|
Тодор Александров - Македонија на Македонците |
Внеси реплика | страница <1 89101112 15> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Некои едвај чекале да си отидат бугарските чиновници, па споменати се убиства, кои се вршеле со оправдание дека станува збор за србомани, македонска партија, доста интересен извештај... |
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Писмо од Тодор Александров до Jаворов, 1913 г.:
.....
добро е да се прати една македонска мисија во Европа или од
неофицијални лица, или од 2-3-ма духовни владици и 2-3-ма мирjани, или
од 2-3-ма членови на организацијата ... .... Да идат со овластување, подпечатано од сите македонски општини, особенно спорните,та да изjаваат народното барање- да се задржат сите бугарски земи за Бугарија ... Изменето од lav4eto - 09.Март.2010 во 10:32 |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Иван Михајлов го организирал убиството на Александров
Петок, 22 Октомври 2010 17:36 Според Зоран Тодоровски, Директор на државниот архив на Македонија, организатор на убиството на Тодор Александров е Иван Михаилов, а нарачатели се бугарското Министерство за одбрана во согласност со Владата на тогашна Бугарија. Според него, причините и поводот се објавувањето на Мајскиот манифест во 1924 година во Виена чиј потписник е Тодор Александров и во кој манифест всушност се презентираше новата политичка ориентација на организацијата, а тоа било создавање на единствен македонски револуционерен фронт за обединување на сите македонските револуционерни сили за создавање на самостојна и независна Македонија во нејзините географски и етнички граници. Во тој документ, посочува Тодоровски, се критикувала и бугарската Влада за мешањето во македонските работи. - Сето тоа беше повод бугарската Влада да изгуби доверба во Тодор Александров и во патиштата за наоѓање нов лидер да го организира и убиството. Самиот чин на убиството, пак беше некој вид сценарио за да се прикријат вистинските наредбодаватели и физичките убијци, посочува Тодоровски во пресрет на утрешниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционарна борба. Тодор Алекандров, е убиен на 31 август 1924 година во близина на селото Сушица во присуство на неговиот телохранител Панзо Зафиров и на вториот член на ЦК на ВМРО Александар Протоѓеров. При самиот чин на убиството двајцата војводи на организацијата Димчо Вретенаров и Штерјо Влахов кои што го придружувале пукале на Тодор Александров и на неговиот телохранител додека не посегнале по Протоѓеров. Целта била, вели, да се стекне мнение дека Протоѓеров знаел за убиството и целата вина околу убиството да се сврти кон левицата на ВМРО и кон комунистите, што потоа било искористено во подоцнежните објавени информации, гласила, а ВМРО напишала и посебна книга за убиството на Александров. - Меѓутоа од спомените на Иван Михајлов и од други извори, документации, сведоштва на поранешни министри кои што ние историчарите ги имаме на увид се потврдува мислењето дека убиството е нарачано од овие воени кругови, а со тоа бил запознат Иван Михајов, вели Тодоровски. Самиот Михајлов, според него, на некој начин во своите спомени се издава, индикативно е и што физичките убијци Влахов и Вретенаров раководството на организацијата не ги уапсило да ги сослуша за да ги дознае нарачателите, туку тие билеа ликвидирани, поточно запалени во една куќа во која се криеле. За улогата на Ванчо Михајлов тој добил директно потврда пред неколку месеци и од Џон Битов поранешен претседател на Македонската патриотска организација кој што во снимена изјава признал дека при неговата посета на Иван Михајлов во Рим во 70-тите години самиот Михајлов му признал дека тој бил организатор на убиството на Александров. Ванчо Михалов бил член на ЦК на ВМРО и може да се смета и прв лидер на организацијата од 1924 година се до нејзиното распаѓање. За организацијата, Тодоровски вели дека била единствена и за време на Тодор Александров и за време Иван Михајлов, но оти во тоа време тие биле принудени да соработуваат со бугарската влада бидејќи делувале на територијата на Бугарија. Според него, начинот на кој е прикажан Тодор Александров во македонската историја е резултат на тоа што нашата историографија, како и досегашните комунистички историографии до 90-тите години посебен акцент давале на истражувањата на левите струи, организации и партии во државата, а помалку на оние т.н десни струи се со цел да се прикаже дека левите биле оние кои што се залагале за самостојна и независна Македонија додека другите струи на кои им припаѓала и целата десница на ВМРО почнувајќи од Христо Мантов, Александров и Михајлов се залагале за присоединување на Македонија кон Бугарија. Архивската документација, сепак, посочува Тодоровски, тоа го негира и демантира, а за таа проблематика издал и посебен Зборник за документите и писмата на Тодор Александров каде што, вели, се потврдува автентично дека од 1919 година до неговото убиство во 1924 година Александров во сите негови писма декларации, апели и залагања и во цирк*ралните писма на ЦК на ВМРО се залагал единствено за создавање на самостојна независна македонска држава во нејзините природни и етнички граници http://www.time.mk/read/c5b24fd00b/fb1d825b04/index.html |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...Меѓутоа од спомените на Иван Михајлов и од други извори, документации, сведоштва на поранешни министри кои што ние историчарите ги имаме на увид дека се потврдува мислењетоубиството е нарачано од овие воени кругови, а со тоа бил запознат Иван Михајов, вели Тодоровски.
--- бла, бла, бла... Па jас може да речем што Александров е убиен од Власите поради завист на страна на Влаот Михаjлов. Нели убиjците се казваа Димчо Вретенаров и Штерјо Влахов? Се разбира што jас подобно не можам да кажам, за разлика од Зоран Тодоровски. Сепак си мислим што кога се отправат вакви обвинениjа, требе и да иима солидни доказателства. Повеке од 80 години нема никакви доказателства во таа насока... |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koj pak lazhe tuka? Vesnikot ili Todorovski? Dajte da vidime edno pismo kade pishuva za etnichki granici. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...Централниот комитет кога вели дека не е работа на ВМРО да се меша во внатрешниот политички живот на Бугарија, но дека ќе се бори со сите сили и средства против непријателите и злоупотребителите со нејзиното име и престиж, кои и да се тие и каде и да се наоѓаат тие, смета дека е време сите политички партии во Бугарија да ги дефинираат јасно и недвосмислено својата позиција во однос на ВМРО, која единствено е надлежна до насочува својата дејност во гонење на идеалот си - слободна и независна Македонија.
Од Централниот комитет на ВМРО Д е к л а р а ц и я н а В М Р О А сега да видим уставот на младешкото ВМРО - ММТРО: Статут на Македонската тајна револуционерна младешка организација. Цел. Член 1. Македонската тајна револуционерна младешка организација има за цел да помага на Внатрешната Македонска Тајна Револуционерна Организација во борбата за ослободувањето на Македонија од српското и грчко ропство и за подигне на последната во самоуправлjaвашта се држава, а исто така да служи за подготовка на нови борчески сили Устав на ММТРО Видно е што се работи само за ослободувањето на Македонија од српското и грчко ропство, ама не става дума за за ослободувањето на Македонија од бугарско ропство. Jасно е зошто е така - во рамките на Бугариjа Македониjа е слободна териториjа и нема нужда од какво да се ослободува. А сега да се врнем на писмото на ВМРО односно формирането на слободна и независна Македонија. Во контекстот на тие два документа се види што слободната и независна Македонија ке се гради около слободната тврдина - Пиринска Македониjа, коjа е част од Бугариjа. |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Абе го сакавте Тодоровски едно време - што му се налутивте
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Че да не сме се венчали со Зоран? ... Кога говори глупости - ке го биjат през прстите. |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зоштото Тодоровски заборава (мислам умишлено) следново:
...дека е време, што сите политички партии и фактори да разберат што ВМРО е единствена компетентна да насочува својата дејност во гонење идеалот си - слободна и независна Македонија. Ова е потребно уште повеќе од фактот дека најголемо учество во ослободителното дело земаат македонските Бугари, поради проста причина дека тие се најмногу загрижени и нај многубројни во поделената и поробена земја. Не само долг на хуманост, но и долг национален е, што сите Бугари, без разлика на партија, да сочустват на македонското дело или конечно во никој случај да не му пакостaт поради свои партиски интереси. Тоа е, тоа е и денес мислењето на Централниот комитет.Всички други манифести, декларации и др, кои се јавуваат или би се појавили во негово име, ангажираат само нивните сочинители и никого друг. Од Централниот комитет на ВМРО / п / А. Протогеров / П / Тод. Александров Декларациjа на ЦК на ВМРО |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија.“ "Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија." "При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа." "Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници;" 15 мај 1924, Виена, Австрија |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нели знаеш коj е потписал Виенскиот манифест? Тодор Александров се е доверил на Чаулев и Влахов да се потпишат наместо него, а тие са го изиграли. Во одговор на таа манипулациjа по горе бев посттнал... Ете го отново: ...Тоа е, тоа е и денес мислењето на Централниот комитет. Всички други манифести, декларации и др, кои се јавуваат или би се појавили во негово име, ангажираат само нивните сочинители и никого друг. Од Централниот комитет на ВМРО / п / А. Протогеров / П / Тод. Александров Изменето од чоли - 23.Октомври.2010 во 18:28 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да не го заборави Мајскиот манифест
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак да си го повторам прашањето - Dajte da vidime edno pismo kade pishuva za etnichki granici. А што се однесува до Мајскиот манифест Зголеми http://img211.imageshack.us/img211/5180/deklaracija.jpg |
||
Внеси реплика | страница <1 89101112 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |