IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 138>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 20:15
Би те галнал
би те пипнал
ама баш насекаде
дур очи не ти светнат
дур воздух не ти зафали
дур ко еже кожа не ти се стори.
Би ти го дал цел свет до самиот крај
двајца сведоци кај само ќе има
би ти го свирнал најнежното музиче
ушиња дур не ти се вцрвенат
од шарки би те извадил
дур цивкаш и пискаш
да поминам цел
каде влагата е блага.
Велиш време не е
баш сега и тука
и кој знае дали и денот е за тоа
што ми преостанува
се плеснувам по чело
ме боли и лелекам
а толку пати те плеснав
а ти никогаш не се пожали.
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 18:25
< ="Content-" content="text/; charset=utf-8">< name="ProgId" content="Word.">< name="Generator" content="Microsoft Word 11">< name="Originator" content="Microsoft Word 11"><>

You're not alone

Велат, секој си го бира својот пат. Пат, откако ќе го поминеш се дели на други патишта, или пак, на крајот има ќорсокак.

Мислев дека се` што ќе посакам, можам и да направам. Ама, тогаш бев млад и неискусен, гледајќи ги работите на поинаков начин, гледајќи се само себе, не тие околу мене. Никогаш не помислував дека можеби сум себичен, никогаш ни на крај памет не ми падна тоа. Битни беа само моите чувства, кои полека, ама сигурно исчезнуваа. Како што тие исчезнуваа, растеше суетата, егото, себичноста, нарцисоидноста. Јас бев оној најпаметниот, најдобриот, најпосакуваниот. Ама, само во моите очи.

Таков каков што бев, одејќи по својот пат, кој тогаш ми изгледаше толку светол, мислев дека го знам и крајот на тој пат. Да, ми изгледаше среќен крај. А, ми изгледаше и толку широк, доволно да го собере целиот мој багаж, сите оние кои ми значеле. Всушност, тоа беше магарешки пат, доволен само за мене и моето его, за ништо друго позначајно немаше место. Исчезнаа светилките кои мислев дека го осветлуваат целиот пат. Исчезнаа сите замислени насмеани, среќни лица, сите очи кои сјаеја додека ме гледаа мене, сите подадени раце, кои ми даваа чувство дека сакаат да бидат само со мене, сакаат само да ме допрат.
Ајде, си реков тоа е само лоша етапа. Кога ќе ја поминам ќе биде подобро, не може да е мрачен цел пат. Но, со секоја етапа, се помрачен и помрачен стануваше патот по кој одев. Почнав да трчам, трчам, силно, посилно, се додека не пропаднав во жива песок. Тоа беше крај на патот. Барав од тие раце, барем една да се подаде, да ми понуди помош. Залудно, немаше помош. Се запршав, па зошто и би имало помош? Ги гледав среќни лицата од кои барав помош, тие во кои никогаш не се посомневав. Дури и стануваа се` посреќни, гледајќи колку бев несреќен. А, кој беа тие, зошто ми значеле, зошто би ми помогнале? Одговор немав, знаев дека од погрешни луѓе барам помош.
Пробав сам да излезам, но, во живиот песок, колку повеќе се обидуваш, толку побрзо тонеш. Немаше спас, исчезна надежта, пристигна само каењето, каењето...Затворив очи, не давав отпор...

Слушнав нешто, мислев дека е само привид во мојата глава. Се приближи до моето уво и ми рече "Станувај!". "Доцна е", викав јас, изненаден од неочекуваниот глас кој го слушнав. "Не е доцна, јас се уште се немам откажано од тебе. Не си сам! А, сега, станувај" - рече гласот од "заборавените".

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2010 во 02:56
Има една песна,
која кога се слуша,
се слуша само таа
и ништо друго.

Има една песна,
која кога се пее,
се пее на цел глас,
со целата своја душа.

Има една песна,
која кога се свири,
не смее да се згреши ниту една нота,
иако рацете треперат по жиците од гитарата.

Има една песна,
за една сакана,
која кога се слуша, пее, свири,
исто како да е до мене мојата сакана.
ама не е...мечтаење
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2010 во 22:19
http://www.astrolook.com/magazin/sl/113-3.jpg

                  Еклипса

Знам , ти сакаш силна светлина.......јас сакам полутемница,
сонце на твое лице , месечина на мои усни
еклипса не дели или соединува...

Знам , ти сакаш полека ......јас сакам брзо,
пупка кога се отвара , цвет кога се затвора
деноноќие не дели или соединува...

Знам , ти сакаш влажно ......јас сакам суво,
морски бран надојден , сув песок при осека
ветерот не дели или соединува...

Знам , ти сакаш мирис.......јас сакам вкус,
блед акт во огледало , амфас сенка на ѕидот
одсјајот не дели или соединува...

Знам , знам ....ти сакаш срце.......јас сакам душа...

***
Eclipse

I know you want a bright light ....... I love the halfdarknes,
sun on your face, a moon of my lips
eclipse does not share or combine ...

I know you want slowly ...... I want fast,
bud when it opens, when the flower closes
day and night does not share or combine ...

I know you want wet ...... I love dry,
sea wave overfl, dry sand at ebb tide
wind does not share or combine ...

I know you want ....... I love the smell, taste,
pale nude in the mirror, amfas shadow on the wall
does not share or reflect together ...

I know, I know .... you want heart....... I love heart soul




Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2010 во 22:48
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 10:48
 http://www.beatbob.com/images/studentdriver.jpghttp://cassiehendon.files.wordpress.com/2010/06/istock_000002106156xsmall-green-stoplight-go1.jpg http://blog.pennlive.com/midstate_impact/2009/06/large_crossingstreet.jpg

         ПРОКЛЕТ ЗЕЛЕН СЕМАФОР

Иде раскрсница .....упсссс
полека успорувам.....умешност е да не застанам,
само внимателно да ја поминам.....се преслушувам
но!?!.....не зависи од мене.....не!! никако !!  

Идат одпозади .....упсс
успорува и пред мене.....опколена сум,
само паметно да се движам.....се надевам
но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!!

Наеднаш тишина.....лер состојба
сончевиот зрак ме заслепува.....се препотувам,
само трпение треба.....издржувам
но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!!

Идат чекори.....избледена зебра
сенка пред моите очи.....морници некаде во мене,
само дланка на шофершајбна.....се збунувам
но!?! .....од кого зависи??.....се прашувам??

Мааа ајде, јас не сум таа.....доминантен поглед си имам јас
па иде малку горе,па иде малку доле.....ми годи,
како во трета да сум??.....прва педала силно притискам
конечно!?! .....зависи од мене??.....да!!да!!од мене секако!!

Страничната бариера ја остранувам.....главата ја подавам
опоен парфем на пастув ме обзема.....го упивам,
нежна дланка на лице ме занесува.....замижувам
но!?! .....све од него зависи.....да!!да!!од него секако!!

Силна свирка ме освестува.....псовки далечни дослушнувам
дланката исчезнува.....зелено светло ја заменува,
гледам лево,десно , недогледувам.....гасот ме покренува
но!?! .....зависеше ли од нас??.....не!!не!!никако!!

http://budgetcar--insurance.com/images/girl_car.jpg  http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CE8506E62AD18C478D75B25F74FC4C09.jpg




Изменето од bijonse1 - 23.Јули.2010 во 23:32
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 19:56
Сакам да ти напишам
толку многу работи,
а стојам како статуа
пред белилото на хартијата.

Нема е ракава грешна
пред толкава белина-чистота,
а секоја буква моја
е само грд спомен на мене.

Се гледам себе пред тебе
те гледам тебе-мал,
стуткан во столчето
како дете натрапник.

И небаре јас сум таа-безгрешната
која треба да ти суди и пресуди.
Небаре почиста е душава моја
од малата солза твоја.


И се издигнувам "гордо"
над тебе Јас-грешница,
а ти не си тој
кој каменот прв го зема.

Ти-рака божја-мила
во закрила што ме земаш.
Јас грда слика на гордост
изгазена-невредна.

Изменето од butterflyM55 - 22.Август.2010 во 19:56
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 04:40
Течат од душа реки
реки ненапишани-неискажани
само во мисли прегрнати
го чекаат својот миг.

Очиња со боја на длабоко море
пред себе и сега ги гледам.
Солзи сакам да им испијам
во преграт да те земам.

Толку слепа и себична сум била
та само зедов се што ми даде,
несвесна дека само тоа кое се дава
е единствено што е твое.

Желна и жедна за љубов,
за душа сродна-мила
те испив до дно без да ја видам
тагата што во тебе се свила.

Слепа при очо две-невидов.
Нема при усни безобразни-непроговорив.
Го испив споменот драг-пресуши.
Те оставив во далечини празни-заминав.

Со себе те понесов
душа ти заробив за ден два ли беа....
или повеќе,а сепак
ми останаа како еден единствен.

Спомен на душа од брат за сестра
подарок од срце за жена од маж
Живот на дете од дете
споени во едно засекогаш.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2010 во 12:06
Капка по капка-роса
на хартија бела паѓа.
Капе од два кладенца чисти
и вирче прави од желби
испишани на белилото.

Здив по здив-воздишки
се нижат во гради
оаза на љубовта чиста
што ветре тивко ти ја праќа
да ти разлади душа.

Збор по збор-гердан
од пораки искрени
испратени во ноќта
додека будна во ноќите
сонувам за тебе.

Минута по минута-време
се реди,минува.
Безначајно мерило на нешто
што ни ангелите
неможат да го измерат.

Удар по удар-гради
се движат немирно,треперливо
како рој пеперутки
разиграни по првите
пролетни цветчиња.

Сигнали ти праќам во ноќта глува
и немир,
да почувствуваш сладок немир
на усните твои меки,од усниве мои врели
кои со жар те љубат во осамата твоја.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 11:10
Блесокот на сончевиот зрак
не ми мами насмевка веќе.
Сивило на небото надвиснало нишки,
небаре килим на ѓаволот црн ткае.
Ни зрак,ни светлина,ни сонце...
Чиниш и природата жали
што стапките твои ги нема веќе.
Ниедно утро не е добредојдено
без твојата звонлива насмевка
која ме будеше весело
од ноќниот пат со тебе.
Ниеден ден не е убав
без твојот стих.
Очиве згаснаа,желни за твојот лик
за твојот пишан збор...за тебе.
Ниедна ноќ не е мир
без мирот на душата твоја
која ме галеше долго во ноќите
дури не заспијам мирно.
Ни јас не сум јас повеќе...
....без тебе...

Изменето од butterflyM55 - 02.Септември.2010 во 11:13
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2010 во 00:09
Ти...кој срамежливо ѕиркаш
низ далгите на вечното зеленило
и зрачиш со мрна...скромна душа.
Скриен зад Бог и небесното синило,
сплотен во твоето чистилиште
бранејки се од камите на животот,
спушти ја раката на моето чело
исповед да слушнеш на мачна душа.
Стапни со босата нога
во мојот свет на илузии и соништа.
Исчисти ја тагата од очиве
кои само за тебе светкаат.
Бакни ја душава со стих кој проштева.
Земи ме за рака...Поведи ме...
Однеси ме во твојот свет...
свет на светото...божественото...
Сплетен од твоите нишки љубовни.
Покриј ме со покривка од солзи чисти.
Заспиј ме со приспивна песна од среќа,
и не дозволувај да паднам во искушение.
Избави ме од илузии.
Задржи ме со вербата твоја.
Води ме низ светот на светото.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 15:17
На ивица на плач,
ја голтам горчината своја
додека мислите патуваат кај тебе.
Морам да ја згаснам оваа желба!
Да издржам,да преживеам.
Да поминам низ искушениево
и пак да останам
тука каде што сум.
Очите твои не сакаат да ме видат.
Ниту рацете твои
во прегратка да ме земат.
Образиве нема да ја почувствуваат
топлината на дланката твоја.
Нема да дознаам каков е вкусот
на усните твои румени.
Нема да ја почувствувам
нивната мекост....сласт...
Душата твоја,ја сака душата моја.
А само небото твое ме покрива.
Остануваме засекогаш.
Остануваме тука каде што сме.
Заробени души....
Во градината на вечноста.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 12:20
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 04:37
Слушни го крикот на душава
која плаче за тебе.
Хаосот на живото те обзел
и уши ти параат конверзации
на луѓе-трујачи.

Глув за се околу тебе
неможеш да слушнеш.
Не допира до тебе тоа.

Ѕидот твој како бумеранг
ги одбива сигналите
и ми ги враќа пак назад.

Слушни го крикот-те повикува!
Солза те кани на нежност.
Љубов бескрајна те чека.
Само твојот миг е потребен,
и ќе ти се случи...

Врисок-ТЕ САКАМ!
Шепот-Дојди.....
Молба во очи-Допри ме.
Плач од око тажно.

Дај да го искршам ѕидов.
Да те заглушам со себе
и со сите крици кои само ги голтам
Оти немам право на тоа.
А толку сакам....


Изменето од butterflyM55 - 20.Септември.2010 во 04:38
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 21:20

http://dalje.com/slike/slike_3/r1/g2008/m03/y165637283532848.jpg
             
                    Удри ме !!!

Удри ме силно...удри !! да ме боли до небо.....
удри ме мене , а гушни го  него ....
лесно е ...верувај...ти тоа го можеш...
сакам да ја осетам болката ...тука... во градите... каков вкус има...
ти ќе ми бидеш најсилната болка.... удри !! и бакни го него...
да ја осетам горчината на мојата усна  и глас да не пуштам....

удри силно...удри!! на сите наши поминати мигови ....остани со него...
ти тоа го можеш фрли пепел по сите мои чекори...
исто како да не бев јас.......
удри ме силно...удри!!
ти тоа го можеш.....сестро !!!



Изменето од bijonse1 - 21.Септември.2010 во 21:29
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.