|
Господова вечера, Евхаристија, Причест |
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Автор | ||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Знаеш дискутабилно е дали Исус употребил вино таа вечер.
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Оти ми ги избегнуваш прашањата? Изменето од Maran Ata - 07.Ноември.2008 во 15:51 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ракија? |
||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Неферментирано вино, или преведено на нашки СОК.
|
||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Дешат, знаеш дека некои христијански деноминации користат сок? |
||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Не сум сигурен, но мислам дека адвентистите не пијат алкохол.
Еве еден нивен текст како тие го толкуваат тоа дали Исус пиел вино или не. Hrist je bio apstinent i od vina i od mesa Tematski naslov je dosta lepo postavljen,... Neki su se potrudili da odmah, bez dubljih osvrta, 'negiraju' da Isus nije konzumirao vino,... Isus dakako nije konzumirao ni meso, ni vino, ni bilo koje žestoko piće, šeker. Kao i Jovan Krstitelj. Andjeo Jovanovom ocu Zahariji, i pre njegovog začeća, najavljuje za njega: "... Neće piti ni vina ni žestoka pića, a Duha Svetoga napuniće se još u utrobi majke." (Luka, 1:15) - U Q-tekstu taj ukaz je dat jasnije, u originalu: "...Biće veliki u očima Gospodnjim, i niti će uzimati mesne hrane, niti piti žestoka pića. I ispuniće se Duhom Svetim u samoj utrobi svoje majke." - To isto se ukazuje i za Hrista prilikom Arhandjelovog obraćanja blagoslovenoj Mariji: "...Ne treba mesa da jedeš niti žestokog pića da piješ, jer Dete će biti posvećeno od majčine utrobe, i niti mesa niti žestokog pića ono ne treba da uzima, niti britva treba da predje njegovom glavom" (2:7). U kom kultu posvećenici nisu konzumirali meso i vino, i nisu šišali kosu, odnosno nosili su je dužu: jasno je u nazirskom/nazirejskom kultu. Gospod preko proroka Amosa kori Izrael "Ja podigoh proroke medju vašim sinovima i n a z i r e j c e medju vašim mladićima. /.../ Ali vi nagnaste nazirejce da piju vino, a prorocima narediste: 'Ne prorokuje'!" (3:11.12) - Preko proroka Isaije Gospod osudjuje razuzdane gozbe, i korišćenje mesa i vina: "... Gle: 'radost' i 'veselje', ubijaju goveda i kolju ovce, jedu meso i piju vino." (22:13) - I u knjizi 'Ben Sire' se poziva na umerenost u uzimanju vina: "U vinu se nemoj junačiti jer je mnoge oborilo vino." (31:25) U 'Knjizi brojeva', koja je kao i cela Tora pretrpela brojne redaktorske i interpolacione tekstualne zahvate, tek bledo se skica nazirejski zavet, koji je mogao biti doživotni i privremeni (dakako, Isus, Jovan Krstitelj i Jakov Pravednik bili su doživotni naziri); pa se tako kaže: "Ako ko, bilo čovek ili žena, položi nazirejski zavet te se posveti Jehovi, neka se suzdržava od vina i svakoga opojnoga pića." (6:1-2) - Nazireju je bilo zabranjeno da uzima (čisto) vino, žestoko piće, meso, odnosno ni njegove ruke ni usne nisu smele da dotiču lešinu. Isus, Ješu han-Nocri je bio doživotni nazir, još u utrobe, i pre začeća, posvećen Bogu, odnosno predvidjen za svet život, koji je u sebi uključivao aspstinenciju od mesa i vina. Mnoge istinske nazire, posvećenike, imalo je hrišćanstvo, dok je nazirstvo u slu\benom judaizmu bilo tek senka i karikatura od istinskog zavetništva. Od istinskog, ranog, mojsijevskog nazirstva, kada je se judaizam survao u paganski idolopoklonizam najbolje oličen u preuzimanju krvnih žrtvi, naziri su se našli u posebnu sledbu, poseban kult: poznati su bili kao nazareni (čije jako uporište je bilo galilejsko selo Nazaret), eseni i terapeuti. Za esene rekabovce koji su živeli van sveta Gospod preko proroka Jeremije ima samo reči pohvale: "I mi poslušasmo glas oca Jonadaba, sina Rekabova, u svem što nam je zapovedio: da nikad vina ne pijemo, ni mi ni žene naše, niti sinovi naši, ni kćeri naše,..." (Jeremija, 35:8) Ne naziva se Isus na mnoga mesta u Evandjeljima i Delima apostolskim uzalud Nazaren: "... I došavši nastani se u gradu zvanom Nazaret; da se ispuni ono što su rekli proroci: Nazaren će se zvati." (Matej, 2:23) - Šta znači biti nazaren? Znači biti Božiji posvećenik, a svet život je u sebi uključivao i zakonitu, biljnu ishranu, bez žestokih pića. Apostol Pavle takodje naglašava: "Dobro je ne jesti mesa i ne piti vina,..." (Rimljanima, 14:21) - Te: "...Ne opijajte se vinom, u čemu je raskalašenost, nego se punite Duhom." (Efescima, 5:18) Rano hrišćanstvo je imalo puno svetih ljudi, koje Pavle često pominje u svojim poslanicama, a temelj njihove svetosti uz čiste misli bila je i zakonita, biljna, netoksična ishrana. Isus koji je počeo svoj život kao nazir, nazaren, završio ga je kao nazaen: nad njegovim krstom Rimljani postavljaju natpis koji puno govori: "Isus Nazaren, car judejski." (Jovan, 19: 19) - Kada raspetome Isusu Nazarenu pružaju vino pomešano sa žuči, on odbija da ga pije: "... I okusivši ne htede da pije." (Matej, 27:34) Nazaren i apstinent od vina bio je i Isusov brat Jakov Pravednik, za koga Eusebije naglašava: "... Bio je svеt jоš оd majčinе utrоbе. Nijе piо vina ni piva, nijе jео mesnu hranu, brijač sе nijе dоtakaо njеgоvе glavе,... (Istorija Crkve, II, 23) - Neupućenima iskrsava 'problem': ako su rani hrišćani, tačnije njihovi sveti sveštenici, bili apstinenti od vina, kako su se onda pričešćivali, kako su prinosili svetu žrtvu od hleba i vina? Jednostavno oni nikad u euharistiji nisu koristili čisto vino, već uvek presečeno, velikim delom pomešano sa vodom. I vino pomešano sa vodom nije se računalo u žestoko piće, pa su ga kao takvo koristili i nazareni i rani hrišćani. Neke poapostolske apstinenske sekte, koje nisu razumele da sveti prinos ide samo na beskvasan hleb i pomešano vino, odricale su se čak u potpunosti od euharistije, svete žrtve zahvalnice. Kada se pominje svadba u Kani Galilejskoj, na kojoj je Isus pretvorio vodu u vino, tu se jasno vidi da On ne pije od toga vina: "Tada im reče: zahvatite sad i nosite trpezaru." (Jovan, 2:8) Ako ga i pije, ono će opet biti presečeno vodom. Молам да ми го прокоментирате овој текст. Однапред благодарам. Изменето од deshad - 07.Ноември.2008 во 16:07 |
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ај утре, сега бегам да спијам. Честит именден и слава на Димитровци.
|
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Само да дополнам дека извадокот е од книгата БИБЛИЈА И ОПОЈНА ПИЧА, во издание на адвентистичката црква од Србија.
|
||||||||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Каде сега на спиење.Немој ќе помислат дека навистина си крвопиец.Хехехе..
Се шалам. Ајде лека ноќ. |
||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Виното (на грчки: оинос) во новозаветно време, се однесувало на гроздовиот сок, кој можел да биде ферментиран или неферментиран. Ферментираното вино во античко време најчесто се разредувало со вода, во однос на еден спрема три, па се до однос еден спрема дваесет. Еврејскиот Талмуд го забранувал консумирањето на вино кое не било разредено во вода во однос на барем еден на три. Исто така, во тоа време биле широко распространети обичаите гроздовиот сок да се зачува од ферментирање преку разни процеси. Според тоа, секое вино кое се спомнува во Новиот Завет не значи дека содржело алкохол.
За употребата на виното на Господовата спомен-вечера ниеден библиски автор не го користи терминот ,,оинос’’. Тројцата евангелисти го користат терминот ,,сок од лозовиот плод’’. Исто така, според Стариот Завет, било забрането консумирањето на ферментирани производи за време на празникот Пасха (2. Мојсеева 12:14-20). Исус го почитуваше Божјиот закон во целост, па оттука можеме да заклучиме дека за време на Причеста не било користено ферментирано (алкохолизирано) вино, туку гроздов сок. Симболите на бесквасниот леб и неферментираното вино (гроздов сок) ја симболизирале чистотата и безгрешноста на Христос. |
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ајде да разгледаме сега како браќата адвентисти ја разбираат причеста
Ова нешто прв пат во мојот живот го читам. Да имаше такво нешто во Новиот Завет каде Архангелот и се обраќа со тие зборови на Богородица, верувајте ми дека до сега ќе го забележев. Пак некоја нововерска библија ќе да е ова.
Ова е само во делови пренесено, додека пак во целост би било вака: Броеви 6:1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Кажи им на синовите израилски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господ како назир, 3 тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалак, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје; 4 во сите денови на својот завет тој не смее да јаде (и да пие) ништо, што е приготвено од грозје, – од семките до лушпите. 6 Во сите денови, во кои Му се посветил на Господ, тој не смее да се доближува до мртво тело; 7 тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ќе умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова; 8 во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господ. Од ова може да се види дека назирот не смее да јаде НИКАКОВ производ од грозје, та дури ниту самото грозје. Но, Господ на Тајната вечера вели: Марко 14:25 Вистина ви велам: Јас нема да пијам веќе од лозовиот плод се до оној ден, кога ќе пијам нов во царството Божјо. ...со што се побива теоријата дека Тој се придржувал до законот за назиреите за непиење на вино, затоа што вели „нема да пијам веќе“ што значи дека од тој момент па натаму нема тоа да го прави. Меѓу другото се вели дека назирот не смее да се допира до никакво мртво тело, но Господ воскреснувал луѓе без да се обзира на тоа што се допирал до умрени: Марко 6:41 И кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ - што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“
Секаде каде што се спомнува виното е во контекст дека не треба да се опиваме бидејќи од таквата состојба произлегуваат сите беззакони дела како и блудот (Ефесјаните 5:18), но тоа воопшто не забранува да се пие умерено и Причеста да се прави од вино. И во Римјаните 14:21 апостол Павле вели да не се пие вино ако братот се соблазнува. А доколку не се соблазнува и доколку тој што се соблазнува не е во негово присуство, тогаш воопшто не му е забранет лозовиот напиток. Но тој дури и му советува на Тимотеј да пие по малку вино (Тимотеј 5:23), и тоа се однесува на вино кое се пие на трпеза, а не на Крвта Христова.
Зошто бил наречен Назареец? Матеј 2:23 А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека Тој ќе се нарече Назареец. А зарем некој кој е на крст распнат, кој е изнемоштен и пред смрт би сакал да пие вино и тоа помешано со жолчка?
Пак и пак ќе кажам дека виното за време на Светата Литургија по дејство на Светиот Дух станува Крв Христова, а лебот Тело Христово. Така, тука нема простор да се дискутира за вино или нешто слично. И денeска монасите не јадат месо, а има и такви кои вопшто не пијат вино, но се причестуваат затоа што Причеста е извор на животот. Вино е пред да се претвори, а после тоа е КРВ ХРИСТОВА.
И Православната Црква кога ја припрема Причеста ја разредува со вода, бидејќи кога Христос на крстот бил прободен со копје во ребрата, потекло крв и вода.
Спасителот на Тајната вечера го благословил лебот, на грчки јазик „артос“ (ἄρτος), кој означува само квасен леб, а не бесквасен кој на грчки јазик се вика „азима“. Секаде каде се зборува за евхаристијата се користи зборот „артос“. Лебот кој Христос го јадел со своите ученици на Тајната вечера бил квасен, за што сведочи и фактот дека евреите јаделе бесквасен леб единствено само за Пасхата, а Тајната вечера била ден пред тоа.
Овој стих воопшто не е доказ дека Господ не пиел вино, како што понатаму самите адвентисти си кажуваат дека можеби и пиел. На секоја свадба нормално е прво домаќинот да го проба виното, што не значи дека другите гости остануваат само на сокчиња. Изменето од Maran Ata - 08.Ноември.2008 во 15:47 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изразот сок од лозовиот плод воопшто не ја негира употребата на виното, затоа што и самото вино е лозов плод. Во оргинал на грчки стои „генематос тес ампелоу“ (γενήματος τῆς ἀμπέλου), што значи плод од лоза. Поимот лозов плод е широк, и затоа не може да се тврди дека тука се мисли на обично сокче од грозје. И овде особено битно и до израз доаѓа Светото Предание. Апостолите точно знаеле што има во чашата и тие тоа знаење им го предале на своите ученици кои го продолжиле ланецот на преданието. Оние кои веруваат дека тоа е само сок, можат само произволно да шпекулираат што се наоѓало во чашата на Тајната вечера, додека пак Православната Црква со сигурност знае дека тоа било вино.
Господ Исус Христос виното не го консумирал за време на Пасха, бидејќи кога дошол празникот Тој веќе бил „мртов“. Пасхата била во сабота, а Тој ден пред тоа ја востановил Светата Eвхаристија. A сега може да разгледаме што велат Светите Отци од ранохристијанскиот период. До сега би требало на сите да им е јасно дека св.Игнатиј Антиохиски бил ученик на св.апостол и евангелист Јован Богослов, а тој за Светата Причест го вели следново: Св. Игнатиј Антиохиски (35-106) Немам сетило за вкус за распадлива храна ниту пак за задоволствата од овој живот. Го посакувам Господовиот Леб, koj eТелото на Исус Христос, кој беше од Давидовото семе, а за питие ја посакувам Неговата Крв, која е нетлена љубов (Писмо до Римјаните 7,3) Внимавајте да користите една Евхаристија, така што и да правите, да го правите според Бога: бидејќи едно е Телото на Господ Исус Христос, и една чаша во единство на Неговата Крв; еден олтар, како што има еден епископ со презвитерството... (Писмо до Филаделфија 4:1) Гностиците абстинираат од Евхаристијата и од молитвата, затоа што тие не исповедаат дека Евхаристијата е Телото на нашиот Господ Исус Христос, тело кое страдаше за нашите гревови и кое Отецот, според Својата добра волја, го воскресна повторно. (Писмо до Смирна 7:1) Св. Јустин Маченик (100-166) Зашто ние ова не го примаме како обичен леб и обичен напиток, туку како Христос, нашиот Спасител, Словото Божјо, се овоплотило и прими тело и крв за наше спасение, така оваа храна, над која е извршено благодарењето преку молитва на Неговото Слово и од која преку уподобувањето се храни нашата крв и плот, е - како што научивме, Тело и Крв на воплотениот Исус (Прва Апологија 66) Каде станува збор за симболи?? Изменето од Maran Ata - 09.Ноември.2008 во 02:03 |
||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
На израелците им било забранет алкохолот цела недела а не само на денот на Пасха.
|
||||||||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
И? |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 891011> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |