IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 104105106107108 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 10:33
СЕПАК

Си ја затворив раната
со прав од столчени чувства
- да не се позмијчиш


Опстојувам подолго од сам себе
и свртничар сум
на секоја станица на времето
- можеби ќе слезеш на некој перон...

Од невекаде за никаде
ги испраќам и пречекувам
сите возови
со песната на изморените пустолови,
што личи на пцовка
- те нема во ниеден од нив...

Никој не води сметка
кај го фрла срцето
и на чија рана ќе стапне
- во раните змии, најчесто, се котат...

Змија сум,
и змиите храна ми се
- од твојата рана се испилив...

Си ја затворив раната
со прав од столчени чувства
- да не се позмијчиш



Изменето од majstorce62 - 05.Август.2009 во 10:34
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 12:44


       VO ISCEKUVANJE        

Vo iscekuvanje na nevreme .......
koga zemjata i neboto ke se spoi
so dodzdovna sprega ........
so isputanje na iljada kristalcinja
jas razmisluvam tolku lezerno ......
i sveedno mi e
dali kristalcinjata kako grad
ke go unisti plodot na zemja ...
taa moja ramnodusnost
proizleguva od tvojot od kako senka
koja ne me primetuva.......
ti cekoris so sigurni cekori
a jas sum izguben vo minatoto ........
se prasuvam od kade ja imas taa sila
kako lavica razjarena .......
iskonska ubavina
polna so ljubov
a sepak tugja ......


Изменето од bijonse1 - 05.Август.2009 во 19:36
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2009 во 21:37
ЖИВЕЕМЕ
На син ми

Во твоите очи
сонцето и црно грее,
а танцот на дождот
и танцот на солзите
со ист број чекори
го обележуваат растојанието
од болката до надежта.

По сенките на среќата чекорам
но патот познат ми е,
не се плашам
- ништо не светли посветло
од твојата насмевка
и ништо не боли поболно
од твојата воздишка...

Заморот го спакував
како приказна
меѓу кориците
на едни други времиња
- одата на животот не мами
да го пронајдеме
во совршената мудрост
клучот за новиот ден...

Живееме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2009 во 14:33
Мислиш не знам
знам
колку високо ми лебдиш
само малку се извишив
обидувајќи се да те докачам
да те достигнам не можам
малечок бев
и останав.
Она исто уплашено дете
мрсулаво и со тажни очи
седнато во прашина
ги нема ни мама ни тато
отсекогаш само тебе те имав
не можам сам
иако понекогаш се перчам
колку јунак сум јас.
Ми дозволуваш многу
блага си како шеќер
балон сум јас
врвката ја имаш
да се загубам
знам
да дозволиш нема.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 00:13
zvijezda%20Danica

           KAMEN

Kako mozes da bides taka laden
kamen ne ti e raven........
gi razbranuvas moite custva
pokraj ezero vo nokta crna
sega begam kako raneta srna.........

mislam deka zagubeno se e 
zdivot zabivtan mi e.......
nasekade okolu mene temno e
zarem krajot tuka e
taka ke da e .........

naednas patot moj se osvetluva
poglednuvam nagore zvezda e.......
zarem kamenot vo zvezda pretvoren e
kamen blisku laden e
daleku sjajen ke da e........



Изменето од bijonse1 - 07.Август.2009 во 00:15
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2009 во 23:44
ОДИ
На син ми

Тесен е овој пат
и никој не оставил место
за свртување назад...

Оди:
зад секој свиок ќе бидам пред тебе:
доволно близу да ти бидам светлина
и доволно далеку да не видиш
кај ги носам одронетите камења
од последните порои на болката...

Оди:
секој чекор ти го чусвувам ненаситно
кога мислата прелетува
над темните дубрави на стравот
со крилја на кои им ја дадов нежноста
на утринското будење
и суровоста на последната бессоница...

Оди:
над долината на бесмртните копнежи
сонцето свети со твоите насмевки,
исполирани со глеќта на секое ново утро...


Изменето од majstorce62 - 08.Август.2009 во 09:53
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 01:28
Како по борба
како изгасени искри
со пепелот заедно
околу нашите нозе кога се креваат
раце зад грб
во канџи претворени
додека поглед кој заминува
тивко убива
вилици стиснати
наместо солзи треперат
во некоја тишина
кога светот престанува да постои,
да се живее со себе
не успева
но принудува.
Она што ќе биде
никогаш не е она што беше
иако е слично
како лага повторена
со други зборови искажана
заради намера
од ненамерна желба предизвикана.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 23:46
НЕ КРАДИ МИ ГИ НАСМЕВКИТЕ

Не кради ми ги насмевките
со вкус на исушени трнинки
во брчките...

не кради ги и тогаш
кога, наизглед, ти ги нудам со нив
мрешкавите огледала на лакомите очи,
како со слатко од капинки...

оти:
зборовите претекле
дури дотекле,
и не се нашле сами со себе
со убост од срце да те добросат
да те миросаат,

тебе,
кралицата на грешничките,
од темните сокаци
на Содома и Гомора што доаѓаш
наизменично
во наметка од врел бессрам
и рутинска грациозност
на ѕвездена заводничка од прашината...

не кради ми ги насмевките
- насмевкитe што ти ги спакував за разделба...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 02:53
poziv

       Негде после полноќ

Веке е касно......
во глава мисла ми трешти......

you are my love
you are my day and night
you will be my tonight.....

чаршавот го превртив..... веќе сто пати
креветот жедно.............. само се клати
прстот...............насмевот го прати мој
а тебе те нема ............. ухх пак си свој

и
пак ке речам  по кој знае кој пат
во толку f u c k i n g  касен саат
дека преоѓам секоја граница луда
за твоја наивна  f u c k i n g  авантура
онака.....апсолутно без цензура

се прашувам дали сум луда ???







Изменето од bijonse1 - 09.Август.2009 во 02:57
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 21:03
За тебе
ништо не знаев
ризикував
никогаш да не дознаам
не знаев
дека отворена беше
не како за гостин
ниту како за просјак
не го гледав црвениот тепих
кој за мене го посла
во тебе гледав
се обидував да дознам
а цело време сум знаел
што треба да ти кажам
кога требаше да ти кажам
но ти го слушаше
она што не знаев да ти го кажам
го гледаше
она што требаше да го направам
како за утеха знам
дека го чувствуваш
она што најпосле го дознав
она што од мене ти требаше
нема да дозволам повеќе
во следните животи
тоа да го заборавам.


Изменето од zbunet - 09.Август.2009 во 21:10
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 21:28
Preubavi,iskreni poraki vo stihovi,prekrasno!
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 01:34



   PORAKA VO SISE
Sekogas si poseben......
sekogas si neobicen.....
sekogas si neodoliv....
sekogas si  nezaboraven....

Sekogas sakas neobicni raboti...
sekogas sakas tainstveni baknezi....
sekogas sakas tainstven dopir.....
sekogas sakas vo srce da me dopres.....

sekogas ko plamen se pojavuvas...
sekogas do ludilo me vozbuduvas.....
sekogas se gubis ko zalez.....
sekogas ostanuvam zrno pesok....

sekogas sakas senka da bides....
sekogas sakas na  pust ostrov da si....
sekogas se vozdignuvam kako svetilnik....
sekogas na breg me ostavas ti....

Sekogas me zbunuvas.....
sekogas sise so ljuboven eliksir mi spomnuvas....
sekogas te svakjam  vistinski.....
sekogas zelbi ti ispolnuvam.....

Porakata ja imas vo sise....
TOA SUM JAS....



Изменето од bijonse1 - 10.Август.2009 во 09:21
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 21:45

Некогаш многу сонував. О да, сонував. Некогаш го живеев сонот ко јаве, колку само тоа реално беше. Некогаш се имаше смисла, некогаш секоја смисла се губеше. Во секоја мисла, во секој збор...во секое прашање, во секоја игра. Застанував само за да проверам дали сум на сигурен пат, ме погледнуваа како качена на висок коњ. Ах колку ниско се чуствував..... само тие така помислуваа и од завист позеленуваа. Некогаш бев многу срекна...мислам дека сеуште сум. Но некогаш не постоеше тоа сега...не постоеше зависта и лошите погледи. Не постоеја навредите од злите усти....Сега постои срека, но таа срека повредува. Таа срека знае до срж да боли. Некогаш среката е позлобна од тагата. Зашто газиме на толку убави цветови?! Зашто штетиме без корист на нештата кои не заслужуваат!? Зашто плукаме по тоа што ни е свето!? Зашто на некои прашања нема одговор, а сепак јако болат иако не смееме на глас да ги кажеме!? Зашто !?

 

 

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 22:25
Осетив рака на моето свиткано рамо. Во тишината, да бев повеке при себе, можеби и ке ме исплашеше. Но не ме исплаши. Можеби зашто немав намера да се грижам за иднината, а можеби и  зашто беше тоа топол, смирувачки допир кој како да шепотеше-јас сум тука за тебе. И додека 4 часа се запрашував која е смислата на моето постоење, таа рака за пар секунди ми докажа дека сеуште има смисла. Дека мпжеби, сепак сеуште...постои негде пријателство....или можеби...сепак сеуште...постои негде љубов. Братска, пријателска, брачна....Можеби постои. Но во истиот момент кога ми влеа надеж, си помислив-Не повторно. Не сакам да патам! Премногу боли! И само изустив-Остави ме. Тивко како ветрот да го прошепоте тоа низ нотите на кои дрвјата свиреа. Како добро наштимана виолина а само звездите се публика. Толку многу, а сепак толку немо. Тоа беше најболниот одговор за мене. -Ако е тишина, не значи дека никој не те прати. Го свртев најспоро што можев погледот кон моето лево рамо на кое сеуште лежеше  таа непозната рака и уште еднаш си го потврдив тоа што го помислив, а во карпестите шпицеви ја гледав таа непозната сенка која не сакаше да замине. Остана зад мене уште некое време. Не знам дали минути..или пак часови....се трудеше со тишината да ми помогне. Кога реши да замине само тивко прошепоти-Јас сум само патник, пустинец во нокта, само те подисправив иако ти не примети. И како магла што се крева над планините,  замина во молк. Се погледнав и сватив.....несвесно ме подисправи...ме поткрена...никој ....и ништо.................ЧОВЕК....
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 104105106107108 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 5,188 секунди.