IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 115116117118119 146>
Автор
Порака
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 19:28


``Кога ќе умирам
во мојата
последна воздишка
ќе го понесам
твоето име...``


It`s too good to be true
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 22:03

Сонувајте Ангели

Имате сон, длабок сон

Мојот сон го продавам

За капка љубов искрена.

Плачете зборови

Лицето ви е хартија

Нема солзи радосници

А сепак ке се овековечат.

Зборете ѕидови

Раскажете за тајната

Која ние ја родивме

Го нема звукот на иднината.

Цветајте стихови

Ваш полен е ова мастило

Ве посеа насекаде

Нема крај на зумбулите.

Скријте се снегови

Не потсеќајте на него

Детските мигови

Закопајте ги со него.

Дувајте ветрови

Понесете ја тагата

Доволно здосаси

Земете ја во бестрага.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 23:42

Сонував сон како јаве, сонував бакнеж и допир

Сонував љубов и страст, сонував еден ангел и мал рај.

Сонував ...

Сонував едни очи и една насмевка, сонував милост и сладок немир

Сонував сјај во еден поглед, сонував среќа во еден дух.

 Сонував...

Но јаве не е сонот, ниту бакнежот и допирот

На јаве немам љубов, немам страст, немам ангел ни мал рај.

Јаве... 

На јаве ги нема тие очи, таа насмевка, нема милост и сладок немир 

На јаве нема сјај во еден поглед, нема среќа во тој дух.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 23:13
Писма

Ти пишува раката
која има убиено.
Но, само инсекти
и мисли за секс.
Газам по купишта
недопишани писма,
но ова е последно
во низата нестуткани.
Догорува цигарата на
непризнат пушач во
стаклениот пепелник
што собира усни
наместени за бакнеж.
Тој што не успеа
да ја згази
уметноста на
најдолговечната
пеперутка,
никогаш нема
да се ослободи
од својата кутикула.
И ќе трае
додека патиштата
не дознаат кој им
е последниот правец
за слевање
во океанот на конечноста.
Затоа дојди и извини се
што ми ги враќаш
недопишаните писма,
а јас ќе сфатам...
Најдобар сум во тоа...
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 23:15
HOLA CHIKA!

Во срце разгорен огин
млада пупка не расцутена
срамежливо отвора лист по лист
чисти како утринска роса
HOLA CHIKA!
Фламенго гитара
прекрасни звуци што мамат
песна љубовна за девојка
млада девојка не љубена.
HOLA CHIKA!
Црна коса мед медена
твое лице чоколада
ќе се растопи од бакнежи
од срце огнено што љуби.
HOLA CHIKA!
Заиграј,фламенго на те*е чека
подари ми разгорено срце
очи што се кријат зад трепки долги
твоја младост што на мене чека.

Даница Петровска „09“





Љубов и само љубов
Кон врв
aphrodite Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aphrodite Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 05:47
     Сочните усни на младоста бакнуваат беспрекорно.
     Таму е, истрпнува сиот, студот венее за топлина.
     Топлината исчезнува кога крвта престанува
     да тече, кога болката станува фантомска,
     тогаш кога луѓето исчезнуваат.

     Сакам да слушам за твоите меки корици
     уметност на мојот сон, празнина на овој ден.
     Не, не можам да гладувам без тебе,
     Муза на моето Јас, Јас во деновите на бесознание,
     Тогаш кога луѓето исчезнуваат.

     Напросто, те нема, сродна душичке во
     душите на овие стари ѕидови,
     во мислите на овие стари пријатели,
     во сувата потреба за тебе, зависта исчезнува,
     тогаш кога луѓето исчезнуваат.

     Сакам да ги допирам твоите прсти во ноќта,
     да ги гризам нивните нокти
     зборовите мили во секоја реченица,                                                        
     топлиот нивен допир,
     или дојди или не доаѓај,
     продолжи ја неизвесноста, зашто
     да те немам е преголема казна,
     а да те имам, невозможна награда.

     Најповеќе ми требаш, кога луѓето исчезнуваат,
     кога не ги познавам старите добри пријатели,
     тогаш луѓето исчезнуваат и знам дека е тука
     во ноќта секое твое прсте
     да ги покрие очиве, ушиве и устава,
     да постојам и само да дишам
     со тебе кога не можам да гледам како
     луѓето исчезнуваат.
     
     
     


Изменето од aphrodite - 14.Јануари.2009 во 05:53
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 15:37
СТРАЖАР
Белите ѕвончиња на твоите насмевки
Имаат вкус на магловити утра во есен
А од песната им мириса
скршениот мирис на подранетиот снег
кога уште не бевме подготвени
за плетење венц од Невени

Далечино моја,
На мостот до тебе што води
Болката стражари над скаменетото ехо
На белите ѕвончинја на твоите насмевки.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2009 во 23:22
Ќе бидам човек
дур туѓата радост
не ме растажи.
После ќе плачам
во себе,
за себе...
...што сум божилак
без сонце...
...што сум дожд
без облак...

Изменето од Quentin - 14.Јануари.2009 во 23:23
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 11:30
КРСТОСНИЦА
На автопатот на мислите
ти стоиш како крстосница
- сите патишта
кон иста цел ги узмеруваш.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 15:19
ЗРАК
На Краљ и на Бокас
Малку светлина остана во мракот
зрак еден само...

Одблесок крвав на ножот
со кој ги заклаa
јагнињата на нивниот сон

Toj mожe да го фати
и да искови од него стих...

Но што попрво да каже во него?


Изменето од majstorce62 - 17.Јануари.2009 во 17:11
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 14:25

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 15:37
М Л А Д О С Т

Никој нема очи како твои
црно гројзе не набрано
ниту усни мед медени
гради галеле*и бели.
Боси нозе по ливада росна чекорат
коса што на утро рано мириса
нежни раце,прсти што зрело јаболко берат
нежна бела кожа што на памук потсеќа
Допрена од бурен ветер
милувана од сонце на љубовта
искапена од брза река
желна за љубов,љубен чекаш.

Даница Петровска „09„
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 21:20

Љубов и само љубов
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 22:45
x x x

Неодложна обврска
Некој шеф те бара
Неопходен си некаде
Важни гости пристигнале
Нема која да ги пречека
И смести во добар хотел
И нагости
И упати во тековната состојба
И прошета
И забавува
И покаже знаменитости
За доброто на фирмата
За доброто на земјата
За доброто на народот
За наше добро
Вечерата ке го израдува Џеки
Свеќите ќе се најдат
Кога ќе нема струја
Фризурата сама ја правев
А утре и онака ќе се стрижам -
Голема работа


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 115116117118119 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.