IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Изворни христијани, нивно основање и учење
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изворни христијани, нивно основање и учење

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 04:09
ДЕЛ 2

После успениeто на Пресвета Богородица, свети Јован со својот ученик Прохор тргна во Мала Азија за и таму да го проповеда словото Божјо, бидејќи таа област му припадна со ждрепка. Одејќи натаму, св.Јован тагуваше, затоа што ги предвиде несреќите што ги чекаат на море, и тоа му го претскажа на својот ученик Прохор. И кога во Јопија се качија на лаѓата и запловија, во 5 часот попладне настана голема бура, и вечерта лаѓата се разби, така што сите што беа на лаѓата, пливаа по морските бранови држејќи се кој за што ќе најде. Утредента напладне морето сите ги однесе на обала, на пет стадии од Селевкија, а само ап.Јован останал во морето. Откако Прохор многу го опака Јован, тргна сам за Азија. Во 40-тиот ден од своето патување, тој стигна на едно место крај морето, наречено Мармареот и застана тука да се одмори. И кога еднаш го гледаше морето и тагуваше по Јован, морските бранови со голема сила ја заплискаа обалата и го исфрлија Јован жив. И кога Прохор притрчал да види морето кого исфрли, го виде Јован, го прегрна, го дигна од земјата и двајцата почнаа да плачат благодарејќи Му на Бога за се. Така св.Јован 40 дена и и ноќи помина во морето, и со благодатта Божја остана жив. Кога влезе во Мармареот, тој побара леб и вода, па откако се укрепија, тие заминаа за Ефес.


Продолжува...

Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2008 во 04:13
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 15:52
Ме немаше извесно време и за сето тоа време гледам дека на мојата тема скоро никој ништо не постирај освен со чест на исклучоци.

И се прашувам каде се сите тие изворни христијани што толку се бунеа и дигаа прашина до сега?

Кога само ги запрашав да ми објанат за нив затоа што ништо незнам за нив ги снема , а кога се збореше против Православието толку врева дигаа.

Така ли се брани верата, бараќа?

Или човек да помисли дека немаат ништо и како што вели Маран Ата ако неплукаат на Православието не ке има што да проповедат.

Од се ова изгледа е така.

Ти благодарам Маран Ата за житијата на овие двајца врховни апостоли кои многу ги сакам и почитувам.

А имам прочитано дека св.Јован бил сведок и на разговорот со самаријанката и на многу други разговори со Господ Исус Христос. Но ме чуде едно? Каде му е сето тоа знаење и зашто го закопал и не го напишал во Евангелието и посланијата или има и нешто друго?

Изменето од Опитен - 19.Ноември.2008 во 05:47
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 00:46
А сега продолжувам со подеталното житие на св.Јован Богослов, за сите оние кои уживаат да ја читаат оваа тема

ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ
ЈОВАН БОГОСЛОВ




Свети апостол и евангелист Јован Богослов беше син на рибарот Зеведеја и Саломија, ќерка на Јосиф, вереникот на свете Богородица. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски, и појде со својот брат Јаков по Христа. Од Господ Христос тој беше наречен "син на громовите", затоа што неговото богословие претстоело како гром да се расчуе по целиот свет и да ја исполни целата земја. И одеше по својот благ Учител, учејќи се на премуддроста која излегувала од Неговата уста; и Господ Христос многу го љубеше ззаради неговата савршена незлобивости и извонредна девствена целомудреност. Божествената љубов на Спасителот кон него беше толку голема, така што во светото Евангелие за него се вели дека тој е "ученикот кого Исус го љубеше". И меѓу дванаесетмината Господ го издвоил како најпосебен, и тој беше еден од тројцата најблиски ученици Негових на кои Господ многу пати им ги откривал Своите божествени тајни. Така, кога ја воскреснал Јаировата ќерка Господ со Себе ги зел само Петар, Јаков и Јован, да бидат сведоци за настанот. Исто така, кога се преобразил на Тавор и ја покажал Својата Божествена слава, Господ повторно тоа го направил само во присуство на овие тројца одбрани ученици. И кога се молеше во Гетсиманиската градина, Господ ниту тамо не беше без Јован, зашто им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.” И кога ги поведе со себе Петар и двајцата Заведееви синови, се натажи и почна да тагува. (Мт. 26, 36-37). Како возљубен ученик, Јован никаде не се одвојувал од Христос. А колку Господ Христос го љубеше Јована се гледа по тоа што на Тајната Вечера Јован ја навали својата глава на Исусовите гради. Зашто кога Господ на Тајната Вечера објави дека еден од учениците ќе Го предаде, и учениците почнаа да се гедаат меѓу себе и се чудеа за кого зборува, тогаш учениког кого го љубеше Исус, се навали на Исусовите гради и го праша: Кој е Господи?” Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.” И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. (Јн. 13, 21-26). Господ така го љубел Јован, што само тој имал слобода да ја стави главата своја на Неговите гради и смело да го праша за тајната на предавството. Но и Јован имаше поголема шубов кон својот Учител од останатите: затоа што за време на доброволното страдање на Спасителот, сите ученици Го оставија својот Пастир и се разбегаа, а само тој единствено и неодстапно ги гледше сите маки Христови, сострадувајќи со сето свое срце, плачејќи и ридајќи заедно со Пречистата Дева Марија, Мајката Господова, така што заедно со Богородица дури до самиот крст и смрт не отстапи од Синот Божји Кој пострада за нас. Затоа и беше посинет од Пречистата Дева Марија под крстот на Господа. Зашто Господ висејќи на крстот, и гледајќи ја Мајка Си и ученикот кого го љубеше како стојат, и рече на Својата Мајка: Жено, ете ти син! Потом му рече на ученикот: ето ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде кај себе. (Јн. 19, 25-27). И ја сметаше за своја мајка со секоја почит, и и служаше се до нејзиното чесно и славно успение. А во денот на нејзиното успение, кога чесното и свето тело на Божјата Мајка го носеа да го погребаат, свети Јован пред неа го носеше необично царски-блескавото палмово гранче, која на Пречиста Дева и го донесе Архангел Гаврил известувајќи ја за нејзиниот премин од земјата на небото.


Продолжува...


Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2008 во 13:47
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:10
ДЕЛ 5

«Старото помина, сега сѐ е ново» (2 Кор. 5, 17). Св. ап. Павле никогаш не се заморува да возвестува; за новиот живот, за дарот на слободата, за причестноста кон благодатта и тоа евангелие на слободата им го спротивставува на сите кои сѐ уште сакаат да се вратат кон ропството на закоништвото.

Од паганите тој не барал ништо друго освен вера во Христа, т.е. свесно, целосно обраќање кон Него и нов живот «во Христа». Кога ап. Павле и неговиот сопатник Варнава се вратиле во Антиохија и раскажале за своето патување, биле пречекани со противење и прекор од оние јудео-христијани кои продолжиле да го сметаат запазувањето на Мојсеовиот закон задолжително за сите членови на Црквата, без исклучок. Започнал долг и мачен конфликт кој на ап. Павле му донел многу страдања и грижи. Од Неговите посланија се гледа дека постојано требало да ја брани својата проповед, своето апостолство, своето учење од клеветите на непријателите кои се обидувале да ги одвојат од него Црквите кој токму тој ги основал.

Во книгата Дела апостолски тој конфликт го разгледуваат и решаваат Апостолите и Ерусалимската Црква на апостолскиот собор во Ерусалим.


Превземено од Свиток

Изменето од Maran Ata - 17.Ноември.2008 во 13:41
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 03:07
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

За изворните Христијани може да се прочита во една Книга која се вика Библија! Нивните верувања таму се опишани.



Biblijata e proizvod na Crkvata Hristova, koja shto na pochetokot se sostoela od chetiri jurisdikcii: Erusalimska, Aleksandrska, Antiohiska i Rimska. So podelbata na Rimskoto carstvo na Istochno i Zapadno, i premestuvanje na rimskata prestolnina vo Konstantinopol, bila formirana i petata - Konstantinopolska crkva. Site zaedno ja sochinuvale Crkvata Hristova. Rimskata crkva otpadnala vo XI vek poradi eres, a kako shto se pokrstuvale narodite i Crkvata rastela, i se pojavila potreba od novi crkovni jurisdikcii, koishto se odnesuvaat na teritorijalnata (crkovna) administrativna uorava. Taka nastanale upravite na RPC, SPC, GPC i drugi, koishto izrasnale od Konstantinopolskata patrijarhija. Crkvata Hristova e zhiv organizam, a po dvaeset veka ne mozhe da ostane ista po forma i golemina, bidejki prirodno raste i se razviva. No, nejzinata sushtina e neizmenliva.

A tvojata "izvorna crkva", od kade poteknuva?

Изменето од Asya - 17.Ноември.2008 во 03:17
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:12
Ова за сите љубители на вистината која се потврдува низ историјата

ДЕЛ 4

Но, сега тоа веќе не се поединични обраќања, не се исклучоци, туку христијанството го прифаќаат цели општини од паганите. А, дали за христијаните важат ритуалните прописи на Стариот Завет кои, како што видовме, Ерусалимските јудео-христијани биле ги запазувале во сета нивна сила? На тоа прашање Павле решително одговора: Не! И за него тоа не е прашање на «тактика», т.е. не е заради полесно обраќање на паганите; со тоа прашање за ап. Павле е поврзана целата суштина на христијанското благовестие, целата смисла на спасението кое Христос го изврши. Во посланието кон Римјаните тој го развива своето учење за односот меѓу законот и благодатта и за тоа дека христијаните се ослободени од законот. Св. ап. Павле најмалку сака да го одрекува значењето и вредноста на законот, односно – значењето на Стариот Завет. «Законот е Свет и заповедта е Света и праведна и добра». Но во тоа е и значењето на законот, што тој го прави неопходно своето сопствено надминување, какво што е спасението во Христа, а тој се покажува «педагог//детеводител кон Христа». Зашто, законот само установува дека постои зло и грев, но не дава сили за спасение од гревот. Дури и знаејќи, што е добро, а што е зло, човекот е бессилен да уништи злоот: «желба за доброто постои во мене, но за да го правам доброто, тоа не го наоѓам. Доброто, кое го сакам – не го правам, а злото кое не го сакам – го правам»… (Рим. 7, 18-19). Гревот го поробил човекот, тој е роб – и веќе не може сам да се ослободи од тоа робство. И ако законот – т.е. знаењето на нормите – би било доволно за избавување од гревот, тогаш не би било потребно спасението во Христа. Но, откако го дал законот, Бог од една страна му открил на човекот дека злото е «ненормално» – дека е грев, нарушување на Божјата волја за човекот и светот, од друга пак, го осудил човекот. Но, тогаш останува само спасението на човекот од самиот Бог и тоа спасение е извршено во Христа. Божјиот Син стана човек и како безгрешен, го зел на себе сето бреме од гревовите, целата осуда од законот и до Својата смрт нѐ откупил од тоа осуда. Но, со самото тоа во Него умрел законот и се зацарила благодатта: преку верата во Христа, преку соединувањето со Него во крштелното уподобување со Неговата смрт, човекот го добил Неговиот живот, престанал да биде роб, за да стане Божји син. И тоа спасение е дарувано не само на јудеите, туку – на сите луѓе. Зашто, паганите, макар и не знаејќи го богооткриениот и совршен закон на Стариот Завет, во себе го имаат законот на совеста, кој го осудува злото и затоа се наоѓаат под истата осуда како и јудеите. За ап. Павле превосходството или избраништвото на јудеите, (кое тој никогаш не го порекнува) не е во тоа, што тие го имаат законот на доброто и злото, туку во тоа, дека им е «доверено Божјото слово», т.е. преку нив се извршува подготовувањето за Христовото доаѓање. Но, Христос доаѓа да ги спаси сите, «зашто како јудеите, така и Елините сѐ под гревот» (Рим. 3, 9). Со мојсеовиот закон или со законот на совеста, «Бог ги заклучил сите за непослушноста, за сите да ги помилува» (11, 32). «Сите вие кои во Христа се крстивтие, во Христа се облековте. Нема веќе ни јудеец, ни елин; нема ни роб, ни слободен, нема машки пол, ни женски, зашто сите вие сте едно во Христа Исуса»… (Гал. 3, 27-28). Оној што поверувал во Христа, учествувајќи во Неговата смрт, имајќи го Неговиот живот, и сѐ уште ги прави тие разлики, сѐ уште мисли оправданието да го добие преку исполнување на надворешните прописи на законот, тој нема «никва полза од Христа, тој отпаднал од благодатта». Зашто, целата смисла на законот е само во љубовта, а законот во себе никогаш немал сила да ја даде таа љубов.Таа е дарувана, како дар е дадена во Христа и затоа преку Него и во Него, законот станува ненужен. Во него веќе «нема сила ни обрезанието, ни необрезанието, туку верата што дејствува со љубов»…
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:07
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.


Тоа де, не се. Нивното учење и предание денеска се среќава исклучиво во православната Црква.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 01:57
Originally posted by izvoren izvoren напиша:

    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.
 
За тоа треба ти да се пронајдеш во историјата... бидејќи самиот гледаш дека е така!!!голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
бакнеж
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 00:11
    Maраната, податоциве што ги презентираш покажуваат дека изворните христијани постојат многу одамна, а не се нова деноминација.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 19:59
Sekoja cest Maran Ata mnogu ubavo napisano uzivam dodeka citam
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 09:54
ДЕЛ 3

Христијанството се утврдило во главните центри на Римската Империја уште пред проповедта на ап. Павле: во Антиохија, во Александрија, во Рим. Но тоа сѐ уште било истото јудео-христијанство; Него го пренесувале во дијаспората Евреите, кои традиционално патувале во Ерусалим за молитви и принесување жртви во храмот. Такви се и дојденците меѓу слушателите на првата проповед на св. ап. Петар, на денот Педесетница. Откако го примале христијанството и се вратиле дома, тие основале општини во еврејските колонии во големите градови. Но, со тоа не се излегувало зад границите на јудејството, спорот за христијанството останувал внатрешно-еврејски спор. Така на пример, според зборовите на римскиот историчар Светониј, во 49 г. императорот Клаудиј ги иселил сите Евреи од Рим, заради немирите што се појавиле меѓу нив по прашањето за некој Христос.

Павле, исто така, ја започнал својата проповед од Евреите во Мала Азија. Во Дела апостолски често се повторува следната шема: кога ќе пристигне во некој град, ап. Павле влегува во местната синагога и врз основа на Светото Писмо што се читало во неа секоја сабота ја започнува проповедта за Христа. Евреите, со малку исклучоци, го отфрлаат и тогаш тој се обраќа кон паганите. Павле никогаш нема да се посомнева дека на Евреите «прво требало да им биде проповедано Божјото слово» (13, 46). Тоа што тие го отфрлиле Христа ќе биде Негова «постојана мака». «Јас би сакал – вели тој – самиот да бидам одвоен од Христа за моите браќа, кои ми се сродни по тело» (Рим. 9, 2-3). Но, исто толку несомнено за него сега е и тоа, дека Евангелието е обратено кон целиот свет – «за спасение до крајот на земјата». Отфрлен од Евреите, тој до крај ќе го осознае својот повик – да биде Апостол на паганите и понатаму со нив ја соединува својата судбина.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2008 во 14:41
ДЕЛ 2

Откако бил крстен и поминал три години во Дамаск, Павле отишол во Ерусалим, каде го примиле апостолите Петар и Јаков. Ерусалимската општина тој секогаш ќе ја гледа како најстара Црква, како центар на христијанството и секогаш во своите посланија ќе се повикува на помошта од «светите во Ерусалим». Од Ерусалим, гонет од омразата од Евреите, тој заминува во својот роден град Тарс, од каде ќе биде повикан во Антиохија. Овде, во, после Ерусалим, вториот центар на христијанството, каде што според зборовите во книгата Дела ап., «учениците за прв пат почнаа да се нарекуваат христијани», Павле и се поставува на едно од првите места, како «пророк» – т.е. проповедник во христијанското собрание.

На проповедањето, на «служењето на Словото» Павле го посветил целиот свој живот. Во проповедањето тој го гледа главното, речиси исклучително свое звање, а плодовите од проповедта – ги смета за печат на своето Апостолство, кое некои му го оспорувале. Таков плод била – цела мрежа Цркви кои тој ги основал во Мала Азија, Грција, а, можеби и во Западниот дел од Римската Империја. Во Дела ап. особено се истакнува дека Светиот Дух ги избира за проповеднички патувања: св ап. Павле, (кој прво се викал Шаул) и неговиот сопатник Варнава. За тие мисионeрски патувања се раскажува во сите наредни глави на книгата. И ете, од самиот почеток на проповедничката служба пред Павле се исправило прашањето за местото во Црквата на обратените од паганството, основно прашање за целата понатамошна судбина на христијанството.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 07:00
Почеток на Црквата - мисионерството на св.ап.Павле

За никој друг од Апостолите не дошле до нас толку многу податоци, како за св. ап. Павле; бил правоверен Евреин, но роден во Тарс, во Киликија, т.е. во дијаспората. Тој во себе ја соединува љубовта кон својот народ и својата религија со вселенска широчина и опфат на својата мисла. Јудејството со старозаветната незгасната «жед за живиот Бог», сосема ја определува Неговата религиозна свест, но тој веќе слободно го диши и воздухот на елинско-римскиот свет, тој е римски граѓанин не само «со документ», туку и според светотогледот.

Своето религиозно образование тој го добил во Ерусалим, «крај нозете на Гамалиил» – водач и идеолог на фарисејството. Таквото воспитание во духот на крајно-конзервативното јудејство го направило непријател на христијанството. Уште во тоа непријателство се покажале особените црти на Неговата личност: целостност и максимализм во применувањето на својот религиозен идеал во животот. Св. ап. Павле прв пат го сретнуваме во книгата Дела апостолски, и тоа како го одобрува убиството на архиѓаконот Стефан. Потоа го гледаме како «диши со опасност и убиство», како ја загрозува Црквата, влегува во домовите за да ги одвлече во затвор мажите и жените. Не задоволувајќи се со гонењата во Ерусалим, тој од Синедриониот бара и добива особена дозвола да ги гони христијаните во Сирија. И тука, на патот кон Дамаск, со него се случува оној прелом, за кој тој самиот секогаш ќе тврди, дека тоа било непосреден избор и Негово повикување – «не од човек и не преку човек», туку од Самиот Христос. Св. ап. Павле го осветлила светлина, го слушнал Христовиот глас и се обратил кон Него толку потполно, толку неразделно, како што изгледа, никој ни пред него, ни по него, не се обратил. За обраќањето на Павле се напишани стотици книги, се обидувале да го објаснат «научно»: со психологија, неврологија, безмалку со епилепсија… Но има нешто плитко и жално во тие обиди. Всушност, секое обраќање кон Бога е – тајна која науката не може да ја објасни до крај, дури ни со помош на најосетливи инструменти. За нас е важно тоа, дека секој збор од св. ап. Павле кој стигнал до нас, укажува на таква вкоренетост на целата Негова личност во личноста на Христос, таква навистина лична врска со Него и убеденост во особеното откровение од Христа, што Црквата, без оглед на неразбирањата и противењата кои толку многу ќе го следат ап. Павле низ целиот негов живот, не ќе се двоуми да го признае за Апостол – рамен на Дванаесетте, да го вклучи во бројот на оние «самовидци», врз чие сведоштво и учење таа е изградена.


Продолжува....

Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2008 во 07:01
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 22:19

Дали денешните “изворни христијани“ нивните “свети“ книги (динамични преводи - библии или Библија) ги добиле дирекно од апостолите кои не го виделе Христос? - пример за тоа е ев. Лука...изненадување

збунетостзбунетостзбунетост
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.