|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Автор | |
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦЕНА
Ја одрав кожата на најмеката ноќ да направам плико за твоите мечти... Ја затворивме муграта со нашата занесеност, птиците ја заборавија песната во нотите на тажниот харфист, твојата коса сеуште мирисаше на озон од некој стар дожд - беззначајно... Расчисти ги тулите од ѕидот, велиш, сеќавањата се црни гаврани од очите на сонот жедта ја гасат... Полесно е сам себе да се расчистам, да се затворам во штурилото на сонот - кафезот празен се ниша на гранката на неспокојот... Реката е полна со мртви птици а јас продолжувам да те барам меѓу нив... Митот за Орфеј никогаш нема да поевтини... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТАЛКАЧ ВО БЕЗВРЕМЕТО
Ќе талкам од секое утрешно вчера до секое вчерашно утре, недостоен и роб да ти бидам... Заморна приказна напишавме на лист од овенато време: ти исчезна во поројот на монолозите како музика со ритам на солзи, јас завршив во последната дескрипција на едносмерната улица на тврдоглавите... Од иста болест не разболе промајата на зборовите, ист вирус коските на среќата ни ги раскости - вакцините си ги сменивме, мразејќи се повратно... Минувам крај времето што за тебе го сонував, ти сонот го залеваш со времето што ти го оставив: искуби го невенот од срцето, од мислите, невенот што овенал во безвремето на талкачот... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАСКИ
Секое време – невреме, секое невреме – предвреме: предвремено доцни времето - колку да се разминеме... Точки на два хоризонта -толку навреме за да не се разбереме... Со време ќе не однесе некое безвреме... Само раски сме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕДИНИЦИ
(на малта птица со големо срце) Моите патишта се улици полни со мртви илузии Издишани балони исплукува илиузионистот од циркусот на презрените по клупите на коишто го пресметувавме времето помеѓу две бакнувања со единица безгрижност во две децимали. Чистачите на грешки секогаш се будат со задоцнување од неколку тврдоглавости... Тоа што остана да не оддалечува од едниот до другиот крај на непреболот оти не знаевме под какво име да го заведеме во книгата на несонетите сонови, ни тежи во мислите секој ден со еден недорек повеќе... Ткајачите на светлозрачни килими заспиваат една гордост порано пред самоубијците... Со каква мерка се мери чекорот На сопственото умирањето во туѓо срце... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕЛНИЦА
си знаеш дека е за тебе другите и не мора... Ја запрев мелницата на големиот часовник - никој да не види еднаа твоја насмевка во запчаниците заглавив - ни ти да не сетиш времето чкулаво е - нека е и такво го разубавуваш најубаво е кога е сино... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАПКИ НА ТИШИНАТА
Капат капките на тишината од сребреното небо на самотијата - ѕвонливи мисли во очите на долгата ноќ, капат бескрајни музики: ги бојат болните шуплини со лековити миризби од разлиени тела на спомени; капка по капка се полни сувото езеро на душата без страв да се прелие капат капките на тишината... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЌЕ ОПСТОИМЕ
Гаврани грачат очи да ти пијат ко да малку им беше Во твојата иловица душата си ја огледувам испукана зажедната а многуродна... Твоите карпи мои коски настршлени исправени високи дланки рапави понудени за гордоста гнездо... Ветриштата твои мој глас во болката твоја испечен во солзите твои искален меч за сите битки недобиени што ќе ги добиеме Кога газам по тебе ко по себе да газам толку сме исто толку сме едно... Не има - ќе опстоиме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФЕНИКС
Ги пресушуваш реките од кои заедно ги напојувавме жедните стада на радоста не сечи ја гранката и кога е сува на која што седевме само замини и понеси колку што можеш од мене од тебе останатото ќе го закопам заедно со неслученото под секоја твоја стаплака по малку и ќе се родам повторно како песна... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА
И ќе ги откопаме сите приказни да не ни талкаат душите на претците Раскажи ја приказната за принцезата на дланка од воздишки што раснела под дивите планини во срцето на јунакот во пранги црни кога скапувал... На три царства маќеата ја ветила од три принца ниеден не и бил достоен... Во девет лакти платно повиена во девет води црни зацрнета девет јуди на крст ја распнувале сонот да не го досони... Девет ловци мирасчии девет сина Керубинови со црни кучиња изесли месото и го кинеле Под девет камена вистина закопана од девет чуми до коска раскостена девет сонца на девет црни неба - црни, неогреани... Во девет кивоти солзалии времето го броела и нас да не дочека сонот да го досони... А мислевме – лесно ќе е... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕЗАВРШЕН МОТИВ
Не мижи пред вистината, лагите ќе те заслепат... На мојот гроб времето ќе испише се што не стасав да напишам за мене и за тебе, и секој што ќе прочита ќе биде стих од најсреќната песна на сите времиња за вистината на лагите за мене и лагите на вистината за тебе... Очите си ги наполнив со вистина никогаш да не изгнијат... Моите очи во сонцето што гледаа кога им ги острев длетата за тебе како последен мотив во иконостасот... Никој нема да ги види... Друг некој ќе те резбари во дрво со црвоточина снимајќи те со очи заслепени од темница... Очите дури не му изгнијат.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА
Ако Оче наш не ја научив, да те љубам можам посилно од сите свештеници во молитвите што те спомнале... Мојата љубов си ја мери силата со врутоците на времињата што те престигнувале - со крикот на унесреќените растечена место песна заспивалка... Колку високо да ги изѕидам столбовите за да си ги бакнам корените И благослов за семето и клетва за сеачот си - постојбино на исконските страданија... Некој братоубиец писаниетони го напишал со крвата на убиените браќа та зборот ветрот сега ни го враќа како сува плунка во лицето... Од сортата на пирејот сме биле а трски на лик - танчерки на ветрот дабје што корни... Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена - зар самите да си ја расплетеме... И благослов за семето и клетва за сејачот си - во каква песна да се надживееме да се соѕидаме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЕЗ СЕНКА
Мислите мои - старици престарени а умот друмовите на детството ги бара Ми стежнале нозете, не ги брза ништо: ни во зората бистра умор да си разладат ни од залезот румен вино да се напијат... Чекор по чекор се разнижувам - босонога мисла искрварена, без траги зад себе... А сеуште ме има по друмовите на магливото детство диво ждребе, нескротено... По што ли ќе ме помнат ридиштата, нивите без сенка штом ќе истечам... Солзата траг во камен не оставала.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ
А сите подеднакво те љубеле со мислата им светлозрачна но во различен сон те сонувале... Век немало да не дотече - црни солзи реки набликнувале раните да ти ги измијат... Колку деца ти се удавиле кај да фатат кога не знаеле - на сретпат матната ги стрефила Со зрак од кама кандило на светци пред слава им палеле светлини се престориле... Црнилата пак останале други да ги растегнуваат... - ни крај ни почеток не им знаеле... Скаменети крици низ горите крв со крв закрвена а една мајка ги раѓала... И во крикот наш денешен крвишта огној разгореле - та чии сме ако свои не сме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРИКАЗНА ЗА СОНУВАЧИТЕ Глочкава перница под глава ви подметнаа сонот да не го досоните... Во сонот туѓ, а за тебе, да се разбудиш, да видиш се што сакале да видат со тебе, ако не пред тебе, а од очите да ги извадиш и на слава да не се прекрстиш за нив... Во ноќ црна, ни сон кај не `рти, икони да не видиш со крвишта опточени, ни чекор машки трње што гази пат да направи со тебе да го чекори, ако не пред тебе, а на крст од презир сонот да им го распнеш Зар поважни сме ние од тие во ноќ без ѕвезди што сонувале оти сонот не го запомнивме како што ни го запишале па ги избришавме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |