|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 18> |
Автор | |||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Необична реклама за новиот Fiat 500 C во Германија
Како и обично за Fiat, кабриолет верзијата 500, доби необична реклама на аеродромот во Франкфурт. Тука, паркиран е вистински 500 С со мотор и целосна опрема, но на покривот и превртен наопаку. На овој начин, подобро воочлив е отворениот платнен покрив, со кој ова возило остава дополнителен впечаток. Оваа реклама го означи и почетокот на големата кампања за малиот кабриолет. |
|||
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
еј, платнен покрив на лизгање, многу стара школа, многу хипи
потсеќа на Спачекот |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Супер-спортскиот концепт на Citroen парадираше низ Лондон
Суперспортскиот концептен суперспортист кој треба да послужи како демонстрација на сила во Play Station играта Gran Turismo, сепак е можно да заживее и во реалниот свет. Поради огромниот интерес кој автмообилот го предизвика на авто-саемот во Детроит во јавноста, во Citroen веруваат дека нивниот GTbyCITROEN ќе биде вистинското освежување во суперавтомобилскиот свет. Впрочем, ако Audi од прва успеа со својот R8, зошто да не би можел и Citroen? Citroen планира да произведе лимитирана серија придвижувана од V8 мотор со непознати перформанси, со цена од милион евра по парче. Веројатно најатрактивниот Citroen досега произведен се провози овие денови по лондонскиот Пикадили, каде измамуваше воздишки од минувачите. Вистинското од GTbyCitroen се очекува на фестивалот во Goodwood, каде од него, но и од останатите кандидати ќе се очекува што пократок спринт до врвот на 1.85km високиот рид. |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Bugatti Stratos Concept
Францускиот графички дизајнер Bruno Delusso дал голема поддршка при обликувањето на својата визија на некое идно ново Bugatti. Така настанале скиците на Bugatti Stratos Concept кој е чиста негова фикција, а интересно, дизајнерот не се грижел со инженерските и механичките проблеми при реализација на неговите цртежи. Целта му е да нацрта нешто што ќе го привлече вниманието на голем број луѓе и тоа секако му успеало. Delusso рекол дека инспирацијата за овој концепт ја црпел од автомобилот Bugatti Type 57 и Alfa Romeo 6C2500 Mille Miglia, и дека Bugatti Stratos Concept е ретрофутиристички автомобил. bogati kakov dizajn |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Alfa Romeo Viper пристига во Европа?
Fiat од неодамна стана сопственик на американскиот великан Chrysler, а освен тоа што ќе ги искористи американските дистрибутери за да ги пласира на пазарот во САД, планира да ги искористи сопствените продажни капацитети за во Европа да ги донесе традиционалните американски автомобили. Магазинот „Autocar“ објави интервју со извршниот директор на Fiat, Серџо Маркион кој вели дека Fiat планира симбиоза на двете компании, а не ривалство. Според Маркион, Alfa Romeo е европскиот muscle car, исто како што Dodge е американски. Токму затоа, Fiat Dodge моделите во Европа ќе ги претстави под својот знак, додека моделите Alfa Romeo во Северна Америка ќе одат под знакот на Dodge. Моделот кој привлекува најмногу внимание е секако легендарниот американски Dodge Viper. Единствен можен проблем е како купувачите ќе реагираат при купувањето Alfa Romeo Viper? |
|||
|
|||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најсилната 7-ка досега |
|
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ubav avtomobil za ne taka skapi pari ............ Chevrolet Cruze ......
Екстериерот на Cruze
Chevrolet Cruze е исто така доста импресивен и по својата надворешност. Дизајнот на Chevrolet како на пример закосените предни светла, спортскиот купе изглед, и моќната предна решетка Ви го одземаат здивот. Земајќи ги во предвид сите овие извонредни карактеристики, како и поволната цена, се само доказ за тоа како новиот Cruze е подготвен да ги промени правилата. Ентериерот на Cruze
I При влегувањето во новиот Cruze ќе бидете воодушевени од неговиот ентериер, најдобар во својата класа во кој може удобно да се сместат 5 луѓе. Без разлика дали возите сами или во друштво, високо квалитетниот музички систем ќе ви овозможи уште поголемо уживање при возењето, без разлика дали слушате радио, вашето омилено ЦД или вашиот MP3 player . Сигурноста на автомобилите Cruze
Додека се возите и пеете, може да бидете максимално опуштени знаејќи дека 6те воздушни перничиња Ви овозможуваат целосна заштита. Иако природата може лесно да ви го одземе вниманието, секогаш ќе имате контрола при возењето со помош на Chevrolet електронската контола за стабилност. posledniot pat koga poglednav , cenata iznesuvase nekoe evro povekje od 12.000 ........... Изменето од miroslav_g8 - 06.Јули.2009 во 13:08 |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
dobra kola e za tie pari duri e predobra ubav dizajn i vnatre i nadvor Изменето од Iron Man - 07.Јули.2009 во 01:00 |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Nissan GT-R влезе во Гинис
Nissan GT-R е еден од најдобрите и според многумина и еден од најубавите автомобили во светот. После рекордот од 7 минути и 26,7 секунди на патеката во Нирбургринг, Nissan продолжи со освојување на престижните признанија. Веќе ја освои „Performance Car of the Year“титулата во рамки на изборот за светски автомобил на годината, а сега влезе во Гинисовата книга на рекорди како најбрз сериски автомобил со четири седишта. Nissan GT-R според официјалните податоци забрзува од 0-100 км/час за само 3,5 секунди, а произведувачот со модифицирање на launch контролата успеа да стигне до неверојатните 3,3 секунди, но тоа е веќе неофицијален резултат. |
|||
|
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистински разбеснет бик
Италијанскиот бренд е спремен да го лансира проектот Gallardo LP550-2, зад чие име се крие познатиот бик, но сега со погон на задните тркала. Lamborghini се враќа на системот на погон на задните тркала. За разлика од вообичаениот AWD погон, оваа комбинација ќе нуди исклучително повеќе забава во возењето. Силата на атмосферскиот 5.2-литарски V10 мотор е намалена за 10КС и сега изнесува 550 КЅ (LP560-4 развива 560 КС). Моторот доаѓа комбиниран со шестстепенски рачен менувач. Десет коњи помалку нема ни да се почувствуваат на конечните перформанси, бидејќи масата на возилото е намалена за цели 30 kg и спринт до стотка трае само 3.9 секунди. Само 250 примероци ќе бидат произведени, а ќе биде и 10% поевтин од моделот LP560-4. Понудени се дури осум бои на каросеријата, па изборот нема да биде едноставен, но тоа се слатки маки на идните сопственици. За разлика од Gallardo со погон на сите четири тркала, кој не бара и одредени возачки вештини, погонот на задните тркала е наменет на поискусните играчи, бидејќи сигурно нема да биде детска игра да се задржи „бикот“ под контрола. |
|||
|
|||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Chevrolet Cruze ???? Абе купи го нај неприфатливото, најубо ќе си поминиш. Тие шо се ефтини а опремени бегај ги на километри оти нешто не штима во нив - КАКО НАПРИМЕР 206 седан
Изменето од volkswagen - 07.Јули.2009 во 01:07 |
|||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Камионет со млазен мотор
Модифицирањето автомобили во САД е едно од омилените хобија на вљубениците во четири тркала, но дека во камионет со приколка се вградува млазен мотор со 2.700 KS досега не знаевме. Педесет и петгодишниот електричар од Мичиген, Крис Ленц отсекогаш сакал ваква играчка, а желбата му се исполнила кога го запознал продавачот на користени млазни мотори. За 10.000 долари Ленц од продавачот купил авионски млазен морот, а уште 12.000 долари дал за Ford F-150 од 2005 година. Ленц сам го вградил моторот, кој своевремено му припаѓал на авионот Czechoslovakian Motorlet M-701, и тоа на импровизирана платформа ставена на приколката на камионетот. Резултатот и не е баш најимпресивен бидејќи од нула до 100 километри на час потребни му се 8,5 секунди, но сепак подобар е од претходно кога за истото забрзување му беа потребни 14,5 секунди. Патеката од 402 метра, Ленц сега ја минува со максимална брзина од 164,8 км/час, а максималната брзина по 45 секунди забрзување изнесува 224 км/час. На огромна жал, 2.700 KS може да се постигне при брзина поголема од 800 км/час, така што можност за дополнително подобрување нема. F-150 Jet Truck |
|||
|
|||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
so be so ovoj na mesecinata ili na mars ke patuvame
|
|||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
веќе направија и шлепер и моторцикл со млазен погон, на ред е тротинет со брзина на светлината
|
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |