|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 107108109110111 138> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Молчам
ништо не кажувам подобро од неразбирлив да бидам тоа не ме влече секогаш знаеш подобро и од мене така велиш ништо не разбирам сигурна си а сепак чекаш нешто да кажам можеби конечно нешто сум разбрал за вистини некои да мудрувам за кои од некаде сме чуле треба само да ги повторам и по некое зборче да изменам а мене ми се неќе само ми се молчи а би требало да те допрам со нешто ново веќе кажано. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои галаксии
некои паралелни димензии низ глава ми се мотаат нешто што пропуштив за што сум дојден не можам да се сетам кој бев а бев некаде додека го бркав низ карпите сакаше нешто да ми каже сиот во црно гуштерот се печеше го пратев и тој ми избега соколот над мене леташе беше врело ма ми се причинува си реков. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што имаш од мојот допир
кога заминувам како врабец кој одлетал откако песни на прозор ти изредил како кога поминуваш низ конец од пајажина на патот случаен кој ти се нашол. Веруваш дека пак ќе се врати како сончево утро кое денес беше се надеваш дека дождот други планови има дека до тогаш гнездо свиено ќе биде и оркестар ќе имаш под твојот прозор бар ова лето патот почесто ќе го минеш кон мојот допир што те води. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од зад седум планини и ридови
срцето на змејот ти го носам ти велиш глупо е сум можел и поинаку и по нарачка го има и за него и наградна игра има за три затки само ќе имаме шанса за некаде и за слики со кои ќе можеме фалба да сториме. Наместо како злосторник да се третирам испрашуван да бидам додека да признаам дека зад седум планини и ридови нешто друго има што тука го нема за кое не сум се борел туку од нешто гратис дадено ми било. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си доаѓам
гледаш низ прозор некаде далеку блиску сум не ме очекуваш уште години многу обичен ден е мислиш време треба твоето срце знае побрзо чука ме препозна гради твои стврднати чекаат на допир може ти се причинува пеперутки многу низ тело ти шетаат нозе во предизвик поставени може од ветерот нешто те скокотка но на усни да им се причинува не може завеса падна меко значи сепак постојам никогаш повеќе сама нема да бидеш не е ветување тоа е мој закон. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некои пајажини висат
во некои заборавени пештери некои древни каде нешто имале нешто знаеле сепак не им вредело изумреле како и тие што ништо не знаеле знаеле или не сите сме исти вечни прашања на секого поставени ќе бидат и секој ќе ги знае не требало знаење доволно е само да се биде лош или добар никој на тоа нема да се сети нема што да се свати. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5+7+5
Во врат ми дише присутна далечина. Сончево утро. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И оваа ноќ
со мене те земам срцето мое веќе знае каде да те смести според тебе и заради тебе обликот го има каква те знае од светлина дел ноќта во ден која ми ја претвара и насмевка ми сочува со ѕверките додека пееме иако текстот не го знаеме а сепак магија ќе предизвикаме не е прв пат се’ подлабоко е во секој дел од мене печат од тебе има. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледаш некаде
чекориш мафтам ко блесав - Еј ! Се вртат женски - Мене ми викаш ? - Бегајте бе недомакинки едни ! - Абе шо ни фали ? - Зимница напраивте ? - Не ! Они така сложно. - Ај гитла од мене зимоска ја со неа ќе бидам, а вие патете и гладни бидете ! - Еј ! Ти чекориш со сметки во раце, а они пак се вртат - Ти нас ни викаш ! - Иш бе од мене ни ТВ претплата немате платено знам ја паметот кај ви е и таму не гледајте џабе за вас нема ништо таму ! - Еј ! Ме виде под свое ме зеде те бацив милно сеуште мирисаш на ајвар и пак те бацив. Уплакани чекори зад нас се губеа. |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sam si sedam
pesni si redam nikoj me neke pa dosta e veke ... Изменето од zenmaster - 04.Септември.2009 во 01:15 |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали
дали лежи на грб или стомак дали замислува или сонува дали со копнеж црта или со откажување брише мојот Салвадор |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne gledaj co kamenot koj na pogled ne se topi,
iscisti ja dusata od mamurluk i napravi nov cekor. Ne mozes kamen so pogled da rastopis nitu pak, nesto so pogled da skamenis. Daj se od sebe i povtorno nasmevni se, daj se za iskrena nasmevka... Ostaj go kamenot zad tebe....vo minatoto.... |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <1 107108109110111 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |