IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 32>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 11:39
Истрајте во молитвата. Немојте да мислите дека големите нешта можат лесно да се постигнат. Ќе се трудите, ќе се потите, а Бог ќе ги види вашиот труд и смирение и тогаш тивко ќе го спушти над вас дарот на молитвата.


Старец Ефрем Филотејски
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 16:52
ZALET KON VECNOSTA

Nasiot licnosen odnos so Bogocovekot Isus Hristos
sekogase opredelen od odnosot sprema nasiot blizen, koj i da e toj.

Stradame vo ovoj svet bidejki tvorejki go svoeto samoljubie se povreduvame megusebno.

Nie sto sme Hristovi nemame nikakvo opravduvanje
ako so seto svoe bitie ne se potrudime da ljubime,
iako mnogu cesto treba da vlozime ogromen napor.

Misticnite razmeri na Krstot Hristov se sostojat
tokmu vo toa da pretrpime stradanija od onie za koisto se molime, za koisto postoime, za koisto se zrtvuvame.

Treba da umreme za samite sebe, ako sakame pricestuvajki se so Teloto i so Krvta Hristovi vistinski da
se pricestime so Sinot Covecki i,vo isto vreme, eden so drug.

Ljubejki do samozaborav i proniknuvajki se blagodatno,
da zaziveeme kako licnosti, sozdavajki pritoa blagodatna licnosna zaednica.

Stremejki se kon Voskresenieto druga moznost nemame.

Благодарам Aldra, мислам дека би ти се допаднал и овој текст од Владиката Наум, чие слово е вистинска храна за душата.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 05:09
Свети Максим Исповедник

Како што телото, умирајќи
се одделува од сè што е живо,
така и умот, умирајќи
во дејствието на совршената молитва,
се отсекува од сите светски мисли.
Зашто ако не умре со таква смрт,
тој не може да биде со Бога
и да живее со Него.


Изменето од Maran Ata - 31.Октомври.2008 во 05:10
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 10:11

ПОХВАЛНО СЛОВО НАПИШАНО ОД  СВ. КЛИМЕНТ ЗА СПОМЕН НА БЛАЖЕНИОТ ПРОРОК 3АХАРИЈА И ЗА РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ


Светлост му огреа на праведникот и веселост на праведното срце, како што кажа пророкот: „Праведникот ќе процути како палма, ќе се умножи како кедар ливански и ќе прима добро во чесната старост". Затоа што доброчесната старост со богочестието сјае во светот како сонце и во црквата на Вишниот за молба и за благослов ја отвора својата уста, светејќи им на замрачените со чесен живот, управувајќи ги како кораб неразумните, принесувајќи му духовни жртви на Вишниот како кандило. Таков беше по достоинство и овој богочестен пророк Захарија, којшто процути како крин со чудеса и добродетели, упатувајќи ги на разум народите со чист живот, сличен со Бога, цутејќи како ливан благомирисен, живеејќи го животот без соблазнувања, како Арон и пророкот Самоил и Мелхиседек71, којшто му престоја на олтарот како да е бестелесен, вршејќи служба во светилиштето според Ароновиот закон, вознесувајќи го благомирисното кандило нагоре кон Вишниот, како миро добромирисно ширејќи пријатна миризба; издигнувајќи се како кедар во Ливан и како розова градина во Ерихон, како многуплодна маслинка што цути во домот божји; цутејќи од љубов кон туѓинците повеќе од злато и скапоцени камење, со кроткост стивнувајќи ги животните бури, скротувајќи ја Божјата јарост со пречесни молитви, со праведност и безлобност пристапувајќи кон светилиштето, со духовна сладост привлекувајќи го народот кон законот на Вишниот.

Сега е време да го спомнеме и евангелистот Лука, исповедувајќи ја неговата светост.72 Тој рече: „Во дните на царот Ирод имаше некој свештеник по име Захарија, кој до старост ги поминал своите богочестиви денови, чувајќи ја чистотата и очекувајќи духовно процветување; и неговата жена Елисавета ги мина своите дни во добра старост. И немаа чедо зашто Елисавета беше неплодна, но обајцата се помирија со својата неплодност. О, блажена врсница на ветувањето која очекува и благодатно процутување! О, пречудесен пророку, кој дише со божествен никулец! О, чудесен проповеднику, кој станува јасен проповедник на скриена тајна! О, преблажена неплодност која дише со благовештение и расцутува седумплоден плод! О, божествена неплодност која дише со архангелско ветување и ја отвора неплодната утроба! О, тајно, затаена од ангелите и архангелите, а огласена од Гаврила кон Захарија, за идењето на Христа и за неговиот претходник! О, тајно затаена, само со едно јавување јавена од архангелот, која ја обнови утробата снеможена од неплодност! О, промисла повисока од умот, навестена првин од Исаија, а окончана заради Христа, како што кажа Господ известувајќи преку Исаија: „Еве, јас ќе ви го пратам мојот ангел, што ќе го подготви мојот пат", што значи во вода. Ој, чудесна тајна создадена со вода и со дух! Ој, чудесна тајна создадена со крштавањето! Ој, чудесни нешта! Како престарената крв на Захарија заради младенецот Христос заедно со други млади ја пролеваат, така што нема да се уништи се додека не дојде нејзиниот одмаздник!"

И се случи така што кога служеше Захарија според правилата на својот ред, пристапи тој кон олтарот за да ја покади со темјан светињата на светињите. И ете, му се јави ангел од десната страна на олтарот. И го обзеде ужас и трепет неискажан, кога го замисли неискажаното привидение; и си зборуваше во себе: „Што е ова страшно чудо, полно со гроза и трепет? Не се досетувам зошто е оваа појава и страшната служба. Да не дошол за откривање на моите гревови? Или за да ја казни човечката злоба? Или со војна и помор, или со глад застрашувајќи, да го казни ова неказнето племе? Оти неговиот лик е полн со ужас, а го гледам неговиот човечки облик, но ги гледам и неговите страшни крилја. Како ли да почнам со него? Со кој ли збор да го прашам? Што ли да одговорам на неговиот страшен поглед? Оти не сум видел ангел во човечки лик како служи пред олтар; или пак, како некогаш Ева што ја премамила змијата, таков пораз и мене ли ќе ме стигне?"

 

Додека тој силно трепереше, му рече ангелот: „Не бој се, Захарија, и не се вџашувај,ниту пак, помислувај такви нешта; не сум дошол за тоа што мислиш. Сум ти дошол за радост, да ти кажам што ќе стане на радост на сите луѓе. Ке зачне Елисавета и ќе роди дете заради кое ќе се израдуваат сите народи и сите племиња ќе дојдат кај него за совет. Не бој се, Захарија; дојдов да те ослободам од неплодноста. Не бој се, Захарија: оти дојдов да те венчам за радоста. Не бој се, Захарија: оти дојдов да те наречам пророк. Не бој се, Захарија: оти јас сум благовесник испратен од Бога за твоето расцутување. Па затоа, не бој се, Захарија, и не страши се: јас сум Гаврил, архистратиг на силите Господови и сум испратен да ти соопштам за Христовиот преттеча и да те ослободам од неплодноста, како што кажал пророкот одамна: „Развесели се, неплоднице, ти која не раѓаш; оти те правам многуплодна, па ќе зачнеш во утробата и ќе му кладеш име на родениот Јован."

 

Помолчи Захарија и му одговори на ангелот: „Не, Господи; не го мами слугата твој, и не ме фрлај во гнев Божји. Зашто јас сум стар и жена ми го минала времето кога се раѓаат деца. Староста ме свила и го снеможила моето тело; крајниците ми се умртвени, на мојата врсничка и е запустена и исцедена утробата и поминало времето за раѓање". Ангелот му одговори на Захарија: „Не влегувај во таква помисла! Оти јас сум архистратиг на Божјите сили и сум испратен да ти го соопштам ова. Но, бидејќи не ми веруваш, да бидеш нем до времето на раѓањето, додека да се исполни тоа. Клади му име на родениот Јован што значи благодат Господова. Тој ќе биде голем пред Бога, и вино и сикер73 не ќе пие, а ќе се исполни со Светиот дух од утробата на својата мајка". И откако го кажа ова, ангелот отиде од него.

 

А надвор имаше Евреи што стоеја и го чекаа целивањето на Захарија и се чудеа на неговото забавање. Кога излезе за целивање, не можеше да им говори; и мноштвото разбра дека видел привидение во црквата божја.

Тогаш во овенатата утроба про'рти благомирисен цвет. Кога? Не ли кога рече архангелот: „Елисавета ќе зачне и ќе роди син и мнозина ќе се израдуваат за неговото раѓање?" О блажено 'ртење, о неискажано известување, о златозрачно зачнување! Не ли избега неплодноста? Не се обнови ли природата? Не се обнови ли староста? Не про'рти ли неплодницата богат плод со ракатки нудејќи? Не про'рти ли многуплодната земја со цвет благомирисен? Оти на Елисавета и дојде време да роди и таа роди син и многумина се израдуваа заради неговото раѓање. И се собраа сите што живееја околу неа и нејзиниот пород и го наречуваа детето со името на татка му Захарија. Елисавета им рече: „Не, туку да му се кладе име Јован". Му мавнаа на татко му Захарија, за да го викнат. И побара штичка и напиша зборувајќи: „Јован му е име". Со тие зборови му се отвори устата и јазикот му се упати и се наполни со Светиот дух, па рече: „Благословен да е Господ Бог Израилев затоа што не посети и ги избави своите луѓе. На детето ќе му речат: Ти, дете, ќе станеш пророк на Севишниот; оти ти идеш пред лицето Господово, за да му го приготвиш патот". О, пророку, ти што дишеш страшно со пророчки печат! О, ослободителу на затворениците и подновувач на природата! О, пророку, предвеснику на скриената тајна и поглед на неискажаното! Ој, чудесни нешта пророчки предвестени се збиднаа за идењето на Христа! Оти тогаш, рече, Ирод разлутен го узбуни сиот Ерусалим и нареди да ги истепаат сите деца што беа во Витлеем и во сета негова околина, од две години и помали - по времето што го испита преку врачеви. И испрати луѓе кај Захарија, божјиот служител: „Прати ми го синот твој Јована". А Захарија му одговори: „Јас секогаш сум до олтарот Божји; не знам каде е син ми". А тие рекоа: „Нам ни е наредено: ако не го даде сина си, да го изведат од олтарот и да го бијат". А тој рече: „Ако ја пролеете мојата крв, духот мој ќе го прими Владиката". Во мугрите Захарија беше убиен, но телото негово не се најде, а неговата крв беше како камен; и се чу глас од олтарот: „Захарија е убиен и нема да се очисти неговата крв додека не дојде неговиот одмаздник". Елисавета пак, го зеде Јована и избега в планина и извика кон Бога: „Горо божја, прими го детево и неговата мајка!" И ги огреа светлина што не зајдува.

А Ирод, исполнет со лутина, сметаше дека Христос сака да царува место него, и заради тоа остреше оружје да ги исколе децата. О, Ироде пророкоубиецу! Што грев имаат децата, та што ги убиваш? И не само децата, туку го уби и пророкот Захарија, и неговата крв нема да се исчисти од тебе, се додека не се сврши твојата злоба. О, Ироде! зошто така без закон се гневиш на Христа? Не знаеш ли за кого пророците мислат, зборувајќи ти в уши секој ден: „Кажете и на ќерката Сионова: еве, иде твојот цар, кроток, јавнат на магаре и ждребе младо", сакајќи да ја излекува твојата скотска болест? Не ли си ти пророкоубиец и маж кој пролева крв? А Христос е син божји дојден да го спаси човечкиот род. Ти си од нечиста смеса, а тој има двојно раѓање: едното, од единствениот татко пред векови се роди без мајка на небеси, а другото раѓање ќе му биде без татко на земја и без примеса, од пречиста девица, навестено од Гаврила - не од тело и не од телесна похота, туку како и самиот тој што знае, и првото негово раѓање е чудесно и неискажано - тој е Бог роден од Бога, единствен татко, слово божје без почеток. Затоа, рече пророкот, небото се зацврсти. Та тоа ли го бараш, о Ироде, со кое небото се закрепи? Навистина си безумен, кога велиш во неразумност: „Нема Бога". Тој е оној за кого зборува пророкот Исаија со духот свет: „Ќе излезе гранче од коренот на Јесеј и од него ќе се издигне цвет и на него ќе почива духот на премудроста, духот на разумот, духот на стравот божји?" И пак уште рече Исаија: „Еве, девица ќе зачне во утробата и ќе роди син и ќе му кладат име Емануил, што значи: Бог е со нас". И уште вели Исаија: „Ке востане господар над народите, и неговиот покој ќе биде чист". А Еремија рече: „Пред да роди, девицата ќе избегне болест". И други пророштва се кажани за идењето на Христа, што не можеш да ги скриеш. Ако можеше да му се противиш на Бога, Ироде, зошто не можеш да ја дострелаш и ѕвездата што ти ги доведе мудреците од Персија? Зошто не го ставиш Гаврила в темница кој му благовести на Захарија - првин за раѓањето на Јована, а потоа на света Богородица Марија и рече: „Радувај се, о израдувана, Господ е со тебе! Благословена си меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба; радувај се оти си ја потиснала клетвата на Адама во твојата пречиста утроба!"  

Откако ќе сфатиме се што станало, убаво е, и пречистото успение на Захарија почитувајќи го, со похвала да извикаме: „Радувај се, Захарија, на окончувањето на пречистиот дух. Радувај се, Захарија, бесценет бисеру што сјае со Христовата благодат. Радувај се, Захарија, дека процути златнозрачната лоза, претскажана од пророците. Радувај се, ти орлу, што го параш небото, зашто со духовните очи го догледа овоплотувањето на Христа. Радувај се, Захарија, ти што кипиш од плодност, што со медоносни цветови го одгледа Христовиот преттеча."

Угледувајќи се на богоугодниот живот на овие свети преблажени пророци, да си помагаме еден со друг чинејќи добар подвиг; да не го чуваме овој малувремен имот, кој бргу, како сенка ќе одмине и по смртта ќе не дави како клетва, велејќи: „Овој човек со клетва ме притискаше, со завист ме собра, со лихва и со неправда ме доби". Но, ниту сираци онеправдувај, ниту вдовици осиромашувај со својата ненаситност грабејќи лихва, туку место тоа, со други добродетели да даваме пример: да се стремиме кон братољубие, љубов кон бедните, гостоприемство, чесност, кроткост, воздржување. Оти така не учи овој голем преттеча Јован. Кога дошле кај него Евреите да го прашаат и му рекле: „Учителе, што да сториме за да се спасиме?", тој им рекол: „Кој има две кошули да му даде на тој што нема; кој има храна, да направи исто".74 Дојдоа и војници и рекоа: „А ние што ќе правиме?" Им рече: „Не навредете ниту клеветете, туку бидете задоволни со вашата плата". А ние, чеда возљубени, и од нашиот дел да им подадеме на тие што немаат, а не да го презираме убогиот што умира зиме и страда од голема сиромаштија: ако им дадеме на тие, на Христа Господа му даваме. А до кога ќе не придружува оваа суета? До кога ќе бидеме ненаситни на богатство скоро минливо? Да помислиме и за тие што биле пред нас богати: не ли се поминало како сенка, или паднало како цвет? Па каде е сега изминатата слава на тој што бил порано богат? Никој не ја знае, ни познава! Многу цареви и болјари кои живееле во богатство без вера, без успех умреле и загинале во вечна мака, бидувајќи виновни. Не им помогнале ни домовите со злато оковани, ни бесцената облека, ни полни со изобилство одаи, зашто се било подложно на грабеж. А ние сето наше богатство да му го поднесеме на Христа, дека од него сме го добиле, како што кажа божјата премудрост низ устата на Соломона: „Мое злато и сребро е мојата крепост, и моја слава; со мене царевите царуваат и силните ги владеат народите". Но ако сакаш да видиш чудесни и прекрасни дворци, погледни го небото украсено со ѕвезди по зајдисонце, зашто заради тебе е створено такво. Но ќе речеш дека тоа не е твој покрив. А не е ли овој твој, вели Господ? Така, заради тебе и земјата ја основав, заради тебе и реките од бездна ги источив, заради тебе се од непостојно во постојно претворив, заради тебе ги создадов сонцето и месечината, за ти, чудејќи се на ова, да ме прославиш мене, твојот творец. Заради тоа ти го создадов и овој дом, украсен со ѕвезди, за да се вселиш во овој храм со небесните првенци. Жедни за тоа живеалиште, браќа, да погледнеме кон животниот извор, кој излегувајќи од ребрата на Спасителот, ги напојува верните со бесмртност. И ние ја завршуваме похвалата на крајот од пресветлиот пророк Захарија, читајќи ја со сласт оваа поука. Затоа што тој беше завршок и крај на пророците, тој е застапник на новиот завет, и соучесник во бессеменото раѓање на Бога, и него со похвали да го прославиме. Оти неговиот спомен е посладок од мед и неговата сладост е повеќе од медно саќе. Оти тој се насити со мудрост како Фусон и како Тигар во време на клас. Оти тој го излеа кажувањето како пророштво и го остави во вечните родови. Оти круна на староста е знаењето и неговата пофалба е стравот од Господа, а неговото чудесно наследство од колено на колено ќе сјае вечно како сонце. Оти во заветот сеевте негово семе и неговата слава нема да се уништи. Неговото тело било погребано во мир, а неговото име живее од колено на колено. Неговата премудрост ја толкуваат луѓето, а неговата похвала ќе ја излее црквата. Неговите коски нека се расцутат во свето место и неговото име ќе трае со славата на небеси. Оти тој беше познат со зборовите за неговото веродостојно видение, со верата беше проверен меѓу пророците и верата му беше запознаена со видението негово. Пред неговото успение вечно беше засведочуван пред Бога и со Христа. Оти тој на празниците им даде блага убавина и ги украси времињата до конечниот крај со духовни песни, за да се пее секогаш за името Господово. Оти кога ја примаше облеката на славата, се облекуваше за искажување пофалби, за влегување во светиот олтар за да ја украси жртвата на Вишниот Седржител, кому му припаѓа похвалата и честа со Таткото и со пречистиот и животворен Дух, сега и секогаш, во вековите.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 17:36
Свети Симеон Нов Богослов

Колку повеќе човекот слегува во длабочината на смирението и се презира себеси како оној што е недостоен за спасение толку повеќе тој плаче и им дава слобода на потоците солзи. Според мерата на тие солзи во срцето се буди духовната радост и заедно со неа се излева и расне надежта што ја утврдува потполната увереност во самото спасение.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 17:40
Старец Софрониј

Единствено што нè привлекува е Христос, Неговата личност. И должни сме да Го живееме Христа како мерило на секое естество, божествено и човечко. Во Христа го имаме својот Бог Создател. Во Христа го имаме примерот, откровението на Планот Божји за човекот. Љубовта Христова секогаш треба да го исполнува нашето срце. Во Бога не живееме со интелектуално размислување. Бог ни се открива преку Своите енергии. Христа го живееме како наш личен живот, а не само надворешно.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 20:13
Старец Ефрем Филотејски

Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 10:59
Свети Нил Синајски

Достоен за секој прекор е оној што се гневи и злопамти,
а ја сака вистинската молитва.
Тој е како оној кој сака јасно да гледа,
а си фрла прашина во очите.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 16:18
Старец Ефрем Катунакиотски

Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја. Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 16:19
Старец Софрониј

Понекогаш, кога љубовта Христова нè допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 16:25
прво, зборовите ‘Дојди и види!’ во контекст на православниот начин на живот и подвиг не значат ништо друго освен пракса и теорија, очистување на срцето од страстите и просветлување на умот. Едното без другото едноставно не оди.

Митрополит Наум
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2008 во 13:34
Старец Ефрем Филотејски

За да се очисти срцето, во него мора да се внесе одреден лек. Тој лек е молитвата.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 09:12
Запомнете дека нашиот внатрешен метеж и неред ни се здобиени при раѓање, но не ни се природни, и не го чинат битниот дел на нашата природа, туку се вметнале меѓу вистинските делови на нашата природа како би ги расипале и кога е во прашање дејствувањето на секој од нив поединечно, и кога се во прашање нивните меѓусебни односи. Кога тоа би било природно, тогаш со своето присуство не би донеле страдања и маки какви што ние доживуваме. Она што е природно носи радост во животот, она што не е притиска и мачи. Од друга страна, ако тоа би било природно, тогаш би се покажало дека некој е слободен и чист од тоа, а тоа веќе не би бил човек. Знаеме исто така дека сите кои во Него се облекуваат добиваат надеж да се очистат, како што е Он чист (1. Јн. 3,3) и да Му бидат слични.

Свети Теофан Затворник
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 09:17
Кој не зборува лошо за другите, тој се запазил себеси беспрекорен; таков човек не сретнува пречки и совеста му е чиста.

Свети Ефрем Сирин
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.