|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Домашни природни миризливи стапчиња„Smudge sticks“ претставуваат еден вид едноставна домашна замена на миризливите стапчиња направени од ароматични билки заврзани во клопче, кои откако добро ќе се исушат се палат и се оставаат да горат. Топлите месеци се идеално време за пронаоѓање на лековитите ароматични билки кои растат под вжареното сонце и покрај тоа што може да се употребат за домашната аптека, тие може да се искористат за правење на оригинални миризливи стапчиња кои благотворно делуваат и ги прочистуваат затворените простори во домот. Миризливите стапчиња можете да ги направите од: жалфија, кедар, мајчина душица, рузмарин, маточина или лаванда.
Аранжирајте ги билките на тој начин што ќе бидат со иста должина, а потоа преминете на нивино заврзување. Тајната на добро направените миризливи стапчиња, кои долготрајно и рамномерно ќе горат, е во тоа да бидат цврсто заврзани. Потоа можете да ги украсите по желба со конец во различна боја. Готовите миризливи стапчиња треба добро да ги исушите. Се ставаат на суво и прозрачно место. За времена употребувањето, потребно е да внимавате запалените жарчиња да не паѓаат, па стапчето најдобро е да го оставите на некоја стаклена површина како чинија. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете уникатни држачи за козметика во бањатаЗа современата бања има многу можности, но лошото е тоа што повеќето од нив се ужасно скапи. Затоа, секогаш е добредојдена по некоја креативна идеја која ќе ви помогне да создадете сами некој интересен детал. Ние налетавме на оваа и ќе ја примениме. Се надеваме дека ќе ви се допадне и вам Едноставно и впечатливо. Ставете ја козметиката во тегли обвиткани во мрежа. На овој начин ќе ја пренесете езерската атмосфера во вашиот тоалет и ќе уживате секој пат кога ќе го погледнете вашето симпатично дело. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:49 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами: Романтични декорации со стара тантелаОдамна веќе не се користат рачно изработените миленца кои порано служеле за декорација на масите, каучите или како подароци за во домот. Не треба да ги фрлиме, ниту да ги уништиме, но не мора само да ни ги полнат фиоките и орманите, ако имаме интересни креативни идеи со кои можеме да ги промениме и искористиме во модерното секојдневие. Овде се неколку идеи како да им дадете свежина и убавина на вашите стари работи, без да трошите пари за да купите нешто слично фабрички изработено, кое можеби многумина го имаат. Вака ќе имате одлична забава во вашето слободно време и оригинални изработки. Можат да бидат во различни големини и различни видови. Потребно е да искористите некои стари стаклени чашки и теглички. Од тантелата којашто ја имате исечете поширока трака колку што е висока чашата или теглата а во должина според ширината колку што треба да ја обложите. Добро би било да внимавате на линиите и шарите за да имате целина во декорацијата. Штом ја исечете лентата, зашијте ги двата краја, така што ќе направите обвивка низ која ќе ја протнете чашката, односно теглата. Ставете внатре една свеќа-пловка и запалете ја. Ќе добиете интересен и романтичен изглед. Вашиот стар бележник, некоја тетратка или тефтер, можат да добијат интересен изглед и дизајн, кој денес може да го купите и низ продавниците, но зошто да не се забавувате и да си го направите слободното време интересно. Потребни ви се ножици, спреј и селотејп. Исечете тантела доволно за да го обложите бележникот, од внатрешната страна зацврстете ја со селотејпот, а потоа испрскајте ја со спрејот. Оставете да се исуши и одлепете ја тантелата. Целиот нејзин дизајн ќе остане ископиран на кориците од бележникот. Можете да си играте и со спрејови во различни бои.
Вашите саксии во дворот и чиниите на трпезата за гости, не мора да бидат исти како оние на соседите. Со малку креативност можете да им дадете нов и интересен изглед. Исечете ленти со различни димензии и дезени од вашите миленца, стари завеси или прекривки и со помош на дрвофикс или некое друго позацврстувачко лепило, залепете ги на дел од чиниите или обложете ги цели саксии.
Бидете сами дизајнери на своите чанти. Тантелата е сè уште во мода. Може на некоја стара, излитена чанта да ѝ залепите некој дизајн на тантела или пак да направите целосно нова едноставна плик-чанта. Купете околу половина метро материјал од скај, кожа или некој кој вам ви се допаѓа, но да биде поцврст, за да може да го задржи обликот, еден патент и лепило. Старата тантела може и да ја обоите, ако сакате да ви одговара на некоја посебна комбинација. Материјалот преклопете го и зашијте го од внатрешната страна, а претходно зашијте го и патентот. Откако ќе го добиете бараниот облик, премачкајте го со лепило и обложете го со тантелата. Ќе добиете одлична модерна чанта. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Ламба во вид на облакКога ќе имате малку вишок време и голема желба да промените нешто во домот, само изгледајте го ова видео. Во него ќе најдете штосен предлог како да направите ламба во вид на облак, кој по желба може и да „светка и врне“. Закачете го над или до креветот, во некое ќоше од собата каде го пиете кафето или пак покрај омиленото катче за читање книги. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами свеќи кои ќе го разубават мирисот во вашиот дом
Во микробранова печка стопете го восокот. На дното на малечкиот сад залепете го фитиљот и држете го исправен. Ставете малку од восокот во садот, па додадете малку зрна од кафе и ванила. Потоа повторно додадете восок и повторно наросете зрна кафе и ванила. Повторувајте го ова додека не дојдете до врвот на садот. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 01.Декември.2015 во 08:01 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
DIY-За потопла атмосфера, сите декоративни садови, ламби и кутии обложете ги со стари џемпери Изменето од Valerija - 01.Декември.2015 во 08:03 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како да ги украсите малите станови во кои нема простор за новогодишна елка?Тоа што можеби имате мал стан и не сакате или не можете да имате масивни празнични декорации, не значи дека сепак не можете некако да го декорирате домот и да ја почувствувате магијата на новогодишните празници. Постојат неколку едноставни декорации кои можете да ги направите сами: Ако не сакате масивна елка или впечатливи декорации, можете да направите нешто уникатно, елка од салвети.
Со помош на обична бела паста за заби, сунѓер и форми на снегулки исечени од хартија, можете да ги декорирате прозорите.
Доволно ви е едно парче елка или било кое друго зимзелено дрво кое во кружна форма ќе го прицврстите со конец и ќе го закачите над прозорите со црвена лента.
Новогодишните празници речиси секогаш не потсетуваат на мирисот на греено вино и цимет, а мирисот на цимет можете да го имате секогаш во домот. Потребна ви е една свеќа на која ќе наредите парчиња цимет прицврстени со декоративен конец.
Белите светилки секогаш потсетуваат на Божиќ, но и носат мирна релаксирана атмосфера во домот, па со нив можете да ја декорирате спалната соба.
Лампионите не мора да висат исклучиво на елката, можете да ги употребите и како орнаменти на прозорите. Интересни мини декорации можете да направите и од шишарки. Доволно е да ги ставите во мали саксиички, да ги обоите во зелена боја и на нив да ставите ѕвезда.
Доволно ви е на нив да закачите само новогодишни украсни ленти со панделки.
Со малку хартија и инспирација од фрижидерот можете да направите снешко.
Ако подготвувате голема вечера за пријателите и блиските, трпезата можете исто така да ја декорирате на уникатен начин, со мини новогодишни чорапи.
Уште едно надополнување на домашната трпеза можат да бидат и рачно изработените капи.
Со помош на декоративна метална жица можете да прицврстите новогодишните лижавчиња и да ги декорирате ѕидовите. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами: Најслатката саксија за цвеќиња со лик на маче
Потребни материјали:
Инструкции:Откако внимателно ќе ја извадите налепницата од шишето, убаво исчистете го и пребришете го со сува крпа. Претпазливо нацртајте ги надворешните линии на мачето. За да знаете колку длабока треба да биде саксијата најдобро измерете го вашето цвеќе и оставете неколку сантиметри над таа длабочина. Вака ќе бидете сигурни дека цвеќето совршено ќе биде покриено. Кога ќе измерите колку треба да биде длабока, нацртајте два триаголници кои ќе претставуваат уши. Со помош на ножот исечете го шишето по претходно нацртаните линии. Ве предупредуваме да бидете внимателни! Пластичните шишиња може да бидат лизгави и може да се повредите. За секој случај може да носите ракавици кои ќе ве заштитат од какви било незгоди. За да ги избегнете несаканите траги од спрејот, погрижете се работната маса или пак подот да го покриете со стари весници. Протресете го шишето и испрскајте ја саксијата од сите страни. За најдобри резултати оставете ја да се исуши преку ноќ. За да нема недостатоци, повторете ја постапката сè додека не го добиете посакуваниот резултат. Кога ќе се исуши белата боја, земете го црниот маркер и нацртајте ги мустаќите, устата и очите. Земете го розовиот и нацртајте ги носот и ушите. Внимателно засадете го вашето цвеќе. Кога ќе го завршите тоа, погрижете се да го наместите на место каде што ќе има доволно сончева светлина. Одлично завршена работа! Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:09 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами: Интересни украси за вашиот дом
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами: држачи за свеќи со волницаДенеска ќе ви дадеме еден многу интересен предлог како да го декорирате вашиот дом со неколку декорации кои може да ги направите сами, кои не бараат многу време и средства. Во продолжение, како да ги направите важите едноставни држачи за свеќи да изгледаат прекрасно. – обични стаклени држачи за свеќи – свеќи – волница во бела боја – двостран селотејп или обичен течен лепак Инструкции: Доколку имате двостран селотејп обмотајте ги стаклените држачи со него, ако пак немате, тогаш ставете тенок слој од течниот лепак. Започнете да ја замотувате волницата околу држачите. Прво еден ред вертикално, а потоа продолжете хоринзонтално, оставајќи ги двата краеви подолги и слободни за да може да крај да ги врзете. Ве советуваме мотањето на волницата да не го правите да биде симетрично и совршено, затоа што подобро изгледа кога е малку неуредно. Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:48 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Ружи од суви есенски лисја |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |