IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Зоон Поетикон
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зоон Поетикон

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Зоон Поетикон
    Испратена: 03.Јули.2014 во 00:19

Имаме тема за стихови кои ве допреле, за љубовна, за еротска поезија... Темава нека биде за се' што ви е убаво од поезија, а не спаѓа во претходно споменатите.
За сите Зоон-поетикони кои сакаат убава поезија, без разлика дали е социјална, ангажирана, политичка, современа, традиционална, рефлексивна, странска, домашна, римувана или во слободен стих...


Ќе почнам со една од Јовица Ивановски:


Опаку од инаку

Вревата ја опишуваш кога е тивко,

тишината кога вревата е неподнослива.

 

Ноќта ти ја красат сончеви зраци

а утрата ѕвезди што не виделе облаци.

 

На море пишуваш континентални песни

а за морето кога планините ти се соседи.

 

Љубовта кога гали, немаш време за стихови,

но по неа и сè до следната, ја љубиш хартијата.

 

За смртта најмногу пишуваш во младоста

а за младоста кога на животот му доаѓа крај.




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2014 во 00:31

Сенки

Имам песни кои никогаш не сум ги напишал,
а знам дека ги имам и се мои;
тоа се песни кои воопшто нема да ги напишам -
ним им` е дадено да живеат како сенки.

Се` мислам дека штом ќе се обидам
да ги пуштам во светот на виделината
ќе им` го збришам превезот на магијата
како правта од крилата на пеперутката.

Па ќе ми паднат немошни пред нозете,
и нема повеќе да бидат тоа што биле...
После ќе жалам задека сум посакал
да им` го дадам она што го немам.

Но жалта тука нема да помогне,
пеперутките втор пат не ќе полетаат...
Не, тие песни нема да ги напишам,
ќе ги чувам за да не станат никогаш стварност.

Гого Ивановски



Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2014 во 00:41

Тагата и дождот

Дождот не знае за тага.
Тој само така еднолично ромори
и ги кисне покривите, тротоарите и гранките.
А кога во нашите очи има влага,
кога тага во нив ќе проговори,
тогаш, лепејќи ги за прозорец дланките,
имаме обичај да велиме,
дека врне тажен, есенски дожд.
И долго од прозорецот не се делиме.


Гого Ивановски





Изменето од Анастеа - 03.Јули.2014 во 00:41
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2014 во 00:50
Што не ќе ти текни големо гушкање
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2014 во 00:53
Originally posted by fiks fiks напиша:

Што не ќе ти текни големо гушкање


Ќе ми текне и некој Втор Фиксов закон голема насмевкаголемо гушкање
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2014 во 23:37

Парадокс


Се наоѓам во расчекор
помеѓу желбите и можностите.
Можеби сакам повеќе
отколку што можам,
а можеби можам
повеќе отколку што сакам.
И во двата случаи,
на средина сум.
Ниту можам колку што сакам,
ниту пак, сакам колку што можам.

Вероника Костадинова


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2014 во 17:04

Одмор


Спушти ја завесата на прозорецот,
да стане полутемнина,
притвори ја бесшумно вратата,
притаи се.
И ништо не ми расправај,
ништо не ме прашувај -
да биде тишина:
сакам за миг да замислам дека сум сам,
дека сум стасал на некој завој од вековечноста
времето кај што запрело -
каде што луѓето не ги познавам,
каде што никому нема што да дадам,
каде што од никој нема што да земам...
Каде што се` е така како што е.
Некаде кај што тишината на беспристрасноста
ги израмнува нерамнините на желбите и барањата.
И како далечен патник без пристигање
да го спуштам за миг багажот.
Потем леко да поминам со рака
врз капките на челото набабрени.
Спушти ја завесата на прозорецот,
во полутемнината сакам да замислам -
дека се одмарам.


Гого Ивановски


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2014 во 01:03

Залегнат врз стихови

Стихови имам насекаде
околу мене, лебдат низ воздухот
ми треперат под прстите
како оган пред цигара
ми се пикаат во косата
ме чешаат под носот
ми го гребат грбот

ме пречекуваат во креветот
како нежна топла мазна жена
ми лазат по нозете ми ги лижат
градите стиховите ми се пикаат
во папокот и таму длабат

насекаде околу мене стихови
врз мене стихови и под мене стихови
како нежни пеперутки како златна прашина
бегаат пред допирот како јато неми риби
во рибникот на небото кое златно свети
златно како молчење

Игор Исаковски

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2014 во 11:06

Ентропија

Дозволивме
Дел по дел
Скоро внимателно
Да се гради
Ентропијата.
На крајот се најдовме
Некако...
Зачудени од хаосот.

Јана Колева





Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2014 во 15:16
Портрет на животот

Почнав да си го цртам животот
Се во него преживеано
Доловував моменти среќни и тажни
Бои плетев како баба џемпер
Црната, асоцијација на болката
Белата, асоцијација на среќата
Цртав и ги оцртував местата
Оние, чинам немаат ни среќа ни тага
Нив со црвено ги обележав 
И на крај забележав
Како в срцето имиња има испишано
Твоето, чинам прво беше
Го обележав со црвена, онаа како на ружите
Беше обвиткано со булките на една ливада
Бог ми беше сведок на испишувањето
Буква по буква, шест се вкупно
И вечно обележано со среќа
За вечната среќа од Бога дадена
За таа сакам во тебе Бог да ја излее
Изобилно на оваа проклета земја
Изобилно, за вечно да трае
Сакам и вечно би се молела за неа
Бог тебе да ми ти ја даде
Бидејќи, среќата твоја, мене ми е благослов
Како што и Бог ми те даде во животот мој
Благослов врз благослов, твој да биде!

Јули, 2014    С. Трповска
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 00:05

Не заборавај да бидеш среќен

Полека умира оној кој не патува, оној кој не чита, оној кој не слуша музика, оној кој е незадоволен со себе. Полека умира оној кој ја уништива сопствената љубов, оној кој не прифаќа помош.

Полека умира оној кој е претворен во добри навики,поставувајќи си секој ден исти ограничувања, оној кој не ја менува рутината, оној кој не се осмелува да облече нова боја, оној кој не се осмелува да разговара со некој што не го познава. Полека умира оној кој бега од страста од нејзиниот бунар на емоции оној кој дава сјај во очите или напуштените срца. Полека умира оној кој не се менува кога е незадоволен од животот, работата или љубовта, оној кој не сака да се откаже од својата сигурност поради несигурност, оној за кој истото важи и за неговите соништа, оној кој нема да си дозволи ниту еднаш во животот да оди подалеку од дадениот совет ... Живеј денес,прави денес,ризикувај денес! Не дозволувај да умираш полека, Не заборавај да бидеш среќен!


Пабло Неруда



Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 11:20

Патувам

Патувам затоа што
ја надраснав замаглената шпиунка
од вратата на мојот дом
низ која ја мерев среќата на луѓето
според големината на нивните чекори.
Патувам затоа што
низ прозорците на старите вагони
со секој нов крик на шините
ја поседувам најголемата колекција
на слики кои никогаш не се исти,
патувам затоа што
мојот патнички багаж
го носат сите реки покрај кои поминав
додека се обидував да најдам
доволно широко речно корито
кое ќе ја собере радоста на мојата мисла,
патувам затоа што
сакам да ги нижам годините
како прегледани билети
на кои се потпишани сите мои спомени.
Патувам затоа што
не сакам илјадниците очи
што ѕиркаат од необраните
распукани калинки во мојот двор
секојдневно да ми ја мерат
среќата низ големината на моите чекори.

Мане Манушев




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2014 во 00:43


Песна на една певица

Најважно е случајното,
мигновеното,
единственото,
тоа како се допреле во неповторлив допир
дрвце до кибрит,
вода до оган,
рака до гради -
ете го основното!
Најважни, велам, се
ефемерните работи,
еднаш случени,
забележани,
видени,
чуени само еднаш -
како твојата песна
од која премре душа!
Зар таа не кружи
далеку некаде
околу нашите нимбови и орбити
и зар јас не сум единствениот
под кубето на вселената
што постојано таа песна ја слуша.

Блаже Конески




Изменето од Анастеа - 13.Септември.2014 во 00:44
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2014 во 00:48


Струмиче

Еве ќе развијат в бавча струмичињата.
(Така, по наше, ги викаме хризантемите).
Набабрува споро жолтиот напон на нивниот цут,
уште е тој како стиснато детско раче.
Мое струмиче,
ти го пречека со треперлива мисла
овој човек

што зачекорил кон староста.
Јас сум тој што ја откри убавината на твоето
чело,
мекиот повев на влакненца по двете слепоочници;
но ти се исправаш со самосвеста става,
со меки жолти реси во чудна чистота.
Се оцртува твојот лик во проарачниот воздух
на есента —
и немам јас право, не можам ни да ја допрам
чистата душа што ме надраснала.
Минаа така убавите денови на оваа есен.
Многу те засакав,
а сум беспомошен да задржам макар привид
на среќа.
Залудно вети да ги снема моите тажни песни —
шумоли есента, вене, сета во моите жили.

Блаже Конески



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.