IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 146>
Автор
Порака
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 00:35
Go zemam vo dlanki
sekoj spomen,
sekoj izminat moment kraj tebe,
kako so kandzi ja otkinuvam
sekoja misla od sebe
i vo kuferot ja frlam.
Gajle mi e,
dali nesto krevko ke se skrshi
i na atomi ke se razdrobi
ne vnimavam!
Brzam se da spakuvam.
Vremeto nosi tovar nov,
koj ke treba vo kuferot da go smestam,
ushte samo den,odlozuvanje malo
i nitu so kran ne ke go premestam.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 09:32
СРЕЌНА ПЕСНА
( На задоблачната светлина )

Задоблачна сончевина на моето небо
Облакот со срмен вез е порабен
А личи на среќа....
Песна сум
Од мртва птица оставена
Коријата ечи од стравот
На изгубеното дете
Што ги бара неосмислените игри
Во гнилото лисје на вистината
Се е толку едноставно недостижно:
Игрите,
Песната,
Светлината
Облакот со срмен вез на образот
Ми ја открива најголемата тајна....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 16:20
РЕМИНИСЦЕНТНО УМИРАЊЕ

Музиката на штиклите,
Дур одѕвонува по плочникот на моето срце
Со акордите на последните воздишки
На задишаниот ден,
Ме раѓа одново и одново
По стрништата на стариот непребол:
Како нова празнина,
Како нов крик во мракот
Што шумоли со сенките
На твоите последни зборови,
Твоите клетви насладнички...

Смрачката ги впива во сунѓер од себеизеднина
Миризбите на босилекот на твојата насмевка,
А душата е сува,
Испукана, клета иловица
Испостена од трње и паламиди,
Могила на мртви илузии,
Последно свратилиште на јаловото исчекување
На прокудените намерници на радоста...



Стишај ја, те молам, музиката на штиклите
Бар за миг,
Еден обичен, едноставен миг
- капка роса во времето,
Дури здив претсмртен да земам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 23:25
Jarosta na tigarot
na ridot dur stoi
so priguseno rzenje
muskul do muskul,
a sepak ubavina za oci
vo boi prelieni
go prepoznava monahot
koj go dostigna plodot
na razmilsuvanjata svoi
vo samotija i prigusena taga
do rezigniranost i ramnodusnost,
tigarot go prepozna zmejot
i se sklupca kraj negovi noze
kako milo mace.
Mu pokaza na tigarot
kade da gleda
i mu sepna tivko zborovi nekoi
i tigarot pocna da pase od trevata
kako sekogas toa da go pravel.
Tigarot se zaplasi
sto ke bide so nego
dali rogovi ke mu niknat,
a monahot poglasno malku go utesi
velejki mu mirno
deka ne go pravi tigar toa sto jade
tuku toa sto go pravi.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 20:29
Непознато

Несоницата ноќва ја одложи
нашата средба на неодредено.
На точката каде фантазијата
се разгранува во раскошна делта,
ме чекаш со твоите столетни сказни,
за стисокот и отпуштањето.
Јас нема да умрам,
јас само ќе завршам,
ожеднет за искрен допир,
во мноштвото прсти,
обездомен во својата ѕвезда,
меѓу безбројни соѕвездија.
Ќе ти го раскажам мојот крај,
штом се претворам во врисок
на полна месечина,
стравот што го соголува на
својата суштина
- непознатото.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 21:04
БАЛАДА ЗА ЖИВОТОТ
(на мојата Пенелопа)

Ни една пролет немала толку нежност
Во гласот на своето надоѓање
Од пределите на замислените почетоци
Каде секоја песна е кантата на вљубените
А боите се распознаваат по името
На сликарот на последното платно
на судбинското прашање
во кое се прекршуваат смислата и бесмислата...

Мислев, сите магии на дланка ќе ти ги донесам
Ќе те облечам во свилата на најсветлиот зарек,
Мислев, со седефот од душата
Ќе ги исполирам сите твои недоиграни игри
И ги бакнував во мислите сите сокачиња
По кои останале расфрланите парчиња
Од твоето детство
Како тажни кукли
после препирка со најдобрата другарка...

Тивко одѕвонува ехото на дамнешната радост
Во темните длабочини на твојата болка
А јас фатен, изулавен
Со две раце во еден ракав протнати
Ги бројам капките на времето
Од стреата на избезумените мисли...


Таго бисерна,
Ништо не е повечно од тебе
И толку беспомошно одминливо
Во миговите кога сите сонови заличуваат
На кревки стебленца исушена трева...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 23:31
x x x

Трнов венец од копнеж и неспокој
И мисли приковани со клиновите на сомнежот
На распетието на денот.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 13:15
Smackan crv
na petica zalepen
posledni misli misli
posleden glusec
na pomocano kose umira,
posledni nasmevki
vo prezir preogaat.
Nieden zbor
sila nemal
zosto silata doaga so silnikot,
niedna nadez boi nema
ako se ceka od sila visa
bez rakavi zavrateni
i celo kaplivo,
no nema vrednost
iako e trudna
iako e vredna
dodeka vremeto kako ludak trca
kolku da se istrca,
kolku da se izduva,
petneset milijardi godini
i nesto sitno taka.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2008 во 19:51
ИНАЕТ
( на Пенелопа)

Таго бисерна,
и твојот крст од поцрнет јантар
на грбот свиткан ќе го носам
и со песна во очите
ќе го изодам патот
до нашата Голгота
каде и да е...
ниту троскотот на болката
што се коти:
од семето
од коренот
од ластарите му,
во одот не ќе ме сопне
не ќе ги испие соковите
на мојата тврдоглавост
што ја калев во воздишките твои
како невешт чирак
во зачадената ковачница на судбината…
Насмевко угасена,
Ништо не е посветло од тебе
Во мракот што сака да не голтне…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2008 во 20:18
Ја
и улицата на брестовите
ја
Хари Кругер
ја
ке чекам
во соништа
од памет да те мрднам
оти не се топам веке
од лаги од моја земја земени
и како ајвар продадени.
Не се лажи веке
дека да ме лажеш можеш,
тоа бидна некогаш
на што со сласт
да се секаваш можеш
на земја валкајки се од смеа
што друг  да ја разбере не може. 
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2008 во 21:15
Среќа

Спласнат миг врз
расфрланите предмети
од грабежот на
ситните колачиња
со пораки за среќа.
Модар сум од ударите
на луѓето што се
буткаат преку ред,
за да се дограбаат
до сенишниот дупликат
на рајот.
Денот кога ќе бидам среќен,
сигурно ќе умрам од среќа.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 15:58
Kaplivo celo
orosena so ladna pot,
mrtvite vikaat
so nasmevka raspadnata
dopir bez cuvstva
na kora od stoleten dab
zborovi snezni
na utrinsko sonce se topat
gorciliv seker
vo limunada kisela
mezeno pivo
so kiselo mleko
prijatelska raka
vo kaktus pretvorena.
Plukni me ti sega
zosto da te napadnam moram
sirenjeto za pari e,
nema milost,
nema zal
na toa zaboravi,
nema da go ima.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 23:31
Зар мислиш дека стариот жетвар
нема да замавне со српот
во мигот кога твоето класје ќе
се исправи да ми каже дека
побрзо се извишува
откога јас сум му сонце?
На небото му треба
инаква спојка од земјата,
на самотијата и’ треба
посмирен говор од тишината.
Моите тајни се раздадени
по телефонските говорници
низ црно-белиот град,
во кој сме изгубени примероци
од редок вид.
Штом падне оклопот на ноќта,
изненадено ќе ја погледнам
повторената месечина,
што на ситни парчиња
ми се раздава низ дупчињата
од ролетните.
Време е да се разноќи.
Време е да ги заборавиме
приспивните песни.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 19:39
               LJUBOV

       docna e poleka paga nok
       te drzam vo moite pregratki
       dodeka mrakot gi golta
       nash*te tela kako shto ja golta
       poslednata svetlina od ovoj den
       povtorno moite usni se zedni
       i baraat da gi napoish so tvoite baknezi
       mojot pogled go bara tvoeto lice
       moite dopiri posegaat kon tebe
       ti gi nudish tvoite volshebstva
       a jas vo zanes gi prifakam
       likot go skrivam vo tvojata kosa
       poveke ne mi treba pogledot
       za da ja doziveam tvojata ubavina
       povtorno i povtorno se dodeka gi slusham
       tvoite vozdishki od nashata splotenost
       vo ovaa blazenost sega
       bolkata isceznuva daleku od nas
       a nie ja ziveeme ljubovta
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,734 секунди.