IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 107108109110111 146>
Автор
Порака
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 18:43
Гледам некаде далеку
и паника ме фаќа,
сите од работите што ги сакам
таму се.
Суштинска цел за мене невозможна
толку секојдневна и проста,
зошто ли сеуште не сум над се ?
Ечи мелодија заносна
долго што трае и не излегува
додека се одбива
од зидовите на мојот череп
од решетките на мојот ум
толку силни и непробојни,
далеку посилни од мене,
а уште посилни од мојата верба.
Воздишка рамења што слегнува
молитва секојдневна,
навидум силен,
а толку покорен,
плукам сега по моите
војнички гени
и чекам некој да ме плесне
и по другиот образ.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 21:41
Оди

Чинам те напуштив...
со свиткани улици во
куфер излижан од
неостварени патувања...
Имаше нешто во твоите очи,
нешто што повеќе не ме
потсетува на тебе...
И додека се двоев на
одрекување и прашина,
мојот простор беше прецртан
од мечтата за островче
на кое никој нема да постои.
Оди, продај и’
се на страста
за два гроша,
за ноќи со
полупразна
месечина,
за реки што се
трошат од устите
на препиени...

Само
јас и моите песни
се сакаме вистински.
Само
јас и моите песни
се лажеме вистински.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 21:15
Гушни ме најнежно што знаеш,
денес не е време за тага,
прекрасен е денот
како ретко до сега,
косата ти ја пружам кон сонцето
види какви бои,
ти не знаеш,
ги немаш моите очи
за да видиш
колку си и денес прекрасна.
Уморен сум мило,
а сепак ми се зголемува
задоволство зошто си тука
на секаков начин,
легнувам со глава на препони твои
одоздола ангел си гледам,
а ти ме галиш најнежно што знаеш,
ти не знаеш колку си убава,
ги немаш моите очи.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 09:34

Еееееј 

Еееееј, ме слушате?
Дајте ми ден.
Ден со мугри,
дел  без сенки,
еден залез и милион ѕвезди.

Ееееееј, ме слушате?
Дајте ни‘ будење.
Ден со утринско кафе,
дел, заморен.
едно заспивање, а ѕвездите не мораме да ги видиме. 

Еееееј, ме слушате? Ѕвезди, не мора!
И така знаеме кои се наши. Ееееееј..........

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 16:12

истО

 http://www.itl.nist.gov/iad/images/mirror.jpg

Те сакам, И јас те сакам.

Ти верувам, И јас ти верувам.

Се знам ,и тебе те знам, Јас верувам.

Те допирам. Ладно е, Незнам,можеби да,. Ладно е.

Секогаш си тука, Сум, сум, сум.

Исто пееме, исто се смееме, се е исто, исто..ости ,ости е ес , емеемс ....

Проклето глупо огледало,,,

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
NiNa1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Love and peace

Регистриран: 07.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13795
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NiNa1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 23:31
Вечерва пред да си легнеш
забележи ја црвената боја на зајдисонцето
која ќе ја помешам со ведрото вечерно небо
само за те*е!
И почувствувај го допирот на нежното ветре
кое ќе го пратам за да те погали
наместо мене!

Вечерва пред да и го предаде престолот
Сонцето на Месечината
и пред да засјаат ѕвездите на хоризонтот,
погледни ја мојата слика
која љубоморно ја чуваш
во џебот на твојата кошула
таму некаде до срцето,
за да ме мислиш пред да заспиеш
за да ме сонуваш кога ќе заспиеш!
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2008 во 01:48

X x x

Кога спие,
лицето мило во мене буди
нежност беспомошна.
При секој трепет на агол на усни
и клепки натежнати,
плима од слатко и горчливо ме преплавува
и в гради грутка копнеж набабрува –
слаткото да го проникнам,
горкото со очи да го испијам,
оти не смеам да го допрам,
да не го искршам како огледало,
на остри парчиња,
да не ги нагази нерасонет,
оти,
доста го болат старите рани незалечиви
и доста ги стрват волците
што трпеливо и злобно го опколиле
чекајќи да им ја покажам наивно
тајната патека до него.



Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2008 во 11:35
Јасноста  веќе ранлива не може да биде,
пајажината падна од трепавици
телефон слеп
во грмушки фрлив
лекцијата ја научив.
Ослободена енергија
во теретана ме тера
повтрорно сум мој,
заборавив колку среќен бев.
Гмизавци избегнувам
имам стаж
многумина немаат
затоа и не мислат
нивна грешка не е.
Стојам на ридот
со полни плуќа
остар воздух дур ме реже
не се закашлав.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 10:27


МУЗА

на неа, оти и останав должен

Ме роди жена, жена со сон во очите
и тивка приказна за животот на светулките
што издишувал меѓу капките роса
во ливадите на нејзиното детство...

Ме роди жена, жена со надрочени мисли
во кои само болката останала
да ги мрзне наутро расчаталените крвотоци
на обидите да се дофати мигот на среќата
што премногу блиску била.

Ме роди жена, жена - зрак светлина,
а јас во очите на нијанси ја разложив
како виножито над две црни планини
- црни думи недоречени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 15:41
Хаику 14

Гулаб долета
На погрешен прозорец –
Дождлива есен.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 14:11
Песочни луѓе
пешачат низ пустината врела,
мојата рака се рони
додека мафтам
на она што ветерот брзо го носи.
Пропаѓам во живиот песок
се вртам наоколу,
сите патишта исти се,
не морам никаде да брзам
секако никаде нема да стигнам.
Гледам во часовникот
повеќе не го разбирам,
сонцето свети
не знам зошто,
зар е важно
што не знам ?
Во дланките лицето ми падна
гледам туѓинец
ко да му е криво
местото што ми го зеде,
а мислеше смешно дека ќе биде
и него ветерот го однесе.
Кон врв
NiNa1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Love and peace

Регистриран: 07.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13795
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NiNa1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 14:15
Само некои чувства...

Покажи ми како
Да ја симнам тагата од моите очи
Темнината која го покрива моето срце
Насмевката што солзите ја кочат.

Неможам
Твојата кожа над мојата
Мирисот на страста
Прегратки од кои се растреперувам.

Копнежот по повеќе
И моето те сакам
Стискајќи го со забите
Зашто не смеам да го проговорам.

Соништата во кои потонувам
А твојот лик не го гледам
Усните на кои се предавам
Како воздух, не ги ни чувствувам.

Постоиш, за мене нема крај
Далечен си како оваа месечина
Ладен како овој тврдоглав камен
А јас копнеам, и умирам полека

Hold me now, as I fall again
I want you, love you
That's all I can say

Чекам
Твојот прст над моите усни да исчезне
Додека молчам потонувам
Оваа љубов е надреална.

Покажи ми како да те избришам од себе
Секој дел од тебе навлезен во секоја пора
Секој дел од мене кој те посакува бескрајно.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 19:24
Поглед
што камчиња брои
и во сенките засолниште бара
зошто сонцето се повеќе смета,
лице бледо
од светлина одвикнато
престава пред завеса од темнина изведува
без публика никаква
без накнада никаква
без право каков било приговор
без ништо.
По дожд иде кал
оставајќи стапки привремени
стрепејќи од следниот дожд
што ќе потсетува
на оној претходниот
никогаш заборавениот
зашто потсетува
колку жал ни беше,
а тогаш само се срамевме,
како деца на претстава прва
возбудени и среќни
зашто се учат
на првиот нивен момент.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 20:05
п**ка плаче,
зошто ли ?
За к*р плаче,
не гледаш ли ?
Доста бе,
паметот сал таму ти е !
Како да не ми е,
кога и он плаче !
За што он па плаче ?
За п**ка плаче,
не гледаш ли ?
Бегај бе,
улав еден ненормален !
Ене онаа ти прашај ја,
дали и на неа и плаче !
Ја прашав сега,
а она ми викна силно и уште посилно !
И да плаче, мајмун еден,
за твојот сигурно не плаче !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 107108109110111 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.