|
Лагите на Бугарите |
Внеси реплика | страница 123 40> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Август.2006 во 17:43 |
Значи по тебе во Македонија нема Македонци само Србомани, Бугарофили и Гркофили
А Бугарите каде се у Македонија или Македонците у Бугарија Бугарски лаги: Македонците имале исто потекло со „Бугарите„ историографија ги прикажува како турко-монголи Според најновите археолошки испитувања, се мисли дека словените се староседелци на Балканот, а бидејќи Траките, Македонците и Илирите биле слични народи, Византија ги нарекла сите со заедничко име Словени, односно Анти. Американскиот Prof. Dr. Florin k*rta во својата книга „History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700“ тврди дека по археолошките испитувања на поддунавскиот Балкан (вклучувајќи ја и Македонија), немало никакви преселби во 6 век; за време на Јустинијан, се по јавила голема економска криза, глад и немаштија, па луѓето од градовите почнале да мигрираат по селата. Како доказ на својата теорија, др. Флорин к*рта ја приложува генетиката на денешните „словенски“ балкански народи, чии гени одговараат на балканските жители од палеомезеонеолитичките миграции, некаде 5000-6000 години стари ( The Making of the Slavs : History and Archaeology of the Lower Danube Region, c. 500-700 (Cambridge Studies in Medieval Life and Thought: Fourth Series) by Florin Curta, Rosamond McKitterick (Series Editor), Christine Carpenter (Series Editor), Jonathan Shepard (Series Editor) Cambridge University Press (July 12, 2001). За овој труд, Др. к*рта е награден со „Herbert Baxter Adams Prize“ на американското сојузно историско друштво (the American Historical Association, January 3, 2003). Бугарската пропагандна машинерија тврди дека Македонците и тнр. бугарски „словени“ имаат ист словенски корен и според тоа Македонците се Бугари. Но, тоа е сосема неточно, за што сведочи и историјата. Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Словени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми. Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918). Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989).Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи. Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41).Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси! Од друга пак страна, за својата и странската историја, бугарските историчари ја кажуваат историската вистина дека нивната модерна бугарска нација е создадена од мешавина на Трако-Мизијци, туркомонголските Бугари со 7 Антски племиња и Северјани (најстарото руско словенско племе); извор: "Rulers of Bulgaria" Text by Profesor Milcho Lalkov, Ph.D.Македонците никако не можат да се вклопат во „бугарскато племе“; не влечат потекло од Антите, Северјаните и туркоБугарите. Напротив, Македонците биле големи непријатели на етникумите кои ја сочинуваат модерната бугарска нација. Како што видовме погоре, Словените со Антите (тнр. бугарски словени) биле непријателски настроени, а особено големи непријателства и војни имало меѓу Македонците и вистинските, турските Бугари. Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ [Державин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?]. Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари.На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН). Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).
Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елеменит присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!
Хан Кубрат и Хан Аспарух, основачите на Бугарија, бугарската историографија ги прикажува како турко-монголи Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел
од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да
измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил
ханот Кубрат, користејќи еден цитат од „Животот на Св. Димитрија
Солунски“ кој вели дека некој си Коурват дошол од Панонија со ромејски
(византиски) пленици и ги населил во Керамиското Поле. Во Чудесата на
Св. Димитрија се говори за извесен Коувер- водач на Аварите и за некој
бунт кој избувнал во аварско племе, воден од Коувер ( L'Abbé A.
Tougard, De l’histoire profane dans les actes grecs des Bollandistes
(Paris, 1874), pp. 186 ff. ). Подоцна тој Коувер, го нападнал и заробил
Коринт (Пелопонез) и не останал во Керамиското Поле, Тракија (Ibid.,
pp. 521 f.). Но, пак тој Коувер и во останатите историски извори е
представен како водач на Аварите, кој населил Словени во Коринт,
најверојатно поради малубројноста на Аварите (see Peter Charanis, 'The
Chronicle of Monemvasia and the Question of the Slavonic Settlements in
Greece,' Dumbarton Oaks Papers, No. V (1950), 158-159). Сега тој Кувер
некој ни го претставува како Бугар. Но, како што вели народов, на
лагата и се кратки нозете, па има доста византиски извори за тој
Хорбатос. Кубер никогаш не се населил во Македонија. Според Солунската
Легенда, Кувер, вазал на аварскиот хаган, востанал против својот
претпоставен и протеран е од Аварија (денешна Војводина) и заедно со
негови пленици од словенско-ромејско потекло, во областа на словенското
племе Драговити, наречено Керамијско Поле (A. Tougard, De l'histoire profane, Paris, 1874, p. 187—204. — H. Gelzer, Die Genesis der byzant. Themenverfassung, Leipzig, 1899, S. 47—50. — Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59).
Бугарите тврдат дека тоа Керамијското Поле е битолското поле, но
битолското поле од антички времиња, преку средновековието, па се` до
денес го носи исклучиво само името Пелагонија. На солунчаните добро им
било познато името Пелагонија, а и Керамијското Поле, кое се наоѓа во
Смолјанската област. Впрочем, Драговитите ја населувале територијата на
исток од Солун, од Солун до р. Бистрица, Бер (Петров, П. Образуване на
българската държава. С., 1981, 64-65), па византискиот пишувач на
"Солунската Легенда" точно го лоцира местото каде Кувер ги населил
словено-ромејците т.е. источно од Солун; но, тој направил само една
грешка, Керамијското Поле не е во областа на Драговитите, туку во
областа на Смолјаните (Тракија), кои се населени уште поисточно од
Драговитите. Тоа е сосема нормално за тоа време, византискиот свештеник
-писател знаел дека на исток од Солун живеело словенското племе
Драговити, но не бил добро запознал точно со народот во смолјанската
област, појугоисточно од Драговитите. Вистинските Бугари знаеле најдобро и најточно каде се населиле, во Турун, кој не припаѓа дури ни во границите на пиринска Македонија, туку е уште понаисток, во Бугарија, во смолјанската област. Дури еден македонски археолог, со немакедонско
презиме, Иван Микулчиќ, базирајки се Чудесата на Св. Димитрија измисли
приказна како Кубрат населил Ромеи (Византијци) во Македонија, па дури
и тврди дека материјалните остатоци (пред се` керамика и останати
метални предмети) на овие луѓе се бугарски! Притоа, споменатиот
господин заборавил да отиде до денешен Татарстан, од каде што
потекнуваат правите Бугари и да најде материјални докази за нив, од
едноставна причина што Бугарите биле номади и немале никаква култура во
тоа време. Треба господинот Микулчиќ да си ја земе и прочита бугарската
најстара историја, напишана од самите вистински Бугари кои сосема јасно
имаат напиШано дека Кубрат се населил во Турун, денешна смолјанска
област, инаку област Тракија. Нема белким сега ние да ги учиме старите
Бугари каде се населиле. Византискиот историчар Глигора вели дека Хроватос бил водач на Хрватското племе (Grégoire, op. cit., pp. 91, 104 ff.). Познатиот византски историчар и император, Константин Порфиногенет вели дека Хробатос навистина се населил во темата Македонија, инаку етногеографска област Тракија, која нема ништо заедничко со нашата вистинска Македонија , бил Хрват, а подоцна заминал во Далмација, каде станал водач на далматинските Хрвати (Constantine Porphyrogenitus, De Administrando Imperio, edited by G. Moravcsik and translated into English by R. J. H. Jenkins (Budapest, 1949), pp. 146 ff.). Дури и хрватската историографија тврди дека селото Арвати во Преспа е основано од Хрвати, при словенизирањето на Македонија (M. Vasmer. "Die Slawen in Griechenland." Abhandlungen der Preussischen Akademie der Wissenschaften. Phil.-hist. Kl. No. 12. (Berlin, 1941), p. 123, 127, 175.). Поп Дукљанин, авторот на најпознатото словенско дело „Царството на Словените“ од 12 век вели дека цел Илирик до Валона во денешна Албанија е населен со црвени (јужни) Хрвати (Извор: POP DUKLJANIN, 9, according to Codex Vat. lat. 6958, fol. 57r in the Vatican archives / P. Lessiak, op. cit., p. 84 ff., понатаму види кај AMARI-SCHIAPAELLI, стр. 90, 108 / ). Цела денешна западна Македонија и западна егејска Македонија припаѓаа на Илирик, па попот Дукљанин смета дека западните Македонци се Хрвати. Не само Поп Дукљнин, туку и современата хрватска историја смета дека заедно со македонските словени, доаѓале и хрвати, кои го запоседнале цел Илирик! (V. Mošin, op. cit., p. 43, 54. / L Hauptmann, "Albanija, Povijest," Hrvatska Enciklopedija (Zagreb), vol. I (1941), p. 177-79). Но, дали се точни тврдењата на бугарската историографија дека настанало мешање на вистинските туркобугари со Словените? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како посебен фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството. Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите, Варна, источна Тракија и Добруџа се населиле правите Бугари. Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Интересно е што Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија се опишувани како Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина ан турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850: 196; 1852: 40; 1861: 62, Каранастас-Радова 2001: 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937: 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13). Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна). Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер итн. Бугарската официјална историја ги признава
Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и
туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка
“БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на
Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено
од ВМРО Русе)). Значи, бугарската историографија е сосема збунета и дава погрешна слика за денешните словенобугари. Имено, денешните "Бугари" не се етнички Бугари, туку географски Бугари, со исклучок на добруџанските Бугари. Ако денеска се задржале вистинските Бугари на хан Аспарух, со свои традиции и фолклор, го задржиле својот турки јазик, вистинскиот бугарски јазик, испаѓаат ступидни тврдењата на "Бугарите" дека Македонците се Бугари. Па во Македонија нема ниту Гагаузи, ниту православни туркофонични племиња или православни Турци. Уште повеќе смешни се тврдењата дека јазикот на Св. Кирил и Методиј се бугарски, кога во 855 г., годината на создавањето на словенската азбука, Бугарите говореле турки јазик, истиот кој денеска го говорат нивните наследници. Прашањето е дали постои воопшто бугарски словенски јазик, кога се знае дека вистински бугарски јазик, оној туркиот на Гагаузите, Чувашите и Болгаростанците-Татарстанците е се уште жив. Инаку, денешниве Македонци да имале Бугарско
потекло, тие денеска ќе беа туркомонголски народ од жолтата раса, со
коси очи и ќе збореа бугарски - турски јазик, оној кој се говори и
денеска меѓу вистинските бугари во Чувашија и Татарстан; во таков
случај, немаше средновековните македонски книшни дела како „Панонските
Легенди“, разните житија на македонските светци да зборат за народот
словенски, ами за народ бугарски, немаше да пишуваат словенски, ами
турски, како вистинските бугари во Татарстан и Чувашија. Да се навратиме на етногенезата на Македонците.
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во
раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно
македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.
Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како
народ кој е домороден, а не доселен во Македонија. Еден од најстарите
историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија
Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како
имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја
локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia
principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот
извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum
gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis,
Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare
diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци... Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски
извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже
пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во
современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар
пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на
античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека
Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на
територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките
не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките
Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура
на античкито домородно македонско население и словените, настанала
фузирање во еден етникум. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше
најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите
негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св.
Методиј“ од 9от век целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети
(византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте
Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Византискиот Император, Константин Порфиногенет
вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid;
p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет
со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци.
Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти
словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска
погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно
грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define
a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North
Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от
век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller,
Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само
грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада
(Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see
Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат
словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со
античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени! Можеме да кажеме дека Македонците имале први
своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от
век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од
обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс)
Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал,
Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа.
Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските
склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој
пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак
Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е.
Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4,
Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува
посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на
етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de
Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна
словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г.
византискиот император Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак
хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и
држава Склавинија (Ibid., I, 486). Како што гледаме, во исто време
кога се формира државата на турските Бугари, се формира и македонска
држава, која е со компактен единствен етникум, за разлика од
хеторегената етничка слика во бугарската држава, со азијатски и мноштво
европски етникуми. Македонија е лулката на словенската писменост и
култура, земјата на словенскиот Ерусалим- Охрид, земјата каде што
настанале првите букви и книжевни дела на старомакедонски јазик,
јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се
служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па
се до рускиот далечен исток, во Азија. Од словенската книжнина за
Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја
населувал Македонија. Иако нашиот источен сосед упорно тврди дека
Македонците се „Бугари“ од средниот век, пишаните историски извори од
средновековните Македонци тоа го отфрлаат. Не постои ниту еден
Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како
Србин. Во “Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е
напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал
Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ
словенски“ (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил“, Панонски Легенди од
Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец
Храбар во истите Панонски Легенди, во “Житието Методиево” вели дека
„сите солунчани чисто словенски зборуваат“. Во Житието на Св. Наум
Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик
на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја
друга народност во Македонија. Бугарската историја не се повлекува од
квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна,
Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска
власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што
гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското
име македонските писатели не го спомнуваат. Уште еден важен историски факт е тоа што
Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во
времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната
Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од
бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за
„епископ Словенски“ Марко, четврт епископ на Словените од Девол, што
јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија,
како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век
(Извор: „Житието на Св. Наум Охридски“, „Спомен за нашиот преподобен
отец Наум“, 10 век, Охрид). Да биле средновековните Македонците
потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на
бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив
би ги славиле и спомнувале по пишаните документи. Впрочем, во целата средновековната книжнина од Македонија никогаш не се спомнуваат верски лидери од соседните народи, како бугарските или византиските патријарси, но се спомнуваат само државните лидери на окупаторите на македонската земја, бугарскиот и византискиот император. Сите средновековни автори од Македонија, обично, своето пишано дело го завршуваат со годината, името на политичкиот и верскиот лидер (по духовната традиција се пишува и името на нивниот верскипастир) кога е завршено делото или пак настанот што е опишан; како нивен верски пастир секогаш се опишани охридските словенски епископи. Се забележува прифаќањето на световната власт на окупаторските сили, но не и на дyховната власт и некаква верска автономија која се уште не е доволно истражена. МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА Македонците во Бугарија се реален феномен на овие простори.Како такви имаат опстојувано долго време. Македонските двигатели од овие делови имаат останато одвоени од нивната матична територија поради настанување на прегрупирањата и доделувањата на одредени територии на Балканските држави, по првата и втората светска војна. Главен фактор на нивнотот опстојување е непокорот на својата званичност, преплетена со големиот број на премрежиња и преплети од страна на Бугарските внатрешни насилни државни сили, кои им го оспоруваат нивниот сопствен Макдонски идентитет и како таков го отфрлаат дека не постои. Зад маската на отфрлање на националните втемелени чувства на македонците од овие поднебја говорат големите проблеми што истите ги имаат при реално искажување на сопствените национални чувства. Припадноста кон одредена нација е сопствен избор и право на секој кој сака така да се нарекува. Ако некој се класифицира како МАКЕДОНЕЦ, не значи дека со истото ќе наштети на бугарската држава, ами би се создал ефект на препознавање на сопствените корени и можност за исказ на различната втемеленост, како и приказ на идентитет, кој сам по себе се разликува од бугарскиот. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не се залажуваме дека Македонците настанале 1944 г. и се некаков производ бидејки единствено Македонците постојат во континуитет илјадници години наназад.1944 г. Македонија доби Република а дури 1991 г Македонија конечно стана независна држава и8наку континуитетот на борбата ја знаеме најмалку 1500 г. наназад во тој период имаше Македонски држави,царства,кралства и републики а народот тоа не го заборавил.
Cредновековните МАКЕДОНЦИ, kаkов народ биле? Иван Камениат, солунчанец кој себеси се декларирал како Македонец, ја има напишано историјата за Солун во 904 г., при неговата опсада од страна на Арапите. Имено, Арапите во 904 г. го зазеле Солун, сите солунчани што ги затекле во градот ги испоубиле или продале како робје, додека најголем број од солунчаните претходно пребегнале по македонските кнежевства, по планините: струмјаните, ринхините и драговитите. За Иван Камениат Солун бил "величествениот и првиот град на Македонците" (Ј.К. Бегунов, Козма Презвитер в славјанских литературах, Софиа 1976, стр. 297). Тој го опишува и карактерот на Македонците и македонските власти од 10 век, па пишува:
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос. Византискиот Император, Константин Порфиногенет
вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid;
p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци.
Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти
словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска
погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно
грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define
a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North
Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от
век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller,
Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само
грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада
(Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see
Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат
словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со
античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени! Елините од 6 век не биле прави Елини, туку мешавина на античките Елини со нивните робови, па затоа тие, започнувајќи од потпаѓањето на елинските државички под римска власт, па се до крајот на 19 век, својата националност ја нарекуваат „Ремеои“, што значи Римјани, а ние ги знаеме како Грци или Византијци. И денеска, тие луѓе ние ги нарекуваме Грци, односно Византијци-Римјани, но не и Елини. Во елинските државички, робовското население било бројно исто колку и слободното, елинското, а во некои преовладувале мнозински и робовите, со состојба Елини да бидат малцинство во својата држава. Робовите најчесто биле Траки, Етиопјани или други афрички народи (The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press, 1986). Имаме податок од првиот век од нашата ера, каде Римјаните велат дека тогашните „Елини“, немале ништо елинско во нив, туку биле потомци на робовите на Елините, кои пак биле протерани или убиени, па преовладувало населението кое биле потомок на афричките и тракиските народи (Tiberius Claudius, Roman Emperor and historian, 10 BC - 54 AD, in I Claudius, by Robert Graves). Нема апсолутно никаков усмен или пишан
историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или
не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече
во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар
пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на
античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека
Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на
територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките
не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките
Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура
на античкито домородно македонско население и словените, настанала
фузирање во еден етникум. Цела Македонија во 7 век е поделена на
Склавинии, во кои живеат како новодојденците Словени, така и античкото
македонско население и сите заедно го носат името Македонски Склавени.
Македонскиот народ се простира и на територијата на соседната Пеонија
(северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна
Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до
реката Места (пиринска Македонија), поради тоа што таа територија ја
населиле истите „Македонски Словени“. Во западна Тракија, од античко
време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка
Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го
изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Целата територија каде што
живее македонскиот народ, наречена е по народот кој ја населувал-
Македонија. Луѓето што ја негираат македонската нација велат дека
Македонците своето име го добиле по територијата што ја населуваат т.е.
Македонија, што е фатално за нивната квазитеорија, бидејќи Македонците
живеат не само во областите на античка Македонија, туку и во Пеонија,
Илирик, Дарданија, Тракија. На тоа становиште е и бугарската
историографија, која пиринските Македонци ги учи дека се нарекувале и
се нарекуваат Македонци, само поради тоа што живеат на територијата на
Македонија; но, пиринска Македонија се наоѓа на територија на некогашна
Тракија, па паѓаат во вода негирањето на постоење македонски народ, оти
тој дел на Тракија се нарече Македонија по македонците кои живеат таму. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од Анонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран. Македонските Словени се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите. Затоа, во почетокот како Словени се познати Македонските Словени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските Словени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските Словени, почнаа и нив да ги нарекуваат Словени. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци... Доказ за посебноста на македонските Словени се нивните здружувања во држави меѓусебе, без да соработуваат или да се здружуваат со нивните соседи, Антите, тнр. бугарски Словени или пак Србите. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Константин Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486). Македонскиот народ како „natio macedonum“ за прват е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 “descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam.'” (Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија. Во 12 век, Македонците биле познати како „македонското племе„ т.е. македонска Phatr’a, а византискиот државен функционер и историчар Nicetas Choniates известува дека во 1138 г. византискиот император Јован Втори ја поделил својата војска по етнички групи Phatr’aи, каде се забележани и македонски Phatr’ai (Nicetas Choniates 1 (стр. 29-30))л Во 1184 г. војниците кои ја бранеле Никеја, држеле состаноци по етнички групи phatr’ai (ibid., 284-5). Уште еден историски извор, византскиот сатиричар Тимарион го опишува празникот Св. Димитрија, патронот на Солин: „тоа е голема Македонска прослава, на која не се собира само македонскиот народ, туку и луѓе од сите сорти и правци: Ромеи (Грци) од Елада, Мизијските (архаичен израз за бугарите) племиња (Vizantiiski Vremenik, Moscow VI 1953, str. 367). Во тоа време, Македонија била византиска тема Бугарија, права Бугарија била византиска тема Парастрион-Мизија, а тема Македонија била источна Тракија; авторот на текстот говори за етничките Македонците од Солун, оти територијални Македонци се наоѓаат во Тракија, темата Македонија. Обично во тоа време, официјалните византиски лица, своите поданици ги нарекувале територијално, по темата каде што живееле, па така вистинските Бугарите ги именуваа како Мизијци-Паристрионци, додека пак Македонците, Власите, и дел од Србите и Албанците ги именуваа како Бугари, а словенизираните Траки и сите останати од Тракија, како Македонци. Ова византиско именување на своите поданици по теми го користат Бугарите за да докажат дека денешните Македонци се Бугари, но забораваат да кажат дека права, денешна Бугарија не била тема Бугарија, ами Паристрион или Мизија, па по нивна логика денешните Бугари се Мизијци-Паристрионци (поддунавци), но не и Бугари. Во 14 век, од страна на српската средновековна држава, Македонија е наречена Романија, а Македонците политички се наречени Романи (Грци, Византијци), па дали тоа значи дека сме Грци? Самите Солунчани себеси се нарекувале Македонци, па Јован Каменијат, поет солунски во 904 г. при опсадата на Арабјаните на Солун, за својот роден град вели: „великиот и првиот град на Македонците“ (J.K. Begunov, Kozma Prezviter v slavjanskih literaturah, Sofia 1976, p. 297). Несомнено, во средновековието Солун бил „метрополис на Македонците„ (Ephraimi Chronologici caesares; Ed. J.P. Migne - PG 143 , Paris 1891, p.198), а „сите солунчани чисто словенски говореле“ (најстаро „Житие на Св. Методија„, Анонимус, 9 век). Најголем од книжнината од Македонија е уништена
за време на турските освојувања на Балканите, а дел и однесена од
бугарски, српски, руски и грчки учени, пред се во 19 век. Така што
имаме многу малку сочувана автентична книжнина од Македонија и
оригинални извори. За прв пат декларирање како Македонци по род е забележано е во записите на Охридската Архиепископија од 13 век, што не значи дека и порано немало декларирање македонска националност. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири. Најмногу информации имаме за Македонците кои од турските зулуми бегале во најблиските христијански земји, пред се’ Австро-Унгарија. За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“ (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53). Австрија, започнала со притисоци за католизација на Македонците, па заради тоа тие бегаат во православна Русија. Многу руски документи од 17 и 18 век говорат за населување на Македонци во Руските краишта. Зачувана е молбата од Македонскиот Народ до царска Русија, за нивно населување во Русија (Полное собрание Россiйской имперiи съ 1649 года , Томъ XIII, С. Петербургь 1830), а на 24.12.1751 г. руската царица Елизабета Петровна со Указ го дозволува населувањето на Србохорватите, Македонците, Бугарите, Власите и другите православни народи во Русија и да формираат свои полкови (Петъръ Кеппенъ, Хронологическiй указатель матерiаловъ для исторiи инородцевъ европейской Росiи, Санктпетербургъ 1864 г. ). Македонскиот полк е формиран 1752 г. од страна
на Иван Хорват, кој се декларирал како Влав, но сите останати од полкот
биле Македонци, со униформа во македонските национални бои: жолта и
црвена (Скальковски, Хронологическое обозърнiе исторiи Новороссiйскaга
края, 1731-1823, I, Оддеса 1836). Зачувани се списоците со имињата на
македонските војници од македонскиот полк, со нивни податоци kako место
на раѓање, брачна состојба и нивно изјаснување по националност; сите од
нив се изјасниле како припадници на македонската нација ( Централний
державний исторический архив УРСР - Киев фонд 1413, опис 1, зб.
6/1756). Македонците кои бегале по Војводина, најчесто се населувале во најблиските погранични градови со турската империја: Земун и Панчево. По црквите во Земунскиот Магистрат, сочувани се изводите од матичните книги на родените и умрените од 18 век, каде иселениците од Македонија, се изјаснувале по националност како Македонци. Всушност, во тнр. протоколи од матичните книги на родените и умрените, за секое новородено дете или починат човек требало да се напише и националноста, при што многу честа е и националноста Македонци, за луѓето со словенски имиња и презимиња, кои потекнувале од сите краишта на етничка Македонија. (Извори: ИАБ, ЗМ = Историјски архив Београда, Земунски магистрат (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи I = Протоколи матичних књига рођених и крштених Цркве Св. Николаја, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи 1а = Протоколи матичних књига рођених и крштених цркве Рождества Св. Богородице, Земун (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи II = Протоколи матичних књига венчаних цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III = Протоколи матичних књига умрлих цркве Св. Николаја (1761-1800), ИАБ, ЗМ, Протоколи III а = Протоколи матичних књига умрлих цркве Рождества Богородице, Земун). Според документите од Земунскиот Магистрат, покрај Македонците, се населувале и бегалци кои по националност се изјаснувале како Власи, Куцовласи, Цинцари, Грци и Бугари.
|
|
Makedonski
Сениор Регистриран: 17.Ноември.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонец не е географски поим, туку национален! Државите го добиваат името по народот кој ги населува, па така Македонија во етногеографските граници од 1913 г. зафаќа територија не само на античка Македонија, туку и на јужна Дарданија, источен Илирик, цела Пеонија, западна Тракија и дел од Епир т.е. сета онаа територија каде живее македонскиот народ. Значи, територијата Македонија го добила своето име по народот македонски, а не обратно.
Така, смешно е тврдењето на денешните бугарски историчари дека пиринските Македонци го носат името Македонци, само поради тоа што тоа потекнуваат од географската област Македонија; притоа, „забораваат“ или пак „не знаат“ дека пиринска Македонија е западна Тракија, па дека Македонец во пиринско означува етнос, а не географски поим, оти географскиот поим би бил Тракиец.
Имено, реката Струма (Стримион) е границата на Македонија со Тракија, а пиринска Македонија се простира од р. Струма до р. Места. Уште поступидно е пак некој да тврди, дека вардарските Македонци не се етнички Македонци, туку географски, кога се знае дека најголем дел на денешна вардарска Македонија е географската област Пеонија, дел од долна Мизија (Дарданија) и источен Илирик, но се нарекува Македонијa по народот македонски кој живее и во Пеонија, и во делот на долна Мизија (Дарданија) и во источен Илирик.
Првата средновековна македонска држава Македонците создаваат и своја држава во 7 век, наречена "Склавинија", која ги обединувала сите македонски Склавинии. Во средниот век, цела Македонија како што ја знаеме денеска, била поделена на самостојни кнежевства - Склавинии, а сите жители на Склавиниите се наречени македонски "Словени", без разлика дали се античкото македонско население.
Склавинијa била прва "словенска" држава, која ги зафаќала само македонските Склавинии, чии граници се совпаѓале со границите на етногеографска Македонија до 1913 г. Тогаш, забележани се и двајца Македонски кралеви, Хатсон и Пребонт, кои од византиските историчари се титулирани како „рекс“ (крал). Ова е доказ за самобитноста на македонскиот народ, кој имал државотворност уште во 7 век, кога е создадена и бугарската средновековна држава на турко-бугарите, 7 антски племиња и северјаните. Значи, Македонците никако не можат да бидат Бугари, а уште помалку Срби, оти Македонците со Србите за прв пат стапуваат во контакт во 13 век.
Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти. Одкога Антите го прифатиле "словенското" т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век почнале да ги нарекуваат "Словени", но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три "словенски" рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени.
Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!
|
|
Makedonija na Makedoncite!
|
|
kokomoko81
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1363 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sekoja cest ..... Makedonski .... pa posle ova ne znam koj bi mozzel da replicira ...
|
|
......
|
|
Kaloqn
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 09.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Makedonski
Сениор Регистриран: 17.Ноември.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Видете ги пак овие бисери! Хан Кубер пристигнал во Македониjа со малуброjните Авари и уште по-малуброjните турко-Бугари (главницата биле Ромеи кои се вракале дома по долгогодишпно заточение).
Историjата не познава никаква држава на Хан Кубер во Македониjа - тоа е апсолутна лага!!! Дотичниот Кубер набргу бил протеран од Македониjа -- факт што и една потплатена шупелка како проф. Микулчич го признава!!!
Кубер дошол ИСТОЧНО од Солун, источно од македонското племе ДРАГОВИТИ во Керамисиcкото Поле во византиската тема Македониja, а географска област Тракиja (според "Чудесата на св. Димитриja").
Самите вистински Бугари велат тоа било ТУРУН, навистина источно од Солун (види Бахши Иман, ДЖАГФАР ТАРИХЫ (ЛЕТОПИСИ ДЖАГФАРА), ГАЗИ-БАРАДЖ ТАРИХЫ, (ЛЕТОПИСЬ ГАЗИ-БАРАДЖА), 1229 - 1246 годы"О БУЛГАРСКИХ ЦАРЯХ ВСЕХ ДИНАСТИЙ").
Сега, Бугарите Керамисиcкото Поле го стават на Запад, демек до Битола. Арно ама заборавиле дека Битолското поле се вика ПЕЛАГОНИJA и никогаш не го сменило името, дури и во средниот век. И денеска се вика ПЕЛАГОНИJA. Значи "Керамисиja" од Тракиja jа преселиja во Македониja!!! Турун во Тракиja го преселиа како ТРН во Македониja! А Божидар Димитров дури го употребува во множина погоре, демек името на едно поле се однесувалo на 3-4 полиња. Бог да чува и да брани!
Аман збудалевте, се лага до лага.
<SPAN ="post"></SPAN> Изменето од Македон - 28.Јуни.2010 во 12:21 |
|
Makedonija na Makedoncite!
|
|
baso
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 123 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ај да се дообјаснам де
за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на источна Тракија станува тема Македонија (уште во 9 век), а жителите на темата Македонија за византијците се Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Тема Тракија станува Цариград, Босфорот и делови на мала Азија. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегуваат во византиска тема Бугарија (Воулгариа) и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Бугарија беа за Византија бугари. Права, вистинска Бугарија станува тема Паристрион или Мезија (Мизија), а жителите Паристрионци или Мизи (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101). Така, по византискита книжнина, Македонците ги нарекуваат Бугари, по територијата каде што живеат- тема Бугарија, а пак Македонци за Византија се луѓето од темата Македонија (околу Одрин-Едрене), пред се словенизирани Траки, Евреи, Ерменци, Ромеи-Грци, итн. Затоа, многу од подоцнежните писатели, хроничари и патеписци за Макединија и останатите територии од темата Бугарија, го користат терминот Бугари и согласно со тоа, наоѓаат Бугари во Македонија. Но, истите тие кои се служат со тематската поделба од Византија, Македонци лоцираат во источна Тракија, каде што некогаш била византиската тема Македонија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
дуле
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Това е културата "Винча"
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАаааааааааааа Б`лгарите тврдат дека и таа култура е нивна
|
|
дуле
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Селото Винча е близо до Белград. Затово Србите казват, че културата "Винча" е српска: Винча Изменето од Македон - 06.Јули.2010 во 17:14 |
|
дуле
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Това е т.н. "розетка от Плиска". Несомнено е прото-блгарска. Предполага се што ова е календар со знаците на планетите. Но сепак нема едно мнение. Изменето од Македон - 06.Јули.2010 во 17:14 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДААААААААА ама вашите не се согласуваат со тоа,викаат дека тоа била Хунска населба на ХуноБ`лгарите
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница 123 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |