IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 97>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 00:12
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Монаштвото е дел од Божјиот збор!!!
1 Коринтјани 7
 
Мараната, Павле во 7-то поглавје од 1 Коринтјаните зборува за предноста/привилегиите во христијанската служба на неженетиот човек, а не за монаштвото. Неговиот заклучок таму е:
 
"А оној, кој стои цврсто во своето срце и нема потреба, туку владее со својата волја, па решил во своето срце да ја запази својата девственост, добро прави; така, оној кој се жени, добро прави; а оној којшто не се жени, прави подобро."
(1 Коринтјаните 7:37-38)
 
Значи во оваа поглавје Павле препорачува (но не заповедува) целибат на оние кои сакаат полновремено да се вклучат во Христијанската служба.
Такви "монаси" имаш еден куп и во библиските цркви, со таа разлика што овие не се издвојуваат од светот, туку се во светот, полновремено вклучени во секојдневната служба на црквата, меѓу народот.
Ако "монах" за тебе претставуа човек што не е женет или монахиња жена што не е мажена, тогаш ние сме на иста фреквенција среќа Ама за жал, мислам дека не се тага
 
Православниот монах, покрај тоа што не се жени, тој плус се издвојува од светот и се преселува во манастир. Божјото Слово воопшто нема замерка за целибатот на монасите, туку за нивното БУКВАЛНО издвојување од светот.
 
Сега, со Божја помош и со помош на Божјиот Збор ќе се обидам да ти докажам дека таков повик - за издвојување од светот, нема во Светото Писмо, туку напротив, има повик за досегнување на световните луѓе, за одење до нив.
 
Прво, Христос неколку пати им заповедал на апостолите и учениците да ОДАТ и да ја разгласуваат радосната вест, а не да седат и да чекаат луѓето да им дојдат кај нив.
 
"Така ОДЕЈЌИ, направете ги сите народи Мои ученици"
(Исус во евангелие по Матеј 28:19)
 
Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи", а не "чекајќи".
 
"И им рече: „ОДЕТЕ по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Исус во евангелие по Марко 16:15)
 
ОДЕЈЌИ, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. "
(Исус во евангелие по Матеј 10:7)
 
"ИЗЛЕЗЕ сејач да сее свое семе... семето е Божјото слово."
(Исус во евангелие по Лука 8:5,11)
 
Ова е повик и до монасите, да излезат од манастирите и да го сеат семето (Божјото Слово) меѓу луѓето во светот.
 
"Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби!"
(Исус во евангелие по Матеј 10:16)
 
Од овој стих јасно се гледа дека Христос не испраќа меѓу волци, притоа мислејќи на неверниците од светот. Значи повторно се гледа дека повикот е да одиме меѓу луѓето во светот, а не да излегуваме од светот и да чекаме тие да го посетат манастирот и да дојдат кај нас за да им го проповедаме евангелието.
 
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!"
(Исус во евангелие по Марко 1:17)
 
Јадицата се фрла во водата (светот), а не се остава на брегот и потоа да се чека рибите да дојдат кај неа.
 
"Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.” Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!”"
(Римјаните 10:13-15)
 
"Жетвата е голема, а работниците се малку...
Јас ве испратив да жнeете.."
(Лука 10:2; Јован 4:38)
 
Христос не повикува да жнееме, а жетвата е светот. Да одиме меѓу луѓето и да ја проповедаме Радосната Вест и да му донесеме плод на Бог - спасени души. Не можеме да излеземе од жетвата и да чекаме плодовите сами да ни дојдат. Можеби ќе налета некој, но нема да биде тоа ефикасна жетва нели? Сепак жетвата е голема, а работниците се млаку и затоа тие мораат да бидат поефикасни и подобро и побрзо да жнеат.
 
Заклучок:
Христос не повикува да одиме во светот, а не надвор од светот, да го проповедаме евангелие одејќи меѓу луѓето, а не чекајќи тие да дојдат кај нас.
 
Некои кои го подржуваат "излегувањето од светот" го посочуваат следниот стих толкувајќи дека овој стих повикува на излегување од светот:
 
"Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога."
(Јаков 4:4)
 
Но ако подобро го погледнеме стихот, ќе забележиме дека тука никаде не се повикува излегување од светот, туку да не се "спријателуваме" со светот. Притоа апостолот не вели ние да немаме пријатели неверници, туку да не се побратимуваме со нив, да не се вклучуваме во заеднички јареми (зделки, заговори) кои имаат поинакви морални вредности и од нас ќе побараат компромис и прекршување на Божјите заповеди. Апостолот тука вели да не копнееме по световните вредности, по страстите, по богатството на овој свет, по материјализмот, по блудничење, по славата, моќта итн. Тоа се вредностите на светот, и апостолот предупредува да не се спријателуваме со овие работи.
 
А доказ дека Библијата не повикува на излегување од светот е следниов цитат. Те молам читај внимателно:
 
"Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници, но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклонци, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет. Но сега ви пишувам да не се дружите со оној кој, нарекувајќи се брат, со останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач. Со таков дури и да не јадете!"
(1 Коринтјаните 5:9-11)
 
Како што можеме да видиме од овој стих, Павле им пишал предходно некое писмо на Коринтјаните и во него им пишал да не се мешаат со блудници. Очигледно тие го разбрале да не се мешаат со блудниците од светот и почнале да не се дружат со таквите луѓе (користољупци, грабачи, идолопоклонци итн.), со други зборови да се одвојуваат од световните луѓе т.е. "да излегуваат од светот" (како монасите).
Но Павле во ова послание ги поправа укажувајќи им на тоа дека тој не мислел на блудниците од овој свет т.е. не им рекол да се одвојуваат од светот, туку да не се дружат со оние кои се преправаат дека се браќа/сестри, а уствари се волци во овча кожа.
Затоа павле реторички вели: "инаку би требало да излезете од овој свет", сакајќи да потенцира дека не треба да излегуваме од светот, туку да останеме во него, а да се чуваме од лажните браќа и сестри.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 01:56
Сосема е бесмислена оваа дискусија... Имаш погрешно разбирање за монасите и монаштвото. Тие не се затворени и недостапни, напротив - тие постојано проповедаат, постојано се меѓу народот и во служба на народот.
Тоа што живеат одделно од своите замни семејства, во склоп на братствата, не значи дека се одделени од светот и дека не проповедаат или не го следат она што им е заповедано. Изнесуваш еден куп невистини во врска со нив, кои може и да се твои лични набљудувања, но можам да ти кажам дека си во голема заблуда.

Да повторам тоа што претходно го напишав:
Значи - Павле го препорачува целибатот, и вели дека само оние кои НЕ МОЖАТ да се воздржат, за да не блудничат, подобро да си имаат жена. Соодветно - ако некој може да се воздржи и да не блудничи, нема потреба да има жена.
Погледнете го стихот 7 (па и 8) - во тој стих, Павле јасно вели дека и тој самиот е МОНАХ - нема жена, предаден е на целибат (Павле е дефиниција за монах, погледни го животот негов, погледни како живеел, како работел, што правел). А за оние кои се слаби духом - тогаш има препорака во стихот 9.
Истотака - вели дека не е тоа заповед, туку препорака. Односно - ако некој не се замонаши - тоа нема да му се земе за грев. Но е препорака - односно се смета за добро и исправно.

Ова е Божји Збор. Интересно што некој решава дека едни Божји Зборови се побитни од други...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 02:04

zidarski, изгледа ти воопшто не знаеш што е тоа мохан. Мешаш девственици и неженети луѓе со монаси. Тоа не е исто. Ако е така, тогаш имаш еден куп монаси и во библиските цркви.

Православен монах е оној што живее во манастир и што се одвојува/излегува од светот. Јас за таквите монаси зборам. Јас до сега само такви сум сретнал. А ако има и такви кои живеат меѓу народот, го проповедаат евангелието меѓу народот, служат во црквите итн. тогаш свака им част. Ако има и такви, тогаш јас немам ни најмалка замерка за нивното "монаштво".
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 05:16
Монах е оној кој живее во манастир, но монасите не се издвојуваат, ниту излегуваат од светот. Монасите служат како советници, исповедници, лекуваат, помагаат, проповедаат, пишуваат, објавуваат книги и текстови... јас познавам само во Македонија барем 20-тина вакви монаси во неколку манастири. Затоа велам - имаш погрешна идеја за монасите и монаштвото воопшто.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 08:04
Samo telegrafski-
Ne samo vo manastiri tuku mnogu chesto porano i vo dupki, peshteri i sl daleku od sekojdnevieto.Pa sepak se izdvojuvaat od svetot i se posvetuvaat na duhovnoto preku molitva. Cel im e da go pobedat iskushenioto so Bozzja pomosh ( na prtimer zavet na ednogodishno ( ili povekjegodishno) nezboruvanje(molchenje) itn. ( po primerot na Isus vo pustinata. Vidi go na primer zzitito na Sv. Petka i kako taa gi nadminala/pobedila site iskushenija i po koj redosled - mnogu e pouchno)
Inaku navistina otkako kje gi nadminat/pobedat so Bozja volja i pomosh iskushenijata nekoi od niv pishuvaat knigi - kratki misli vo stihovi. Sekojdnevno se molat na Boga za site nas
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 08:15
A бе дете, дете мило и неупатено, не играј играчки со светите отци и монасите, оти сеуште си на млеко - далеку си од тврдата храна. Зарем не ги читаше сите мои претходни коментари каде што ти велам дека монасите не се кријат од луѓето, туку го проповедаат словото без да додеваат од врата на врата како вас?
Еве ти сега пастирано се што е кажано за тоа и веќе не гњави кога ги имаш добиено одговорите. А ако јас имам нешто прескокнато, сега ќе ти биде одговорено поткрепено со Библиски цитати.

Напомена:оние реченици кои се во сино се коментари на ЕвАнгелос, а има и неколку коментари од други, кои ќе ги потенцирам. Одговорите ми се групирани со цел секој да прочита што го интерсира, затоа што текстов е мошне обемен. Се извинувам и затоа што на делови ми е во латиница фонт – го копирав веќе кажаното.

Што претставува монаштвото и од каде потекнува

Монаштвото нема свои корени во изворното христијанство. Монаштвото нема поткрепа во библиското учење. Не постои ни еден библиски стих кој повикува на монашки живот.

Gospod kako slovesni bitija gi sozdal prvo angelite koi vo sustina se monasi (zborot monah poteknuva od grcki zbor mono- sto znaci sam, ili potocno vo sustina - sam so Boga). Angelite nitu se zenat nitu se mazat tuku ziveat devstven zivot.

Vo Noviot Zavet Gospod go potvrduva monastvoto, kako blagoslovena forma na zivot, koga na prasanjeto komu, posle smrtta, ke pripadne zenata koja bila vo brak so sekoj eden od 7te braka, Toj odgovara deka posle smrtta ke bideme kako angelite na nebesata - nema da se mazime i zenime tuku ke ziveeme monaski zivot.

Матеј 22:24-30„Учителе, Мојсеј рече: ,Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека му подигне потомство на својот брат!‘ Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си; исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот; а по сите нив умре и жената. При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?” Исус им одговори: „Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја; зашто при воскреснувањето луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку ќе живеат како ангели Божји на небесата”.

Isto taka i vo onoj del kade se veli ima skopeni od luge, no ima i skopeni zaradi Carstvoto Nebesno (koi samite sebe se skopile!!! t.e. samite izbrale monastvo)- se zboruva za monastvoto

Матеј 19:11, 12 Но Тој рече: „Секој не може да го прифати ова учење, туку само оние на кои им е дадено; зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите себе се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.”

Koga bogatiot mladic doaga i Go prasuva sto treba da pravi za da nasledi Carstvo Nebesno, Gospod mu veli deka ako saka da bide sovrsen treba da prodade se, da razdade na siromasi, da si go zeme krstot i da pojde po Nego (povtorno monastvo).

Матеј 19:16, 21 И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?” А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Само Еден е добар. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.” Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; почитувај ги татка си и мајка си; сакај го ближниот свој како себеси!” Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?” Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!”

A apostol Pavle jasno kazuva - mnogu bi sakal site da ste kako mene (monah-devstvenik), no koj ne moze da se vozdrzi neka se mazi i zeni, namesto da se raspaluva i da gresi - znaci, povtorno monastvo. Apostol Pavle ima posveteno cela glava tokmu na taa tema 1 Korintjanie 7 glava.

1 А за она што ми пишавте - добро е човек да не се допира до жена. 7 Зашто сакам, сите луѓе да бидат како мене; но секој си има своја дарба од Бога - еден на ваков начин, друг на поинаков 8 А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене. 20 Секој да си остане во звањето во кое е повикан 32 Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи, - како да Му угоди на Господ; 34 Тука е разликата меѓу жената и девојката. Немажената жена се грижи за Господови работи - како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи - како да му угоди на мажот свој. 37 А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави. 38 Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.

Од овие стихови јасно се гледа дека Бог оставил простор секој да си избере што сака – брак или монаштво (слободна волја), а и е потенцирано дека монаштвото е повозвишена форма на живот од бракот, затоа што целосно му се посветуваш на Бога.

Во овие стихови не е кажано дека девствениот живот е даден со цел подобро да се мисионери во светот, туку со цел подобро да Му се угоди на Бога. А во што е угодувањето на Бога? Во пост, молитва, покајание за гревовите, љубов... А дали е кажано дека треба да се прават екск*рзии по светот за да се проповеда Евангелието? Не, туку е речено

Лука 2: 36, 37 Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое. Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддалечуваше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.

Монасите само го исполнуваат она што Господ ни го предал како најголема заповед

Матеј 22, 37 А Исус му одговори: „,Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ 38 тоа е прва и најголема заповед;

Intersna rabota e sto onie koi se protiv monastvoto, preskoknuvaat bitni podatoci od Svetoto Pismo - monah bil i sv. Jovan Krstitel

Лука 1,80 А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустиња до денот, кога се јави на Израилците.

А овие примери на осамеништво апсолутно се оправдани од самото осамување на Господ Исус Христос во пустината

Матеј 4:1 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот

Но, се зависи од тоа каков дар има секој поеднично за своето спасение
1 Кор.12:4-7 Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува се во сите. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; некој има дар за осамеништво, а некој за општожитие.

monahinja bila i Bogorodica (kako sto pee crkovniot poet - Deva pred da rodi, Deva dodeka ragja i Deva posle ragjanjeto na Gospod), monasi bile i apostolite (sv Jovan Bogoslov i ostanatite koi go ostavaat svetot i trgnuvaat po Hrista), a pred se, najdobar dokaz deka monastvoto e dadeno od Boga i deka e blagosloveno, e deka i Samiot Gospod Iisus Hristos bil monah. Taka sto monastvoto postoi od samiot pocetok na hristijanstvoto, a ne kako sto nekoi mislat deka sv. Antonij go zapocnal. Sv Antonij samo ja aktualiziral taa forma na zivot. Prva monaska zaednica e zaednicata na Gospod so apostolite.

Monasite od pravoslavnata Crkva se narekuvaat angeli vo telo tokmu zatoa sto ziveat angelski devstven zivot. I mnogu e logicno toa da e blagosloveno od Gospod so ogled na toa sto posle smrtta ke bideme kako angeli i ke ziveeme monaski, taka sto ako veke toa go znam, zosto toj nacin na zivot da ne pocnam da go ziveam uste tuka, na zemjava, vo ovoj zivot? Monastvoto e nesto prekrasno, velicestveno, neopislivo soedinuvanje so Boga, a sekoj koj ne veruva na ovie zborovi neka si go proveri svoeto mislenje so toa sto ke pojde na nekoe vreme vo manastir kako gostin,za da vidi od blisku kako se zivee kako monah i da ja pocuvstvuva taa blagodat koja ja siri monaskata molitva.

МОНАШТВОТО Е НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ.

Monastvoto e nacin na ziveenje, vo koj neprestajno se zivee za Boga 24/7, vo molitva, vo pokajanie, vo ljubov, vo ispoveduvanje na vistinskata vera preku svoite dela... Manastirot e najpogodnoto mesto za da se skroti nasata padnata priroda, da se simne tovarot na gordosta od nas, poddavajki se na blagiot jarem na Gospoda - poslusanieto kon svojot duhoven otec, po primerot na Gospod Koj sto Mu bil poslusen na Svojot Otec do smrt, i toa smrt na krst. Kako sto Toj dobrovolno se raspna zaradi nasite grevovi i za da ne izbavi od smrtta i vecnite maki, taka i monasite se raspnuvaat za svetot i pohotta na teloto (за да наследат Царство Небесно). Celta na sekoj hristijanin vo svetot e da ja stekne prvobitnata priroda, onaa priroda na Adam i Eva koja ja imale pred padot vo grev -koga bile bezgresni. Otkako ke ja stekne taa priroda, na covekot celata vselena ke мu bide potcineta, kako sto na Adam mu bila potcineta (toj bil gospodar i na zivotnite i na zemjata - rastenijata). Za jas da pomognam nekomu vo duhovniot zivot, treba da si imam pomognato prvo na sebesi. vo koja smisla? sv Serafim Sarvski veli - osveti se prvo sebesi i potoa so svojot zivot ke osvetis uste iljada drugi okolu tebe. Koga jas si go iscistam srceto od strastite i Gospod si napravi zivealiste vo nego preku molitvata i steknam prosvetlen um so koj ke gi sozercuva site raboti okolu - togas ke mozam da im pomognam na site drugi za najbitnata rabota - da si ja spasat dusata. toa e najgolemata pomos koja eden hristijanin moze da ja ponudi na drug.
Вие, отцепените гранчиња, не правите разлика што е хуманизам, етика, морал (кое е проповедано од луѓе), а што е живеење според Бога, почитување на Божјите заповеди и исполнување на Законот на Љубовта. Се оринтирате, како католиците, кон мисионерска дејност од типот на помагање на сиромашние и слични хуманитарни акции, но не гледате дека со тоа само го извршувате законот на буквата. Треба тоа да се прави, но пред се, треба прво да се обрне внимание на својата душа, да си го очистиш срцето од страстите, за во просветлениот ум да можеш да сфатиш на кого како треба да му се помогне и од што има потреба (токму ова го прават монасите прво, а потоа како духовници, преку совети, исповед и консултации, но и преку хуманитарни акции, ни помагаат на нас паднатите).

Дали монасите не ги сакаат луѓето и се издвојуваат од светот?

Службата на Христос и апостолите била секогаш меѓу луѓе. Христос ги подучувал учениците да бидат сол и светлина во светот. Во овој контекст Христос рече: "Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие; ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.”" (Матеј 5:14-16)

site monasi koi zaminale od svetot i stanale golemi podviznici stanale sol na svetot i zasvetile kako svetilo na vrv planina - za toa svedoci nivnata popularnost kako duhovnici, a za onie koi veke se upokoeni - svedocat nivnite mirotocivi i cudotvorini mosti (a toa ne moze da se ospori oti do den deneska toa moze da se vidi). za da stanes sol ili svetilo na svetot - treba DA STIGNES DO BESKRAJNOTO SOVRSENSTVO, a dali nekoj od nas na forumov stignal do tamu?

Православниот монах, покрај тоа што не се жени, тој плус се издвојува од светот и се преселува во манастир. Божјото Слово воопшто нема замерка за целибатот на монасите, туку за нивното БУКВАЛНО издвојување од светот. "Така ОДЕЈЌИ, направете ги сите народи Мои ученици"(Исус во евангелие по Матеј 28:19) Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи", а не "чекајќи". "И им рече: „ОДЕТЕ по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! " (Исус во евангелие по Марко 16:15) "И ОДЕЈЌИ, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. " (Исус во евангелие по Матеј 10:7)

А овде сакаш да ми кажеш дека монасите не патуваат од земја во земја, и дека не тропкаат од врата на врата, по било кое време, за да раздаваат секташки книшки???? Епа НЕ. Отец Партениј или дедо Наум или било кој монах не работи на тој принцип, зашто св.ап.Павле вели

Римјаните 15, 20 И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.

Тие си седат во својата епархијата и им проповедаат на верниците од таа епархија, а во другите епархии си има други монаси. А што мислиш ти, дека на друго место во светот нема православни монаси и дека само во Македонија се проповеда ПРАВОславието???? Ехх, апсурдност!!! Не ме терај сега и линкови да ти барам да видиш дека има и во Африка и во Америка и во Азија и на било кое место - св.Гераман на Алјаска, св. Мојсеј Мурин во Етиопија, св. Јован Шангајски во Кина, св.Серафим Роуз во Америка......................................... св Методиј и Кирил (сараценска, хазарска, моравска мисија), св. Патрик просветител на Ирска, св. цар Борис покрстител на Бугарија, св. Климент Охридски во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Мислам дека доволно се примериве, ако сакаш уште можам да ти набројувам монаси кои мисионереле и мисионерат. Ама што е поентата тука??? Тие прво стекнале смирение и просветление на умот, подвизувајќи се во осамеништво, а потоа откога можеле кристално јасно да ја препознаат Божјата волја, тогаш тргнале да го просветуваат и народот. Св. Серафим Саровски кој живеел во 18 век 15 год поминал затворен во ќелија на молитва, 5 год. воопшто со никој не разговарал, 1 000 дена стоел на камен со рацете дигнати на молитва, а сепак и покрај неговото осамеништво бил духовник на илијадници чеда, и е најпопуларен монах-светител од поново време, кој нема кој не го знае. А дека неговото осамеништво било богоугодно сведочат неговите чудотворни мошти!!!

И брат, дај прати некоја слика да видиме каде се ти си бил по светот за да го проповедаш Евангелието????

Монасите проповедаат со љубов и го примаат секој кој доброволно ќе побара да пие од изворот на ПРАВОславието

Филимон 1:14   ...но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.

Баш исто како што бил и примерот на св.Јован Крстител, кој прво живеел во пустина во подвиг, за кога наполнил 30 год. да почне да му проповеда на народот, и тоа на оној народ кој непринудно пристапувал кон него, а не трчал тој по нив и не ги терал со сила.

Матеј 3:1-7; 13 Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: Покајте се зашто се приближи царството небесно. Зашто ова е, нависстина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: Гласот на оној, што вика во пустината: Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. .... а штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи.... Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него.

Бог дал право да си избере секој човек што му е по срце – брак или монаштво, и ако избере монаштво има разни форми на подвиг, меѓу кои спаѓаат и киновијата (општожитието) и пустиножителството. Св. Јован бил пустиножител, додека пак апостолите живееле општожително (како што живеат монасите во манстирите низ Македонија). Монаштвото е само продолжување на онаа форма на живот која ја живееле апостолите.

И уште нешто ќе додадам тука; за време на комунизмот (кога со смрт им се заканувале на христијаните), особено во Русија, многумина биле бели монаси. Биле замонашени, но со цел да ја проповедаат верата, биле облечени како мирјани (луѓе кои не се монаси) и обично работеле како медицински сестри и ги лечеле ранетите и настраданите. Нивниот монашки живот се откривал непосредно после нивната смрт кога требале да ги подготват за погребение. Тогаш ја откривале монашката схима која ја носеле на своите плеќи. Еден пример на бела монахиња е св Матрона Московска која била посведочена од страна на св.Јован Кронштатски дека е осми столб на Русија, на која ќе се потпира целиот верен народ (читај го житието http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Zitija/SvMatrona.htm)

А доказ дека Библијата не повикува на излегување од светот е следниов цитат. Те молам читај внимателно: "Ви пишував во писмото, да не се мешате со блудници, но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклонци, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет. Но сега ви пишувам да не се дружите со оној кој, нарекувајќи се брат, со останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач. Со таков дури и да не јадете!" (1 Коринтјаните 5:9-11)

А каде ти виде дека монасите излегле од светот, поточно кажано, избегале од луѓето??? Бигорски манастир се наоѓа во близина на селата Ростуше и Битуше, манастирот св. Георгиј Победоносец е во село Рајчица кое е муслиманско село на чии жители им се проповеда ПРАВОславието и има многумина кои се крстени. А да не ги споменувам живите манастири во Струмица во селата Водоча, Велјуса... Хамзали, Ново Село, Берово, Ресен, Калишта....Во Скопје Успение на Пресвета Богородица во село Матка..... Ај да не замалам од пишување...

Докази дека монасите ја проповедаат верата меѓу народот (не на сила, туку со љубов)

На монашењето во Бигорски манастир кое беше сега на 10ти септември, беа присутни околу 2 000 верници (кој сака да прочита и види www.preminportal.com.mk , www.mpc.org.mk дебарско-кичевска епархија). Отец Партениј е постојано присутен околу луѓето поради што е еден од омилените духовници, заедно со неговото свето братство кое постојано блеска со љубов и гостопримство кон секој посетител на манастирот. На било кое бдение во овој манастир има најмаку 600 души.
Дедо Наум, митрополит Струмички, постојано е присутен на разни активности и секогаш е опкружен со народ. Посетете ги приложените веб страни и читајте – нема потреба да копирам. Па да не ги спомнувам многубројните интервјуа на телевизија, радио, весници, бденијата кои се оддржуваат често во манастирите и на кои има многубројни присутни верни.
...објавуваат еден куп светотечка литература и списанија, издаваат цд-а со црковно-византиска музика, организираат изложби на икони, кампови за деца на кои се учи веронаука, поклонички патувања......
(За да се види сето ова што го набројав, посетете некој од линковите подолу)

Дали апостолите биле монаси?
Да видиме што вели Светото Писмо: "Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа, и Кифа (Петар)?"(1 Коринтјаните 9:5) Тука апостол Павле јасно кажува дека некои од апостолите биле женети, некои од браќата на Исус, а и посебно го нагласува и Кифа (Петар). Петар во едно од своите посланија дури и го кажува името на својот син. "Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко."(1 Петрово 5:13) Оттука јасно се гледа дека некои од апостолите си биле женети, што автоматски ја разобличува ПРАВОСЛАВНАТА ЛАГА дека тие биле "монаси".

Православната вера воопшто не го оспорува фактот дека некои од апостолите биле женети, напротив туку ја потврдува. Но, сите оние кои биле женети, како апостол Петар и Симон Зилот, на чија свадба во Кана Галилејска бил присутен Самиот Господ Исус Христос(но ова не го знаеш затоа што немате предание – историја на Црквата), потоа ги оставаат жените и тргнуваат по Христа, според Неговото кажување во

Лука 14:26 Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.

А како доказ дека тие навистина го продолжиле својот живот како безбрачници даваат потврда и Петровите зборови и житието на св.ап.Марко(оној за кој ти тврдеше дека продолжил да живее со жена му во брак)

Матеј 19, 27 Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме се, и по Тебе одиме: што ќе стане, со нас?” ....29 и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или нива, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен

Светиот апостол и евангелист Марко 08/05/2008 (извор www.mpc.org.mk)
Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фатија незнабожците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави ангел небесен и го храбреше и го крепеше. Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните. Со векови им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите.
Значи, кога го сретнале Господ, оние кои биле женети, се откажале од својот брачен живот и започнуваат целемудрен монашки живот, а тие кои не биле до тогаш женети, не се ни ожениле отпосле. Монах може да стане и оној кој претходно бил женет и имал деца – целемудрен монах. Такви примери и денес има по манастирите. А монасите кои воопшто никогаш не се женеле, туку се посветиле на Бога, се девственици.

Кај вас проблемот е што уште непросветлени во умот сакате да ги толкувате Господовите зборови. Затоа секогаш грешите како што тоа го направи и со толкувањето на овој цитат

1Кор.9:5Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?

Тука воопшто не се мисли на жена како сопруга, туку на жена како човечко битие од женски пол, пред се, СЕСТРА ВО ХРИСТА, која им помага на апостолите во потребите на благовестието. Апостол Павле сакал да каже дека нема ништо лошо во тоа што апостолите имале жени помошнички, но тој не го користел тоа право само за да не ги соблзани оние на кои им го проповедал благовестието. Тоа биле жени ѓакониси. Зарем е можно на сестра апостолите да гледале со блудство?????

Римјаните 16:1,2 Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која е слугинка при црквата во Кенхреа примете ја во Господа, како што им прилега на светии, и помогнете и во она, во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа беше помошница на мнозина и на мене самиот.

Дали православното тврдење дека монаштвото е благословено од Бог наведува на брачен развод?

Зарем сакаш да не убедиш дека тука Христос вели "Кој не си ги напушти жената, мажот и децата, тој не може да биде Мој ученик"? Зарем сакаш да кажеш дека Христос тука заповедува РАЗВОД како неопходен услов за да бидеме Негови ученици? Зарем тоа го заповедува Оној истиот Христос кој рече: "А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се оженува со така напуштена, врши прељуба."(Христос во евангелие по Матеј 5:32) "Сврзан ли си со жена? Не барај развод! "(1 Коринтјаните 7:27) "Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог" (Малахија 2:16)


Тоа Господ не го рекол со цел луѓето да се разведуваат, туку оние кои сакаат да станат совршени како нашиот Отец набесен, треба да остават се што е земно и да Му се посветат само Нему, според зборовите

Матеј 22:37 А Исус му одговори: ,Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ тоа е прва и најголема заповед

А оние кои веќе се во брак и кои имаат деца, мора прво да ги одгледаат децата до полнолетство, да добијат согласност од брачникот, та потоа да стапат во монаштво. Јас познавам мајка и ќерка кои се во манастир, а нивниот сопруг, односно татко, со раширено срце ги благослови да останат таму. Поради тоа што не знаеш како функционираат овие работи во православието, изрече еден куп неосновани филозофии.
А оние цитати кои ги наброја дека не треба да се остава жената, не ти се во контекст на муабетот. Таму се зборува за напуштање на жена за да се оди по други жени, додека пак, оние кои заминале во манастир апсолутно се придржуваат до целемудреноста, односно не стапување во никаков телесен контакт со друг човек.

Дали монасите одат контра Црквата?

Evangelec: monasite odat kontra na se sto e crkva. bidejki monah (znaci eden) a crkva (eklesia) znaci zbir/sobir.

Монасите воопшто не одат спротивно на Црквата, зашто под Црква се подразбира верниот народ собран околу својот епископ на светата Евхаристија. А бидејќи монасите живеат во братства и сестринства (значи, повеќе монаси во еден манастир), воопшто не се сами и изолирани, туку секојдневно се собрани заедно во храмот Господов на Светата Литургија и на останатите богослужби, а заедно и функционираат на послушанијата кои ги имаат. (да не го споменувам и тоа дека манастирите секогаш се преполни од посетители). Сепак, во глобална смисла на поимот Црква, најсплотени сме како една душа и едно тело на светата Евхаристија, кога сите се причестуваме од едно Тело и една Крв Христови, без разлика каде и да се наоѓме во светот. Тоа е Црква.

Корист на општеството од монашките заедници и нивниот труд

1.Бигорскиот манастир функционира како рехабилитационен центар за зависници од наркотици. Можете ли да си замислите само колку млади деца се излечени и доведени на прав пат како вистински верници во Христа нашиот Бог? А што има поголемо од тоа да спасиш еден грешник од погубен пат? Што има поголемо од тоа еден човек кој некогаш бил во мрак од опојните дроги, не знаејќи што навистина е реалност, а што е имагинација, да го доведеш не само до реалноста во светот, туку и до Вистината, Патот и Животот????? Таму се имаат излечено еден куп млади луѓе кои, се разбира, потоа сведочат и за Христа, и за љубовта и посветеноста на монасите, и можат да ги убедат другите пеер групи дека дрогата е злодело кое го уништува и човекот поединечно, а и целото општество во глобала. Оние кои сакаат да се запознаат повеќе со Бигорскиот процес на рехабилитација можат да го прочитаат интервјуто на отец Партениј, во три дела објавено на страната на ПреминПортал
(директен линк http://preminportal.com.mk/content/view/1069/54/).
А воедно, доколку има некој таков проблем, манастирските врати му се ширум отворени за да му се помогне.

2. Монасите се бават и со изработка на темјан http://preminportal.com.mk/content/view/417/84/

3. Изработуваат и митри (владички капи). Манастирот св. Георгиј Победоносец во Рајчица, Дебарско е единствен манастир на Балканот кој ги изработува.
http://www.utrinskivesnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=8FA9E579F76D3F4494817016DC180240

4. Изработуваат мантии и одежди (во Македонија тоа го прават во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка, Скопско)
http://preminportal.com.mk/content/view/13/53/

5. Преведуваат книги и објавуваат списанија
http://www.mpc.org.mk/izdavackadejnost.asp
http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/premin.asp

6. Издаваат цд-ња со Православна византиска црковна музика
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2137&stID=17510
(слика како изгледа цд-то http://www.giftshop.com.mk/images/content_images/cd0155.jpg)

7. Се занимаваат со иконопис и фрекопис
http://preminportal.com.mk/content/view/34/95/
http://www.mpc.org.mk/vGal.asp?kw=Ikoni
http://preminportal.com.mk/content/view/136/83/

8. Ракоделие (крстиња, дрвени лажици, кошници, резбарство...)
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/24.shtml
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/28.shtml
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/30.shtml

9. Производство на мед, земјоделие и одгледување на добиток
http://www.orthodoxphotos.com/Monastic_Obedience/14.shtml
http://www.sohowines.hk/images/KormilitsaGold.jpg

10. Го чуваат нашето најголемо културно и верско наследство кое сведочи за вистинитоста на нашата Црква
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=9C1448848DA10C4F8B21288CA52D2105
http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=2877
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3113
http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=3076

11. Го сплотуваат народот во еден дух како повеќе органи на едно Тело – Црквата Христова http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=2932

итн................итн..................итн...........................................................итн..........................



a tuka bi gi dodala i rabotite od tipot na pismenost (sv Kiril i Metodij), literatura (Kiril Pejcinovik Tetoec, Crnorizec), umetnost (Partenij Zografski, sv Teofan Kritski), arhitektura (poglednete go bilo koj pravoslaven hram koj izobiluva so vecna ubavina, od rano-hristijanski period),
turizam, spokoj, mir, duhovno rakovodstvo... itn itn. taka sto da ne bile monasite - nie deneska ne bi bile vo moznost da se pisuvame na forumov.


ЗАКЛУЧОК

Ајде да ви раскажам една интересна случка. Најдобрата другарка на една моја пријателка пред 4 години отиде во манастир. Таа беше таму искушеник 8 месеци и потоа и дојде паметот и се врати дома. Кога пријателкава ја праша што правела таму таа и одговори: "Се убивав од досада. По цело време плетевме бројаници, читавме молитви, бдеевме, спиевме.. и секој ден се тоа па тоа."

Е токму ова покажува што проповеда вашата вера – гордост, суета, надворешна побожност, непокорност, несмирение, непослушание, помраченост од заблуди...... и зошто некој ја прифаќа.
Имааш едно големо разобличување овде – и додека плетат бројаници, и додека читаат молитви, и на бдение, а и додека спијат – монасите се молат. А молитвата е единственото вистинско заедничарење со Господ, разговор со Бога преку кој Тој ни ги услишува молбите (мислам дека нема потреба да ти вадам цитати и за ова – барајте и ќе најдете, тропајте и ќе ви се отвори, молете се непрестајно). Е кој кикс го направи со коментаров!!!! Кикс во кој самиот тврдиш и се саморазобличуваш дека сте мрзливи за молитва и не сакате да заедничарите со Бога и да добиете просветление на умот од Него, Единствениот наш вистински Спасител, на Кој Му припаѓа вечна слава, чест и поклонение!

Амин!


Изменето од Maran Ata - 25.Ноември.2008 во 16:03
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 08:22
Е сега, мил мој ЕвАнгелос, те молам пред да се избациш со некој несоодветен коментар, внимателно да прочиташ се што е погоре напишано, и кога ќе најдеш аргументи и факти кои се реално поткрепени и кои имаат логика, тогаш можеш да ми се обратиш. А во меѓувреме, don't worry, ќе го подготвам и текстот за преданието, со помош на светите отци.

Господ, по нивните молитви, да не помилува и спаси! Амин!

Со Христова љубов
Маран Ата +


п.с. Овој совет не важи само за ЕвАнгелос, туку за сите кои имаат намера да дискутираат на оваа тема, и да изнесуваат невистини против монаштвото!!!


Изменето од Maran Ata - 19.Септември.2008 во 08:34
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
16.9 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 16.9 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 11:24
Да не се правам паметен, а мене монасите се АНГЕЛИ на земјава, и по нивните молитви и светов опстојува.
Еве како размилуваат некои кои монаштвото го знаат од опит:



Монасите

Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето.
Што значи овде зборот „светлина’?
Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога.
Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава...
...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа.
(Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 12:07
А бе девојче (Мараната), скоро сите твои наведени библиски стихови погоре се однесуваат за целибат, за неженство, за девственост, а не за монаштво. Три пати веќе ви нагласив дека Божјиот Збор вопшто нема замерка за тоа, туку за монаштвото - за издвојувањето од светот, за прекршувањето на Христовите заповеди: "ОДЕТЕ и проповедајте го евангелието!", "И така ОДЕЈЌИ разгласувајте дека се приближи Царството Небесно", "Сеач ИЗЛЕЗЕ да сее", "ќе ве направам РИБАРИ НА ЛУЃЕ", "Жетвата е голема, а работници се малку... ве ИСПРАТИВ ДА ЖНЕЕТЕ!" итн.
Сите овие стихови заповедуваат АКТИВНА евангелизација, а не пасивна со седење во манастир и чекање луѓето да дојдат.
 
Замисли си ти дека имаш лек против ракот. Мајка ти дома е болна од рак и деновите и се избројани, а ти заедно со лекот си седиш во манастир и се молиш мајка ти да дојде. А воедно Бог ти вика: "Оди и дај и го лекот на мајка ти!" А ти продолжуваш да бдееш со лекот во манастирот, да си созерцаваш, да се приближуваш до Бога.... додека мајка ти умира!
Тоа е себично христијанство (ако воопшто може да се нарече така). Тоа е само парцијално исполнување на заповедта: "Љуби го ближниот како себе си". Монасите го исполнуваат само вториот дел од оваа заповед, тие си се љубат само себе и гледаат себе си да се спасат и да се доведат до "совршенство", а не им е гајле за луѓето од светот кои умираат без евангелската порака тага
 
Ти посочив и еден конкретен библиски стих каде јасно се вели дека НЕ ТРЕБА ДА ИЗЛЕГУВАМЕ ОД СВЕТОТ, дека нема таква заповед, но дека има таква забрана! А ти ми го цитираш Исус како бил 40дена во пустината, како Јован живеел во пустина. Остави го ти Јован. Јован си е Јован. Тој си имал посебна служба, посебна заповед од Бог и верно си ја исполнил. Ти гледај да ги исполниш заповедите од Бог што тебе ти се дадени. А тоа е да не излегуваш од светот, туку да одиш во него.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

 
Зарем не ги читаше сите мои претходни коментари каде што ти велам дека монасите не се кријат од луѓето, туку го проповедаат словото без да додеваат од врата на врата како вас?
 
Уште една твоја лажна клевета. Нека ти служи на чест! Не знам на кои тоа "ние" мислиш, но јас никогаш не сум одел од врата до врата за да го проповедам евангелието. Но ако сакаш баш да знаеш, така правеле апостолите! Јас не се согласувам воопшто со теологијата на Јеховините Сведоци, но рака им давам за ревноста да го проповедаат тоа што го веруваат. Исус им заповедал на учениците да одат баш така, од град во град, од село во село, од куќа до куќа. Дури им дал и упатство како да поздрават кога ќе влезат во некоја куќа: "Мир да е врз овој дом!".
Да девојче, апостолите им ДОДЕВАЛЕ на луѓето им ДОДВАЛЕ затоа што знаеле дека нивното ДОДЕВАЊЕ е единствен начин тие да се спасат! Тешко вам и на монасите што не им додевате на луѓето и што ги оставате да умрат со непростени гревови! Исто така и тешко мене за секој еден на кого сум имал шанса да му додевам, а сепак не сум го направил тоа и сум го оставил да умре во својот грев!
А колку за твоја информација, Павле бил најголемиот "досадувач" на луѓето. Прочитај ги делата апостолски и неговите посланија и ќе видиш на колку луѓе тој им досаѓал. Колку домови посетил.
А монасите не сакаат да излезат од својот комфорт. Си седнале во манастирот, си црткаат икончиња, си разбаат, си плетат бројаници, си прават мед., си бдеат, си медитираат.. баш како што рече еден член.. уживанција во франција среќа (додека овие другиве гинат и глави им летаат заради проповедањето на евангелието!)
Но ако, МАРАНАТА, Господ доаѓа скоро, како Спасите, ама и како Судија!
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Римјаните 15, 20 И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.
 
Што сакаш да кажеш со овој стих? Дека христијаните го проповедаат евангелието таму каде што православните веќе го проповедале? голема%20насмевка 
Те предизвикувам на Велигден, кога сите православни македонци ќе се соберат пред Соборниот Храм (впрочем, согласно нивната вера, и само тогаш се оди во црква само на Божиќ и Велигден), да направиш една анкета меѓу нив со следниве прашања:
1. Кое е презимето на Исус?
2. Што подразбирате под поимот евангелие?
3. Дали Александар Македонски бил христијанин?
 
Ти гарантирам дека 99% од вашите "православни верници"  ќе одговорат:
 
1. Презимето на Исус е Христос.
2. Евангелие е... Јован, Матеј, Марко, Лука.
3. (Гордо ќе одговорат) Да, Александар Македонски бил православен христијанин! (иако бил роден 3 века пред Христос газење%20од%20смеење
 
И на вакви луѓе ли да не им проповедаш евангелие? Меѓу овие луѓе ли е познато Христовото Име? Овие ли се "туѓиот темел"? Се читаш ли што пишуваш?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:07
хахахахахахаха


А бе тебе нели ти реков без оправдани аргументи да не ми се обраќаш со глупави коментари кои ти немаат врска од реалноста???

Почитувани форумџии, овој ЕвАнгелос, искрено речено, почнува да ме тера да се смеам на неговите вицеви... а и ме потсеќа на ТОШО - на се избегна да одговори, а и само повтара исто па исто....

Јас не знам што треба да направиме за да разбере дека

1. Монасите не се изолирани - а бе Тошо, читај, отварај ги линковите што ти ги дадов, или пак, штом толку знаеш како функционира монаштвото, пиши некое име на монах што го знаеш и од кој манастир е, та барем да ти има основа тоа што го зборуваш, а не да му тераш инает дури и на зидарски кој веќе еднаш ти рече дека познава најмалку 20-тина монаси САМО од Македонија. (не ме терај јас да ти ги набројувам сите оние кои ги знам.........голем список......)Ова е затворена подтема - немаш ништо реално во одбрана на твоето гледиште!!! Крај на полемиката!!!

2. Абе што го изопачуваш Светото Писмо и велиш дека св.ап. Павле им додевал на луѓето???? Кај го прочита, мило, тоа? Во некоја сектанска верзија на Библијата од Јеховините сведоци?

А бе тој ги поучувал и упатувал во словото само оние кои биле верни на Христа, кон нив и биле напишани Посланијата. Кој не сакал да слуша слободно си одел дома, а св.ап.Павле воопшто не ги ни спречувал таквите. А и другите апостоли никого не принудувале со сила и никому не додевале, тие поучувале само ако некој доброволно го побарал тоа. Кога проповедале, кој сакал слушал, кој не сакал – не бил држен со сила да слуша. Се читаш ли ти што зборуваш??? Зарем не знаеш дека секој човек има слободна волја да избира тоа што го сака, без разлика дали е исправно или не???

Дела 8, 31 .... Па го замоли Филипа да се качи и да седне до него.
34 Тогаш Етиопјанецот проговори и му рече на Филип: „Те молам, за кого ова го зборува пророкот, за себе или за некој друг?“ (св.ап.Филип не го тера со сила, туку самиот Етиопјанин го моли Филипа да му објасни, протолкува – она што вие не го признавате – преданието, толкувањето)
36 И одејќи така патем, тие стигнаа до една вода; и Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?“ (самиот посакал да се крсти, никој не му додевал)

Дела 13, 15 По читањето на Законот и на Пророците, старешините на синагогата пратија луѓе да им кажат: „Мажи браќа, ако имате зборови за утеха на народот,зборувајте!“ (алооо….. никому не додевале, туку старешиние сами ги повикале)

Дела 17, 19 И зедоа, та го одведоа на Ареопагот, велејќи: „Ќе можеме ли да знаеме какво е тоа учење што го проповедаш? 20 Бидејќи нешто непознато внесуваш во ушите наши. Затоа сакаме да знаеме што е тоа.“ (и кај виде тука додевање??? Слушнале дека Павле знае нешто и побарале да им се објасни тоа што го знае)

3. А бе што се ваѓаш сега со новитети. Да не случајно од твоите да гинеле за време на комунизмот кога биле убивани заради верата??? Не велам дека сите крстени во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква си ја знаат верата – тоа е факт и е за жалење, ама колку што гледам и ти воопшто немаш поим во што веруваш, не го знаеш ниту Светото Писмо, а се препираш. Риташ против бодило, брат!!!

И дај држи се до договорот – НЕ ТРЕСКАЈ БЕСМИСЛЕНОСТИ КОГА НЕ МОЖЕШ ДА СИ ЈА ОПРАВДАШ ТВОЈАТА ВЕРОИСПОВЕД И БИДИ МАЛКУ РЕАЛЕН.

ДАЈ ОПИПЛИВИ АРГУМЕНТИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Господ со нас +




А да, и да ти се извинам ако ве наклеветив вас - отцепените граншиња, дека додевате на луѓето одејќи од врата на врата. Сепак, протестантските секти по тоа се најпознати...

Изменето од Maran Ata - 19.Септември.2008 во 13:08
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 14:51
Originally posted by 16.9 16.9 напиша:

Да не се правам паметен, а мене монасите се АНГЕЛИ на земјава, и по нивните молитви и светов опстојува.
Еве како размилуваат некои кои монаштвото го знаат од опит:



Монасите

Светите отци велат дека како што ангелите се светлина за монасите така и вистинските монаси се светлина за луѓето.
Што значи овде зборот „светлина’?
Дека монасите се тие коишто го одржуваат високиот критериум, или маченички етос, на христијанскиот подвиг и живот во Црквата. И уште, дека тие треба да бидат патеводители, да им го покажуваат патот на духовното растење на луѓето со своето постоење, со своите дела, со својот збор, со целиот свој живот. Значи, монасите треба да се светлина за мирјаните, за луѓето кои што христијански живеат во светот. На свој начин тоа го поставува монашкиот чин во Црквата на место на пророчка служба: како што Пророците во Стариот Завет го објавувале доаѓањето на Христа и им го покажувале патот на луѓето како постојано да бидат во заедница со Бога и никогаш да не се оддалечуваат од Него така и монасите денес ја имаат таа улога во животот на Црквата. И навистина, доколку монасите ја исполнуваат својата назначеност, тие стануваат светлина и поткрепа за сите кои се надеваат во Бога.
Вистински монах е тој што го поминал патот на очистување на срцето од страстите и од гревот и што се искачил на вториот степен на духовниот развој, а тоа е просветлувањето на умот. На тоа духовно ниво умот на монахот, заради отвореноста на срцето, може да се симне во самото срце и таму да ја твори молитвата. Престојувајќи молитвено во срцето, умот се причестува со Божествената благодат којашто секој човек ја добива при Светото Крштение. Тука, внатре, умот на монахот се просветлува преобразен од оваа благодат и заради тоа овој степен од духовното растење се нарекува просветлување на умот. Преку оваа просветленост на умот монахот ги спознава тајните на животот воопшто, тајните на Бога и на Светото Писмо, тајната на Црквата. Затоа тој и може својот пат и своето достигнување да им ги покаже на другите луѓе и да ги води по овој пат бидејќи самиот го има поминато и го познава...
...Љубовта кон луѓето ни е наједноставниот показател за тоа како растеме во Христа.
(Митрополит Наум Струмички, извадок од есејот „За содржината на монашкиот живот“)


Прекрасна потврда на
"Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие; ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.”" (Матеј 5:14-16)
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 18:19
sestricke brisi lp prepolno големо%20гушкање
prosteteголемо%20гушкање
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 18:38
Ubavo kazhano, no dobro bi bilo, isto taka, da se soochime i so realnosta.

Monasite ne se pravoslavna inovacija, tuku takviot nachn na zhiveenje bil poznat od pamtiveka na site strani na svetot. Zarem nikogash ne ste slushnale za budistichkite monasi? Vo hindiuzmot i jogata toa e poznato duri ushte porano... vsushnost toa odi tolku daleku vo istorijata shto ne se pamti koga e zapochnato. Verojatno izborot na takov nachin na zhiveenje postoel od vremeto koga nastanal chovekot.

Onoa sto nie denes go imame kako monashki zhivot e povekje zhiveenje vo edna mala komuna na istovernici, za razlika od ekstremniot osamenichki monashki zivot, kade sto monahot zhivee potpolno sam, bez da ima sopstvena zhelba da se sretni so lugjeto. Takvi lugje imalo vo minatoto, a gi ima i denes po Himalaite. Gurudev, na primer zhiveel taka osamen 40 godini vo dzhunglite pred da se pojavi zatoa sto bil povikan od oficijalnite indijski vlasti.

Onoa sto sakav da potenciram e deka sekoj koj ke se odluchi na takov zhivot toa go pravi po svoja sopstvena volja i inicijativa i poradi svoi lichni prichini. Ne go pravi toa poradi nikoj drug, a najmalu poradi nacijata, narodot ili neshto drugo.

Takviot zhivot e edno preispituvanje i pronaogjanje na sebe si kako del od ovaa Kreacija, vo koe vrevata na sekojdnevniot zhivot pretstavuva samo prechka koja go otezhnuva toj pat.

Odbiranjeto na takviot zhivot ne garantira prosvetluvanje, no mozhe da pomogne. Prosvetluvanjeto ne se postiga samo na toj nachin, nitu pak toa doagja po nekakov avtomatizam koga ke se odbere monashkiot zhivot.

Kako takov, monashkiot zhivot ne e zhivot na "svetec", tuku zhivot na machenik, chovek koj od se srce se trudi da gi postigne duhovnite visini koi, barem za nego, se nedostizhni vo obichniot sekojdneven zhivot.

Eventualnoto prosvetluvane od takviot zhivot e mozhen i od nego benefit ima samiot monah. Toj mozhe toa da go spodeli, kolku sto e mozhno, so drugite lugje spored svojata volja ili spored voljata na lugjeto, no toa ne znachi deka toj taka avtomatski stanuva nekakov prorok. Takviot chovek mozhe samo figurativno da go narecheme "svetlina za lugjeto" bidejki taa svetlina ne se prenesuva kako shtafeta na drugite, no mozhe da im pomogne vo pronaogjanje na nivniot pat.

Lichno nemam nishto protiv izborot na sopstveniot zhivoten pat na sekoj chovek, a toa go vkluchuva i izborot na monashkiot zhivot. Ubeden sum deka onoj koj uspeal da se prosvetlil nemozhe da ostane ramnodushen kon chovechkata mizerija i deka ljubovta vo nego, sakal ili ne, ke stori se za da ja namali i ublazhi.

Vsushnost za takvi lugje i ne postoi izbor dali sakaat ili ne sakaat da go storat toa... Ljubovta ne ostava mesto za alternativi.

Изменето од Messenger - 19.Септември.2008 во 18:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
majmunce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2008
Локација: Somalia
Статус: Офлајн
Поени: 154
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majmunce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 18:53
да бе многу мачен живот имаат монасите, еј замисли по цел ден да сликаш икончиња, да си пееш песнички, да си шеткаш по шумите со чист воздух за да бараш јаготчиња за ужинка, да си правиш мед итн итн. навистина многу грижи имаат, па дали ќе заработат доволно пари работејќи во фабрика за да го пратат детето во школо, па дали ќе можат да го вратат кредитот во банка што го зеле за да можат да ја закрпат куќата или пак ќе мора во затвор да поседат малку. навистина монашкиот живот е најтежок. а зошто јас не одам за монах? затоа што го презирам таквиот начин на живот! јас сакам да си го заработам мојот леб! јас не чекам милостина од верниците! јас и плаќам даноци на оваа држава затоа што не сакам да бидам должник, јас не чекам се на вересија!
не се плашам, стори се чучулига
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.