|
Фан клуб Горан Пандев |
Внеси реплика | страница <1 910111213 22> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Атлетико ќе го купи Горан Пандев
*Шпанците утре во Рим со 15.000.000 евра за потписот на најдобриот фудбалер на Лацио Горан Пандев е на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид. Најдобриот фудбалер на Лацио и на Македонија треба да биде главното засилување за тимот од "Висенте Калдерон" за настапите во Лигата на шампионите. "Македонски спорт" од блиски извори дознава дека делегацијата на Атлетико Мадрид утре ќе пристигне во Рим на финални преговори со Лацио, Пандев и менаџерскиот тим на нашиот фудбалер. Цифрата која клубот од Шпанија е подготвена да ја плати за потписот на Пандев изнесува 15.000.000 евра. Понудата на тимот од Мадрид е актуелна од пред 3 недели и барем засега тие се најконкретни во обидот да го купат Пандев од Лацио. Атлетико Мадрид инсистира да го донесе Пандев во своите редови уште во овој зимски преоден рок. Овој клуб пролетва игра во 1/8 финалето од Лигата на шампионите против Порто. Шансите за трансфер на струмичанецот во Мадрид се големи со оглед на тоа дека тој с$ уште не го продолжил договорот со Лацио, а по крајот на оваа сезона за цифра од околу 3.000.000 евра би можел да замине од "Олимпико". Пандев - Агуеро - Форлан!!! Тоа е машината за голови која ја сонуваат луѓето и фановите на Атлетико Мадрид. Дали ќе дојде до трансфер, ќе покажат следните 2-3 дена. До деталите за сериозноста на преговорите со Атлетико Мадрид стигнавме откако цела Европа беше бомбардирана со веста дека Пандев во јуни ќе го засили Баерн Минхен. Баерн не се дава - 18.000.000 евра Викендов медиумите го преселија Горан Пандев во Баерн Минхен. Трета најава дека струмичанецот е пред портите на клубот од Минхен. Нагласено беше дека Баерн подготвил последна понуда до Лацио, која е тешка 18.000.000 евра. Пандев би заминал во тимот на Клинсман како замена за Подолски. Веќе видена приказна која трае со години. Така барем беше во деновите од ланскиот зимски преоден рок и во текот на летната пауза. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Italy - Coppa Italia
FT Lazio [2 - 1] Juventus 34' [0 - 1] M. Marchionni 65' [1 - 1] G. Pandev 78' [2 - 1] T. Rocchi |
|
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GOOORAN PAN-DEV!
Bravo dete! |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фиорентина во нов обид за Пандев!!!
Горан Пандев ќе биде главна трансферна цел на Фиорентина во летниот преоден рок. Тоа го јавува познатиот весник "Газето дело Спорт" кој во текот на вчерашниот ден најави дека најдобриот фудбалер на Лацио би можел да биде големо засилување за тимот од Фиренца. Оваа најава не е ништо ново кога станува збор за интересот на Фиорентина за Горан Пандев. Во текот на секој преоден рок првиот човек на "виолетовите", Панталео Корвињо, се обидува да стигне до потписот на фудбалерот од Македонија. Според печатот во Италија, токму по крајот на оваа сезона се очекува да следи новиот и финалниот обид на Фиорентина за Пандев. Парите за тимот од Фиренца не би биле проблем затоа што со продажбата на неколку фудбалери овој тим има буџет летово да донесе екстра ѕвезда, а прв пик е токму нашиот репрезентативец. Пандев има договор со Лацио до 2010 година, но за неговиот потпис има силни понуди од Атлетико Мадрид и Баерн Минхен. Сепак, Фиорентина се надева дека блискоста на овој клуб со менаџерите на фудбалерот ќе им донесе полн погодок и големо засилување за новата сезона. Покрај Пандев на списокот на желби кај Фиорентина е и Мауро Зарате, клупскиот другар на струмичанецот во Лацио. Ako misli da odi vo Fiorentina moze i da ostane vo Lazio sto ima vo nekoj klub da odi sto e na isto nivo so segasniot klub na Pandev...ako misli da odi negde togas vo podobar klub dodeka e vo forma i i ma shansa posle veke ke e kasno... |
|
|
|
karlo_mkd
Нов член Регистриран: 30.Март.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
никој од лацио не призна и нема да признае дека лацио без пандев е НИШТО
сите викаат добар е ова она а никој не се најде да каже дека он е најдобар еве на која утакмица не игра готова лацио ко изгубени тоа што има слаба плата тоа башка овој инзаги има поголема од недо а грее клупа абе тоа тие... |
|
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интер и Пандев во нова љубов!?
Горан Пандев во јуни би можел да го засили Интер и да се врати во својот матичен клуб од Италија. Оваа вест вчера ја пласираше интернер страницата "итаспортпрес", а истата беше пренесена од речиси сите медиуми во оваа земја, но и од веб-портали од целиот свет. Пандев во Интер!? Колку е тоа можно!? Сепак, се напоменува дека Интер и фудбалерот од Македонија ќе имаат нова љубов која беше раскината во 2001 година кога младиот талент беше дел од трансферот на Дејан Станковиќ во Интер кога "нероаѕурите" во тоа време спасија 4.000.000 евра, но сега цената на Пандев е околу 15.000.000 евра. Интер деновиве бил подготвен да му понуди 5-годишен договор на Пандев кој би имал важност до 2014 година со што фудбалерот од Струмица би се вратил во Милано. Шпекулациите околу неговото враќање во Интер и интересот од првакот на Италија не се нови. И во зимскиот преоден рок имаше вакви најави кои велеа дека во јуни ќе може да се случи овој трансфер. Речиси е сигурно дека во преодниот рок кој следи и по крајот на оваа сезона Пандев ќе бара нова средина. Тој и Лацио не го обновија договорот кој има важност до 2010 година и според правилата на ФИФА во јуни истиот може да се откупни за сума од околу 2,7 милиони евра. Веќе на големо се коментира дека Атлетико Мадрид и Баерн Минхен ќе ја водат главната битка за потписот на Пандев иако ситуацијата постојано ја следат екипите од типот на Зенит, Тотенхем, Фиорентина, Валенсија... И овие екипи имаат понуди до менаџерите на нашиот најдобар фудбалер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лацио во паника, Пандев заминува...
Само неколку дена по римското дерби и по голот во мрежата на Рома следи нова офанзива низ медиумите во Италија кои се преплавени со шпекулациите за иднината на Горан Пандев. Македонецот си оди од Лацио, а клубот е во паника. Пандев се уште не го продолжил договорот со римјаните а сезоната завршува. Лацио нема финансиска моќ да ја добие битката со гигантите кои се борат за потписот на Пандев. Струмичанецот е на слатки маки, а доаѓа времето кога треба да се стави крај на сите дилеми. Нервозен е Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио, кој конечно призна дека за Пандев има понуди од големи клубови како Баерн Минхен и Ливерпул. "До 30 април треба да ги решите сите дилеми со Пандев и Зарате. Имавме многу состаноци и преговори. Мислам дека со двајцата ќе ја завршиме работата. Тие се иднината на клубот. Пандев има понуди од клубови кои во моментов имаат посилна финансиска моќ (Баерн М. и Ливерпул), но тој сака да остане во Рим. Ние на неговите менаџери веќе му понудивме нов петгодишен договор со тоа што првата сезона ќе игра за плата од 1.500.000 евра, а потоа цифрата ќе се зголемува", панично кометира Лотито за весникот "Ил Темпо". Е ова е нешто ново!!! Ова се вика паника затоа што барем досега Лотито многу се ценкаше кога станува збор за Пандев, чиј услов беше да има годишна плата од 2.000.000 евра место досегашните 600.000 евра по сезона. Лотито долго споменуваше цифри од 800.000 евра па и 1,2 милиони а еве го сега и со понуда од 1,5 милиони евра. Стравува дека Пандев си оди, а стравува и дека Лацио нема добро да наплати за слободата на Македонецот. Во јуни менаџерите на нашиот најдобар фудбалер можат да го активираат правилото 17 на ФИФА според кое Пандев ќе може да си го откупи договорот за сума од околу 3.000.000 евра, што е лошо за Лацио кој многупати одбиваше за Пандев и цифри од 12.000.000 до 18.000.000 евра. Она што го дознавме е дека покрај Баерн и Атлетико стигнала и нова понуда за Пандев од Ливерпул. Се обновуваат преговорите со англискиот клуб кој ќе се обиде да им ги расипе сметките на Германците и Шпанците. Саботното дерби во Рим го следел и Свен Горан Ериксон. Тој летово би можел во Баерн Минхен или Челзи. Во неговиот нотес веќе подолго време стои името на Пандев кој би можел да замине во клубот каде за нов шеф ќе биде назначен токму поранешниот селектор на Англија. А Пандев и неговите менаџери ја добиваат битката околу тактизирањето и околу преговорите со Лацио. Летото се ближи, а со тоа се ближи и денот на разделбата меѓу Пандев и Лацио. Сепак, времето ќе покаже. Последните најави кажуваат дека фудбалерот и неговиот менаџерски тим се фокусирани кон трансфер во нова средина. За разлика од претходните преодни рокови, сега имаме појасна слика. Сега Пандев може да си замине без да го праша Лацио!!! А секој ден има нови клубови кои се на листата кои имаат желба во своите редови да го видат Пандев. Покрај трите поинуди се споменуваат уште Интер, Фиорентина, Зенит, Валенсија... Сите тие се со подобар рејтинг од Лацио и нудат повеќе од 2.000.000 евра годишна плата за нашиот фудбалер. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Neka si odi sto pobrzo od Lazio i neka si najde klub so pogolemi ambicii. Za Bayern Munchen ne sum siguren deka e najdobra idnina za nego. Najdobro e da igra vo Anglija ili Spanija, najatraktiven i najdobar fudbal tamu se igra
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ама во Англија има поголема конк*ренција,додека во Баер Минхен би бил главен напаѓач,ќе постигне многу голови и плус ЛШ загарантирана секоја година.
Според мене тоа му е најдобар избор.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se slozuvam deka vo Bayern Munchen ima pomala konk*rencija. Ama dokolku moze da igra vo Anglija, vo nekoj od pogolemite klubovi (a zamisli si vo nekoj od golemata cetvorka), kade sto treninzite se daleku ponaporni i ima golemi fudbalski strucnjaci, mislam deka moze mnogu poveke da nauci i da se doizgradi kako fudbaler.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па не можеш да кажеш дека во Баерн има слаби стручнаци и слаби тренинзи,погледни само кои играчи од светска класа излегле или пак се дооформиле тамо.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
izlegle, ama nesto poslednive godini ne im cini rabotata. Jas Bayern Munchen odsekogas sum go postuval zaradi toa sto imaat izlezeno mnogu dobri igraci, i sto sekogas igrale fudbal za oko bez mnogu kalkuliranje.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па Пандев ќе биде следниот нивен расен голгетер според мене,нормално доколку замине во Минхен.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |