|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 146> |
Автор | |
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Б О Ж И Л А К
Бура,ветер силен,дожд студен грмотевици осветлува небо зад облаци темни сонце сокриено. Молитва,песна пеам, смилувај се буро,венец плетам на мојот љубен дар го подарам. Секавици сопрете, ги плашиш моите птици весели на мојот љубен песна не пеат. Облаци темни растерај сонце сакам да засвети на мојот љубен топлина подари. Молитва,песна пеам, растераа грмотевици,темни облаци распрскаа на мојот љубен песна за божилак пеам. Даница Петровска „08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Патеки Полека,доаѓаме до крајот
на зедничката патека.
Ќе остане недоодена
недоречена
недоплакана
Што е животот...хм...
некогаш,животот беше
твојата насмевка
нејзините очиња
неговото носе
твоето срце
твојот здив
Ќе останат зборови
грди,празни,невистинити
зборови изречени во лутина
во љубомора
во љубов
Насмевките ги изгубивме
на патеката која не води никаде
ги загушивме
ги здробивме
ги растаживме
ги огрдевме
Усните,меки,топли
некогаш насмеани
сега модри,испоганети
прегризани,
искривени во безгласен крик
Само очите,тие кукавици
сеуште слепо ги следат
твоите стапки
по пеплиштата низ патеката
која води секаде
само не до тебе
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАРИЈАЧИ ОД ТВОИТЕ ВРУЌИНА УПИВА И ТОГАШ, СЕ‘ ЌЕ ТИ ПРИЗНААМ
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАД ОКОТО ОКО
На Мина Зад окото око, Сокриен глас во мисла на телал зловесен Што скокот го притаил зад грмушка распламтена, ко мачка трпелива плен што демне - црна игра над црнина црно кога црни... Зад окото око. Гладни заби на волчица препредена Клуч изглодале за адските врати Кај ниедно око опул не може да прати - мустра за љубов од љубов надљубов не се зема Зад окото око Жива вар крв човечка со бакнеж гори... Страдание ли е, откупнина ли чесна, Или меч над главата моја, твоја, нечија... Зад окото око, Мирот миро бара да се помироса мирно - клокотат реки нескротлива сила.... Зад окото око, Виеж болен на човечка немоќ сред причесна света... Зад окото око... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ц Р Н И Л А Никодин послуша,ги пушти лавовите, урликот нивен црното небо го стресе, се отвори небо,секавични јазици истури двоглави, црни орли ,страотен писок од криви клунови. Шепи,остри канџи пресекоа двоглави орли, црнила потекоа врз земја напатена, сонцето изгреа,ги запали црнилата. Небото се отвори,дожд пролеа, испра земја разголена и напатена писокот грозен страотен и грозен исчезна. Виножитото се разлеа,нов ,светол ден се раѓа. Петровска Даница „08„ Песната е посветена на еден мој виртуален приател.Тој има своја лична страна за поезија.Посетете го http://www.cernodrimski.com/ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И Џ И Н И Т Џинит повикан од неспокој гнасни усни,отровни зборови црнило во срцето и очите Смртнику!Имаш ли душа? Џинит е тука повикан од темнина демнее над твојата душа Кутар човеку!Што те чека? Џамии се молат,се тресе небото Иџиминт!Црни јавачи доаѓат млада девојка невинос ја губи дете мајка,татко не препознава. Сенка на злото налегнала, месец потемне,дожд непаѓа, земја моли,утеха бара многу млади тела ќе покопа. Крик во етер ќе исчезне смртници крвава игра играат фатени за раце коло непознато играат Иџинит го собра својот плод на смртта. Даница Петровска „08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
М О Л К Исчезна трагата,ниту стих, зарем молкна ти, ти што перото се знои помеѓу прстите непресушен извор дали пресуши. Може*и мислите избегаа, или си осамен штом ноќта те повикува, дали ѕвездите што трепереа згаснаа студиј во нив царува,молчат тие,молчиш ти. Може*и студој прсти ти згрчи Септември птиците ги растера,одлетаа одлета и мислата со нив, не,твојата мисла секогаш е тука чека да долета со птиците. Даница Петровска „08„ Посветено на Поетот Никодин |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Засрами се. Срам да ти е! Ме исклучуваш,вклучуваш, робот од мене стори, старо радио си што мрмори. Засрами се! Ме соблекуваш,облекуваш, барбика од мене стори, запалено шкорче си што гори. Срам да ти е,засрами се! Немаш ситка,многу зборуваш, маки разгоруваш,најди друга мивка јас сум зрела сливка. Д.П 2008 |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Р А З М И С Л У В А Њ Е Кога облекуваш чевли дали размислуваш, каде сум тргнал,каде да ги прошетам нозете дали е долга патеката по која ќе одам може*и движењата ќе бидат тешки. Може*и ќе подзастанам,ќе се премислам дали да продолжам или се вратам надвор секако паѓа дожд,се истури небото подобро е да се вратам ,чевелот ми е скинат. Долго паѓа овој дожд,темни се облаците чадорот го потрошил своето време ќе накиснам од силни,студени капки улиците се празни,кучиња скитници талкаат. Сепак, потопло е во твојата соба секако дека останувам со те*е прегрнати ќе пиеме црвено вино вистината во нас ќе зборува. Долго размислување,не размислувај постелата сеуште е тола од голотија по топло е во мојата соба,сеуште те чека те чекам и јас ,разголена без размислувања. Даница Петровска „08„ За сите љубители на пишаниот збор. Поети,измалтретирајте ја хартијата и уживајте во пишување |
|
Љубов и само љубов
|
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Сеуште сте тука, жетвари на голи коски , црни соколи ,пискотници,крикови жетвари,ѓаволи,сотони. Жнејте жнеј, неможете да и жнеете, не има премногу, како плевна сме,насекаде не има. Пискајте црни соколи, ќе затае крикот штом севишниот пресуди, штом правда ќе пресуди, штом жетвари ќе покоси Даница Петровска Извадок од Ангелски Шепотења-инаку јас со Никодинц Цернодримски подолго време пишувавме задно. http://www.cernodrimski.com/-посетете ја оваа страна со поезија. |
|
Љубов и само љубов
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
QUATTRO STAGIONE Сакам да ти напишам убава песна но како кога јас не сум убава. Сакам да ти заиграм заводлив танц но како кога не сум заводлива. Сакам да ти раскажам весела приказна но како кога не сум весела. Сакам да бидам силна како тебе - да те понесам како непобедива вода да те облеам како благородна светлина да те восхитам како вулканска планина - но јас не сум ти. Можам само тивко да те сакам без песни, танци и приказни, без поплави, суши и ерупции и да се повторувам во четири банални верзии како четирите годишните времиња. Изменето од filmadzijka - 16.Ноември.2008 во 15:07 |
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
С О Н Еднорог на сон ми дојде измамена сум со неговата песна јас не сум девица за да ме посака во мене имав ЉУБОВ Универзум... Дел сум од таа претстава... ѕвезди,мали,сјајни... Данице,ѕвездо водилке еднорогот во мене спокојно заспа. Даница Петровска„08„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во шарени пижами по домашни влечки, ти и јас се лизгаме на мраз. На трибини седат посматрачи ретки и чекаат аксли, салта, пируетки. Првин водев јас, а потоа ти, сè побрз и полуд и похрабар си. На музика сенишна, хистерично дива, ме вртиш во круг - вртешка сум жива. Кон публика праќаш бакнежи галантно, ме фрлаш во вис сосем ноншалантно. И додека летам здрвена од шок, под јорган ме враќаш „Си смрзнала... цмок.“ Изменето од filmadzijka - 21.Ноември.2008 во 17:19 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова утро рано
ти ми дај рано а ти ми велиш дали нормален сум ја. По гаќи само ти заспала си онака со раширени ноги така што ли сонеше ноќва дур таму гледав на средина ја у влажно кругче кај се створи и кој ли со себе да се бори дур брадавици ко ракети кон плафонско небо се стремат. Да те будев ќе се раздереше знам прв пат не ми е во моменти такви со болка во уши невини сеирџиски утрото да ми се кези. |
|
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |