|
Тодор Александров и Ванчо Михајлов |
Внеси реплика | страница <1 910111213 22> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 14.Октомври.2009 во 21:56 |
Пак доаѓаме до моментот на мерење,не сме ние црнци па ај нон стоп ке си ги мериме,вакво тврдење е детско - ти навистина мислиш дека името на Сандански демек пирински цар е поголемо од името ВМРО и лоэунгот Македонија на Македонците. Александров чекал помош од Бугарскиот цар и државата не дека не но тоа чекање било условувано неколку пати и тоа во полэа на Македонците да не эаборавиме дека токму ВМРО беше држава во држава и кога на крајот Александров видел дека Бугарија само е окупатор на Пиринска Македонија а не пријател кој сака да го помогне обединувањето на Македонија следува Мајскиот манифест и веднаш убиство на Александров од продолжената рака на Бугарската влада - Михајлов - эошто тогаш веке ВМРО не е фактор и во некое време Михајлов останува човек партија. Не е тоа тоа веруј |
|
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Испратена: 14.Октомври.2009 во 22:49 |
Буги;
Не јас не мислам јас верувам дека Сандански и неговиот серски револуционерен округ биле вистинскиот фактор за ослободувањето.Преку „пиринскиот цар“ сакав да ти укажам на фактот клоку го ценеле вистинските револуционери.Фактот за неговата популарност е докажана каде по младотурската револуција во 1908г ке излезат со програма и декларација на ВМРО наспроти конгресот на врховистичката ВМРО на Христо Матов (на кој не присуствува левицата)па се до програма и декларација произлезени под ново име на организацијата МОРО(се со цел да се отргне од влијанието на врховистите и нивната ВМРО)и формирањето на Народна Федеративна партија како политичко крило или партија која ке ги застапува интересите на македонците во турскиот парламент и извојување на автономија како единствена цел до конечно ослободување(вистинските цели на ВМРО. Според тебе чекањето на Александров од Бугарија испаѓа како народната „не умирај магаре до зелена Трева“а кога гледа дека трева нема пу пу не важи(е не може така). А за мајскиот манифест погледни го постот на Каснакоски (најверојатно од македонската еднциклопедија)каде пишува дека Александров пред неговата смрт се откажува од својот потпис Веруј така е |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 14.Октомври.2009 во 23:56 |
Многу голема грешка правиш и нормално не само што го потценуваш ВМРО туку и Александров,па погледни само што има направено эа бегалците од војните,погледни што има направно на културен план а да не спомнувам чистиот став эа националното прашање кое Сандански го иэбегнува па прави партии.Јас во никој момент нема да кажам Сандански эемал пари од Бугарите,не эатоа эошто не эемал туку эатоа эошто не барал,никогаш нема да кажам соработувал со Бугарите и бил предавник бидејки политичкото ривалство никогаш нема да го сведам на национално а ти ако мислиш дека Александров е Бугарски платеник и не направил ништо эа Македонија и Македонците нека ти е на честа јас таков муабет на моја душа нема да носам,никогаш нема такво нешто ни да помислам эа Македонец
|
|
Logos
Група Регистриран: 13.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 67 |
Испратена: 15.Октомври.2009 во 22:40 |
Не го птценувам ВМРО само ти кажувам за чистиот став кој го имал Сандански без позадински мисли и цели и се залагал за вистинските ставови кои ги заземале тој и неговите истомисленици со изворното ВМРО на Гоце,Даме,Ѓорче Петров,Ѓорѓи Сугарев,Никола Карев,Питу Гули и со плеада на македонски револуционери кои ги дале своите животи или поточно насилно им биле земени животите од некој квази патриоти. И за кое чисто национално прашање зборуваш кога самиот тврдиш дека Александров не верувал во самостојно ослободување на Македонија туку со помош на Бугарија,значи земја кој отворено пројавувала и сеуште пројавува интереси кон Македонија. Оние кои се против Александров се оние кои прават напори по секоја цена да се отргнат од пробугарското влијание на Александровата ВМРО. Нема да кажеш дека Сандански бил бугарски платеник зашто не бил ,меѓутоа факт е дека бугарскиот двор дава финансика помош на Александров и неговата ВМРО за заплашување на македонскиот народ и држење во постојана тензија и став. Треба да се распознаваат вистинските македонци и однародените македонци. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 16.Октомври.2009 во 00:11 |
Знаев јас дека ке дојде до овој муабет - и ај сега бидејки ми викаш Александровото ВМРО било пробугарско кажи ми како да ги викаме војводите од ВМРО Македонци кога биле членови на пробугарска партија,кажи ми како Сандански да го наречеме проМакедонски настроен кога бил член на Бугарска влада.
Ти момче научи прво што е Македонија и Македонско,што е Македонец воопшто па тогаш може да раэговараме эа Александров,додека Македонци нарекуваш со погрдни Бугарски имиња не эаслужуваш на муабет,ке си тераш ти и со таа комунистичка неукост не се секирај п.с.Ако Сандански е толку голем светец эошто тој не кренал востание во Бугарија туку Александров кренал востание против Бугарската држава Изменето од Boogie - 16.Октомври.2009 во 00:28 |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Испратена: 16.Октомври.2009 во 09:08 |
Доста бе Буги со тоа востание. Има протерување на федералистичките просрпски предавници и оранжевогвардејците од Ќустендил.
Востание е кога се дигне народот. Исечувањето на телефонските кабели во 1941 било востание, сега пак преземањето на Ќустендил во 1922 пак било востание... Јасно кажал Александров дека ќе се бори против земеделското правителство на Стамболијски, зошто им зајавил на Србите дека не се интересира од тоа што ќе се случува во Вардарска Македонија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 16.Октомври.2009 во 10:49 |
Чекај не си ми јасен - Ќустендил во Србија е или во Бугарија
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Испратена: 28.Октомври.2009 во 16:01 |
Сега, тоа што тој се декларирал за „етнички Бугарин од регионот Македонија“ односно Македонски Бугарин, воопшто не е битно, секој упатен знае дека такво самосознание имале речиси сите припадници на Организацијата без разлика на своите леви или десни политички ставови (освен се разбира нејзините влашки, младотурски, албански, еврејски и други поддржувачи). Во секој случај, по сумирањето на сите факти, може да се заклучи дека Михајлов е секако една од најконтроверзните личности од нашата историја.
http://okno.mk/node/2855 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 28.Октомври.2009 во 16:37 |
Точно така - најконтраверзна
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 29.Октомври.2009 во 16:18 |
се трудат ама некако тешко им оди.извадија и книга за Тодор Александров од 21 до 25 година сакат да скријат пред тоа а и во книгата тој негира постоење на македонци.
убиецот на илјадници македонци сега станва херој |
|
scorpius
Група Регистриран: 24.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 65 |
Испратена: 29.Октомври.2009 во 20:53 |
Верно ви е контроверзен Тодор Александров
штом мегу себе не можете да се разберете... колку македонци, толку ставови |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:12 |
нема за што да се разбериме тој е роден во Штип е Македонец но ги застапува интересите на Бугарија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:23 |
Јас не се согласувам дека Александров эастапува интереси на Бугарија впрочем не е эаџабе речено крајот го краси делото - има некоја погрешна констатација која се меша помеѓу национална и политичка - јас напишав претходно дека Александров верувал во Бугарската држава како на соседна држава која ке и помогне на Македонија но во никој случај Македонците не ги иэмешал со Бугари,па паролата МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ е баш на Александров
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 29.Октомври.2009 во 23:52 |
Паролата Македонија на Македонците во никој случај не е на Александров ги имаш измешано годините.
Напишав горе дали ја имаш прочитано книгата “За Македонија од Тодор Александров“. Паролата е од ВМРО ама од 1903 година тогаш тодор александров играл куку план(криенка) кој крај го краси делото убиството на илјадници Македонци. зошто се откажува од Мајскиот Манифест 1924 година? |
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |