО нема повеќе да го користи називот „свински грип“, ОН побараa од своите службеници да избегнуваат патувања во ризични земји

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ќе престане да го користи називот „свински грип“, за да се избегне забуна дека болеста се пренесува од свињи на луѓе.

Портпаролот на СЗО Дик Томпсон изјави дека промената на називот доаѓа откако земјоделската индустрија и Агенцијата на ОН за храна изразија загриженост дека изразот „свински грип“ доведува до заблуда кај потрошувачите и ги тера некои земји да пробегнат кон непотребно уништување на свињите.

- Ќе го задржиме научниот назив „Х1Н1 инфлуенца А“, рече тој пред новинари во Женева.

СЗО вчера го подигна нивото на тревога од четврти на петти степен, сигнализирајќи оти пандемијата е „близу“. Фазата шест значи дека светот е во пандемија.

И Европската комисија денеска усвои официјален назив за свинскиот грип, што овозможи измена на Решението 2002/253/ЕC, вo кое се посочува како треба да се информира во Европската унија за заразни болести.

Утврдениот назив е „нов вирус на грип А(H1N1)". Според комесарот за здравство Андрула Василиу направен е „значаен чекор кон создавање на заеднички европски стандарди“.

Во меѓувреме, Обединетите нации во службен допис побараа од своите службеници по можност да ги одложат незадолжителните патувања до ризичните држави, за да ја ограничат опасноста од заразување со свински грип.

Освен тоа, на службениците им се препорачува да останат дома, доколку имаат висока температура, болки во грлото или други симптоми на грип.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина повикаа да се соберат пет милиони швајцарски франци (3,3 милиони евра) за мерки против ширењето на свинскиот грип и подготовка за веројатна пандемија.

САД инсталираа во Мексико лабораторија со цел изготвување на брзи дијагнози при сомнителни случаи на свински грип и подетално испитување на болеста.

Министерот Османи изјави дека во Македонија нема свински грип. Засега нема официјална препорака за забрана за патувања.

Пациентот на Инфективна клиника во Скопје имал обичен грип.

-------------
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 23.Јуни.2009 во 23:26
Имам прашање:

Дали новиот вирус на свински грип се лечи или не ако се дијагностицира навреме?


-------------


Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 23.Јуни.2009 во 23:37
se lekuva kako da ne, no mnogu e vazno brza dijagnoza i mnogu e rizicen za stari i deca , no za niv se opasni i drugite virusi. Mnogu lica se zarazeni , nekoi go pominuvaat na noga no nekoi imaat simptomi a kajk neko ce fatalno .

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 23.Јуни.2009 во 23:56
Originally posted by BACHIOS BACHIOS напиша:

se lekuva kako da ne, no mnogu e vazno brza dijagnoza i mnogu e rizicen za stari i deca , no za niv se opasni i drugite virusi. Mnogu lica se zarazeni , nekoi go pominuvaat na noga no nekoi imaat simptomi a kajk neko ce fatalno .


Благодарам, а зошто на ТВ имаше дека во Мексико на пример, токму онаа популација која треба да не спаѓа во ризичните групи била најпогодена? И може ли да ми дефинираш до која година во медицината луѓето се сметаа за деца?


-------------


Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 00:09
do 6 godini

najpogodena zosto i se najbrojni
neli deca do 6 godini
starci nad 65

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 00:18
Благодарам многу на одговорите!
Инаку иако не известија нашите медиуми и во соседна Бугарија се појавија болни од вирусот.

-------------


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 24.Јуни.2009 во 22:19

Прв случај на новиот грип од типот А е регистриран во Србија.

Станува збор за пациент стар 29 години што со грипот се заразил на пат во Аргентина, потврди српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ.

И првиот случај на заразен од свински грип од Црна Гора, 19-годишниот студент од Њу Џерси придонесе за паниката - се врати дома преку Белград, каде што престојувал кај роднини и се вдижел на јавни места.

Во моментов 14 луѓе во Србија се во карантин под претпоставка дека можеби се заразени од свински грип при контакт со луѓе заразени од вирусот.

„Дванаесетмина од нив се под надзор бидејќи биле во директен контакт со заразениот студент“, вели д-р Бранислав Тодоровиќ, епидемиолог.

Исто така, и еден брачен пар од Белград е во карантин бидејќи биле на прослава заедно со заразен човек во Словенија, пишуваат српските медиуми.

Главно се работи за помлади луѓе ок коишто најголемиот дел живее и работи во Белград.

„За сега се дома бидејќи немаат видливи знаци на болеста. На оние што работат тешка физичка работа им советувавме да паузираат некое време. Не се ставени во изолација, туку се само под здравствен надзор“, објасни д-р Тодоровиќ.

Тој најави дека нивната состојба ќе се следи наредните седум дена, колку што трае периодот на инкубација.

Во меѓувреме, заразениот студент од Црна Гора се опоравува на Клиниката за инфективни болести во Подгорица.


( prevzemeno od A1)



-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 18:35
Веке 3 случај на свински грип. 30 тина роднини кои биле во контакт со гостите од Австралија се следат иако засега не покажуваат симптоми на свински грип. Малото детенце заздравува.


-------------


Постирано од: kumanovaboy
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 21:35
vistina lie deka bese zarazen so svinski grip ??


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Јуни.2009 во 21:54
Potvrdena e dijagnozata za site tri slucai.

