Христијанска Убавина
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16309
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 11:52 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Христијанска Убавина
Постирано од: EvAngelos
Наслов: Христијанска Убавина
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 14:06
Епа кога православните, муслиманите и протестантите си отворија свои теми за убавината на својата вера, дозволете и ние христијаните да си отвориме тема за нашата христијанска убавина
Една од убавините на христијаните е Божјиот Збор и Неговите прекрасни, преубави ветувања кои што се содржани во него. Јас посебно би ги истакнал Псалмите, таа прекрасна библиска поезија со која Бог се славел уште од времето на Давид, пред него, па и до ден денес. Јас би започнал со Давидовиот Псалм "Господ е мојот Пастир"
ГОСПОД е мојот Пастир
ГОСПОД е мојот Пастир, ништо не ќе ми недостига!
На зелени ливади ме успокојува, крај тивки води ме поведува, душата ми ја заживува.
По патеките на праведноста ме води, заради Името Свое.
Па и низ долината на смртната темнина да одам - од злото нема да се плашам, зашто Ти си со мене. Твојата палка и Твојата тојага се спокојство мое.
Приготвуваш пред мене трпеза да стои, пред очите на душманите мои! Миро ми излеваш врз главата, а мојата чаша се прелева!
Да, добрина и љубов ќе ме следат низ сите дни на мојот живот; и јас ќе живеам во Домот ГОСПОДОВ во век и веков!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Коментари:
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 14:11
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 17:44
Една од христијанските убавини исто така е и Божјото делување во животите на христијаните. Нема христијанин кој не ужива да слуша некое искрено сведоштво за тоа како Бог трансформирал нечиј живот, се разбира на подобро. Христијанството е вистинска ризница на вакви животни приказни. Меѓу нив ќе најдете некои кои порано биле непоправливи крадци, лажливци, манипулатори со луѓе, а сега не им ни текнува да посегнат по нешто туѓо, се трудат да говорат само вистина и да живеат чесно. Меѓу нив ќе најдете и некои што боледувале од тешки болести и оздравеле со помош на силни (свои или застапнички) молитви. Некои пак биле зависни од пороци (пр. дрога), па откако поверувале, Христос им дал сила да се ослободат од канџите на тој порок. Некои од нив биле проститутки, хомосексуалци и сл., но сега се во брак и ја негуваат светоста на бракот. Не, никој од овие не станал безгрешен човек, но сите овие сега го мразат гревот, се срамат од своите постапки, а се фалат со Бог Кој ги променил и Кој континуирано ги менува и усовршува да живеат подобар, поморален и посвет живот.
Овде би сакал да приложам еден исечок од интервјуто на Алпин Поп-Николов (бивш наркоман) во весникот Форум, поточно делот каде на Алпин му беше поставено прашањето: Какви се вашите искуства со дрогата?
Алпин:
Почнав многу наивно, не бев многу информиран, но и од љубопитност. Неколку пати пушев марихуана, а потоа почнав да ја купувам. Еднаш отидовме кај дилерот, а тој немаше марихуана, па ни понуди хероин. Си рековме - зошто да не! Така влегов во сето тоа. Кога почнав да ги искусувам првите апстиненцијални кризи побарав помош од моите родители.
Се обидувавме со некакви свои терапии, приватни психијатри, но без никакви резултати. Потоа отидов во Центарот во Кисела Вода и почнав метадонска терапија. На метадон бев околу 8 месеци и се "спуштив" до никаде, па неколку месеци бев чист, но потоа повторно се вратив на дрогата. Психичката зависност не успеав да ја надминам ниту со метадонот, ниту со другите терапии и лекарства. Во тоа време се запознав со еден мој врсник кој ми раскажа дека слушал и читал за сведоштва на луѓе кои преку вербата во Бога успеале да ја надминат зависноста. Тогаш во мене се зароди надеж дека и јас можам да успеам. Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!
Ете тоа е христијанската убавина драги мои, кога од устата на еден, до вчера познат наркоман, ќе излезат зборовите: "Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!"
Алилујах! Слава на Бог за сите убави работи кои го прави во луѓето кои бараат помош од Него!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 21:04
EvAngelos напиша:
Ете тоа е христијанската убавина драги мои, кога од устата на еден, до вчера познат наркоман, ќе излезат зборовите: "Барав помош од Господ, почнав да ја читам Библијата и верата во мене почна да се буди, така што еден ден го фрлив метадонот и престанав со сите дроги. Оттогаш, па се до денес, не се вратив на ниту една дрога, на никакво апче!"
Алилујах! Слава на Бог за сите убави работи кои го прави во луѓето кои бараат помош од Него! |
ХАЛЕЛУЈАХ!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 02:45
Еве нешто што мене многу ми се допаѓа и кое сметам дека треба да биде основа на нашиот христијански духовен живот.
ПОКАЈНА МОЛИТВА - Псалм 50
Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги безаконијата мои.
Измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконето мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.
Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.
Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја.
Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја.
Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист измиј ме и ќе бидам побел од снег.
Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.
Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.
Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.
Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.
Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.
Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат.
Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда.
Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ќе ја објави похвалата Твоја;
оти, да сакаше жртва, јас ќе Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш.
Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш.
Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.
Тогаш ќе ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 08:24
Maran Ata напиша:

| ХАЛЕЛУЈАХ!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Октомври.2008 во 14:09
Еве уште едно убаво ветување од Бог:
"Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас."
(Исус Христос во евангелие по Јован 14:2-3)
п.с. spiros, доколку ти текне на горното Христово ветување да кажеш "ХЕЛАЛУЈАХ", те молам немој да ме цитираш и да спамираш непотребно, туку едноставно напиши "ХАЛЕЛУЈАХ на последниот пост".
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 11:59
Одата на Љубовта
Кога би зборувал на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам како гонг што одѕвонува, или кимбал што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера што и планини ќе преместува, ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, и да го предадам телото да ми изгори, штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, љубезна, љубовта не завидува; Љубовта не се фали, не се вообразува, не е непристојна, не го бара своето, не се срди, не памети зло; Не се радува на неправда, а се радува на вистината; Се премолчува, во се верува, на се се надева, се поднесува.
Љубовта никогаш не пропаѓа, а пророкувањата ќе престанат, јазиците ќе замолкнат, знаењето ќе помине. Зашто делумно знаеме и делумно пророкуваме, а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете, расудував како дете; а кога станав зрел човек, го оставив детинското. Сега гледаме како низ замаглено огледало, нејасно, а тогаш ќе гледаме - лице в лице; Сега знам делумно, а тогаш ќе знам совршено, како што и сум и јас спознаен. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
(1 Коринтјаните 13)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 14:47
EvAngelos напиша:
Епа кога православните, муслиманите и протестантите си отворија свои теми за убавината на својата вера, дозволете и ние христијаните да си отвориме тема за нашата христијанска убавина ... |
Евангелосе, немам коментар по однос на темава, само имам една (процедурална) забелешка во твоето изразување! И православните и протестантите (како и повеќе други кои не си ги набројал) се христијани. Затоа не го присвојувај терминот „христијани“ само за себе и за твоите истомисленици. Мислам дека не е фер, нели? Би било подобро да кажеш на кои од христијаните мислиш.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 31.Октомври.2008 во 19:18
"Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите, но Мојата љубов нема да се повлече од тебе, ниту ќе се расколеба Мојот Завет на мирот - вели Господ Кој ти се смилува."
(Исаија 54:10)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 01.Ноември.2008 во 05:30
старец Софрониј
Кога сме собрани сите заедно, должни сме да бидеме како eден човек,
според образот на Троичниот Бог, Кој е само Еден Бог!
Ова не можеме да го постигнеме, освен преку примањето на Светиот Дух во себе.
Доколку имаме внатрешно безредие на нашите лоши помисли,
напорите ќе ни бидат безуспешни.
Како да се здобиеме со оваа благодат?
Како да живееме, та Бог и Неговиот Свет Дух да се вселат во нас?
Треба да бидеме послушни!
Само ако постојано внимаваме на нашиот брат, успеваме да создадеме во нас еден вид радар,
за да го почувствуваме она што другите го мислат, нивната волја и нивната духовна состојба.
Наспроти тоа, без послушание, особено ако прво го бараме нашиот спокој,
ќе бидеме одделени од другите и ќе бидеме несложни.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 11:19
Еве уште едно преубаво ветување кое треба секој Христов следбеник да си го вреже во срцето и секогаш да се потсетува на него, особено во моментите кога лукавиот ќе се обиде да внесе сомнежи дека тој/таа е надвор од Божјата љубов, недостоен за неа или пак отпаднат од неа.
"Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Исус Христос, нашиот Господ." (Римјаните 8:38-39)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 16:06
1 Давидов псалм. Благословувај Го Господа, душо моја, и си што е во Мене: Неговото свето име!
2 Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства:
3 Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести;
4 Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов;
5 Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.
6 Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,
7 на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.
8 Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.
9 Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.
10 Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.
11 Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.
12 Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.
13 Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
14 Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.
15 Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;
16 штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни.
17 Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите,
18 над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.
19 Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над си.
20 Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!
21 Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја!
22 Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!
Псалм 103
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 16:08
,, 27 А Бог знае што има во срцата на луѓето и знае што сака Светиот Дух, затоа што Тој се застапува за Божјите луѓе согласно со Божјата волја.
28 Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели.
29 Однапред познавајќи ги луѓето, Бог ги одбра Своите, со цел да ги преобрази така што ќе бидат слични на Неговиот Син, Исус, Кој е првороден за да има многу браќа и сестри.
30 А тие што ги одбра, Бог ги повика, ги оправда и ги прослави.
31 Што да кажеме на ова? Ако е Бог со нас, кој ќе биде против нас?
32 Кога Бог ни Својот Сопствен Син не Го поштеди, туку Го даде за откуп на сите нас, зар заедно со Исус нема да ни подари и се друго?’’ (Рим. 8:27-32)
|
Постирано од: Pentakostalec
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 16:41
TE LJUBAM SO SETO SRCE ISUSE AMIN
------------- Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 06.Ноември.2008 во 01:53
св.Силуан Атонски
Колку е поголема љубовта, толку е поголемо страдањето на душата.
Колку е попотполна љубовта, толку е попотполно познанието.
Колку е поогнена љубовта, толку е попламена молитвата.
Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Ноември.2008 во 13:03
Една христијанска убавина исто така претставуваат блаженставата на Исус кои Тој ги наведе едно по друго на познатата Негова беседа на гората - која по нив дури некои ја нарекуваат и "Гората на Блаженствата". Исус поучуваше велејќи:
Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
(Свети Исус Христос во евангелие по Матеј 5:3-11)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 06.Ноември.2008 во 13:58
Св. апостол Ерма
Никогаш не плашете се од моќта на злото повеќе отколку што верувате во моќта и Љубовта Божја.
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Ноември.2008 во 01:00
EvAngelos напиша:
Една христијанска убавина исто така претставуваат блаженставата на Исус кои Тој ги наведе едно по друго на познатата Негова беседа на гората - која по нив дури некои ја нарекуваат и "Гората на Блаженствата". Исус поучуваше велејќи:
Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
(Свети Исус Христос во евангелие по Матеј 5:3-11)
|
Заборавив да додадам дека зборот "Блажени" на оригиналниот јазик на кој е напишан Новиот Завет е "makarios" и затоа сакам да му ги посветам овие преубави Христови блаженства на нашиот соговорник makarious со искрена желба секогаш да се наоѓа меѓу горните групи на луѓе кои Христос ги благослови
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 07.Ноември.2008 во 05:35
Молитвa кон Господа од Свети Макариј Велики
Боже, исчисти ме грешниот, зашто никогаш не сум направил добро пред Тебе,
но избави ме од лукавиот; да биде во мене Твојата волја,
та неосудено да ја отворам мојата нечиста уста и да го восфалам Твоето свето име,
на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин!
Од сон станав, Спасителу, и Ти принесувам полноќна песна;
поклонувајќи се пред Тебе, извикувам:не ми давај да заспијам во гревовна смрт.
Ти Кој доброволно беше распнат на Крст, крени ме мене што лежам во мрзливост,
побрзај да ме спасиш во бдение и молитва, за да стојам пред Тебе и да Ти се молам.
А по ноќниот сон, дај да изгрее во мене безгрешен ден, Христе Боже, и спаси ме.
Човекољубив Владико, станав од сон и брзам да дојдам при Тебе
и по Твојата милост се трудам да ги извршувам твоите дела. Ти се молам, помагај ми во
секое време и во секоја работа; избави ме од секакво зло и ѓаволски искушенија.
Спаси ме и воведи ме во Твоето вечно царство. Зашто Ти си мојот Создател, Промислител
и Дарител на секакво добро. Во Тебе е сета моја надеж, тебе те прославувам сега, секогаш и во сите векови. Амин!
Господи, со Твојата голема добрина и милост Ти ми помогна мене, на Твојот слуга,
да ја поминам оваа ноќ без опасност од секакво непријателско зло.
Ти, Владико и Создателу, удостој ме со Твојата вистинска светлина,
та со просветено срце да ја извршувам Твојата света волја, сега, секогаш и во сите векови. Амин!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 06:58
Претпоставка за изгледот на Ковчегот на заветот
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 05:38
Покајна молитва на свети Ефрем Сирин
Господи, пред тркалото на времето да сопре во мојот живот, помилуј ме!
Пред и ветрот на смртта да дувне, и на телото мое болести се појават - на смртта весници - помилуј ме! Пред и величественото сонце на висините да се помрачи за мене - помилуј ме! И нека блесне за мене светлоста Твоја од висините, и нека ја растера од умот мој страшната темнина. Пред и земјата да се врати во земја, и стане гнилеж, и пред пропаста на сите црти на личотата нејзина - помилуј!
Пред и гревовите мои да ме прелажат на Судот и посрамат пред Судијата - помилуј, Господи, со благости исполнет! Пред и воинствата да излезат, и претходат на Синот Царев, да го соберат родот наш беден, пред Престолот на Судијата - помилуј! Пред и гласот на трубата пред присуството Твое да се зачуе, поштеди ги слугите Твои и помилуј, Господи наш Исусе!
Пред и дверите Твои да ги заклучиш пред мене, Сине Божји, и пред и храна на незгасливиот оган пеколен да станам јас, помилуј ме!
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 22:36
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 22:38
најубава слика
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 23:06
EvAngelos напиша:
|
ХАЛЕЛУЈАХ!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 19.Март.2009 во 23:15
SLIKATA E COOL ALAL DA MU E NA KUCETO
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Април.2009 во 23:52
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 02:10
Тропар на Благовештение
Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благодат благовестува. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радуј се , благодатна, Господ е со Тебе.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 11.Април.2009 во 13:27
Икона: Христос го спасува Свети Петар
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 12:48
.....isus cuka na vrata....
prekrasno delo,retko na ovie prostori.barem dosega ja nemam videno....
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 17:39
zagor напиша:
.....isus cuka na vrata....
prekrasno delo,retko na ovie prostori.barem dosega ja nemam videno.... |
Да, прекрасна уметничка слика Нешто што најмногу ме фасцинира кај оваа слика е тоа што вратата на која што Исус чука нема квака од страната на Исус во што има силна симболика, а тоа е дека Исус не влегува во нашите животи доколку ние не Му ја отвориме вратата.
"Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене." (Исус во Откровение 3:20)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 19:08
Навистина, прекрасна икона.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 30.Мај.2009 во 20:55
Прекрасна ПОРАКА, безвремена.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 10:31
http://mkbible.net/biblija/search.php - 19:14 А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.” (MATEJ)
-------------
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 13:07
Ddarko, ова детето кое е во прегратките на Христос е Свети Игнатиј Богоносец.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 14:17
Го има ова нацтано на оригинал икона, ако можеш да го најдеш пресликај го на Православна убавина...(ако сакаш)
-------------
|
Постирано од: makarios
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 14:37
Еве икона од Христос како ги благословува децата, со Свети Игнатиј во скутот:
А еве како пострадал Свети Игнатиј:
п.с. Братче Дарко, постирам во христијанска убавина затоа што православна=христијанска.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 15:48
Имал Исус за сите време, најмногу за децата и сега има. И Православна=Христијанска, Протестантска=Христијанска, Католичка=Христијанска.
-------------
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 31.Мај.2009 во 15:50
-------------
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 02.Јуни.2009 во 18:45
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Јуни.2009 во 15:31
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Јуни.2009 во 16:17
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 11:43
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 14:34
Христијанин без раце и нозе со радост и голема ревност го проповеда Христовото евангелие.
http://www.lifewithoutlimbs.org/ - http://www.lifewithoutlimbs.org/
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 14:37
Go imam gledano ova, na Bugarksi jazik, najmnogu mi se svigjashe koga padna na sred propoved i reche: AKO NE SE OBIDAM DA STANAM NEMA NIKOGASH DA STANAM, TAKA I VIE AKO SE PLAsh*tE PORADI SVOITE GREVOVI VE MOLAM OBIDETESE DA SE POKAETE< MOZHEBI KE VE BIDE SRAM NO NA BOGA NE MU SE TESHKI, TOJ VEKJE UMREL ZARADI NIV...
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 13:54
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 20.Септември.2009 во 15:35
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 28.Септември.2009 во 03:48
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 28.Септември.2009 во 03:53
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 01:47
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: IHLAS_MUSLIMA
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 04:52
evangelos onoj na slika deckoto svrten so grv so kazi prstot sto go kreva znaes li sto znaci toa kaj nas muslimanite nie go pravite toa deka Allah e eden nema deug bog osven nego pozdrav i mislam samo musliman go pokazuva tacno vo detali toj pokret so rakata kako na slikata toj deckoto pozdrav
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 10:42
Муслима, мило ми е што го забележи тоа. Се надевам дека од денес оваа слика ќе те потсетува дека и христијаните го прават тој потег со раката, дека и христијаните веруваат во еден Бог.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 10:48
Maran Ata напиша:
|
Оваа убавица, делува така невино со гулабицава, преубава е, се гледа дека е Украинка, се прашувам што ли ја навело да се замонаши?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 11:11
Претпоставувам не можела да го преброди раскинувањето со бившиот дечко, се исфрустрирала, го замразела целиот машки свет и си рекла слично како Врчак: "Се трудам да си најдам мир, ќе побегнам во манастир."
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: al__ISLAM
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 17:25
maria_magdalena напиша:
Maran Ata напиша:
| Оваа убавица, делува така невино со гулабицава, преубава е, се гледа дека е Украинка, се прашувам што ли ја навело да се замонаши? |
zarem samo klugerkite treba vaka da bida obleceni a za drugite ne vazi
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 06.Октомври.2009 во 17:34
Убаво прашање ал ислам, не не важи за другите.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 07.Октомври.2009 во 15:13
maria_magdalena напиша:
Maran Ata напиша:
|
Оваа убавица, делува така невино со гулабицава, преубава е, се гледа дека е Украинка, се прашувам што ли ја навело да се замонаши?
|
Ја навело верата во Спасителот наш Господ Исус Христос. Убавината на лице или тело со Христијанството си немаат баш никаква врска, секој е убав/а.
-------------
|
Постирано од: izvoren
Датум на внесување: 07.Октомври.2009 во 16:20
Да не е некој рекламен материјал?
------------- Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
Постирано од: Rita.MD
Датум на внесување: 07.Октомври.2009 во 19:03
DDarko напиша:
maria_magdalena напиша:
Maran Ata напиша:
| Оваа убавица, делува така невино со гулабицава, преубава е, се гледа дека е Украинка, се прашувам што ли ја навело да се замонаши? | Ја навело верата во Спасителот наш Господ Исус Христос. Убавината на лице или тело со Христијанството си немаат баш никаква врска, секој е убав/а. |
Мене искрено ми е жал за неа. Бог од нас не бара вакви одрекувања и жртви. Ако навистина сака, таа може и без манастир и без мантија да Го љуби, да Му служи и да Му биде посветена.
------------- A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 19:55
http://www.mojnet.com/korisnik/malena/slika/skoljka-na-ulasku-u-crkvu-umag/68508">
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 17:50
http://www.mojnet.com/korisnik/bubamara59/slika/uskrsnje-jutro/29829">
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 00:31
bijonse1, зарем не сметаш дека е неприкладно да постираш слика која Го претставува Исус заедно со оваа расцицленава во твојот потпис?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 23:59
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 06:38
Манускрипта од 6 век
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 25.Март.2010 во 01:48
DAVID i GOLIJAT
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Март.2010 во 03:19
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 04:43
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 05:50
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 07:10
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 19:54
-------------
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 01:39
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tor
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 01:42
Ova mi lici na Budisticki hram!
izvini, sto e be ova? Trafika?
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 02:36
Tor напиша:
Ova mi lici na Budisticki hram!
izvini, sto e be ova? Trafika?
|
Слава Му на Бога ако и Будистите почнале да веруваат во Господ Исус Христос и го почитуваат Благовештението на Богородица дека ќе роди Син БогоЧовек (како што е претставено на иконата на оваа пештерна црква).
п.с. не знаев дека и ти сакаш да отвориш трафика
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Tor
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 13:34
Koj ne go saka Isus be hristijance eedno...Stom isus moze da bide Bog , moze sekoj-toa e porakata isus."Bidete, znaci , kako sto e sovrsen mojot otec na neboto!"
Ne e samo negov-secij e!
Muhamed rekol " Jas i Isus sme kako braka."
Budidtite se protiv site mozni iluzii za Isus, nikako protiv Isus Hristos!
Pozz!
|
Постирано од: Tor
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 13:35
"Bidete, znaci ,SOVRSENI kako sto e sovrsen mojot otec na neboto!"-Isus
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 23:11
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 23:22
KINGDAVID напиша:
|
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 23:23
Tor напиша:
Muhamed rekol " Jas i Isus sme kako braka."
|
Сторм, може ли да ни посочиш во кој стих од к*ран или во кој Хадис е наведено ова?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 01:52
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 03.Мај.2010 во 02:07
Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот
глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој
со Мене. ( Otkrovenie 3:20)
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 05.Мај.2010 во 00:03
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 19:26
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 19:26
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 04:20
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 19:47
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 19:50
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 12.Мај.2010 во 19:58
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 06:35
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 06:36
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 06:37
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 16.Мај.2010 во 12:57
Машки манастир Давидово Вознесенска Пустина
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 16.Мај.2010 во 13:59
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 17.Мај.2010 во 07:54
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 18.Мај.2010 во 06:10
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 18.Мај.2010 во 06:14
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 24.Мај.2010 во 23:58
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 26.Мај.2010 во 07:33
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 08.Јуни.2010 во 03:27
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 00:04
Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јуни.2010 во 03:18
Катедралата свети Александар Невски ,Софија
-------------
|
|