Испечати | Затвори го прозорот

Археолошките откритија во Македонија

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7578
Датум на принтање: 27.Септември.2024 во 16:37
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Археолошките откритија во Македонија
Постирано од: Boogie
Наслов: Археолошките откритија во Македонија
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 11:45

големо откритие при АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПУВАЊА во охрид

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Човекот е потпрен со двете раце на бутните коски, едната нога му е потпрена на вид постамент, а на грбот има крилја

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Мај.2007 во 12:01

Премиерот го виде Дедал

Македонската археологија полека станува салонска. За неа се заинтересирани највисоките политички структури во земјава, изјави вчера археологот Паско Кузман, откако на премиерот Никола Груевски му ја претстави бронзената фигура на митолошкиот летач Дедал, пронајдена пред две недели на Плаошник, во Охрид. Премиерот најмногу се интересирал за околностите во кои е најдена фигурата, висока 20 сантиметри, датирана во 3 и 2 век пред новата ера.

- Праша и колку би чинела. Одговорив дека нема цена, особено кога и' припаѓа на државата, а ние, археолозите, работиме за државата. Но кога лично би ја поседувал и би отишол на аукција, не би стартувал со помалку од еден милион евра - рече Кузман.

На прашањето дали во Грција досега бил пронајден сличен предмет, Кузман одговори:

- Засега ова е единствен археолошки експонат. Не знам колку ова ќе им се допадне на нашите соседи, но мене многу ми се допаѓа - рече Кузман.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 02.Јуни.2007 во 22:42
Odlicno, prv pat slusam za ova otkritie iako sum od Ohrid, sekoja cest za informacijava, i Brrraaavvvooo za pocituvaniot Pasko Kuzman, a najgolemi pofalbi za neznajniot umetnik kogo bog go obdaril so navistina isklucitelna darba i uste vo 2-3 vek p.n.e. bez posebno akademsko skulptorsko obrazovanie ja pretocil svojata opsesija so premudriot Dedal, vo realno besceneto skulpturce, koe trae do denes.  

-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 08.Јули.2007 во 11:26
Населба на Водно во 6 век била напојувана со огромна цистерна
Цистерната со огромни димензии 22 на 11 метри, досега ископана до длабочина од 8 метри, ги возбудува археолозите што работат на локалитетот Марково Крувче, на падините на Водно.
- Вообичаените цистерни за тој период биле со должина од 6 метри и широчина од 2,3 метри. Оваа е навистина со огромни димензии што упатува дека напојувала и голема населба - вели Кире Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, кој учествува во работите.
Во потрага по населбата на источната страна на локалитетот се поставени сонди и откриени се делови од градски бедеми, монети, керамика, клучеви, оружје и накит.
- Прерано е да зборуваме за градот, но повеќе од јасно е дека тука во 6 век имало активен живот - вели Ристов.
Тој не сака да се впушта во познатите претпоставки дека бедемите на Водно потекнуваат од Јустинијаново време.
- Се што ќе откриеме од 6 век не мора да е поврзано со Јустинијан, навистина е рано за такви претпоставки - воздржан е Ристов.
Истражувањата почнаа минатата недела и ќе траат до 18 јули. Тие се резултат на досегашната 3-годишна соработка на Музејот на град Скопје со Комјунити колеџот од Сент Луис, Мисури во САД. Двајца американски археолози, фотограф и 12 американски студенти работат заедно со екипа на Музејот на град Скопје и десет македонски студенти од Катедрата за археологија при универзитетот „Свети Климент Охридски“.
- Ова е трета година како трае оваа наша соработка. Буџетот е американски, а се што ќе биде откриено при истражувањата останува кај нас. Бенефицијата на американските партнери е во искуството - вели Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: MoNiKa
Датум на внесување: 11.Јули.2007 во 23:24
BAJAGI SE  

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Јули.2007 во 11:57

Од извори кои директно се инволвирани на ископувањето на скопското Кале разбрав дека минатата седмица на локалитет се најдени остатоци од ѕидни фрески. Откритието предизвикало внимание сред екипата која раководи со ископувањата и веднаш се повикани стручни лица од Заводот за заштита на спомениците кои треба да ги превземат натамошните активности во врска со наодот.

 Мојот извор потврдува дека минатиот петок на скопското Кале биле и високи претставници од МПЦ предводени лично од г.г. Стефан кои имале прилика да видат дел од наодите.

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век. 

За точно да се каже за кој од трите споменати црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. Можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Јули.2007 во 10:07

КАЈ ГРАДИШТЕ ВО ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА АТРАКЦИЈАТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Музеј на вода на платформа од 2.000 колци

Нема да се прави реконструкција на целата населба, туку само на дел од неа - на платформата ќе бидат подигнати седум куќарки

На 2.000 колци, долги 6 метри, забиени во дното на Охридското Езеро ќе биде поставена дрвената платформа на која ќе биде изграден музејот на вода, во Заливот на коските, кај кампот „Градиште“. Најтешкиот дел од задачата е завршен - набавени се 600-те кубици дрво. Градењето на малиот праисториски град на вода ќе почне кога ќе се зајакнат стеблата, за да бидат поиздржливи.

Изградбата на музејската атракција под отворено небо треба да заврши за две години. Сега се распишува меѓународен јавен конк*рс за да се пронајде фирма што располага со опрема што ќе може да го подобри квалитетот на дрвото.

Иницијатор на проектот за делумна реконструкција на праисториската наколна населба е охридскиот археолог Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Владата го поддржа и за почеток одобри 500.000 евра.

Според проектот, нема да се прави реконструкција на целата населба, туку само на дел од неа. На платформата ќе бидат подигнати седум куќарки.

- Во минатото имало најмногу 24 куќи. Седум се доволно за да му покажеме на светот како изгледала таа населба и како се живеело во тоа време. Сите предмети, најмногу грнчарија, што сме ги нашле за време на подводните истражувања, ќе ги вратиме во куќите. Тие ќе имаат ентериер, огниште, рогозина за спиење. Ќе наредиме разни грнчиња, некои ќе бидат обесени на кожички. Така планираме да го презентираме музејот на вода - објаснува Кузман.

Според него, завршена е најтешката задача - обезбедено е доволно дрво за дрвената населба. Кузман ангажирал професори од Шумарски факултет. Тие заедно ја разгледале Македонија и заклучиле дека во Кичевско, на планината Турла има високи дабови дрвја што може да се искористат за наколната населба. Од тој регион се набавени 2.000 стебла, високи околу 6 метри. Таа висина била неопходна поради нивото на водата каде што ќе биде населбата.

- Кај Градиште од јужната страна е до три метри длабоко. Ние работевме на 5 метри длабочина, таму се сите неолитски колци. Околу еден метар од секое дрво ќе биде набиено во вода, три метри ќе бидат во вода и уште два метра над вода. Така ќе може да направиме платформа, на која ќе ги изградиме куќите. Сето тоа со дрвен мост ќе биде поврзано со копното. Мостот ќе биде подвижен, како во минатото. Ноќе мостот ќе се крева. Така населбата ќе биде издвоена од копното - објаснува Кузман.

Најпроблематично било како ќе се однесува дрвото во две атмосфери (дел под вода, а дел ќе излегува на суво) и колку долго ќе трае. Експертите направиле анализи и укажале дека откако ќе се набави, дрвото треба да се модифицира за да биде појако. Иако во повеќе земји во Европа има опрема за модификација на дрво, малку било проблематично процесот да се спроведе на 600 кубици дрво, чија должина не смее да се крати. Фирмата „Лопушник“ од Кичево ја добила задачата да пронајде странска фирма што ќе им ја зголеми силата на дрвата за наколната населба.

Во музејскиот комплекс ќе биде вклучена и тврдината на ридот Градиште. Локалитетот треба да биде истражен, конзервиран и надграден, за да се гледа. Патеката што ќе се спушта од ридот ќе влегува во праисториската населба.

- Но, пред да се влезе во градот од бронзено време, мора да се изгради некаков пристапен објект, во кој ќе има две канцеларии за луѓето што ќе работат таму. Туристите треба да влезат во објект во кој ќе може да седнат, да се одморат, да се напијат кафе, да си купат некој сувенир. Таму ќе може да седат, да уживаат во погледот кон езерото и музејот на вода. Но, ако сакаат да појдат на платформата, ќе мора да си купат билет кога ќе поминуваат низ дрвената капија - објаснува Кузман.

Нуркачка база до музејот

Недалеку од музејскиот комплекс, од камен ќе биде изграден уште еден објект - нуркачка база.

- Ако дојде турист и сака да нурка, ќе си плати и во придружба на професионален нуркач ќе разгледа се' што го интересира. Тоа значи дека на увид на сите ќе бидат и подводните, вистинските остатоци од археолошкиот локалитет. На тој начин ќе ја промовираме и подводната археологија - вели Кузман.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Јули.2007 во 10:11
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦАРЕВИ КУЛИ
Континуитет од праисторијата до 15 век

Праисториска населба, која датира од периодот на енеолитот и раната бронза, откриена е завчера на археолошки локалитет Цареви кули, над Струмица. За тоа сведочат пронајдените фигурини и другите елементи што се откриваат со истражувањето на јужниот влез на оваа средновековна тврдина, вели Зора Рујак, раководител на истражувањето. Елементи од енеолитот и раната бронза, кој временски е поврза со крајот на 4 и почетокот на 3 милениум пр.н.е., пронајдени се и во некрополата на која се истражуваше со почетокот на работите. Досега е истраже северниот влез на тврдината, каде што минатиот викенд се откриени црква од средниот век и фрагменти од богат фрескоживопис. Средновековната црква била еднокорабна, а подоцна била додадена и капела на јужниот дел. Околу неа се пронајдени гробови, кои се зачувани во нивниот оригинале облик, монети и бронзе накит, за кои археолозите претпоставуваат дека датираат од средниот век. Пронајдени се и темелите на двете кули што биле поставени на предниот дел од тврдината, ко градот Струмица. Во моментот се истражува јужниот влез на тврдината Цареви кули, а потоа ќе се истражува и западниот бедем, каде што се очекува откривање на уште еде влез, кој уште патеписецот Евлија Челебија го споменува во своите записи, па некрополата, донжонот и источниот бедем, за да се дефинираат сите елементи на тврдината. Пронајдена е и садовна керамика, за која се претпоставува дека може да го потврди присуството на царот Самуил во тврдината, во текот на 11 век. Дали ќе се потврди легендата дека до Царевите кули водел тае тунел, до еде од влезовите?
- Дефинитивно ова е само легенда, зашто кулите се изградени врз цврсти карпи, кои тешко можат се пробијат и не верувам дека и во минатото можело, за да се направи тунел - вели Рујак. Неизвесно е, вели тој, истражувањето на западниот бедем, поради двете свлечишта на падините што го пресекуваат бедемот и се опасни за работа. - Ова е богато археолошко наоѓалиште. Откриени се артефакти од доцната антика, а на некрополата се пронајдени докази и од хеленистичкиот период, од 2 век пр.н.е. Тие, заедно со доказите од подоцнежните векови, се до 15 век, кога тврдината била во употреба, ја потврдуваат богатата историја, духовна и културна, на овие простори - вели Рујак. Истражувањето ќе трае до октомври, а ќе продолжи и наредната година. Археолошките истражувања на Царевите кули се вршат првпат по педесет години.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: moira
Датум на внесување: 21.Јули.2007 во 16:31
MOZAM DA KAZAM SAMO BRAVO ZA KUZMAN I NEGOVITE KOLEGI!

Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Јули.2007 во 16:56
a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: морски
Датум на внесување: 21.Јули.2007 во 18:21
Најновото археолошко откритие
Во Струмица на Цареви кули откриена средновековна црква

Најновото археолошко откритие во ископувањата на легендарните Цареви кули во Струмица се остатоците од средновековната црква од 13 век со фрагментиран фрескоживопис. Ова откритие претставува големо изненадување за археолозите, бидејќи не очекувале таа да се појави на северниот влез на тврдината кој гледа токму кон градот Струмица

„Моментно се врши дефинирање на оваа црква од која се извади богат фрескоживопис, а излезе и една монета, која, најверојатно, е имитација на латинска или бугарска монета, што значи дека црквата најрано може да биде од 13 век, иако лично мислам дека е од 12 век, всушност, од времето кога била подигната тврдината од комненовскиот период”, изјави Зоран Рујак, археолог во Завод и музеј во Струмица.
Со средновековната црква, како и со црквата „Свети Петнаесет”, под Орта-џамија и со други објекти околу Струмица, дефинитивно, се потврдува дека овој регион бил препознатливо место во југоисточниот дел на државата како еден од главните верски и религиозни центри во Македонија од средниот век.
Во целокупната реконструкција на Царевите кули откриената црква може да биде токму оној детаљ кој ќе помогне Струмица да го добие изворниот контекст на средновековието над самиот град. Засега единствена пречка за тоа е изградениот предавател на МРТВ од пред триесетина години врз темелите на црквата и, според археолозите, ќе биде најдобро тој да се дислоцира.
Според првите сознанија, црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза.
„Црквата што ја откривме е со нарушување на ѕидната структура, што укажува дека еден дел е урнат со поставување на трафостаницата, а на другиот дел од црквата имаме констатирано траги од палење”, изјави Живко Велковски, историчар на уметноста. Според него, фрескоживописот откриен во црквата ја потврдува богата сликарска традиција која во Струмичко бележи континуитет од 1.600 години, почнувајќи од лапидарните форми во Римската терма во Банско, преку црквата „Свети Петнаесет”, Орта-џамија и манастирите во Водоча и во Вељуса.
На најпрепознатливиот белег на Струмица - Цареви кули се работи повеќе од еден месец. Со пари од европските фондови и од касата на Струмица во вкупен износ од 455 илјади евра, треба се изврши реконструкција на двете кули, изградба на пристапен пат, туристичка презентација и понатамошно археолошко истражување.

Постирано од: moira
Датум на внесување: 24.Јули.2007 во 04:07
Originally posted by brza brza напиша:

a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused

TI BRZA OD MNOGU BRZANJE RABOTITE TI POMINUVAAT TAKA, MOSNE BRZO PA NAJVEROJATNO NE SI VO MOZNOST DA GI ZAPAMETIS! PASKO NE E TOJ STO GO UPROPASTI KAMENIOT MOST, VASIL ILJOV E KREATIVECOT NA KORITOTO STO NI SE PLASIRA KAKO AVTENTICEN IZGLED NA KAMENIOT MOST. ISTOTAKA TOJ E I VINOVNIKOT NA URNUVANJETO NA STRAZARSKATA KULA I NOSITEL NA IDEJNIOT PROEKT ZA NOVIOT IZGLED NA KAMENOTO KORITO.

Постирано од: brza
Датум на внесување: 24.Јули.2007 во 08:50
Originally posted by moira moira напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused

TI BRZA OD MNOGU BRZANJE RABOTITE TI POMINUVAAT TAKA, MOSNE BRZO PA NAJVEROJATNO NE SI VO MOZNOST DA GI ZAPAMETIS! PASKO NE E TOJ STO GO UPROPASTI KAMENIOT MOST, VASIL ILJOV E KREATIVECOT NA KORITOTO STO NI SE PLASIRA KAKO AVTENTICEN IZGLED NA KAMENIOT MOST. ISTOTAKA TOJ E I VINOVNIKOT NA URNUVANJETO NA STRAZARSKATA KULA I NOSITEL NA IDEJNIOT PROEKT ZA NOVIOT IZGLED NA KAMENOTO KORITO.
   eeehh,...djabe si mi ti tolku bavna,...koga ne si sfatila deka ne rekov deka e ,..tuku da ne e toj,...ima razlika,..Big%20smile

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: MoNiKa
Датум на внесување: 26.Јули.2007 во 12:24
Originally posted by морски морски напиша:

Најновото археолошко откритие
Во Струмица на Цареви кули откриена средновековна црква

Најновото археолошко откритие во ископувањата на легендарните Цареви кули во Струмица се остатоците од средновековната црква од 13 век со фрагментиран фрескоживопис. Ова откритие претставува големо изненадување за археолозите, бидејќи не очекувале таа да се појави на северниот влез на тврдината кој гледа токму кон градот Струмица

„Моментно се врши дефинирање на оваа црква од која се извади богат фрескоживопис, а излезе и една монета, која, најверојатно, е имитација на латинска или бугарска монета, што значи дека црквата најрано може да биде од 13 век, иако лично мислам дека е од 12 век, всушност, од времето кога била подигната тврдината од комненовскиот период”, изјави Зоран Рујак, археолог во Завод и музеј во Струмица.
Со средновековната црква, како и со црквата „Свети Петнаесет”, под Орта-џамија и со други објекти околу Струмица, дефинитивно, се потврдува дека овој регион бил препознатливо место во југоисточниот дел на државата како еден од главните верски и религиозни центри во Македонија од средниот век.
Во целокупната реконструкција на Царевите кули откриената црква може да биде токму оној детаљ кој ќе помогне Струмица да го добие изворниот контекст на средновековието над самиот град. Засега единствена пречка за тоа е изградениот предавател на МРТВ од пред триесетина години врз темелите на црквата и, според археолозите, ќе биде најдобро тој да се дислоцира.
Според првите сознанија, црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза.
„Црквата што ја откривме е со нарушување на ѕидната структура, што укажува дека еден дел е урнат со поставување на трафостаницата, а на другиот дел од црквата имаме констатирано траги од палење”, изјави Живко Велковски, историчар на уметноста. Според него, фрескоживописот откриен во црквата ја потврдува богата сликарска традиција која во Струмичко бележи континуитет од 1.600 години, почнувајќи од лапидарните форми во Римската терма во Банско, преку црквата „Свети Петнаесет”, Орта-џамија и манастирите во Водоча и во Вељуса.
На најпрепознатливиот белег на Струмица - Цареви кули се работи повеќе од еден месец. Со пари од европските фондови и од касата на Струмица во вкупен износ од 455 илјади евра, треба се изврши реконструкција на двете кули, изградба на пристапен пат, туристичка презентација и понатамошно археолошко истражување.

E NA BELASICA SE TERE GRAT DA SE OTKRIE OT POD ZEMJATA

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 00:24
Доцноантички град на 1200 метри надморска висина

Некрополи и стара населба од римскиот период и доцната антика откриени се на археолошкото наоѓалиште „Црвено поле“, во атарот на селото Барбарево, Струмичко. - Ова е единствена досега откриена стара населба, која сведочи за организира социоекономски живот на 1.200 метри надморска височина на планината Огражде - вели Ване Секулов, раководител на истражувањето.
Се претпоставува дека населбата, датирана на први век, постоела до средината на шестиот век од н.е. Едната од некрополите е откриена на ридот нарече Гуштерова Чука, на која гробовите се исклесани во карпи, со камени кружни венци околу нив, а во дел од нив пронајдени се и докази за кремирање на телата. Во гробовите се пронајдени сребрени монети, оружје и бронзе накит.
Во другата некропола, на Спавов рид, која според археологот Секулов, најверојатно е подигната подоцна, откако населението што живеело на овие простори го примило христијанството, откриени се гробови со камени подлоги, покриени со камени плочи. Досега се откриени вкупно 81 гробни места. - Кремирањето на телата, со ставање свиткано оружје во гробовите, досега не е непознато на овие простори, но, на ова место сведочи за едно убоморно чување и негување на традицијата на ритусот кај населението што живеело на овој простор - вели Секулов.
Единствено на ова археолошко наоѓалиште станбените објекти, градени од камен, се видливи со голо око. Тие се наоѓаат на местото Папри, кое се уште е неистражено. Истраже е само еде објект, во кој се пронајдени садовна керамика, оружје, орудија за обработка на земјата, српови и тегови. -Ова укажува на организира социоекономски живот, карактеристиче за една целина, во која имало станбени, но и стопански објекти. Таа се наоѓала на значајна крстосница меѓу истокот и западот и имала богат трговски живот, на што укажуваат многуте пронајдени артефакти - вели Секулов, за кого ова откритие е отворање нова гранка во нашата археологија, бидејќи населби на толку голема надморска височина досега не се пронајдени кајИстражувањата на археолошкиот локалитет на Црвено Поле се вршат четири години. Во нив учествува и магистар проф. Марја Јованов од Институтот за историја на уметноста со археологија, како и студенти од оваа катедра на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 31.Јули.2007 во 12:30
Драган Даутовски повторно ќе свири на Кокино

Уменикот Драган Даутовски по втор пат ќе свири на изгрејсонце, на древната опсерваторија "Кокино", после неговата "молитва", која ја свиреше на денот рамноденица (21 јуни). Овој пат, тоа ќе биде мултимедијална средба "Поздрав на светлината", каде во моментот кога се случува природниот феномен на осветлување на еден од престолите (6,30 ч.), ќе настапат и 20 поети од Друштвото на писателите на Македонија, кои ќе рецитираат стихови, а десетина сликари, учесници на ликовната колонија во Куманово, на големо платно ќе создаваат заедничка творба.
Овој поетско-музичко-ликовен настап е прва средба од ваков вид во Кокино, а ја организираат ДПМ и Музејот во Куманово.
- Ова спојување на музите на поезијата, музиката и ликовната уметност од раните утрински часови, на изгрејсонце, ќе можат да го следат љубопитните за фасцинацијата што ја дава феноменот Кокино, велат од ДПМ.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Август.2007 во 01:02

Неповторливо задоволство во мугрите на новиот ден. Звукот на божествената окарина, одѕвонуваше во камената тајна на Македонија. Даутовски го поздрави раѓањето на светлината на мегалитската опсерваторија стара 4.000 години.

„Ако во раката држите клуч којшто може многу брзо да ве пронесе низ времињата, тогаш многу е разбирливо дека ќе посегнете токму по еден таков клуч“, изјави Драган Даутовски, музичар.

Феноменот Осветлување на престолот беше поздравен со музите на поезијата и музиката. Посетителите беа фасцинирани од глетката.

Само во одреден период од годината, седејќи на карпа помеѓу камениве зданија се појавува сонцето. Прекрасната глетка трае само неколку минути во мугрите.

Со векови и милениуми овој престол бил осветлуван во исто време и на исто место. Научниците сметаат дека овие карпи, престоли имаат свое значење, скалинада од вредности. Преку нив старите народи ги одредувале позициите на сонцето и месечината во текот на годината.

„Станува збор за простор во кој се живеело и се посматрало во брозеното време, во кое време живееле или почнувале да се препознаваат временските организации и народите кои живееле“, рече Паско Кузман, археолог.

Македонскиот Стонхенџ потсети на паганските обреди од времето на неолитот. По теркот на многу религии источни и западни, денот облеан во сонце се чествуваше во древното Кокино.

Повторно нов ден се роди во Кокино со звуците на мултиинструменталистот Даутовски. На опсерваторијата се славеше и рамноденицата, почетокот на летото.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Август.2007 во 11:27
На Кале откриена стрела од македонскиот период
Ексклузивитетот е во посребрената наслага на стрелата, што е досега непознато за оружјето од овој период и што зборува за присуство на, македонскиот хоризонт на живеење на овој простор

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: moira
Датум на внесување: 09.Август.2007 во 14:37
NIKOJ NE GI PRASUVA AMERITE STO ONI NAJDOA VRSEJKI ISKOPI ZA SKRIVNICITE I TEMELITE OD AMBASADATA. A NEMA NI DA GI PRASA, ZATOASTO ''NELI TAMU NE BEA PRONAJDENI NIKAKVI ARTEFAKTI''?! A PET CEKORI POTAMU SEKOJDNEVNO SE RAZOTKRIVAAT BROJNI I VREDNI ARHEOLOSKI NAODI.

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Август.2007 во 10:57
На Кале откриена стрела од македонскиот период
 Посребрена бронзена стрела од македонски период е откриена при подготовките за конзервација на внатрешните ѕидини на скопската тврдина. - Вакви стрели од македонски период имаме наоѓано и при истражувањето на Самуиловата тврдина во истражувачката кампања 2001 -2002 година, меѓутоа секогаш биле само бронзени. Досега не сме сретнале посребрена стрела, што е вистински ексклузивитет за нас и што зборува дека таа му припаѓала на значаен воин од повисок ранг - вели Паско Кузман, директор на Управата за културно наследство. Стрелата е најдена покрај југозападните бедеми, кои заедно со новооткриените сегменти при неодамнешните истражувања на Кале ги комплетираа внатрешните средновековни ѕидини на тврдината, кои сега се подготвуваат за конзервација и презентација. - Верувам дека ќе пронајдеме уште вакви македонски стрели и дека ова нема да биде осамен примерок - вели Кузман. Стрелата, вели Кузман, се врзува со александрискиот и македонскиот период (4 - 2 век пред нашата ера). Доследно на тогашната практика, изработена е од бронза и има зачувана наслага од посребрување во должина од 4 сантиметри. Со тоа оружјето се изделува од досега познатите и откриени примероци од овој период. - Појавата на овој археолошки наод на Скопската тврдина говори за присуство на антички, поточно, македонски хоризонт на живеење на овој простор - вели Кузман. Со подготовките за конзервација и презентација на внатрешните бедеми на скопското кале, кои се докомплетирани со најновите археолошки истражувања, можно е да се откријат уште вакви стрели. Новооткриените делови од монументалниот внатрешен средновековен ѕид изграден со големи блокови, со новооткриениот јужен влез во тврдината свртен кон реката Вардар, целосно го дефинираа средновековниот град на Кале. Археолошките екипи, кои работеа на тврдината речиси 4 месеци, веќе десетина дена се на одмор, пред продолжувањето на истражувачките работи кон крајот на месецов.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Август.2007 во 14:29
Ќе се комплетира ли античката погребна кочија?

Новите истражувања во селото Пијанец, Делчевско, ќе покажат дали на овој простор се наоѓаат и преостанатите делови што би ја комплетирале свечената ритуална погребна кочија, чии остатоци случајно беа најдени пред две години.
- Деновиве почнавме сондажни археолошки истражувања кои ќе траат до средината на септември. Цел е да се утврди локацијата кајшто случајно беа откриени остатоците од кочијата и евентуално да се откријат преостанатите делови со кои би ја комплетирале - вели м-р Трајче Нацев, археолог, виш конзерватор од Заводот и музеј во Штип, кој ги раководи новопочнатите истражувачки работи.
Се работи на 40-ина квадратни метри, на локацијата на која случајно беа откриени исклучително вредни делови од свечена ритуална погребна кочија, датирана на античкиот период, меѓу 4 и 3 век пред нашата ера.
- Можно е датирањето да се спушти и на постар период, но за прецизната временска хронологија веројатно ќе може да зборуваме по завршувањето на ова истражување - вели Нацев.
Во меѓувреме, по првите наоди на 69-те железни и бронзени делови и украси на кочијата, извршена е експропријација на земјиштето. Пронајдените бронзени делови во вид на машка глава со крилца во косата, претстави на лав што дави теле, фигура на лавица украсена со концентрични кругови по телото, два женски и еден машки портрет, железните обрачи од тркала со клинци и клинови во форма на сидро, апликациите од бронзен лим и другите наоди ги охрабрија археолозите да ја почнат новата потрага по преостанатите делови со кои евентуално би можело да се комплетира ритуалната посмртна кочија.
- Познати се разни типови на вакви кочии, иако малку од нив се откриени. Во Бугарија е целосно откриена погребна кочија од 4-3 век пред нашата ера, но можно е оваа, во делчевскиот регион да е и постара - вели Нацев, не зборувајќи премногу за временската хронологија во очекување на новите сознанија.
Ако бидат откриени и останатите делови од кочијата, ќе имаме исклучително ретко и вредно откритие, кое уште еднаш ќе го потврди богатото наследство на Македонија и на брегалничкиот басен што го оставиле претходните цивилизации, вели Нацев.
Во Македонија досега биле откриени и делумно реконструирани две слични кочии. Едната во Скопско, другата во Штипско.
Доколку се остварат очекувањата од овие истражувања ќе биде можна и целосна реконструкција на кочијата. Во меѓувреме, во штипскиот Завод и музеј во тек е конзервација на украсните делови од кочијата.
Веќе откриените делови, по направена анализа и консултираната стручна литература, се сметаат за уникатни. Погребната кочија била украсена со бронзени човечки и животински фигури, всадени на краевите од нејзините дрвени делови, со апликации од тенок бронзен лим, заковани странично на дрвените делови од тркалата, со добро сочувани дрвени обрачи за оските на тркалата, со украсни железни осигурувачи. Од убаво обликуван бронзен лим биле изработени и украсите за колската опрема, додека останатите елементи од кочијата се направени од железо.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 22.Август.2007 во 09:15

Археолошките истражувања во Могилка со ново ретко откритие

Делчевската кочија е стара 28 века

Според откриените предмети, станува збор за гробница на голем великодостојник

Бронзена фибула, која потекнува од 8 или 7 век пр. н. е. деновиве беше откопана во делчевска Могилка. Тоа е уште една индиција дека и гробницата и ритуалната кочија се постари отколку што се претпоставуваше - 6 до 4 век пр.н.е. Откупувањето го направила стручна екипа на заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Штип.  Сондажните археолошки истражувања, кои почнаа на 9 август се условени од сомневањата дека токму од ова место пред 2,5 години при диво откопување биле откриени 69-те железни предмети и бронзени украси, кои сега се чуваат во штипскиот музеј.

- Уште со првите откопи на 70 сантиметри под површината на земјата беа расчистени сите дилеми дали кочијата е откопана тука. Во првите седум-осум дена откопавме дваесетина вредни предмети и украси, меѓу кои и една бронзена мониста, која е дел од коњската опрема. Ја откопавме и одлично зачуваната бронзена масивна фибула, која, најверојатно, потекнува од 8 или 7 век пр.н.е., што потврдува дека овде било извршено ритуално погребување во железното време - изјави м-р Трајче Нацев, виш конзерватор-археолог во штипскиот Завод и музеј.

Тој истакнува дека истражувањата се очекува да ги потврдат сознанијата дали во таа гробница во наредните векови имало и секундарно погребување и предмети останати од него. Но, шансите за такво нешто се мали. Според предметите пронајдени досега, станува збор за погреб на исклучително голем великодостојник, па тешко дека подоцна би можело некој да биде погребан во неговата гробница.

Тогаш големите великодостојници, како што е случај и со делчевскиот, биле погребувани со погребната ритуална кочија, со коњите, кои прво биле убивани, и со стражарите на великодостојникот, кои прво ги труеле, па ги закопувале. Великодостојникот се погребувал во централниот дел на гробницата, а неговите стражари и коњи на периферијата од ходникот. Се очекува да бидат откриени и делови од вооружувањето на стражарите, како мечеви, копја и слично. Досега биле откопани коски и остатоци од керамички садови, кои ритуално се кршеле на погребот.

Предвидено е истражувањето да трае до средината на септември. Ако има потреба и ќе продолжи, со дополнителна експропријација на околното земјоделско земјиште. Се очекува да бидат откопани уште многу вредни предмети, по што ќе се изврши конзервација и реконструкција на кочијата. Потоа исклучително вредното и реткото откритие се планира да биде изложено во централниот дел на штипскиот музеј. Тоа би била првата реконструирана таква кочија во Македонија. Досега мали остатоци од ритуални кочии биле откриени во Скопско и во Штипско.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Август.2007 во 09:04

На повидок откривањето на крунскиот доказ за нашето право да го користиме името Македонија.

Според професорот Виктор Лилчиќ, годинешните наоди и пронајдени артефакти на локалитетот Висока во Мариово, уште повеќе ја потврдиле тезата дека таа населба е изгубениот град Пелагонија, односно четвртата македонска престолнина

„Имаме фантастичен крунски доказ за правото на името Македонија. Се работи за македонското кралство на Пелагонците, горно македонско кралство на Македонците кои живееле во соседство на уште едно кралство, горно македонско кралство, Девриопите и Линкестите. На овој локалитет откривме монети на македонските кралеви“, изјави Виктор Лилчиќ, археолог.

Лилчиќ беше вмешан во аферата кога лани кај селото Бонче, кое се претпоставува дека било предградие на овој град, беа откриени штитовите со натпис на кралот Деметриј, беше обвинет дека сака да ги продаде во странство.

Сега тој со контра удар.

„Тоа беа три штита, за жал после нивното собирање се заклучи дека можат да се соберат само два штита, парчињата за еден штит се на еден чуден начин исчезнати“, додаде Лилчиќ.

Според Лилчиќ, градот се наоѓа во подножјето кај селото Бонче, а додека кралската палата, на врвот над селото.

На 1.500 метри надморска височина, пред портите каде почнувал кралскиот дворец, се претпоставува дека живеел кралот на Пелагонците. Ѕидините потекнуваат од четвртиот век пред нашата ера.

Годинава беа откриени и нови ѕидови на гробницата кај селото Бонче.

„Според богатството на архитектурата, можеме да претпоставиме дека се работи за некој пелагониски крал“, рече Антонио Јакимоски, археолог.

Но, сепак и покрај ваквите импозантни откритија, државата е незаинтересирана за нивно понатамошно истражување, не одделува средства, не ги заштитува од диви копачи кои секоја година од овој локалитет во странство изнесуваат парчиња, со кои јасно се докажува нашиот идентитет - Македонци.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 31.Август.2007 во 10:29

Во гробница во Старо Бонче можеби бил погребан кралот на Пелагонија

Археологот Виктор Лилчиќ бара да се истражи каде се деловите од македонските штитови откриени лани

На локалитетот Старо Бонче крај Прилеп, археолозите деновиве целосно ја дооткриваат кралската гробница од 4 век пред новата ера, добивајќи податоци што ја надополнуваат трагата за престолнината на истоименото горномакедонско кралство, Пелагонија. Раководител на годинешните истражувања кои веќе три години ги предводи професорот на Филозофскиот факултет Виктор Лилчиќ, е археологот од Музејот на Македонија Антонио Јакимовски.

Нивните годинешни откритија покажаа дека гробниот дромос (ходник ѕидан од огромни камени блокови), преткомората и комората биле опкружени со периметрално оформена заштитна ограда - вид подиум, конструирана со масивни правоаголни камени блокови, но и дека манирот на камените блокови од коридорот е идентичен со блоковите од веќе откриениот кралски дворец. Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.

Централната комора на гробницата, потсетува Лилчиќ, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози „Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис“ - вели Лилчиќ, кој е задоволен што е се поцврсто на трагата на откривањето на престолнината на кралството Пелагонија.

„Средиштето на античките Пелагонци се наоѓа на планинскиот врв Висока, на Селечка планина, помеѓу прилепските села Крушевица и Бонче. Се работи за комплекс археолошки локалитети. Кралскиот дворец и горниот град се наоѓаат на врвот Висока, додека Долниот град со култниот простор и некрополата се наоѓаат на неговото западно подножје. Дворецот и Горниот град биле бранети со неколку моќни тврдини, подигнати на позициите Градиште, Крушевица, Градиште Цветково Бонче и Веслец, Марул. Оваа година е посебна во рамките на нашите истражувања. Проширувајќи го просторот на истражувањата западно во влезниот коридор во кралскиот дворец, откривме керамички фрагменти кои датираат токму од времето на најголемата моќ на пелагониското кралство. Се работи за делови од висококвалитетни црнофирнисани кантароси, со веројатна античка провиненција, карактеристична раноантичка луцерна (лампа), датирана од средината на 4 век пред н.е, како и дел од релјефно украсен горгонеон, поставен како оплатен мфалос на некаков предмет, можеби и мал круженодбрамбен штит. Сите наоди беа очекувани и оваа година во основа се потврди дека најаките културни хоризонти кои ги откривме кореспондираат со информациите од историските извори. Откриените парчиња кермика меѓу кои има и прекрасни примероци, е доказ дека тоа може да биде дворецот на кралот кој добивал подароци од Атина за пружена поддршка“- посочува археологот Виктор Лилчиќ.

Во оваа прилика, работејќи на просторот каде минатата година беа откриени и „откупени“ од него и од археологот Драги Митревски, остатоци од три македонски штита, настан што предизвика реакции во јавноста и поделени мислења за нивната не(одговорност), тој посочува на можно исчезнување на дел од остатоците од едниот штит.

„Знам дена сега има парчиња за да се состават само два штита. Дел од парчињата од штитовите уште при откривањето во 2005 година се разграбени. Мислам дека државата овој случај треба посериозно да го разгледа, Одделот за заштита на културното наследство при МВР да се заинтересира и повторно и на терен да се испита целиот случај “ - вели Лилчиќ.

Вредните 62 дела од откриените македонски штитови се составуваат и конзервираат во Заводот за заштита на културното наследство и музеј во Охрид, со кои според директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман може со сигурност да се состават два штита, што ја потврдува посочената потреба од прибирање на потребните информации за тоа каде се наоѓаат остатоците од третиот штит.

Градот Пелагонија за кој светската наука трага 165 години е откриен во рамките на проектот „Античкото кралство Македонија во Република Македонија“, со цел научно да го докаже постоењето на територијата на античкото кралство на север. Бил престолнина на пелагониските кралеви во 4 век пред. н.ера и главен град на Македонија Четврта, во периодот од 168-148 година пред. н.е

Археолозите годинава апелираат до Владата и до заинтересираните организации и субјекти, за поддршка на истражувањата, кои велат се одвиваат во екстремно тешки услови.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 01.Септември.2007 во 13:39
member_profile.asp?PF=2047&FID=68 - Boogie
Модератор
Модератор

Ajde, so MAGNAT temite vi se na ista branova dolzina, spojtegi kje bide pointeresno.

........vo pravo li sum?

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2007 во 12:30
Артефакти од раната антика во Цареви кули

Најголемиот дел нови археолошки откритија на локалитетот Цареви кули се од раниот антички период и укажуваат на фактот дека таму пред и по изградбата на тврдината континуирано постоел живот во различни историски фази, а не само во средниот век како што досега се сметаше. - Последните ископувања покажаа дека тврдината најверојатно постоела и во македонско-хелинистичкиот период односно во 2 или 3 век пред нашата ера. Во претстојните конзерваторски и реставраторски работи ќе можеме да извршиме одредени интервенции, пред се на јужниот влез, каде што има најмногу сочувани артефакти - вели Зоран Рујак, археолог во Заводот-музеј од Струмица и раководител на проектот за археолошко истражување на овој локалитет.
Интензивните археолошки истражувања моментално се насочени кон дефинирање на источниот и западниот бедем од крепоста, а јужниот е веќе истражен, при што се потврдени и некои досегашни, но утврдени се и нови сознанија. По завршувањето на археолошките работи, веќе во текот на наредниот месец ќе биде изработен комплетен елаборат за конзервација и реставрација на тврдината Цареви кули, чијашто реализација ќе почне напролет. За оваа намена од Европската агенција за реконструкција и од буџетот на општината Струмица се обезбедени околу 460.000 евра.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: TITAN
Датум на внесување: 22.Септември.2007 во 00:09
Дал господ, па нели сме древна држава?

-------------
,,PROKLETI DA SE PREDAVNICITE,,

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Септември.2007 во 08:25

Со лост и со чекреци била градена гробницата во Бонче

Камените блокови, тешки од два до три тона, со животни, биле влечени до местото на кое требало да почива високиот достоинственик

Мајданот од кој биле делкани масивните камени блокови, употребени за изградба на специфичната кралска македонска гробница во околината на прилепското село Бонче се наоѓа на само 250 метри од импресивниот објект, изграден во 4 век пред новата ера. Камените блокови, тешки од два до три тона, некои дури до пет тона, со животни, веројатно волови, биле влечени до местото каде што требало да почива високиот достоинственик. Таму биле редени еден врз друг. На крај само фасадата била финално обработена со рабови од неколку милиметри, објаснува археологот Антонио Јакимовски, раководител на ископувањата на гробницата.

- Во денешни услови тешко е да се направи вакво нешто. Ние со трактор цел ден се мачевме да извлечеме еден блок, тежок околу четири тона - објаснува Јакимовски.

Како на луѓето што живееле во мариовскиот регион пред 25 века им пошло од рака со камените блокови да изградат објект долг 11, а висок три метри обиколен со камен прстенест ѕид?

- Со лост и со чекреци - вели Јакимовски.

Со железни длета и со чекани го сечеле травертинот од карпата. Со јажиња направени од дрвја ги врзувале блоковите. Животните ги влечеле до градилиштето, а потоа со лост и со чекреци ги ределе еден врз друг.

- Ги кревале дури до три метри во височина. Блоковите биле толку фино обработени што немало потреба да ги врзуваат ниту со малтер ниту со олово - објаснува Јакимовски.

Археолозите велат дека гробницата е единствена во светот бидејќи е градена како македонски тип гробница, но е заокружена со прстен од масивни камени блокови. Тоа, велат тие, е остаток од железното време, кој автохтоните мештани си го задржале и негувале и во 4 век пред новата ера.

Во гробницата се влегува преку патека изделкана во карпа, која била поплочена. Гробницата е засводена.

- Таванот морало да има облик на свод за да може да ја држи земјата што била нафрлена врз гробницата за да се формира тумбата. Рамен покрив веднаш би попуштил - објаснува Јакимовски.

Тој е уверен дека во гробницата почивал крал бидејќи ретко кој можел да плати такво погребување. Гробницата била ограбена уште во античкото време.

Археолозите вчера ја отворија гробната комора за која се надеваа дека одолеала на грабежите низ вековите.

- Комората беше празна. Изградена е од камен бигор. И таа била засводена. Бигорот е помалку квалитетен од травертинот, но во тоа време бил повеќе ценет зашто поретко се наоѓал - вели Јакимовски.

Археолошките ископувања завршија вчера, а ќе продолжат напролет. Сега останува да се смисли начинот на кој ова откритие ќе биде претставено пред јавноста. Археолошките ископувања се одвиваа во рамките на проектот „Висока и старо Бонче“, со кој раководи Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија, при Филозофскиот факултет.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Септември.2007 во 10:54

НОВО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ КАЈ НЕГОТИНО

Античка кочија се чува во тајност

Раководителот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, рече дека информации ќе има кога со сигурност ќе се знае што е ископано

Античка кочија и скелети од коњи деновиве се откопани во ареолошкиот локалитет Градиште кај Неготино. Пронајдените остатоци, кои се' уште се чуваат во тајност, се претпоставува дека потекнуваат од раниот антички период. Раководителот на Управата за заштита на културното наследство во Македонија, Паско Кузман, ни изјави дека работите во Градиште се уште се во фаза на истрага. Информации за јавноста ќе има кога со сигурност ќе се знае што точно е ископано.

Од досега откриеното се гледа дека забот на времето го изел дрвото од четирите тркала на кочијата. Хемиската анализа на железото од нив, како и проучувањето на коските од коњите, ќе даде одговор на повеќе прашања во врска со ова најново археолошко откритие во Неготинско.

Во меѓувреме, додека истражувањето продолжува, за да не бидат изложени на надворешни влијанија и оштетени, тркалата од кочијата се обложени со соодветни текстилни материјали и конзервирани.

- Претпоставките се дека се работи за кочија со која се пренесувал товар. За тоа говори големината на тркалата - вели изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Истражувањата биле вршени на длабочина и до три метри.

Градоначалникот на Неготино Ѓорѓи Ќимов изјави дека е запознат со ископувањата и дека знае оти се трага по античкиот град Антигонеја, за кој постојат претпоставки дека се наоѓал токму на овој потег, на влезот во Неготино, од левата страна на автопатот Скопје - Атина. Но, и Кимов не сакаше да открие што е досега пронајдено.

- Истражувањата ги почнавме во надеж дека археолошкото богатство на регионот нуди добра перспектива за културен и туристички развој - изјави Кимов.

Истражувањата се финансирани со средства на локалната самоуправа, донации од неколку фирми и со поддршка од Министерството за култура. Откриените ѕидови на локалитетот, според стручњаците, навестуваат дека тука навистина постоел град. Ископувањата се вршат во организација на градскиот музеј, но и таму не сакаат да зборуваат за тоа што досега е откриено, само потврдуваат дека истражувањата траат две години. Во првата година е откриен одбранбениот ѕид на населбата широк еден и пол метар. Втората година биле откриени архитектонски градби од хелинистичкиот и од римскиот период и, покрај другото, голем број монети.

Археологот во пензија Живоин Винчиќ, вели дека античка Антигонеја најверојатно се простирала на местото на Градиште, над фабриката за градежни материјали кај Неготино. Според растојанието од Антигонеја до Стоби, ова место во целост се совпаѓало со населбата од трагедијата на Софокле. При една поранешна обиколка на теренот, Винчиќ површински нашол монета, според која смета дека населбата егзистирала до 6 век, исто како и Стоби. Винчиќ открил и дел од градскиот бедем, широк три и долг педесетина метри.

- За мене беше сензација кога на Градиште регистрирав праисториски мозаик. Во прв момент тоа изгледаше како да сум кажал оти кравата има осум нозе - изјави тој.

Објаснувањата зошто откритието се чува во тајност се дека тоа се прави од безбедносни причини, за да се заштити објектот и дека се очекува експертите подетаљно да го анализираат пронајденото. Потоа ќе следуваат поподробни информации.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: MORNAR74
Датум на внесување: 28.Септември.2007 во 16:27

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

-------------
,,VENE VIDI VICI,,

Постирано од: orlov
Датум на внесување: 29.Септември.2007 во 09:20
Населба на Водно во 6 век била напојувана со огромна цистерна
Цистерната со огромни димензии 22 на 11 метри, досега ископана до длабочина од 8 метри, ги возбудува археолозите што работат на локалитетот Марково Крувче, на падините на Водно.
- Вообичаените цистерни за тој период биле со должина од 6 метри и широчина од 2,3 метри. Оваа е навистина со огромни димензии што упатува дека напојувала и голема населба - вели Кире Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, кој учествува во работите.
Во потрага по населбата на источната страна на локалитетот се поставени сонди и откриени се делови од градски бедеми, монети, керамика, клучеви, оружје и накит.
- Прерано е да зборуваме за градот, но повеќе од јасно е дека тука во 6 век имало активен живот - вели Ристов.
Тој не сака да се впушта во познатите претпоставки дека бедемите на Водно потекнуваат од Јустинијаново време.
- Се што ќе откриеме од 6 век не мора да е поврзано со Јустинијан, навистина е рано за такви претпоставки - воздржан е Ристов.
Истражувањата почнаа минатата недела и ќе траат до 18 јули. Тие се резултат на досегашната 3-годишна соработка на Музејот на град Скопје со Комјунити колеџот од Сент Луис, Мисури во САД. Двајца американски археолози, фотограф и 12 американски студенти работат заедно со екипа на Музејот на град Скопје и десет македонски студенти од Катедрата за археологија при универзитетот „Свети Климент Охридски“.
- Ова е трета година како трае оваа наша соработка. Буџетот е американски, а се што ќе биде откриено при истражувањата останува кај нас. Бенефицијата на американските партнери е во искуството - вели Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје.

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

Значи дека македонци сме. Неуморливо работиме да ја побиеме атинската теза. Само така и напред.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 02.Октомври.2007 во 10:12

ЗАВРШИЈА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПУВАЊА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА

Калето имало најубави бедеми на Балканот

Откриен е голем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула, а фасадата потсетува на најубава средновековна црква

Скопската тврдина имала најубави бедеми на Балканот во 10 век, во времето на царот Самуил. Археолозите, кои половина година ги откриваат тајните на Калето, открија поголем дел од одбранбените ѕидови, кои биле изградени од камен и тула. Фасадата потсетува на најубава средновековна црква. Дека Скопје бил еден од најразвиените градови на Балканот покажува колекцијата оловни пломби, една од најбогатите збирки пронајдени досега. Археологот Драги Митревски, раководител на истражувањата на тврдината, објаснува дека пломбите се драгоцен материјал со историско значење што покажува дека на локалитетот била сместена администрација.

- Ископувањата го потврдија големото значење на Кале како градски, административен и културен центар на овој дел од Балканот - вели Митревски.

Археолозите завршија со годинашните истражувачките активности. Теренот и откриените градби се оставени во состојба погодна да почне конзервацијата на објектите. Митревски вели дека по санацијата ќе бидат видливи наслоените остатоци од сите периоди. Најстара фаза на живот на Калето е праисторијата, а најмладата - катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

- Кога локалитетот ќе биде презентиран како целина ќе може да се види комплетниот културен развој на Калето. Имаме доволно наоди и податоци за да одговориме на тој предизвик. Има движни и недвижни наоди од 4 милениум пред новата ера до денес кои убаво го илустрираат вкупниот културен развиток на локалитетот - објаснува Митревски.

Јавноста тоа ќе може да го види до крајот на годинава. Екипата планира голема изложба во Музејот на град Скопје, на која ќе бидат претставени сите резултати и наоди откриени на Кале. Митревски вели дека дури тогаш целосно ќе биде реализирана првата фаза од археолошките истражувања на Калето.

- Уверен сум дека ќе одговориме на сите прашања врзани за локалитетот. Уште поважно е тоа што ќе понудиме решенија за урбанизацијата на Кале и афирмација на неговите вредности. Неопходно е локалитетот да прерасне во археолошки центар. Кале треба да има посебен музеј и истражувачки центар. Тоа е основен предуслов за туристичка експлоатација на овој простор - смета Митревски.

Како најголемо изненадување на Калето тој го издвојува високото културно и техничко ниво на изработката на бедемот од 10 век. Во таа категорија спаѓа интензитетот на живеење и културните достигања од 14 век.

- Податоците за Скопје во тој период досега ги имавме само во пишаните извори. Сега ги имаме и пред наши очи - вели Митревски.

Тој како специфичен го издвојува животот на Калето во праисториски период, од 4 до 2 милениум пред новата ера. Изненадувања се поединечните богати колекции на праисториска теракотна пластика, на средновековна глазирана керамика (луксузни производи), на предмети од црковен карактер. Има голема циркулација на монети од сите периоди.

- На Кале имало континуиран живот со милениуми. Го „нема“ само римскиот период, но тоа е нормално, бидејќи во тоа време градот бил преместен во Скупи. Засега целосно се откриени околу 8 отсто од вкупната површина на Калето. Комплетно е откриена една црква, која веројатно била изградена во 14 век и била употребувана низ вековите во турскиот период. Таа била изградена на најдоминантниот дел од теренот и ќе биде целосно конзервирана - вели Митревски.

На археолошките ископувањата учествуваа повеќе од 200 археолози, историчари на уметноста, студенти по археологија и работници. Планирано е ископувањата да продолжат напролет. Проектот за заштита на скопската тврдина го финансира Владата со 2 милиона евра. За годинава беа одвоени 950.000 евра. Околу 500.000 евра од нив беа искористени за археолошките истражувања. Целта на проектот е да се истражат, санираат, конзервираат, реставрираат и да се презентираат бедемите и кулите на југозападниот дел од тврдината.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2007 во 11:23
Редок и природен музеј на Македонија

Предвидено е тука да се одржуваат историски часови, научни собири, конгреси, концерти, театарски претстави, уметнички колонии. Марковите кули, како што велат многумина, ќе "слезат" и ќе станат достапни за сите

Два значајни природни локалитети наскоро треба да се најдат на привремената листа на УНЕСКО - Марковите кули Прилеп, и пештерата Слатински Извори кај Македонски Брод. На тој начин отпаѓаат секакви претпоставки дека е можно било какво симнување на Охрид од листата на заштитено светско природно и културно богатство.

- Охрид и натаму го заслужува тој статус, изјави неодамна Керстин Манц од УНЕСКО, на меѓународната работилница што се одржа во Охрид на тема "Хармонизација на прелиминарните листи на УНЕСКО во земјите од Југоисточна Европа".

Марковите кули, според зборовите на државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски имаат исклучителни геоморфолошки вредности со карпи постари од 720 милиони години, но и вредно културно наследство.
- Тоа е еден од најзначајните споменици на словенската култура, кој датира дури од бронзеното време, потенцира Пановски.

Според преданијата некогаш во Варош живеел кралот Марко и неговиот легендарен коњ Шарец. Според историјата, таму во 1014 година, враќајќи се од битката на Беласица со 14.000 ослепени војници, умрел од јад, му пукнало срцето на македонскиот цар Самоил. Пред пет години се започна со пробивањето на пат кон атрактивните кули, каде што ќе се изградат шеталишта, ресторани и спортски терени, а Електро Прилеп постави далновод и трафостаница, со кои ќе се засили и електричната мрежа во манастирот Трескавец. Она што се најавуваше со години сега е на пат да се реализира со што Марковите кули ќе станат подостапни за сите посетители од светот, а не само за прилепчани. Со овој зафат, тука ќе никне, ако така може да се рече, Марков град - ни рече екс-пратеникот кој ги водеше работите, како директор на Електро Прилеп на пробивањето на патот до Марковите кули, Блаже Стојановски.

Пред повеќе години покојниот археолог и долгогодишен ракводител на Народниот музеј, Институтот за старословенска култура и уметничкото лето на Прилеп, д-р Бошко Бабиќ даде иницијатива на западната страна од кулите да се изгради уметничко село во кое ќе престојуваат уметници од целиот свет и ќе творат во текот на целата година. Дури изгради и две куќи кои требаше да бидат само почеток во формирањето на уметничкото село.

Сегашниот зафат ќе ја исполни желбата на прилепчани долга скоро едно цело столетие - Марковите кули да прераснат во атрактивно-историско туристичка населба во кое ќе престојуваат луѓе од сите страни на светот.

Предвидено е тука да се одржуваат историски часови, научни собири, конгреси, концерти, театарски претстави, уметнички колонии. Марковите кули, како што велат многумина ќе "слезат" и ќе станат достапни за сите.

Зошто за така убави нешта морало да се чека толку долго време.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: borec
Датум на внесување: 09.Октомври.2007 во 14:00
WOW??? задоволство

ODLICNO - NAJPOSLE I PRILEP DA BIDE NESTO POVEKE OD MESTO ZA "MAJTAP".  среќа

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 00:40
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9C8FDFEF6BE954B807E8B153B7AC635 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9C8FDFEF6BE954B807E8B153B7AC635

АРХЕОЛОЗИТЕ ИСКОПАА НОВ ЗНАЧАЕН НАОД

На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети

Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14 век, вели Паско Кузман

Депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14. век, сите сместени во керамички сад, е најновото откритие на археолозите во големите ископувања на Плаошник.

Раководителот на овие истражувања, финансирани од Владата и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман вели дека монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во тој период.

На Плаошник пред извесен период беа откриени и мозаични подови. Тие се наоѓаат во североисточниот дел од комплексот и како што вели Кузман, мозаиците најверојатно припаѓаат на епископски двор од 5. век, во времето кога градот Лихнидос бил епископски центар на провинцијата Нов Епир.

-Западно од повеќебродната црква од 5-6 век откриен е објект исто така со многу компактни мозаични површини кои припаѓаат на римскиот период и кои веројатно припаѓаат на објект кој можеме да го наречеме храм на богот Дионис, вели Кузман. Археолошките истражувања продолжуваат и ќе траат до крајот на годинава. Кузман најавува дека ќе се подготви и проектната програма, а кон крајот на годината ќе се распише и меѓународен конк*рс за идејно решение за Светиклиментовиот универзитет.

Владата издвои шест милиони евра за возобновување на Светиклиментовиот универзитет, средства кои ќе бидат потрошени во наредните три години. На ископувањата се ангажирани околу 200 археолози, етнолози, архитекти, студенти по археологија и ликовна уметност кои треба да ги откријат остатоците на Првиот универзитет во Европа, кој работел во 9 и 10 век и низ кој поминале околу 3.500 ученици.

Анита ЈОВАНОСКА

Браво Паско Браво Кузман

бухахахаххххахаха - 9-10 век
еве малко мапи от 9-10 век - да го видим де е бил университетот

http://kodeks.uni-bamberg.de/Bulgaria/BulgariaHistMaps.htm - http://kodeks.uni-bamberg.de/Bulgaria/BulgariaHistMaps.htm

ми нема да му мине номерът на Паско. Нема. Във vecher.com.mk може и да мине ама на uni-bamberg.de - неминава

Четириесет години од основањето на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува 40 години постоење. Свеченото одбележување на јубилејот ќе се случи на 8 ноември.

Највисоката научна институција во Македонија е отворена со свечена седница на Собранието на СР Македонија на 10 октомври 1967 година. Законот за основање на МАНУ е донесен на 23 февруари 1967 година, а ден пред отворањето, на 9 октомври 1967, во Собранието под претседателство на д-р Милан Бартош е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите. На седницата е извршено конституирање на МАНУ. За претседател е избран Блаже Конески (1967-1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

Од 1976 до 1983 година претседател на МАНУ е Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1991 година - Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, потоа Георги Ефремов (2000 - јуни 2001), Матеја Матевски (јули 2001-2004), а од 1 јануари 2004 и во моментов функцијата ја извршува академик Цветан Грозданов.

Дејноста на Академијата се одвива во нејзините пет одделенија - Одделение за лингвистика и литературна наука, Одделение за општествени науки, Одделение за математичко-технички науки, Одделение за биолошки и медицински науки и Одделение за уметност.

Корените на МАНУ се во Македонското научно-литературно другарство, основано во Санкт Петербург, на 28 октомври 1902, под претседателство на Димитрија Чуповски. Таа институција, фундамент на МАНУ, основала свои филијали меѓу македонската емиграција во Софија, Одеса, Битола и во Солун. Другарството првпат го воведува македонскиот јазик официјално во службена употреба. (Н.П.)

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 00:54
ХУХУХАХАХИХИХУХУХАХАААААААтрепкање
Епа прв универзитет со ЕУ лиценца,види само колку од нив продолжиле на Сорбонасреќасреќасреќасреќасреќа
А замисли каде учел хан Аспарухсреќасреќасреќасреќасреќа

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:02
незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:26
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување

На книжевен Македоно-Славјански пред 1945 год. или на докнижевниот Блгаро-Руски по 1945 год. биди малку појасенголема%20насмевка

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: puter
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:28
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување
PREVEDI ZITI KRST

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:38
Don't know, don't know
just these 200 archeoligists should dig very carefuly

(because of the chance to) find a private diary of St Kliment Ochridski written in standard bulgarian (since 1945)

не се получи много буквално ама не е пролем

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: puter
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 01:45
STTTTTTTTTTOOOOOOOOOOOOOOOOO?I JAS DA NE SUM VASA?

Постирано од: PAVLIN
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 02:27
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување

Samo nadevaj se i placi......postari sme od vas edno VI veka

-------------
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре

Постирано од: borec
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 07:18
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9C8FDFEF6BE954B807E8B153B7AC635 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9C8FDFEF6BE954B807E8B153B7AC635

АРХЕОЛОЗИТЕ ИСКОПАА НОВ ЗНАЧАЕН НАОД

На Плаошник откриено депо со венецијански сребрени монети

Монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во 14 век, вели Паско Кузман

Депо со 2383 венецијански сребрени монети од 14. век, сите сместени во керамички сад, е најновото откритие на археолозите во големите ископувања на Плаошник.

Раководителот на овие истражувања, финансирани од Владата и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман вели дека монетите се од извонредно значење, бидејќи ја покажуваат трговската врска помеѓу Охрид, односно манастирот "Свети Климент" и Венеција во тој период.

На Плаошник пред извесен период беа откриени и мозаични подови. Тие се наоѓаат во североисточниот дел од комплексот и како што вели Кузман, мозаиците најверојатно припаѓаат на епископски двор од 5. век, во времето кога градот Лихнидос бил епископски центар на провинцијата Нов Епир.

-Западно од повеќебродната црква од 5-6 век откриен е објект исто така со многу компактни мозаични површини кои припаѓаат на римскиот период и кои веројатно припаѓаат на објект кој можеме да го наречеме храм на богот Дионис, вели Кузман. Археолошките истражувања продолжуваат и ќе траат до крајот на годинава. Кузман најавува дека ќе се подготви и проектната програма, а кон крајот на годината ќе се распише и меѓународен конк*рс за идејно решение за Светиклиментовиот универзитет.

Владата издвои шест милиони евра за возобновување на Светиклиментовиот универзитет, средства кои ќе бидат потрошени во наредните три години. На ископувањата се ангажирани околу 200 археолози, етнолози, архитекти, студенти по археологија и ликовна уметност кои треба да ги откријат остатоците на Првиот универзитет во Европа, кој работел во 9 и 10 век и низ кој поминале околу 3.500 ученици.

Анита ЈОВАНОСКА

Браво Паско Браво Кузман

бухахахаххххахаха - 9-10 век
еве малко мапи от 9-10 век - да го видим де е бил университетот

http://kodeks.uni-bamberg.de/Bulgaria/BulgariaHistMaps.htm - http://kodeks.uni-bamberg.de/Bulgaria/BulgariaHistMaps.htm

ми нема да му мине номерът на Паско. Нема. Във vecher.com.mk може и да мине ама на uni-bamberg.de - неминава

Четириесет години од основањето на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува 40 години постоење. Свеченото одбележување на јубилејот ќе се случи на 8 ноември.

Највисоката научна институција во Македонија е отворена со свечена седница на Собранието на СР Македонија на 10 октомври 1967 година. Законот за основање на МАНУ е донесен на 23 февруари 1967 година, а ден пред отворањето, на 9 октомври 1967, во Собранието под претседателство на д-р Милан Бартош е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите. На седницата е извршено конституирање на МАНУ. За претседател е избран Блаже Конески (1967-1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

Од 1976 до 1983 година претседател на МАНУ е Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1991 година - Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, потоа Георги Ефремов (2000 - јуни 2001), Матеја Матевски (јули 2001-2004), а од 1 јануари 2004 и во моментов функцијата ја извршува академик Цветан Грозданов.

Дејноста на Академијата се одвива во нејзините пет одделенија - Одделение за лингвистика и литературна наука, Одделение за општествени науки, Одделение за математичко-технички науки, Одделение за биолошки и медицински науки и Одделение за уметност.

Корените на МАНУ се во Македонското научно-литературно другарство, основано во Санкт Петербург, на 28 октомври 1902, под претседателство на Димитрија Чуповски. Таа институција, фундамент на МАНУ, основала свои филијали меѓу македонската емиграција во Софија, Одеса, Битола и во Солун. Другарството првпат го воведува македонскиот јазик официјално во службена употреба. (Н.П.)

KE SI PUKNETE OD LJUBOMORA - B'LGARISTA!!!!!!! плазење плазење плазење

A DA TE PRASAM VI GO PRIZNAA LI ENGLEZITE "BUGARSKIOT" JAZIK????  газење%20од%20смеење

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 07:41
Originally posted by puter puter напиша:

STTTTTTTTTTOOOOOOOOOOOOOOOOO?I JAS DA NE SUM VASA?

пак суспендед????
изненадување

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 10:55
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

незнам, незнам - само тези 200 археолога много да внимават какво копат

да не изпадне некой приватен дневник на Св. Климет Охридски написан на книжовен български по стандарта от 1945гнамигнување

На книжевен Македоно-Славјански пред 1945 год. или на докнижевниот Блгаро-Руски по 1945 год. биди малку појасенголема%20насмевка

?????????????????????????????????????????????

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 11:08
Абе ония с 'Ю'та 'Я'та и 'Ъ'та

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 11:10
Па таа азбука Бугарите нели од Кирил И Методи ја научиле,од каде сега таа азбука стана Бугарска.Или дека у Бугарија сега се користат Мајкрософт продукти Гејтс е Бугарин аголема%20насмевка

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: borec
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 15:56
Originally posted by m__g__ m__g__ напиша:

Абе ония с 'Ю'та 'Я'та и 'Ъ'та

AKO DOJDE TUKA ZA DA UCIS - TOGAS ZEMI I UCI:

"However, Prince Boris was not a Slav. He came from a dynasty of a Proto-Bulgarian, that is, of Turk ethnic origin.

In 886, invited by Prince Boris-Michael, the disciles of the Macedonian apostles Cyril and Methodius
, who had been sent away from Greater Moravia by that time, arrived in Bulgaria. They were received with great honours by the Bulgarian governor of Belgrade (Serbia's capital today) as soon as they had reached the border. With the approval of Boris I, two spiritual centres of tremendous significance for Slavic culture were formed in the capital city of Pliska, as well as in the other central town - Ohrid, in Macedonia. Only in Ohrid, in the course of 7 years  as many as 3500 students were educated.

The Bulgars gradually became amalgamated with the former inhabitants, adopting the nationality and language of the latter, but giving their own name to the ethnographic mixture."

A EVE AKO STE GI ZAPOSTAVILE VASITE TRADICIONALNI PESNI I JAZIK - DA SE POTSETIS:  намигнување

Обычаи "татар" (тюрко-монголов) Золотой Орды

http://www.youtube.com/watch?v=bZ2ctTA5RqA&mode=related&search - http://www.youtube.com/watch?v=bZ2ctTA5RqA&mode=related&search =

UZIVAJ - EVE TE CHESTAM ZA DENOT 11 Oktomvri, koga sme se olobodile OD VAS!!!  забава

Постирано од: m__g__
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 16:35
Originally posted by borec borec напиша:

With the approval of Boris I, two spiritual centres of tremendous significance for Slavic culture were formed in the capital city of Pliska, as well as in the other central town - Ohrid, in Macedonia. Only in Ohrid, in the course of 7 years  as many as 3500 students were educated.

еееее найнакрая да я видя истината тукаголемо%20гушкање - шъ стане човек от тебе

още нещо интересно ако намериш - постирай смело - аз ще те подкрепям

-------------
Go ahead!
Make my day!

Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 10.Октомври.2007 во 19:19
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Па таа азбука Бугарите нели од Кирил И Методи ја научиле,од каде сега таа азбука стана Бугарска.Или дека у Бугарија сега се користат Мајкрософт продукти Гејтс е Бугарин аголема%20насмевка
Сеа...бугарин е или не е?голема%20насмевка

-------------

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 12.Октомври.2007 во 11:53
Студенти од Палестина ќе учат за Стоби

Студенти од Палестина, Италија и Македонија ќе бидат дел од семинарот за реставрација на мозаици што ќе се одржува кон крајот на месецов и на почетокот на ноември на локалитетот Стоби, близу Градско

Студенти од Палестина, Италија и Македонија ќе бидат дел од семинарот за реставрација на мозаици што ќе се одржува кон крајот на месецов и на почетокот на ноември на локалитетот Стоби близу Градско.

Предавачи ќе бидат еминентни професори од Македонија, Италија и Палестина. На семинарот, кој ќе трае 21 ден, ќе има практичен дел, на кој ќе се спроведува обука за реставрација, конзервација и документација на мозаици и архитектонска декоративна пластика, а вториот дел ќе биде теоретски, со предавања за археологијата, конзервацијата, нумизматиката. Предавачи од Македонија ќе бидат професори од Институтот за археологија на Филозофскиот факултет, од Музејот на Македонија и од Националниот конзервациски центар.

Овој семинарот е дел од активностите кои неодамна започнаа на Стоби. Таму археолозите под водство на Мила Шурбаноска и м-р Антонио Јаќимовски од Музејот на Македонија веќе ја спроведуваат втората фаза од систематските археолошки истражувања на Римскиот форум. Музејот на Македонија, во соработка со невладината ЦИСС од Палермо, Италија, годинава средствата за истражување комплетно ги доби од Министерството за надворешни работи на Италија.

- Го доистражувме западниот дел од објектот, а потоа ќе се насочиме кон надворешната страна, за да се открие надворешниот дел од фасадата, вели м-р Антонио Јакимовски, раководител на теренските истражувања. Истражувањата на објектот кој бил изграден во 2 век и активно функционирал и во 3 век, започнаа во 2003 година.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: borec
Датум на внесување: 12.Октомври.2007 во 14:52

[/QUOTE]

With the approval of Boris I, two spiritual centres of tremendous significance for Slavic culture were formed in the capital city of Pliska, as well as in the other central town - Ohrid, in Macedonia. Only in Ohrid, in the course of 7 years  as many as 3500 students were educated.

еееее найнакрая да я видя истината тукаголемо%20гушкање - шъ стане човек от тебе

още нещо интересно ако намериш - постирай смело - аз ще те подкрепям
[/QUOTE]

NIE MAKEDONCITE SME BILE I SEKOGAS KE BIDEME LUGE - TUKU VAS B'LGARISHTA NIKOGAS NEMA DA VE BIDE!  голема%20насмевка
 
I STO IMA VRSKA TOA STO TOJ BORIS I IM DAL ODOBRUVANJE I GI PODRZAL VO IDEATA ZA GRADENJE NA TAKVI OBJECTI????
 
TOA NE ZNACI DEKA TOJ GI IZGRADIL???? плазење

A ZA OHRID PISUVA VO MAKEDONIJA - A NE VO BUGARIJA??? плазење
 
E AJ SEGA DA "NAMERAM" NESTO MOZE??? среќа
 
NAMERAM NAMERAM....VIE BULGARITE DA GI OSLOBODITE OD SEKAKOV PRITOSOK  I PRIZNAETE SITE MAKEDONCI STO ZIVEAT VO NASATA PIRINSKA MAKEDONIJA I VO BUGARIJA!!! големо%20гушкање

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Ноември.2007 во 11:05

ГОЛЕМО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ

Позлатена мермерна глава откопана во Стоби

Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на Римскиот форум и иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира

Позлатена мермерна глава пронајдоа археолозите истражувајќи го Римскиот форум, кој во минатото служел како плоштад на античкиот град Стоби, кај Градско. Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на објектот. Иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира.- Пронајдокот е единствен во поширокиот регион. Тоа зборува колкав бил подемот на Рим на овие простори и колкаво значење имал овој град во тоа време - вели археологот Мила Шурбаноска, раководителка на ископувањата.

Според првичните податоци, археолозите може само да потврдат дека скулптурата била изработена во 2 век, од бел, ситнозрнест мермер. Ликот и косата се прецизно изделкани и измазнети. Делови од образот, усните и носот се црни, веројатно од пожарот во античко време, што бил предизвикан кога била скршена скулптурата. Тогаш веројатно изгорел целиот Форум.

Бидејќи засега не се пронајдени други елементи од скулптурата, археолозите немаат атрибути според кои би можеле да оценат кому му била посветена. Откако била изработена, била премачкана со црвена боја и целата била облепена со тенки листови од злато. Ако загледате повнимателно, ќе ги видите убаво нацртаните веѓи. Истражувачите очекуваат во земјата да пронајдат уште делови од скулптурата, бидејќи се' уште не е детаљно истражен просторот од каде што излегла глава.

Плодната почва во Римскиот форум деновиве дала уште два ексклузивни предмета, пронајдени независно од главата - позлатена мермерна рака, која држи нешто во дланката и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино).

- Штом граделе ваков објект, богато украсен со скулптури, покажува какво значење имала Македонија, првата римска провинција во тоа време - објаснува Шурбаноска.

Истражувајќи го објектот, археолозите пронајдоа големи камени плочи наредени на подот. Археологот Антонио Јакимовски претпоставува дека на нив биле поставени гредите на кои се потпирал внатрешниот трем на Форумот. Така, граѓаните можеле да шетаат и во засведен дел од објектот, на чии ѕидови имало ниши украсени со скулптури. Јакимовски тврди дека Форумот е еден од најрепрезентативните и најдобро зачувани објекти од римскиот период во регионот.

Истражувањата на Римскиот форум ќе траат до средината на декември. Се реализираат во рамките на проектот „Археолошка и туристичка валоризација на античкиот град Стоби“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Италија, во соработка со невладината организација ЧИСС од Палермо и Музејот на Македонија. Истражувањата траат веќе три години и досега покажаа дека Форумот, градба од 2 и 3 век, имал монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади.

Горан Бошков, претставник на ЧИСС за Македонија вели дека ќе се обидат да продолжат да ги финансираат ископувањата. Тој додава дека е многу полесно да се обезбедат пари за заштита на објектот.

Во ископувањата, покрај Шурбаноска и Јакимовски учествуваат и нивниот колега Горан Санев, Мирослав Димовски, фотограф, Петар Ризов, препаратор, Катарина Каспинова, документатор и Костадин Саздов, архитект.

Новите пронајдоци завчера ги видоа и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, Мери Аницин-Пејоска, директорка на Музејот на Македонија и Перо Јосифовски, програмски директор на музејот.

Форумот бил широк 23 метри, долг 35 метри. Ѕидовите на објектот се зачувани до 5,5 метри во височина. Според археолозите, изградбата на Форумот веројатно почнала кон крајот на 1 век, кога градот доживеал голем економски подем. Кон крајот на 3 век заедно со другите објекти во градот бил опожарен, а скулптурите насилно искршени. Археолошки, уништувањето на објектот се врзува со наездата на Готите во 268 и во 269 година. Потоа објектот бил напуштен, а кон крајот на 4 век врз него бил подигнат внатрешниот градски бедем.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: borec
Датум на внесување: 19.Ноември.2007 во 09:23
Dali ovie site do sega sto gi kazuvaat otkritija OSTANUVAAT (OSTANALE) VO MAKEDONIJA ili pak kitat nechii tugi muzei???  збунетост

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 19.Ноември.2007 во 12:03
Локалитетот Грнчарица најстарата рано неолитска населба

Штип, 19 ноември (MИA) - На локалитетот „Грнчарица“ во близина на селото Крупиште, е откриена рано неолитска населба во Македонија.

Според тимот археолози што работи на локалитетите долж цевководот на Хидросистемот „Злетовица“, станува збор за најголемото откритие од каменото време.

- Со поставувањето на првите сонди наидовме на предмети и керамика што всушност го определувааат овој локалитет и го лоцираат во неолитот, некаде околу 6.000 години п.н.е. Претпоставките се дека станува збор за локалитет од првата фаза на неолитот што досега не можевме да ја фатиме поради што овој локалитет е многу значаен и во понатамошните истражувања во поврзувањето на сите фази од неолитот, изјави Трајанка Јовчевска раководител на археолошкиот тим.

 - Веќе сме влезени во живеалиште, куќа од времето на неолитот, со преградни ѕидови карактеристични за тоа време, но колку ќе успееме со овие заштитни ископувања да истражиме една цела куќа е отворено прашање бидејќи ние во основа не знаеме како изгледале куќите во раниот неолит, објасни Јовчевска.

Истражувањата на локалитетот „Грнчарица“ ги отежнуваат и последните врнежи поради што се работи со прекини.

- Во услови на дожд е многу тешко да се работи со оглед на тоа дека станува збор за населба од неолитот во кој немаме некоја цврста градба туку се следат нијансите на земјата, единствена олеснителна околност е тоа што конструкцијата на целата населба е направена на карпа, а не на земја поради што барем не ги губиме основите, додаде Јовчевска.

Јовчевска нагласи дека огништето на луѓето од каменото време било надвор од куќите. На истражувањето на ранонеолитската населба и на римската некропола на локалитетот „Грнчарица“ работат околу 30 луѓе. „Грнчарица“ е еден од 20-те археолошки локалитети што треба да се истражуваат долж цевководот на Хидросистемот „Злетовица“.

Раководителот на археолошкиот тим Трајче Нацев истакнува дека ова е најголемата археолошка акција во Источна Македонија која ќе трае се до септември 2008 година.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk