IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 146>
Автор
Порака
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 21:14
Никој, никогаш...

Поплочи го утрото
со сознание дека
никој, никогаш
нема безусловно да
ти се предаде.

Тргни кон небото,
знаејќи дека
никој, никогаш
нема да те поткрене
на раменици
за да го дофатиш.

Фантазијата ќе липта
за ангели со светли ореоли,
но ти оди спроти ветрот
и не врти се.
Нема ништо толку неодложно,
нема никој толку неопходен,
овде, на оваа пространа ледина
со измислени ликови
и однапред напишани реплики.

Овде, никој, никогаш
нема да биде прегрнат
без да биде задушен.
Никој, никогаш нема
да биде бакнат,
без да биде исплукан.
Никој, никогаш нема
да биде сакан,
без да биде раскрвавен.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 20:41
Време е да одам
и некоја планина да срушам,
доста беше шупчење.
Време е звезди во в џеп да ставам,
небо празно да оставам,
доста заебанции биднаа.
Време е лош да се биде
со лошите
додека цвилат под петица тешка,
доста вртев образи
и кошули раздавав.
Тој што бев умре
го дадов на вците
им го зедов крзното
облека не менувам никогаш
макар смрдел до небо и назад,
доста беше
други да седнат,
а ја да стојам.
Упс ! Пак сум сонувал
безвезе нешто,
ама ајде што ми е убаво
кој да рече може као ја
кичма да свитка
стопала да си баци,
а за други да збориме треба ли ?
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 18:10
Бесмртни

Си играме,
се бркаме,
се тркаме,
потскокнуваме на една нога,
правиме коло напред,
правиме ѕвезди,
се тркаламе,
се превртуваме,
се скокоткаме,
се кикотиме,
се смееме,
се радуваме,
веруваме,
дека оставаме
симпатични отисоци во времето.
А времето е ситен песок
на сончев брег
што рамнодушно ја чека
следната плима.


Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 22:13
Не е денес ден
кога во ред
се треба да биде,
едноставно,
не е таков ден
кој е еден од многуте
кои да ги засереме мораме
само колку да си потврдиме
дека среќата
за некој друг е.
Не е денес ден
кога треба да се смееме
иако сите услови ги имаше,
а нас цената само не интересираше
и во која грмушка
зајакот се криеше.
Лесно да се вели дека се сакаме себеси
а колку ли вистина
имаше ?
Да се сакаш себеси
значи безусловно сакање
тебеси,
да се загубиш не можеш
кога пресметки ќе баталиш,
кој зема,
а кој доби
илузија на надмоќност глупава.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:24
Допри ме душиче
онака како знаеш
најдобро да умееш,
предаден со секој дел,
не си требам
онака како те имам.
Секоја мисла твоја
оваа ноќ
во сон нека ми биде
како слика
илјада зборови што збори
да видам
она што никој нема да види
она што чудо те прави.
Секоја моја мисла
за тебе видлива е
пред очи твои самовилски,
отворен за тебе
не ми треба ништо за мене,
Кон врв
butterfly5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterfly5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 23:34
нека не ти биде само сон,
нека не ти биде само желба
сакај но со срце и душа
и ке ти се остварам,ке те погалам
видлива секоја болка и тага за мене
и секој миг сакам да ја фатам
таа тага и болка,
да ја ставам во врекјава што ја чувам,
ја полнам со сета тага,болка и несрекја
што ке ја сретнам,
за да ја запечатам утре
кога ке биде полна
и да му ја вратам на ѓаволот клет
кој без срам ја посеа ливадата на срекјата
со семе од црнила и јад....
ке зажали...оти ке му ја вратам назад..
но сега преобразена од човечки јад,
забиберена ке му биде со злоба,
засолена со сите солзи
и самиот ке гори во сопствениот пекол
кој сам си го креира
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 01:02
Кино

Спокојно спиј си и не се срами
што денот бездушен те совлада
со тупаници од залудни обиди
и клоци од неисполнети очекувања.
Моето рамо е меко и гостопримливо,
а твојата коса не ме скокотка по вратот
и подраснатата брада не ме боцка.
Редарот е свикнат на двојки како нас
стиснати во задните редови,
а ние сме обѕирни, пристојни и мирни -
немаме мобилни, не грицкаме семки,
и не пукаме балони од гума за џвакање.
Спиј си слободно и не бери гајле,
нема ништо невидено да пропуштиш:
ни очај, ни бес, ни радост, ни страв;
ни мене нема да ме пропуштиш,
оти ти си ѕвездата во сите мои филмови.






Изменето од filmadzijka - 25.Октомври.2008 во 23:58
Кон врв
zumbula Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zumbula Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 11:10
Vo son mi se javi
javeto son mi se stori
mi se stori javacot
na jave li go sonam?

Ako samo prostam
prosto li ke bide
ke bide li prosteno
ako prosta bidam?
Кон врв
butterfly5 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterfly5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 11:16
Се будиш,
ги отвараш очите со желба
исцекуваш,бараш со тие две езера
длабоки неоткриени,
И одеднаш заматена вода во езерцата мали
свакјаш дека сум била само во твојот сон
таму сме биле слободни,диви
како деца разиграни
низ зеленило растрчани...
Не тагувај мило,
не ја загадувај чистотата
на душата твоја,
не го губи сјајот во окото твое
Оти јас сум тука иако ме нема
испружи ја раката,почекај,
затвори ја дланката,
затвори ги очите...
Ме осекјаш?
Допри ја дланката на образот твој
и почуствувај го најслаткиот бакнеж
кој ти го пракјам.
Тука сум мило,
само треба силно и искрено
да ме посакаш,и ке ме имаш.
Кон врв
stasi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stasi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 18:44
Sakam da mu kazam kolku mi znaci
Sakam da mu kazam kolku go ljubam
Sakam da kazam,eh neznam sto
Znam samo deka poleka se gubam
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2008 во 21:31

Вярвам във вдругиден

The%20image%20“http://davinciautomata.files.wordpress.com/2007/06/clock_screen02.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

Вярвам във вдругиден,

а утре ще я срещна,

да, вярвам във вдругиден,

затова защото утре вече ще бъде минало.

 

Вярвам в утрeшната първа минута,

Минутен допир за добре дошъл,

И добре заварил, е влято в нея,

И на смях ще почне минута втора.

 

Вярвам във вдругиден,

Тогава и минута трета, е минало.

И с нея минала минутна усмивка,

Тя вдругиден ще бъде запомнена.

 

А утре в минутата четвърта,

Когато погледите се срещнаха,

Чакайки я петата дълга като седмица,

Завърши в песента моя... ало, ало ... тишина

 

 Вярвам във вдругиден,

Когато утре ще е вече минало,

Когато ще бъде, както е трябвало да бъде

Пожелавана негативна минута шеста

 

Вдругиден ще знам, че заминах.

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 21:18
Шеќерче

Многу прашања
беа одговорени
од пепелта што
ја разнесе ветрот
и го означи
моето распаѓање.
Шините на
кои го слушав
доаѓањето на возот,
сега шепотат за
откинати глави
и заборавени куфери.
На патот
кон зајдисонцето,
сум тргнат со мисла
да играм
криенка со небото,
и да не го поплукам
штом ќе го пронајдам...
(Како шеќерче
во детската игра.
Наивно,
мало,
немоќно,
што секогаш
одбира очигледни
места за криење...)
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 00:18
Go gledam gulabot na granka
dodeka stojam so prazni race
premrznat i bez palto
koe ne mi smetase
sto go nemav,
dodeka nadezta me greese
dodeka gledav nestplivo vo dalecina
da prepoznaam
poznata silueta
koja naiduva.
Sega samo ocite gi zatvoriv
izbegnuvajki da go vidam likot svoj
vo virceto valkano
kade zabelezliv e samo
pogledot na malo kutre
izgubeno i civkavo
gladno i premrznato
so mala tocka nadez
vo zenica sto se gasi.
Кон врв
ExEption Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ExEption Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 18:56
Дали сум сега тука
Или некаде таму?
И додека се обидувам да сватам
што ме донесе овде
светам како лист по дожд,
а некој се обидува да ме стигне
и да ми каже дека нема
КРАЈ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,188 секунди.