IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 32>
Автор
Порака
bratljube Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bratljube Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 10:52
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

прво, зборовите ‘Дојди и види!’ во контекст на православниот начин на живот и подвиг не значат ништо друго освен пракса и теорија, очистување на срцето од страстите и просветлување на умот. Едното без другото едноставно не оди.

Митрополит Наум



Trebase da dopises

Mitropolit Naum
potpisnik na Predavnickiot Niski Dogovor
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 14:38

Отец Калистрат - Стослов: Христијанска наука за љубовта

Како што сите делови од вселената, со нивните квалитети и дејства, се само симбол на духовна реалност, таква е и земната љубов. Она што на земјата луѓето го нарекуваат љубов навистина е само блед симбол на вистинската небесна љубов.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 14:59
[COLOR=red]Митрополит Струмички г.Наум[/

На секој од степените од духовното растење, оние што правилно се подвизуваат Го сведочат и исповедаат Христос на соодветен, различен начин. Нема иста сила на сведоштво оној што сѐ уште го чисти своето срце од страстите со оној што веќе го просветлил својот ум, а да не споредуваме со оној што се обожил. За да сфатиме како треба да Го сведочиме и исповедаме Богочовекот Христос уште додека се наоѓаме на првиот степен од духовниот раст – на степенот од очистување на срцето од страстите – (знаење што треба да ги интересира повеќето од нас), претходно треба да сфатиме како треба правилно да се подвизуваме на истиот степен. Вистинското сведоштво на Христос е неразделно од правилниот начин на подвиг.Но, како знаеме или како одредуваме на кој од степените на духовен развој се наоѓаме? Нашата духовна возраст најлесно и единствено се одредува според квалитетот на молитвата.

COLOR]
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 15:06

Митрополит Срумички г.Наум

Живееме ли, умираме ли, Господови сме...

     



„Светите Отци на Црквата забележале и опишале три вида на односи кои човек може да ги има со Бог: робовски, наемнички и синовски.


Стравот е основен двигател на робовскиот однос. Човекот се плаши да не биде казнет со болест, со некоја несреќа или со смрт, заради неисполнување на одредени религиозни обврски. Што е најлошо, се плаши дека ќе биде казнет од самиот Бог.

Интересот е основниот двигател на наемничкиот, односно трговскиот однос. Човекот смета дека со исполнувањето на одредени религиозни обврски, за возврат, ќе добие од Бог здравје, успех во животот и материјални блага, а на крај, после заситувањето од животот, и спасение во Рајот.

Љубовта е единствената причина на подвигот на градење на синовски однос со Бог. Децата Божји го бараат Него, својот небесен Отец, и ништо друго. Добивањето на некои од даровите Божји, без оглед дали небесни или земни, го оставаат на Неговата света промисла за нивно спасение; и толку. Ставот на децата Божји кон својот небесен Отец е став на благодарност, на давање и на себепринесување, без притоа да очекуваат нешто за возврат. Тие, барајќи Го само Него, уште во овој живот ја живеат тајната на она: сè Мое е твое...

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 15:08
Митрополит Струмички г.Наум


Крстот се сите наши волни и неволни страдања кои ги среќаваме на тесниот Евангелски пат на исполнувањето на Божјите заповеди. Крстот може да остане и само една голема казна за оние што не се покајуваат заради своите гревови. Не дека Бог нѐ казнува, туку сами себе се казнуваме одделувајќи се од Бог и присоединувајќи се кон ѓаволот со исполнувањето на неговата волја. Исполнувањето на демонската волја не е ништо друго освен грев, отсуство на благодат, отпаѓање од Бог, душевно и телесно страдање и болест и на крај смрт, без надеж.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 15:32
Да, навистина е така...
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Orthodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 19:12
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 23:21

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.

(Старец Паисиј Светогорец)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 14:49
Свети Симеон Нов Богослов

Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 14:51
Старец Софрониј

Удостој нè Господи, денеска без грев да нè зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нè подготвува за живот со Бога во идниот век. Благодатта на Светиот Дух нè поучува на вечните вистини според мерата на нашето живеење согласно заповедите: возљуби Го твојот Бог и твојот Создател со целото твое битие и возљуби го твојот ближен како самиот себеси. Да, исполнувајте ги секогаш овие заповеди!
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:02
Свети Нил Синајски

Достоен за секој прекор е оној што се гневи и злопамти, а ја сака вистинската молитва. Тој е како оној кој сака јасно да гледа, а си фрла прашина во очите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:03
Свети Нил Синајски

Ако сакаш да се молиш како што прилега, немој да правиш ништо што е спротивно на молитвата. Тогаш Бог, приближувајќи ти се, ќе чекори со тебе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 02:52
Свети Серафим Саровски

Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 02:58


Според светите Отци, Самиот Христос, следователно и Неговото слово, Го познаваме само преку исполнувањето на Неговите заповеди, а не само преку читањето и на тој начин стекнатото знаење; само преку пракса, а не само преку теорија. Во суштина, исполнувањето на Божјите заповеди е учество во несоздадената Божествена благодат и стапување во заедница со Бог.

од новата книга на Митроплит Наум, „ И јас не ви кажувам“


Изменето од Опитен - 06.Ноември.2008 во 02:59
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,579 секунди.