IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ЦАР САМОИЛ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦАР САМОИЛ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 50>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:41
Нема потреба да пишува ЦАР МАкедонски на таа икона - треба прво се убаво да прочиташ - Значи ке преведам малку по опширно

Кога Самуил станал ЦАР тој почнал да освојува предели и народи - на иконава се искажува освојувањето на Бугарите при што кога Самуил ги покорил Бугарите станал и нивен Цар исто како што станал цар над Сербите и Далматинцитенамигнување

Во случајов Македонскиот ЦАР е прикажан како освојувачнамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:45
Е, сега веке се е jасно.

Изменето од macedon_alex - 19.Јуни.2009 во 16:15
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 11:56
газење%20од%20смеењеТи мене за вистинагазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

Далеку сте вие од вистината - кажав јас газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

И Душан е цар на Грци,Бугари,Срби,Бошњаци,Македонци и др. кои ги поробил,можеш и неговиот грбовник да го погледнеш но сепак тој е Српски цар и нема тука вистина - невистина.

Исто е и со Самуил - тој е Македонски ЦАР кој поробил доста народи и се прогласил за нивни царнамигнување
Кон врв
taanas Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 331
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај taanas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:14
Нема документ който да го провъзгласява за македонски цар! Това е една толкова голема измислица че повечето скопски историчари гледат да не я споменавт да не стават за срам пред колегите им от чужбина!
Ам Бугича не е историчар той може да казва каквото си иска -свобода на словото нали така!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:33
Originally posted by taanas taanas напиша:

Нема документ който да го провъзгласява за македонски цар! Това е една толкова голема измислица че повечето скопски историчари гледат да не я споменавт да не стават за срам пред колегите им от чужбина!
Ам Бугича не е историчар той може да казва каквото си иска -свобода на словото нали така!


Е ако де - вам може не ви е вистинито ама барем знаеме дека не е ни ТуркоМОнголски ЦАР,баш напротив тој е ЦАРОТ кој го убил и последниот од родот Дуло,последниот кој го закопал туркомонголскиот крвен непријател на Македонскиот народнамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:35

Еве дека пишува за Роман:


Изменето од lav4eto - 11.Декември.2008 во 16:19
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:40
Разни верзии на разни историчари - последно за Роман се знае дека се прогласил и крунисал за Цар во СКопје каде што и умрел од раката на Македонскиот ЦАР Самуил.

Дури се оди толку далеку што Бугарските историчари тврдат дека Романовото тело се наоѓа во една од Скопските стари цркви но Македонците несакаат да признаат дека телото е на Романнамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 12:52
Уште веднаж го има:
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2008 во 13:23
Сите кои доаѓаат од странство гледаат во Охрид тврдината каде што пишува дека е на Македонскиот ЦАР Самуил - таму има и изложено едни негови чашки од кои пиел - знаеш ли каков амблем има на нивголема%20насмевка
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 22:16
идентификувани ликовите на цар Самуил и на неговото семејство

Saturday, 22. March 2008, 00:03:55

ГИ ПРЕПОЗНАВ ЛИКОВИТЕ HA ЦАР САМУИЛ И HA НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО НА МИНИЈАТУРИ ОД 11 BEK!

За првпат досега се идентификувани ликовите на цар Самуил и на неговото семејство. Сега точно се знае кој е Самуил, како изглвдал, колку бил стар кога ја омажил својата ќерка Мирослава, на пример, како го доживеал поразот на Беласица и како бил спасен од сигурна смрт во битката кај Сперхеј. Исто така, за првпат можат да се видат ликовите на неговиот син Гаврило Радомир, неговите ќерки Мирослава и Косара, неговата сопруга Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав, заедно со неговата сопруга Марија, како и неговото високо преосвештенство Филип, архиепископ на самуиловата Охридска архиепископија.

ГИ ПРЕПОЗНАВ ЛИКОВИТЕ HA ЦАР САМУИЛ И HA НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО НА МИНИЈАТУРИ ОД 11 BEK!

За првпат досега се идентификувани ликовите на цар Самуил и на неговото семејство. Сега точно се знае кој е Самуил, како изгледал, колку бил стар кога ја омажил својата ќерка Мирослава, на притер, како го доживеал поразот на Беласица и како бил спасен од сигурна смрт во битката кај Сперхеј. Исто така, за првпат можат да се видат ликовите на неговиот син Гаврило Радомир, неговите ќерки Мирослава и Косара, неговата сопруга Агата, но и неговиот внук од брат Јован Владислав, заедно со неговата сопруга Марија, како и неговото високо преосвештенство Филип, архиепископ на самуиловата Охридска архиепископија.

Пишува Блаже МИНЕВСКИ

Цар Самуил и членови на неговото семејство се идентификувани на минијатурите од таканаречениот Мадридски ракопис од крајот на 11-от и почетокот на 12-от век, значи во време блиско по неговата смрт, односно тогаш кога уште имало живи потомци од лозата на македонскиот цар.
Ова сензационално откритие на д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, веќе предизвика големо внимание меѓу научните кругови кај нас и во соседните земји, а Фокус' за првпат ги објавува идентификуваните ликови на цар Самуил и на неговото семејство.
Главната минијатура, според која е направена идентификацијата на ликовите на другите минијатури, е од венчавањето на ќерката Мирослава со Византиецот Ашот, а цар Самуил на таа слика е на возраст од околу 50 години.
Овој лик на Самуил, заедно со уште две минијатури, се единствените автентични ликови на македонскиот цар!
Оттука, смета д-р Бошкоски, се' што досега е објавено како негов портрет е само слободна уметничка визија за тоа како би можел да изгледа цар Самуил.(гледаме,плав,висок,облечен во пурпур човек)

ГАВРИЛО ГО СПАСУВА СВОЈОТ ТАТКО

- Истражувајќи го времето на цар Самуил имав многу податоци за разни настани што се случувале, а особено интересни беа записите на Јован Скилица во Мадридскиот ракопис, но и фактите од таканаречениот Манасиев летопис.
И во едниот и во другиот извор се опишуваат повеќе конкретни историски сцени од тоа време.
Една од нив е сцената во која Гаврило Радомир, синот на цар Самуил, успева да го извлече својот татко од битката на Беласица и да го однесе во Прилеп. Една таква сцена е насликана и во една од минијатуркте во Мадридскиот ракопис, а јас успеав за првпат да ги идентификувам личностите.
На таа минијатура јасно се разликуваат две групи воини:
во првата група се коњаници во напад, а во втората група се коњаници кои отстапуваат пред неа, односно се повлекуваат од бојното поле.
Во таа група е цар Самуил со придружбата.
Може добро да се забележи дека царот е на коњот, во левата рака држи штит, а во десната копје.
Според историскиот факт објавен во ракописот од сигурната смрт го спасил синот, па затоа лесно може да се идентификува дека личноста до него е Гаврило Радомир, кој носи панцир, а третиот е најверојатно Јован Владислав, внук на Самуил, син на неговиот брат Арон.
Гонителите на Самуил ги предводи византискиот цар Василиј Втори.

За таа минијатура во литературата се знаеше само дека е мотив од битката на Беласица. Втората минијатура на која го идентификував цар Самуил е минијатурата од битката кај Сперхеј каде што Самуил бил ранет заедно со својот син Гаврило Радомир.
Во групата на непријателите го идентификував прославениот византиски војсководец Никифор Уран, кој според записите од тоа време ги убива заспаните самуилови војници во логорот.
Минијатурата покажува војници во бег, а меѓу нив свртен кон војниците зад себе е цар Самуил.
На лицата на војниците може да се забележи тага и болка.
Војникот до него е Гаврило Радомир, што може да се спореди со претходно идентификуваниот лик од битката на Беласица од Манасиевиот летопис.

За мене исклучително значајна беше минијатурата со цар Самуил на која се прикажува венчавката на неговата ќерка Мирослава.
Минијатурата прикажува церемонија на венчавка во Катедрална црква, а на церемонијата се присутни дел од најблиските роднини на невестата.
Значи, ако се гледа внимателно ќе се види дека на церемонијата на венчавката, освен младенците, се разбира, присутни се и свештени лица, група од три жени и група од тројца мажи.
Над младенците стои зборот брак што значи дека станува збор за венчавка во црква.
Над трите мажи, односно над мажот во средината, стои дека е Самуил и тоа е конкретен писмен доказ за тоа кој е Самуил.

Треба да се знае дека тоа се минијатури насликани на крајот на 11-ти или почетокот на 12-ти век во ракописот на историчарот Јован Скилица.
Значи, историјата што ја напишал Скилица била илустрирана со минијатури од анонимен автор.

Но, да се вратиме на минијатурата од венчавањето, која е многу битна за да се утврди точниот лик на цар Самуил; на неа пишува кој е точно Самуил на сликата.
Исто така, се гледа свештеникот кој помага во чинот на венчавањето, но тука, до него, е и архиепископот, кој е претставен со архиерејска облека со крстови.
Може да се види дека токму архиепископот ја става венчалната круна, а младенците стојат пред него со наведнати глави.
Невестата е Мирослава, најстарата ќерка на Самуил, a младоженецот е Ашот, византиски благородник од Солун.
Веднаш до младенците се трите жени во свечена виолетова облека, каква што се носела на дворот само во најсвечени моменти.
Бидејќи историски е потврдено дека настанот се случил во 997-та година, кога цар Самуил имал околу 50 години, меѓу жените ги идентификував неговата сопруга Агата, која е облечена во свечена облека, со златен накит и околувратник за свечени прилики.

Може да се забележи дека под свечената наметка носи црвен фустан што е исто така знак дека е владетелка и најстара во групата.
До неа е Косара, втората ќерка на Самуил и Агата, a третата жена е Марија, сопругата на Јован Владислав, внукот на цар Самуил.
Во групата на мажите можат да се идентификуваат владетелот Самуил, кој во 997-та се' уште не бил прогласен за цар.
Над него стои натписот дека тоа е Самуил, што значи дека има точен пишан доказ дека токму тој е Самуил.

По детална анализа на минијатурата може да се констатира дека Самуил бил натпросечно висок за тоа време, дека имал руса коса, бело лице и долга, светла брада.
На главата има црвена капа што значи дека е висок благородник, односно во тоа време владетел.
Само неколку месеци по венчавката на неговата ќерка Мирослава со благородникот Ашот, Самуил се прогласува за цар.
До него на минијатурата е неговиот син Гаврило Радомир, брат на Мирослава, кој носи бела капа.
На минијатурата исто така може да се види дека тој има широко лице, долга коса и виолетова наметка.
Ако внимателно се анализираат цртите на неговото лице, може да се воочи дека личи на својата мајка Агата.
Лево од него е деверот на церемонијата на венчавањето.

Токму оваа минијатура, каде што стои точно кој е Самуил ми послужи да го идентификувам него и членовите на неговото семејство и на останатите минијатури.
Така, на една од другите минијатури го идентификував цар Самуил во 1003-та година кога е поразен кај Скопје од византиската војска.
На минијатурата може да се препознае скопската тврдина, односно средновековниот град со калето.
Сепак, основна минијатура за идентификација на цар Самуил и на неговото семејство е минијатурата од венчавката на Мирослава.
Според неа, успеав за првпат да ги идентфикувам речиси комплетното семејство на нашиот најпрославен император по Александар Македонски.
Тоа е најекслузивното откритие за јавноста.

Факт е дека за првпат се знае како точно изгледал цар Самуил, но се идентификуваат и ликовите на неговото семејство.
Оттука, сега можеме со сигурност да кажеме дека за првпат знаеме како навистина изгледал цар Самуил, зашто минијатурите се од време кога можеле да постојат постари цртежи и слики од царот, но и живи современици на царот, кои го имале видено па можеле да го опишат како навистина изгледал, вели д-р Бошкоски.

МИРОСЛАВА ЈА ВЕНЧАВА АРХИЕПИСКОПОТ ФИЛИП

Се разбира, идентификацијата на цар Самуил и на неговото семејство е уште поважна затоа што станува збор, како што вели д-р Бошкоски, за најзначајната личност од средновековната политичка историја на Македонија и на македонскиот народ.
Неговото име остави неизбришлива трага врз формирањето на македонската средновековна држава, која прерасна во царство, а тој е човекот кој скоро половина век успешно го водел тоа царство, спротивставувајќи му се на византискиот цар Василиј Втори.
Според историските документи може да се утврди дека Самуил и Агата стапиле во брак меѓу 972-та и 975-та година, а првото машко дете дошло на свет малку подоцна, пред востанието против Византија во 976-та година.
Станува збор за Гаврило Радомир.
Освен него, Агата и Самуил имале уште четири ќерки, а од нив познати се само имињата на постарата Мирослава, омажена 997-та година за Ашот Таронит, и помладата Косара, со монашко име Теодора, која во 999-та година била омажена за Зетскиот кнез Јован Владимир.
Другите две ќерки, чии имиња досега не се познати, веројатно биле постари од Косара и Мирослава.
Тие, без имињата, се спомнуваат само во документи од 1018-та година, кога пристигнале со триумфалната поворка на византискиот цар Василиј Втори во Цариград.

Во 991-та година, по заробувањето на Роман, номиналниот бугарски цар врз чиј авторитет Самуил го градел својот углед и претензија за владетелски престол, фактички започнува самостојното владеење на Самуил со Македонија.
Тоа свое владеење го официјализира во 993-та година со изградбата на семејна гробница во која ги прибрал моштите на татко му Никола, мајка му Рипсимија и брат му Давид. Кирилскиот натпис на плочата на неговите родители и на брат му сугерира отворен раскин со Византија за било каква меѓусебна согласност, и значи беспоштедна борба за наметнување на Самуил како рамноправен партнер на кој Византија мора да смета. Податокот што го добиваме преку Јахја Антиохијски дека 'византискиот цар во 991-та година заминал да војува против Самоил и таму останал четири години', целосно ја потврдуваат 995-та година како прецизен датум за смртта на Солунскиот дукс Григориј Таронит.

Две години подоцна, Самуил ќе ја омажи својата ќерка Мирослава за неговиот син Ашот. Постои минијатура од битката во која загинува дуксот Григориј Таронит.
Во Мадридскиот ракопис, каде што е насликана минијатурата, меѓу другото пишува: 'Војските на Самуил го опсадуваат Солун и го убиваат дуксот Григориј Таронит'. Минијатурата е од втората половина на 12-ти век, и на неа се гледа како дуксот Григориј Таронит паѓа од коњот со главата надолу откако е прободен со копје од еден самуилов војник.
Десно на минијатурата се претставени самуиловоите војници во напад, а лево уште една група самуилови војници кои го следат настанот.
Меѓу војниците што стојат лево и го следат настанот е и Самуил на бел коњ и со копје во десната рака.
Тој е во поизразена возраст за разлика од другите војници.
До него е и една млада личност со долга коса на црвен коњ.
Ако се имаат предвид записите на Јован Скилица дека синот Гаврило Радомир постојано го следел својот татко во сите битки, може со сигурност да се претпостави дека Гаврило Радомир е човекот на црвениот коњ.
Веднаш до него може да се препознае Јован Владислав, внукот на Самуил.
Инаку, женидбата на Мирослава, ќерката на Самуил со високиот претставник на византиската власт Ашот, кој поминал неколку години во затвор во Македонија, оставила силен белег во византиската меморија за византиско-македонските борби, па затоа била интересна и за авторите на минијатурите од 11-от век.
Венчавката како значаен настан е забележана дури и во илустрираната историја на Јован Скилица, позната како Мадридски ракопис, односно на минијатурата позната како Самуил ја венчава својата ќерка за заробениот Ашот, син на Григориј Таронит.
Според мојата анализа на цртежот, настанот се случува најверојатно во соборната црква Свети Ахил во Преспа, на островот што сега преостанатите Македонци што живеат таму го нарекуваат Аил.
Како што веќе реков, на минијатурата Мирослава е претставена со долга руса коса, покриена со бела шамија и во црвен фустан, а на вратот носи ѓердан, чии детали тешко се забележуваат.
Младоженецот Ашот е претставен со кратка коса и уредна брадичка, а носи виолетова наметка.
Над благо наведнатите глави на младоженците, кои се прекриени со црвено платно, претставен е моментот кога првосвештеникот треба да им ги стави венчалните круни.

Над нивните глави пишува дека станува збор за венчавање.
Првосвештеникот што ги венчава најверојатно е поглаварот на Самуиловата црква, архиепископот Филип.
Тој носи темно-црвен стихар и фелон, а на десната рака му се забележува блед, светло-виолетов амфор, но нема други архиерејски обележја.
Во рацете држи две венчални круни.
Зад него стои ѓакон со евангелие во раката, облечен во розов стихар.
Во двете групи присутни на церемонијата се претставени најблиските роднини на Мирослава од женска и од машка страна, вели д-р Бошковски.

ПАПСКИ ЛЕГАТИ МУ ЈА ДОДНЕЛЕ ЦАРСКАТА КРУНА ВО ОХРИД

Според д-р Бошковски, потврдувањето на царската круна и свеченото крунисување на Самуил за цар можело да се случи дури по 25 декември 1000-та, односно 1 јануари 1001-та година.
Имено, тогаш и унгарскиот велики кнез Вајк од папата Силвестер Втори бил крунисан за крал и го променил името во Стефан.
Валидни документи од 13-ти век потврдуваат дека Самуил добил царска круна, односно бил крунисан за цар од страна на папски легати со што била потврдена и политичката поддршка од Рим.

Сега, откако ги проучив сите достапни документи од времето на Самуил за да ги идентификувам ликовите од минијатурите, веќе со сигурност можам да потврдам дека свеченото крунисување на Самуил за цар се извршило во Охрид, во новата Соборна црква Света Софија, пандан на Света Софија во Константинопол.
На церемонијата на крунисувањето присуствувале папските легати што ја донеле круната испратена од папата, потоа преспанско-охридскиот патријарх Филип, претставници на високото свештенство, комплетното царско семејство, сите македонски благородници, како и меѓународните претставници од унгарскиот кралски двор и од зетскиот кнежевски двор.
Свечениот чин е извршен на Велигден, Христово Воскресение, во 1001-та година.
Поради фактот дека царската титула бара крунисувањето на царот да го изврши патријархот, можно е пред самото свечено крунисување на Самуил, охридскиот архиепископ Филип, во присуство на папските легати, да бил хиротонисан во патријарх, па потоа тој да го извршил свеченото крунисување на Самуил за цар.

Во прилог на ова одат податоците дека воинствениот византиски цар Василиј Втори, набрзо по чинот на крунисувањето на Самоил, ја напуштил традиционалната проримска политика и ги заострил односите со римските папи поради нивното мешање во сферите на влијание.
На таков заклучок, меѓу другото, упатува и констатацијата на Острогорски дека 'во времето на патријархот Сергеј (999-1019) името на папата било избришано од диптихот на цариградската црква, а веќе во 1024-та година биле водени и преговори за мирно разграничување на сферите на влијание, со настојување цариградската патријаршија да добие универзалност во својата сфера'.

Како и да е, со признавањето на царската титула на Самуил од папата Силвестер Втори околу 1001-та година, во тогашниот средновековен свет се формирале три империи: Византиската империја, Светото Римско царство и Македонското царство на Самуил.

Веднаш потоа почнуваат жестоките напади на Византија за уништување на Самуиловото царство.
Една од битките, која е претставена и на минијатура во Мадридскиот ракопис на Јован Скилица е и битката на реката Вардар кај Скопје.
На чело на коњаницата која е во напад претставен е византискиот император, а над него стои текст кој кажува дека тоа е царот Василиј Втори со војската на враќање од Видин. Пред него е шаторот на цар Самуил и војниците со лица кои изразуваат болно изненадување од ненадејното појавување на непријателската војска.
Десно од шаторот се претставени двајца коњаници во бег, а над главата на првиот коњаник, кој јава на црвен коњ, стои легенда дека тоа е Самуил.
По две години уследил нов бран на византиски напади на македонското царство, кој завршил со битката на Беласица.

Засега во науката се верува дека византискиот историчар Михаил Аталијат го наведува точното место на смртта на цар Самуил, а тоа е неговата прва престолнина на островот Преспа.
Тој пишува дека по битката на Беласица, и поразот на македонската војска, нивниот водач наречен Самуил побегнал и умрел на мочуришниот остров Преспа.
Овој податок не е во спротивност со податоците дека царот ги дочекал своите ослепени војници во Прилеп.

Бидејќи кај Скилица и Зонара се забележува дека Самуил најнапред се онесвестил, се повратил, а потоа добил срцев удар, па дури подоцна умрел.
Тоа значи дека откако ги примал војниците тој заминал во својата прва престолнина Преспа за да закрепне, но од тага за големата воена загуба добил срцев удар по што умрел.

Смртта на Самуил по битката на Беласица нашла одраз и во една минијатура на словенскиот превод на илустрираната хроника на Константин Манасиј, попознат како Манасиев летопис составен во 14-ти век.
Сигнатурата на минијатурата упатува дека Самуил, откако ги видел ослепените војници, веднаш умрел од мака.
На преден план е претставена четвртастата кула, a пред неа висок дворјанин кој ги прима и утешува ослепените војници.
Војниците се со црвени капи на главата и сина облека.
Од спротивната страна е претставена помала четириаголна кула со пирамида на врвот. Пред неа е претставен Василиј Втори како седи на трон, издавајќи наредба ослепените
војници да се испратат кај цар Самуил.
Меѓу двете кули се гледаат планини кои го симболизираат просторот од Беласица до Прилеп, вели д-р Бошкоски.

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА САМУИЛ СЕ ВО ГРЦИЈА!?

Според историските податоци, веста за смртта на Самуил византискиот император Василиј Втори ја примил на 24-ти октомври во 1014-та година во Мосинипол, кога новиот македонски владетел царот Гаврило Радомир веќе го презел управувањето со државата. Цар Самуил бил погребан во својата прва престолнина на островот Ахил, односно Преспа, во езерото Мала Преспа, крај соборната црква Свети Ахил.
Археолошките истражувања под раководство на професорот на Солунскиот универзитет Н. Муцопулос, кои започнаа 1966-та година крај јужниот ѕид на црквата Свети Ахил, открија саркофаг со ориентални симболи и двоглав орел.
Во саркофагот е откриен скелет на маж на околу 70 години со скршеници на левата рака. Угледниот покојник бил погребан во свечена сребрена облека, извезена со двоглав орел.

Како што тврди археологот Муцопулос, покојниот старец на градите носел градник-панцир плетен од бакарна жица, прекриена со мали метални плочки.
Гробот бил покриен со мермерна плоча со крстови и други владетелски симболи.
Скелетот на левата рака над лактот имал скршеница која е деформирано зарасната.
Врз основа на горните показатели основано се смета дека гробот му припаѓа на македонскиот цар Самуил.
Погребните наоди покажуваат дека покојниот му припаѓал на висок општествен слој, а скршеницата на левата рака е потврда за длабоката рана на Самуил, добиена во битката кај Сперхеј.
Тоа ранување на Самуил е потврдено изворно од очевидци и записи од тоа време.

Вистината дека тоа најверојатно е Самуил е поткрепена и со податокот на историчарот Михаил Аталијат, кој тврди дека македонскиот цар умрел на островот Преспа, вели д-р Бошкоски.

Континуитет

МАКЕДОНЦИТЕ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И ЦАР САМУИЛ

Во македонската историја, цар Самуил претставува личност со високи политички, дипломатски и воени доблести; тој е цар, владетел, народен водач и војсководец достоен за партнер на визатискиот цар Василиј Втори.
Византискиот историчар од 11-от век Јован Скилица за него пишува дека бил воинствен човек кој не знаел да мирува, а Јован Геометер, визатниски поет од 10-от век, Самуил го споредува со комета и страшен виор кој гори се.
Византискиот автор Кекавмен му придава карактеристики на генијален војсководец, па вели дека битката на Беласица се случила во времето кога со нив владеел извонредниот војсководец Самуил.
Според летописот на поп Дукљанин во негово време, Грците не се осмелуваа ни да се доближат до Македонија.
Во житието пак на Свети Никон Метаноит меѓу другото стои:
Самуил со снага непобедлив и по моќ несовладлив.
Во хронологијата на Јован Зонара, цар Самуил е народен водач и трибун.

На државно-правната традиција од времето на цар Самуил се повикувале и водачите на македонските востанија против византиската власт Петар Делјан и Горѓи Војтех, а македонскиот народ подоцна постојано го спомнувал во своите преданија, обидувајќи се да си ја врати старата горделивост од времето на својот цар.

Македонските востаници од почетокот на минатиот век, исто така, заедно со Александар Македонски, редовно се повикувале и на славата на цар Самуил.
На 24 јули нов стил во 1901-та година на ден Иванден била формирана првата Охридска комитска чета, а на свеченоста по тој повод Атанас Кецкаров пишува:
Игуменот на манастирот, Атанас Темјанов, облечен во најскапата свештеничка одежда го прочита молебенот, ја освети и ја благослови воскреснатата самуилова војска. Охридскиот војвода Христо Узунов во својата коресподенција го крунисател псеводонимот Самуил, а Крсте Петков Мисирков вели дека Македонците имале силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература.

За Христо Шалдев, член, секретар и претседател на ТМОК од 1901 до 1905-та година, цар Самуил и како политиар и стретег му се приближува на генијот на Александар Македонски.

Дури и на Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински на 2 август 1944-та година, во повеќе документи е потенцирано дека македонската држава е продолжение на средновековната држава, а цар Самуил му припаѓа на историското наледство на македонскиот народ, вели д-р Бошкоски од Инстутитот за национална историја, кој прв го идентификува цар Самуил и неговото семејство на минијатури од 11-от и 12-от век.
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 10:18
Samuel tsar of Macedonia
died Oct. 6, 1014, Prilep, Macedonia
tsar of Western Bulgaria, or Macedonia, from 980; his realm was successor to the First Bulgarian empire.
Ruling originally in Macedonia, Samuel then conquered independent Serbia and further extended his power into northern Bulgaria, Albania, and northern Greece. He established his capital at Ochrida (now Ohrid, Macedonia) and revived the Bulgarian patriarchate. In the 980s he defeated the Byzantine emperor Basil II Bulgaroctonus near Sofia, but from 997 the intermittent struggle with the Byzantines went against him. Finally, on July 29, 1014, Basil overwhelmed Samuel in the Battle of Belasitsa. At Basil’s order, the Bulgarian prisoners (said to number 15,000) were blinded and returned to Samuel, who fainted from shock and soon died. He was succeeded by his son Gavril (murdered in 1015) and a nephew Ivan (killed in battle in 1018), after which Bulgaria became a Byzantine province.


http://www.britannica.com/EBchecked/topic/520801/Samuel
Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 15:29
Ерменец е....
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 17:04
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

Originally posted by Тречи Тречи напиша:

Ерменец е....


a stanal blgarski car.....



Човекот неможе да бил бугарски цар, зошто во тоа време не ни ја земал бугарската круна, туку добил посебна круна од Рим од папата Григориј V(бугарската круна била во Цариград), а колку што знам Самуил и неговите браќа еднаш се кренале на востание против Борис и Роман, а и кога Борис станал магистер во дворот на Цимиски, он не сакал да се врати во Бугарија и да владее со Бугарија...



Изменето од Vladimir88 - 22.Декември.2008 во 17:04
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2008 во 17:06
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:


Добре - Самуил не е Бугарин, коj е станал цар на Западна Бугариjа... Има ли уште нешто спорно?



Бегаш од вопрсот... Тие са царе на Источна Бугариjа, а па Самуил е цар на Западна Бугариjа...



Самуил и да е цар на Западна Бугарија, сепак го титулирале како цар од Македонија, се знае и зошто во тоа време Бугарската империја имала јако влијание создадено уште од времето на Симеон Велики кој и самиот се има прогласено за цар на Бугарите и Ромеите, ајде тогаш ќе испадне дека и влашкото население, и грчкото, и српското кое било под управа на Симеон било бугарско...... а Петар се знае исто така чив син бил, прашањето е зошто толку бунтови против синовите на Петар...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 50>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.