![]() |
|
Археолошките откритија во Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Автор | ||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 19.Мај.2007 во 11:45 |
|
големо откритие при АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПУВАЊА во охрид Дедал пред 24 века слетал на Плаошник Човекот е потпрен со двете раце на бутните коски, едната нога му е потпрена на вид постамент, а на грбот има крилја Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од
3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на
локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во
земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува
археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното
наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата
ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и
однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината,
археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата
наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е.
Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана
геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е. Научник, архитект, првиот митолошки летач Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија. Изменето од Boogie - 19.Мај.2007 во 11:45 |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Премиерот го виде Дедал Македонската
археологија полека станува салонска. За неа се заинтересирани
највисоките политички структури во земјава, изјави вчера археологот
Паско Кузман, откако на премиерот Никола Груевски му ја
претстави бронзената фигура на митолошкиот летач Дедал, пронајдена пред
две недели на Плаошник, во Охрид. Премиерот најмногу се интересирал за
околностите во кои е најдена фигурата, висока 20 сантиметри, датирана
во 3 и 2 век пред новата ера. - Праша и колку би чинела. Одговорив дека нема цена, особено кога и'
припаѓа на државата, а ние, археолозите, работиме за државата. Но кога
лично би ја поседувал и би отишол на аукција, не би стартувал со
помалку од еден милион евра - рече Кузман. |
||
![]() |
||
postariot brat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 491 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Odlicno, prv pat slusam za ova otkritie iako sum od Ohrid, sekoja cest za informacijava, i Brrraaavvvooo za pocituvaniot Pasko Kuzman, a najgolemi pofalbi za neznajniot umetnik kogo bog go obdaril so navistina isklucitelna darba i uste vo 2-3 vek p.n.e. bez posebno akademsko skulptorsko obrazovanie ja pretocil svojata opsesija so premudriot Dedal, vo realno besceneto skulpturce, koe trae do denes.
Изменето од postariot brat - 02.Јуни.2007 во 22:43 |
||
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Населба на Водно во 6 век била напојувана со огромна цистерна
![]() Цистерната со огромни димензии 22 на 11 метри, досега ископана до длабочина од 8 метри, ги возбудува археолозите што работат на локалитетот Марково Крувче, на падините на Водно. - Вообичаените цистерни за тој период биле со должина од 6 метри и широчина од 2,3 метри. Оваа е навистина со огромни димензии што упатува дека напојувала и голема населба - вели Кире Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, кој учествува во работите. Во потрага по населбата на источната страна на локалитетот се поставени сонди и откриени се делови од градски бедеми, монети, керамика, клучеви, оружје и накит. - Прерано е да зборуваме за градот, но повеќе од јасно е дека тука во 6 век имало активен живот - вели Ристов. Тој не сака да се впушта во познатите претпоставки дека бедемите на Водно потекнуваат од Јустинијаново време. - Се што ќе откриеме од 6 век не мора да е поврзано со Јустинијан, навистина е рано за такви претпоставки - воздржан е Ристов. Истражувањата почнаа минатата недела и ќе траат до 18 јули. Тие се резултат на досегашната 3-годишна соработка на Музејот на град Скопје со Комјунити колеџот од Сент Луис, Мисури во САД. Двајца американски археолози, фотограф и 12 американски студенти работат заедно со екипа на Музејот на град Скопје и десет македонски студенти од Катедрата за археологија при универзитетот „Свети Климент Охридски“. - Ова е трета година како трае оваа наша соработка. Буџетот е американски, а се што ќе биде откриено при истражувањата останува кај нас. Бенефицијата на американските партнери е во искуството - вели Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје. |
||
![]() |
||
MoNiKa ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 197 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
BAJAGI SE
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Од извори кои директно се инволвирани на ископувањето на скопското Кале разбрав дека минатата седмица на локалитет се најдени остатоци од ѕидни фрески. Откритието предизвикало внимание сред екипата која раководи со ископувањата и веднаш се повикани стручни лица од Заводот за заштита на спомениците кои треба да ги превземат натамошните активности во врска со наодот. Мојот извор потврдува дека минатиот петок на скопското Кале биле и високи претставници од МПЦ предводени лично од г.г. Стефан кои имале прилика да видат дел од наодите. Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век. За точно да се каже за кој од трите споменати црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. Можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид. Изменето од Boogie - 14.Јули.2007 во 11:58 |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
КАЈ ГРАДИШТЕ ВО ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА АТРАКЦИЈАТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Музеј на вода на платформа од 2.000 колци Нема да се прави реконструкција на целата населба, туку само на дел од неа - на платформата ќе бидат подигнати седум куќарки На 2.000 колци, долги 6 метри, забиени во дното на Охридското Езеро
ќе биде поставена дрвената платформа на која ќе биде изграден музејот
на вода, во Заливот на коските, кај кампот „Градиште“. Најтешкиот дел
од задачата е завршен - набавени се 600-те кубици дрво. Градењето на
малиот праисториски град на вода ќе почне кога ќе се зајакнат стеблата,
за да бидат поиздржливи. Нуркачка база до музејот Недалеку од музејскиот комплекс, од камен ќе биде изграден уште еден објект - нуркачка база. |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦАРЕВИ КУЛИ
Континуитет од праисторијата до 15 век Праисториска
населба, која датира од периодот на енеолитот и раната бронза, откриена
е завчера на археолошки локалитет Цареви кули, над Струмица. За тоа
сведочат пронајдените фигурини и другите елементи што се откриваат со
истражувањето на јужниот влез на оваа средновековна тврдина, вели Зора
Рујак, раководител на истражувањето. Елементи од енеолитот и раната
бронза, кој временски е поврза со крајот на 4 и почетокот на 3 милениум
пр.н.е., пронајдени се и во некрополата на која се истражуваше со
почетокот на работите. Досега е истраже северниот влез на тврдината,
каде што минатиот викенд се откриени црква од средниот век и фрагменти
од богат фрескоживопис. Средновековната црква била еднокорабна, а
подоцна била додадена и капела на јужниот дел. Околу неа се пронајдени
гробови, кои се зачувани во нивниот оригинале облик, монети и бронзе
накит, за кои археолозите претпоставуваат дека датираат од средниот
век. Пронајдени се и темелите на двете кули што биле поставени на
предниот дел од тврдината, ко градот Струмица. Во моментот се истражува
јужниот влез на тврдината Цареви кули, а потоа ќе се истражува и
западниот бедем, каде што се очекува откривање на уште еде влез, кој
уште патеписецот Евлија Челебија го споменува во своите записи, па
некрополата, донжонот и источниот бедем, за да се дефинираат сите
елементи на тврдината. Пронајдена е и садовна керамика, за која се
претпоставува дека може да го потврди присуството на царот Самуил во
тврдината, во текот на 11 век. Дали ќе се потврди легендата дека до
Царевите кули водел тае тунел, до еде од влезовите? |
||
![]() |
||
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
MOZAM DA KAZAM SAMO BRAVO ZA KUZMAN I NEGOVITE KOLEGI!
Изменето од moira - 21.Јули.2007 во 16:31 |
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...
![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
морски ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најновото археолошко откритие
Во Струмица на Цареви кули откриена средновековна црква Најновото археолошко откритие во ископувањата на легендарните Цареви кули во Струмица се остатоците од средновековната црква од 13 век со фрагментиран фрескоживопис. Ова откритие претставува големо изненадување за археолозите, бидејќи не очекувале таа да се појави на северниот влез на тврдината кој гледа токму кон градот Струмица „Моментно се врши дефинирање на оваа црква од која се извади богат фрескоживопис, а излезе и една монета, која, најверојатно, е имитација на латинска или бугарска монета, што значи дека црквата најрано може да биде од 13 век, иако лично мислам дека е од 12 век, всушност, од времето кога била подигната тврдината од комненовскиот период”, изјави Зоран Рујак, археолог во Завод и музеј во Струмица. Со средновековната црква, како и со црквата „Свети Петнаесет”, под Орта-џамија и со други објекти околу Струмица, дефинитивно, се потврдува дека овој регион бил препознатливо место во југоисточниот дел на државата како еден од главните верски и религиозни центри во Македонија од средниот век. Во целокупната реконструкција на Царевите кули откриената црква може да биде токму оној детаљ кој ќе помогне Струмица да го добие изворниот контекст на средновековието над самиот град. Засега единствена пречка за тоа е изградениот предавател на МРТВ од пред триесетина години врз темелите на црквата и, според археолозите, ќе биде најдобро тој да се дислоцира. Според првите сознанија, црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза. „Црквата што ја откривме е со нарушување на ѕидната структура, што укажува дека еден дел е урнат со поставување на трафостаницата, а на другиот дел од црквата имаме констатирано траги од палење”, изјави Живко Велковски, историчар на уметноста. Според него, фрескоживописот откриен во црквата ја потврдува богата сликарска традиција која во Струмичко бележи континуитет од 1.600 години, почнувајќи од лапидарните форми во Римската терма во Банско, преку црквата „Свети Петнаесет”, Орта-џамија и манастирите во Водоча и во Вељуса. На најпрепознатливиот белег на Струмица - Цареви кули се работи повеќе од еден месец. Со пари од европските фондови и од касата на Струмица во вкупен износ од 455 илјади евра, треба се изврши реконструкција на двете кули, изградба на пристапен пат, туристичка презентација и понатамошно археолошко истражување. |
||
![]() |
||
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
TI BRZA OD MNOGU BRZANJE RABOTITE TI POMINUVAAT TAKA, MOSNE BRZO PA NAJVEROJATNO NE SI VO MOZNOST DA GI ZAPAMETIS! PASKO NE E TOJ STO GO UPROPASTI KAMENIOT MOST, VASIL ILJOV E KREATIVECOT NA KORITOTO STO NI SE PLASIRA KAKO AVTENTICEN IZGLED NA KAMENIOT MOST. ISTOTAKA TOJ E I VINOVNIKOT NA URNUVANJETO NA STRAZARSKATA KULA I NOSITEL NA IDEJNIOT PROEKT ZA NOVIOT IZGLED NA KAMENOTO KORITO. |
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
MoNiKa ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 197 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
E NA BELASICA SE TERE GRAT DA SE OTKRIE OT POD ZEMJATA |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |