![]() |
|
Христијанска Убавина |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 91011 |
Автор | |
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изменето од spiros - 26.Октомври.2008 во 08:26 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве нешто што мене многу ми се допаѓа и кое сметам дека треба да биде основа на нашиот христијански духовен живот.
ПОКАЈНА МОЛИТВА - Псалм 50 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги безаконијата мои. Измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконето мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене. Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја. Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати. Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме. Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда. Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја; оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски. Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
![]() |
|
spiros ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ХАЛЕЛУЈАХ! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Една од христијанските убавини исто така е и Божјото делување во животите на христијаните. Нема христијанин кој не ужива да слуша некое искрено сведоштво за тоа како Бог трансформирал нечиј живот, се разбира на подобро. Христијанството е вистинска ризница на вакви животни приказни. Меѓу нив ќе најдете некои кои порано биле непоправливи крадци, лажливци, манипулатори со луѓе, а сега не им ни текнува да посегнат по нешто туѓо, се трудат да говорат само вистина и да живеат чесно. Меѓу нив ќе најдете и некои што боледувале од тешки болести и оздравеле со помош на силни (свои или застапнички) молитви. Некои пак биле зависни од пороци (пр. дрога), па откако поверувале, Христос им дал сила да се ослободат од канџите на тој порок. Некои од нив биле проститутки, хомосексуалци и сл., но сега се во брак и ја негуваат светоста на бракот. Не, никој од овие не станал безгрешен човек, но сите овие сега го мразат гревот, се срамат од своите постапки, а се фалат со Бог Кој ги променил и Кој континуирано ги менува и усовршува да живеат подобар, поморален и посвет живот.
Овде би сакал да приложам еден исечок од интервјуто на Алпин Поп-Николов (бивш наркоман) во весникот Форум, поточно делот каде на Алпин му беше поставено прашањето: Какви се вашите искуства со дрогата?
Алпин:
Почнав многу наивно, не бев многу информиран, но и од љубопитност. Неколку пати пушев марихуана, а потоа почнав да ја купувам. Еднаш отидовме кај дилерот, а тој немаше марихуана, па ни понуди хероин. Си рековме - зошто да не! Така влегов во сето тоа. Кога почнав да ги искусувам првите апстиненцијални кризи побарав помош од моите родители.
Се обидувавме со некакви свои терапии, приватни психијатри, но без никакви резултати. Потоа отидов во Центарот во Кисела Вода и почнав метадонска терапија. На метадон бев околу 8 месеци и се "спуштив" до никаде, па неколку месеци бев чист, но потоа повторно се вратив на дрогата. Психичката зависност не успеав да ја надминам ниту со метадонот, ниту со другите терапии и лекарства. Во тоа време се запознав со еден мој врсник кој ми раскажа дека слушал и читал за сведоштва на луѓе кои преку вербата во Бога успеале да ја надминат зависноста. Тогаш во мене се зароди надеж дека и јас можам да успеам. Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!
Ете тоа е христијанската убавина драги мои, кога од устата на еден, до вчера познат наркоман, ќе излезат зборовите: "Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!"
Алилујах! ![]() Изменето од EvAngelos - 26.Јуни.2009 во 17:03 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Епа кога православните, муслиманите и протестантите си отворија свои теми за убавината на својата вера, дозволете и ние христијаните да си отвориме тема за нашата христијанска убавина ГОСПОД е мојот Пастир
На зелени ливади ме успокојува, По патеките на праведноста ме води, Па и низ долината на смртната темнина да одам Приготвуваш пред мене трпеза да стои, Да, добрина и љубов ќе ме следат ![]() ![]() |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 91011 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |