|
СП во ракомет - Катар 2015 |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Јуни.2014 во 13:07 |
Светското првенство во ракомет за мажи 2015 година ќе биде 24-то по ред организирано од IHF (International Handball Federation) . За домаќин е избран Катар, а се гласаше на 27 јануари 2011 во конК*ренција со Полска, Франција и Норвешка. Натпреварувањето ќе се одржи од 15 јануари до 1 фебруари 2015 година. Ова е втор пат СП да се одржи во земја од Средниот Исток по Египет во 1999 година. Ќе учествуваат 24 репрезентации, Шпанија е автоматски квалификувана како светски шампион.
Европските квалификации се одржуваат од 7 до 15 јуни. Она што нас не интересира е Македонија. На првиот натпревар во Атина против Грција извојувавме минимална победа од 27-25. Како по обичај Борко Ристовски растури со 17 одбрани, Ренато Вугринец постигна само1 поен на својот деби натпревар за нашата репрезентација а капитенот Кире Лазаров имаше 7 погодоци. Свесни се дека не играа на нивото на кое се очекуваше и се надевам дека тоа ќе се поправи на реваншот во Скопје. Карите за натпреварот во недела се пуштени во продажба од среда (се надевам дека досега се распродадени) и во недела очекувам вистински пекол за грците во СЦ „Борис Трајковски“ ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мислам дека Грците коректно се однесуваа во ΑΘΗΝΑ со македонските репрезентативци.. треба и ние пристојно да навиваме, и онака сме за класа подобри..
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа дека сме за класа подобри и не го покажавме баш во Атина. Дури и натпреварите како тој во кој сме фаворити мораат да бидат драматични ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега во недела играат во Скопје? |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе шефице, ако не можам да те заинтересирам за фудбал за ракомет знам дека заедно навиваме ...
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За ракомет и кошарка, кога можам одам и на лице место да ги гледам. Овојпат за малку ќе ги пропуштам. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
намерно изиграа со 43,48% сили за во ревншот да биде полна салата.. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што се случи во Грција и зошто Миркуловски сакаше да го тепа Борко?Што се случувало во Атина, вистина налетале еден на друг да се тепаат??? |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, нешто се спречкаа после крајот
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ме чуди што се спречкале...Од деца раснат во исто маало.
И се знаат.Не би рекол дека се дружеле,многу се различни. А маалото знае да биде сеирџиска работа... Борко е јак и пис на вилица,овој со помалце трпение. И толку треба. |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку што разбрав проблемот бил затоа што Борко се обиде да даде гол од гол, а Миркуловски бараше да му биде додадена топката. Всушност и во право беше Миркуловски затоа што резултатот не оставаше простор за такви „испади“ ...
Изменето од Blue Scarlet - 13.Јуни.2014 во 12:09 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама Борко често знае да изиритира со тие негови егзибиционистички шутирања од гол на гол. И мене понекогаш ме нервира со тоа, посебно кога не е момент. Ама не би го тепала. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џабе тепањето...
Скоро и да немаше ден на игралиште со некој да не се затепаше,ама ете умот не му дошол. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми нема ни да му дојде. Таков си е он, евергрин. |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |