IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 146>
Автор
Порака
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 17:39
Бунар без дно

Мислите му се секогаш тајни
скриени од другите, длабоки...
кријат нешто, таму долу
ко бунар, без дно...

Неговата мечта е до недоглед
ја сакам, но и нема крај
нема гранци, нема ништо
ко бунар, без дно...

А очите ко мориња
ги гледаш, чиниш тонеш
и паѓаш без да запреш, надолу
во бунарот без дно...

А зениците ѕвезди
му светкаат во ноќта
недостижни се, немам збор
ко бунар, без дно...




Изменето од Lithium - 03.Февруари.2009 во 22:27
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:09
Без крај...

Таму далеку, кај хоризонталната линија,
Каде небото ја љуби земјата
И ветерот ги гали гранките н астарата врба,
Таму се слуша шепотот Господов
И ехото на срцата ранети.
Таму се чувствува здивот на вечната носталгија
И се вдушува реата на некое бурно,
крваво минато
Таму некаде, кај залезот на сонцето.
Каде раката Господова ја слика иднината
Таму се гледа крстопатот на вечноста
Таму се слушаат мудрите зборови на предците
И новите истории на идните генерации
Таму некаде, во песокта на пустината
Каде се е исто само дните се поинакви
Каде пустинските ветришта ги враќаат старите спомени како суво лисје.
На вљубените млади девојки,
Таму се чувствуваат оковите на вечноста и времињата.
И се гледа бледо сенката на иднината.
И јасно е само едно

Изменето од Командантица - 03.Февруари.2009 во 22:10
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:12
I am what i am

Од бесот се раѓаат најубави зборови.
Сакам да раскрстам со бројачите,
што со броеви ја одредуваат
староста на мојата душа.
Сакам со свои стапки
да го изодам патот,
со свои очи да се залепам на
задното стакло од автобусот
и со свои солзи да плачам
што заминувам.
Сакам во моето ќоше за тага,
да има само влакна од мојата коса
и крв од мојата рана...
Сакам да дишам со свои дробови,
да верувам со свои молитви,
да клекнувам со свои колена,
да љубам со свои стихови…
I am what i am…
I am what i am…
I am what i am…

Ова не е поезија

Некој ми ги испил
зборовите испишани со крв,
"зошто те нема во секундите
кога не те мразам...!?"
Толку ли е слепа нестрпливоста
да се умре, па се потсопнува
и од гробовите што уште ги нема?
Клучот со кој ги затворив
сликите од лица што се смеат...
има ли рака за да го одврти?
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2009 во 22:18
Никаде светлина

Безуспешно талкам низ ходниците н астравот
барам утеха во сопствената тага
Се повторува тоа што поминало,
Идтаат нови бранови, со нови немири..
Којзнае кога ќе застанат..
Колку се да е гледа подалечно, долку е уште поблиско..
во хоризонтот се губат распарчени души, кои незнаат каде да ја најдат својата утеха,..
во солзите гледаат мрак и темнина..
во насмевката гледаат беда и самотија..
Ни зрак, во темнината нема да ги осветли срцата, се тони..не застанува..колку е подлабоко толку се ближи и крајот..!


Изменето од Командантица - 03.Февруари.2009 во 22:18
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 18:10
ПАД


Кога завршуваше ти

во просторот и времето,

го криев лицето со дланки,

за да ја разграничам

земната болка

од веселата преселба

на твоето постоење

во воздухот.

Низ прстите си оставив

мало растојание

и гледав како пируваш

врз фригидното студенило

на формата,

опипувајќи ги контурите

на нашите маски

и податоците од

лажните идентитети.

Кога завршуваше ти

во албумите и спомените,

си направив портрет,

за да го затрупам својот лик

во песокот на времето,

заедно со твојата насмевка која

се витка во привидение

од неподвижна слика.

До тебе сум насликан,

но, никој не може

да ме препознае.

Со твоите дланки ликот

ми е покриен.

Од земната болка

сакаш да ме одделиш.
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 19:37

    З А С Р А М И С Е

    Срам да ти е!
    Ме исклучуваш,вклучуваш,
    робот од мене стори,
    старо радио си што мрмори.

    Засрами се!
    Ме соблекуваш,облекуваш,
    барбика од мене стори,
    запалено шкорче си што гори.

    Срам да ти е,засрами се!
    Немаш ситка,многу зборуваш,
    маки разгоруваш,најди друга мивка
    јас сум зрела сливка
   
    Даница Петровска„08„



Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 17:21
В Е Ч Н И О Т М И Г

Бакнеж...
Тоа е бескраен бакнеж
Од него усни не се двојат
Слепени се едни до други
Прегратка...
Споени во вечноста
Споени две тела
Една ,единствена прегратка.

Даница Петровска „08„
Љубов и само љубов
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 22:55


Недовршена...

Што кога зборот ќе остане недоречен
а јазикот ќе се заплетка во сопствените лаги?
Што кога сонот ќе остане недосонуван
зошто си разбуден од звуците на реалноста?

Што кога мислата ќе остане недомислена
а книгата ќе остане недопишана
зошто нема веќе со што да се пишува
се потрошило мастилото на инспирацијата?

Што кога се трудиш да сфатиш
да разбереш, да ја направиш песната совршена
а време немаш, time runs out
песната останува недоврш


Изменето од Lithium - 07.Февруари.2009 во 22:35
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 02:00
Тукутака

Да сме далечни,
колку што сме туѓи,
многу мои стихови
ќе потонеа во
залудното сито на молкот.
Јас во душата сум дете,
што не знаејќи те,
ти подава рака
и ти го отстапува
редот на лулашката,
чекана цел живот, можеби...
Затоа, не заминувај тукутака.
Ти несвесно му припаѓаш
на споменарот што
крајпатните брези
грижливо го пополнуваа
со нашите стапки.
И силно си прицврстена
за херојскиот израз
на моето лице,
кога во морето насмевки,
успевам да го закотвам
мојот кораб во твојата.

Од сонот на гугутките
ни израснаа крилја...
Но, југот е далеку...
Не заминувај тукутака.
Ова е нашиот прв и последен снег.
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 15:17

С О Л З А

Солзо солена од болка исткаена
течеш по исушениот образ
се слеваш низ треперливите усни
плачат и тие,тажна песна пеат.

Ја бришам,но повторно тече
врела е,солена од јад ,страдања
пријател е на мојата тага
вечен сопатник на мојата болка.

Тажна е и солзата,осамена е
еве,ја пуштам,не ја стегам
сега се две солзи,од две очи
две очи со две солзи.

Даница Петровска„08„
Љубов и само љубов
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 22:41
Магија за одљубување

Стави едно влакно од
врвот на неговиот лакт,
и еден сон раскажан врз
неговата перница,
на острото сечило
што им шепоти
бесцелни приказни
на твоите вени.
И пресечи ги сите далечини
што те прават блиска со него
па размачкај ја нивната крв
по кожата на сеќавањата,
што за него бледнеат
- заборавени,
а за тебе црвенеат
- возбудени...

Ако ги немаш
потребните намирници,
тогаш почекај да мине ова
тромо и лигаво време.
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 15:32



Моето тело геогравска карта
сино од твоите желни усни
по него пловат твоите цврсти раце
собираат сочни,зрели плодови.

Вкусни се,не им одолеваш
слатки се,најслатки зрели круши
занесен во триаголникот на сласта
нежно патуваш по белите бедра.

Љубовен, сладок вресок
пот од врели, треперливи тела
страста го исполнува етерот
неповторлив миг забележан во времето.

ЕКСТАЗА ВО ЉУБОВТА

Даница Петровска „09„


Изменето од Дак - 12.Февруари.2009 во 15:33
Љубов и само љубов
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 11:36
Surrounded by the cruel
I guess it was ment to be
Walking through the ashes
That`s the truth, that`s she....

Can`t feel her own breath
But she`s still alive, she feel pain
In the misery of this world
She is back again and again

And now nothing`s perfect
Her words...they are already spoken
But she don`t care...not anymore
How can she? When her heart is broken

Want to start something new
She wants to make it all clear
She wants to forget the past
Want to be alone and noone beside her...near....




Изменето од Lithium - 14.Февруари.2009 во 19:29
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 00:26
Ден со посебни потреби


Утро како боза,
Матно и благо и трпки насекаде.

Пладне како портокал,
Сончево и кисело и виси над главите.

Вечер како бајат леб,
Мирис и вкус на заборавеност.

Ноќ како музејски воз
Што сонува за шини и патници.

Сè е тука, а ништо не е тука.

Слеп, глув и шантав ден,
Како крај на ефтин роман.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,422 секунди.