-------------


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 09:23
добро е, бидејќи има лекови..... тоа е најбитното..... може и 50 случаи да има, ако се откриени во рана фаза,..... се ќе биде добро...... мора да бидеме оптимисти голема%20насмевка

-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 09:56
Епидемиолозите не исклучуваат дека бројот на заразени лица ќе се зголемува во текот на наредните денови и тоа кај оние кои биле во контакт со веќе инфицираните, бидејќи инкубацијата на заразата трае седум дена. Епидемиолозите очекуваат грипот да се шири, особено затоа што во наредниот период во Македонија се очекува доаѓање на голем број иселеници, кои во летните месеци се враќаат во родната земја. Тројца од овие шесте случаи се од Австралија каде што сега почнува зимата, а тоа подразбира дека контактите меѓу луѓето се почести и ризикот за пренесување на вирусот е поголем. Грипот се појавува и кај патниците од другите земји, бидејќи и таму веќе е проширена заразата, а во авионите е голем ризикот за пренесување на вирусот.

Ova zagrizuva...


Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 16:38
Дали свинскиот грип навистина заслужува толкаво внимание какво што му се придава или пак беше своевидна ,,патка’’ со цел да го одвлече вниманието на светската јавност од економската криза?


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 10:46
mozebi deka e taka .... od pricini sto kaj nas nema kriza , sledstveno na toa i nema epidemija na svinski grip намигнување

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: afrodit
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 19:28
Грипот се шири заради профитот

Моќниците што го создадоа вирусот на новиот грип за да остварат профит, сега подготвуваат вакцина, тврди австриската новинарка, Јане Бургермеистер и се повикува на голем број докази



Се подготвува најголемиот грабеж и злосторство на човештвото бидејќи вирусот на новиот грип е искористен како биолошко оружје, а биотероризмот го спроведува група врвни светски банкари кои ги контролираат федералните резерви во САД, СЗО, Обединетите нации и НАТО, обвини австриската новинарка Јане Бургермеистер.

Таа веќе покренала тужба против СЗО, ООН, ФБИ и против неколку американски владини и фармацевтски лица, кои, според неа, подготвуваат планирано масовно убиство на голем број луѓе на Земјината топка. Како што пренесоа европските медиуми, новинарката бара од американскиот суд да ја забрани употребата на новата вакцина против свинскиот грип, од која здравствените власти во многу земји побаруваат огромни количини. Вирусот на новиот грип А Х1Н1 масовно се шири во светот - заболуваат и умираат илјадници луѓе, а фармацевтските компании подготвуваат вакцина.

Бургермеистер тврди дека токму оние моќници што го создадоа вирусот сега подготвуваат вакцина. Таа до државното обвинителство во Виена доставила тужби и против компаниите „Бакстер“ и „Авир“. Австриската новинарка тврди дека има докази оти претставништвото на фирмата „Бакстер“ во Австрија во минатата зима на 16 лаборатории во четири земји им испратило 72 килограма жив вирус на птичјиот грип кој не бил соодветно осигурен, лабораториите не го чувале добро вирусот и дозволиле тој да се помеша со човечкиот грип. Таа го посочува и скандалозниот случај кога вирулентниот материјал на свински грип наменет за истражување, експлодира во воз полн со патници во Швајцарија. Новинарката вели дека ослободувањето на вирусот и' овозможило на СЗО да има доволно време за да прогласи пандемија на свински грип, а потоа да почне и дистрибуцијата на новата вакцина.Од централата на Светската здравствена организација во Женева не сакаат да ги коментираат обвинувањата на Бургемеистер. И во нашата Комисијата за пандемски грип одбиваат коментар за ваквите тврдења.

- Ние само ги спроведуваме препораките на СЗО и ги следиме упатствата за да се ограничи ширењето на вирусот - велат во Комисијата. За разлика од нашите епидемиолози, проф. д-р Иван Бојиќ од Србија, кој е и автор на книгата „Инфективните заболувања во биолошка војна и биотероризам“, за „Политика“ изјави:

- Вистина е дека приказната за новиот вирус и прогласувањето пандемија од почетокот беше неубедлива и нелогична. Нас, клиничарите прво не' зачуди брзината на откривањето на деловите на геномот, односно делот на птичјиот, свинскиот и хуманиот вирус. За два-три месеци се' се знаеше и беше објавено во еминенти стручни магазини, што кај многумина лекари предизвика сомнение дека нешто можеби е правено со овој вирус. Ако некој и сакал да извлече материјална корист од прогласувањето на пандемијата, сега тоа е завршена работа. Лекувањето на луѓето е неопходно - вели д-р Бојиќ. И во Македонија се зголемува бројот на заразени од новиот грип, а здравствените власти во петокот обелоденија дека првпат е регистрирано ширење на вирусот на лице што не било во странство.

Нов случај на заболен од грип

Институтот за јавно здравје потврди присуство на новиот тип вирус А/Х1Н1 кај уште едно лице кое пред неколку дена се вратило од летување во Грција. Лицето е хоспитализирано и се наоѓа во општа добра состојба.

- Во Клиниката за инфективни болести во Скопје деновиве се хоспитализирани 11 болни и сите се со добра клиничка слика. Досега таму се лекувани вкупно 52 пациента, од кои кај 14 е потврден вирусот на Х/А1Н1 - соопшти Министерството за здравство.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2AEA85A3232E7E45A70FFD653FF0B1B3


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 21:48
ДОДЕКА ПАНДЕМИЈАТА НА ГРИПОТ СЕЕ СТРАВ НИЗ СВЕТОТ
Изумителот на „тамифлу“ си ги полни џеповите

Како што пандемијата на новиот грип шири паника низ целиот свет, а државите влегуваат во трка по нови лекови и вакцини, еден човек станува се побогат: 55-годишниот доктор Норберт Бишофбергер, пронаоѓачот на лекот против грипот - „тамифлу“, единствениот што, засега, може да се најде на пазарот. Доктор Бишофбергер сега е директор на истражувачката дејност и потпретседател на компанијата „Гилијад сајансиз“, која минатата деценија го разви лекот. Тие ја задржаа интелектуалната сопственост над лекот, но правото на производство и дистрибуција му го продадоа на швајцарскиот фармацевтски концерн „Рош“. Тој за својата функција добива плата од 600.000 евра годишно, а бонусите и заработката од акциите на компанијата му носат дополнителни десетици милиони евра. Исто така, тој добива добар процент од милионските профити што се остваруваат од продажбата на „тамифлу“. На 27-годишна возраст, Бишофбергер, по студиите завршени во Инсбрук, Цирих и на „Харвард“, заминал за Бостон, САД, со само една илјада швајцарски франци во џебот. Кон почетокот на 1990 години, тој станува шеф на истражувачкиот тим на компанијата „Гилијад сајансиз“ и го развива лекот „тамифлу“. Компанијата, која тогаш имала само две простории и дваесетина вработени, денес има пазарна вредност од 30 милијарди долари и 1.800 вработени.
Доктор Бишофбергер инсистира на тоа дека е само научник и дека тоа за него претставува „благослов од бога“ и многу се лути кога ќе чуе дека се богати на сметка на стравот кој вирусот го сее насекаде низ светот. - На смртната постела никој никогаш не рекол дека требало да заработи повеќе пари. На крајот, човек сака да се сврти зад себе и да почувствува дека бил важен во животите на другите луѓе и дека ги променил на позитивен начин “ вели докторот-милионер, кој сега е и сопственик на луксузен хотел на местото на некогашната семејна куќа во малото место Мелау во Австрија, каде што е роден. Токму во поткровјето на таа куќа тој како дете направил малечка лабораторија, која му го одредила животниот пат. Но, и покрај неговите и напорите на неговите колеги, Бишофбергер дава мрачни прогнози и смета дека на нашата планета и претстојат мрачни времиња. Тој уште во 2006 година предупредувал дека на светот му се заканува пандемија на грип, со аргумент дека последната била во 1968 година, кога не постоел никаков лек. Сега смета дека има изгледи состојбата да стане уште полоша и дека постои потенцијал за избивање на нови пандемии, најмногу поради преголемата употреба на лекови, од што вирусите полесно и побргу мутираат. - Сметам дека заканата од нови бактериски, односно вирусни агенси е поголема од потенцијалната закана од нуклеарна војна “ вели Бишофбергер и признава дека и самиот дома во фрижидерот секогаш чува „тамифлу“ за него, неговата сопруга и за децата.

Вирусот стигна до најоддалечените места


Вирусот на новиот грип, според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО), се прошири и на најоддалечените места на планетата, вклучувајќи острови оддалечени од цивилизацијата и изгледа дека нема сигурно место на кое може да се заштити од него.
СЗО соопшти дека првите случаи се потврдени и на Сејшелите, Сент Китс и Невис, Холандските Антили, во Белизе, на Тонга и Самоа во Пацификот и на Соломонските Острови во Индискиот Океан. Вирусот пристигна и до Бутан, високо на Хималаите, во Андора меѓу Шпанија и Франција, како и до оружените конфликти во Авганистан и во Судан.




Време, број 1733, 29.07.2009


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 00:42
Трудниците-посебно загрозена категорија

Генерално,трудниците се ионака изложени на поголем ризик од вирусите на грип,но новиот вирус А е за нив многу поопасен.

Воочена е релативно поголема пропорција на смртни случаи меѓу трудници во споредба со останатата популација-изјавува Д-р Денис Џејмисон од американскиот Центар за контрола и превенција на болеста.

Студијата е заснована на 6 смртни случаи меќу трудници од вкупно 45 случаи поврзани со новиот грип од 15-ти април до 16-ти јуни.

Сите жени биле здрави пред инфекцијата,сите оболеле од воспаление на плуќата и сите морале да бидат приклучени на апарати за вештачка вентилација(вештачко дишење)

(SRNA)


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 30.Август.2009 во 21:28
Поголеми превентивни мерки против грипот А/х1Н1 во училиштата

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/61063/ministerstvo%20za%20zdravstvo.jpg -

Со почетокот на учебната година, се зголемува и ризикот од ширење на грипот А/ Х1Н1. Поради тоа Министерството за здравство ќе воведе строги мерки за превенција од ширење на грипот, како и строга контрола дали тие мерки се почитуваат, најави денеска министерот Бујар Османи.

„Од први септември Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе наложи спроведување на противпандемски контроли и зачестени контроли на училиштата и градинките и низ социјалните установи. Институтот за јавно здравје ќе врши едукација на наставниот кадар за новиот грип кој што потоа првиот училиштен час ќе им одржат предавање за новиот грип како и за потребата од одржување на личната хигиена“, изјави министерот Османи.

Тој најави дека во секое училиште ќе се постават апарати со дезинфекциони средства, а ќе бидат поделени и брошури за заштита од заразување од грипот А/ Х1Н1. Министерот изјави дека оваа акција нема за цел да предизвика паника кај граѓаните, туку само да ги намали ризиците за ширење на болеста.  Тој уште една ја отфрли можноста за затворање на образовните институции како начин да се спречи ширењето на новиот грип. Нагласи дека наставниците ќе бидат задолжени да водат строга контрола за отсуствата на учениците и причината за тоа. Т

“Тоа не е официјална препорака од официјалните здравствени. Засега само децата со симптоми да не се пуштаат на училиште. Само во изолирани случаи кога поради зголемен број на заразени ќе се попречи наставниот процес може едно училиште да биде затворено“, рече министерот.

Во моментов има 42 потврдени случаи заразени со новиот грип, од кој само еден пациент е хоспитализиран. Министерот додаде дека Македонија е една од ретките земји каде нема внатрешно ширење на болеста, туку сите случаи се импортирани, однос заболените се заразиле додека престојувале во друга земја.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 30.08.2009 13:51:48

-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: snup
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 19:48
Се збрува дека и во македонија како и во свето зазема замав свискиот грип.Но дали е смртоносен или сепак мозе да се излекува цитав дека тамифлѕ лекот го стагнира вирусот но дали го лечи.И колку луге во македонија се заразени.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 16:55

Училиштата под засилен мониторинг поради новиот грип

„Два нови случаја со симптоми на грипот Х1Н1 се регистрирани во текот на викендов, но се прават дополнителни испитувања да се утврди дали навистина станува збор за новиот грип“. Ова го изјави вчера министерот за здравство Бујар Османи по одржувањето на состанок со Комисијата за пандемски грип на која се разговараше за последните препораки на Светската здравствена организација(СЗО) во врска со вакцинирањето против грипот.

Тој рече дека Македонија досега успешно се справува со предизвикот да се бори со последиците од новиот грип. „Вакцинирањето ќе биде еднодозно за лицата над десетгодишна возраст, а за децата ќе оставиме и резервни дози во случај да има потреба. СЗО, исто така, потврди дека вакцината е безбедна за бремените жени и покрај шпекулациите дека може да и' наштети на бременоста“, истакна министерот Османи.

На Комисијата била донесена и одлука за засилена контрола на училиштата од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат како средина која е критична за ширење на грипот Х1Н1. (Макфакс)



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 02.Ноември.2009 во 18:29

Уште еден случај со новиот тип на вирус А Х1Н1 потврден во последни 24 часа. Се работи за 22-годишна студентка која студира во Бугарија и со вирусот се заразила таму.

Со тоа бројот на заболени од овој тип на вирус се зголеми на 37 случаи. Сите вирусот го имаат донесено од странство. Ниту еден не се заразил во државата. Но, надлежните предупредуваат на вирозите кои владеат, бидејќи меѓу нив може да има заболени и од новиот вирус.

„Можно е меѓу нив да се крие, дури се претпоставува дека и во западните земји, ако официјалната бројка е на пример 5.000 на Х1Н1 позитивни, дека четири пати е поголема таа бројка, затоа што многу повеќе од нив поминуваат асимптоматски, без симптоми, или во многу блага форма, па не бараат и помош од лекар“, вели Јованка Костовска, министерство за здравство.

Државата се подготвува за можниот бран од грип кој веќе владее во соседните земји. На матичните лекари им се препорачува задолжително да носат маски, да внимаваат на сомнителните случаи, а хроничните болни бремените жени да ги препраќаат на инфективната клиника како ризични групи.

Комисијата за пандемски грип ги подготви листите на ризични пациенти кои ке им бидат препратени на матичните лекари. Санитарните инспектори денеска ги чешлаа училиштата. Поради немање на средства за дезинфекција и нехигиена затворени се тоалети, спортски сали, поедини објекти.

За овие училиштата се подготвуваат прекршочни пријави.

„ОУ „Живко Брајковски“ во општина Чаир, затворен е времено еден санитарен блок за машки ученици. Понатаму во ОУ „Климент Охридски“ во истата општина, времено затворена спортска сала и инфраструктурни придружни простории, санитарен блок и гардероби. Констатирано е дека гимназијата „Орце Николов“ во општина Карпош не ги почитува, односно не ги спровела наредените мерки. Во струшко имаме во три основни училишта во моментот недостасувало течен сапун. Инспекторот се задолжил уште еднаш да помине во училиштето ди крајот на денот, доколку тоа не се стори, истотака ќе се преземат правни мерки“, рече Вера Менкова, санитарен инспектор.

Инспекцијата пратила допис до општините за да им обезбедат средства за хигиена на училиштата. засега нема деца кои отсуствуваа од настава заради грип. вакцината се очекува да стигне во текот на ноември и со неа ке бидат вакцинирани здравствените работници и ризичните групи, хронично болните пациенти.

(prevzemeno od A1.com.mk)


-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 09:46
...od momentalno 20000 zaboleni od grip kaj nas ,garant 5% se so simptomi na "crven vetar".

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 19:30
Ova e najsigurno
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=-1&egId=5&eventId=14648 -


Постирано од: Biba_G
Датум на внесување: 08.Ноември.2009 во 15:02

Кај 12 ученици од скопското Среднот угостителско училиште “Лазар Таневски“ кои вчера се вратиле од екск*рзија од Турција докажани се позитивни резултати од вирусот А Х1Н1, соопштува Министерството за здравство.

Подолу во истото се наведува дека децата се наоѓаат на  домашно лекување, се чуствуваат добро и се на терапија со лекот “тамифлу“.

Утринива на Инфективната клиника биле прегледани 12 сомнителни случаи од кои осум се вратиле од Турција, по еден од Бугарија и Италија, а двајца не патувале никаде. Нивните резултати се на обработка во лабораторијата на Институтот за јавно здравје.

Во моментот, на Инфективна клиника има девет хоспитализирани, со лесна и средно тешка клиничка слика.

Според надлежните вирусот веќе не доаѓа само однадвор, тој се шири внатре во државата. Во дебатата на А2 се постави прашање дали државата направи доволно за спречување на ширењето на грипот.

„Тука треба сите институции коишто на било кој начин се вклучени, а се во согласност законот за спречување на ширење на заразни болести, тоа се министерствата, инспекторати, општини, разните клиники, матични лекари, дури и рурални амбуланти, секој има свои надлежности во тој дел “, изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Од Министерството за здравство размислуваат дали ќе го затворат средното угостителско училиште, одлуката ќе ја донесат до понеделник. Надлежните се уште не планираат да ги затворат другите училишта и градинки. Пациентите со симптоми на грип прво ги посетуваат амбулантите и матичните лекари.

„Ако има некои симптоми, кога ќе дојде, висока температура, перзистира, тогаш и поради самиот грип, го праќаме на Инфективната клиника“, вели Јасна Трајковска, општ лекар.

Вакцината против грипот се очекува да стигне кон крајот на месецот. Македонија се надева дека ќе ги добие порачаните количини, бидејќи производителот неможе да ги испорача планираните 2 милијарди вакцини за цел свет и ке произведе само една милијарда.



-------------
Не е се’ така црно...Се наоѓа и по некоја плавуша


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 08.Ноември.2009 во 21:27
мислам дека е само претерана паника



-------------


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 03:20

Разлики помеѓу настинка и  H1N1 Грип


Симптоми

Настинка

H1N1 грип

Висока температура

Настинката е  ретко пропратена со температура.

80% од сите случаи се проследени со висока температура. Висока температура во времетраење од 3 – 4 дена се поврзува со H1N1.

Кашлање

Отсечна, продуктивна (влажна) кашлица е чест симптом на настинка

Непродуктивна, сува кашлица е карактеристична за H1N1 

Болка

Настинката може да биде проследена со слаби болки на телото

  H1N1 е проследен со јаки болки на телото.

Затнат нос

Затнатиот нос е вообичаен симптом на настинка и обично заздравува во рок од една недела

Затнатиот нос не е карактеристичен за   H1N1 

Грозница

Грозницата не е карактеристична за настинката

60% од луѓето кои имаат   H1N1 имаат грозница

Замор

Заморот е умерен кога станува збор за настинка.

Заморот е умерен до силен кај   H1N1

Кивање

Кивањето е често присутно кај настинката.

Кивањето не е карактеристично за   H1N1 

Ненадејни симптоми

Симпотимите на настината се развиваат во текот на неколку денови

H1N1 настапува рапидно, во рок од 3-6 часа. Грипот удира јако и вклучува ненадејни симптоми како висока температура и болки.  

Главоболка

Главоболката е невообичаена за настинката

Главоболката е многу чест симптом за H1N1, присутна кај  80% од случаите.

Болно грло

Болното грло е карактеристично за настинката

Болното грло не е карактеристично за  H1N1

Потешкотии во дишењето

Потешкиите во дишењето се благи до умерени кај настинката

Потешкотиите во дишењето се често интензивни кај H1N1.



Единствен начин да се спречи ширењето на епидемијата е да се шири свесноста за истата.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 19:31
Srbija denes proglasi epidemija.....тагаmora site da vnimavame poveke

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 11.Ноември.2009 во 19:34
Обичниот грип е далеку поопасен од свинскиов.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 01:12
Јас имам симптоми и од двата вида вируси....што ли ке се....е сега....што ли белја ме снашла ако знае некој/а? кога матичниот ме праќа на бајачки и бабици , глупости таму...

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 11:20
најголемиот скептик ( јас ) денеска толкуууу се испоплашив кога станав утрово и се изнакашлав суво,... па глава ме болеше,... мислев дека секој момент ќе паднам одејќи... леле што ти било паника

па си купив една маска од 8 денари, си купив уште една за резерва,... бев на лекар додека другите се тргаа од мене во радиус од 3 метри,... за да дознаам дека имам само обичен вирус и сум во карантин неколку дена за секој случај


-------------


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 13:20
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

најголемиот скептик ( јас ) денеска толкуууу се испоплашив кога станав утрово и се изнакашлав суво,... па глава ме болеше,... мислев дека секој момент ќе паднам одејќи... леле што ти било паника

па си купив една маска од 8 денари, си купив уште една за резерва,... бев на лекар додека другите се тргаа од мене во радиус од 3 метри,... за да дознаам дека имам само обичен вирус и сум во карантин неколку дена за секој случај
..milo ono..mi se preplasilo...
dojdi da te бакнеж...


-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 18:38
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

најголемиот скептик ( јас ) денеска толкуууу се испоплашив кога станав утрово и се изнакашлав суво,... па глава ме болеше,... мислев дека секој момент ќе паднам одејќи... леле што ти било паника

па си купив една маска од 8 денари, си купив уште една за резерва,... бев на лекар додека другите се тргаа од мене во радиус од 3 метри,... за да дознаам дека имам само обичен вирус и сум во карантин неколку дена за секој случај


Se preporachuva maskite da se menuvaat na sekoj chas,ako se od onie obichnite.
Najdobra zash*tita davaat  troslojnite,no malku e pooteznato dishenjeto so niv.



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Македон
Датум на внесување: 12.Ноември.2009 во 23:40
Имам прашање, ако има овде лекар, многу ќе сум му благодарен ако ми одговори.
Дали е потребно да се вакцинираме сите против оваа болест или не треба?
Однапред благодарен!


-------------


Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 13.Ноември.2009 во 14:52
Овој грип не е толку страшен колку што го прават. Ако не сте заболени од СИДА или некое имунолошко заболување (при што би имале намален имунитет), не можете имате сериозни последици (односно смртен исход). Ќе си го прележите како било кој друг грип (можеби ќе биде малку помачно),и толку.

Тие што починале, обично се луѓе кои имале здравствени проблеми, на кои грипот бил капак. Значи, се додека имате јас имунитет (консумирајте лимон, лук, кромид, можеби некои додатоци во исхраната, останат зеленчук, овошје и месо) немате потреба да паничите.

Сметам дека вакцинацијата не е обавезна, и можеби дури и непотребна.

-------------
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 13.Ноември.2009 во 15:13
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Обичниот грип е далеку поопасен од свинскиов.



Па и овој е сезонски, обичен грип штом е од тип А... и во овој период од годината е вообичаено да се јавува грипот, не ми е јасно зошто креваат толкава паника....

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 13.Ноември.2009 во 15:20
Originally posted by Македон Македон напиша:

Имам прашање, ако има овде лекар, многу ќе сум му благодарен ако ми одговори.
Дали е потребно да се вакцинираме сите против оваа болест или не треба?
Однапред благодарен!



moe mislenje donekade vakcinata ke te zastiti od gripot.. za da ne se gubi od nastavata ovde kaj nas pocnaa da so vakcinacija i protekcia na studentite.... среќа


-------------


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Ноември.2009 во 18:29
Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Обичниот грип е далеку поопасен од свинскиов.



Па и овој е сезонски, обичен грип штом е од тип А... и во овој период од годината е вообичаено да се јавува грипот, не ми е јасно зошто креваат толкава паника....


Jasno e zoshto tolkava buka....!
Profit na farmacevstskata industrija,a naselenieto vo panika.
Ubavo kazaa chlenovite vo postovite pogore,se raboti za grip od tipot A ,so malku poagresivni simptomi,a procent na smrtnost ima i kaj  drugite  vidovi na grip kaj onie  rizichni grupi na pacienti.



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 14:16

Да не повторувам и ја по другите, Епидемија на грип има секоја година ова време по цел свет а никогаш не се изнесува вкупната бројка на смртни случаеви кај кои вирусот предизвикал компликации. Надуена работа е свинскиот грип, повеќе е состојба на јавната свет. Секој вирус е опасен за луѓе со повеќекратни здравствени проблеми.

Којзнае колку типови на грип постојат за кои се уште не сме свесни и за кои постепено ќе дознаваме во иднина.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 18:18
поголема глупост немам слушнато
Другата есен грипот ке биде сезонски и ќе се лакувал само со чајче......................
Какво перење на мозоци имаше


Постирано од: Highlander969
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 23:33
http://www.youtube.com/watch?v=nR_Kj4O_Vyo


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 16.Ноември.2009 во 18:04


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Бројот на заразени од свински грип во Македонија се искачи на 334 лица, од кои половината се веќе излекувани.


Во текот на изминатата ноќ регистрирани се шест нови заразени, информираа во понеделник надлежните лица кои, меѓу другото, појаснија дека сè уште не е познато кога ќе пристигне првата доза на вакцините, но извесно е дека тоа нема да се случи неделава.

Поради фактот што бројот на заразени надмина 300 лица, од понеделник повеќе нема да се бројат новозаразените, а сите нови случаи со симптоми на грип ќе бидат третирани како да се заразени од свинскиот грип.

Согласно новите мерки од Институтот за јавно здравје, кои стартуваат од денеска, анализи за потврда дека се работи за новиот грип ќе се вршат само кај пациентите со потешка клиничка слика и оние од ризичните групи, во кои спаѓаат бремените жени, хронично болните и децата до 36 месеци.

Матичните лекари, според новите мерки, треба да бидат достапни за пациентите 24 часа секој ден во неделата.

Тие имаат препорака полесните случаи да ги упатат на домашно лекување, а оние со потешка клиничка слика на Инфективното одделение во своето подрачје.

Пациентите кои ќе бидат упатени на домашно лекување, се препорачува да лежат дома седум дена и да примаат терапија препорачана од доктор.

Надлежните информираа и за симптомите за грипот. Лесна клиничка слика се смета дека имаат пациентите со покачена телесна температура, која организмот може да ја толерира, кашлање, затнат нос, гребење на грло и послабо изразено чувство на малаксаност.

Тешка клиничка слика имаат пациентите со висока температура која трае барем три дена, брзо влошување на здравствената состојба, што настанува во период од неколку часа, вознемиреност, поспаност, гушење при дишење, краток здив и болки во градите.

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 32 пациенти, при што најмладите се едногодишно бебе и три годишно дете, кои не посетувале градинка и се во подобра здравствена состојба.

Најстариот пациент, пак, е роден 1924 година.

Надлежните информираа дека здравствените домови се добро снабдени со лекот Тамифлу, а резерви од овој лек има во доволни количини и на клиниката.

Лекови ќе бидат дополнително набавувани и во текот на наредниот период, кога кон крајот на декември или почетокот на јануари, се очекува грипот да земе најголем замав.

Извор: http://www.makfax.com.mk/ - Макфакс


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 22:10

Прва жртва од свински грип во Македонија


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116457 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116457



-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 22:19
тагатагатага

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Официјално потврдена првата жртва на новиот грип
Среда, 18 ноември ( http://www.makfax.com.mk/ - Макфакс
) - Министерот за здравство Бујар Османи вечерва потврди дека во Македонија починала првата жртва, маж на 32 години, како последица од новиот грип А Х1Н1.


Министерот прецизираше дека пациентот починал попладнево и оти имал тешка тешка клиничка слика

Пациентот со висока температура и отежнато дишење во понеделникот бил примен во болница во Скопје, по што поради потешка форма на пневмонија тој бил ставен на вештачка вентилација.

Потешка форма на пневмонија има и една жена родена 1954 година, која исто така е ставена на вештачка вентилација. Жената боледувала од хронична срцева слабост.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа се хоспитализирани 9 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 пациенти.


Постирано од: Storm5
Датум на внесување: 18.Ноември.2009 во 23:29
Спречете го свинскиот грип - совети

Докторот Вајнеј Гојал, светски авторитет на подрачјето на нуклеарната медицина со повеќе од 20-годишно искуство, ни дава неколку ефикасни упатства за кои и се зборува многу деновиве.

Неговите совети се исклучително корисни земајќи ја во предвид глобалната епидемија, во која практично е невозможно да се одбегне контактот со вирусот Х1Н1.

Кои мерки и да ги преземете, сепак е многу веројатно дека ќе дојдете во контакт со вирусот. Самиот контакт и не е толкав проблем - поголем проблем е како да го спречите вирусот да оживее во вашето тело и да ве направи болни.

Вратата низ која вирусот влегува во нашето тело се устата и носот.

Додека сеуште сте здрави и немате никакви симптоми од инфекција со вирусот Х1Н1, со цел да ја спречите неговата активност, појавата и развојот на секундарните инфекции, можете да преземете неколку едноставни чекори:

- Што почесто мијте ги рацете.

- Воздржувајте се колку што можете од допирање на лицето со раце.

- Правете гаргара два пати дневно со топла вода во која сте раствориле малку сол. Имено, на вирусот Х1Н1 му се потребни два до три дена од првобитната инфекција на грлото или носот, да заживее во телото и да почне да ги покажува карактеристичните симптоми. Обичната гаргара може многу да направи.

- Сличната постапка повторете ја и со носот. Силно издувајте го носот и потоа избришете го со малку памук натопен во солената вода, што ја имавте подготвено за гаргарата.

- Одржувајте го својот природен имунитет со храна богата со витамин Ц. Јадете што повеќе кисела зелка, пиперки, свеж магдонос, овошје... Доколку земате Ц витамин, за да ја подобрите апсорпцијата, користете го оној што има цинк и е од природно потекло (ацерол).

- Пијте што повеќе топли напитоци. Тие ги носат живите вируси од грлото во желудникот, каде не можат да преживеат.

- Доколку сте во можност користете колоидна сребрена вода.

- Задржете го ОПТИМИЗМОТ. Болестите како што доаѓаат, така и си одат!




Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 06:21
Зашто се вика Свински Грип
До сега, веројатно сте слушнале за фактот дека овој вирус е во основа една генетски добиена салата од свински, птичји и човечки вид на инфлуенца(грип) вирус. Па затоа и се чудам зошто баш  само свинскиот дел да ја добие целата "СЛАВА"? Според Андреј Pekosz, од университетот "Johns Hopkins School of Public Health", тоа е поради тоа што двата гена кои се најбитни за да се одреди дали луѓето се имуни и кое ниво на заштита го имаат (односно тоа би биле "Н то" и "N то," во H1N1) се оние што потекнуваат од свињите. Затоа ние ја нарековме оваа химера(биол. растителен или животински организам што се состои од две или повеќе генетички различни ткива; настанува како резултат на ненормален развиток) "Свински грип"; бидејќи тоа се  гените од свињата  кои навистина се важни за нашето здравје.
Узпат, АП е известува дека израелскиот заменик-министер за здравство заедно со министрите од земјите со муслиманска вероисповест (Грчкиот министер онака по инерција им се придружи)  жестоко се противат на името, бидејќи сметаат дека референцата С.В.И.Њ.А е религиозно навредлива.

-------------


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 21.Ноември.2009 во 23:57
Трикови за заштита од свински грип
Сезоната на настинка и грип доаѓа и заминува, но оваа година светот се соочува со епидемија на свинскиот грип кој е опасен и не треба да се игнорира. Како да се заштитите од него?.............размислување

Свинскиот грип се шири многу побрзо од обичниот грип и затоа треба да бидете претпазливи и да не паничите.
Најважна работа е да го подобрите имунитетот. Иако досега постоеја многу текстови за тоа што треба да внесуваме во нашата исхрана, сепак светските експерти излегоа со конкретни совети за превентива од оваа болест.
Пијте витамин Д и користете раствор од сол.
Витаминот Д е од есенцијална важност за норманлно функционирање на имунолошкиот систем. Во сезона на појава на грип и настинки потребно е да го внесуваме овој витамин во нашето тело за разлика од летниот период кога повеќе сме изложени на сончевата светлина и немаме потреба од употреба на овој витамин.
Поради оваа причина лекарите препорачуваат употреба на витамин Д во овој период од годината и тоа за возрасните во количина од 5000 IU. Особено се препорачува витаминот Д3 кое телото полесно го апсорбира за разлика од витамините Д или Д2. Исто така се препорачува витамионт Д да се конбинира со калциум.
Растворот од сол служи за испирање на носот и отстранување од штетните бактерии кои се наоѓаат во носниот отвор. Се препорачува два пати дневно греење на топла вода со морска сол.
Борете се со помош на храна
Постои одредена исхрана која го подобрува имуитетот за разлика од останатата.
Експертите препорачуваат конзумирање на јогуртот бидејќи им помага на белите крвни зрнца во заштита на организамот од вирусите. Пробиотичкиот јогурт го подобрува имунитетот за 33%.


За придобивките од лукот говорат многу истражувања и затоа би било препорачливо да биде дел од вашата исхрана во овој период од годината. Лукот во себе содржи алицин кое е моќно средств во превенција од бактериите. Доколку не сте љубител на лукот, тогаш можете да коритите капсули.
Како дел од вашата исхрана може да биде и црниот чај. Според харвардските истражувања тој во себе соджи интерферон кој помага во заштита од вирусот. За подобрување на имунолошкиот систем пијте црн чај по пет пати на ден во рок од две недели.
Печурките содржат хемиски соединенија кои им помагаат на белите крвни зрнца во борбата против штетните бактерии.
Составен дел од исхраната треба да биде и рибата која во себе содржи омега 3 масни киселини кои ја подобруваат активноста на организамот, особено белите дробови и целиот респираторен систем.
Заштитете се од бактериите.
Постојат неколку начина да се заштитите од бактериите. Постојано мијте ги рацете темелно, чистете го пределот под ноктите и често менувајте ја крпата за бришење.
Не користете иста паста за заби како и сите останати членови од фамилијата и доколку се најдете во јавен тоалет не ја употребувајте таа тоалетна хартија, туку понесете марамици со себе.


Компјутерите, фиксните и мобилни телефони се магнети за привлекување на бактериите. Затоа пред употреба исчистете ги со влачни марамици.
Доколку морате да притиснете копче во лифтот или гаражата исто така се препорачува да ги поминете прво со влажни антибактерсиски марамици.
Вежбајте и одмарајте
За подобрување на состојбата на организамот особено на распираторниот систем се препорачува вежбање од 30 минути дневно.
Исто така одмарајте најмалку седум часа, а доколку имате напорно работно темпо може да одморите и во попладневните часови но не повеќе од еден час. За време на викендите се препорачува шетање во природата, но и квалитетен сон.....................голема%20насмевка


-------------


Постирано од: Highlander969
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 00:33
www.youtube.com/watch?v=Lg5Hj7-VCyw&feature=related

www.youtube.com/watch?v=_90D5m3dfXs&feature=related

www.youtube.com/watch?v=YO3IW4pwRx0&feature=related


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 22:45
Значи вака моја препорака, најпривин да си проверите на лекар како стоите со Витамин Д. Како и да е, моја препораката е 3000 до 5000 интернационални единици на ден на витамин Д3(истата под дејство на сонцето се создава за 10-15 минути под дејство на ултравилетовите зрачења). Бидејќи во есен-зима веќе започнува да студи и се облакаме во организмот Витиминот D3 се намалува, а со тоа имунитетот ослабува(ова е најголемата причината зошто на есен и во зима настинките и грипот најчесто се јавуваат). Не дај боже заболите од свинскиот или од било кој грип зголемете на 30.000 интернационални единици на ден - но најмногу три дена. - И внимателно со витамито Д3 може да дојде до предозираност - иако ова го нагласувам бидејќи не сум лекар, иначе како за илустрација еден час во лесто изложеност на сонце организмот ствари и до 100.000 интернационални единици на витамин Д3. Витамин Ц(препорачливо цедени лимони) 1000 мг за непушачи и 2000 мг за пушачи на ден. Концентрацијата на витамин ц може и повеќе, знам на предозираност е дијареа, тоа е знак дека треба да намалите со витаминот Ц. Ова се однесува за пополуција од 10 до 55 година. Над 55 години дупла доза. За под лекар :) или најмалце дупло помалце, бидејќи варира во зависност од возраста. - Овие цифри ги кажувам конзервативно пред се дека не сум лекар. Но има интересно страни каде може да се информирате подетално - http://drtenpenny.com/VitaminD_info.aspx - Витамин Д и гледај те го видеото - вреди верувајте ми да се изгледа видеото и да се прочита страната. http://www.youtube.com/watch?v=HH1rB-Ya2UQ - http://www.youtube.com/watch?v=HH1rB-Ya2UQ - И секако не заборавајте ги и другите витамини.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 22:57
Дали ако еднаш се прележи свински грип, може повторно да се заболи?
Дали прележувањето остава траен имунитет или сезонски“ или никаков?




-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Ноември.2009 во 22:59
И ова:
Зошто првите случаи на болни беа “полесни“ како обичен грип а постепено компликациите се јавуваат со натамошно ширење на болеста?

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Генерал Митре
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 00:04
Додека ја чекаме најновата модна колекција на маски од Парис за зима/пролет 2010 погледнете нешто од нашите дизајнери!!



-------------


Постирано од: mmomirovski
Датум на внесување: 23.Ноември.2009 во 00:40
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Дали ако еднаш се прележи свински грип, може повторно да се заболи?Дали прележувањето остава траен имунитет или сезонски“ или никаков?


Значи ако го прележиш свинскиот грип ќе имаш траен имунтитет на Х1Н1 спичифично, бидејќи организмот ја памти болеста, создала веќе антитела што значи за свнискиот грип ќе имаш траен имунитет, се додека нормално не мутира. Тоа се подразбира за било кој вид на грип што го имаш прележано.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk