IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 116117118119120 138>
Автор
Порака
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 14:21
Тажна соба,снег
чај за двајца
И душа полна солзи
Душа здрава а болна,
жива а мртва.
Каков чај-мразам чаеви!
мразам и што сум немоќна
А што можам?
Ништо-ништо не допира до тебе
Лошо е да си немоќен
сваќаш-поразен си!
Лошо е и кога се ежам
Сваќам-ништо нема да доживеам.
Мислите се посилни
од мене, од самата состојба.
Лажат тие проклети мисли.
Чајот истина,ма јас и онака не го сакам
а за тебе,ќе направам нов
Можеби посладок
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2010 во 17:55
Σοφία што ја измачува душата!
 
Доаѓа и заминува,
еднаш те посетува и вечно останува.
 
Колку ли на земјата црните влакна стануваат бели?
колку ли светлина ја покрива земјата?
призма на душата - хоризонт во вечноста.
Σοφία доаѓа ... и заминува.
 
се прашувам:
Σοφία ли повеќе ме љуби...што често ме посетува,
или душата моја тагува,
како орел бел надлетува,
тука е внатре во мене,
кој ли ја разбудува...
како ли заспива, како се разбудува?
 
Јас ли ја љубам повеќе
или Таа вешто тоа го прикрива.
ме залажува, ме скокотка, ми зборува...
си заминува и пак доаѓа...
 
Каде е твојот дом Љубов моја голема?
Да те посетам и јас, да не се залажувам.
кај Тебе да дојдам - вечно да се насладувам!
да се вселам во Твојот дом, Σοφία моја љубена.
 
Како ноќе ме посетуваш и сонот ми го просветлуваш
дење ме опкружуваш... ме залажуваш...
ме оставаш како мало дете
да мислам, да се залажувам...
да мислам дека јас љубам, дека јас те повикувам...
но знаеш дека се заблудувам...
 
 
посветено на “овој момент“
пред пц во дневната соба
длабоко во срцето проникнувам
длабините на Σοφία ги повикувам...
а за една личност постојано размислувам...


Изменето од Tetratka - 10.Март.2010 во 19:45
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 07:58
мислиш ли дека сум задолжена да ги слушам твоите долги реторики?
мислиш ли дека навредливиот тон е пријатен за уво и дека годините ти даваат за право да биде твоето его најголемо...најсилно...најважно?
месечината ги грее сите страни и оние поблиските но и оние кои се настрана од незината траекторија...што ми беше муабетот...батали ме де...денес финишот на денот беше мој ...само мој...бев горда на она мало парче месо кое го носев во пазувите...бев насмеана...полна со себеси додека ја гледав како ја дарува својата насмевка на фотографите...
убава е...толку е убава што се исплашив од синилото во нејзините чудесно нашминкани очи...за момент како целиот мој живот да го гледав од друга димензија...како годините да ми прелетале без да ги почувствувам...без да учествувам во нив...
а до вчера малите рачиња ги стегаа несигурно моите прсти...малите стапалца тапкаа по мене и секој мој чекор е и нејзин...секој незин успех е и мој...
испиј го кафето и остави ме да уживам уште малку во мојата милност...во синилото на очите...во силната желба да ја гушнам и да го запрам времето...или...гушни ме и молчи..не ми го расипуј филмот...
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 08:02
твоето мало парче месо од метар и осумдесет и мене ме остави без здив.
а јас си мислев уште си игра со барбики
ако не напишеше утрово ти приказна за неа, ќе напишев јасголемо%20гушкање


Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2010 во 08:04
трепкањетрепкањетрепкање
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2010 во 18:36
Не! Јас сум далеку од вистината,
а воопшто не ја ни барам,
само знам дека ми треба,
но нека, ќе издржам и без неа,
подобро без неа,
отколку да се потврди тоа во што се сомневам.

Старата вртелешка, се уште служи
се вртам толку силно,
небаре ќе излетаат сите мисли кои ме мачат,
за тоа што си и
што значиш во мојот живот.

А што да бирам, кој ли пат сега
сите се толку светли на почетокот,
а толку црни,
крајот секогаш е ист,
без разлика што и да одберам,
вистината пак ме повредува...
а не ми треба...

Ќе ископам една дупка,
доволно голема и длабока,
за да го закопам овој внатрешен глас,
кој упорно ми кажува дека ти си вистината,
која толку многу ме повредила
и повторно ќе пробам да не верувам,
дека си била стварност,
дека воопшто си постоела,
ќе верувам дека си била само
Илузија.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 15:12
Мислев зборови се непотребни
.................
оти болат,
жежат
и печат
како породување
како вадење камен од бубрег,
бркање со вилушка во жива рана
како продолжено умирање
како лупење лушпа по лушпа
од душата
.....до соголување
до коска
до гола срж:
сурова до крв
закрепостена и
никогаш недопрена...........




Изменето од Анастеа - 15.Март.2010 во 15:12
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2010 во 17:01
среќа
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 01:31
...Откако поминавме низ тесните улички и се разминавме со десетици луѓе стигнавме до нашата крајна дестинација. Не беше планирано, всушност ништо не беше осмислено да се случи, се` си течеше по некој свој замислен редослед...нозете си имаа некоја своја намера, некој свој пат по кој што требаа да не водат, а телата беа полни со некакви чудни чувства и емоции кои само го создаваа она чувство на една блага позитивна вознемиреност, возбуда или среќа?....
За сето тоа време, неговиот милозвучен глас го надополнуваше мојот, неговите мисли ги надополнуваа моите, а сето тоа предизвика едно обострано задоволство завиткано во насмевки...Звуците на нашите чекори по патот се надополнуваа еден со друг, како да чекоревме со еден ист ритам, со една иста хармоничност која ја исполнува душата со светлина и за пренесува таа светлина и на другите околу нас...просто се шири од еден човек на друг, како да е заразна...
...Нозете сопреа, тука беше крајот, потребен беше одмор, потребно беше едно смирување на брзата работа на срцето, потребен беше разговор, а се` некако како да можевме да претчувствуваме што следеше наредно и главната дилема беше To be or not to be?
Погледите ни се насочија кон запад каде што сонцето веќе полека, но сигурно заоѓаше, оставајќи зад себе снопови од златно-жолти зраци и им даваше некоја топла портокалово-црвена боја на облаците и на небото...Чиниш таму далеку и небото гори од љубов...
“Да се предадам или сеуште да се трудам да се борам со за мене несовладливите емоции?“
Доволни беа само три зборови...три зборови коишто и сега ми одѕвонуваат како најјасен звук во моиве уши....три зборови кои беа доволни да се предадам на благодетите на новата љубов којашто и те како беше на повидок...
И да, посилно беше од мене, ме совлада, паднав поразена, борбата со емоциите ја добив, но војната не! Фалеше само уште едно бело знаменце на коешто ќе истакнев дека тука е крајот, но и тука е почетокот на еден за мене нов животен предизвик љубов
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2010 во 20:01
Одев во спротивниот правец на ветрот. Дуваше, ми ги кинеше алиштата и ми го скрши чадорот. Патеката беше тесна за нас двете а камчињата ни ги скокоткаа моите ѓонови и нејзините меки перничиња на секој чекор.
Ситни капки од морето ми ги бодеа очите и ми ги солзеа. Песок како јато се воздигнуваше високо во небото небаре рапаметени птици беше. Дрвјата гласно шумеа и воздивнуваа од налетите на новопечената бура.
Галебите крештеа непријателски додека како стари пијаници се трудеа да го одржуваат правецот во кои се упатиле.
Две кафеави џукелски очи ме погледнаа тажно и со прашалник. Црното крзно почна да и се мрси и претвора во вијуги од влагата која и ја освокуваше кожата.
Реков: У.П.М Куцо, ја утнавме прогнозата за денеска, ајт ние рикверц дома, ќе шетаме друг ден.
И така покиснати го напуштивме паркот.
 
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2010 во 21:36
Утро веќе беше, а јас како по обичај се уште не спиев, седев и работев нешто на компјутер. Затемнета и зачадена соба, расфрлени предмети насекаде, нешто што не било вообичаено за мене, но сепак таков период, во кој што долго време бев западнат. Чудно, ми текна да излезам на тераса, по подолго време тоа беше сончево утро. Кафенцето спремно, среќен бев што после долго време видов сонце. Предходно деновите ги преспивав, живеев само во ноќите. Тоа утро видов повеќе луѓе, отколку во целиот изминат месец. Кој одеше на пазарење, кој го средуваше дворот, кој се спремаше за на работа...

Она што остави длабоки траги во мене, длабоки промени за она како го живеам мојот живот, беа моите алишта кои беа оставени на сушење на терасата. Сите беа црни. Идентично одговараа со периодот во кој што минував, депресиве, црн, меланхоничен. Без ниту една причина, се наоѓав во таа ситуација. Понекогаш самите заглавуваме во ќорсокак, без да знаеме за тоа, без да знаеме каде не води тој пат и без да знаеме каде сакаме да одиме воопшто.

Ги собрав црните алишта што дотогаш ги носев и ги затворив во еден плакар за никогаш повеќе да не ги облечам. Слична работа која ја забележав беше музиката која што до тогаш ја имав на мојот компјутер. Само некоја депресивна, бед музика.

Ми светна една мисла во главата, дека светот е таков каков што ние го замислуваме, а не каков што го гледаме. Не секогаш можеме да го видиме, она што го гледаме. Ако до ден пред тоа, го окривував цел свет дека е против мене, дека местото каде живеам не чини за мене, дека луѓето кои се покрај мене шират негативна енергија, тој ден сватив дека не е така, така јас ги разбирам тие работи. Дека колку и да е лошо, не може да влијае на мене, ако јас немам негативни мисли и негативна енергија. Всушност, енергијата, онаа негативната, излегувала од дното на мојата душа, без јас да приметам. Јас сум бил онај кој што ширел негативна енергија врз останатите, онај кој што правел лоши работи, а за целото тоа време сум ги окривувал другите. Како да тапкав во место, ништо ново не ми се случуваше, или ништо од она што јас посакував. Се остануваше исто, сами брчките на моето лице се зголемуваа, задлабуваа.

За воља на вистината, тоа беше прв и единствен период од мојот живот, кога сум имал такви размислувања, сваќања за животот. Нешто непознато за мене, со кое што дотогаш не сум се сретнал и нешто со кое што подолго време не можев да се носам и справам со истото. Лошо е кога она во кое цврсто веруваш, се испостави дека не е така и се урива врз тебе како кула од карти. Се она што дотогаш си градел, сега веќе го нема. Останува само правот, присутен во голема количина, кој ако не знаеш како да го раздуваш, може многу лесно да те задуши и сеуште да не го видиш она што треба да го видиш, она што е реалното. Она што јас не го видов, дека покрај мене има луѓе кои што ме сакаат и ценат, кои што живеат, работат, за мене, за јас да имам подобра иднина.

Мило ми е што сега, барем така мислам, го разнесе ветрот сиот тој прав, кој што ги препречуваше моите видици, што ги гледам работите објективно, непристрасно. Мило ми е што тој тежок период помина, што повторно ми се вратија позитивните мисли и енергии, ентузијазмот, кој што дотогаш беше една од најкарактерните мои особини, мило ми е што ја повратив самодовербата, дека секој одлучува за самиот себе.

На крајот, се минува, се` се менува. Период во период, нов ден, нови работи. Самите тие периоди оставаат нови траги и делумно ги затскриваат старите траги во нас, оставаат нови лузни, брчки, кои што секогаш ќе ги носиме во нас, но секогаш ќе можеме да ги промениме, затоа што Panta Rei!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2010 во 00:58
Кога би знаела
слатка колку си
сама би си го правела
тоа што сакам јас
немаше да ти требам
ама не знаеш
мислиш сладок сум
среќа моја
перверзна си
штом ме сакаш
и сакаш да ми го правиш
она што не би сакал
сам да си го правам
мислиш дека сум најдоброто
светот што пружа
не знаеш
дека ти си
најслаткото што се пружа.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 23:42
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 23:51
http://images.elfwood.com/art/y/v/yvetjens2/flight_of_the_raven.jpg
Скриена сум таму некаде
во крошната на дрвото...
чекајќи момент
да дувне силен ветар
и да полетам...
Ти си тука
гордо шеташ
по таа ламарина
која сонце ја грее...
Не можеш да ме видиш
црна сум
можеш само по гласот
рапав и пискотлив
во монологот мој......
Те следам
како само возвишено стоиш
сребрен сјај од твоите усни
симбол на мирот и љубовта....
Да ти се доближам
страв ми е да не одлеташ
јас толку груба
а ти толку нежен.....
ти сив гулаб....
а јас чавка црна...



Изменето од bijonse1 - 17.Мај.2010 во 23:52
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 116117118119120 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.