IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 13:55

Кимот ги смирува грчевите

Покрај тоа што кимот се користи како ароматичен зачин, оваа двегодишна билка е и лековитра. Напролет се вади коренот, а на есен се собира семето од кое се вари чај за јакнење на желудникот, за подобро варење и за исфрлување на мочта. Оваа напивка посебно им се препорачува на жените, зашто ги смирува грчевите во матката, а во текот на доењето го забрзува лачењето на млекото.
* 1 лажица ким прелијте со 250 мл врела вода, варете 5 минути, оставете ја течноста неколку минути поклопена, па исцедете ја и пијте ја топла и засладена со мед.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2011 во 13:52
Не фрлајте ги перцата од младото кромитче

Бројните истражувања потврдија дека повеќето луѓе грешат што ги фрлаат зелените перца од младото кромитче и го користат само белиот дел. Зашто, покажаа анализите, перцата од младото кромитче изобилуваат со витамините Ц (3-4 пати повеќе од главица зрел кромид) и А, како и со минерали. Надземниот дел од младото кромитче содржи и јагленохидрати и билни влакна, така што претставува вистинска ризница на здравје.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 23:37
Што да изберете за јадење?

На дамите првиот избор би требало да им биде овошјето. За подобар и сјаен изглед, има помала енергетска вредност, а гарантира доволно енергија за дневните активности.
За учениците треба хигиенски приспособени оброци. Тука не спаѓа пржената и пресолената храна, кои може да ги отежнат работните часови. Идеален е оригинално спакуван оброк во амбалажа која обезбедува максимална хигиена. Затоа тука спаѓаат сушеното и свежо овошје, енергетските плочки (чоколадо), јогуртот, сендвичите, овошните сокови...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 23:06

Све­жа­та зел­ка - елик­сир за ор­га­низ­мот

Зел­ка­та со­др­жи мно­гу ви­та­ми­ни, ка­ко ви­та­мин А (осо­бе­но про­лет­ни­те ви­до­ви), Б1, Б9, Ц-ви­та­ми­ни. Бо­га­та е со ми­не­ра­ли, ка­ко фос­фор, кал­ци­ум, ка­ли­ум, ба­кар, маг­не­зи­ум, јод. Го­ле­ми­от про­цент хло­ро­фил кој го со­др­жи го за­јак­ну­ва соз­да­ва­ње­то на хе­мог­ло­би­нот и $ се спро­тив­ста­ву­ва на ане­ми­ја­та. Но тре­ба да за­пом­ни­те де­ка хло­ро­фи­лот се гу­би со гот­ве­ње­то.
За­тоа, нај­доб­ро е зел­ка­та да ја ја­де­те све­жа. Вис­тин­ски­ лек за сè е све­жи­от сок од зел­ка, кој мо­же­те да го из­ме­ша­те со сок од мор­ков и со не­кол­ку кап­ки ли­мон за по­у­бав вкус. Со­кот од зел­ка е ко­ри­сен за вра­ќа­ње на рам­но­те­жа­та на ко­жа­та, при проб­ле­ми со буб­ре­зи­те и бол­ки во мус­ку­ли­те, ар­три­тис, рев­ма и слич­но. По­ма­га при чир на же­луд­ник, црев­ни ин­фек­ции, па­ра­зи­ти, ас­тма, грип и во ди­е­ти­те за ди­ја­бе­ти­ча­ри.
Исеч­ка­на на пар­чи­ња или из­дро­бе­на, зел­ка­та го има ис­то­то деј­ство ка­ко со­кот, но во по­ма­ла ме­ра.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:16

Водич за свински ребра


Baby back ribs
Името го добиваат заради тоа што се пократки од останатите ребра. Поврзани со 'рбетот, сместени меѓу слабините, ова се најчистите и најмеките ребра. Просечно парче има меѓу 11 и 13 коски, од кои најмалата е околу 8 сантиметри, а најголемата околу 16.

< =text/ ="/sites/all/libraries/swf/swf-1.5.js">


Baby back ribs
Името го добиваат заради тоа што се пократки од останатите ребра. Поврзани со 'рбетот, сместени меѓу слабините, ова се најчистите и најмеките ребра. Просечно парче има меѓу 11 и 13 коски, од кои најмалата е околу 8 сантиметри, а најголемата околу 16. Во зависност од тоа како месарот ги отстранува ребрата, коските можат да имаат и до 2 сантиметри нежна кртина на горната страна. Просечното парче тежи меѓу 650 и 900 грама, од кои половина е коска.

Цената на овие ребра е меѓу 4 и 8 долари, пред се бидејќи се помеки и имаат помалку сало од останатите ребра. Посебно се добри кога се подготвуваат на чад, полека и на температура од 100 степени, околу четири часа. Се препорачува премачкување на ребрата со сос за скара, пред да бидат тргнати од оган. Ниската температура придонесува месото да биде уште по меко и по сочно. Високата температура ги стврднува.


Ребра армоника
Овие ребра во ниту еден случај не се ниту лоши, ниту остатоци, ниту со понизок квалитет. Всушност голем број од готвачите ги преферираат овие, во однос на "бејби бек" ребрата, пред се заради тоа што имаат побогат вкус и поразновиден вкус. Овие ребра се сечат од крајот на "бејби бек" ребрата до самиот крај на ребрата. Ако погледнете парче од овие ребра ќе забележите дека на едната страна се гледа коскена срж, ова е делот каде што тие се отсечени од "бејби бек" ребрата. Другата страна, од која не излегуваат коски, е делот што завршува кај градите.

Според правилата, едно парче од овие ребра треба да содржи најмалку 11 коски и парчето има повеќе коска отколку месо. Најголемиот дел од месото се наоѓа меѓу ребрата а не на горната страна. Коските се прави и потенки од оние на "бејби бек ребрата," а месото има повеќе мрсно меѓу мускулните влакна. Коските, сврзувачкото ткиво и маснотијата го прават месото посебно вкусно. Цената на овие ребра се движи од 2 до 6 долари за 450 грама, а просечното парче тежи меѓу кило и кило и пол. Од ова половина се коска и рскавица. Едно парче обично може да најаде две лица. Најдобро е да се подготвуваат исто како "бејби бек" ребрата, само наместо 4, треба да се остават 6 часа.

Овие ребра се малку поевтини од "бејби бек" ребрата, пред се затоа што имаат повеќе коска и затоа што драстично е зголемена побарувачката за овие вторите. 

Сент Луис ребра
Земете парче од ребрата армоника, отсечете ги врвовите и она што ќе ви остане е коцкасто парче месо во Сент Луис стил. Бидејќи 10-те до 13 коски се прави и рамни, ова е најдоброто парче месо за рецепти кои бараат ребрата да бидат малку заруменети во тавче на шпорет. Обично чинат меѓу 3 и 7 долари за 450 грама а доаѓаат во парчиња меѓу 900 грама и 1,3 килограми и можат да нахранат двајца или еден стварно гладен голем човек. Најдобро е да се подготвуваат на ист начин како "бејби бек" ребрата, но наместо 4 треба да минат меѓу 5 и 6 часа тивок оган. На сликата имате споредба меѓу Сент Луис ребрата и Бејби Бек ребрата.


Rib Tips
Ова се врвовите од ребрата кои остануваат откако "армониката" ќе се исече на Сент Луис начин. Во просек се долги меѓу 20 и 30 сантиметри а широки од 2,5 до 7,5 сантиметри. Јадењето на овие ребра бара малку повеќе глодање бидејќи содржат повеќе рскавица. Во зависност од регионот, овие ребра или се деликатес или стануваат дел од колбаси. Две парчиња од овие ребра се доволни да најадат просечен човек. Се готват исто како бејби бек, само подготвувањето трае околу 2 часа.


Ребра во кантри стил
Ребрата во кантри стил, всушност и не се ребра. Ова е парче од предниот дел на бејби бек ребрата во близина на плешката. Обично не содржат воопшто коска и ако имаат некоја таа веројатно е дел лопатката. Овие ребра повеќе наликуваат на кременадли, имаат повеќе месо и помалку мрсно од останатите ребра, и треба да се подготвуваат како кременадли а не како ребра. Обично чинат меѓу 3 и 4 долари за 450 грама, и во зависност од тоа како се сечени се служат по едно или две парчиња по човек.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2011 во 05:19

Научниците препорачуваат скара со рузмарин

Истражувачите од Универзитетот "Канзас Стејт" открија дека рузмаринот може да го редуцира нивото на сврзниците на хетероцикличките амини (ХЦА) во месото печено на скара. ХЦА настануваат во храната богата со протеини, кога таа се пече на скара, се вари или се пржи. Порано спроведените епидемиолошки истражувања укажаа на поврзаноста на ХЦА со некои видови рак.
Со додавањето рузмарин во месото кое се пече на скара, се намалува нивото на канцерогените материи, тврдат американските научници.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 18:18
Овошен коктел за моќно здравје

Најздравото овошје заедно со некои други здрави додатоци се наоѓа во супермоќниот коктел кој може да ни обезбеди добро здравје и долг живот.

Француските научници тврдат дека успеале да произведат коктел од седум видови на овошје кој може да обезбеди долг и здрав живот. Како што велат научниците, коктелот го подобрува здравјето, го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, а што е најважно, има и многу убав вкус.

Коктелот super-smoothie содржи грозје, јаболка, боровници и јагоди. Има и некои други егзотични додатоци кои наликуваат на брусници и цреши со огромна количина на витамин C. Исклучителна важна состојка е аронијата, која некои експерти ја опишуваат како најздравите бобинки во светот.

Научниците тврдат дека нивниот коктел ги содржи најздравите и највкусните комбинации на овошни сокови. Моќниот коктел внимателно е тестиран во лабораторија каде е откриено дека има навистина корисен ефект врз организмот. Тој го зголемува протокот на крв до организмот и го снабдува организмот со здрави хранливи и материи.

Таков коктел има силни антиоксидативни карактеристики и делумно може да ги поправи оштетените ДНК молекули. Се разбира, напомнуваат научниците, потребни се уште додатни истражувања, но уште сега е јасно дека станува збор за многу моќна напивка која би можела да постигне извондреден успех.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 18:19
Жените на диета јадат два пати повеќе

Жените кои се обидуваат да ослабат со диета, јадат два пати повеќе, велат експертите.

Експертите за исхрана во Алабама објаснија дека жените кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми често не можат да состават добар режим на исхрана.

Слабите познавање на принципите на здравата исхрана понекогаш доведува до тоа дамите, наместо да ослабуваат, за време на диетата да додадат уште некој килограм.

Многу чести тие јадат двојно повеќе отколку во „нормални“ услови.

Многу од „наводната“ здрава храна содржи големи количини на шеќер, масти и калории, објаснија диетолозите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 18:20
Постењето има низа предности за здравјето

За едни постот е тест за телото и волјата, за други - само начин да се направи обид за соборување на барем неколку килограми.

Сепак - во што точно се состои карактеристики на овие повеќе од 40 дена?

Погрешно е да се верува дека постењето е откажување од месото, млекото, јајцата. "Постењето не е диета, туку воздржување од гревот, злото, омразата, лутината, лагата“, ќе кажат црковните службеници. А ограничувањето на храната едноставно му помага на човек да се концентрира во тоа.

Преосмислување на доживеаното, молбите и исповедта се активности кои се одвиваат за време на големите пости. Човек кој израснал духовно бара одговори на многу неразрешени прашања. Но не треба да се смета на тоа дека немасната храна ќе не избави од сериозните внатрешни конфликти, кои повеќето се поставени во нас уште од детски години.

За праведниот христијанин за време на пост треба да се посетуваат црковните служби за големите празници и во недела. Без тоа Великите Пости нема да бидат целосни.

Мени без масти

Во понеделниците се препорачува сува храна: свеж зеленчук, овошје, снегулки и друго. Во вторниците, а исто така и на Благовештение и Цветници се дозволува храна што се подготвува со растително масло, риба и морски производи.

Што може да се јаде? Овошје, зеленчук, каши, посни супи, леб, снегулки, габи, Бобов култури, чај.

Што не треба да се јаде? Месо, сланина, млечни производи, чоколадо. Не треба да се злоупотребува слатко, солена, испржена храна , а исто така и кафето.

Мислење на лекарите

Немасната можат да не избави од штетни навики.

Постењето придонесува за прочистувањето на организмот од отрови и сите системи се одмараат.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 20:02
ПОЛНОЌНОТО ЈАДЕЊЕ ОСТАВА ГОЛЕМИ ТРАГИ



Полноќните закуски можат да остават поголеми траги на вашиот организам отколку што мислите.

Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави ја потврди теоријата дека уживањето на храна во текот на ноќта води кон поголема акумулација на тежина отколку во конзумација на иста храна во вообичаеното време на јадење.

Во гореспоменатата студија глувците кои биле хранети во текот на ноќта добиле повеќе од двојно на телесната тежина одколку глувците кои биле хранети преку ден, со истата храна.

Јадењето во несоодветни време ја нарушува природната рамнотежа на телото, која води до една серија на метаболичките реакции и на крајот влијае на клучните хормони со кои се регулира апетитот. Станува збор за зголемување на ghrelin, хормон со кој чувствуваме глад, и намалување leptin, хормон што сигнализира ситост.

Се препорачува да се избегнува јадење пред да се оди на спиење, не само за да се спречи формирањето на телесната тежина, но за да се спречат дигестивни проблеми кои можат да предизвикаат интерференција со спиење.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 04:42

Коприва место спанаќ

Големата коприва веќе во мај е мошне голема и груба, па не е употреблива за јадење, но ви преостанува малата коприва, исто така, мошне распространета. Таа може да се бере за јадење и во летните месеци. Големата израснува и до 150 сантиметри, а малата не е поголема од 60 сантиметри и се разликува од големата по подолгите лисни петелки.
1. Младата коприва може да ја берете со до крајот на мај. Искинете ги врвовите со 4-5 ливчиња на местото на кое стебленцето е меко. Но, се разбира, облечете ракавици! Кога листовите од копривата ќе ги прелиете со зовриена вода, повеќе нема да пецкаат: ќе бидат меки како кадифе.
2. Листовите од младата коприва изобилуваат со витамините Ц, А, К и Б2, со каротин и со пантотенска киселина, калциум, фосфор и со железо, накратко - во нив се крие вистински провитамински концентрат.
3. Копривата може да ја приготвите на најразлични начини: да варите супи и сосови, да печете пити и да ја приготвувате како спанаќот, но и како салата. Ливчињата кратко се варат во солена вода и се цедат, па им се додаваат тврдо варени јајца исечени на тркалца. Сето тоа се зачинува со маслиново масло.
4. Копривата слободно користете ја во сите рецепти кои ги приготвувате со спанаќ.
5. Ако страдате од камен во жолчка, тогаш половина килограм корен од коприва измијте го, исечкајте го и варете го во четири литри бело вино додека течноста дојде на половина. Кога ќе се излади, исцедете ја и ставете ја во шише добро затворено. Пред јадење пијте по една мала чашка од оваа напивка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 19:52

Замрзнување на овошје во сируп

Овошјето треба да се измие, исчисти, а по потреба и да се исече на парчиња. Се става во кутија и треба да се прелие со изладен сируп, што вака се подготвува:
* 1 л вода треба да вари со 400-500 гр шеќер неколку минути. Во потполно изладениот сируп се додава сок од 1 лимон и се прелева преку овошјето, кое мора сосема да го прекрие. Потоа се става во фрижидер за замрзнување.
Ваквото овошје се користи за овошни торти, овошни салати...

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 19:54

Сокот од јаболка добар за меморијата

Скромното јаболко отсекогаш било познато како здраво овошје, а констатирано е дека и помага во зачувувањето на доброто памтење. Две-три чаши јаболков сок на ден значително го намалува ризикот од губење на меморијата што се јавува во постарите години, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот во Масачусетс. Научниците сметаат дека за тоа е заслужна високата содржина на антиоксиданти во ова овошје. Се разбира, исто заштитно дејство има и јадењето на свежи јаболка, а за да бидат нависитна корисни, тогаш треба дневно да се јадат од две до четири.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:02

Подготвување телешко месо

Дали треба да го исчукате телешкото месо пред употреба?
Не е потребно. Телешкото месо добро е да се исчука само ако го филувате за да ја израмните неговата површина и за да ги истенчите рабовите.

Како да ја зачувате розовата боја на телешкото месо?
Премачкајте го месото со сок од лимон.

Како да добиете убава боја на телешкото печено месо?
Печеното месо ќе добие убава боја, а ќе биде и повкусно, ако го премачкате со путер.

Како да ја зачувате сочноста на телешкото печено месо?
Можете да го пропржите месото од сите страни во тавче или да го прелиете со врело масло и потоа да го ставите во добро загреана рерна. На тој начин порите од месото се затвораат, а соковите остануваат внатре во него.

Што да направите телешкото печено месо да биде уште помеко?
По печењето, завиткајте го печеното месо во алуминиумска фолија и оставете го да отстои 10-15 минути во исклучената, но сe уште загреана рерна.

Што е добро да направите пред да подготвите телешки дроб?
Пред да го подготвувате, добро е тој да отстои најмалку 30 минути во млеко.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.