|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 111112113114115 146> |
Автор | |
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лавицата
Во тивките ноки ... таа лебди нанапред движејки се...брза...високо каде што оди, во темните ноки... да го пронајде сонот, што носи ... мир.
Во сонот нејзин... таа талка барајки замислувајки си желба...на ѕвеѕдите...горе дали засекогаш, осамена ке биде или среката, конечно ке ја пронајде...нејзе.
Низ сребрените месечеви ѕраци нокта ја бара... ... засолниште во нечиви раце ангелски крилја ја носат... дали ноква... ке биде таа нок.
Лавицата што лови... се врака во домот...и низ вратата...легнува на ладниот кревет на усните...траги од крв, во срцето дождови...и леат на снагата недопрена...уште една луѕна... од гонета жештина, душата е жедна... ...див сензуален глад...никогаш неспоменат.
Во нејѕините сништа, таа цврто го држи и само тогаш е прекрасно...се... безброј пати, таа посака...да не се разбуди сепак, кога се буди...сонот...изчезнува...повторно...нок за нок...ден по ден...
Сама, таа седи и го слуша... ...звукот на тишината како и пее тажно... и харфи, и виолини... мелодијата толку позната, нејзе ... за... ... дамата со празни раце, и скршени сништа. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некажано
Немам недоубиени мисли, облаците ми се од хартија, снеговите од бели конфети, a автобусите од разминувачко својство на вртоглаво заминување. Со солзи не се плаче, знај. Нешто одвнатре ме тера да ми недостигаш и кога си тука, нешто одвнатре ме тера да го барам твоето рамо, кога студови надоаѓаат, кога крилјата ми тежат, кога лисјето ме натрупува со бледи приказни за подемот и падот. Во ноќите кога се гушкам со смртта, ти доаѓаш да ме одлепиш од неизбежното, некажаното, несетеното... Со солзи не се плаче, знај. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со посвета...
на личноста што мисли дека никој и' нема посветено песна... Има уште многу битки во кои твое копје не е кренато и многу полиња на кои твое знаме не е развеано. И нека е така. Сенките се граници за луѓето што љубат, само за да бидат љубени. Еден ден ќе си ја пронајдеш светлината и сите темни улички ќе го молат твојот чекор за прошка. Еден ден ѕвездите што ги ковам со стихови, ќе те греат а ти нема да се возгордееш пред студот на другите. Еден ден ќе собереш сила да ја протолкуваш мојата немоќ, моето отсуство, мојата тишина. Каква среќа е јас и ти да сме две соседни плочки од сложувалката. |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Desirable
Her name...
intimate thoughts, of my imagination becomes revealed as she undresses in the moonlight... Desirable one... on her pillow is a single long stem red rose her shadowlike room decorated with sweet candlelight... I love you... loving words, lingering from her sweet lips I love being inside of you her naked body...to caress...to explore... Oh, desirable... tasting sweetness, as I kiss her body so sensually for her, to want me much more... She's beautiful... her lovely eyes, hold the warmth of the sun I feel wondrerful a glorious taste of passion within... I'm your slave... marveling at her every curve so seductively oh, you're incredible echoes of her soft moan, lingers into my ear... I wish every day... irresistible pleasures keep filling the air romance leads to a jurney, expresses the true depth... Desirable... lightly stroking her fingers against my skin ooooh, baby that feel so good her intimate shiver, i can feel her... ...the desirable one. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Песокот истекува, ги броиш втренчено ситните зрна на твојот јад, не гледај, не број, let go. Изменето од filmadzijka - 04.Декември.2008 во 09:07 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРОСТУМ
Кога спориш со духовите на минатото на напрегај се да пронајдеш зборови со кои ќе ја оправдаш твојата неразбраност, само признај дека грешката е во тебе и намигни му простум на кочијашот време да ја потера со песна запрегата од светлина... Кога спориш со духовите на минатото бар степеник еден погоре биди од твојот обид да излезеш од јајцето на вистината, протегни ги само нозете во прашината на денот што зад тебе останал Простум, како нова цигара кога палиш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДИСХАРМОНИЈА
Крцкаат коскиите на мракот сива мисла создава накот на потрошени зборови Адресата ја запишав на кутија цигри пред да ги направам со пасија последните три скусувања на животот А што ќе ми е адреса на која никој не живее Пулсот ми е обична гребнатинка со ноктот на стравот модифицирана на ѕидот на стивнатите насмевки Не барам ништо што немам а тоа што го имав веќе го дадов - трчам по ветрот за нешто што не ми треба. Можеби ќе се стасам самиот на разминот со мојата луда желба за живеење... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
beli vrvovi -
otfrlen od jatoto prazen list vo let Изменето од filmadzijka - 05.Декември.2008 во 11:34 |
|
Anthony
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 3379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
you are my sunshine after the rain
you are the cure against my fear and my pain 'cause im losing my mind when you are not around its all....its all because of u |
|
It’s nice to be important....it’s important to be nice!
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БРИШАН ПРОСТОР
И последниот бришан простор сами ќе го минеме - сите телефонски броеви што ги знаевме одамна покажуваат зафатена линија Распоредот на мините воопшто не е важен - те има тебе, ме имаш мене, чекорот го усогласивме на часовите на радоста кога баладите сеуште имаа вкус на овошје што зрее а утрата се будеа сред жуборлив мирис на јоргован од бавчата на твоите сончеви насмевки... И последниот бришан простор ќе го минеме сами - едниот ќе остане да ја раскаже приказната... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nebesni magli i temni oblaci
vijat ora nad nivnite glavi.. jadejki od dnite za ziveenje… a sekavanjata eden na drug, spregnati vo jaremot na ljubovta i okovani vo prangata na minatoto gi jade vremeto nepovratno…za navek…!...a tie? ..peat bezglasno! …peat tazno…! Sudbino nivna, prokolnata i zaklucena, sreko nivna nespoznaena i sama, dali si zatalkala po slepiot pat na pustinata… ili si zarobena vo bezdnata polna so trnja i kamenja..? Dlaboki vozdiski i nemi krici mectite nivni gi senat… Iskri i zraci na nadez gi skriva temninata crna… se plazi gavolot zloben i gresen na trosnata nasmevka na nejzinoto lice bolno od taga ,svenato za ljubov… a taa..nasmevkata bleda, kako pega nejasna demne nad usnite nejzini…! Ogan ja gori sekoja novorodena misla poroi ja nosat nivnata sreka nepovratno…!..a tie? …cekorat nemo i skrisno niz peplosaniot pat na zivotot, pregoren…glamjosan…pust… I sekoja zgasnata zvezda kako rozba od smrtta na iziveaniot den…!...a tie? …potpreni na stolbot na nadezta, cekaat nesto….cekaat glas… zastanati ,pred stoletniot prag od kukata trosna toj, izmaznet od stapalata na nepoznatite gosti… taa, bez prozor sto gleda kon neboto i bez vratata sto vodi kon vecnosta…! …a tie? …lipaat so usni trepirlivi,raspukani… suvi i zedni… ja stiskaat silno vo gradi ljubovta sto gori, ja cekaat vesta sto doaga… Oci zaseneti slepi …I usi sto cekaat da go slusnat i da go vidat placot nevin i bez solzi na rozbata sveta na ovoj svet, od nivnata ljubov platonska…, zadskriena vo nejzinata edinstvena zelba,i… iskazana so negovata tajna blagoslovena!. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСЛЕДНА МОЛИТВА
За нас тројцата... Остај ја болката - нека удри силно од дамарите на моето последно патување низ мртвата музика на молитвите нека се разлие низ најситните ракави на делтата на моето живење: и како девојка, што копнее за љубов, кога се разлива врз црните чаршави на презрената душа, и како бран, завјасан кон карпата на сите прадрасуди и сите неизглаголени вистини за мене за тебе за нас тројцата... Остај ја болката - нека ја создаде последната ноќ нека ме рассоздаде како да не ме било па рассоздаден да се вратам во нејзините врутоци со сите неразорени зори со сите неизболувани болести од вирусот на твојата радост, со сите оскрнавени молитви за мене за тебе за нас тројцата... Остај ми ја болката мачителке и маченичке моја оти ја создадов пред тебе да те создадам оти ја создадов светлина во мракот да ми биде во мракот што сепак светлина бил... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказна во приказна
Облак со кисело лице надвиснат како уличен насилник го истура товарот свој врз насмеаната калдрма оптегната како бесрамна девица облечена во сребрена чистота. Црн машки чадор безгрижно лебди во такт на пиано соната за четири раце - невидлив шепот и кикотење. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НИКОЈ МЕ Е СОВРШЕН Никој не е совршен но твоите насмевки чудни се и секој поглед низ нив една тула нова наоѓа за ѕидот на мојата совршена теорија за љубовта, што може да трае и после моето и твоето патување по карпестите предели на воздишките, столчени од зборот недоречен, како две зрна неизртена надеж во окото на свенатиот сон... Никој не е совршен но твоите шепоти мевлем се па секој нов ден една плускавица, со насмевка, во душа расцутува, а ноќта стекнала навика да ги пресликува во утрото содржините на совршените платна на љубовта, за која знаев дека извор скрит има кај што никој никогаш не погледнал со очи од копнеж пребликнати, а да не се урочил... Никој не е совршен... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 111112113114115 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |